Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

tamara

(ФОТО) Тамара не ја крие среќата, го тагна Гарванлиев и напиша: Срце мое, те сакам

По објавата дека Васил Гарванлиев, ќе ја претставувава Македонија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Холандија, Тамара не ја криеше својата среќа. Таа на својот ФБ профил кратко и јасно напиша: Срце мое, те сакам.❤ — with Tamara Brana Velkova and Vasil Garvanliev. https://www.facebook.com/tamaratodevska/photos/a.10151853847906113/10157800129036113/?type=3&theater

Магазин | пред 6 години

mustafa

Мустафа Надаревиќ боледува од рак на белите дробови: „Се борам, но болеста е дел од животот“

Познатиот хрватски и босански актер Мустафа Надаревиќ (76) откри дека боледува од карцином на белите дробови.„Кога сфатив дека тоа е дел од животот, дека болеста е дел од животот, тогаш го прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи оваа болест“, изјави актерот.Надаревиќ ги советуваше сите што припаѓаат на ризичната група, односно долгогодишните пушачи, да не избегнуваат да одат на прегледи.Мустафа Надаревиќ (76) и покрај болеста и староста, сепак не размислува за пензија.„Не размислувам да престанам да играм затоа што верувам во судбина. Само се плашам да не останам болен и да бидам нечиј товар и грижа. Имам страв од тоа. Смртта не е толку туѓа за мене, ужасна и незамислива е помислата некому да му бидеш товар. Не се плашам од заминување. Имам страв од ужасно заминување. Животот може да трае многу долго. Може да биде и краток. Затоа треба да се ужива во секој момент и да се искористи“, вели актерот.фото: Tuzlanski.ba 

Магазин | пред 6 години

nake-kulev

(ФОТО) И Наќе Чулев напиша Северна, па се премисли

Министерот за внатрешни работи, наќе Чулев е вториот владин функционер од ВМРО-ДПМНЕ, кој го употреби името СЕВЕРНА, објави Граѓански збор. Чулев денеска на Фејсбук информирајќи за неговата средба со амбасадорот на Италија го спомна името Република СЕВЕРНА Македонија, нешто на што додека не седнаа во фотељите, функционерите од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски го одбегнуваа и беа против.Фото: Граѓански збор

Македонија | пред 6 години

magla

ВНИМАВАЈТЕ - Густа магла ја намали видливост на патиштата до 50 метри

Намалена видливост до 50 метри, поради појава на магла, има на патните правци Тетово – с. Гајре, Павлешници, кула – Катланово, а со видливост до 100 метри на Страцин, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

negotino6

Фокус: Студентот Димитар од Неготино ги обедини младите со хуманост, се гради дом за Најдови

Кога пред една година младиот студент од Неготино, Димитар Аврамов јавно го претстави својот проект Хуманитарен маратон – Неготино се буди, серија од настани кои ги организираше во градот, со цел да се соберат средства за семејството Најдови од село Долни Дисан, тој ја доби поддршката од јавноста, објави Фокус.мк.Неговата искрена желба да му се помогне на семејството, кое со години наназад е едно од најзагрозените во неготинско, и конечно да добијат дом, бидејќи живеат во разурнат објект, беше дочекана со позитивни коментари, илјадници допаѓања на социјалните мрежи, споделувања и ветувања дека голем број на општествено одговорни компании и хумани граѓани ќе се вклучат во акцијата.Денес, една година откако младиот хуманист ја покрена акцијата, со намера во дворот на Најдови да се изгради мал дом, каде ќе можат да имаат достоинствен живот, иако тешко, нештата се придвижуваат напред.Семејството составено од мајката која е лице со блага ментална попреченост, таткото и синот, се уште живеат во разурнатиот објект без никакви услови, но во нивниот двор веќе се гради куќата која Димитар им ја вети.Како што раскажува Аврамов, собирањето на донациите одело тешко. На сметката биле собрани околу 82.000 денари, средства со кои започнала изградбата на куќата. Сепак, голем број на хумани граѓани се понудиле да помогнат и да извршуваат дел од градежните работи без надомест, а се јавиле и неколку компании од градот кои донирале градежни материјали, објави Фокус.мк.Текстот во целост на: Фокус.мкфото: Фокус.мк  

Македонија | пред 6 години

vasil

МРТ одлучи - Васил Гарванлиев ќе ја претставувава Македонија на Евровизија

Васил Гарванлиев, ќе ја претставувава Македонија на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во Холандија. Одлуката на  МРТ попладнево на својот Фејсбук профил ја објави ја Гарванлиев.Оваа година не можеше да ми започне со поубава вест 🤪😝Почитувани пријатели, соработници и поддржувачи на мојата музика со особена чест (и многу возбуда) сакам ве исвестам дека оваа година ја имам можноста, задоволството, и одговорноста да ја претставувам нашата земја на најголемиот музички фестивал - Евросонг во Ротердам.Оттука, сакам да се заблагодарам на целиот тим од МРТВ кој ме изгласа и одлучи да ми ја даде довербата токму јас да ја имам оваа чест но и одговорност истовремено.Од кога паметам за себе, музиката e сѐ што правам, за што постојам, а многу често беше и е единствената светла точка во мојот живот. И покрај тоа што имам долгодишно искуство на меѓународни сцени свесен сум за предизвикот и одговорноста што претстојат за време на овој глобален настан, особено после успешниот пласман со Тамара минатата година. Сакам накратко да се oбратам на сите тие кои сонуваат и не се откажуваат од нивните амбиции. Патеката не секогаш е лесна, но еден ден секој чекор изоден напред со вложен труд и искрена љубов кон тоа што го правите ќе вроди со плод. Не се откажувајте никогаш!Од сѐ срце благодарам на моето семејство и на моите соработници кој ме поддржуваат уште од самиот почеток, па дури и тогаш кога моите идеи им звучеа луди и апсрурдни. ВЕ САКАМ! ❤️Драги мои, подготвен сум за ова ново “патување” со отворено срце и искрена приказна, овој пат ветувам дека ќе дадам се од себе за мојата татковина, за сите нас!!! Се гледаме во Ротердам. ❤️🇲🇰🙏🏼, напиша Васил ан својот ФБ профил.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1885466538264087&set=a.431954126948676&type=3&theaterГарванлиев и беше придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија минатата година. Инаку јавноста можеби се сеќава на милото детенце кое пред години ја исполни песничка „Марионка“.

Магазин | пред 6 години

pazardzii

Пазарџиите бараат средба со Богдановиќ, тој вели: Не знаеме со кого ќе преговараме

Пазарџиите од  општина Центар протестираа трет ден, поради поскапениот пакинг.  Тие бараат средба со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и со  директорот на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, Васко Кичевски. Градоначалникот пак Богдановиќ вели дека не знае со кого треба да се сретне:– Ние не можеме да договориме средба. Како прво, не знаеме со кого ќе преговараме. Дали е тоа здружение или… Треба нивни претставници да се обратат до Општина Центар и да поднесат барање, па макар и да е рачно напишано. А, досега не сме добиле такво. Во јавноста се зборува дека не сме сакале да имаме средба. Во овие две години откако сум градоначалник имаме одговорено и примено илјадници луѓе. Општина Центар е најтранспарентна општина и немаме проблем да разговараме со граѓани или здруженија, вклучувајќи ги и пазарџиите – изјави Богдановиќ.Пазарџиите пак велат дека нема да се откажат од нивните барања. Тие повикуваат надлежните да не си играат со нивниот леб и да го решат нивниот проблем.фото:Архива

Скопје | пред 6 години

biznis

Министерство за одбрана: ВМРО ДПМНЕ држи пресови базирани на нарачани лажни вести

Министерството за одбрана со реакција на прес конференцијата од ВМРО ДПМНЕ. Во реакцијата се вели:Откако ВМРО-ДПМНЕ си нарача текст во своите портали, и откако содржината на тој текст беше целосно демантирана со факти, денес излегоа на прес-конференција и тврдењето дека Министерството за одбрана склучило договор за набавка на електрична енергија со „фирма на екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев“, молскавично го преформулираа во „фирма блиска“ до Анѓушев. Притоа користат и зборови „фирма“ со која екс-вицепремиерот „има врска“.И покрај демантот на лажните вести ВМРО ДПМНЕ не се откажа од разработената шема да ги искористи нарачаните лаги за да одржи прес конференција.ВМРО ДПМНЕ продолжува со единствената практика која ја знае на штeта на институциите и државата – свесно да ја лаже јавноста.Фирмата EDS, како што стои во демантот на нарачките од ВМРО ДПМНЕ, воопшто не е во сопственост ниту во каква било врска со  поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.Вистината  е следната:  Согласно законските обврски Министерството за одбрана спроведе јавна набавка за снабдување со електрична енергија.На огласот се јавија четири фирми кои учествуваа на електронска аукција во која значително се намали цената. Од првичните понуди кои изнесуваа помеѓу 95 и 116 милиони денари, поради конкуренцијата цената се намали на 77,7 милиони денари. Тоа значи околу 18 милиони денари помалку од првичната најниска понуда.Со ова Министерството за одбрана ќе оствари заштеда и во однос на претходните трошоци за таа намена и во однос на постигнатите цени во други институции.До порталите кои ги пренесуваат лажните вести и работат спротивно на јавниот интерес, порачуваме да престанат да шират лажни вести, бидејќи така си штетат на себе, на државата, а и на нарачателите.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Дополнително покачување на платите од 5% од јуни 2020 ќе добијат и здравствените соработници

Дополнително зголемување на платите од 5% ќе добијат и здравствените соработници во јавното здравство. Покачувањето на платите на здравствените соработници ќе почне од јуни 2020 година. Јавното здравство во текот на 2019, и со тоа што ќе следи во тековнава година, добива рекордно зголемување на платите во сите сектори. Здравствените кадри првпат во постоењето на државата добиваат толку покачувања на платите и бенефиции и се инвестира во подобрување на нивниот статус, се вели во соопштението од министертвото за здравство.Вложувањето во здравствените кадри е со цел да се мотивираат и јавното здравство да има квалификуван и професионален медицински кадар што е еден од основните услови за квалитетно здравство.Зголемувањето на платите е само една од промените што се направени во изминатиот период. На целосното вложување во човечкиот капитал се поврзуваат и најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност. Со овие измени се направи значително зголемување на коефициентот на сложеност, а се зголеми и додатокот на плата за дежурства.Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари 25% и 15% на останатите здравствени соработници, заклучно со февруари 2020 година.Со цел подобрување на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство во изминатите две години дадени се повеќе од 5000 согласности за вработувања во јавното здравство. Покрај зголемувањето на платите, капацитетите на јавното здравство се зголемуваа и со подобрување на условите за работа во секоја јавнa здравствена установа.Министерството за здравство и во 2020 година продолжува да инвестира во човечкиот капитал и целосно во здравството, затоа што само со професионалност и квалитетна работа, пациентите ќе добиваат врвна здравствена нега, додаваат од министерството.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

15-1

(ФОТО) Царинската управа доби нова софистициран рачен скенер за пребарување возила

Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство, на Царинската управа на Република Северна Македонија и донираше нова софистициран рачен скенер за пребарување возила. Донацијата ја предаде г. Адам Вудроу, офицер за врска на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство .Директорот на царинска управа Ѓоко Танасоски истакнал дека скенерот што ќе го користат мобилните тимови претставува еден од начините за спречување и откривање на закани, како и стандард во секојдневното оперативно работење. Директорот посочи и дека поддршката и воспоставената соработка со царинските органи на Обединетото кралство е насочена кон подобрувањето на постојните и примената на нови техники и модалитети на работење преку размена на информации и најдобра практика во областа на борбата против криминалот, но и придонес кон забрзувањето на царинските постапки и трговија.Офицерот за врска на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство г. Вудроу изразил задоволство од досегашната соработка со Царинската Упрва на Република Северна Македонија, и се надева дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина. фото: ФБ Ѓоко Танасоски 

Македонија | пред 6 години

1-4

(ФОТО) Министерот Наќе Чулев се сретна со Италијанскиот амбасадор

Денеска , министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оствари средба со амбасадорот на Италија во  Република Северна Македонија  Н.Е Карло Ромео . На средбата  амбасадорот Ромео беше запознаен со заложбите на министерството за внатрешни работи за организирање фер и демократски избори, како и мерките кои се преземаат за превенција од нарушување на изборниот процес. Министерот Чулев се заблагодари за поддршката што министерството за внатрешни работи континуирано ја добива во форма на обуки, проекти и ресурси од Италија. Двете страни заеднички ја потврдија заложбата за зацврстување на меѓусебна соработка во иднина. фото: МВР 

Актуелно | пред 6 години

horoscope-lucky

Кој е вашиот среќен број, според хороскопот?

Астролозите сметаар дека секој хороскопски знак има одредени броеви кои му се најсреќни. Откријте го вашиот според месецот во кој сте родени:ОвенХрабрите Овни сакаат да водат и секогаш да бидат зафатени. Нивни најсреќни броеви се 6, 18, 41, 77 и 83.БикТврдоглавоста на Биковите понекогаш може да им предизвика чудни ситуации. Нивни најсреќни броеви се 5, 35, 50, 57 и 82.БлизнациБлизнаците се познати како социјални личности, па вистински проблем им е кога се осамени или кога се заглавени во рутина. Нивни најсреќни броеви се 1, 10, 18, 35 и 86.РакРакот е воден од неговите емоции. Тој е сентиментален, со променливо расположение и чувствителен. Негови најсреќни броеви се 1, 21, 24, 58 и 66.ЛавЛавот е роден да биде лидер и често презема контрола над ситуацијата. Но, ова лидерство може да се манифестира и како ароганција. Неговите најсреќни броеви се 6, 24, 39, 59 и 83.ДевицаДевицата премногу ги критикува нејзините и постапките на другите. Понекогаш заглавува во ситните детали од животот. Нејзини најсреќни броеви се 16, 29, 79, 80 и 90.ВагаВагата сака да го одржува мирот и е голем фан на дипломатијата. Но, ако не внимава може да им дозволи на проблемите да се размножат. Нејзини среќни броеви се 7, 20, 55, 77 и 86.СкорпијаСкорпијата е искрена кон другите, па го очекува истото за возврат. Нејзини среќни броеви се 27, 29, 45, 53 и 89.СтрелецЉубопитноста, енергијата и слободата ги водат Стрелците низ животот, па не тие сакаат да бидат врзани од некој друг. Нивни среќни броеви се 6, 16, 23, 60 и 81.ЈарецЈарецот е навистина одговорен и има голема самоконтрола, но тешко простува кога некој ќе му згреши. Неговите среќни броеви се 3, 21, 66, 83 и 84.ВодолијаВодолијата почесто ќе размислува за проблемот наместо да ги покаже емоциите предизвикани од него. Нејзините најсреќни броеви се 17, 40, 46, 61 и 76.РибиРибите се пријателски настроени, но ова им претставува проблем бидејќи премногу им веруваат на другите и често се повредувани од најблиските. Нивни најсреќни броеви се 8, 10, 27, 56 и 69.Фото: Free Lucky Numbers - FindYourLucky 

Магазин | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Ако дојдеме на власт ќе обелодениме кој му помогна на Груевски да избега

Ако дојдеме на власт ќе обелодениме кој му помогна на Груевски да избега. Ова ветување го дал опозицискиот лидер Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во емисијата „Економски магазин“ што ќе се емитува вечерва во 22:00 часот.Мицкоски додаде дека во оваа држава има закони што мора да се почитуваат и оти секој што погрешил пред законот, без разлика дали е Груевски, Мицкоски или Заев, мора да одговара.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

1albanija-zemjotres

Црвениот крст собра 16,6 милиони денари за настраданите од земјотресите во Албанија

Црвениот Крст на Македонија објави дека се собрани вкупно 16,6 милиони денари од на граѓанските организации, поединци и фирми за настраданите од земјотресот во Драч, Албанија. Вкупно 13,2 милиони денари се пари од донации на македонски компании.Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити  истакна дека во петок овие средства ќе бидат префрлени на жиро-сметката на Црвениот крст на Република Албанија.– Ние истовремено ќе склучиме договор со Црвениот крст на Албанија и ќе бараме извештаи за тоа како се трошат средствата во наредните шест месеци – истакна Саити.Освен оваа помош, Црвениот крст од сопствените резерви на настраданите од земјотресот во Албанија им додели и материјална хуманитарна помош во висина од 20.000 евра. Станува збор за 500 вреќи за спиење, 1.000 ќебиња, 50 монтажни кревети, 100 пакети со храна и 100 пакети со хигиенски средства. 

Македонија | пред 6 години

drva-1

Референт за сеча во ЈП Национални шуми заработи кривична, еве зошто ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.М.(59) од с.Смоларе, општина Ново Село, вработен како референт за сеча во ЈП Национални шуми - Подружница Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.На 15.07.2019 полициски службеници во с.Двориште - Берово во дворното место на О.М. и Ј.М. пронашле нежигосана бесправно исечена дрвна маса, при што констатирале прекршок по Законот за шуми. Во моментот додека ги изготвувале документите, дошол пријавениот и, незабележувајќи дека во близина се полициските службеници, ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во дворното место каде биле наредени нежигосаните дрва со  службениот алат ги жигосал.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-123

Нападнати полицајци кои постапувале по пријава

На 14.01.2020  полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Д.(53) и неговиот син А.Д.(22), двајцата од Скопје. Околу 06.00 часот на ул.„Методија Шаторов Шарло“, С.Д., кој бил во алкохолизирана состојба, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои постапувале по претходна пријава, а при обид да го приведат, полициските службеници биле физички нападнати од неговиот син А.Д. Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Аеродром за понатамошна постапка.фото:Архива

Скопје | пред 6 години

122233-620x350

Скопјанец избоден во грб од сосед

На 14.01.2020 околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Б.Д.(44) од Скопје со убодни рани во пределот на грбот. Според пријавеното,  повредите му биле нанесени во дворот од неговата куќа на ул.„376“, од соседите Б.М. и А.Н., и двајцата од Скопје, по меѓусебна вербална  расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Foto-3-1

(ВИДЕО) Средба на Пендаровски со Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Вархеји

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји.Посакувајќи му добредојде, претседателот Пендаровски му го честиташе именувањето на Вархеји за Комесар за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ и му посака успех во работата и изрази очекување дека тој ќе дава цврста поддршка на перспективата за проширувањето на ЕУ со земји од Западен Балкан.Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелните состојби во Република Северна Македонија, како и за аспирациите на земјата за членство во Европската унија.Претседателот Пендаровски истакна дека европската и евроатлантската интеграција останува стратешка цел за нашата држава. Во очекување на скорешното финализирање на членството во НАТО, посочи претседателот Пендаровски на средбата, фокусот на државата е насочен кон перспективата за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ.Северна Македонија, истакна претседателот Пендаровски, останува посветена на европската агенда, имајќи го предвид фактот дека за членството во ЕУ има национален консензус меѓу политичките чинители и висока поддршка од граѓаните. Претседателот изрази надеж дека до март годинава ќе биде дефинирана новата методологија за водење на процесот на пристапните преговори меѓу земјите членки на ЕУ.Во контекст на предвремените парламентарни избори, претседателот Пендаровски повика на одговорност од сите политички чинители и истакна дека тие треба да бидат фер, слободни и во демократска атмосфера, со оглед на нашите аспирации за идна земја-членка на Европската унија.фото: кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

naum

Стоилковски: Уште не оладено столчето на екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев, компанија блиска до него заработува тендер од 1 милион и 600 илјади евра

Уште не оладено столчето на екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев, компанија блиска до него заработува тендер од 1 милион и 600 илјади евра од министерството водено од Радмила Шекеринска, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.На 30 декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев и официјално да замине од Владата, Шекеринска склучува договор за јавна набавка со ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС, односно ЕДС кое е во врска со Кочо Анѓушев.  Шекеринска ја одбрала фирмата меѓу 4 понуди, како се наведува заради најниската понудена цена.Симптоматично е како и зошто во очи на официјална изборна кампања Шекеринска доделува тендер од 1,6 милиони евра на компанија блиска до Анѓушев?Ова не е прв пат компанија блиска до Анѓушев да добива владини договори со потпис на Шекеринска. Шекеринска се споменува и при договорот за државно земјиште за хидроцентрала со компанијата Тополки, каде Анѓушев и неговиот брат беа во сопственичка раководна структура. Анѓушев тогаш „се изземал“ при носењето на одлуката.Почитувани, ваквите бомбона бизниси мора и треба да бидат преиспитани. Бараме институциите задолжени за справување со судир на интереси и спречување на корупцијата да се одважат и започнат постапка по допрен глас, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

kapka-krv

Крводарителска акција во Охрид „ВОДИЦИ 2020“

Во рамки на Програмата за одбелжување на Големиот православен празник Богојавление Водици во Охрид, на 19 јануари 2020 година (недела), охридскиот Црвен крст ќе ја организира традиционалната крводарителна акција „Водици 2020“.Крводарителната акција годинава ќе се реализира под мотото  „Една капка може да промени се“.Сите хумани граѓани ќе може да даруваат крв во периодот од 9 до 15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Македонија | пред 6 години

G_Stardelov

Во сабота ќе биде врачена светската награда за хуманизам

На 18 –ти јануари (сабота), ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици во куќата на Уранија со почеток во 19 часот ќе биде врачена Светската награда за хуманизам на годинешниот добитник, академик Георги Старделов.Старделов е четринаесеттиот добитник на ова престижно светско признание, а прв од нашава земја.  Наградата ќе му ја врачи градоначалникот на Охрид,  Константин Георгиески,  во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите под покровителство на УНЕСКО. Истата вечер, со посебно признание ќе му биде оддадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“, коешто  годинава ќе биде свечено поставено  на плоштадот „Долна Порта“.Пригодни беседи за Старделов ќе одржат Јордан Плевнеш и Жан-Патрик Конрад, професор на Ројал колеџ од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.Организатор на настанот е Охридската академија на хуманизмот, со поддршка на Општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

VODICI_KAPACI

Пријавување на капачите за „Водици“ 2020

Пријавувањето на капачите кои ќе го бараат чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро за празникот Богојавление Водици во Охрид, ќе започне утре на 16-ти јануари (четврток) во 12 часот.Сите заинтересирани граѓани, ќе може да се пријават во црквите „Свети Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Свети Великомаченик Георги“. Евиденирањето на пријавените капачи ќе се врши заклучно со 18-ти јануари (сабота) до 17 часот.Пријавените капачи ќе можат да ги извршат потребните медицински прегледи во поставените шатори на охридскиот Црвен крст на 18-ти јануари (сабота) од 19 часот и во утринските часови на 19-ти јануари (недала), на денот на манифестацијата.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

biznis

Министерството за одбрана дементира дека Анѓушев два дена пред да замине од Владата „лапнал“ тендер

Наводите во написите објавени во  месиумите се лажни и тенденциозни, велат од министерствот за одбрана.Тие во дементот објаснуваат дека Фирмата EDS не е во сопственост на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Во демантот од министерството се вели:Фирмата EDS што ја споменувате и злонамерно ја доведувате во контекст кој вие го посакувате, не е во сопственост на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Ако бевте новинари кои трагаат по вистината истиот податок ќе го видевте и во Централен регистар.Понатаму, за точно информирање на јавноста известуваме и за следново:  Согласно законските обврски Министерството за одбрана спроведе јавна набавка за снабдување со електрична енергија.На огласот се јавија четири фирми кои учествуваа на електронска аукција во која значително се намали цената. Од првичните понуди кои изнесуваа помеѓу 95 и 116 милиони денари, поради конкуренцијата цената се намали на 77,7 милиони денари. Тоа значи околу 18 милиони денари помалку од првичната најниска понуда.Со ова Министерството за одбрана ќе оствари заштеда и во однос на претходните трошоци за таа намена и во однос на постигнатите цени во други институции.Се надеваме дека ќе престанете да ширите лажни вести бидејќи така си штетите на себе, а државата ја правите буниште на лажни вести.Истовремено, согласно чл.13 за ублажување на штета и чл.14 за право на реагирање, демант одговор и исправка, од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барам да ми се извините за лагите и клеветите, и да го објавите овој демант согласно пропишаните услови од наведениот закон, се вели во демнтот од министерството за одбрана. 

Македонија | пред 6 години

maslo-hasis

Скопјанец под истрага за нелегална набавка на хашиш смола и масло од Албанија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Скопје осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Според првичните сознанија, осомничениот s. Дрогата му била донесена во Струга, каде ја ставил во багажникот од својот автомобил, со намера да ја пренесе и да ја продава во Скопје. Во близина на наплатната рампа кај Гостивар, полициски службеници извршиле проверка на возилото и ја пронашле дрогата спакувана во пластични шишиња.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, наведувајќи дека лицето би можело да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае врз сведоците во постапката. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.фото:Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

2020 – Година на Славко Јаневски

Градоначалникот Петре Шилегов, на наредната седница на Советот на Град Скопје х, во чест на стогодишнината од неговото раѓање. Ова е само еден доказ дека Град Скопје се грижи и ги вреднува нашите вистински вредности.Во текот на целата година, Градот ќе организира и ќе поддржува низа активности во чест на овој наш голем творец. Меѓу другото, предвидена е голема изложба за ликот и делото на Јаневски, поддршка на реиздавањето на неговите дела и именување на улица, а еден од скопските ѕидови ќе го краси мурал во негова чест.Активностите за одбележување на овој голем јубилеј започнуваат уште денеска со поетското читање насловено како „Произведувачи на зборот“ во Културно информативниот центар, со почеток од 19.30 часот, на коешто ќе се обрати претседателката на Советот, Љубица Јанчева. 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања