Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

10012020_PVRSM_Spasovski_poseta_na_opozareni_kjuki_vo_Shuto-Orizari-2

Владата ќе додели финансиска и друга помош за семејствата чии домови изгореа во Шуто Оризари

Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да додели финансиска и друга помош за семејствата чии домови беа уништени во пожарот со трагични последици во Шуто Оризари на 10 јануари.На седницата им е препорачано на Генералниот Секретаријат на Владата и на Министерството за труд и социјална политика да ги разгледаат можностите за обезбедување на живеалишта за опожарените семејства.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

NP-mavrovo

Предлог локалитетот „Длабока Река“ во НП Маврово да се најде на Прелиминарната листа на УНЕСКО

Владата на Република Северна Македонија денеска ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за номинирање на локалитетот Длабока Река во Националниот парк Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО.Локалитетот Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово, поседува исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со скоро никаква интервенција на човекот во последните 100 години.Локалитетот Длабока Река се одликува со голема биолошка разновидност со присуство на бројни ендемични растителни и животински видови, кој се наоѓа во зоната за строга заштита на Националниот парк Маврово и во неа се дозволени само научно-истражувачки активности.фото: Национален парк Маврово 

Македонија | пред 6 години

14012020_VRSM_3_sednica_na_Vlada3

Предлог-законот за јавниот интерес во културата оди во Собрание

Владата денеска го утврди конечниот текст на Предлог-законот за јавниот интерес во културата, кој, откако ќе биде усвоен во Собранието на Северна Македонија, ќе овозможи поотчетно и потранспарентно финансирање на програмите на националните установи во културата и на проектите на другите субјекти во културата.Со Предлог-законот за јавниот интерес во културата се предлагаат измени на досегашниот начин на објавување на годишните конкурси за финансирање на јавниот интерес во културата, на постапката и на критериумите за одлучување по конкурсите, како и воведување други форми за поддршка на културните активности на единиците на локалната самоуправа и на невладините организации.Со овој предлог-закон се најавува решавање на прашањата за статусот на вработените во културата да бидат усогласени со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, како една од главните заложби утврдени во Националната стратегија за развој на културата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

finansiska-policija

Утврден новиот предлог закон за Финансиска полиција

Владата на Република Северна Македонија на редовната трета седница го утврди новиот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, и донесе одлука предлог законот да го достави на усвојување до Собранието.Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за вработување и постапката за селекција за засновање работен однос, како и другите права и обврски на вработените, односно на овластените лица финансиски полицајци.Со ново предложените одредби за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се зајакнуваат капацитетите на Управата за финансиска полиција согласно Планот 3-6-9 на Владата во областа борба против организиран криминал и корупција кој предвидува зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓу институционална рамка со зајакната рамка за спроведување истраги и конфискација на имот на постситематска и функционална основа.фото: CivilMedia 

Македонија | пред 6 години

rocista

Трајковски утре на рочиште за „ТНТ“ ќе биде донесен со полиција

Тони Трајковски утре на судење во кривичниот суд ќе биде спроведен со полиција. Тој и денеска не се појави на судењето за ТНТ. Адвокат Јовица Страшевски истакна дека Трајсковски  не добил покана, на што судијата Огнен Ставрев рече дека судот се обидел преку судски курир да му достави покана.„Имам известување од судскиот курир дека никој не сака да му отвори врата“, рече Ставрев.Адвокатот по ова во изјава за медиумите рече дека неговиот клиент има доставено до судот две адреси, една според лична карта и друга според место на престојувалиште.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dete

(ВИДЕО) Ја победи леукемијата, другарчињата го дочакаа како вистински херој

Шестгодишниот Џон Оливер, дете херој. Тој пред два дена се врати на училиште, после повеќегодишна борба со леукемијата. Другарчињата и сите вработени во училиштето го дочекаа со аплаузи и овации.Неговите родители раскажаа дека овие три години колку што се борел со болеста, не биле ни малку лесни, но дека тој сега се чувствува добро.„Не можеше да се движи, ниту да има било каква физичка активност. Беше како во меур, но сега е готово. Возбудени сме и со радост гледаме на иднината“.Инаку, на Џон на 1 ноември 2016 година, му била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија и оттогаш постојано бил под хемотерапија која го спречувала да ужива во детството. Последната ја примил за време на празниците, а со тоа завршува ова за него и неговото семејство тешко поглавје.Пречекот од неговите другари е нешто што ќе ви разбуди емоции!фото: CBS News 

Магазин | пред 6 години

13012020_PVRSM_Spasovski_sredba_so_vselenskiot_patrijarh_Vartolomej-1

Стоилковски: Бесрамно, владата го пишува Зоран Заев како дел од владина делегација иако човекот повеќе не е во владата

Зоран Заев и СДСМ продолжуваат да ја злоупотребуваат власта и државата во изборни цели. Зоран Заев е бесрамник кој што нудеше поткуп и го претстави ГГ Вартоломеј, Вселенскиот Патријарх, како нечесник кој што зема мито од 100 или 150 илјади евра за носење одлука на Вселенскиот Патријарх,истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Таквиот став и однос на Зоран Заев кон Вселенскиот патријарх имаше можност да ги слушне сета меѓународна заедница, вклучително и ГГ Вартоломеј.Сега СДСМ и Оливер Спасовски од позиција технички премиер, ја злоупотребуваат посетата на Цариградската патријаршија, ја поистоветуваат државата со партијата и  бесрамно го носат Зоран Заев во Цариградската Патријаршија само и само во изборни цели на СДСМ.Почитувани,Поканите за вакви средби не се однесуваат за лични, приватни односи, туку за меѓудржавни, политички, службени прашања.Елементарна неписменост на СДСМ е поканите кон функции да ги смета за лични, а доколку е така, тоа е нов обид на СДСМ со лага да ги изигра граѓаните!Бесрамно, владата го пишува Зоран Заев како дел од владина делегација иако човекот повеќе не е во владата. Уште по безобразно е што СДСМ злоупотребува владина средба но ја злоупотребува и Цариградската Патријаршија за изборен маркетинг на Зоран Заев.Оттука,Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, што и кого претставува Зоран Заев во владина делегација при државна посета, за која што како влада издадоа соопштение?Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, дали Зоран Заев на средбата се однесувал долично, дали се извинил за искажаната понуда, или останал на понудата од 100-150 илјади евра поткуп за Цариградската Патријаршија?Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, доколку навистина сметаат дека поканата била лична до Зоран Заев, што бараат Оливер Спасовски во својство на премиер и владина делегација на таква лична средба?Владата и Спасовски, а не СДСМ, мора да одговорат, Дали присуството на Зоран Заев во владина делегација е наметнато со цел лажно претставување на Заев во лажно својство, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

0000traktor

Со трактор паднал во провалија, пренесен во болницата „Св. Еразмо Охрид“

На 13.01.2020 околу 13.00 часот во с.Опеница, охридско, Б.В.(56) од с.Опеница, додека управувал трактор без регистарски таблички, изгубил контрола над тракторот и паднал во провалија. Во незгодата, Б.В. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо Охрид“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Седумнаесетгодишна девојка загина а двајца се повредени во сообраќајка кај Миладиновци

На 14.01.2020 во 01.30 часот на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во с.Миладиновци и локален пат за с.Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот. На местото на незгодата починала 17 - годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-parking

Приведена охриѓанка на аеродром - била на листа „апси“

На 13.01.2020 во 18.10 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ била лишена од слобода Ј.Д.(47) од с.Велестово, охридско, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси”, по наредба од Основен суд Гостивар. Таа била предадена на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

1-3

Министерот Наќе Чулев се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ

Денеска, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ амбасадор Клеменс Која. На средбата, амбасадорот Која беше запознат со заложбите на министерството за внатрешни работи за организирањето фер и демократски избори и активностите на полицијата во таа насока.Министерот Чулев побара поддршка од ОБСЕ Мисијата особено за одржувањето обуки за новите полициски службеници кои за прв пат во својата служба ќе се соочат со работни задачи поврзани со изборниот процес. Двајцата соговорници договорија континуирана комуникација и интензивирање на меѓусебната соработка со цел успешна имплементација на активностите поврзани со претстојните парламентарни избори.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

pendarovski

Атиџе е икона на дваесет и првиот век затоа што е борец за баланс, како во еко – системот, така и во секојдневниот живот

Атиџе е жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд., објави медуза.мк.Да се пишува и зборува за Атиџе не е нешто ново.Хероината на „Медена земја“ ми е исклучокот.Атиџе е жолта боја. Таа е автентична и секогаш расположена, топла и распеана, таа е медената еко – свест која нè размрда, жената во која се заљубив уште од првиот момент кога ја видов. И како човек да не биде целосно обземен од нејзината појава?Еве ме, повеќе од четири месеци по среќавањето со Атиџе, сè уште сум обземена од нејзината појава. И не само јас, и не само оние кои го гледале филмот, и не само Сара Џесика Паркер, туку целиот свет. Затоа што станува збор за жена која не се заборава. Не се заборава грижата за мајка ѝ, лупењето на бананите, миењето на косата, не се заборава Атиџе на пазар, вечната борба со небрежноста на соседот, посветеноста кон сето она кое го прави, не се заборава вкусот на медот и дефинитвно не се заборава пораката „пола за мене, пола за пчелите“, симбол за женската грижа и труд. Атиџе е икона на дваесет и првиот век затоа што е борец за баланс, како во еко – системот, така и во секојдневниот живот. А мене, сè што ми останува да кажам е дека еднаш имам играно на Фолтин со Атиџе!Текстот во целост на: Медуза.мк

Магазин | пред 6 години

dik-1

ДИК - Не сме надлежни да одлучуваме за спорниот началник на СВР Скопје

Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна во врска со спорот околу назначувањето на прв човек на СВР Скопје.Со едногласна одлука членовите на ДИК констатираа дека не станува збор за прашање поврзано со правни финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.Со оваа одлука ДИК практично утврди дека именувањето на Ристо Ставревски за нов началник на СВР Скопје потпишана од техничкиот министер Чулев е легална.„Заклучуваме дека овој документ не е акт кој се занимава со финансиски и кадровски работи за организирање на избори регулирани со законот за влада член 46 став 3 од законот за влада“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.Денешната седница на ДИК е по барање на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, за мислење во врска со одлуката за назначувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје. Одлуката не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

novo-lisice-1

(ФОТО) Василичарски средби во Аеродром

Традиционалните василичарски средби што се организираат на територијата на Општина Аеродроми годинава се одржаа на Детската улица „Тоше Проески“ и на платото во паркот во населбата Мичурин, во организација на здруженија на граѓани.Во рамките на прославата на големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара Нова година, се одржа богата музичка програма и кршење на традиционалната погача со златна паричка, а беа избрани и новите кумови.Голем број граѓани присуствуваа на овие прослави што Општина Аеродром традиционално логистички ги поддржува. фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 6 години

foto-2

(ФОТО) Отворена логопедска дисперзирана амбуланта во Здравствениот дом во Куманово

Државниот секретар во Министерството за здравство д-р Владимир Милошев, утрово присуствуваше на отворањето на дисперзирана логопедска амбуланта во Здравствениот дом во Куманово.„Ги подобруваме условите за третман на нашите пациенти. Дечињата, но и возрасните сега нема да мора да патуваат за да го добијат рехабилитацискиот третман. Жителите на Куманово и околните места, од денеска можат во своето место на живеење да ја добијат потребната здравствена заштита“, изјави државниот секретар Милошев.Во оваа амбуланта ќе се третираат сите видови патологија во вербалната комуникација. Логопедот кој ќе работи во амбулантата, доаѓа од Заводот за рехабилитација на слух, глас и говор каде работел под менторство на логопеди од оваа установа. Има поминато неколку специјализирани обуки и е комплетно подготвен да отпочне со самостојна работа.„Ова е голема придобивка за општина Куманово, затоа што секое дете кое има потреба од логопедска помош ќе може да ја добие во местото на живеење. Благодарност за градоначалникот на општина Куманово и директорот на Здравствениот дом кои имаа разбирање за потребите на децата и помогнаа да се најде простор и оваа амбуланта да биде реалност. Родителите со години праќаа барања за вработување на логопед во градот и нивното барање сега е реализирано“, потенцираше државниот секретар Милошев.фото: Министерство за здравство

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Жител на Чашка осомничен за обид за силување во Негорци

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против лице осомничено дека се обидело да стори кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Осомничениот жител на селото Мелница, општина Чашка, на 12 јануари со употреба на сила се обидел да присили на обљуба една жена од селото Негорци. Откако самиот се довел во состојба на пијанство со 1,66 грам промили алкохол во крвта, тој отишол во домот на оштетената и започнал разговор со неа дека сака да ја земе за жена нејзината ќерка. Оштетената го одбила, по што тој ја нападнал, обидувајќи се да ја соблече и да ја принуди на обљуба. Оштетената се бранела, пробувајќи да го оттурне и да повика помош, но осомничениот ја совладал, удирајќи ја и нанесувајќи и повреди на главата и телото. Повиците за помош на оштетената ги слушнале двајца соседи кои дотрчале и му се заканиле на осомничениот дека ќе повикаат полиција, по што тој избегал.Осомничениот претходно е осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за кривичното дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а кое претставува истородно кривично дело со она за кое се гони во конкретниот случај. Имајќи го предвид тој факт, како и ценејќи ги сите други околности кои упатуваат на стравот дека осомничениот би можел да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Гевгелија достави Предлог за определување мерка притвор.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

ФОТО: Јанева прошета низ сокаците со лисици на рацете

Општина Вевчани и оваа година не ги изостави маските на популарните личности кои ја одбележаа изминатата година. Една од нив е и ексспецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Еден од учесниците „се стави во нејзина кожа“, па во фустан, со перика и ланци налик лисици на рацете се прошета низ вевчанските улици. Креативноста отишла дотаму, што, поради случајот „Рекет“, на фустанот закачил и 100 евра. Фотографијата е споделена на страната „Среќа е да си Македонец“ и истата ви ја пренесуваме во продолжениеhttps://www.facebook.com/makedonija1111/posts/2852168581517553

Магазин | пред 6 години

Foto

Хаос кај Пендаровски, обезбедувачите на Иванов се вратиле во претседателската вила, тој им дал слободни денови

Обезбедувачите на експретседателот на државата, Ѓорге Иванов, кои денеска дојдоа на работа во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, добиле два слободни дена, дознава „А1он“. Кога изутринава тие дошле на работа во претседателската вила на Водно, а по телеграмата на министерот Наќе Чулев за укинување на наредбите од Оливер Спасовски, ним им било кажано да одмораат додека да се реши што ќе се прави понатаму. Тоа било најгалантно и најбрзо решение со оглед дека ситуацијата не била предвидена, пишува „А1он“.Образложението им било дадено од вработен во кабинетот на Пендаровски објаснуваќи им дека за нивниот работен ангажман ќе се решава на највиско ниво. Тие, пак, очекуваат до четврток да се реши спорното прашање и да им се дадат работни задачи во кабинетот, каде што се вработени според решенијата што ги имаат.Повеќе на А1ОН.МК

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тачи: ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив, ако прифатат да бидам вицепремиер

Претседателот на ДПА Мендух Тачи, во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 истакна дека чувствува дека СДСМ сака да направи влада без ДУИ. Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во емисијата рече дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му испратил посредник за да соработуваат.Тој вели дека Мицкоски му испратил сериозен посредник од една странска држава, за да го убеди да соработува со ВМРО-ДПМНЕ.Тачи додаде дека стратешкиот партнер на ДПА од 1999 година била ВМРО-ДПМНЕ која била западна ориентирана, насочена кон ЕУ, а дека денеска не ја познава таа политичка партија како таква.Што се однесува до ДУИ Тачи вели:„ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив и да соработувам, ако прифатат да бидам вицепремиер“, рече Тачи.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pazardzii

Пазарџиите и денеска на протест

Пазарџиите од „Зелен пазар“ и денеска на протест. Тие се категорични дека протестот не е организиран поради политички цели. Велат дека ќе протестираат се додека надлежните не ги слушнат нивните проблеми.Инаку протестот на пазарџиите од Зелен пазар започна вчера. Тие го блокираат паркингот поради револтот од поскапувањето на паркингот во општина Центар. Според нив поради цената од 70 денари за еден час паркирање, им се нарушува и онака слабиот промет на пазарот.Инаку Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од  8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

vreme

Времето денеска облачно со температура до 6 степени

Времето денеска ќе биде облачно, со магла по котлините. Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 1 степен, а дневната од 6 до 12 степени.Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до минус 1 степен, а дневната до 6 степени.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

renata

(ФОТО) Паричката кај Дескоска

2020 треба да е среќна година за министерката Рената Дескоска. Таа предмалку на социјлната мрежа ФБ објави фотографија преку која се пофали дека паричката за Василица паднала кај неа.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2582356135376824&set=a.1428625117416604&type=3&theater

Коментари | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски: Фијат Цановски веќе требаше да е во затвор најмалку пред една година

Екс премиерот Никола Груевски будно следи што се случува во Македонија. По денешното рочиште за случајот „ТНТ“ екс премиерот се огласи на ФБ. Груевски  напиша:„Ако во Македонија имаше правна држава Фијат Цановски веќе требаше да е во затвор најмалку пред една година.Овој олигарх својата моќ ја создаде со користење на многу слабости на системот уште пред моето доаѓање на премиерската функција.Од скромен и непознат релативно мал бизнисмен со мала градежна фирма успеал на некој начин да издејствува дозвола од државните органи да отвори универзитет каде според повеќе сведоштва забележани се случаи каде некои се спремни добро да платат за да дојдат до диплома.Според информациите, се чини незаконската градба му била нормална работа, па и објектот на универзитетот му бил дива градба која успеал и како таква да ја стави под хипотека во една банка за кредит.Ова се работи кои обвинителството ако сака може да спроведе истрага, да ги провери и разоткрие.Подоцна на сцена стапува и силната медиумска подршка преку убедливо најмоќниот медиум во тоа време сопственост на неговиот поранешен сват исто така инволвиран во повеќеслоен милионски криминал за кој подоцна беше во затвор.На крајот моќта ја заокружува и преку формирање партија со која го употребува гласачкото тело за да дојде до пратеничка положба како инструмент за освојување на поголема финасиска моќ и влијание.Во фазата кога јас станав Премиер тој веќе во најголема мера ја беше изградил својата бизнис империја, а јас секако споделувам вина што институциите во времето кога бев премиер недоволно се фокусираа да го истражат неговото минато и да го разоткријат и докажат овој концепт на правење бизнис.Сепак со стопирањето на дивата градба на објектот Космос, општината Гази Баба покажа дека правото во Македонија во тоа време за актуелни случаи функционира дури и кога станува збор за високо политичко лице-пратеник и претседател на парламентарна партија во тоа време.Законот предвидува 10 години осуда за кривична одговорност за градење ваква дивоградба како Космос и наместо овој човек да го добие заслуженото, со политичка подршка и разни нему својствени методи, одкако ги загуби сите судски спорови за дивоградбата Косомос, успеа да дојде во ситуација да се представува жртва наместо престапник на Законот кој треба да е изнесен пред суд. Успеа да дојде и во ситуација да бара оштета од државата во вредност од 40 милиони евра, наместо да биде осуден за нелегално градење. Успеа да биде газда на универзитет, наместо државниот систем да направи истрага за начинот како ги заработил парите преку универзитетот и да сноси одговорност за она за што заслужува.Згора на тоа велат дека на тој начин има влијание и контрола на голем број универзитетски професори и интелектуалци ставајќи ги некои од нив во ситуација јавно, политички, правно, пред студенти, медиумски, своите познанстава и личен авторитет да ги ставаат во негова заштита, кој кога зборува се прашувате како ли завршил средно училиште, а за повеќе од тоа неможете ни да помислите.Со доаѓањето на власт на СДСМ овој човек за кого велат дека е голем љубител и посетител на казината низ Европа и светот, најпрвин успеа преку СЈО да му биде повлечено обвинението за дивоградбата Косомос, која службениците на општината Гази Баба навреме ја открија и со почитување на Законот ја стопираа.Дека е дивоградба, самиот Цановски потврдил и писмено, барајќи од истата општина одкако го открила неговиот криминал во овој проект, да му биде промената градежната дозвола и да му биде прилагодена на дивоградбата.Човек кој е чесен, кој е во право, кој работел законски, кој знае дека правдата е на негова страна, кој градел исправно и по закон, никогаш не би потпишал вакво барање со кое признава дека градел незаконски и моли тоа да му се прифати и озакони. Но Фијат потпишал и го доставил до општината Гази Баба.Да, практично одкако не му успеале сите обиди за решавање на проблемот кој свесно си го создал кршејќи го Законот и алчно обидувајќи се да заработи повеќе пари, се одлучил да проба да го реши преку барање од општината незаконската градба да ја озакони и веројатно верувајки дека пратеничката функција, медиумското влијание, влијанието на интелектуалците кои ги контролира и политиката ќе му помогнат во тоа.Но одговорот на општината чии службеници наместо да бидат наградени денес се прогонувани, бил дека непостои законска можност да се смени градежната дозвола бидејќи таа произлегува од Законот, од усвоениот ДУП и од правилникот донесен заедно со него.Затоа, по формирањето на СЈО, овој снаодлив олигарх брзо нашол заеднички јазик со Катица Јанева, кај која видовме како одат работите, па истата експресно го повлече обвинението на обвинителството во судот кој на чуден начин неколку години го чуваше овој предмет “во фиока”, претпоставувам со многу добра причина која само Фијат ја знае.Истовремено, плод на таа “родена нова љубов” меѓу Фијат и Катица беше и отворањето на случајот ТНТ, од кој од она што веќе и јавноста го говори, планот е со незаконско судење, да се дојде до огромен милионски износ на незаконско обештетување кој потоа би се распределил на сите кои помогнале во овој грандиозен криминален проект за незаконско испумпување милиони евра од државниот буџет, за чија реализација потребно е најпрвин неправедно обвинетите во фабрикуваниот случај ТНТ да се прогласат за виновни и осудат.Нервозен што неправдата наидува на пречки и на отпор, на очигледно несогласување на поединци да бидат дел од едно вакво злосторничко здружување, Фијат Цановски денес даде кратка изјава со многу лаги и навреди во неа: дека се сомневал дека јас сум поткупил поротничка, дека сум му ја срушил зградата, сум бил на чело на мафија, се сум диктирал од Будимпешта и други лаги и невистини кои не за прв пат ги искажува.И за крај да кажам, да не биде дека не е кажано.Од она што го имам дознаено олигархот охрабрен од тоа што е дел од власта и веројатно во дослух со истата, на истите темели на Косомос повторно гради зграда, а криминалот и дивоградбата е токму во тие темели и подземни гаражи.Тој веројатно се надева дека додека е на власт ќе изгради и продаде, па потоа ќе се заборави.Да потсетам дека повлекувањето на претходното обвинение за дивоградба не е ниту застарено, ниту конечно.А за новата градба, секако државата одкако ќе се реформира и ќе добие власт која работи по закон може да отвори нов случај и конечно овој транзициски лик да заврши таму каде одамна требаше да биде“, напиша Груевски на ФБ.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158038626847716

Македонија | пред 6 години

Grabez

(ВИДЕО) Оружен грабеж во аптека во Скопје

Разбојник вооружен со пиштол ограбил аптека во трговски центар во Скопје.Според информациите на МВР, вчера околу 17,45 часот во Скопје, во аптека во трговски центар било пријавено дека едно лице со закана со пиштол извршило разбојништво и од вработените одзело пари.СВР-Скопје презема мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

katica-vevcani

(ФОТО) Катица Јанева прошета низ Вевчани

Боки 13, Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Зоран Заев, Француските жолти елеци,  главни маски на годинешниот Вевчански карневал.Традиционално и годинава вевчанци преку маските и играта на сатиричен начин ги исмеааја политичарите и настаните кои ја одбележаа годината што измина.Вевчани и годинава претесно за илјадитната публика од земјава и регионот кои уживаа во отворениот театар без граници кој го нуди Вевчанскиот карневал. најголем дел од фотографиите се од ФБ  Митре Мангоски Радождански

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања