Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Нема фотографија

Скопјанец по кого бил распишана потерница пронајден во угостителски објект на влезот од Тетово

На 16.01.2020 околу 19.20 часот, во угостителски објект на влезот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со други служби на МВР, го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“. Набрзо по лишувањето И.Р. предаден е во КПУ „Идризово“ во Скопје.фото: Аехива

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Димитров за МИА: Ставени сме на тест дали ќе се издигнеме вон изборниот контекст

По овие избори би требало да се направи обид за еден политички консензус во однос на концептот техничка влада, вели шефот на дипломатијата во интервјуто за МИА, нагласувајќи дека би било тажно доколку земјата остане на овој степен на огромна недоверба и на битката сè или ништо. Од претстојните избори и кампањата очекува лажни вести и оцрнување на противникот, вели политиката е навлезена во сите пори на општеството.– Мислам дека ќе има една таква збрка и со лажни вести и со напади врз личноста, повеќе за кој, помалку за што или за како. Вообичаено колку повеќе политиката е навлезена во општеството, значи колку повеќе на граѓаните им зависи кој им седи во владата во смисла дали може да аплицираат на конкурс за вработување, да завршат друга работа, да учествуваат на тендер за пари на граѓаните, јавни пари итн. Значи, колку повеќе е навлезена политиката, толку посурова е битката меѓу политичките чинители, нагласува тој во интервјуто за МИА.Ќе се ангажира во кампањата, но сè уште не одлучил во која форма, а доколку зависно од исходот од изборите има можност за уште еден мандат на позицијата шеф на дипломатијата не дава конкретен одговор, но додава дека во фокусот му е европската агенда. Ако има можност тоа ќе биде некаде каде што ќе може да направи разлика, но акцентот ќе биде, како што вели, на некоја од покрупните стратегиски битки.Шефот на дипломатијата потенцира дека сега сме ставени на тест дали ќе може ова да го издигнеме вон изборниот контекст и во тој случај во март, како што рече, „можеби би можеле да прогласиме една заедничка победа и на владејачката партија и на опозицијата, на цел народ, на некој начин и на целото општество или ова ќе го направиме предмет на меѓупартиски препукувања“.Во интервјуто со министерот за надворешни работи зборувавме и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, можноста тој да се укине како што најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за релациите со Мицотакис, за новото законско решение за Министерството за надворешни работи, за неговите планови да напише мемоари за Преспа.Долго чекориме на патот кон ЕУ, 15 години сме со кандидатски статус со десет последователни препораки од ЕК. Првата дестинација во регионот на еврокомесарот за проширување на добрососедство Оливер Вархеји беше токму нашата земја. Дали тоа е некаква порака или некој вид дипломатска учтивост за недобиениот датум минатата година?Има доста од тоа, мислам дека главниот мотив токму нас да нè посети е драстичноста на македонската европска приказна, ова што го велите во прашањето. Петнаесет години земја кандидат, првата препорака 2009, имавме две години дали условени препораки, дали изгубени, а најавени 2015 и 2016 кога излегоа работитите сосема на површина на виделина. Земја во регион што е многу богат со проблеми се осмели да ги реши своите големи проблеми со затворањето на отворените прашања со соседите, земја што во 2016 беше окарактеризирана како заробена држава, значи слаби институции, премногу моќ во еден човек или мала група, која со сите грешки, што за жал уште ги правиме, си ги врати и слободата и демократијата и тоа не прави драстична приказна и оттука недонесувањето на одлуката во октомври од многу европски лидери беше наречено стратегиска грешка, историска грешка. Комесарот вели ова може да биде и шанса да го гледаме како шанса да бидеме фокусирани. Тој упати многу пораки, суштински му беа мислам три, вели: Ние остануваме на нашата оценка дека вие ги исполнивте сите услови, меѓу другото и најави 50 милиони евра награда за перформансот за исполнувањето. Спомена дека тој работи за конечен пробив, донесување на одлуката за пристапни преговори, пред Самитот во Загреб, во мај годинава и рече дека реформите мора да продолжат и тука посебно го истакна законот за јавно обвинителство. Не го спомена како услов, меѓутоа спомена дека многу е важно да покажеме дека имаме капацитет дури и во еден ваков предизборен период, да се обединиме сите да се соберме околу европската иднина на татковината. Тоа беа суштинските три пораки.Извор: МИА

Македонија | пред 6 години

kazan

(ФОТО) 1,5 тони рибна чорба за денот на рибарите

Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој утрово беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. За подготовка на чорбата набавени се 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати потребни намирници и зачини.Според планираното, се очекува да бидат подготвени околу 1,5 тони чорба или околу 5000 порции, кои ќе бидат послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Усвоени измени на Законот за извршување

Министерката за правда Рената Дескоска преку Фејсбук информира дека е усвоена измената на Законот за извршување кое е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства.Денес е усвоена измената на Законот за #извршување кое е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства.Со измените✅ целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица Дополнително со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана односно се менуваат✅ ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијатаза лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија✅ примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како оповолен закон за граѓаните.

Македонија | пред 6 години

taravari-1

Таравари за ТВ24: Не верувам дека ќе успеат да го променат договорот од Преспа

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во вечерашната дебата на ТВ24 изјави дека доколку и доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт нема никакви шанси да биде поништен Преспанскиот договор.-Не верувам дека ќе успеат да го променат договорот од Преспа, тоа го говорат само од пропагандистички причини сега пред изборите. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ колку што знам е европски настроено, не може да го сменат Уставот, не можат без бадентерово мнозинство ни една албанска партија која јас ја познавам нема да гласа за тоа. Единствено ако не излезе некоја нова партија, но не верувам, истакна Таравари.Што се однесува до тоа какви се  шансите опозициските партии на Албанците да се обединат? Таравари вели дека за трипартитна коалиција – Алијанса, Беса и Алтернатива заинтересирани се релевантни фактори од Косово и Албанија. Според него целтта на ваквиот интерес е ДУИ да се симне од власта.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Возете внимателно - патиштата во земјава се влажни и има магла

Вечарва во земјава сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 м, Павлешенци 30 – 50 м и Гостивар 50 – 100 м.На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Утре без вода утре дел од бул. „АСНОМ“ во Аеродром

Корисниците од бул. „АСНОМ“ ниска зона од бр. 46 до бр. 50 во општина Аеродром утре од 9.30 часот ќе немаат вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради промена на ППХ од ф-300 мм  на бул. „АСНОМ“ бб и ќе трае до завршување на зафатот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Ја продала невиноста за 1,2 милиони евра, сега откри како ќе ги троши парите

Деветнаесегодишната Екатерина, која неодамна ја продала својата невиност за 1,2 милиони евра преку популарната интернет страница „Синдарела Ескорт“, откри како ќе ги троши парите.На страницата се појавила со името Катја, а потеклото ѝ е од североисточна Украина, иако моментно живее во САД. Дека е невина, потврдил и доктор, а за невиноста побарала најмалку 100.000 евра.Оваа недела е објавено дека нејзината невиност ја купил бизнисмен од Минхен. Другата најголема понуда изнесувала еден милион евра, а дошла од њујоршки адвокат. Пејач од Токио нудел 800.000 евра. Имињата на понудувачите и деталите за нив ќе останат тајна.Парите што ќе ги добие Екатерина планира да ги потроши на патувања, луксуз и живот. Мажот што ја купи нејзината невиност изјавил дека е подготвен да се ожени со неа и финансиски да ја поддржува со 8.500 евра месечно. 

Магазин | пред 6 години

Most

Стружани реагираат дека двата моста се реконструираат аматерски

Група граѓани на Струга во писмен допис до медиумите реагираат на начинот на кој се врши реконструкција на два од трите мостови на реката Црн Дрим во градот. Тие сметаат дека реконструкцијата се спроведува нестручно, со сомнителен проект, на аматерски начин за кој сметаат дека ќе ги видоизмени самите градби спротивно на урбаниот контекст.Според нив, Мостот на поезијата е објект во заштитена урбана целина, со статус на објект на магистрален градски пат од највисок ранг.-Поставен е на устието на реката Дрим и е лендмарк на нашиот град. На истата улица на само 30 метри е искасапен препознатливиот дрворед од елки, со преод кон цел паркинзи за коли и проширување на улицата веројатно за задоволување на потребите на неколку нови угостителски објекти. Промена на профил на улица од ваков ранг, без промена на план и носење на ново сообраќајно решение со широк опфат од стручни тимови е тешка опструкција на државата и за тоа сигурно се одговора пред органите на судот- се наведува во нивниот допис.Истовремено тие бараат од државата и централните инспекциски служби да извршат увид во целокупната документација што е или не е издадена за односните интервенции.-Проектот за негово видоизменување со цел „разубавување” е проектантски блуд, грешка која понатаму може многу да го чини овој град. Од никаде се наметнува сомнителна естетика со предоминатна орнаментика и светла на самата ограда. Самата пропорција на елегантниот мост е нарушена. Димензиите на оградата се зголемени, на самата конструкција од мостот се цртаат фуги од камења, се поставуваат огромни челични столбови кои кријат електрична инсталација, се бетонираат двете страни на мостот. Тоа се дополнителни товари кои ја нарушуваат статиката и ја доведуваат во прашање нејзината определеност. Менувањето на оградата ќе доведе до појачување во долна зона и појавување на некакви потпори од столбови со што самиот мост се видоизменува и непотребно се комплицира неговата конструкција. Асфалтните пешачки тротоари кои беа во одличма форма се раскопани со умисла за поставување плочки. Плочките ја видоизменуваат линијата на мостот. Сега елегантниот бетонски лак станува полигонален- се  вели во писмото. 

Македонија | пред 6 години

moj-ddv

И Албанија по наш пример, ќе ја намалува сивата економија или преку проект „МОЈ ДДВ“

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска оствари средба со директорката на даночната администрација на Република Албанија, Делина Ибрахимај. На средбата биле пренесени искуствата за проектот #MojДДВ.Директорката на албанската Управа Делина Ибрахимај, вели дека во Албанија стапката на сива економија е на ниво од 30% . Токму поради тоа сметаат дека со оваа мерка и кај нив сивата економија драстично да се намали.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nesrea-veles

Почина тешко повредената жена во верижниот судир на автопатот Велес-Скопје

Почина 38 годишката кавадарчанка што се здоби со тешки повреди во верижниот судар, кај „Пуста Кула“ на автопатот Велес – Скопје. Жената почина на КАРИЛ, како последица на повредите на главата.Во несреќата повредени беа и нејзиниот сопруг и внука, сите од Кавадарци кои со полесни повреди завршила во велешката болница, каде што се задржани на понатамошна опсервација.Инаку во несреќата која се случи утрово се судрија седум озила, од кои едно избегало од местото на несреќата.Заради узвршување на увид и отстарнување на возилата, патниот правец Велес-Скопје беше затворен околу пет часа, по што сообраќајот се нормализира.фото: Сител.мк

Македонија | пред 6 години

ezero

(ФОТО) Исчистено и обележано капалиштето кај градското пристаниште

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ и клубот за подводни дејности „Охрид“ денес извршија чистење на Охридското Езеро во потегот кај градското пристаниште по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.Оваа акција има за цел да ја подобри безбедноста на локацијата со отстранување на отпадoците и предметите што се потенцијална опасност за капачите кои ќе го бараат чесниот крст во езерските води.Покрај отстранувањето на отпадот од дното на езерото, во делот од градското пристаниште беше извршено и соодветно обележување на капалиштето.https://www.facebook.com/dcamfora/photos/pcb.3401903106547549/3401886776549182/?type=3&theaterфото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Vodici

(ФОТО) Охрид се „гланца“ во чест на празничниот викенд - Водици 2020

Екипите на општинските јавни претпријатија во координација со Организациониот одбор, денес започнаа да ги реализираат активностите кои се дел од техничката подготовка за одбележување на празникот Богојавление Водици во Охрид.На потегот околу градското пристаниште постевени се тезги на кои ќе се служи топла ракија и вино, а поставени се и соодветни заштитни огради во делот на крајбрежјето.Исто така во пресрет на празничниот викенд кога во Охрид се очекуваат голем број на гости, извршено е чистење и уредување на јавните површините на трите приоди кон градот. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Претставувајќи се како вработен во ПИОМ, излажал многу граѓани

На 15.01.2020 во 18.45 часот во Гевгелија бил лишен од слобода И.П.(41) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот, во неколку наврати во изминатиот период, извршил кривични дела „измама“, лажно претставувајќи се и како З.Ј., наводно вработен како теренски работник во ПИОМ Скопје, при што доведувал во заблуда поголем број на граѓани од Р.С.Македонија, барајќи од нив да уплатат од 1700 до 4000 денари, а со цел да подигнат парични средства од сметката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во висина од 170.000 до 450.000 денари по разни основи. Од страна на полициски службеници, при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени телефонски апарати, сим-картички, документи и поголем број на мобилни телефонски броеви и лични податоци од оштетени лица. За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krazba-na-kola-701x466

На паркинг од автомобил украл лаптоп, лични документи и пари

СВР Скопје, Единица за внатрешни работи - Одделение за криминалистички работи за Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против Н.Д.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“,  согласно  член 236 од Кривичниот законик, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 27.000 денари. На 14.09.2019 околу 15.00 часот на паркинг простор помеѓу два хотела на бул.„АСНОМ“, пријавениот со тврд предмет скршил стакло на патничко возило „бмв-х6“, со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на оштетениот Л.М., при што одзел лаптоп и лични документи на оштетениот. фото: Архива

Скопје | пред 6 години

policija-123

Голема измама во Кавадарци, рекол дека носи странски инвеститори, им собрал пари на повеќемина

На 15.01.2020 во ОВР Кавадарци од страна на правно лице од Кавадарци е пријавено дека на 12.01.2020 сопственикот добил телефонски повик од лице кое се претставило како Г.К., претставник од фирма од Богданци, со цел да закаже одржување семинар за повеќе странски инвеститори кои би престојувале неколку дена во хотелскиот објект. Според пријавеното, подоцна Г.К. испратил возило од такси компанија од Кавадарци и побарал услуга од сопственикот да му даде 20.000 денари, за таксистот да ги однесе во Куманово, од каде требало да се набават подароци за гостите, а потоа тој да му ги врати парите. Парите, според пријавата, биле дадени на таксистот, кој ги предал на едно лице во Куманово, но Г.К. веќе не бил достапен на телефонскиот број. Се работи на расчистување на случајот.Исто така, на 13.01.2020 год. во 13.50 часот во Полициската станица - Кавадарци О.К.(41) од Кавадарци, управител во такси компанија од Кавадарци пријавил дека бил измамен на 06.01.2020, околу  09.50 часот, кога по телефон му се јавило лице Г.К., менаџер на деловен субјект од Богданци и му побарал превоз со минибус на неколку лица од аеродромот Скопје до Гевгелија, а крајната дестинација да биде Охрид, кој што ќе чинел 18.000 денари. Според пријавеното, по кратко време Г.К. повторно му се јавил и го замолил да испрати  15.600 денари  во Куманово, преку такси возач од Велес, за да бидат купени подароци за гостите. Според пријавеното, тој го контактирал  таксистот кој го известил дека парите ги дал на лице во Куманово. Се работи на расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Со закана со оружје ограбиле бензиска пупма

На 15.01.2020 околу 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Беласица“, две лица со закана со оружје врз вработените, одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. фото: Архива

Скопје | пред 6 години

kss

КСС предупредува на опасноста од популистичките мерки од страна на Владата преку МТСП и министерката Мила Царовска

После неуспешната епизода во Министерството за труд и социјална политика, министерката Мила Царовска се обиде социјалниот дијалог да го пренесе во Владата како Вицепремиер, но сега собирајќи ги и стопанските комори, изоставувајќи ги „невладините“ подобни за неа.Имено, министерката се обидува својот неуспех во МТСП да го покрие како Вицепремиер и да покаже дека социјалниот дијалог постои.Ние, како најголем синдикат во јавниот сектор јавно изјавуваме дека Конфедерацијата на слободни синдикати беше нападната и опструирана од таа иста министерка и јавно кажуваме дека на социјалниот дијалог местото му е во МТСП и Економско – социјалниот совет.Министерката го узурпираше Економско – социјалниот совет и го уништи социјалното партнерство и социјалниот дијалог преку фалсификати и злоупотреба на службена должност, нанесувајќи голема штета на работниците во државата и донесувајќи насилно популистички мерки.Македонија е втората држава во историјата на Европа после Украина која ќе подлежи на специјална мисија поради напад на синдикатите и синдикалните лидери, поради уништување на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, поради насилно одземање на синдикати, поради отказ на синдикалните лидери и нивно деградирање, што само по себе кажува за нејзниот успех.Обидувајќи се да го сокрие својот неуспех и насилничкото однесување како министер во МТСП се обиде социјалниот дијалог да го пренесе надвор од МТСП, во Владата на Македонија,Ние сега се прашуваме кој во Владата е одговорен за социјалниот дијалог и социјалното партнерство? Што се обидува да направи министерката? До каде ќе оди нејзината дрскост? И уште колку е подготвена да нанесе штета на работниците?КСС јавно се обраќа до министерката, впрочем како и во изминатите две ипол- три години дека нема да дозволи еден човек којшто државава ја претвори во невладини организации да биде фактор којшто ќе ги уназадува работничките права и ќе биде гласноговорник за носење на популистички мерки со кои ние и како синдикат и како работници ќе бидеме загрозени.Затоа и препорачуваме да ги тргне рацете со нејзините невладни организации од сферата на нашето делување и да го остави социјалниот дијалог и социјалното партнерство да го водат вистинските социјални партнери. Во спротивно, ние како синдикат како и во минатото така и сега, независно што сме влезени во предизборен период ќе преземеме радикални мерки и исто така институционално ќе побараме одговорност од сите што нанеле огромна штета на социјалниот дијалог, социјалното партнерство и работниците.Ве потсетуваме дека КСС како сила на новото време секогаш било на браникот на одбрана на работничките права и верувајте како секогаш во минатото ќе се соочите со нас, но овој пат многу порадикално ќе презмеме мерки кои ќе бидат во насока на ваше финално заминување.И на крај, Ве прашуваме министерке освен измени во Законот за работни односи за полесно давање отказ донесен без кворум во Економско – социјалниот совет и пројден во Собрание на 28 јули 2018 година, кој закон во корист на работниците и кој закон како нов е донесен во државата??? Нема!!! Само глумење инклузивност, популистички мерки, деградирање, откази и... листата е долга и потребни се денови за да се допише.фото:Архива 

Македонија | пред 6 години

16012020_ZPVRSM_Osmani_potpisuvanje_na_dogovor-2

(ВИДЕО) Потпишан договорот за изградба првите два километри на автопатот Скопје – Блаце

Денес, во просториите на Владата на Република Северна Македонија, се потпиша Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце. Договорот, во присуство на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, во улога на координатор на Владата за проектот Скопје - Блаце, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, го потпишаа директорот на ЈП за Државни патишта, Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. Гранит, Зоран Милковски.„Денес исправаме неправда која, за жал, досега се провлекуваше без малку 20 години. Проектот Скопје – Блаце не е нов проект, туку иницијатива започната многу одамна, која на еден или на друг начин цело време е отстранувана од приоритетите на државава и за која беа потребни вонсериски напори за да се врати повторно во фаза на реализација во која е сега. Од денес, овој проект влегува во иреверзибилна фаза а динамиката на неговата реализација станува чисто техничко прашање“, истакна Османи на почеток на настанот, некриејќи го личното задоволство, како Координатор на Владата задолжен за реализација на овој проект, што конечно се обележува неговиот старт.„Неспорно е дека овој проект има и економска и општествена и политичка важност за Република Северна Македонија, проект кој претставува и дел од европската инцијатива за регионална соработка, изразена преку т.н. ‘конективити агенда’ на Берлинскиот процес“, истакна Османи, посочувајќи на Скопје и Приштина како најблиски главни градови во регионот, кои по изградбата на автопатот ќе бидат оддалечени помалку од еден час.„Регионалното поврзување е од особено значење за економскиот развој на државата и нејзино интегрирање во Регионот. Од тие причини силно сме фокусирани на развој на патната мрежа со која ќе обезбедиме поврзување со земјите од регионот заради побрз и полесен транспорт на стока и услуги“, истакна министерот Сугарески, посочувајќи дека Владата и Министерството за транспорт и врски интензивно работат на поврзување на земјата со сите соседи.„Косово е наш значаен трговски партнер, минатата година бележиме зголемување од над триесетина проценти во вкупната трговија, така да изградбата на автопатската делница ќе даде дополнителен инпут во зголемување на трговските релации во иднина“, посочи Сугарески.Во своето обраќање, директорот Зоран Китанов ги образложи деталите од договорот и предметот на изведба. „Договорот за градежни работи за првите 2 километра од Граничниот премин Блаце до клучката за село Блаце“.„По успешно спроведената постапка за јавна набавка, од пристигнатите понуди, како најповолен економски оператор кој ќе ги изведува градежните работи е избрана компанијата ГРАНИТ. Вредноста на Договорот е 747.239.717,00 денари без ДДВ или околу 12,2 милиони евра, додека работите треба да завршат во рок од 18 месеци од воведувањето во работа, што значи дека градежните работи ќе започнат оваа пролет, а првите километри од автопатот ќе може да ги возиме веќе следното лето во 2021 година“, истакна Китанов, посочувајќи дека во напредна фаза е подготовката и за втората фаза, со која ќе се реализираат и следните 10 километри од автопатот.Целиот проект за автопатот Скопје – Блаце е во вкупна должина близу 13 километри, проценет на близу 120 милиони евра, од кои 27 милиони евра како неповратен грант се обезбедени преку Рамката за Западен Балкан на ЕУ, околу 70 милиони евра се предвидени како заем од ЕБРД, а останатите средства се од буџетот на земјата.

Македонија | пред 6 години

Foto-7

(ФОТО) Претседателот Пендаровски прими студенти од универзитетот УМЕФ од Женева

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими група студенти од универзитетот УМЕФ од Женева, Швајцарија, кои престојуваат на студиска посета на универзитетот ФОН во Скопје.Посакувајќи им добредојде, претседателот Пендаровски ја претстави работата на институцијата, неговите права и должности во внатрешната и надворешната политика и улогата на Претседателот во рамки на поделбата на власта во државата.Претседателот Пендаровски пред студентите, кои доаѓаат од факултетите за економија и за политички науки и дипломатија, ја претстави поставеноста на властите во Северна Македонија, нивните главни ингеренции, како и спецификите на политичкиот систем во државата.На средбата претседателот Пендаровски ги запозна студентите со главните стратешките цели на државата, дефинирани уште од прогласувањето на нејзината независност, а тоа се членството во Европската унија и во НАТО. Унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, истакна претседателот Пендаровски пред студентите, се исто така меѓу клучните цели на надворешната политика на Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски ги запозна студентите од Швајцарија со реализацијата на неколку негови проекти, меѓу кои и Отворен Кабинет, како и за заложбите за носење и реализирање соодветни програми и политики за унапредување на положбата на младите и обезбедување на перспективи во нивната сопствена држава.Студентите го информираа претседателот Пендаровски за целта на нивната студиска посета и активностите за време на нивниот престој во Скопје.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

devojki

(ХИТ ВИДЕО) Пијани девојки играат оро на сред улица, а во багажникот хармоникаш

На Јутјуб Објавена е снимка на која се гледа како четири девојки во луксузен џип со швајцарски регистарски таблички возат нешто несекојдневно во нивниот багажник низ улиците во Белград.Цело време до џипот се движел и друг автомобил од кој е направено ова хит видео на кое се гледа како овие расположени девојки пеат низ центарот на градот. На девојките во живо им свиреле двајца хармоникаши.целото видео станува уште понеобично кога се отвора багажникот од еден од автомобилите...Погледнете го видеото...фото: Novosti.rs 

Магазин | пред 6 години

premtimi-penda-sllupcan

АА: ДУИ со истечени ветувања, повторно се обидува да изманипулира

„Капитални проекти“ е познатиот збор на ДУИ кој се користи за време на изборните кампањи на сите нивни платформи низ години. Но, се чини дека функционерите на ова партија го заборавија значењето на капиталниот проект и тежината што истиот го сноси кога се ветува, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците- Огранок Липково.Со години, капиталните проекти ветени од ДУИ не се реализирани, тие се повторуваат само како ветувања во секој изборен циклус со истите оправдувања за нереализација.Слупчанската брана е ветена како капитален проект на ДУИ скоро една деценија, додека државниот буџет од 2012 година предвидува милиони денари инвестиции што никогаш не се инвестираа. Истиот капитален проект е дел од платформата на ДУИ во 2016 година, истата година беа предвидени средства од 326.264 илјади евра за основниот проект, додека се велеше дека се извршени геолошките истражувања, анализи и дупчење на земјата во вредност од 644.309 илјада евра. Сега сме во 2020 година а ДУИ сè уште е се фали со почетната фаза за изградба на овој проект.Потсетуваме дека, овој проект што толку години се ветува според сите законски рокови, до 2020 година требаше да биде завршен и спроведен проект. Но, од целата практика на ДУИ, лесно може да се разбере дека и овој проект се држи како друга ветувачка алатка и капитален проект за новата платформа на ДУИ. „Copy-paste “ од претходните години, без цел за реализација.Жителите на село Слупчане, од кои половината немаат пристап до вода за пиење, а другата половина се служат со приватни бунари веќе не треба да бидат изманипулирани, давајќи им друга шанса на лагите на ДУИ, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците- Огранок Липково.

Македонија | пред 6 години

turundzieva

Турунџиева за ТВ24: Еден од запалените автомобили е мојот

Против пожарни екипи синоќа интервенирале по пријава за пожар на две возила сопственост на две познати пејачки. Првото возило мини купер било опожарено , а од пожарот било зафатено и второто возило.Турунџиева за ТВ 24 истакнала дека покрај нејзиниот, пожар го зафатил и автомобилот на нејзината колешка, пејачката Ребека Јанковска - Ристески.Се уште нема информација како дошло до пожарот, дали е подметнат, од кого, и кои се мотивите, а Турунџиева нагласува дека таа нема долгови кон никого.фото: ФБ

Скопје | пред 6 години

dragi

Почина судијата Билески- поради чија лустрација беше осомничен пратеникот Милошоски

Викендот во Кичево е погребан поранешниот судија Драги Билески кој беше лустриран за што подоцна СЈО во предметот „Моќник“ го осомничи пратеникот Антонио Милошоски, објави телевизија Телма. Билески во 2005-та бил и дел од судскиот свет што на доживотна казна затвор за двојно убиство ги осуди Анте Ристески и Игор Мирчески, иако ДНК анализата ги ослободувала од вина за убиство на една жена, кое подоцна е поврзано со мистериозно самоубиениот новинар Владо Танески.Билески беше лустриран во процесот на лустрација, но ја доби државата на Европскиот суд за човекови права затоа што не му била овозможена фер постапка и не биле земени во предвид доказите кои се во негова полза.Потоа беа поништени македонските одлуки во управните постапки кои претходно Билески ги изгубил. За одлуките бил известен и Судскиот совет кој откако ќе добие барање ќе можеше да ја укине претходната одлука за разрешување на Билески. Обвинителството не отвори истрага против 6-те управни судијки кои не ги прифатиле доказите на Билески и ја потврдиле лустрацијата. За три судијки застарело делото, а за трите од Вишиот управен суд немало дело, одлучи обвинителството.фото: Телма.мк

Македонија | пред 6 години

Vodici_priprema

(ФОТО) Започна украсувањето за Водици во Охрид

Денеска започна украсувањето на Охридското пристаниште и крајбрежниот потег, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.Екипи на јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, ги украсија канделабрите и оградите на пристаништето со зеленило од растенијата чемпрес и принус.Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени верски знамиња и украсни знаменца во чаршијата и на улиците во централниот дел на градот, кои водат кон градското пристаниште. фото:Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања