Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Одложено рочиштето за „Рекет“, адвокатите на Јанева биле болни

Денешното рочиште за  “Рекет” е одложено.  Во судница не се појавија адвокатите на обвинетата Катица Јанева.  Тие до судот доставиле известување дека се болни.-На 15 јануари е стигнато барање за одлагање, бидејќи адвокатот  Дељо Кадиев е на болничко лекување. Денеска стигна барање и од адвокат Ирена Фрчковска исто така за одлагање, која исто така била болна, но за разлика од Кадиев, нема доставено документација, рече судијката Васка Николовска Масевска.Денеска требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

13 нови возила за Поликлиниките во Скопје

Поликлиниките во Скопје ќе добијат нови возила. Од Министерството за здравство информираат дека се обезбедени нови 13 возила за потребите на овие здравствени установи.Возилата ќе бидат промовирани денеска на паркингот позади поликлиниката Бит пазар, а на настанот најавено е присуство на министерот за здравство Венко Филипче и на директорите на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Искановски и Бесим Кока./МИАфото: Архива

Скопје | пред 6 години

bazen

(ВИДЕО) Во Пробиштип 40 мин бараа еден крст, па мораше да фрлат втор

Специфични Водици во Пробиштип. Верниците оваа година ќе ја паметат по изгуен крст во базен. Имено денеска крстот во Пробиштип се фрлал во во базен во Аква паркот.  Но откако попот го фрлил крстот над 40 минути момчињата пријавени за пливање не го нашле и покрај нивната упорност во барањето.По долгата потрага попоб бил приморан да фрли друг крст по кој скокнале двајца.Најсреќен во втората потрага беше Драган. https://www.facebook.com/AQUAPARKMACEDONIA/videos/176808116996701/?__so__=watchlist&__rv__=video_home_www_playlist_video_list

Македонија | пред 6 години

vodici1

Христијан Ниновски го фати крстот во Скопје

Христијан Миновски најсреќен од сите верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст. Централната манифестација по повод православниот празник Богојавление -Водици се одржа во  Скопје. Пред илјадниците насобрани граѓани на кејот на Вардар се обрати поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.По светиот крст скокаа над 130 верници.

Скопје | пред 6 години

19012020_VRSM_Bogojavlenie1

Шекеринска: Во годината во која очекуваме добри вести за нашата татковина упатуваме пораки за обединетост и успех

По повод христијанскиот празник Богојавление - Водици, владина делегација предводена од заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во чиј состав беа и министерката за финансии, Нина Ангеловска и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски денес присуствуваа на централната манифестација - фрлањето на крстот во водите на реката Вардар во Скопје.“Дозволете ми во мое лично име и во име на владината делегација и Владата на сите христијани да им го честитам празникот Богојавление и да им посакам среќа, радост и успеси”, изјави притоа министерката Шекеринска.Министерката рече дека фрлањето на крстот е дел од нашите христијански обичаи, но и од традициите на македонскиот народ кои што секоја година ги прославува. “Тие се победа над искушенијата и доказ дека ако си издржлив, ако си упорен, успехот следи”, додаде Шекеринска.“Во овие моменти сакаме да ги упатиме пораките на обединетост, пораките на спокој, радост, среќа и успех. Ова е година во која што очекуваме добри вести за нашата татковина. Во тоа име денес навистина ми беше задоволство со голем број граѓани на Скопје да бидеме тука и да го прославиме овој ден”, истакна министерката.Во име на Владата Шекеринска му подари пригоден подарок на Христијан Ниновски кој оваа година го фати крстот.Во рамките на активностите на министрите во Владата на Република Северна Македонија по повод верскиот празник Богојавление - Водици, министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на манифестацијата што беше организирана во Охрид.

Скопје | пред 6 години

lotevci

(ФОТО) Традицијата на Лотески продолжува

Браќата Лотески ја продолжуваат традицијата на богојавленските празници, кога скокаат во студените езерски води дотерани во одело. Браќата и годинава ги наквасија оделата, поточно убаво се искапија.фото: ФБ Климент Лотески 

Македонија | пред 6 години

19012020_PVRSM_Spasovski_Bogojavlenie_Kocani2

(ВИДЕО) Спасовски од Кочани: Да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост и смирено и со љубов да си посакаме добро

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Кочани, во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.Поздравувајќи ги присутните граѓани премиерот Спасовски упати честититки до православните верници во земјата, до Светиот Архиерејски синод, и до неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан, како и до свештенството и монаштвото во Република Северна Македонија.„Денеска е денот, кога сите ние треба да се очистиме од гревовите и кога водите во нашата земја се преобразуваат во Свети води и на тој начин потсетуваат на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан“, истакна премиерот Спасовски.Во своето обраќање, премиерот Спасовски оцени дека денешниот празник е ден на љубовта, слогата, заедништвото и потсетува дека сите ние треба да ја обновиме и зајакнеме духовната зрелост, смирено и со љубов да си посакаме добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план.„Затоа секој од нас, денеска треба да ја прими оваа порака дека заедно можеме да направиме многу повеќе и само со слога и со единство можеме да ги оствариме сите наши заеднички цели за развој и за напредок на нашата држава. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици!’’, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, во изјавата за медиумите при денешното одбележување на празникот Богојавление - Водици во Кочани.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, на Горан Зашов, момчето што го фати крстот во Кочанска река, му подари копија од артефакт од вториот век од археолошкиот локалитет Требениште.

Македонија | пред 6 години

DSC_4071

Заев од Охрид „Овој празник е верба за нов почеток, верба доброто“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид кој денеска беше преполн со верници и гости кои во голем број присуствуваа на традиционалното фрлање на крстот.„Чест, задоволство и среќа е денеска да се биде во Охрид“, рече претседателот на СДСМ Заев, и на присутните им го честиташе празникот, посакувајќи здравје и среќа за сите.Претседателот на СДСМ, Заев честитка упати и до среќниот граѓанин кој го извади крстот од водите на Охридското Езеро, Петар Рупевски, посакувајќи му нему и на неговото семејство среќа.Пред присутните Заев изјави:„Почитувани граѓани,Еве од прекрасниот, величествениот наш Охрид, од оваа величествена глетка, денеска го одбележуваме големиот христијански празник Богојавление Христово.Во тоа име сакам да ја искористам оваа прилика да им го честитам на сите наши граѓани, православни верници, големиот празник.Ова е празник кога се раѓаме повторно во верата наша, кога веруваме во заедништвото, кога се помагаме меѓу себе, во верба за нов почеток, за нешто добро, за нешто заедничко.Сакам да му честитам и на Петар кој го фати крстот, секако и на неговото семејство, да ни носи среќа на целиот наш македонски народ.Нека е честит големиот празник, Богојавление Христово!“ 

Македонија | пред 6 години

31600671_363325997520536_892656583937359872_o

Колев: Да го побараме Бог во самите нас и преку добрината да ја покажеме нашата надмоќ врз суровата реалност

Честитка од Петар Колев, претседател на ГДУ. Во честитката се вели:Драги пријатели, по повод големиот христијански празник Богојавление, би сакал од мое име и од името на ГДУ да ги поздравам сите православни верници коишто слават денеска.Да го побараме Бог во самите нас и преку добрината да ја покажеме нашата надмоќ врз суровата реалност, што ја нуди материјалниот свет.Бог се јави! За многу години нека ни е празникот и нека здравјето, среќата и успесите влезат во секој дом.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dsc03

Мицкоски од Охрид: Ова што е предложено од СДСМ претставува закон кој што треба да ги штити криминалните структури од СДСМ

Денеска сме овде во Охрид, ќе ми дозволите од мое име од името на ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам овој ден на православните христијани Бог се јави, Навистина се јави, да им посакам многу здравје среќа, бериќет, за нив и нивните семејства.Јас сум оптимист, верувам во мудроста на народот и сигурен сум дека токму оваа е таа година кога ќе победи Обновата врз разурнувањето.Новинарско прашање: Пред малку Заев од овде кажа дека наредната недела постои можност за одржување на лидерска средба со вас опозицијата во однос на сите тековни случувања, за предлог законот за јавно обвинителство. Стоите ли на располагање за такво нешто? Одговор: Тој закон за јавно обвинителство многу пати во минатото беше коментиран. Работните групи се состануваа, имавме една неуспешна лидерска средба. Често пати во јавноста сме ги кажувале нашите ставови и тука нема никаква дилема дека треба да се донесе европски закон, реформски закон за јавното обвинителство. Но, ова што денеска е предложено од страна на СДСМ практично претставува закон кој што треба во иднина да ги штити криминалните структури од СДСМ кои што ќе заминат во опозиција после 12 април. Така што ако треба да се одржи средба колку ради реда, јас навистина ниту имам намера да го губам времето на граѓаните. Тука се работните групи, во неделата која што следи претпоставувам ќе имаат состанок ќе разговараа, доколку ги приближат ставовите тогаш веќе можеме да зборуваме за нешто поконкретно, односно одржување на лидерска средба. Ќе ве потсетам што му претходеше насоки од страна на личниот адвокат на господинот Заев врз државниот јавен обвинител, потоа едно контроверзно писмо од страна на притвореничката Јанева со која што сите предмети кои што се во судски процедури но, и оние кои што се во предистрага и истрага на криминален и незаконски начин се префрлија во судовите и она што за нас како ВМРО ДПМНЕ е најголем проблем еве веќе втора година по ред е тоа што на нелегален, незаконски начин е замрзнат имотот на партијата на 85 дена пред предвремените парламентарни избори.И покрај целокупната злоупотреба со државните средства, со буџетот, вештачките вработувања по три вработувања партиски на едно работно место, ВМРО ДПМНЕ влегува во овие парламентарни избори со замрзнат имот. Но, ние веруваме во мудроста на народот, веруваме во народот тоа е она кое што нас не мотивира и јас сум убеден дека и покрај сите предизвици, и покрај сето ова насилие кое што го прави Владата, и покрај сите опструкции на техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе издвојува убедливо најголема историска победа на 12-ти април.Така што, доколку сакаат да разговараат уште еднаш за Законот за Јавно обвинителство, тогаш најпрвин треба изготват реформски закон, закон кој што е вистински, европски закон. Да ги доближат ставовите групите кои што преговараат, па дури потоа може да зборуваме за евентуална лидерска средба.

Македонија | пред 6 години

zaev-micko

(ФОТО) Мицкоски и Заев се сретнаа на Водици во Охрид

Лидерите на партиите од владината техничка коалиција Зоран Заев и Кристијан Мицкоски се сретнаа на пристаништето во Охрид, каде двајцата присуствуваа на осветувањето на водите на Охридско Езеро по повод Богојавление Водици. Тие беа придружувани од партиски функционери. Речиси целиот владин кабнет од техничката коалициона Влада денес е во Охрид.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен Тетовец поради тешка кражба

На 18.01.2020 во 16.00 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.К.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Приведен малолетник од Скопје, кај него била пронајдена прашкаста материја

На 18.01.2020 во 00.50 часот на ул.„Женевска“, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Грк се обидел да помине на „Табановце“ со фалсификуван број на шасија и типска налепница

На 18.01.2020 во 15.30 часот на Граничен премин „Табановце“ бил лишен од слобода С.Д.(48) од Р.Грција, кој управувал патничко возило „форд маверик’’, со бугарски национални ознаки, за кое при граничната контрола било констатирано дека има фалсификуван број на шасија и типска налепница. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Кумнаово за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

petar-1

(ФОТО) Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

30 годишниот Петар Рупески од Варош беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро, осветени на големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога во реката Јордан Свети Јован Крстител го покрстил Исус Христос.На чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа великодостојници на Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство, меѓу кои и делегации на збратимените градови на Охрид.ФОТО: Print screen ТВ Сител

Македонија | пред 6 години

spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Спасовски: Со оптимизам и добра волја секој од нас да даде придонес за заедничка подобра иднина

Честитката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски по повод верскиот празник Богојавление - Водици. Во честитката се вели:Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, по повод верскиот празник Богојавление - Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, до клирот на МПЦ-ОА, и до сите православни верници во Република Северна Македонија, во кое упатува желби за прифаќање на пораките од овој голем христијански празник кои потсетуваат дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди.„Оптимизмот и надежта со кои е исполнета пораката на празникот Богојавление - Водици, нека биде поттик постојано да го негуваме стремежот за добри дела како придонес на секој од нас за заедничка подобра иднина која ќе ја оствариме со добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план“, се истакнува во писмото на премиерот Спасовски.„Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление - Водици“, се вели во писмото со честитки на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски по повод празникот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vodici-Ohrid

Мицкоски до Г.Г. Стефан и сите верници: Денешниот голем празник е симбол на новиот почеток и духовното раѓање

Дозволете ми од мое и од името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление, Водици.Со продолжување на вековната традиција на овој ден ја потврдуваме нашата верба во Бога и посветеноста на традиционалните вредности. Христијанските вредности, љубовта, добрината, хуманост и проштевањето нека ни бидат ѕвезда водилка во нашите животи.Денешниот голем празник е симбол на новиот почеток и духовното раѓање, пример за сите верници христијани за патот по кој тие треба да чекорат. Шансата значи  нов почеток, оваа година, овој празник нека е симбол за обновата на Република Македонија, која насушно е потребна.Треба да завршат времињата кога граѓаните се оставани на страна, кога политичарите се ставаат над интересите на државата и кога политиката ја има во секоја пора општество делејќи го народот, создавајќи конфликти. Нашиот народ е помудар од политичарите кои се реликвија на сите лоши времиња на овој народ и земја.Сите заедно сплотени, обединети во традиционалните вредности да си ја обновиме државата, да ја кренеме главата гордо високо и да им ставиме крај на поразите. На државата и е потребна работа и проекти, раст и напредок, да си ја вратиме назад националната гордост.Ви посакувам многу здравје, радост, среќа и бериќет на овој ден и низ целата година. Следува обновата, обновата за Македонија.Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник! БОГ СЕ ЈАВИ!НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! Со почит,Христијан Мицкоски,Претседател на ВМРО-ДПМНЕфото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.  Почитуван г.г. Стефан,Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици, и да Ви посакам да го поминете во мир, радост и среќа.Богојавление не потсетува на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на христијанската вера. Преку овој чин на ново, духовно раѓање се потврдува смислата на суштествувањето на секој верник. Да не дозволиме во постојаната борба со материјалните предизвици нашите животни врвици да останат без идејна и морална крепост и да продолжиме да се стремиме кон зачувување на духовните вредности.На Водици кога се осветуваат водите, посакувам најискрено во срцата на сите верници да се вселат мирот, хармонијата, љубовта и милосрдието кои ќе ги споделуваме со сите наши сограѓани придонесувајќи за наша лична и добробит на целата заедница.Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија

Македонија | пред 6 години

arhangel-1

(ФОТО) Во Бигорскиот манастир пристигна икона на свети Архангел Михаил

Во пресрет на празникот на Божественото Просвештение и на светлото Богојавление над реката Јордан, Бигорската Обител вчеравечер беше удостоена со голем ангелски благослов. Имено, во Манастирот пристигна прекрасна икона од Војсководецот на светите Ангелски сили, Светиот Архангел Михаил.Иконата на небесниот Архистратиг, изработена во сребрен опков со позлата, украсен со бисери и полудраги камења, ја донесе лично нејзиниот творец, нашиот драг пријател, добропознатиот зограф Димчо Димчовски од Р. Бугарија, во придружба на двајца свои сопатници. Тој ѝ ја подари на нашата Обител оваа преубава икона со благоволение и благослов на Епископот Велички, Неговото Преосвештенство г. Сиониј, од Бугарската православна црква, кој воедно е игумен на двата мошне значајни бугарски манастири: Тројанскиот и Бачковскиот. Ова е веќе третпат како со благослов на владиката Сиониј, зографот Димчо Димчовски великодушно му подарува икона на нашиот Старец – првиот пат, икона на Светите Кирил и Методиј и вториот пат – на Свети Великомаченик Георгиј во Рајчица.Со благослов на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, иконата на Свети Архангел Михаил беше торжествено пречекана од нашето братство и присутните верници со вообичаеното манастирско иподохи (пречек). Во своето пригодно слово, Старецот, меѓу другото, истакна:Архимандрит Партениј„Сесрдно и најтопло им благодариме на Неговото Преосвештенство, возљубениот Епископ Велички, г. Сиониј, на нашиот драг брат во Христа, г. Димчо Димчовски и на неговата благочестива придружба, што во пресрет на празникот Богојавление ни ја приредија оваа голема чест и радост! Тие ни доаѓаат од нашиот братски сосед Република Бугарија. Во овој момент го молиме великиот Архистратиг, Свети Архангел Михаил, да го умножува братољубието меѓу православните браќа насекаде, бидејќи токму од нас, поклониците на Троичниот Бог, се очекува да покажуваме меѓусебна љубов во Христа, како што и Он, нашиот Спасител, им рекол на Своите ученици: По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јован 13,35).Нашата Црква, Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската православна црква, повеќе од пет десетлетија се бори за својата автокефалност, за своето место под небесното Сонце, кое Сонцето на правдата – Христос Бог, го испраќа подеднакво за сите. И ете, благодарение на таа макотрпна борба, како и на вишното просветление на нашиот богомудар Вселенски Патријарх, г. г. Вартоломеј, се наоѓа, се надеваме, пред прагот на нејзиното признавање. Православните браќа пак, во Бугарија веќе долго време имаат призната автокефална Црква. На тие простори, додека овде дејствувала Охридската Архиепископија, таму пастирствувала Трновската Патријаршија. И ете, денес, за слава на Бога, Бугарската Црква има своја автокефалија и свој самостоен претстојател. Сега, полезно е, во духот на Христијанството и братољубието, високиот клир на Бугарската Црква да се израдува заедно со своите браќа и христијанската паства од оваа земја-маченица и да ја поддржи Великата Христова Црква – Вселенската Патријаршија во нејзината иницијатива да ја исправи долгогодишната неправда, та древната Охридска столица рамноправно да биде прифатена од сите други помесни православни Цркви во светот.Великиот Архистратиг Михаил да се застапува за сите нас, за нашата мила Црква, Охридската Архиепископија и особено за монасите, како заштитник на рамноангелскиот живот на земјата. Впрочем, како што знаеме од свештената историја, Светиот рамноапостолен отец наш Наум Охридски, нашиот родоначалник, таткото на сето словенско општежително монашко, Манастирот што го изградил на брегот на Белото Езеро, го посветил токму на Светите Архангели, како на заштитници на монашкиот род. Оттогаш, неговиот Манастир станал пример и за други манастири во Македонија, кои од чест кон овој голем наш Светија и кон Светите Архангели, ги сликале чиночаланиците на Бесплотните сили на иконата што се наоѓа веднаш до Пресвета Богородица на иконостасот. Таков е случајот и со нашиот Манастир. Следствено, го молиме големиот Војвода на Небесните воинства да ја чува монашката војска насекаде по светов и на овој илјадалетен Манастир на возобновената Охридска Архиепископија, Свети Јован Крстител – Бигорски; да ни помогне да останеме докрај верна војска на нашиот Спасител и Бог, Господ Исус Христос. Зашто, Архангелот Михаил е оној, кој по падот на сатаната и на ангелите со него, го повикал сето небесно воинство и извикал: Да стоиме добро, да застанеме со страв. Монасите секојдневно се исправени пред овој повик на Архистратигот, да останат докрај во заветот на кој се ветиле, што воопшто не е лесно, туку напротив, нешто многу тешко и макотрпно, особено во ова време.Накрај, уште еднаш длабоко им се заблагодарувам на нашите дарители, кои веќе трет пат ја радуваат нашата Света Обител со ваков скапоцен дар. Бог да ги благослови, по молитвите на Светиот Архангел Михаил, на Светите Кирил и Методиј, чијашто икона ни подарија пред три години, и на Свети Георгиј Победоносец, чијашто икона, исто така, му подарија на Манастирот во Рајчица!“Во одговор на овој благодарствен поздрав на нашиот Старец, зографот Димчо ги кажа следниве зборови:г. Димчо Димчовски„Мојата, како и радоста на моите и ваши браќа со кои ја подаривме оваа икона, е поголема од вашата радост. Зашто, секогаш кога човек Христијанин дава, се радува повеќе отколку кога прима. Така што, радоста ни припаѓа повеќе нам. Оваа икона дојде тука по нарачка на Епископот Сиониј, кој е единствениот Игумен истовремено на два ставропигијални манастири: на Тројанскиот и на Бачковскиот. Кога пристигна кај нас веста за Вселенскиот Патријарх, кој донесе едно такво, исклучително светло решение да посредува за востановување на канонското општење на вашата Црква, дедо Сиониј нè замоли да ја донесеме оваа икона како знак за братољубието меѓу браќата во Христа од Бугарија и Македонија.Сакам да му се заблагодарам на Старец Партениј, што и претходно, ги прими од нас и другите икони, што како дар му ги донесовме по благословот на дедо Сиониј. Имено, тој го препознава отец Партениј како Партениј градителот, кој за толку кратко време успеа, не само да го востанови Манастирот, туку и да го обнови општежителното монаштво во Македонија, заедно со други светогорски отци…Вие сте едно прекрасно, големо и сплотено братство. Ви благодариме што сте пример за сите нас! Во лицето на отец Партениј и на ова братство, ние препознаваме вистински духовни водачи на православниот народ во овие тешки времиња. Ви благодариме што ве има! Овој скромен дар е најмалото што можеме да го направиме за вас…“извор: Бигорски манастир 

Македонија | пред 6 години

Humanizam

(ФОТО) Врачена светската награда за хуманизам за 2020 година

Вечерва спроти големиот христијански празник, Богојавление – Водици во куќата на Уранија во Охрид свечено беше доделена светската награда за хуманизам на добитникот за 2020 година, академик Георги Старделов.Тој е  првиот добитник на ова престижно светско признание од нашава земја , а наградата му  ја врачи градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.– Импозантниот творечки опус на професорот Георги Старделов ноќва во Охрид, во очи големиот христијански празник Богојавление -Водици собра домашна и меѓународна асемблеја на гости . Вечерва кога сме „најблиску до Бога“ со чиста љубов и мисла се поклонуваме пред делото на Македонецот кој со своите величествени творечки достигнувања успеа да ја извиши нашава земја до најодалечените Светски културни меридијани. Академик Георги Старделов е четиринаесеттиот добитник по ред на светската награда за хуманизам, а прв од Македонија, правејќи не со тоа, нас Македонците исклучително горди што припаѓаме на неговиот род. Тој е автор на импозатен опус од доменот на филозофијата, естетиката и критичката мисла, објавен на голем број јазици на петте континенти. Пред официјалното овенчување на професорот Старделов со престижното светско признание сакам да упатам јавна Благодарност до амбасадорот Јордан Плевнеш и до Охридската академија на хуманизмот што ја организираат оваа величествена манифестација со која се активира генетскиот код и колективната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа. Овој настан кој на величествен начин ја најавува утрешната прослава на која се одбележува „Крштевањето на Бога“ стана наша неопходност како писменост, како традиција, како култура , како континуитет на духот. Охрид престолнината на духовноста и верата изразени преку утрешните прослави, вечерва повторно оживува и како центар на хуманизмот што столетија и столетија пред нас го основа Климент Охридски. Нашиот чудесен Охрид, градот на УНЕСКО оваа година ќе биде закитен и со спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“ чиј автор е неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година на кого искрено му оддаваме почит. Почитуван професор Горги Старделов, дозволете да Ви го честитам добивањето на Светската награда за хуманизам и да ви ја врачам оваа резбана Статуетка на Св. Климент Охридски која верувам дека ќе биде ваша идна инспирација за достигнување на нови творечки хоризонти – рече градоначалникот Георгиески.Добитникот на наградата го изрази своето задоволство што и тој се вброи во личностите кои оставиле траги во развојот на светскиот хуманизам.–Исклучително сум почестен што Охридската академија на хуманизмот го вброи моето име на оваа светска награда со огромен престиж што досега била доделена на личности кои оставиле длабоки траги во светската историја на хуманизмот– истакна  СтарделовВо беседата посветена на годинешниот добитник на наградата   претседателот на Охридската академија  на хуманизмот, Јордан Плевнеш образложи зошто е неопходно Старделов да биде добитник на престижното  признание.   –Академик Георги Старделов, станувате прв добитник на Светската награда на хуманизмот од Македонија, бидејќи Вие сте автор кој припаѓа на Врвот на Светската цивилизација и кога Вие ќе ја изговорите парадигмата Weltschmerz и  македонскиот бол станува дел од светскиот бол .Кога Вие ќе изговорите светска филозофија и Македонија ја добива со Вас потпорната Архимедова точка. Кога ќе речете Светска историја го одредувате местото на Македонија и нашите очи се свртени кон Вашата реторика, бидејќи Вие сте оратор што не се повторува еднаш на 1000 години. Како што пишуваше охридскиот раскажувачки гениј Живко Чинго Македонија е мала земја, во крпче да ја врзиш и тоа крпче се огледува во мислата на Сервантес: El Mundo es un Pañuelo или целиот свет е мал како едно марамче  и од тој мал свет, крпче, марамче, шамивче, handkerchief, mouchoir ..Вечерва во име на Интернационалното жири на Охридската академија на хуманизмот Ве прогласуваме за прв добитник на Светската награда на хуманизмот од Макадонија И тоа е доволно за следните 1000 години. Ве прогласуваме од простата причина што Кога ќе речете Светска естетика ќе излезат сите Ваши книги и списи за јужнословенската естетика, за балканската естетика, за европската естетика, Бидејќи само Вам Ви личи да ја објасните сличноста меѓу двата збора Бескрај и Македонија Затоашто и Бескрајот и Македонија се слични оти Граничат сами со себе. – истакна Плевнеш.Беседа за Старделов одржа и претседателот  на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор на Ројал колеџот од Лондон.–Мислам дека овогодишниот лауреат, за 2020 година, академик Георги Старделов, со целокупното негово дело, во доменот на литературата, естетиката и филозофијата, е вистинската интернационална референца и нов столб на хуманизмот кој ќе продолжи да ја води ваквата борба, токму затоа што тој, покрај своите таленти и знаење, ја има и ПРИВИЛЕГИЈАТА да биде македонец! Да се биде македонец значи да не се припаѓа на ниедна од големи националистички ложи на Европа на неприкосновената моќ, и во таа смисла можеме да можеме слободно да им судиме на идеите што сакаат по секоја цена да ни ги наметнат во нашата современост. Му посакувам храброст и сила неопходна за оваа задача и сигурен сум дека Светската награда на хуманизмот ќе му ја даде најсоодветната платформа за да се слушне надалеку неговиот глас. Ова би го кажал за вас господине Старделов, ако бев присутен! За жал, на 18 јануари, морам да одам во Големото Војводство од Луксембург да учествувам на Советот за образование и затоа нема да можам да учествувам (на мое големо жалење) во пренесувањето на факелот на хуманизмот- истакна Конрад чие обраќање пред присутните го прочита Лилјана Плевнеш.На свеченоста со   посебно признание  му беше  одадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“, коешто  годинава  ќе биде свечено поставено  на плоштадот „Долна Порта“.По повод овенчувањето на Старделов со Светската награда за хуманизам ,организаторот – Охридската академија на хуманизмот објави и печатена публикација. Настанот е поддржан од Општина Охрид. фото: Општина Охрид 

Македонија | пред 6 години

graso-1

(ФОТО) Охрид жив како никогаш порано – Грашо пееше на преполн плоштад

Позитивна атмосфера, насмеани лица, преполн плоштад, преполно лизгалиште на мраз и исполнети сместувачки капацитети ја отсликуваат атмосферата во Охрид вечерва, наспроти утрешниот верски празник Богојавление Водици.На плоштадот во Охрид вечерва настапи Петар Грашо, а плоштадот не се памети кога последен пат бил исполнет во толкав број во зима. Позитивна енергија и расположение какво одамна немало, публиката пееше со Грашо, а градот едноставно пулсираше во позитивен дух.Социјалните мрежи се преполни со фотографии од охриѓани но и од посетителите кои уживаа во оваа магична ноќ, каква градот одамна немал.

Македонија | пред 6 години

opasen-otpad

360 степени: (Бугарски медиуми) Фирма на Македоци нерегуларно увезувала отпад во Бугарија

Во Бугарија отворена е истрага за увоз на сомнителен отпад од Италија од страна на компанијата „Блацион“ ООД, во чија сопственичка структура се двајца македонски државјани Блаже Игнатов и Горан Ангелов. Станува збор за нерегуларен увоз на 25 контејнери со отпад на пристаништето во Бургас, објави 360stepeni.mk.Оваа вест денеска осамна во бугарските медиуми, а двајцата Македонци, пак, демантираат дека станува збор за сомнителен отпад. Еден од нив, Горан Ангелов е директор и на депонијата „Дрисла“ во Скопје.Според бугарските медиуми, отпадот е транспортиран со брод на 5 септември минатата година и му е определен режим на времено складирање во рок од 90 денови. Бугарското обвинителство соопшти дека содржината на отпадот се разликува од она што е декларирано на царинскиот документ.Испраќач на отпадот е италијанската компании „Дентиче Пантелоне“, што е основана во 1984 година и е специјализирана за рециклирање и повторна употреба на отпад, депонирање на тврд индустриски отпад и преработка на пластмаса.Според сториите во бугарските медиумите, откако од фирмата која го увезувала отпадот не реагирале на предупредувањето на Царинската управа во дадениот рок, обвинителството започнало истрага.Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 6 години

hronika

(ВИДЕО) Добил казна затоа што не носел кацига, па моторот фрлил во Морава

|Жител од Лесковац, откако добил казна затоа што не носел кацига, моторот фрлил во Морава. Оваа снимка стана хит на интернет .. . Погледнете ... фото: Crna-hronika.info 

Магазин | пред 6 години

silegov

Шилегов: Тргнати се основите за панорамското тркало, мостот не е во барок

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на „Фејсбук“ информира дека се отстранети фундаментите за панорамско тркало од водите на Вардар во центарот на градот. – Тргнати фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок.https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3131500227074554

Скопје | пред 6 години

emil-jakimovski-1

Осум дена притвор за поранешниот вработен во Централен регистар Јакимовски

Одлучувајќи по предлогот на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево определи мерка притвор во траење од осум дена за лице осомничено за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), како и за кривичните дела Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем) и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5.Надлежниот јавен обвинител побара притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото или да го изврши кривичното дело со кое се заканувал.Имено, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе итна постапка против осомничениот за кого беа поднесени две кривични пријави од МВР – Сектор за внатрешни работи Скопје.Врз основа на првата пријава произлезе основано сомнение дека осомничениот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, во периодот од декември 2019 година до 16 јануари 2020 година и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице. Притоа, тој не го почитувал Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое била издадена наредба – Привремена мерка за заштита на правата на оштетената од семејно насилство, односно и покрај судската забрана постојано психички ја вознемирувал и и се заканувал.Од втората кривична пријава произлезе основано сомнение дека осомничениот, во временскиот период од ноември 2019 година до 13 јануари 2020 година, по пат на информатички систем им се заканувал на две оштетени дека ќе изврши кривично дело –Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку СМС пораки и мобилни апликации, па оштетените се почувствувале дека им е загрозена личната и сигурноста на нивните семејства.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања