Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

lovecka-puska

Три лица затекнати во „незаконит лов“ на дивеч

РЦ ГР Исток поднесе кривична пријава против Т.С. (48), С.С. (47) и В.А.(63), сите од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 09.01.2020 во 17.25 часот, во атарот на с.Косевица, општина Македонска Каменица, полициски службеници при вршење на службени дејствија ги затекнале пријавените како неовластено ловат дивеч.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

danocna-prijava

Сакал да избегне плаќање данок - заработи кривична

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. (53) од Прилеп и правeн субјект од  Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „даночно затајување“, „фалсификување или уништување на деловни книги“. Во периодот од 01.05.2018 до 31.12.2018, првопријавениот, во својство на управител и еден од сопствениците - овластено лице во правниот субјект  со намера да ја избегне обврската за плаќање на данок – односно делумно плаќање на ,,данок на додадена вредност“ кон УЈП, не го евидентирал целокупниот промет на добра кој го остварувал преку дејноста на правниот субјект - ,,трговија со градежни материјали на мало“, односно во наведениот период извршил промет на добра кон друг правен субјект и кон лицето П.О. од Прилеп, во висина од 1.716.503 денари, кој не го евидентирал во сметководствените евиденции, како и во даночните пријави за целите на ДДВ, кои согласно законската обврска ги поднесувал до УЈП во 2018 година. На ваков начин првопријавениот, во текот на 2018 година до УЈП поднесувал невистинити податоци – даночни пријави со лажни податоци за целите на ДДВ и ја избегнал обврската за плаќање на данок за додадена вредност во висина од 261.972 денари, на штета на буџетот на РСМ.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Голема измама во Тетово, кривична за менаџер и вработен на осигурителна компанија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Тетово и Н.А.(32) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“. Во осигурителна компанија од Тетово, првопријавениот, вработен како менаџер на подружница и второпријавениот, вработен како застапник, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што истите влијаеле врз оштетените А.З., Е.З., Б.З. и В.Н. и ги измамиле да им потпишат полномошно за подигање на парични средства од нивните трансакциски сметки. Од страна на првопријавениот, од три трансакциски сметки на тројца оштетени лица, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 680.000 денари, додека од страна на второпријавениот, од една трансакциска сметка на еден оштетен, по основ на барање за надомест на штета од страна на осигурителната компанија, подигнати се вкупно 400.000 денари, или вкупниот износ на подигнати средства изнесува 1.080.000 денари. Подигнатите износи од пријавените лица не биле предадени на оштетените, освен во еден наврат кога првопријавениот му исплатил на оштетениот А.З. само 1.500 евра, од вкупно подигнатите 150.000 денари.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

jabolka

Од магацин украдени околу 30 палети со јаболка

На 20.01.2020 во СВР Битола, З.Ј. од Ресен пријавил дека во период од 18.01.2020 до 20.01.2020 во магацин на поранешна фабрика на ул.„29 Ноември“, непознат сторител  насилно влегол во објектот и одзел 30 палети со 56 гајби односно околу 26.880 килограми јаболка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

marija

Три дена откако исчезна 28 годишната Марија Брзакова од Босилово, семејството моли за помош

Се бара исчезнато лице Марија Брзакова од Босилово на возраст 28 години. Облечена во тренерки. Излезена од дома на 18.01 2020 година во утринските часови.Се замолуваат сите граѓани кои ке видат или имат некое сознание да пријават во полиција или на телфонскиот број 070 447 338.

Македонија | пред 6 години

Dimas-PRESS-2101-2

Арсовски: Во текот на постапката при склучување на договор со „Веридос“ се менуваат членови на комисијата по терк на СДСМ и Спасовски

Владата на СДСМ целиот мандат го помина директно вплеткана во криминални афери и скандали поврзани со милионски суми на корупција.МВР под водство на СДСМ под сомнителни околности на крајно незаконски начин склучува договор за набавка и испорака на пасоши и документација за лична идентификација во вредност од над 19,5 милиони евра за периодот 2020 и 2021 година. Тоа се оние информации кои шо ги изнесовме вчреа, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Исто така изнесовме и два сомнителни моменти од целата постапка, а тоа се зголемувањето на предвидената сума за набавката во текот на постапката од 7 на рекордни 19,5 милиони евра согласно тоа што има еден единствен понудувач, кој што барал зголемување на сумата пари. И вториот незапазување во постапката околу роковите, односно најпрвин е склучен договорот за рамковна спогодба на онаа сума од 19,5 милиони евра, а ден потоа е донесен извештајот за постапката и одлуката за избор на фирмата „Веридос“. Што нормално треба најпрвин да се донесе одлука за избор, извештај за постапка, па дури потоа рамковна спогодба или договор да се случи.Денеска ќе изнесеме нов момент на прекршување на законот во текот на оваа постапка за оваа јавна набавка во министерството за внатрешни работи која што се случувала во текот на 2019-тата година од страна на Оливер Спасовски и министерството предводено од СДСМ.Имено, Комисијата за донесување на оваа јавна набавка брои 7 членови, од кои 1 Претседател и 6 членови, и уште 7 заменици членови, односно 1 заменик претседател и 6 заменици членови. Најверојатно дел од овие членови не им биле по теркот на СДСМ и на Оливер Спасовски и најверојатно не сакале да замижат и да го аминуваат тековното прекршување на постапките, па така можеби досега помалку познато и нечуено на 2 октомври 2019-тата година, кога веќе трае постапката за оваа јавна набавка се менуваат 5 од 7-те членови кои што се редовни и 4 од 7-те заменици членови во комисијата.Важно е да се напомене дека комисијата е сменета во текот на постапката, откако е истечена важноста на понудата, што аналогно на тоа, наместо да се поништи целата постапка за оваа јавна набавка, таа продолжува со сега веќе нова комисија со вкупно 9 нови членови од вкупно 14 членови, односно како што реков 5 нови членови во редовните 7, и уште 4 нови членови во замениците кои што исто така се на број 7. Кои што најверојатно се донесени новите по терк на Оливер Спасовски и СДСМ за да го аминуваат сето она кое што не сакале да го аминуваат овие другите односно да го аминуваат незаконското постапување во постапката.Да сублимираме, комисијата е променета во текот на постапката откако е истечена важноста на понудата само за да се замиже пред прекршувањето на процедурите во постапката.Исто така мораме да потенцираме дека според нашите информации, оваа одлука не е потпишана од Претседателот на комисијата и од членовите на комисијата кои се од одделението за јавни набавки, бидејќи се свесни за очигледното прекршување на процедурите при јавната набавка и постапката и се свесни дека ќе дојде ден кога ќе одговараат кривично доколку го потпишат истото.Уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство, сериозно да пристапи кон овој случај. Молкот на СДСМ и паушалните реакции на дополнителниот заменик министер од редовите на СДСМ во доцните вечерни часови е само потврда дека нешто навистина сакаат да сокријат.Времето на СДСМ, на Зоран Заев, на Оливер Спасовски веќе помина. Сега доаѓа време кога треба да се сноси одговорност за се што е претходно направено. Доколку тоа не се случи сега, ќе се случи верувајте по 12-ти април.Зоран Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалиите.На 12-ти април следува одговорност.Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе нема да и се повторат на Република Македонија и македонскиот народ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Шилегов: Нема да дозволиме на кејот повторно да никне дива населба и да стане депонија

Екипите на Град Скопје во соработка со општествено одговорни компании веќе два дена темелно ги отстрануваат остатоците од дивата населба под скопското Кале, која почна да се расчистува во големата акција на администрацијата за чистење на градот во текот на минатиот месец. Градоначалникот Шилегов денеска најави засилени инспекции и казни за сопствениците на приватни имоти кои ќе дозволат на нив да се создаваат диви населби и депонии.На ова место со децении наназад имаше дива населба во која живееја бездомни лица, а која беше претрупана со отпад и беше извор на аерозагадување. Во текот на овој месец успеавме да не дозволиме на ова место повторно да се населат бездомни лица кои се згрижени во капацитетите на Министерството за труд и социјална политика. Од вчера заедно со општествено одговорните градежни фирми кои соработуваат со Градот Скопје, на моја молба, започна целосно и темелно расчистување на оваа локација. Досега, во текот на овие два дена имаме подигнато над 500 кубни метри смет. Јас очекувам дека во наредните десетина дена ќе завршиме со расчистување на овој терен. Интересно е што ова место што го чистиме е всушност приватна сопственост и целиот овој потег на левата страна на Вардар, почнувајќи од хотелот „Александар палас“ па се до мостот „Гоце Делчев“, е поранешно државно земјиште коешто е продадено на приватни физички и правни лица. Ова е последен пат Градот Скопје овде да интервенира. Откако ќе ја доведеме состојбата во ред, ќе ги задолжиме сопствениците на одржување и ќе бидеме ригорозни во изрекување казни ако не ја одржуваат сопственоста чиста. Сите сопственици се писмено известени, а ја користам и оваа можност јавно да ги известам, за да немаме недоразбирања. Навистина не мислам дека треба да правиме компромис, доколку некој го купил ова земјиште тој треба да го одржува и да не дозволува на него да се случуваат вакви работи – рече градоначалникот Шилегов, на денешната прес-конференција под Кале. Тој упати благодарност до сите општествено одговорни компании кои се вклучија во оваа акција за расчистување и изрази уверување дека сликите кои ги гледавме во минатото повеќе во овој град нема да се повторуваат.фото: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

otpad-1

„О2“ апелира до пратениците да ја изгласаат забраната за увоз на отпад што се согорува

О2 иноицијатива апелира до пратениците да ја изгласаат забраната за увоз на отпад што се согорува. Тие во својот апел велат:Апел до пратениците во Собрание да ја изгласаат забраната за увоз на отпад кој се согорува1️⃣9️⃣ На денешната седница во Собрание под точка 19 на дневниот ред е Предлог-измената на Законот за управување со отпад, по скратена постапка. Со измената нема да се дозволи увоз на отпад кој може да се користи како извор на енергија, односно да се согорува. Ова е воедно и едно од барањата на Зелен Фронт.Главниот корисник на увезен отпад кој се согорува е цементара Усје, но тука е и Фени, како големи индустрии кои легално го користат.⚫️ При согорување на отпад се ослободуваат канцерогени, мутагени, токсични диоксини, фурани, PCBs, хлороводороди, тешки метали како жива, кадмиум, талиум, олово, арсен, хром... Научните истражувања потврдуваат дека луѓето кои живеат во близина на места каде се согорува отпад имаат зголемена смртност од канцер.⛔️ Последните случувања во Бугарија само ја потврдија основата зошто бараме забрана за увоз на отпад како извор на енергија. Организирани криминални структури вршат трговија со отпад каде се фалсификуваат податоци, лабораториски вредности, тоа што е декларирано не соодветсвува со тоа што е внатре во спакуваните бали, има измешано опасен отпад, медицински отпад, отпадот се остава на несоодветни места, итн. Италијанската мафија оперира во Балканските земји со трговијата со отпад. Сите истраги и запленувања на отпад се случуваат во ЕУ членки, што само укажува на големината на проблемот и ранливоста на нашата држава со немање на соодветна контрола на царина, соодветни инспекциски служби, лаборатории, судски постапки со кои би се заштитила.❌ Аргументите дека треба да им веруваме на индустриите кои презентираат нивни мерења на емисии на загадувачки супстанции, ги побива примерот со случајот во Словенија, повторно ЕУ членка, каде после 10 годишна борба се затворила цементарата во Трбовље, која како гориво користела меѓу другото и петрол кокс и отпад, исто како и нашата цементара. Цементарата во Трбовље ги штелувала вредностите на емисиите, дури и ги бришела, кога биле повисоки од дозволеното. Регионот Засавје во Словенија, каде е цементарата, има највисока стапка на заболени од канцер. Активистот за долгогодишната броба ја добил Голдмановата награда за животна средина за неговата заложба на организирање на локалното население во одбарана на човековото право да дише чист воздух.🔐 Усје од континуирани мерења со автоматски мониторинг систем на 11 испустни места дава податоци за јавност од само две мерни места и тоа среднодневни вредности, кои немаме прилика да ги провериме реално онлајн. Усје има обврска да врши мерења на одредено место на надворешниот воздух, но и тие податоци не ги објавува. Кога би се објавиле сите податоци и во реално време онлајн би оделе мерењата од 11те автоматски станици, би се видело дали, колку и кога има зголемени испуштања на загадувачки супстанции во воздухот.❌ Усје како гориво користи фосилни горива (јаглен, нафтени шкрилци, лигнит, петрол кокс, антрацит, мазут, гас), но и „алтернативни горива“, односно отпад. Според дозволата може да користи отпад од разни индустрии, како текстилната, искористени возила, разен отпад, запалив отпад, пластика, пакувања, мил од миење и чистење, дрвен отпад, отпад од преработка на дрво и производство на панели и мебел, отпад од преработка и производство на хартија, пулпа, механички обработен отпад, итн. Дозволено ѝ е да гори 25.000-35.000 тони отпад годишно како „алтернативно гориво“, 25-35% од вкупната количина на гориво. При тоа, потребно е да ги мери само еднаш до два пати годишно, завсино дали гори отпад помалку или повеќе од 6 месеци во годината, количините на ослободени токсични и канцерогени диоксини и фурани, тешки метали како кадмиум, талиум, жива, антимон, олово, хорм, кобалт, бакар, манган, никел, ванадиум, хлороводород, флуороводород.🔶 Научно е утврдено дека методот на мерење еднаш до два пати во годината, воопшто не ја дава точната слика за количината на ослободени диоксини и фурани, на тешки метали. Потребен е автоматски континуиран мониторинг на диоксините и фураните за да се види реалната слика на ослободените емисии во воздухот.🔻 Ниту имаме контрола на отпадот кој го увезуваме, не знаеме што точно ни влегува во земјата, ниту пак знаеме што и во која количина се ослободува при негово согорување.Во Италија помеѓу јануари 2017 и мај 2018 извршени се 54 истраги за организирана илегална трговија со отпад, каде нашле дека повеќе од 4.5 милиони тони на токсични супстанции не биле соодветно декларирани како опасен отпад. Ова е профитабилен бизнис за италијанската мафија. Се наведува дека наместо да платат 60.000 евра за легално одлагање на еден контејнер од 15.000 тони на опасен отпад, тие за само 5.000 евра го одлагаат нелегално во Источна Европа или Азија. Во најголем дел од Европа, брокерите им плаќаат на цементните фабрики стотици евра по тон на отпад кој потоа се согорува, но цементните фабрики во Романија и другите земји во Балканот го прават тоа по многу пониски цени, за само 10 до 50 евра по тон.🙋‍♀️🙋‍♂️ Од сиве наведени причини, каде нашето здравје мора да биде пред сè, апелираме до пратениците кои се нашиот глас, гласот на народот во Собрание да ја изгласаата предлог-измената на Законот за управување со отпад со кој ќе се забрани увозот на отпад кој се согорува во нашата земја, се вели во апелот од О2 Иницијатива.https://www.facebook.com/o2inicijativa/photos/pcb.2645034005613910/2645032948947349/?type=3&theaterфото: О2 Иницијатива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Костадинов: Без Договорот од Преспа нашето столче во НАТО не беше можно

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа се дирекнта закана за нашето полноправно членство во НАТО, тоа ја загрозува интеграцијата во ЕУ и иднината на државата, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република Северна Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот.Без Договорот од Преспа тоа наше столче во НАТО не беше можно.Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа.ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО?Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО.Јасно е, сите што заговараат укинување на Договорот заговараат и поништување на членството во НАТО што е директна опасност за државата.Ставовите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, антидржавнички и спротивни на стратешките цели на државата.Но затоа, тука е целата демократската јавност во нашата земја, тука e СДСМ, заедно со сите политички и граѓански демократски капацитети да гарантираме дека Договорот од Преспа ќе создава иднина за нашата земја – таа иднина значи членство во НАТО, преговори за членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет.Нема да дозволиме враќање чекор назад, како што посакуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Република Северна Македонија продолжува напред на прав пат, кон НАТО и ЕУ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.фото и видео: СДСМ

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Уште еден неуспех во здравство со помош на ДУИ

Приватното-јавно партнерство за прва помош не успеа. Иако ова не е новина за министерот, во споредба со другите изјави, овој пат министерот Филипче призна дека:„... приватно-јавното партнерство е сложен процес, во кој мора да учествуваат многу заинтересирани страни и претставници од Министерството за економија, финансии, други експерти ...“ Ова не беше побарано кога министерот предложи приватно-јавно партнерство за кардиохирургија на деца, лаборатории за крвна слика, стерилизација на болничката опрема; сите овие проекти за кои ниту физибилити студија не беа подготвени, ниту беа консултирани други министерства или експерти, се вели во соопштенито од Алијанса за Албанци.Потсетуваме дека снабдувањето автомобили за прва помош и подобрувањето на моменталната здравствена состојба со инвестиции што никогаш не се инвестираа беа ветување на ДУИ пред граѓаните, што никогаш не ги исполнија. И денес, кога проектот што самите го поддржаа не успеа, тие молчат.Алијанса за Албанците првично предупреди дека ниту еден проект за јавно приватно-партнерство не може да се спроведе без соодветен план и анализа.Драго ни е што министерот Филипче, иако доцни 2 години, го сфати ова! Но, тој и неговите владејачки партнери се чини дека не го разбрале концептот на одговорност и давање отчет за нивните неуспесите, се вели во соопштенито од Алијанса за Албанци.фото: Архнива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец обвинет за неовластена продажба на марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.Во домот на обвинетиот 38-годишник во Аеродром, на 20.12.2019 година, биле пронајдени 327,88 грама марихуана, шприц со 2,5 милилитри хашиш смола и една дигитална вага. Лицето е обвинето дека ја држело дрогата во домот заради натамошна неовластена продажба.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото што му се става на товар.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Naum-Stoilkovski-1

Стоилковски: Каква е намерата за итност за врботувања пред избори, ако не е поткуп на гласачи

СДСМ и Зоран Заев во паника од поразот, во очи на избори бесрамно продолжуваат со предизборни вработувања и партизација на институциите. Во очи на распуштање на парламентот и формалното започнување на предизборниот период се распишува оглас за 200 од 600 предвидени вработувања во државната АД ЕЛЕМ, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е чиста партизација, ова е чист непотизам во изборни цели на власта во заминување. Ова не е прв случај на полнење на АД ЕЛЕМ, на полнење на РЕК Битола, или на АД МЕПСО, полнење на државните енергетски компании во овој предизборен период. ЕЛЕМ како дел од државните компании каде платите се неколкукратно повисоки од просечната постојано периодов е цел на полнење со луѓе од партиските тефтери на СДСМ.Потсетуваме дека на 8 дена пред техничка влада ЕЛЕМ распиша оглас за вработување нови 30 лица.  Претходно имаше оглас за 200 лица во РЕК Битола, а за во МЕПСО наводно беа потребни 63 лица. Не вработуваа инженери или други стручни лица потребни за работа на ова претпријатијата, туку разни советници, книговодители, раководители. Каква е намерата за итност за вакви вработувања пред избори, ако не е полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи.СДСМ и Заев се во паника. Ваквото однесување на СДСМ, на Заев, на власта во заминување фрла сериозен сомнеж, но и го доведува во прашање амбиентот на изборниот процес.СДСМ и Заев се виновни за сите порази, измами и криминали, на 12-ти април следува одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

infektivna_klinika-610x400

На Инфективната клиника хоспитализирани четири лица со компликации од грип

Четири лица  се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести, поради компликации од грип. Едно лице е во тешка здравствена состојба.  Меѓу заболените нема деца, информираат за МИА од Клиниката.Посочуваат дека пациентот во тешка здравствена состојба со грип и хронична белодробна болест е примен вчера и е сместен на Одделот за интензивна нега.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

osmani-derkoski

Османи и Деркоски повикаа на фер и демократски избори

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека Законот за јавно обвинителство кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен до 3 февруари, кога и ќе се одржи последната пленарна седница.– Секогаш кога ќе дојдам на средба во ДИК велам дека овој пат треба да има фер и демократски избори, но овој пат навистина тоа така треба да биде, изјави Османи нагласувајќи дека на 26 март, на четвртиот ден од кампањата, е состанокот на Европскиот совет, а потоа следуваат и други состаноци поврзани со нашите евроинтеграции.Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски, истакна дека секој од учесниците  треба да си ја земе сопствената одговорност за организирање на изборите и граѓаните слободно да ја изразат својата волја и да излезат на гласање.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

20112019_VRSM_Sugareski_pres2

Сугарески: ВМРО ДПМНЕ свесно го кочи Законот за легализација

Опозицијата поднесе над 1000 амандмани за Законот за легализација на дивоградби.  Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески овој потег го оцени како неконструктивен.– Пред донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, популарно Закон за легализација, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 1000 амандмани со што свесно го закочија законот, со мала веројатност тој да се изгласа пред распуштање на Парламентот. Со тоа оставија преку стотина илјадѐ граѓани во неможност да си ги легализираат нелегално изградените објекти, нагласи Сугарески на денешната прес-конференција.Сугарески ги повика пратениците од опозицијата да покажат конструктивност и да се изгласа предложеното законско решение.Предлог-законот не ги опфаќа сите видови бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во списокот на Конвенцијата на УНЕСКО, во границите утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион како и станбените згради и нивните доградби и надградби.извор: MИА

Македонија | пред 6 години

aerodrom-ohrid-300x224

Приведен Албанец на Охридскиот аеродром - приложил грчка лична карта

На 20.01.2020 во 09.20 часот на Граничниот премин Аеродром „Свети Апостол Павле“ Охрид, на излез од Р.С.Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, бил лишен од слобода M.O.(24) од Р.Албанија, кој приложил грчка лична карта на име Д.T.(23). Тој заедно со одземените предмети бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Советот на Општина Центар ќе одлучува за барањата на пазарџиите од Зелен пазар

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, во текот на вчерашниот ден остварија средба со пазарџиите од „Зелен Пазар“.  На состанокот присуствуваа претставници од трговците кои на градоначалникот и директорот им ги соопштија проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока и роба на паркингот со кој стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, како и со новите измени во поскапување на цените за паркирање на територијата на Општина Центар.Преку аргументирани забелешки, двете страни постигнаа договор за надминување на разликите, кои изминатиов период манифестираа со неколкудневен штрајк од страна на пазарџиите на „Зелен Пазар.“„Приоритет ни се граѓаните кои живеат тука. Подготвени сме да најдеме решение и не сакаме никого да оштетиме, туку напротив, сакаме да воведеме ред. Доставете ги писмено Вашите барања во архивата на општината, како би можел да ги разгледам и да ги предложам на следната седница на Совет на Општина Центар.“ – изјави градоначалникот.Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ  изјави дека ќе ги предложи барањата на пазарџиите на наредната седница на Советот на Општина Центар, каде за нивните барања ќе одлучуваат советниците на Општина Центар.Фото: Општина Центар

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за обид за разбојништво во аптека во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се бидело да изврши кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик.Обвинетиот се товари дека на 27.12.2019 година влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една вработена која се наоѓала зад работниот пулт, па од неа побарал да му ги даде парите. Притоа, тој ставил маска на устата и ја откопчал јакната, а едната рака ја ставил во внатрешниот џеб каде што имал нож. Оштетената, исплашена за сопствениот живот, се стрчала кон магацинот, а обвинетиот тргнал кон неа. Во тој момент од магацинот излегол работник од агенцијата за обезбедување и го спречил обвинетиот во намерата да изврши разбојништво.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, бидејќи оцени дека во конкретниот случај и натаму постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

majka-i-sin

(ВИДЕО) Мајка и син од Велес, преживуваат наместо да живеат

Мајка и син од Велес, преживуваат наместо да живеат. Телевизија 24 објави  сторија за преживувањето на едно семејство.Мајката и синот живеат со 11 илјади денари, кои ги добиваат од државата како нега и надомест за намалена мобилност. Пред 15 години Ангелина преживеала тежок мозочен удар кој ја врзал за кревет. Вистинско чудо е што досега сум жива, вели, едвај изговарајќи ги зборовите од уста.видео: Телевизија 24

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Калеска-Ванчева: Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ ги држи граѓаните во заблуда, без Договорот од Преспа нема ниту НАТО ниту ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ е лицемерно бидејќи велат дека ќе го поништат Договорот од Преспа, а во истовремено велат дека интеграцијата во ЕУ и НАТО ќе ја ставеле на брза лента, што е несериозно бидејќи без Договорот од Препа нема ниту ЕУ ниту НАТО, истакна пратеничката во Собранието и претседателката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“.- Се почесто слушаме дека кога ќе дојде ВМРО ДПМНЕ на власт ако дојде дека тогаш преспанскиот договор ќе биде поништен а Северна Македонија ќе биде ставена на брза лента кон ЕУ. Ако тоа не е лицемерие, јас навистина не знам што е лицемерие Совршено јасно им е на сите, впрочем и во раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека не постои брза лента и дека без решение на спорот со името преку преспанскиот договор којшто го постигнавме такво нешто нема. Е сега дали и понатаму ќе го експлоатираме ова прашање или ќе се договориме и ќе кажеме она што е единствена алтернатива за доброто на државата ќе го ставиме на страна и политичката борба ќе ја водиме на други прашања, а не на прашањето дали треба да го поништуваме преспанскиот договор. Лицемерно е да се држат граѓаните во заблуда, кој е тој брз воз, ја видовме таа брза трака 30 години и совршено е јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема брза лента, истакна Калеска Ванчева.Нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, заклучи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Bojan-Reket

1ТВ: Вистината е како шило, токму тоа шило ќе го дупне балонот за „Рекет“

Попладнево на социјалната мрежа Фејсбук, на профилот на 1ТВ стои објава: Доволно долго време паузиравме со објави на нашиот профил...Нашата прва објава ја посветуваме на човекот кој ја создаде 1ТВ Бојан Јовановски и кој се бореше секој вработен во телевизијата да има достоинствен третман, човекот кој беше другар со секој вработен во 1 ТВ. Ние сме сведоци на фактите кој бил и каков бил Бојан Јовановски, но ...Во контакс на оваа фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот правен предмет „Рекет“ сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изненадена од позадината и вистината за вистината за предметот „Рекет“ , како беше онаа позната реплика... Вистината е како шило, е токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен „Рекет“!!!https://www.facebook.com/www.1tv.mk/posts/2987797104566052 фото: ФБ 1ТВ

Македонија | пред 6 години

petar-bogojeski

Богојески: Особено е чувството кога ќе те нападнат т.н. “тврди бугараши удбаши”!

ФБ на Петар Богојески од политичка платформа „Македонски концепт“Особено е чувството кога ќе те нападнат т.н. “тврди бугараши удбаши”!Тоа значи дека сме на вистинскиот пат, на македонскиот пат... Македонија на Македонците во Обединета Европа! 🇲🇰🇪🇺П.с. Уште подобро е кога во исто време напаѓаат заедно четници и бугараши - удбаши! Е тоа е веќе нирвана за Македонци! 😉https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2534177923530812&id=1949361315345812

Македонија | пред 6 години

policija-123

Командир од Гази Баба сексуално вознемирувал и се заканувал на полицајка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Секторот за внатрешни работи Скопје по добиено известување за сексуално вознемирување, ги изврши потребните проверки и изврши службени разговори со инволвираните лица во случајот при што констатираше дека лицето С.В (49) - командир на полициската станица од општа надлежност Гази Баба во текот на 2019 година во повеќе наврати, а последен пат на 07.11.2019 искористувајќи ја позицијата командир на полициска станица, сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата со непристојни предлози кои на крајот резултирале со закана кон неа поради одбивање на предлозите.При извршените контроли од страна на Одделот за внатрешна контрола, уште две други полициски службенички вработени во полициската станица Гази Баба пријавиле дека на ист начин биле вознемирувани од страна на командирот,но со оглед на времето поминато од случување на овие настани постои апсолутна застареност за донесување решение за изрекување дисциплинска мерка.Воедно е констатирано дека на 30.05.2019 С.В командир на Гази Баба не постапил согласно планот за контрола на службите во ПСОН Гази Баба, а притоа не изготвил службена белешка во која ќе ги образложи причините поради кои не е постапено. Истиот ден командирот без да извести некој од претпоставените, со службено возило се упатил во с. Брњарци каде се задржал неколку часа.Со овие дејствија С.В. командир на ПС Гази Баба сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, согласно одредбите од член  208 ст. 1 точка 3,4,10 и 14 од Колективниот договор на МВР за што од страна на Одделот до Началникот на СВР Скопје е поведена иницијатива за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката. Истовремено до ОЈО за ГОКК е доставено барање за координација за натамошно постапување.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

Pres-Drisla-20.01-2

Шилегов: Ја вративме „Дрисла“ на град Скопје

Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека по двегодишна тешка, напорна, но истовремено и искрена и принципиелна борба  депонијата „Дрисла“ е вратена во системот на Град Скопје.Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот. Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како Ваш градоначалник. Создадени се услови во текот на утрешниот ден да биде разрешен сегашниот директор на „Дрисла“ и именување на нов в.д. директор, а по седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари, да бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад - рече Шилегов.Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка ќе ги повика сите надлежни институции и заинтересирани граѓански здруженија и асоцијации, сите заинтересирани граѓани поединци да помогнат заеднички да се направи анализа на досегашното работење на депонијата и заеднички да ја утврдат фактичката состојба во овој сега веќе градски капацитет.Ќе повторам, Град Скопје и јас лично како градоначалник сме гарантот за исправноста на целосното идно работење на „Дрисла“. Жал ми е што заради некомпетентност и базично незнаење демонстрирано од претходната владејачка гарнитура неповратно изгубивме цели 9 години. Во периодот што следува прва грижа на Градот ќе биде „Дрисла“ да стане прва санитарна депонија која ќе применува современи технологии за управување со отпадот и целокупниот нејзин економски потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните – нагласи Шилегов на денешната прес-конференција.фото: Град Скопје  

Скопје | пред 6 години

Kockanje

Левица: Македонската коцкарска индустрија, во постојан раст

Македонската коцкарска индустрија, во последните неколку години, е во постојан раст. Државата и нејзините институции одиграа клучна улога во процесот на стимулирање на оваа индустрија. Законот кој им овозможи богата понуда на кладилниците и коцкарниците беше донесен 2011 година, како дел од пакет законите кои имаа за цел олеснување на реализацијата на странските инвестиции, се вели во соопштението од Левица.Социјалниот шок, кој македонскиот народ го доживеа како резултат на нео-либералната трансформација на економијата пропратена со криминалната приватизација и понатамошната акумулација на богатството во рацете на мал број криминални поединци, допринесе кон создавање на поволни околности за развиток на коцкарската индустрија во Македонија. Ваквите околности на социјален дисбаланс и руинирана економија, дополнително допринесоа во ширење на капиталистичката пропаганда за брзото збогатување како ултимативна општествена и лична цел. Следствено, народот, во очај и несигурност поради сиромаштијата и невработеноста од една страна, и отсуството на сериозна државна (социјална) поддршка од друга страна, посегна кон комарот како единствена надеж за излез од немилосната ситуација во која се наоѓа.Со одлуката Државната видео лотapија да потроши над 6.5 милиони евра за купување нови 1.500 апарати за кoцкaњe, владеачките елити, по којзнае кој пат, докажуваат дека апсолутно се неспособни за изготвување на развоен модел за македонската економија кој ќе биде заснован на продуктивни и одржливи работни места. Напротив, државата во рацете на овие владеачки структури, заедно во спрега со странскиот капитал, стана соучесник во искористување на очајот на своето население предизвикувајки сериозни социо-психолошки проблеми.Сметаме дека е потребна строга и ригорозна регулација на коцкарската индустрија, воедно и нејзин третман како порок на модерната доба од кој народот треба да се одвраќа, а не да се стимулира. Регулацијата на овој сектор мора да има за цел, покрај драстичното намалување на ваквите објекти на ниво на целата територија на државата, туку и нивно дистанцирање далеку од просторот на секојдневието на македонскиот работник, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања