Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

МЗШВ: Апелираме Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се нарушува имиџот на Министерството

По реакциите во јавноста за упадот на дополнителниот – заменик министер од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во Подрачната Единица Берово и снимањето на вработените со што беше нарушена нивната приватност и лични податоци, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се оградува од постапките на истиот.Овие постапки не се пракса на функционирањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, туку се личен акт на Трипуновски со кој не се согласуваме и остро го осудуваме.Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство е институција која во изминатиот период работеше на професионализација на својата администрација и хармонизација на односите помеѓу вработените, се со цел создавање на поволна клима за професионален однос, меѓусебна соработка на сите вработени а со тоа и давање на квалитетни услуги за земјоделците и целиот агро – сектор.Апелираме дополнителниот заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се врши директно нарушување на имиџот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.ИЗВОР: МЗШВ

Македонија | пред 6 години

intervju-spasovski

(ВИДЕО) Спасовски за МИА: Оваа Влада да продолжи го развојот на постигнатите придобивки и граѓаните да донесат одлука на фер избор

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, даде видео интервју за МИА, во кое што одговори на повеќе актуелни прашања.Во однос на тоа колку формирањето на техничката Влада придонесува во процесот на демократизација на општеството, премиерот Спаспвски рече:„Секоја шанса да се направи нешто заедно е вредна. Техничката Владата во 2016 година беше со цел граѓаните да донесат вистинска одлука на изборите, во моменти кога имавме режим од 11 години. Како демократизација на општеството, како држава којашто слободно функционира, формирањето и на оваа техничка Влада е вредна како концепт. Сите заедно треба да допринесеме во два правци: да продолжат сите стратешки приоритети на државата, да се обезбеди непречено нашето членство во НАТО Алијансата, да направиме сѐ да ги започнеме преговорите со ЕУ, да обезбедиме функционални институции, граѓаните да продолжат да ги добиваат сите услуги навремено, да продолжат сите проекти што ги започнавме и да имаме фер и демократски избори. Тоа се врвните приоритети на оваа Влада“, рече премиерот Спасовски.Во однос на некои изразени стравувања од паралелизам во институциите премиерот Спасовски одговори:„Оваа Влада функционира нормално, сите институции функционираат нормално. Затоа порачав до политичките субјекти, едно е да сакате да собирате политички поени, но тоа да не се прави на сметка на граѓаните и на државата, на остварувањето на нашите национални интереси. Борбата треба да е со концепти. Оваа Влада не е формирана некој да има повеќе или помалку политички легитимитет и кредибилитет, туку сите заедно да се вградиме во институциите и да гарантираме дека низ една фер и демократска атмосфера, на граѓаните ќе им дадеме можност да одлучуваат по кој пат ќе се движи државата во следниот период и тоа е основна обврска на сите нас“.Во интервјуто, премиерот Спасовски го нагласува продолжувањето на дијалогот како клучна обврска на институциите и политичките субјекти.„Дијалогот како највисока демократска вредност мора да опстои и во овој период и каде ќе се покаже најмногу ако не таму каде треба да се покаже, во институциите на системот. И во сите министерства, дијалогот мора да биде на ниво. Дијалогот како демократска вредност мора да функционира без разлика дали станува збор за легитимна политичка Влада, бидејќи оваа Влада е составена од повеќе политички субјекти. Општеството не смее да се враќа и да ги губи демократските вредности што беа изгубени до 2017 година. Да направиме чекор напред кон јакнење на институциите, чекор напред кон перцепцијата што ја имаат граѓаните кон институциите, што е многу важно. Затоа компарацијата на таа Влада во 2016 година и сега е невозможна, бидејќи имаме две различни состојби на државата: еден момент до 2016 година, хибриден режим, заробена држава, кога не функционираа институциите што се констатации на ЕК и денес - држава на прагот да стане членка на Алијансата, ќе ги отвори преговорите со ЕУ, слободна држава којашто има транспарентни институции, одговорни политичари, каде што се спроведуваат реформите, владее правото и ние мораме како генерација или како членови на оваа Влада да бидеме свесни за тежината и одговорноста пред нас, а тоа е сите овие придобивки од овие две и пол години да продолжат и понатаму“, рече премиерот Спасовски.Во однос на состојбите во МВР, премиерот Спасовски, рече дека „денес имаме МВР кое што започна дел од реформските процеси и ги заврши успешно“.„Системот на следење на комуникациите е целосно завршен  со формирањето на Оперативно техничката агенција и елиминиравме на тој начин до најмала мера злоупотреба на човековите права како прислушувањето, за разлика кога имавме политичка криза поради прислушување. Ја реформиравме Управата за безбедност и контраразузнавање, се формираше новата Агенција за национална безбедност, финансиски го стабилизиравме МВР. 2019 година е година кога прв пат не пренесува долгови во 2020 година. За прв пат ќе се исплатат бонус плати на полициски службеници кои работеле повеќе од 150 часа прекувремено, имавме неколкукратно зголемување на платите на вработените, јакнење на системот на професионализација.Влечев, како министер, конкретни потези за ослободување на институциите од криминогени структури и прв започнав да говорам дека мора да имаме ветинг во институциите и направив конкретен чекор за постапката за ветинг.Нема потреба од муабети, констатации, за политички поени, некакви фасцинирања - има институции што функционираат, врз постапки тоа ќе треба да се докаже, што ќе значи и ослободување од криминогени структури“, одговори премиерот Спасовски.Претседателот на Владата, Спасовски, во однос на евроинтеграциите рече дека тоа е стратешки приоритет на нашата држава.„Оваа Влада е насочена кон продолжување на реформските процеси и приоритети, јакнење на политичкиот дијалог, надградување на меѓуетничките односи внатре во државата, кон економски раст и кон одржување на државава како столб на стабилноста во регионот. Ги затворивме сите прашања со соседите и сме единствена држава којашто гради пријателски и партнерски  односи со соседите. Сето тоа се добри предуслови и аргументи и очекувам Европскиот совет да ја исправи својата неправедна одлука во однос на датумот на почеток на преговорите. Ние и натаму ќе продолжиме да даваме позитивни аргументи дека цврсто стоиме на патот и дека нашиот стратешки приоритет за членство во ЕУ нема алтернатива. Очекувам дека овие аргументации ќе ги земат предвид при носењето на одлуката. Час поскоро донесување одлука за отпочнување преговори за РСМ е јасна порака и огромна поддршка за граѓаните, но и јасна порака за целиот регион“, оцени премиерот Спасовски.За очекувањата за изборите и по нив, премиерот Спасовски рече:„Република Северна Македонија има сериозен демократски капацитет во институциите за да овозможи во мирна демократска и фер атмосфера, граѓаните да ги донесат одлуките. Очекувам дека граѓаните ќе донесат вистинска правилна одлука и дека РСМ ќе остане на правиот пат.  Уверен сум во победа на концептот што значи напредок на државата, продолжување на сите процеси на интеграција во ЕУ, продолжување на проектите, градбата, силен економски раст, што ми влеваат сигурност за одлуката на граѓаните. Што се однесува на моите лични очекувања, никогаш нема да ставам личен интерес пред интересот на граѓаните. За мене е најважно да победат граѓаните со вистинска одлука и Република Северна Македонија да ја гледам како  напредува, рече премиерот Оливер Спасовски, во интервјуто за МИА, во кое што зборува и за други актуелни прашања“.

Македонија | пред 6 години

133474234-105843-207971

Изменет сообраќаен режим за Водици

На 19.01.2020 поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Аеродром и населбата Хром.Во периодот од 10.00 часот, па до завршување на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и од Кеј „13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.Во општината Ѓорче Петров од 10.00 часот црковната литија ќе се движи почнувајќи од црквата „Свети Петар и Павле“, десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по улицата „Ѓорче Петров“, лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и лево по улицата „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.Во општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

nina-angelovska

Ангеловска: Платите и пензиите ќе бидат исплатени на време

Министерката за финансии, Нина Ангеловска денеска во медија центарот на Владата одржа прес-конференција. Во продолжение, го пренесуваме интегралниот текст од обраќањето на министерката Ангеловска:Финансиите се крвотокот на општеството и како министер за финансии во техничката Влада составена да организира слободни, фер и демократски избори, како и согласно начелата за транспарентност и отчетност според кои работиме, би сакала да ги информирам граѓаните за тековното работење на Министерството за финансии.Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за вкупни приходи од 97%, на ДДВ од 100%, додека на придонесите од 101,2%. Очекуваме и ќе настојуваме и годинава да имаме добра реализација на приходната страна.Работиме и на подобрување на наплатата на приходната страна - едниот начин е преку борбата против сивата економија. Тука можам да кажам дека во Министерството за финансии во напредна фаза е изработката на акцискиот план, кој преку низа мерки, кои се однесуваат на фискализацијата и спречувањето на даночната евазија, ќе ја адресира сивата економија. Втор начин е имплементација на технологијата во процесите, која ќе донесе поголема ефикасност и ефективност.Расходната страна на буџетот, исто така, се сервисира редовно и согласно законските рокови:Декемвриските пензии се исплатени навремено, а веќе од следниот месец пензионерите ќе добијат повисока пензија за 700 денари со исплатата на јануарската пензија. Во буџетот се обезбедени средства за покачувањето и обврската ќе се сервисира уредно и навремено. Ќе посочам дека со редовното усогласување на пензиите, пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година, пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година, просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари.Следниот месец ќе се исплатат и повисоки плати за 10% на околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции. Вкупното покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува 20,6%, имајќи ги предвид претходните две покачувања.Во март, пак, ќе се исплатат повисоки плати во здравството и тоа: платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%. Кумулативно, со претходните зголемувања, основната плата на лекарот специјалист ќе биде повисока за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%.Благодарение на мерката за субвенционирање на придонеси на фирмите кои ќе ја покачат платата на вработени до 6.000 денари, 8.200 фирми во ноември им ја покачиле платата на 47.200 вработени, додека во декември 22.600 фирми ја искористиле мерката за да им ја покачат платата на 114.000 вработени. За покачување на платите на овие лица се субвенционираат со 256,5 милиони денари (4,2 милиони евра) придонесите од страна на државата (исплатени 238,8 милиони денари или 3,88 милиони евра). На овој начин, освен што се излегува во пресрет на вработените, кои добиваат повисока плата, им се излегува во пресрет и на работодавците за да задржат квалитетни кадри, а воедно и се полни пензискиот фонд.Во првите 16 дена од јануари е извршен поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 926 милиони денари или 15 милиони евра. Со ова продолжува добрата динамика од минатата година во која на фирмите по основ на ДДВ им беше извршен поврат од 401,9 милиони евра. Ова е за 7,46% повеќе во однос на 2018 година, 28,18% повеќе во однос на 2017 година, 44,19% повеќе во однос на 2016 година и 42,46% повеќе во однос на 2015 година. Ова е од исклучително значење за фирмите, бидејќи на овој начин се одржува ликвидноста, потребна за тековно работење, но и планирање на инвестициската дејност.Следниот месец ќе се изврши и повратот на ДДВ кон граѓаните од мерката МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември во 2019 или околу 3,8 милиони евра. Инаку во првите две тримесечја мерката има одлични резултати - 213 илјади корисници, 52,5 милиони скенирани сметки со промет од 26 милијарди денари, од кои е наплатен ДДВ од 2,8 милијарди денари. Преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега се доделени 1,8 милиони денари награди и тоа 340.000 денари дневни награди и 1,5 милиони денари за месечните награди од по 100.000 денари.Финансирањето на старите долгови исто така ќе се одвива непречено. На 29-ти јануари ќе ја исплатиме втората рата од ПБГ заемот од 2013 година од 155 милиони евра кои доспеваат во јануари. Кон крајот на годината доспева и еврообврзницата од 2015 во износ од 2015 во износ од 180 милиони евра. Овие заеми ги рефинансираме по неколкукратно пониска каматна стапка, благодарение на довербата на инвеститорите и водењето на прудентната политика на јавен долг. Аукциите на државни хартии од вредност се еден од начините за евтино рефинансирање на долгот, и тие се одвиваат согласно однапред утврдениот календар, два пати месечно (што е двојно помалку во однос на порано).Во однос на други активности кои се во тек во Министерството за финансии, до крајот на месецот треба да биде готова платформата Јавен долг, со која во насока на фискалната транспарентност - и граѓаните ќе имаат јасен преглед за долгот, како и рефинсирањето, односно раздолжувањето. Исто така се подготвува платформа за сива економија со која ќе се работи на зголемување на свеста на граѓаните и зајакнување на борбата против сивата економија.Почитувани граѓани,Министерството за финансии е во служба на граѓаните. Граѓаните во секој момент ги заслужуваат најдобрите услуги од државата и максимална отчетност и транспарентност. Граѓаните не треба да се двоумат дали ќе се исплатат платите и пензиите - бидејќи како и секогаш тие ќе се исплатат навреме. Истото важи и за обврските кон компаниите. Програмите и проектите кои ќе ја зајакнат економијата и ќе обезбедат подобри услови за живот продолжуваат.Граѓаните и одржувањето на здравите фундаменти на економијата отсекогаш биле наш приоритет и остануваат приоритет.На крајот, ќе порачам нешто од лично искуство. Како човек кој доаѓа од приватниот сектор, научив дека секој момент треба да се користи за создавање на нови вредности, да се стремиме кон нешто подобро, бидејќи само така можете да растеме и да станете подобри. Секој од нас може да придонесе кон создавање на таа додадена вредност и подобри услови за живот кон граѓаните. Сите ние, како Влада, министри, технички министри, заменици министри, технички заменици министри, треба да се водиме според ова начело, и не сакам клишеа, но ќе кажам дека граѓаните се пред се - пред дневно политички поентирања, пред медиумско внимание, пред сопствените интереси.Оттука ги повикувам сите политички фактори во земјата, особено опозицијата која веќе има свој ангажман во рамки на Министерството за финансии преку дополнителната заменичка министерка, да се однесуваат одговорно пред се пред граѓаните и пред јавните пари. Кон нив и кон граѓаните имаме обврска сите и затоа повикувам на одговорна и посветена работа за интересите на државата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ограбена аптека на „Туристичка“ во Охрид

На 17.01.2020 година во 20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во аптека на булеварот .„Туристичка“ во Охрид, едно лице упатило закана кон вработената по што и одзел пари од касата. На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

reka

(ФОТО) Река Серава денес е црвена ...

На социјалната мрежа Фејсбук  на групата „Не биди Ѓубре“ објавени се фотографии од тоа како изгледа река Серава денес. На фотографиите се гледа како реката е во црвена боја.  Во коментарите пак пишува дека нема кај да се пријави, затоа што според коментарите ништо не функционира во државата. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157982231581730&set=pcb.459899998012018&type=3&theater&ifg=1

Македонија | пред 6 години

MEDENA

(ФОТО) Џејми Ли Кертис воодушевена од „Медена земја“

По коментарите на светската актерка Сара Џесика Паркер, за документарецот „Медена земја“ се огласи и нејзината колешка Џејми Ли Кертис. Таа ги пренесе импресиите на „Твитер“ за македонскиот кандидат за Оскар.https://twitter.com/jamieleecurtis/status/1218384707064217601?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1218384707064217601&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.brif.mk%2Fholivudskata-akterka-dhejmi-li-kertis-za-medena-zemja-voodushevena-sum%2F

Македонија | пред 6 години

Manchevski-na-filmskiot-set-na-Vrba

„Врба“ од режисерот Манчевски руши рекорди - надминал 30.000 гледачи во земјава

Продукцијата „Банана филм“ соопшти дека „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски го надминал бројот од 30.000 гледачи. – Тоа е рекорд и ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери.Во минатото, во времето пред интернет-стриминг генералната посетеност на сите кинопретстави беше на друго ниво. На пример, филмот „Прашина“ на Манчевски постави рекорд со 120.000 гледачи во 2001.„Врба“ од неодамна се прикажува во Кинотека. Неодамна, пред преполна сала режисерот Манчевски се вклучи во разговор со публиката кој го модерираше филмската критичарка Марина Костова. Разговорот траше повеќе од еден час и во него беа дискутирани аспекти од „Врба“, но и од твоештвото на Манчевски воопшто.Поради популарноста на филмот од Синеплекс и Кинотека објавија дека „Врба“ се враќа на нивниот репертоар. „Врба“ ќе игра во два термина дневно (18 и 20 часот) и тоа во: вторник 21 јануари, среда 22, петок 24, сабота 25, вторник 28, среда 29, четврток 30 јануари (само во 17 часот) и сабота 1 февруари. Филмот ќе продолжи да се прикажува и низ Македонија.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

slonce-2

(ФОТО) Слонче плачело 5 часа откако било отфрлено од својата мајка

Врската помеѓу мајката и своето чедо е една од најмоќните сили на светот. Тоа е нешто најчисто, нежно, силно, храбро, истрајно и посветено. Но, понекогаш новороденчињата остануваат сами. Токму тоа се случило и со ова слонче. Неговата мајка го отфрлила по раѓањето, го прегазила, но за среќа преживеал, објави Среќа.мк.Сепак, персоналот во природниот резерват „Шиндијашан“ за диви животни во Кина кои му ги излекувале раните верувале дека станува збор за несреќен случај и откако ги санирале повредите, повторно го вратиле кај мајката. Но, за жал таа го нападнала повторно и поради тоа го одвоиле од неговата мајка засекогаш. Кутриот слон плачел цели 5 часа поради тоа и покрај сите напори на персоналот да го развеселат.По некое време, и ова слонче се привикнало и сега живее среќен живот. Тој денес е посвоен од чуварот кој го спасил во резерватот за диви животни во Шендијаошан.Текстот во целост на: Среќа.мкфото: Среќа.мк

Магазин | пред 6 години

apasiev

Левица ќе коалицира со оние кои ќе го помиштат Преспанскиот договор

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во вечерашното гостување на телевизија Алфа рече дека за да коалицираат на маса веднаш ќе го стави поништувањето на Преспансиот договор .-Ако фалат на некој нашите пратеници за формирање Влада, Левица на маса веднаш ќе го стави поништувањето на Преспансиот договор. Тоа е нашата црвена линија за коалиција и по цена да не се формира Влада, а и да сме вечно во опозиција, вели Апасиев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

roditeli-dete

(ВИДЕО) 8-месечно бебе заедно со своите родители се сместени во пуктот за бездомници на Црвениот крст во Битола

8-месечно бебе заедно со своите 19-годишни мајка и татко се сместени во пуктот за бездомници на Црвениот крст во Битола. Останале без покрив на главата пред скоро 4 месеци. Наместо да мрзнат со бебе на студеното време и густата магла, тие се среќни што седат во топло, објави Сител.мк.И 48-годишниот Тони како и минатата, така и оваа зима е згрижен во пунктот затоа што нема каде да живее. Вели, немале никакви проблеми со другите лица, сите се согласувале. Според него, најважно е да се одржува хигиената.Во моментот тука се сместени 6 лица.Текстот во целост на Сител.мк

Македонија | пред 6 години

prokredit

По 11 години уапсен еден од осомничените за грабежот на Прокредит банка

Лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на Прокредит банка по кого била распишана потерница, вчера бил уапсен во тетово во Палма Мол, во ресторанот Емпириум, по што бил спроведен во ПС Тетово од каде бил спроведен во ПС Кисела Вода по што бил спроведен во КПУ Идризово.Тој е осуден на 8 гoдишна казна затвор за вооружен грабеж кој се случи во Скопје во 2009та година. Фатен од тигрите во Тетово, по претходна дојава.Рустеми Идриз, (И.Р) е еден од ограбувачите на Прокредит банка кој се случи во април 2009 година. Тогаш од експозитурата на Прокредит Банка беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со Калашникови ранети беа тројца полицајци.фото: Курир.мк

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Отстранети 213 непрописно паркирани возила од Јавните површина

Во текот на изминатата недела (10.01 - 16.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 213 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 177 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  369 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

tepa-zena

Приведен тетовец, ја загрозил сигурноста на сопругата со која се разведувал

На 17.01.2020 во 18.20 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.П.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ врз својата сопруга со која бил во бракоразводна  постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

134301833

Кумановец заработи кривична, превезувал дрва за огрев без лиценца

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.О.(48) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 01.10.2019 на локален пат Куманово - с.Лопате, пријавениот со товарно возило „мерцедес“ во негова сопственост, вршел јавен превоз на огревни дрва без лиценца.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

fiskalni333

Сојуз на стопански комори: Фискалните сметки се канцерогени, итно да се забранат

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или БПА присутна во термичката хартија на која се печатат фискалните сметки и броевите за ред на шалтерите.Согласно измени во легислативата оваа забрана ќе започне да се применува, почнувајќи од јули годинава и во соседна Србија, поради утврдената штетност дека истата е канцерогена и предизвикува бројни заболувања. Оваа штетна хемикалија е утврдена како предизвикувач на сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетис, неплодност, рак на дојка и простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставува и голем ризик за здравјето на децата.Бисфенолот А е една од најкомерцијално достапните хемикалии што се користат во производството на термичка хартија како развивач на бои. Согласно истражувањата, концентрацијата на бисфенол А во фискалните сметки е до 40 пати поголема од дозволената и се движела од 0,62 до 0,91 отсто, а според стандардите дозволено е само 0,02 отсто.Претседателот на Комората на сметководители Македонија, Драган Митковски апелира надлежните институции, итно да ја стават на дневен ред забраната за употреба на Бисфенол А во термичката хартија.„Препораката на Комората на сметководители е во најкраток рок по примерот на ЕУ да се забрани употребата на штетната хемиска материја Бисфенол А и да се даде рок за државните институции, приватниот сектор, трговските ланци, да може да ги заменат артиклите кои содржат штетни материи со нови кои не ги содржат истите. Како пример, во ЕУ дозволен е таканаречениот преоден рок од шест месеци, производителите и дистрибутерите да се прилагодат или да започнат да користат термичка хартија на пазарот која не ја содржи оваа хемикалија“ истакна Митковски.Препораките на здравствените организации се веднаш по контакт со фискални сметки да се мијат рацете, да не се ставаат сметките во кесите со храна, да не се дозволува децата да доаѓаат во контакт со фискални сметки, а доколку на работно место редовно сте во контакт со фискални сметки да се носат ракавици.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vodici-1

(ФОТО) Фрлање на светиот крст во 1944 год во Струга низ фотографии

Празниците и традицијата треба да се негуваат. На ден пред Богојавление на социјалните мрежи објавени се фотографии од Струга за Водици 1944 година, поточно Фрлањетро на крстот од Чаршискиот мост . Фотографиите се од  „Фотомонографијата Струга град, вода луѓе“.  Станува збор за монографијата од Димче Дурац. Еве како било во Струга во 1944 на ден Водици низ фотографии.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10211876170612871&set=pcb.10157139003684286&type=3&theater&ifg=1фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Трипуновски во ненанјавена посета на П.Е Берово, еве што затекна...

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски  во ненајавена посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово.  Трипуновски се погрижи посетата да биде и снимена.  Тој одкако влезе во една канцеларија го побара и раководителот. Тој го праша што значи снимањето, а Трипуновски му одговори дека тој е заменик-министер и тој го нарачал снимањето.„Се работи? Плачат земјоделциве нешто. Велат односов на подрачнава, нешто од високо…“, почнува да објаснува Трипуновски, на што вработениот реагира „А снимањето, вака што упаѓате?“, на што замник-министерот одговара „Снимањето јас го нарачав, тој ми е човек со мој. Ова се службени простории, јас сум дополнителен заменик-министер“https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/179506756774099/?__so__=watchlist&__rv__=video_home_www_playlist_video_list

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Во грабежот од НЛБ Банка одземени се 8.700 евра

По вооружениот грабеж што утринава се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров, уште еднаш потврдуваме дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.Во текот на истрагата е утврдено дека со грабежот се одземени 8.700 евра.НЛБ Банка континуирано работи на подобрувањето и зголемувањето на безбедносните и сигурносни стандарди во работењето, со цел заштита на своите клиенти и вработени. Како резултат на веќе имплементираниот сет на безбедносни мерки, во овој настан сторителите биле спречени да направат поголема материјална штета.Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник 20.01.2020 година.НЛБ Банка и понатаму соработува со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување, се вели во соопштението од НЛБ Банка АД Скопје.

Скопје | пред 6 години

emil-jakimovski-1

Приведен Емил Јакимовски, лицето кое се закануваше на новинари

Приведен е Емил Јакимовски, екс-вработениот во Централен регистар кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.Според информациите, тој бил приведен поради пријава против него за семејно насилство и полицијата соработува со Основно јавно обвинителство – Скопје.Јакимовски доби отказ откако новинарките алармираа за навредите и заканите. Отказот е поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор.„Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот“ објави директорката на Централниот регистар.фото: Алфа.мк

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: По победата на изборите, не само што ќе има лустрација, туку ќе ја прошириме и со шпионите на странски служби

Ја информираме јавноста дека новата легална власт на Единствена Македонија по победата на изборите веднаш ќе донесе нов закон за лустрација со кој ќе се овозможи брза, ефиксна и правична лустрација со цел прочистување на општеството од соработниците на Службата за државна безбедност кои кодошеле од идејно политички причини, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Ова од причина што, мора да престане практиката во Република Македонија функционери - кодоши и функционерски деца на кодоши и понатаму да ја водат државата. Универзитетски професори - кодоши и натаму да ја едуцираат македонската младина. Академици и писатели - кодоши и натаму да ни сервираат фалсификувана историја. Новинари - кодоши и натаму да го креираат јавното мислење. Олигарси - кодоши што извршија економска диверзија врз сопствениот народ и натаму да го крадат народот.Истовремено,  лустрацијата ќе биде проширена и со шпионите на странски служби и држави кои работат против интересите на Република Македонија со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија. 

Македонија | пред 6 години

sanacija

Градоначалникот Георгиески направи увид на активностите за санацијата на колекторскиот систем

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми и директорот на Јавното петпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски денеска изврши увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.Активностите за санација на терен ги изведува фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватската компанија  „Инд Еко“ од Ријека. Во текот на изминатиот период, во рамки на правата фаза од санација на Колекторскиот систем, извршена е ревитализација на пумпната станица во близина на хотелот „Гранит“ и на овој потег извршено е комплетно чистење на цевководот во должина од 750 метри. Во моментот се изведуваат работни активности за санација на пумпната станица „Орце Николов“ и чистење на цеководот од потегот на вила „Билјана“ кај месноста Горица до потегот кон каналот „Студенчишта“.За санацијата на Колекторскиот систем се користи најсовремена технологија за чистење на цевководот, без ископ на постојната мрежа. Предноста на оваа технологија е тоа што работните активности се изведуваат без оштетување на надземната и подземната инфраструктура.Во рамки на проектот е предвидено да биде саниран најкритичниот дел од системот, кој е потполно нефункционален, a ќе биде извршено и чистење на секундарната канализациона мрежа во градовите Охрид и Струга.

Македонија | пред 6 години

17012020_KomitetUNESCO_Ohrid-3

Формиран мешовитиот комитет за управување со регионот на Охридското Езеро

Согласно со Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, денеска во Охрид беше формиран Мешовитиот комитет за управување со регионот на Охридското Езеро. На конститутивната седница на Комитетот,  во кој членуваат претставници на централните и локалните власти на двете земји и претставници на невладиниот сектор, за председател со едногодишен мандат беше избран Константин Георгиески, градоначалник на Охрид, а за секретар Илир Џаколи, градоначалник на Поградец од соседна Албанија. Следниот состанок на Комитетот, како што беше договорено ќе се одржи во месец јуни во Поградец.-Формирањето на Меѓудржавниот комитет со Албанија е еден значаен чин во исполнување на препораките на УНЕСКО. Со заштитата на албанскиот дел од Охридското Езеро, нормално е и пожелно е заеднички да пристапиме кон исполнување на препораките на заштита на езерото и исполнување на сите наши заеднички обврски и цели во однос на заштитата на регионот на езерото. Овој е прв конститутивен состанок на овој комитет и се надевам дека во иднина ќе имаме плодна работа и заеднички ќе одговориме на сите предизвици, рече градоначалникот Константин Георгиески .Мешовитиот комитет, според деловникот за работа што беше усвоен на конститутивната седница, ќе изготвува препораки за  интегрирана заштита на Охридското Езеро и неговиот слив, за комплетирање на законската регулатива, имплементирање на ефикасни системи за набљудување и поголемо учество на јавноста и невладиниот сектор. Препораките, со утврдени рокови за имплементација ќе бидат доставувани до владите на двете земји.-Менаџирање и управување со Охридскиот регион е една од најважните обврски од состанокот во Баку бидејќи сега делот од Охридското Езеро од албанска страна е под заштитата на УНЕСКО. Една од обврските и препораките на УНСЕКО беше формирање на овој Меѓудржавен комитет. Целите на комитетот ќе бидат да го менаџираат процесот на сите активности поврзани со Охридскиот регион. Одлуките ќе се носат со консензус- рече Едмонд Адеми, министер без ресор во Владата на Репулика Северна Македонија и председател на македонската комисија за соработка со УНЕСКО.На конститутивната седница на Мешовитиот комитет, беа договорени приоритетни области за заеднички менаџмент во 2020 година и беа разгледани можностите за проекти од меѓусебната гранична соработка помеѓу двете држави и центарот на УНЕСКО.020 год.

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Истрага за обид за убиство во селото Арнакија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка за едно лице осомничено дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.На 30 август 2019 година, осомничениот пред кафе бар на влезот во селото Арнакија со умисла се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, осомничениот заедно со уште едно лице застанале со автомобил Фолксваген голф на автобуската станица во селото и започнале вербална расправија со трето лице – сведок. Двајцата излегле од возилото држејќи огнено оружје – пиштоли во рацете, по што сведокот започнал да бега. Оштетениот го видел настанот и се обидел да ја смири ситуацијата, повикувајќи ги да застанат. На ова, осомничениот испукал кон оштетениот 3-4 проектили од пиштолот со калибар 6,35мм и му нанел три огнострелни повреди. Оштетениот започнал да бега, а осомничениот се впуштил кон  него и испукал уште неколку проектили, но не успеал да го погоди. Откако на местото веднаш се собрале и поголем број други луѓе, двајцата вооружени побегнале. По настанот, сега осомничениот повеќе од четири месеци бил недостапен за органите на прогонот.Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, како и да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

marihuana

Скопјанец осомничен дека неовластено држел марихуана во куќата на неговиот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 123 грама која ја чувал во куќата на неговиот дедо. Дрогата ја препакувал во 23  помали полиетиленски паковки со намера неовластено да ја продава. При претресот кај него била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања