Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Законот за јавно обвинителство предвидува проширување на бројот на обвинители, но тоа не значи трансфер на обвинителите од СЈО

Според Министерката за правда Рената Дескоска шансите дали ќе се донесе или не законот за јавно обвинителство зависат од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ.– Држиме до ставот дека законот кој што ќе се донесе треба да ги имплементира меѓународните стандарди и да не овозможи амнестија на било какво кривично дело коешто се гони во моментот, е во истрага или е во предистрага. Она што го слушам во моментов како најави од ВМРО-ДПМНЕ за одредени забелешки, ако се остане на тоа, може да дојдеме до договор, но јас не можам да прејудицирам додека на писмено не ги видиме забелешките оти честопати она што декларативно го кажуваат и она што ќе го напишат во конкретен амандман се разликува и честопати во тие амандмани се кријат задни намери, особено за случаите на СЈО. Така што моите очекувања се  дека нивните амандмани би се движеле за предметите на ЈО и основи за разрешување на обвинителите. Она што мислам дека им е или лошо читање или намерен спин дека се вдомувале обвинители од СЈО во Обвинителството за организиран криминал е апсолутно неточно. Законот предвидува проширување на бројот на обвинители во Обвинителството за организиран криминал, за што ќе се распише конкурс и секој обвинител кој исполнува услови ќе може да конкурира. Тоа не значи трансфер на обвинителите од СЈО. Целта е да се создаде капацитетно обвинителство за организиран криминал – рече Дескоска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Го удирале со метална шипка и со боксови, му го одзеле автомобилот по што го продале за 11 000 ден

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 29 и 28 години, поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените, на 14 јануари, заедно и со намера за себе да прибават противправна имотна корист, употребувајќи сила принудиле едно лице да им го даде неговото возило „Форд ескорт“. Имено, двајцата најпрвин дошле во домот на оштетениот и започнале расправија со него. Потоа еден од осомничените со метална шипка која ја носел со себе започнал да го удира оштетениот по телото, додека вториот осомничен го удрил оштетениот со бокс во неговото лице. На тој начин тие го присилиле да им го даде возилото и го напуштиле местото, а следниот ден автомобилот го продале за 11.000 денари.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за едниот осомничен, додека за другиот побара да бидат определени мерки на претпазливост.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

pistol

Истрага за поседување пиштол и муниција без дозвола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.Истрагата е отворена бидејќи полициски службеници, при личен преглед на осомничениот на 20 јануари, утврдиле дека тој во појасот од десната страна неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Црвена застава М70“ со калибар од 7,65 мм. Освен тоа, осомничениот кај себе имал и една рамка со осум куршуми муниција за пиштолот.Со оглед на тоа што утврди дека во конкретниот случај постои опасност од бегство на осомничениот и можност тој да го повтори кривичото дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

22012020_PVRSM_Spasovski_operaciona_sala_Klinika

(ВИДЕО) Спaсовски во обиколка на новата операциона сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче, присуствуваше на пуштањето во употреба на новата операциона сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.„Останува определбата и во буџетската 2020 година, покрај во материјално-технички средства, да вложуваме и во човечки потенцијал. Со самото тоа што се зголемија многукратно платите за повеќе проценти на лекарите и здравствените работници и она што беше наша задача на Универзитетските клиники, платата за лекар да достигне 100.000 ден и да се зголемат платите на медицинските сестри и на вработените, генерално придонесува да јакне мотивацијата и да се вложат максимално да помогнат на државата и на граѓаните, истакна премиерот Спасовски.Спасовски истакна дека и во наредниот период продолжува спроведувањето на политики кои овозможуваат квалитетно и модерно здравство за сите граѓани во Република Северна Македонија.Притоа тој додаде дека останува определбата на Владата да ги подобрат условите за мотивирање на медицинскиот персонал да остане и оние што заминале да се вратат во нашата земја.„Ќе кажам уште еден куриозитет. Успеавме на оваа Клиника да вратиме еден врвен експерт кој што беше замина и работеше во Обединетите Арапски Емирати и гледајќи ги овие процеси сакаше да се врати назад и да придонесе со својата експертиза за да биде дел повторно од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија“, рече министерот Филипче, информирајќи дека според анкетите над 60 проценти од студентите кои што се на завршната година на медицинскиот факултет имаат желба и иднината ја гледаат овде во земјата.Директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи информираше дека новата операциона сала е една од најсовремените операциони сали во нашата држава и регионот и ги исполнува највисоките стандарди за пружање на квалитетна здравствена услуга на граѓаните.Присутните констатираа дека денешната обиколка на современата операциона сала покажува дека успешните проекти се можни, а тоа го докажува и фактот што во изминатите две години се реконструирани 15 одделенија и медицински објекти и уште еднаш беше повторена поддршката сите клиники да инвестираат во инфраструктурата каде што е најпотребно.фото и видео: Влада

пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Скандал е на денот на изборите само членови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на кутиите да земат дневница од буџетот

Во пресрет на денешната 123-та седница на Собранието за измените на Изборниот законик ја информираме јавноста дека Единствена Македонија во поднесениот предлог-закон во Собранието покрај барањето за промена на изборниот модел во една изборна единица има поднесено уште еден многу битен амандман кој вешто се крие од јавноста, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија.Со Амандманот се бара еднаквост на претставниците на сите партии на 3.480 избирачки места. Недозволиво и крајно недемократски е запишаното во членот 19 став 2 од Изборниот законик само претставниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на кутиите на денот на изборите од 07 до 19 часот да добиваат дневница од буџетот, а претставниците на другите партии кои предлагаат набљудувачи во смила на член 22 став 1 треба да ги платат од сопствени средства. А станува збор за 3.480 набљудувачи и нивни заменици или севкупно 6.960 лица на кутиите на изборниот ден што е голем финансиски товар. Буџетот го полнат сите граѓани и оттука или дневница за претставниците на сите партии на денот на изборите или за никој.На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ устите им се полни со демократија и еве им прилика со усвојувањето на амандманот на Единствена Македонија да обезбедат фер и рамноправен изборен натпревар во кој ќе победи најдобриот, се вели во соопштението од Центар за комуникации на Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

1-5

Тајзи го промовираше новото видео за „Сине“

Денеска, на каналот на Балкатон на „Јутјуб“ беше промовирано новото видео и песна на Драган Величковски Тајзи, со наслов „Сине“За овој проект, Тајзи вели дека е круна на неговата десетгодишна кариера, а последните спотови во режија на Даниел Јовески изгледаат светски. Текстот е на Тајзи, а заедно со еден од нашите најдобри продуценти, Лазар Цветковски ја направија музиката.„Спотот е вистинско мало ремек дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква сурова реалност живееме и каква борба не чека во животот“- вели Величковски за видео записот за „Сине“.Снимен е на повеќе локации, во Куклици ( Кратово), тврдината Зебрњак, како и боксерските клубови од Куманово и Скопје. Шминката на Андријана Станковска го трансформираше Тајзи во старец, а продукцијата Балкатон од Србија го најави видеото како нешто што дефинитивно ќе ги помести границите и дека им е многу мило што имаат ваков талентиран артист во своите редови. 

Магазин | пред 6 години

82231232_121938002365994_6342916970995777536_n

МЗШВ: Поставен е нов рекламен банер на саемот во Берлин, за техничката грешка е поведена постапка

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информира дека техничката грешка со рекламниот банер поставен на македонскиот штанд на саемот за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин, е поправена. Веднаш по реакцијата од страна на МЗШВ до организаторот на саемот, е направен нов рекламен банер којшто е веќе поставен на македонскиот штанд на саемот.Имено, првичниот банер беше  предлог на компанијата Кадино, којашто дизајнот го има препратено до органозаторот на саемот. При тоа, направена е техничка грешка при преводот, за која што МЗШВ веднаш реагираше до организаторот, и во најбрз рок се подготви нов рекламен банер.МЗШВ веќе работи на покренување на постапка за утврдување на одговорноста кај лицата од министерството вклучени и задолжени во организацијата на саемот.Инаку, кактеристично за овој саем е што земјите се претставуваат со нивни традиционални производи. За нас, еден од тие производи е бурекот, и затоа МЗШВ реши годинава да стави фокус на овој традиционален производ. Денеска македонкиот штанд го посети светски познатиот критичар за храна, Дирк Хофман, кој го оцени македонскиот бурек како еден од највкусните и најуникатните традиционални производи. Штандот на МЗШВ е еден од најпосетените на саемот, дневно се поделени над 300 пити бурек и останати пецива. Темите варираат секоја година, во зависност од тоа кој ќе пројави интерес да соработува со МЗШВ.

Македонија | пред 6 години

22012020_PVRSM_Spasovski_ambasador_Italija1

Средба на премиерот Спасовски со италијанскиот амбасадор Ромео: Силна поддршка на Владата за продолжувањето на реформите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со Карло Ромео, амбасадор на Италијанската Република во нашата држава.На средбата е изразена силна поддршка од италијанската Влада за важната улога на преодната Влада, за продолжувањето на реформите во нашата држава, на добрососедските односи, на интеграциските процеси на нашата земја во НАТО и кон ЕУ и за организирањето и спроведувањето фер и демократски избори, како во претходните три изборни циклуси во изминатите две ипол години, за што е нагласена обврската на сите политички субјекти во Владата.Заеднички е констатирано дека се потребни јасни заложби од сите политички субјекти за целосна реализација на процесот на НАТО интеграциите, за реафирмирање на дијалогот, што може да придонесе кон договор за Законот за јавно обвинителство, иако овој Закон не е услов за евроинтеграциите, како и за целосно и доследно почитување на Преспанскиот договор што ги отвори НАТО и ЕУ интеграциите.Оценето е дека периодот до изборите е посебно значаен, земајќи ги предвид очекувањата за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО и за функционалност на институциите според воспоставените демократски и европски стандарди, во пресрет на загребскиот Самит на ЕУ и очекуваниот исчекор во евроинтеграциите.-Ги направивме сите потребни реформски процеси во изминатите две и пол години и продолжуваме како Влада да работиме во таа насока. Спроведовме три фер изборни цилкуси, во 2017, 2018 и 2019 година и очекувам дека сите политички субјекти ќе бидат на висина на задачата и во оваа 2020 година и ќе спроведеме и организираме фер и демократски избори. Протоколот за членство во НАТО е доставен на ратификација во Собранието, во очекување на завршувањето на техничките процедури во Шпанија и нашите очекувања се за широка политичка поддршка за остварувањето на оваа стратешка државна цел. Како Влада, остануваме посветени и на реализацијата на Преспанскиот договор и на добрососедските односи што ги воспоставивме со соседите и што придонесе за перспективите на нашата држава, рече премиерот Спасовски.Претседателот на Владата, Спасовски, се заблагодари на италијанскиот премиер Конте и на италијанската Влада, за поддршката на нашата држава во сите важни развојни и демократски процеси, вклучувајки ги и Договорот од Преспа, НАТО интеграциите и заложбите на Италија, нашата држава да ги отвори заслужените преговори со ЕУ.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

drva-1

Во Лескоец охриѓанец затекнат како пренесува огревно дрво без документација, а кај сопатникот марихуана

На 21.01.2020 година, при преглед на патнички автомобил „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 31 годишен охриѓанец, извршен на улица „Илија Смически“ во охридското село Лескоец, пронајдени се три метри просторни огревно дабово дрво без соодветна документација.Притоа, кај неговиот сопатник 26 годишен охришанец, пронајдена е марихуана. Пронајдените предмети се одземени и предадени за натамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

662287

Скандал: Судијката која и го одзеде синот на Северина добивала прескапи подароци

Судијката Теа Голуб, која пресуди синот на Северина Вучковиќ да живее со неговиот татко, Милан Поповиќ, деновиве во центарот на скандал.  Се откри дека била на луксузен одмор во истиот хотел во кој бил српскиот бизнисмен, објавија хрватски месиуми.Откако почнало да се поставува прашањето  од каде ѝ се парите за седумдневно зимување кое чини колку две нејзини плати, таа ја дала на увид својата имотна карта.Со плата во Општинскиот граѓански суд во Загреб од околу 1.700 евра, таа поседува импозантен имот. Меѓутоа тоа не го стекнала, туку го добила како подарок, тврди таа.Во имотната карта на Теа Голуб стои дека поседува стан од 103 квадратни метри во Загреб, вреден 200.000 евра и гаража од 19 квадратни метри, вредна речиси 23.000. За двете недвижнини таа изјавила дека ги добила како подарок. За подарок добила часовник од 4.000 евра и друг накит од 5.500 евра. Во две банки, напишала таа, има вкупна заштеда од 98.000 евра. И тоа го навела како подарок.Многу поголем имот поседува сопругот на Теа Голуб, но не го навела  ниту неговото име ниту неговиот бизнис. Тој поседувал колекција часовници од 20.000 евра, кои тој самиот ги купил, како и виолина од 6.700 евра што ја добил. Тој исто така поседува акции во три трговски и инвестициски фондови.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

ohridskoezeromart

„Летница Белвица“ ја изгуби концесијата за риболов на Охридско Езеро

Владата ја укина концесијата за риболов на Охридско Езеро која ја доби фирмата „Летница Белвица“.Последните неколку месеци оваа концесија беше во центарот на аферите кои се ојбавуваа во медиумите околу серијал неправилности при постапката за доделување на истата.За причините на ваквата одлука, во текот на денот ќе се произнесе министерот Трајан Димовски, образложија од министерството. „А1он“ уште пред седум месеци откри дека концесионерот бил избран во нелегална постапка, со нецелосна документација и дека Чавкоски иако е нов концесионер, е стар газда на езерото. Пред да биде избран за концесионер, Милорад Чавкоски беше управел во „Пастрмка – 2013 Струга“ подружница на „Пастрмка 2012“, компанија на која претходно ѝ беше одземена концесијата поради непорибување и неплатени обврски кон државата.Текстот во целост на А1 ОН

Македонија | пред 6 години

marihuana

На автобуска во Струга кај албански државјанин пронајдени 2 кг. марихуана

На 21.01.2020 година, по добиени сознанија за вршење на транспорт на дрога од страна на Т.С.(31) од Република Албанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга презеле мерки и активности, при што околу 15.50 часот, Т.С. бил затекнат на автобуска станица во Струга. Веднаш потоа, полициските службеници извршиле преглед на Т.С. и во неговиот багаж била пронајдена кеса со марихуана со тежина од околу 2 кг. која била одземена и пратена на вештачење. Т.С. е лишен од слобода и задржан во полициската станица Струга за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto-6-1

Претседателот Пендаровски се сретна со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Ерусалим оствари билатерална средба со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин. Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се за поканата да учествува на лидерскиот форум, истакна дека Република Северна Македонија покрај укажаната чест има и обврска на највисоко ниво да биде присутна во Израел, на Форумот по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау.Претседателот Пендаровски нагласи дека двете држави ја споделуваат трагедијата на Холокаустот во кој беа убиени илјадници Евреи од нашата држава, што претставува ненадоместлива загуба за нас. Претседателот ја подвлече улогата на еврејската заедница во Република Северна Македонија изразувајќи уверување дека таа и натаму ќе продолжи да го дава својот активен придонес за севкупниот развој на државата, како и во негувањето на добрите односи меѓу двете земји.Претседателот информираше дека од декември 2019 година Република Северна Македонија е асоцијативна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот и ќе се заложи да стане полноправна членка во 2021 година.Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката што Државата Израел ја дава на Република Северна Македонија во изминатиот период, од стекнувањето на нашата независност, додавајќи дека постојат можности за интензивирање на економската соработка.Двајцата претседатели разменија информации и мислења за состојбите на Балканот и за блискоисточниот регион. На средбата беше изразено задоволство од одличната соработка меѓу Северна Македонија и Израел на билатерален и мултилатерален план.Претседателот Пендаровски, денеска и утре - 22 и 23 јануари 2020 година во Ерусалим, Израел учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

22012020_VRSM_4_Vladina_Sednica

Утврден Предлог-законот за Агенција за разузнавање

На предлог на Министерството за правда, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенција за разузнавање, и донесе одлука да биде пуштен на усвојување во Собранието.Со донесувањето на новиот закон на Агенција за разузнавање, Република Северна Македонија ќе се стекне со модерна, професионална и ефикасна служба за надворешно разузнавање, способна во секој момент да се соочува со предизвиците.Со донесувањето на новиот закон за Агенција, конечено ќе се заокружат започнатите реформи во безбедносниот систем во Република Северна Македонија, како предуслов за влез на државата во НАТО. Ова е во полза на националната безбедност и граѓаните воопшто.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

studenski-dom

Позитивно мислење за субвенциониран студентски оброк

Владата даде позитивно мислење на барањето на Собранието на Северна Македонија на Предлог - законот за субвенциониран студентски оброк, кој во пратениците треба да го усвојат по скратена постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

22012020_VRSM_4_Vladina_Sednica1

Поништена одлуката за разрешување на директорите на центрите за социјална заштита во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш

Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 4-та седница донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување на должност вршители на должност и именување на вршители на должност директори во јавните установи - меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.Одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д. директорите на центрите за социјална работа е донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за Влада: „Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа“.Со оглед дека целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки, односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката за труд и социјална политика.Техничката министерка, спротивно на законот и со притисок врз вработените во архива (со писмена наредба) ги донела решенијата за разрешување и решенијата за именување на други вршители на должност директори во јавните установи меѓуопштински центри за социјална работа, се вели во соопштението од Владата.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Opstina_Ohrid-900x312

Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

Владата останува силно посветена на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, и статусот на УНЕСКО Светско наследство, кој го одликува регионот веќе 40 години.На четвртата редовна седница донесен е Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 г.), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион.

Македонија | пред 6 години

honilend

Атиџе и семејството ќе добијат домови, а екипата на „Медена земја“ државна награда

ФБ Статус на премиерот Оливер Спасовски:Донесовме одлука за оддавање достојно признание на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“ Honeyland, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории.Обезбедуваме материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, а за авторите, пет-члената екипа која го сними филмот признание за успехот и месечен материјален надомест.За широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот, Владата ќе ја поддржи организацијата на серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, и организирано прикажување на филмот „Медена земја“ во сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик.Владата ги презема патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот Атиџе Муратова на доделувањето на Оскарите.https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.261906130653684/1477218462455772/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Лек за болката

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.  Голема мудрост е да умееме животот да го поминеме што е можно попријатно и посреќно. Не постои поскапоцено богатство од внатрешниот мир, љубовта во срцето и искрените и топли односи со најблиските. Секој трага по мир, среќа и успех, но како и каде да ги пронајде во денешното време на живеење исполнето со многу неморал, алчност, егоизам, лаги, болки и интриги?Првиот и најважен услов за нашата среќа се наоѓа во личните добра како што се: благороден дух, позитивен темперамент, ведар ум и да се поседува здрав дух во здраво тело. Кога сме психофизички здрави и во хармонија со самите себе, полесно се справуваме со тешкотиите и наоѓаме решение за проблемите. Многу повеќе треба да се грижиме за развојот и одржувањето на внатрешните карактеристики на личноста, отколку за стекнување на надворешни добра и почести. Од сите овие особини најтрајно и најдобро нè усреќува ведрината на умот, сметал филозофот Артур Шопенхауер.Позитивниот пристап кон нештата буди сила и влева надеж дека без оглед колку е лошо на крајот сè ќе биде добро. Оптимизмот и вербата се моќни агенси кои влечат напред, создавајќи предуслови за реализација на целите. Да се биде слаб, апатичен, несигурен, песимистичен и подложен на негативните влијанија на околината значи дека немирот, неуспехот и стагнацијата уште долго време ќе бидат присутни. Неретко опстојувањето во дисхармонична љубовна врска или брак; препуштањето на работни активности што создаваат незадоволство; живеење во средина која негативно влијае врз нашата личност; преокупираност со постапките на другите; преголемото размислување за минатото; опсесивната фиксираност за болките и страдањата или очекувањето сè да биде совршено во нашиот живот создава голем притисок, немир и фрустрација.Што треба да направиме за да се ослободиме од овие штетни матрици на однесување?Да престанеме да се врзуваме за идеалите, лицата и ситуациите кои негативно влијаат врз нашата личност, да ја преземеме одговорноста за сопствениот живот и да почнеме да внесуваме промени во начинот на размислување и дејствување.Факт е дека воопшто не е лесно да се ослободиме од некои последици произлезени од минатото, да ги хармонизираме своите емоции и да го неутрализираме стравот од неуспех, напуштање или осаменост. Но, што друго ни преостанува, освен да ги организираме своите сили и да се обидеме да ги поправиме нештата што зависат од силината на нашиот дух, волјата и карактерот. Сè поинаку, подразбира дека доброволно прифаќаме себеси да се третираме како губитник кој дозволил да му се провлечат лошите лица и ситуации, психофизички да го изместат и емоционално повредат.Спасот од негативното, подигнувањето над проблемите и осознавањето на грешките отвора можност за создавање нова похармонична перспектива во која нема да се запоставуваме самите себеси и да ги игнорираме убавите и позитивни нешта во нашиот живот. Колку повеќе се самопочитуваме, толку подобри односи ќе имаме со другите. Сјајот на нашето лице, смиреноста, ведриот ум и исцелената душа најдобро отсликуваат дека се движиме по вистинскиот пат што води кон успехот, мирот и себехармонизацијата.За да го постигнеме сето тоа, неопходно е наш приоритет да бидат следните активности: оттргнување од сè што е лошо, нечесно и неморално и итање кон сè што е добро, позитивно и перспективно. Трошење време и енергија на лица и ситуации кои не ги почитуваат и препознаваат нашите вредности е како „фрлање бисери пред свињи“ кои предност секогаш му даваат на валканото, површното и матното.Сите луѓе не се исти, ниту имаат слични потреби, аспирации и ориентации. Затоа, најголема грешка ќе направиме ако очекуваме дека и другите ќе размислуваат и постапуваат како што ние сметаме дека е правилно да се постапува и размислува. Многумина нè поседуваат високо развиена свест, морална воздигнатост на личноста, духовен капацитет и емпатија за да сфатат каде грешат и дека со своето неморално, негативно и лажливо однесување може да ги повредат другите. Лекот за таквите лица е навреме да ги препознаеме и да се дистанцираме од нивното влијание, зашто таму каде што владее нечестивата енергија – нема простор за создавање мир, хармонија и емоционално вложување. За овие нешта пишува и во светите книги: „Кој другарува со темните сили, ќе се затемни; кој својата душа му ја ветил на нечестивиот, никогаш нема да ја почувствува благодатта на мирната совест, честа и смирението“.Човечката среќа ја поматуваат нејзините најголеми непријатели: болката, стравот и здодевноста.Да се живее со болка значи дека постои голем немир во душата или страдање на телото. Болката е составен дел од животот, така што во одредени ситуации мора да се прифати, но не и да се дозволи таа да стане наш стил на живеење. Кога болката ќе го надвладее духот, тогаш среќата, мирот и хармонијата исчезнуваат, правејќи го животот празен, болен и апатичен. Народот тоа го прикажал со жалопојката: „Ме боли душата од толку многу страдања“. Навикнувајќи се на таквата ситуација, човекот наместо да биде дух на радоста, станува тело на болката.Фокусот кон тоа што е добро во нашиот живот е лек за страдањето, болката и апатијата. Кога постојано се преокупираме со лошото, нè оставаме простор да пристигне доброто. Треба да знаеме дека и најболните мисли почнуваат од најмалите внатрешни немири. Меѓутоа, ако премногу им придаваме важност, тие се множат, растат и постепено го запоседнуваат нашето битие.Некои автори сметаат дека човековиот живот е сочинет од само 1% настани, а преостанатите 99% ги претставуваат реакциите на тие настани. Секој различно реагира на тоа што му се случува. Некои лица умеат побрзо да се реорганизираат и регенерираат по тешките удари на судбината, за разлика од некои други кои долго време страдаат и носат болка во душата. Решението е во прифаќањето и осознавањето на причините кои го предизвикале страдањето. Многумина сметаат дека судбината не може да биде променета – таа е таква каква што Бог или наречниците пропишале да се одвива. Во фолклорните умотворби е запишано: „Тоа што на човекот му е речено од наречниците тој не можел да го избегне, макар и во волов рог да се пикнел, бидејќи животот морал да протекува како што било запишано“.Асоцијацијата е дека мора да научиме да не се грижиме за иднината, да не се вознемируваме поради сегашноста и да не жалиме поради минатото. Според рускиот парапсихолог Сергеј Лазарев: „Неприфаќањето на минатото и жалењето поради него претставува агресивност кон Бога, како и желба да го промениме минатото“. Меѓутоа, минатото е невозможно да се промени. Како последица на тоа, во нас доаѓа до огромен губиток на енергија, што доведува до сериозни проблеми и опстојување со тело на болка.Прифаќањето подразбира да станеме свесни за чувството на срам и вина поради грешките кои во минатото сме ги сториле. Излезот е во покајувањето и простувањето, како и во разјаснувањето до која мера треба да се самоосудуваме и да ги обвинуваме другите за сè што ни се случило во животот. Не постои човек кој нé погрешил во нешто, како што постојат и многу луѓе кои внатрешно се разјадени од чувството на вина и од уверувањето дека нивниот живот можел да се одвива на сосема поинаков начин. Актуализирањето на настаните од минатото неминовно ќе создаде негативни чувства и неубави мисли, предизвикувајќи да се чувствуваме незадоволни и несреќни заради сето тоа.Треба да имаме на ум дека внатрешниот мир секогаш е производ на чистата совест, себеприфаќањето, достоинството на личноста и елиминирањето на чувството на вина за случувањата во минатото.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

drisla

Ангелов за 24 отворено: Тврдам со моја чест дека „Дрисла“ нема увезено ниту еден килограм опасен отпад

„Јас не сум странски партнер, за мене лично управниот спор траеше седум години, предолго и тоа е условно најголем проблем. Тврдам со мојата глава и чест дека “Дрисла” нема увезено ниту еден килограм опасен отпад”- вели за 24 Отворено Горан Ангелов – директорот на депонијата „Дрисла” за кој градоначникот Шилегов најави дека ќе биде сменет од позицијата.Според него Дрисла е зрела депонија и она што од договорот не го исполниле италијанските партнери треба да го продолжи градот Скопје. Ангелов додава дека не се плаши од ревизија на работата на досегашното управување, но вели дека има работи кои и покрај договорот не ги направиле.извор: 24 ТВ

Македонија | пред 6 години

policija-1

Уапсен крадец кој ограбувал куќи во Чаир

По претходно добиено сознание дека лицето А.И (21)  од Скопје  врши кривични дела од областа на имотни деликти , од страна на Единицата за внатрешни работи  Чаир  со прибирање докази за извршени кривични дела  документирани се  пет кривични  дела и тоа: тешки кражби во куќи и едно кривично дело  џепна кражба при што А.И се стекнал со противправна имотна корист од околу 224.290  денари и причинил материјална штета од 13.500 денари.По претходно распишан локален распис по  А.И истиот на 20.01.2020 година околу 23.00 час.од страна на полициски службеници од Единица за интервента полицијата  лишен е од слобода и против истиот до ОЈО Скопје поднесена е соодветна кривична пријава за сторените кривични дела, а  судија на претходна постапка  му одреди мерка притвор во траење од осум дена.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

20200107-filmot-medena-zemja-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-dokumentaren-film-dodelena-od-megjunarodnoto-zdruzhenie-za-filmski-kritichari-1

Афирмицијата на големите и благородни пораки што ги пренесува „Медена земја“ заслужуваат најголема поддршка

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна четврта седница, која се одржува во Штип, донесе повеќе заклучоци за оддавање достојно признание на авторите на филмот „Медена земја“, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории.Како признание за овој најголем филмски успех на македонските филмски уметници и протагонисти на филмот „Медена земја“, Владата усвои повеќе предлог заклучоци за згрижување на протагонистите и за награди на филмската екипа на „Медена земја“.Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги преземе сите потребни активности со кои ќе обезбеди материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот.Министерството за култура има задолжение да обезбеди државна награда соодветна за достигнувањето на пет-члената екипа која го сними филмот, која треба да предвиди признание за успехот и месечен материјален надомест.Владата препорача Агенцијата за филм, да организира настан прес-конференција во која ќе разговара за улогата на владината агенција и фер распределбата на буџетските средства за поддршка на македонски филмови, и на прес-конференцијата да се поканат и продуцентите односно филмската екипа.Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да организира серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, а Министерството за култура, во соработка со Министерството за образование и наука, да организираат емитувања на филмот „Медена земја“ за сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, за широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот.Канцеларијата на претседателот на Владата презема обврска, во соработка со продуцентите на филмот да организира бесплатно емитување на филмот за граѓаните во кината, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик.Како дел од одлуките за признание за авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“, Владата ги задолжи Генералниот секретаријат, во соработка со Агенција за филм и Канцеларијата на претседателот на Владата, да ги преземат патните трошоци околу патувањето на петчлената филмска екипа и протагонистката на доделувањето на Оскарите.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Lilit

(ФОТО) Се појави Лилит, здрава, права, порасната

ФБ статус на професорот Зоран Тунтев:"Сакајте ги животните. Ним Господ им подарил зачеток на мисла и тивка радост. Не нарушувајте ја таа мисла, не мачете ги, не одземајте им ја радоста. Не противете се на мислата Божја." - Ф. М. ДостоевскиДен после Водици, се случи чудо: се појави Лилит, здрава, права, порасната. ❤https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215192093426971&set=pcb.10215192103707228&type=3&theaterИнаку на 24 октомври 2016 год Лајонс клубот Лихнидос од Охрид покрена иницијатива за враќање на црните лебеди во Охридското Езеро. Оваа убава птица во седумдесеттите години од минатиот век ја имало во езерото, но поради човечка негрижа подоцна исчезнала.Зоолошката градина од Белград подари два црни лебеди кои мораше да поминат триесетдневен карантин под надзор на овластен ветеринарен инспектор. Само еден од нив, женката Лилит, успеа да се адаптира на новата средина и таа беше пуштена во водите на Охридското Езеро . Но, по кратко време Лилит исзна.фото: ФБ

Магазин | пред 6 години

najvisok-vrv

(ФОТО) Двајца охриѓани, велешанец и србин го освоија највисокиот вулкан на светот

Охриѓаните Филип Василески Четкар и Горан Митрески, како и велешанецот Љупче Ѓорѓиев и Зоран Павловиќ од Србија, пред три дена го освоијa највисокиот вулкан на светот Ојос дел Саладо – “Очите на солта”, кој се наоѓа во пустината Атакама, Чиле.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10221921503692105&set=a.3727771038232&type=3&theaterОхриѓаните Василески и Митрески и велешанецот Ѓорѓиев се првите Македонци кои го освоиле највисокиот вулкански врв на светот.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

DSC_4454

(ВИДЕО) Заев: Барам чист мандат за целосно да се посветиме на економијата

Поништувањето на Договорот од Преспа е ризик, затоа што се отвора нов проблем со соседна држава, ново вето и враќање на ретроградни процеси, истакна претседателот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Сојузот на Стопански комори.- Беше потребна храброст да се постигне тој договор со Грција, ама на крајот тоа беше и заради економија, заради подигање на економскиот стандард и зголемена соработка со Грција, но и светот и не случајно над 80 отсто од граѓаните се за ЕУ и НАТО, затоа што тоа носи економски придобивки за државата, истакна Заев.Осврнувајќи се на прашањето за темите во предизборието, Заев истакна дека тој ќе се осврне на економските теми и досега сработеното.- Многу работи се исполнија во последниот период како долгогодишни стратешки определби на државата, кои даваат предвидливост и иднина на креирањето на плановите во секој сегмент на општеството, така и во најважниот – економијата. Јас барам чист мандат за целосно да се посветиме на економијата. Јас сум економист и доаѓам од реалниот сектор и среќен сум што за овие две и пол години од негативни ставки од минус 1,8 отсто ја подигнавме економијата на 3,6 отсто раст. Секако има простор за уште поголем раст, имаме квалитетни компании, имаме инвентивни бизнисмени, пример сме за многу позитивни нешта и секако тоа како потенцијал мора да го искористиме. Ќе се посветам на економијата за да има вистински економски натпревар помеѓу политички субјекти. Во следниот четиригодишен период две работи ќе бидат клучни: економија и целосна трансформација на општеството, трансформација која ќе биде во функција на економијата посочи претседателот Заев.Во однос на прашањето за Законот за јавно обвинителство претседателот Заев истакна дека очекува предлог од ВМРО-ДПМНЕ за да продолжат со работа работните групи на двете партии.- Ред е големите политички партии да најдат решение за вакво сериозно прашање, особено сега кога предметите на СЈО се обезбедени. Ред е да направиме суштински, структурен европски закон за Јавно обвинителство. Разговарам и со други пратеници, има надеж, треба да се помине и низ материјата за унапредување на целиот материјал, за на рајот да веруваме дека може да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство. Тоа е еден од законите кои остана последен од делот на реформите, односно реформите во правосудството и наша обврска е да го донесеме, заклучи претседателот Заев.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања