Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

droga-prodazba

Во домот на неговиот дедо чувал марихуана, амфетамин и хашиш

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, неовластено, поради продажба во својот и во домот на неговиот дедо чувал 2,6 кг. марихуана, како и амфетамин и хашиш. Дрогата била пронајдена при претреси во неговиот и домот на неговиот дедо, извршени на 10 и 11 јануари, врз основа на судска наредба. По спроведена постапка, од страна на истражен судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vevcani-1

(ЖИВО) Карневал Вевчани 2020 г

Денеска сите патишта водат кон Вевчани. Цела ноќ спроти Василица се до утрото, според старата традиција, маскираните вевчански василичари одат од куќа до куќа, посетувајќи го секое семејство во Вевчани, каде тие се дарувани од домаќините, а церемонијата заврши на Вевчанските извори.Вевчанскиот карневал стар повеќе од 1400 години претставува интересен спој меѓу паганското и современото. Се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува Новата (православна) година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал се до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала. Во 1993 година, Вевчанскиот карневал, односно Вевчани станува член на ФЦЦ-асоцијација на светските карневалски градови).Вевчанскиот карневал почнува од локацијата на почетокот на Вевчани. Тука се собрани василичарите на двете групи: горномаалски и долномаалски, каде што конечно се извршени проверки на актерите со нивните традиционални маски и воопшто подготвеноста за почетокот на остварувањето на церемонијата на обичаите за карневалските празнувања. Тука се личностите во главни улоги за карневалската свадба и тоа одделно за горномаалските и за долномаалските василичари.Традиционалните маски, како што се памети од памтивека, за василичарската свадба се маските на зетот и невестата. Тоа се две машки лица, преоблечени во старо вевчанско рачно изработено руво. Тие се придружувани од побратимите - маска на Ѓавол, а во поново време маска на Глупи Август. Маската на побратимите е од црна или од црвена боја, но таа треба да биде од страшна - пострашна. Маската, како што се верува, е нивно моќно оружје за да можат успешно да се справат со лошото и несаканото, кое, според преданието, го опкружува природата. Оттука, задачата на побратимите е да ги чуваат зетот и невестата од страшните суштества, магијата и од секаков вид зло што е готово да напаѓа. Свадбарите се василичари и тие се со маска приспособени за ноќни услови спроти Василица. И музиката за василичарската свадба ја сочинуваат вевчанци. Таа во полн состав е од зурли и тапани (свирки и тапани), еднакво за двете групи вевчански василичари.Еве како година се празнува во Вевчани.https://www.facebook.com/vevcanicarnival/videos/1426716800820085/

Македонија | пред 6 години

1-3-1

Натегање за Законот поништување на лустрацијата, покрај ВМРО ДПМНЕ со ова не се сложува ни ДУИ

Власта и опозицијата со различни ставови за Законот за поништување на лустрацијата. Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека нема ништо спорно за него и да се поништи овој закон.„Не сум го видел текстот на законот и немам коментар по него. Гласав за носење на Законот за лустрација и немам проблем ниту со поништувањето на законот”, рече кусо Џафери.Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека нема да го поддржи законското решение, користејќи ги сите правни механизми, вклучувајќи и поднесување амандмани. „Ние сме единствена држва во која кодошите ќе добијат пари од буџетот како оштета. Одговорност за кодошите мора да има и морална и политичка“, рече Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.Прокрај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, поништувањето на лустрацијата го опструираат и ДУИ и Демократската партија на Турците, поради што не може да почне комисиската расправа за овој закон, објави претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски.„Се надевам имаат образложение за нивните постапки. Денешната седница се паузира бидејќи нема кворум, кога ќе имаме услови повторно ќе ја закажам“, рече Кирацовски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sindikat-makedonska-diplomatska-sluzba

Македонскиот дипломатски синдикат бара повлекување на предлог Законот за МНР

Македонскиот дипломатски синдикат го повикува Министерот за надворешни работи да го повлече актуелниот предлог Закон за надворешни работи, се вели во соопштението од синдикатот.Предлог текстот на ЗНР е изготвуван во нетранспарентна постапка, со учество на тесен круг луѓе, без интерна или јавна дебата до неговото објавување во јавноста и не ја ужива поддрршката од големо мнозинство вработени во Министерството.Суштинските забелешки на МДС, дадени по неговото објавување: централизација на моќта во раце на министер и колегиум избран од него, системската рестриктивност што го забавува кариерниот напредок и отфрлањето на регулирањето на положбата и работните права на административниот персонал во предлог текстот – не се прифатени, туку се направени само помали козметички измени заради создавање привид за инклузивност.Големиот број забелешки на предлог Законот дадени деновиве од страна на Секретаријатот за законодавство, Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество и администрација ги потврдуваат забелешките на МДС дека предлог текстот е изготвен непрофесионално, не ја покрива материјата целосно и практично претставува само невешт обид за изготвување на еден по своја природа потесен закон, Закон за диломатска служба, што е сосема различно од Закон за надворешни работи. Со несогласувањето на Министерството за финансии со предложените финансиски аспекти паѓа во вода една од носечките причини за неговото донесување – подобрување на материјалната состојба на вработените, одн. вложувањето во човечките ресурси на македонската дипломатија.Поради споменатата рестриктивност на предлог текстот, хипокризија е во предизборен период со техничка Влада упорно да се форсира упатување на по дваесетина амбасадори и дипломати на работа во странство што поскоро, според постоечкиот Закон, пред донесување на новиот Законот, кој треба да е „реформаторски“ и „во интерес на дипломатијата“.МДС алармира дека евентуално усвојување на вака изготвениот предлог текст на Закон за надворешни работи ќе доведе до несогледиви и долгорочни негативни последици по македонската дипломатија и предлага започнување на нова, овој пат инклузивна постапка, за подготвување на ново законско решение кое што ќе има кредибилитет и ќе ги земе предвид сите аспекти на професионалното дипломатско работење без внатрешни поделби на интересни категории, велат од синдикатот во соопштението.фото: Архива

пред 6 години

Нема фотографија

АА: Владата го отежнува бизнисот, повторно ги зголемува стапките за придонес на плати

Наместо реална поддршка на приватниот сектор и транспарентност кон граѓаните за над 21 милиони евра собрани во 2019 година како резултат на пораст од 0,4% за задолжително инвалидско пензиско осигурување и за 0,1% задолжително здравствено осигурување , владата го прави следниот пораст на истите со удирање врз приватниот сектор и оставајќи ги граѓаните и понатаму без подобрување на здравствените услуги иако здравствените придонеси се зголемени, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Исто како и минатата година, оваа година не најде со дополнителни измени во законот за придонеси и задолжително социјално осигурување кои започнуваат од јануари 2020 година, кои измeни вклучуваат:Зголемување на задолжителните придонеси за инвалидско пензиско осигурување од 18,4% на 18,8%.Зголемување на придонесите за задолжително здравствено осигурување од 7,4% на 7,5%.Врз основа на новата разлика на придонеси, просечната (бруто) плата заклучно со октомври 2019 година изнесува 38.227,00 ден и бројот на вработените заклучно со третиот квартал на 2019 година е 799 546 вработени, приходот во пензискиот инвалидскиот и здравствениот фонд, од новата разлика за само еден месец се очекува да биде зголемен за 2 487 187 евра, додека за целата 2020 година разликата од зголемените приходи ќе биде 29 846 244 евра.Со оглед на тоа што претходните зголемувања на придонесите во 2019 година не доведоа до подобрување на здравствените услуги како и социјалните услуги за пензионерите, цениме дека зголемувањето на придонесите само му штети и го ослабува приватниот сектор, кој сè уште е без реална моќ и поддршка за реализација на економскиот развој на земјата.Затоа е природно да се постави прашањето: За што служи новиот пораст на придонеси доколку истиот не се одрази на животниот стандард на граѓаните?Алијанса за Албанците проценува дека потребата за подобрување на здравствените услуги е исто толку итна како и зголемувањето на пензиите, но тоа не треба да значи одземање од една рака на граѓаните за давање на другата, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

3-1-1

Заев се сретна со Вартоломеј: Веруваме дека Патријархот ќе продолжи да поттикинува дијалог

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со премиерот во преодната влада Оливер Спасовски денеска беше во посета на седиштето на Цариградската Патријаршија каде оствари средба со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.Од страна на претседателот Заев и техничкиот премиер Спасовски до патријархот беше упатена честитка по повод Христовото раѓање – Божиќ.Низ долг и срдечен разговор од страна на претседателот Заев беше изразена надеж дека Патријархот Вартоломеј и оваа година, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за наоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и сите православни верници ширум светот.Претседателот Заев изрази задоволство од средбата со очекување дека взаемната комуникација со Цариградската патријаршија ќе продолжи и во иднина во интерес на сите православни верници во државата.Од страна на претседателот Заев и премиерот Спасовски беше упатена покана Патријархот Вартоломеј, кој ужива голема почит и силна поддршка од сите православни верници во  нашата држава да ја посети Северна Македонија и да се сретне со верниците од православна вероисповед.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

13012020_PVRSM_Spasovski_sredba_so_vselenskiot_patrijarh_Vartolomej-2

(ВИДЕО) Спасовски во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул, се сретна со г. г. Вартоломеј

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, во придружба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи,  Даријан Сотировски, денеска остварија средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул.На средбата, која се оствари како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упати до Зоран Заев додека беше премиер на Владата на нашата земја, претседателот на Вадата на Северна Македонија, Оливер Спасовски на поглаварот на Цариградската патријаршија му го честиташе празникот Христовото раѓање – Божик, со желби за здравје и сила, во мир и спокој да продолжи, како прв меѓу еднаквите во Православната црква, да ги обединува сите сестрински цркви.Средбата во седиштето на Цариградската Патријаршија се одржа во пријатна атмосфера и во срдечниот разговор беше изразена надеж дека и оваа година Патријархот Вартоломеј, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, во срдечната атмосфера на средбата упати покана Патријархот Вартоломеј да ја посети нашата држава и да се сретне со верниот народ.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

kokino

Почина Јовица Станковски, археологот кој го пронајде Кокино

Почина археологот и машински инженер Јовица Станковски, човекот кој го пронајде Кокино. Смејството информира дека Станковски починал по кратко боледување.Станковски  е роден 1949 година во Куманово. Дипломирал на Машински факултет во Скопје во 1975 година, а во 1986 година дипломирал на Историја на уметност со археологија исто така во Скопје.Станковски го пронајде Кокино. Мегалитската опсерваторија е откриена случајно во 2001 год. од страна на  Станковски, а кон крајот на 2001 година биле започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово.Станковски беше долгогодишен директор на НУ Музеј Куманово, како и советник во советот на Општина Куманово.Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Куманово.Фото: ПАНОПТИКУМ 

Македонија | пред 6 години

zelen-pazar-204775

Пазарџиите од „Зелен пазар“ протестираат против поскапиот паркинг во Центар

Пазарџиите од Зелен пазар во Скопје изутрината излегоа на двочасовен протест поради поскапувањето на паркингот во општина Центар. Според нив поради цената од 70 денари за еден час паркирање, им се нарушува и онака слабиот промет на пазарот.Инаку Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” минатата недела донесе одлука со која од  8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје.Фото: Архива

Скопје | пред 6 години

sud-krivicen

Поротничката од “ТНТ” Лилјана Кочовска, поднела неотповиклива оставка

Лилјана Кочовска, поротникот во случајот ТНТ чиј мандат беше истечен, денеска до судот поднела неотповиклива оставка. Во оставката навела дека се  повлекува од здравствени причини.Таа пред почетокот на судењето за „ТНТ“ писмено го известила Кривичниот суд дека се повлекува.Ова пред почетокот на судењето го соопште судијата Огнен Ставрев. Тој додаде дека законот во ваков случај предвидува постапката да започне од почеток.Инаку поротничката Ивановска Кочковска се повлекува по втор пат.Инаку во судница не се појавија ниту обвинетиот Тони Трајковски, ниту обвинетата Елизабета Најдовска. Адвокатите кажаа дека не добиле покана.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

droga-prodazba

Во притвор дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка за едно лице, 24-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции.  При извршен претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници при СВР Куманово,  биле пронајдени и со потврда одземени вкупно 2638,13 грама марихуана, 0,14 грама хашиш ,  1,40 грама амфетамин и една дигитална вага. Осомничениот дрогата ја сокрил во повеќе паковки во куќа во која  престојувал  и во куќа сопственост на неговиот дедо.Заедно со донесената Наредба за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител достави предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат основи дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе го повтори кривичното дело.  Судот  донесе решение со кое ја определи предложената мерка, во траење од 30 дена .фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Богата програма за празникот Богојавление - Водици

Во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18-ти јануари со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.На 19-ти јануари на денот на празникот, со почеток во 10 часот на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.Во насока на збогатување на содржините за гостите, на 20-ти јануари во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, на празникот Свети Јован Крстител, на Градскиот плоштад со почеток во 12 часот ќе се одржи концерт на македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски.

Македонија | пред 6 години

kucinja

(ВИДЕО) Глутници кучиња по охридските улици, девојка успеа да избега

Кучиња скитници насекаде во Охрид. Граѓаните се жалат  на глутниците,  кои ги има  речиси насекаде. Велат не се чуствуваат безбедни, бидејќи се случува кучињата да манифестираат  агресивност. Особено загрижуваат кучињата од големите раси. Стравот кај граѓаните е уште поголем во вечерните часови. Велат по улиците освен кучиња нема никој.  Токму такво видео ни испрати читател на Охрид 1.На видеото се гледа како глутница кучиња заобиколуваат девојка. Овие случаи се секојдневие на Охрид.И покрај најавите на надлежните дека Охрид конечно доби стационар и дека проблемот ќе биде решен, ни трага ни глас од стационарот.Од друга страна пак, граѓани одлучија на свој начин да стават крај на ова. На крајно нечовечен начин со труење, проблемот не се решава.Во секој случај едно е сигурно, Охрид има проблем кој најитно мора да се реши.

Македонија | пред 6 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Од  годинава 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, со одлука која Владата ја донесе на седница минатиот месец. Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик.Азбуката е создадена на 3 мај 1945 и е предложена на тогашната Влада. Таа ја прифатила и азбуката е официјализирана на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“, зашто во тоа време не постоел Службен весник каде што државата ги објавува своите одлуки. Објавувањето на 5 мај се смета за службен документ.Процесот на создавање на азбуката бил долг и не бил лесен. Тоа го опишал и Блаже Конески. Имало две комисии, според некои три, и не се согласиле сите одеднаш.На 2 август 1944 делегатите на Првото заседание на АСНОМ го прогласиле македонскиот јазик за официјален во македонската држава. На 3 мај 1945 е усвоена македонската азбука, а на 7 јуни е усвоен македонскиот правопис, со што се стандардизира македонскиот јазик и станува јазик на државата – во тоа време Демократска Федерална Македонија која е во заедница со другите југословенски народи. Секој си имал свој државен јазик и македонскиот се издигнал на ниво на државен јазик.Првата стандардизација е направена уште од Крсте Мисирков во 1903-та, но не заживеала, освен во неговата книга, затоа што не постоела држава за да стане стандарден јазик односно да биде јазик на администрацијата, образованието, на науката и на културата воопшто. Стандардизирањето е овозможено со создавањето на  државата, со АСНОМ во 1944 година.  

Македонија | пред 6 години

Ogan-voda

(ВИДЕО) Годинава за прв пат Василичарски оган и под вода

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ оваа година на навистина невообичаен, но и атрактивен начин ја прославија Стара нова година.Тие запалија василичарски оган во водите на Охридското Езеро, во Заливот на коските, кај Музејот на вода.фото и видео: Амфора

Македонија | пред 6 години

joci

СЕЕЊЕ СТРАВ И ЗАКАНИ: Кој ќе преживее до 12 април, ќе раскажува

Фб статус на новинарката Јорданка Ивановска Јоци. Таа пишува:СЕЕЊЕ СТРАВ И ЗАКАНИ: Кој ќе преживее до 12 април, ќе раскажуваПо десетина дена техничка Влада, односно изместени политички сили и влез на ВМРО-ДПМНЕ во извршната власт, јавноста веќе почна да добива мали сигнали дека нешто не е во ред. Тоа ,,нешто" се заканите по живот, отворени или суптилни, кои ги добиваат активни новинари или јавни личности, политички коментатори кои кројат јавно мислење и допираат до поголема публика.Многу нешта не се исти како претходно и веќе воздухот мириса поинаку. Труе на луѓе кои власта ја земаат ,,здраво за готово".Веќе е јасно дека не станува збор за циклични и случајни, напротив за последователни и временски набиени сериозни закани кон луѓето кои кројат јавно мислење, а кои се обележани како ,,шарени" и ,,северџани", луѓе кои пишуваа и делуваа за симнување од власт на екс премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Некои закани се пријавени во МВР, а многу други суптилни се непријавени поради недоверба во техничката Влада. И тој јаз, тој кањон, допрва ќе се зголемува и гледа појасно од јавноста до 12 април.Дел од опозициските симпатизери и членови, по три години молк и два-три ,,блуткави" протести за ,,името", сега се осоколени, помирисале малку власт и адреналински се нафрлаат со закани, клевети, навреди и одмаздничка реторика кон луѓе кои не се нивен ,,табор". Најмногу на социјални мрежи, но заканите се префрлија и во реалниот свет преку телефонски јавувања или праќање на разни ,,пријателски поздрави".Разноразни сеат страв, хушкаат и така-некако се додворуваат на својата партија, во надеж дека некој ќе ги забележи и награди за нивната ,,храброст".Но, сепак ,,центарот" на заканите, иако некои сакаат да го замаглат со пацерска пропаганда, е многу јасен ако пареата на стаклото се исчисти со еден потег со раката - речиси секогаш станува збор за истурени фигури, блиски до ВМРО-ДПМНЕ, без разлика дали станува збор за симпатизери или членови.Во новинарските кругови, зборот за луѓето кои се цел на закани е - ,,таргет".Искусните новинари, кои поминале многу добро знаат. Кога ќе станат ,,таргет" поради икс причини, а точно го знаат ,,центарот", не смеат да чекаат повеќе од 24 часа за тоа да го решат. По 24 часа чекање, заканите се шират на поголем круг на луѓе кои се инспирираат меѓусебе и добиваат друг правец, ако не бидат спречени навреме.Се ,,озрачуваат" како Фукушима други луѓе со неодговорноста на тој еден и тие, свесно или несвесно, стануваат негови компањони.Тоа се учи по предметот ,,социјална психологија" каде еден човек инспирира други, хушка, зборува лаги, а ако не се спречи навреме, не се ,,пресечат", потоа се групираат. А, во група, пред избори, секој поединец добива ,,кокаинска" сила и не размислува за последиците со здрав разум. Имено, веќе тоа се случи на крвавиот ,,27 април".Понекогаш вакви работи се решаваат преку пријатели за смирување на страстите, ако сте имале некогаш пријателска комуникација, а повеќе не, но сепак - никогаш не сте 100 отсто сигурни дали ,,лекот" делувал кон заканувачот. Треба да се добива редовно инфо за однесувањето на заканувачот, дали отстапува од секојдневна рутина за да бидете сигурни дека не планира нешто друго. Дали неговиот ум ја примил пораката да се смири или само глуми.Поради тоа секој искусен новинар или влијателна личност во ракав мора да држи пет ,,аса" кога некој друг ќе почне прв. Не еден ,,ас". И никогаш да не ги вадите сите наеднаш на масата. Можеби е човечки неетички, но така се штитите. Градите бедем околу вас и праќате порака дека нема да молчите кон заканувачите. Она кое сте сметале дека не мора да го објавите за да не напакостите, секако станува опција ако се чувствувате загрозени.Меѓу етиката и оние кои сакаат да ве нема, поради тоа што знаете многу, јас го бирам секогаш второто. И подготвена сум на се` со перото, со материјални докази.Може да пратите јавни пораки дека не се плашите за да ги стабилизирате демонските умови, но никогаш не ги потценувајте.Од мое лично искуство, вакво нешто се случи кога во редакцијата на ,,Вест" со бодигарди дојде да се заканува по живот, покоен Никола Николиќ, газдата на ,,Фиком". Заканите се решија со посредство на политичари - пријатели. Речиси сите сериозни јавни личности секогаш имаат политичари-пријатели зад себе кои знаат да ,,удрат на маса" кога треба. Од двете страни пријатели. Разумни, кои ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата и дека штетата кон партијата на која припаѓаат, мора брзо да се спречи.Последната сериозна закана кон мене од снимател на ,,Инфомакс" е пријавена во МВР и очекувам Јавното обвинителство за постапи по неа. Бидејќи, понекогаш сето погоренаведено е невозможно за некои луѓе, по сопствена проценка. И пријава во полиција со материјални докази - преписки кои сте ги добиле, а се со вокабулар кој цели кон загрозување на вашиот живот, е единствениот начин.Има и други, кои, не се пријавени, но се привремено решени.И за крај. При евентуален напад, личноста во чие име се испраќаат разни ,,поздрави" со кои се загрозува вашата сигурност и живот, а за тоа има пишани докази, иако некој мисли дека не е директно инволвиран, сепак станува осомничен за конспирација.12.01.2020, СкопјеЈИЈhttps://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220906526672855&set=a.10206993089605624&type=3&theater  

Македонија | пред 6 години

Krst-na-celo

(ФОТО) Му се појави крвав крст на чело - никој не знае што се случува, ни лекари, ниту свештеници...

Ненад Пауновиќ (33), ветеринар од Панчево, тврди дека на големите христијански празници, како што се Божиќ, Велигден и Водици,му се појавува крст на челото.На почетокот, вели тој, протекува течност што личи на лимфата , а потоа тече крв . И така беше вчера наутро, на Божиќ. По десетти пат, тој ја преживеа оваа чудна состојба, за која побара медицина во медицината и во црквата. И не го најде објаснување ! На неговото чело беше рана во форма на крст , од која течеше крв. Мирисаше на темјан. Ненад ни откри дека во моментов страда од силна болка низ целото тело, дека е свесен дека ќе биде така во наредните седум дена, објави Инфомакс.мк.Ме боли се– Целото тело ме боли. Ноќта пред Божиќ, најпрво ми се појави крст на челото, а потоа лимфата почна да протекува, а потоа почна да ми тече крв – тоа беа првите зборови на овој чуден млад човек, татко на двегодишно дете.– Не знам што се случува со мене! Никој не го знае тоа! Ни лекари, ниту свештеници! Ги прашав за помош, но никој неможе да ми помогне – вели Пауновиќ, сеќавајќи се на првиот настап на тој крвав крст.– Тоа се случи пред десет години, на крштевањето на мојот пријател. Јас бев негов кум. Свештеникот  ми нацрта крст на челото со масло. Потоа се појави крст на кожата. Лекарот мислеше дека имам алергија.Тоа помина, но истата рана ми се појави на Божиќ, Велигден и Богојавление. Моите обиди да разберам што ми се случува со помош на  свештениците беше неуспешно – објаснува нашиот соговорник и додава дека ги посетил и манастирите во истата прилика.Енигма– Никој од нив не знаеше што се ми случува. Препуштен на себе, барав одговори во разни книги и дојдов до заклучок дека тоа може да биде стигма или рана на Исус. Една девојка ми дојде еднаш. Додека ми пријде, одеднаш почна да се тресе и да плаче. И двајцата не знаевме зошто. Тогаш сонував човек во бело. Ми кажуваше нешто. Отидов кај свештеник. Тој ги нашол овие зборови во книгата „Појас“ или книгата за молитви. Се работеше за молитва – објаснува Пауновиќ, додавајќи:– Кога луѓето ме гледаат за време на празниците, тие мислат дека се сечам. Но, ако го сторам тоа веќе десет години, веројатно ќе имав лузна на тоа место. И јас немам! Од друга страна, има и такви што велат дека сум исцелител. Јас или не! Сè што знам е дека се чувствувам добро кога ќе помогнам некого – Пауновиќ е искрен.извор: Инфомакс.мк

Магазин | пред 6 години

Petar-prustov-prasalnik

(ВИДЕО) Прустов прашалник со Петар Богојевски

Која е негова омилена доблест? Омилена осибина кај мажите? Особина која ја посакува кај жените? Идеја за Среќа? Што би сакал да биде? На овие но и многу други кратки прашања, во Прустовиот прашалник одговара Петар Богојевски.

Магазин | пред 6 години

lozano

(ФОТО) Лозано доби двојно државјанство

Градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски на Lozano - Vlatko Lozanoski му го додели Вевчанскиот пасош. Од денеска, Лозано е Вевчанец!Лозано покажувајќи го пасошот - Вевчански, веднаш се пофали на својот инстаграм профил Вевчански. Пејачот вечерва ќе настапи во Вевчани, по повод овогодинешниот карневал, кој се одржува под мотото „Напрај се василичар“.https://www.facebook.com/vevcanicarnival/photos/a.1404395233135450/2544302492478046/?type=3&theaterПокрај Лозано, Вевчанските пасоши ги подигнаа и И Eye Cue .https://www.facebook.com/vevcanicarnival/photos/a.1404395233135450/2544348655806763/?type=3&theater  

Магазин | пред 6 години

anastasija

Убава вест - Малата Анастасија оди на лекување, средствата се собрани

Одлични вести од родителите на малата Анастасија ♥️Собрани се потребните финансиски средства за нашата Анастасија ♥️Драги хумани луѓеСакаме да Ве информираме дека потребните финансиски средства за нашата АНАСТАСИЈА ♥️ благодарение на сите вас се обезбедени.Со Огромна почит ви се заблагодаруваме на хуманоста, што ни дозволивте да се бориме за животот на нашето мило дете, да може како и сите останати дечиња да се радува заедно со мама и тато.Катица и Ристе РизовиОД СРЦЕ♥️ВИ БЛАГОДАРИМЕНапишаа родителите на малата Анастасија на фејсбук.Малата Анастасија од Пирава, Валандово се бори со тешка форма на тумор, родителите бараа донации за операција и лекување во Турција.Граѓаните ја покажаа хуманоста на дело.На нашата Анастасија и посакуваме брзо оздравување и среќно детство ♥️

Македонија | пред 6 години

deca-1

(ВИДЕО) Самохран татко на пет деца, се бори со сиромаштијата и студот, бара помош од хуманите

Измрзнати и гладни, во недоизградена куќичка, без елементарни услови за живот, без бања, во импровизирани соби, меѓу ѕидови од голи цигли полни со дупки од каде што постојано дува, без можност за лична хигиена, со расипан шпорет и без греење… Вака преживуваат 39-годишниот Ајнур Симоновски и неговите пет малолетни деца, Алмир, Љубица, Јасмина, Леонора и најмалиот Анџело, кои се без мајка. Мајка им починала минатата година во септември, кусо по породувањето со најмалиот Анџело. „Никогаш нема да ја запознае мајка си“ – вели таткото Ајнур, објави frontline.mk.И покрај бедата во која едвај преживуваат, Ајнур вели дека најтешко од сè му паѓа што дечињата навечер заспиваат гладни, а наутро не можат да се разбудат од студот.Самохраниот татко кој едвај постигнува да ги задоволи барем најосновните потреби на петте малолетни дечиња, упати апел до сите добри луѓе, компании, институции, доколку се во можност да им помогнат, за да можат и неговите дечиња да почувствуваат што е вистински дом.Текстот во целост на: frontline.mk

Македонија | пред 6 години

82221755_506181806693336_5184581694472060928_n

Димковски: Институциите постапуваат согласно законите и нема да се штити криминал

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и сите институции во рамки на министерството и на Владата на Република Северна Македонија, работат транспарентно и се во комплетна функција на граѓаните, порача на денешната пресконференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во врска со објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“.Димковски потенцираше дека јавноста е должна да ја знае вистината за разговорот кој денеска го објави пораталот, додавајќи дека се работи за разговор помеѓу две лица, советникот од кабинетот на министерот Димковски Мојсовски и лице кое порталот не го обелоденува со име.„Јасно се слуша дека, советникот Мојсовски му посочува на лицето да постапува согласно законот и да не ги штити оние кои го кршеле законот во врска  со концесијата на Охридското езеро. Минатиот месец до нас стигна допис од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ , во кој се посочува дека постои отсуство на преземени активности од страна на Државниот инспекторат Охрид и Струга и на концесионерот на Охридското езеро „Летница –Белвица“, во делот на контролите за откривање и спречување на криминал.  Конкретно, центарот алармира дека токму концесионерот има вработени лица за стопански риболов кои се познати сторители на кривични дела како шпто се незаконски риболов и недозволена трговија со дрога. Овие лица го злоупотребиле стопанскиот риболов и со помош на необележани пловни објекти за стопански риболов учествуваат, помагаат и овозможуваат извршување на кривични дела, криумчарење на марихуана и риба преку сината граница на крајбрежјето на Охридско езеро“, изјави министерот Димковски.При тоа, Димковски изјави дека посоченото лице во аудио снимката е директно задолжено и одговорно во име на Државниот инспекторат за земјоделство, а со тоа и за концедентот Република Северна Македонија, и согласно договорот за концесија, да го следи концесионерот да и презема соодветни мерки за почитување и исполнување на обврските од договорот.„На многуте состаноци што ги одржавме во просториите на езерската полиција ми беше предочено дека ова лице не си ја врши својата должност, одбегнува да соработува со езерската полиција и три месеци воопшто не направил надзор на извршување на концесијата. Поради тоа дошло до низа прекршувања и казнени дела.Односно непочитување на договорот, а со тоа и нарушување на заштитата на рибите и водата, неконтролиран улов од риба и нелегален пренос на риба во соседна земја“, изјави министерот Димковски.За нерегуларностите на концесионерот на Охридското езеро, МЗШВ изминатиов период доби, многу поплаки и од граѓаните. МЗШВ соодветно реагираше до ДИЗ, Пазарен инпсекторат, Трудов инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство за да се извршат  итни инспекциски контроли на терен.фото: МЗШВ

Македонија | пред 6 години

zadusila-pernica

ФОТО: Сопругата на ексдиректор на скопска телевизија се обидела да го убие

Екс-директорот на локалната скопска телевизја ЕРА, Абдула Мематај на 3 јануари околу 2:40 часот по полноќ, бил мета на напад од неговата сопруга. Неофицијално таа го врзала за спалната за рацете и за нозете и се обидела да го удави со перница, објави Коха.Но, обидот и бил неуспешен бидејќи тој станал и се одврзал. Додека се симнувал по скалите во призјемето на зградата бил удрен по глава со чекан од што добил и повреди.фото: Pond5 

Македонија | пред 6 години

prevrtena-kola-2

(ФОТО) Автомобил се излизга и преврте кај Стража

На Стража се преврти автомобил, до несреќата дошло поради врнежите од снег како и од не грижата на Јавното претпријатие за државни патишта, кое што треба да се погрижи за чистењето на снегот и да обезбеди нормална комуникација во сообраќајот на патиштата ширум земјата.-Снегот ги изненади во јануари, стои во објавата на Фејсбук групата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. фото: ФБ Комисија за локална самоуправа

Македонија | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Управување со промени

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс. Сите ние посакуваме нештата во нашиот живот да се одвиваат на позитивен и хармоничен начин, но дали е тоа возможно во ова денешно време опфатено со многу борби, неизвесности и промени. Неподготвеноста за соочување со разните промени кои станаа белег на современото живеење, може да создаде големи тешкотии за воспоставување мир и стабилност во животот. Себеприфаќањето, позитивниот однос кон мигот на сегашноста, внатрешната хармонија и силниот дух се основни вредности за надминување на проблемите и соочување со промените. Колку подобро управуваме со промените толку похармонично ќе ни биде во животот. Стабилноста на карактерот, непоколебливоста, жилавоста и решителноста во бранењето на сопствените права и вредности се силна брана пред налетот на разните негативни влијанија на околината.Промените најчесто се тесно поврзани со проблемите. Кога се чувствуваме сигурни и стабилни со самите себе, тогаш најмалку сакаме да ни се случуваат промени и искушенија кои би можеле да го нарушат комодитетот на личноста. Античкиот филозоф Хераклит има кажано: „Сè тече, сè се менува“. Тоа значи дека ништо не е статично, туку сè е подложно на промена. Ако промената е вечна, што е исто така вечно – проблеми. Промената е дел од животот, а животот е исполнет со проблеми. Луѓето не ги сакаат промените, бидејќи се плашат од проблеми и потенцијални конфликти.„Колку повеќе има промени толку повеќе ќе се соочуваме со проблеми“, смета светски познатиот деловен консултант Исак Адижес (роден во Скопје). Индустриската револуција и информатичката технологија предизвикаа промените се побрзо да се случуваат и да создаваат нови начини на функционирање на општествен, економски и социјален план. Социјалните мрежи во голема мера ја олеснија можноста за пронаоѓање партнери, но предизвикаа и растурање на многу љубовни и брачни врски. Односот кон семејните вредности почна да се менува, моралот сè поретко се пропагира и почитува, како и чувството за општо добро, духовноста и мудроста. Сите ние се повеќе сме под удар на лошите егзистенцијални околности, манифестирани низ опасност од болести, материјална немаштија, губење на работно место, негативни меѓучовечки односи, нарушување на приватноста и закана за безбедноста.Денес стана исклучително тешко однапред да се планираат активности и да се носат стратегиски одлуки кои ќе гарантираат сигурност и стабилност во подолг временски период. Нештата се менуваат со вртоглава брзина, така што современиот човек не знае што може да очекува и со какви искушенија, борби и тешкотии ќе мора да се соочува.КОЛКУ ПРОБЛЕМИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ, ТОЛКУ ПОСИЛНО СМЕ ПОД УДАР НА СТРЕСОТ И ПОДЛОЖНИ НА КОНФЛИКТИ. СООЧУВАЊЕТО СО ПРОБЛЕМИТЕ СОЗДАВА КОНФЛИКТ, А СЕКОЈ КОНФЛИКТ ПРЕДИЗВИКУВА СТРАДАЊЕ. КОНФЛИКТОТ ТРОШИ ЕНЕРГИЈА. БОЛЕН Е ЗА СИТЕ, ТАКА ШТО ЛУЃЕТО ТРАГААТ ПО РЕШЕНИЈА СО ШТО БИ СЕ СПРЕЧИЛА ПОЈАВАТА НА КОНФЛИКТИ.Егзистенцијалната неизвесност предизвика животот постојано да биде исполнет со стрес, нервоза и конфликти. Брзото темпо на живеење создаде притисок да се стигне, да се постигне, да се има и да се биде што побогат, поуспешен, статусно воздигнат, предметно определен и телесно задоволен. Моќта, парите и телото станаа сè, наметнувајќи ја тезата дека „ако немаш пари и моќ, ништо не си“. Но, дали парите, моќта и статусот можат да ни го купат мирот во душата и да нé извлечат од празнотијата на духот, фрустрацијата и површноста?Копнежот за што повеќе и повеќе материјални добра човекот го претвори во роб на предметното и телесното.Опсесивната насоченост кон материјалното и тоталната предаденост на работата создадоа предуслови луѓето се поретко да наоѓаат време за уживање, смеење и споделување на позитивните емоции со најблиските. Борбата за повисок стандард, создаде понизок квалитет на животот низ гледна точка на недостиг на емпатија, време за себе, топли меѓучовечки односи, внатрешна хармонија, искрена љубов и посветеност на блиските.Едно од главните прашања стана: Како да ги избегнеме притисоците и опасностите присутни во современото живеење и да останеме смирени, опуштени и насочени кон духовните вредности на животот?Опасноста за психофизичката состојба на нашата личност се појавува ако не ги контролираме своите желби, односно се прејадуваме;станеме подложни на разни пороци и ниски страсти;постојано работиме и не наоѓаме време за одмор; дозволиме да бидеме искористувани и експлоатирани од другите; се разјадуваме со негативни мисли; долг период трпиме надворешни притисоци и живееме на граница на силите со нагон на самоодржување. Сите овие ситуации покажуваат дека е нужно да направиме коренити промени во својот живот и да престанеме да се самоуништуваме со практикување на негативната матрица на однесување. Промената е чин на мигот, така што не се потребни преголеми мудрости, тактики и логики, туку потребни се одлуки и имплементирање на тие одлуки во правецот на афирмативната решеност за создавање позитивни промени во сопствениот живот.НЕ Е ДОВОЛНО ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ПРОМЕНИТЕ, ТУКУ ТРЕБА ДА ДЕЈСТВУВАМЕ И ПРАКТИЧНО ДА ГИ РЕАЛИЗИРАМЕ ЦЕЛИТЕ. ЕДНА ОД ГЛАВНИТЕ ЦЕЛИ НА ЧОВЕКОТ Е ДА УМЕЕ ДА УПРАВУВА СО ПРОМЕНИТЕ, ДА УСПЕЕ ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕ ОД ПРОБЛЕМИТЕ И ДА ВОСПОСТАВИ ВНАТРЕШНА ХАРМОНИЈА.Промената може да дојде однадвор или однатре. Патот кон внатрешната промена секогаш е поврзан со будење на свеста, себеприфаќањето, ослободувањето од чувството на вина, позитивниот начин на размислување, личниот развој и препознавањето на сопствените вредности. Покрај промените, вечни се и проблемите, но и можностите за подобрување на состојбата во која се наоѓаме. Само кога нема да нè има на овој свет ќе престанеме да се сретнуваме со промени, проблеми и можности. Да се живее значи да се решаваат проблеми, а духовно да се порасне значи да се биде способен да се решаваат поголеми проблеми. „Помал број на проблеми не е знак за развој, туку за умирање“, напишал Исак Адижес. Според него: „Малото дете има многу проблеми, старата личност која е на умирање има само еден проблем – како да остане жива“.СЕКОЈ ПРОБЛЕМ Е ПРИКРИЕНА ШАНСА И СЕКОЈА ШАНСА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИКРИЕН ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМОТ Е МОЖНОСТ НЕШТО ДА НАУЧИМЕ И ДА СТАНЕМЕ ПОДОБРИ ВО ТОА ШТО ГО РАБОТИМЕ. ОДНОСОТ КОН ПРОБЛЕМИТЕ ЗБОРУВА ЗА ЈАЧИНАТА НА НАШИОТ ДУХ И ЗА СПОСОБНОСТА ДА УПРАВУВАМЕ СО ПРОМЕНИТЕ. КОГА НЕ БИ ПОСТОЕЛЕ ПРОБЛЕМИ, НЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА ЈА ТЕСТИРАМЕ ДУХОВНАТА СИЛА И ДА ПРЕИСПИТАМЕ КОЛКУ ВРЕДИМЕ.Ако сакаме проблемите да ги претвориме во прилики, неопходно е да ги спроведеме следните чекори: да ја преиспитаме ситуацијата во која се наоѓаме; да одлучиме што да работиме; да веруваме во сопствените способности и ефикасно да ги спроведеме своите одлуки. Многумина донеле одлуки во однос на пушење, јадење, неостанување до доцна во ноќта и други лоши навики, но сепак немале волја да ги спроведат тие одлуки на дело. За да ги решиме проблемите мора да бидеме настојчиви, доследни и одлучни во реализација на промените.Одредени лица не можат да ги ефектуираат одлуките, бидејќи сметаат дека немаат доволно информации или се плашат да ризикуваат. Тие не сфаќаат дека најлошата варијанта е да донесат одлука дека не треба да се донесува одлука. Поентата не е да ја избегнуваме промената, туку конфликтот што го предизвикала промената да биде конструктивен, а не деструктивен. Сите промени не создаваат проблеми, посебно ако правилно управуваме со промените и точно знаеме што сакаме и што треба да постигнеме.Многу од промените се шанса за нешто ново и подобро  така што не треба да бегаме од промените, посебно ако тие промени може да нé извлечат од лошите и неубави нешта во животот.фото: Архива

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања