Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Kolektor

(ФОТО) Обележување, снимање, чистење на цевководот - започна санацијата на колекторскиот систем

Започна санацијата на колекторскиот систем. Директор на новоформираното државно јавно претпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски вели:„Санација на колекторскиот систем. Обележување, пристапни патишта, снимање на цевководот, прочистување на цевковод, отстранување на корења и нечистотии, прочистување на препумпни станици...........Ова е само почетокот на досега најголемата санација на со години запуштениот систем за заштита на нашиот бисер. Систем во тотален колапс. Систем за кој рековме дека ќе го вратиме во нормала, систем кој уште долги години ќе го заштитува езерото“. фото: ФБ Владимир Алексијоски  

Македонија | пред 6 години

centralen-registar

(ФОТО) Објавија дека директорката е зафатена со местење тендери, па дека ФБ страната им е хакирана

По последните случувања околу заканите кои до новинарката на порталот А1он беа упатени и реакциите од страна на институциите, утрово на официјалната страница на Централен регистар Објавен е статус во кој пишува:„Почитувани новинари,Директорката на Централен регистар на РМ, во моментов е зафатена со местење тендери и мобинг кон членови на ВМРО! За 2 месеци, кога ќе се спрема за во затвор, ќе може да ви одговори на сите прашања“.По овој скандалозен статус , на ФБ страницата на Централен регистар од таму пристигна и соопштение во кое се вели дека страницата е хакирана.„Ве молиме објавите кои ќе бидат објавувани од таа страна да ги игнорирате, бидејќи содржините на истата не се став на Централен регистар на Република Северна Македонија. Во моментот се изработува нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени. Воедно страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен реистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие. Овој случај исто така ќе биде пријавен до секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат“, се вели во испратеното соопштение од Централен регистар.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mekici-straza

(ФОТО) Станаа ли “Мекиците од Стража” бугарски?

Кога немаш своја идеја укради од соседот. Вака може да се опише најновиот потег на  Бугарски бизнисмени. Воодушевени од идејата за „Мекиците на Стража“, бизнисмени одлучиле да создадат ист бренд  во Бугарија.Фотографија од „Мекиците на Стражата“, се шерува на социјалните мрежи...https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2233046103666706&set=a.1419651545006170&type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Куќата на премиерот еден час останала без обезбедување, по телеграмата на Чулев

Куќата во Куманово во која живее премиерот на техничката влада, Оливер Спасовски, вчера еден час останала без полицаец во стражарската куќичка, вели извор од полицијата за „360 степени“.Случајот, според истиот извор, е последица на телеграмата што во петокот министерот Чулев ја испратил до сите организациски единици во МВР, со која ги известува раководителите дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици, престануваат да важат. По аларм од личното обезбедување на Спасовски, проблемот бил решен со вонредна реакција на началникот на СВР Куманово.Текстот во целост на: „360 степени“

Македонија | пред 6 години

lider

(АУДИО) Лидер објави скандалозна аудио снимка - Закани и уцени од кабинетот на министерот за земјоделие

Скандалозна аудио снимка од разговор помеѓу Томе Мојсовски, советник на министерот за земјоделие Трајан Димковски и лице вработено во инспектарот во Охрид – пристигна до редакцијата на „Економски Лидер“.Откако ја утврдивме автентичноста на разговорот, но и го детектиравме очигледниот јавен интерес – ја објавуваме на нашиот медиум, пушуваат од Лидер.На снимката се слуша како Мојсовски, кој важи за еден од најблиските луѓе до министерот, го уценува инспекторот од Охрид да укине одредена концесија, а доколку не го стори тоа го принудува да си поднесе оставка.Текстот во целост на. Лидер.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Болница во Штип нема, а наместо казна уште 7 милиони евра за изведувачот

Болница во Штип нема, а наместо казна за изведувачот, по две години доцнење со проектот, Венко Филипче и Зоран Заев одлучиле да му дадат уште 7 милиони евра, рече денеска на прес-конференција потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.Филипче и Заев се имиња кои што се повторуваат во „Рекет 1“, „Рекет 2“, во „Рекет 3“!Обвинителството сериозно мора да го испита овој случај.Зошто не е активирана банкарската гаранција за изведувачот по доцнењето со градбата на штипската болница?Зошто по втор пат се продолжува рокот без пенали за изведувачот на штипската болница?Зошто сега по сето доцнење на изведувачот, се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот на Република Македонија?Сето ова длабоко го нарушува договореното на тендер за градба на болницата, најмногу во делот на цената за изведување, како приоритет во условите за добивање на тендерот?Ако за проект вреден 30 милиони евра и веројатно во себе содржи и рамка минимум од 2 милиони евра за непредвидени трошоци, сега се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот, работата е длабоко загазена.Тоа е дел од работата на обвинителството кое мора, според закон, во овој случај да поведе постапка по допрен глас, истакна потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

petar_bogoyeski

(ВИДЕО) Богојевски во интервју за Нова -„Македонија мора да се ослободи од мафијата“

Петар Богојевски, иницијатор на политичката платформа, “Македонски концепт”, во интервју за порталот НОВА, го обвини Мицкоски дека го прекршил дадениот збор, ако стане претседател дека ќе ги заврши комплетно реформите во партијата, односно промени на политиките, кадровски промени и статусот.– Тоа веќе е касно, сега на ВМРО ДПМНЕ и е потребна комплетна трансформација во форма на унија. Таму ме имаат мене, јас сум сеуште член на ВМРО ДПМНЕ, го имаат прозападното или реформаторско крило, го имате Советскиот блок на ВМРО ДПМНЕ кои се доста засилени, чиј лидер е Мицкоски, има бандитски блок таму кои функционираат во кохабитација, ги има клиентелата кои секогаш се на страна на печатот, така да самата таа структура бара нова визија за решение на таа партија.

Македонија | пред 6 години

dauti

Даути: Последен апел за прекин на самоволието на Кривичниот суд и носење на итни одлуки

Мерџан Даути, адвокат во случајот „ТНТ“ кој се однесува за уривање на објектот „Космос“ денеска  со ново соопштение  во кое што вели : Последен апел за прекин на самоволието на Кривичниот суд и носење на итни одлуки со цел владеење на правото!!! Во писмото од Даути се вели:Овој апел го испраќам до единствената институција која во моментов може да придонеси текот на судењето во случајот ТНТ биде согласно закон.Почитувани членови на Судски совет,Во текот на утрешниот ден охрабрете се, не потклекнувајте на никави притисоци, закани, уцени или ветувања. Донесете законита одлука во интерес на владеењето на правото. Молкот е најлоша опција. Премолчувањето на незаконските постапки и вас директно ве прави сооучесници во истите.  Донесете било каква Одлука но не молчете! Не секогаш молчењето е злато, во овој случај молчењето е одобрување на незаконско работење.Вие сте орган кој е формиран да обезбеди функционирање на судовите согласно Закон и Устав. Дали сеуште ќе молчите за:- Различниот  начин на постапување на Кривичниот суд во врска со поротничките во случајот ,,Ласкарци,, и ТНТ- Непочитување на законот на ЗКП пред се поради недавање на записници од судски рочишта и назначување на адвокати по службена должност- Дејствијата на Претседателот на Кривичниот суд со кои експлицитно се прават Кривични дела- Не дозволување на користење на албанскиот Закон согласно Устав и законПочитуван Претседател на судски совет една порака и до Вас,,Не им верувајте на Данајците и кога дарови носат“ бидејќи незаконски избор неможе да предизвика владеење на право и да ги потврди вашите етички вредности. На 28.01 нема да Ви креваат телефон и ќе Ви кажат тоа што Ви ветиле поради новонастанатата ситуација и моменталната ситуација нивното ветување неможе да го исполнат, се вели во дописот од Даути.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

milososki

Пратеникот Антонијо Милошоски очекува петто дете

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски (44) и неговата неколку години помлада сопруга Симона, наскоро очекуваат уште една принова во семејството. Во собраниските кулоари се прошири информацијата дека Милошоски пред празниците веќе ги почестил со “Бајадера“ дел од поблиските колеги со кои ја споделил убавата вест дека по петти пат ќе стане татко, објави вечер.мк.Пратеникот за Вечер.мк тој потврдил веста дека неговата сопруга Симона Милошоска е бремена и дека во текот на пролетта очекуваат бебенце.Антонијо и Симона имаат четири деца ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12). Неофицијално сега ќе добијат братче.Текстот во целост на: Вечер.мк

Македонија | пред 6 години

unike

Фактор.мк: Ова се најуспешните Охридски хотели

Најголемите седум охридски хотелиерски компании заедно направиле приход од 10 милиони евра во 2018 година, покажуваат официјални податоци достапни во базата на ЦРМ кои се однесуваат на охридските компании кои стопанисуваат со хотелите: „Метропол“, „Белви“, „Турист“, „Десарет“, „Инекс Горица“, „Свети Стефан“, „Гранит“ и „Јуник ресортс“. Од најголемите седум хотелиерски компании пет годината ја завршиле со добивка, а две работеле со загуба, објави Фактор.мк.Очекувано најуспешна компанија е „Хотели Метропол“ која стопанисува со трите најголеми хотели на ривиерата: „Белви“, „Метропол“ и „Турист“.  Профитната маргина на оваа компанија изнесува 15,2 отсто.На второто место е за компанијата Филип Охрид ДООЕЛ компанија што управува со хотел Филип. Оваа компанија во 2018 година остварила приход од 2,7 милиони евра и добивка од 266.000 евра.Приход што надминува еен милион евра остварил  Хотел Гранит Охрид. Препознатливиот охридски хотел Инекс Горица во таа година завршил со приход од 805.000 евра и загуба од работењето во износ од 78.000 евра.За успешно работење во 2018 година треба да се посочни новиот хотелски охридски бренд Јуник Ресортс сопственост на компанијата „Уникат 2017“ сопственост на три дами: Ирена Јакимоска, Климентина Мартиновска и Кристина Трајковска Котеска. Оваа компанија во 2018 година успеала да оствари приход од 887.000 евра и да оствари добивка од 119.000 евра, што е профитна маргина од 13,4 отсто, а има поголеми приходи од големите хотелиерски компании „Инекс Горица“ и „Охрид Турист“.Текстот во целост на: Фактор.мкфото:unique.mk

Македонија | пред 6 години

lokalitet

Кај Требеништа откриен средновековен град, се насетува и името - Дебрец

Oстатоци од средновековен град откриени кај селото Требеништа во Дебрца. Според научниците по овие остатоци се трагало повеќе од половина век.Археолошкиот локалитет беше истражуван годинава со методот на рекогносцирање од страна на стручен тим од филозофскиот факултет во Скопје, со финансиска поддршка на општина Дебрца. Беа истражувани одбранбените ѕидови на древниот град, површините од ѕидовите, како и надвор од ѕидовите по околните падини.  По истражувањата беа добиени доволно резултати преку кои може да се согледа егзистенцијалниот континуитет на градот, неговата максимална површина во раната и доцната антика.Според градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески со овој локалитет Дебрца ќе се промовира во една високо рангирана природна културна и археолошка туристичка дестинација.„Сето ова што го правиме е во рамките на нашата заложба Дебрца навистина да ја промовираме во една високо рангирана природна културна и археолошка туристичка дестинација и токму затоа во наредниот период ќе продолжиме со тие активности, се ова што досега беше истражувано од страна на истражувачкиот тим предводен од раководителот на тимот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс. Наша заложба е, со оглед на тоа што најзначајниот локалитет кој што го има Дебрца тоа е Требенишкото Кале и Требенишката Некропола да го преуредиме, да го преуредиме и задружниот дом во Требеништа и да претвориме во своевиден Дом на археолошкото наследство на општина Дебрца, на тоа не обврзуваат и „100-те години Требеништа“.“ – вели Ногачески.Раководителот на истражувачкиот тим, професорот Виктор Лилчиќ Адамсен рече дека е цврсто убеден, дека со овие истражувања на Требенишкото кале се насетува името на средновековниот град Дебрец.„Оваа општина под водство на градоначалникот, покажа навистина една зрелост, еден огромен интерес со реализацијата на овие две фази ги опфативме цивилизациските локалитети, 10 локалитети во 2018 година во Дебрца, северо-источниот дел од Десаретија,  така што оваа 2019 година се концентриравме на најглавниот, сфативме дека Требенишкото кале претставувало град, очекувавме да откриеме рана антика, меѓутоа оваа година неочекувано откривме еден поголем временски континуитет на локалитетот, каде живеела една силна, јака, компактна човечка заедница. Со овие наоди, засега јас сум цврсто убеден дека го насетуваме името на средновековниот град, а тоа би бил градот Дебрец. Тоа е град по кој нашите колеги долги години трагаа. Тоа е едно огромно изненадување. Ние се надеваме дека ќе успееме во наредните години да го отвориме црковниот храм и да го прошириме истражувањето можеби и на некрополата, да собереме уште повеќе податоци за да ја потврдиме оваа хипотеза што денес ја лансираме. Дебрца лежи врз древна цивилизација, тоа е нешто што мораме да го откриеме и заштитиме и да го потпреме развојот на оваа општина, тие предмети да бидат депонирани во еден локален музеј, каде би се вработиле луѓе од тука, на крајот важен е профитот од тоа и општината да заработува.“ – изјави проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамсен.Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов вели дека ваквите знајачни локалитети треба да го добијат вистинското место во регионот.„Ние како Управа, нашите професори и останатите Заводи за заштита, ќе пробаме со поинаква стратегија и тактика, да допринесеме, да ги подигнеме стандардите, да го подигнеме нивото на работа, овие локалитети кои што се значајни да го добијат вистинското место во регионот. Конкретно, приоритет ќе биде новиот нацрт-закон за заштита на културното наследство. Во тој закон веројатно ќе бидат видоизменети начините како ќе биде финансирањето. Инсистираме на подолготрајно финансирање, да не зависи од моменталните политички ситуации во државата туку тоа да биде трајно финансирање до неговото завршување или секојдневно менаџирање, да не се случува да биде оставено без никаков надзор и контрола. Тука се подразбира и поинакви принципи на однесување и во конзерваторските центри и на луѓето кои ќе треба да ги прифатат таквите принципи.“ – изјави Костов.Инаку локалитетот Требеништа е познат и по четирите златни маски, од кои две се изложени во Националниот институт и Музеј при Бугарската академија на науките во Софија, а две во Народниот музеј во Белград. Наодите датираат од 6. век пред нашата ера.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

blace

Денеска се навршуваат дванаесет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Денеска се одбележуваат дванаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот Винг, кога армиски хеликоптер Ми-17 се урна кај селото Блаце, Катлановско.На одбележувањето на хеликоптерската несреќа на спомен обележјето во Катлановско Блаце, цвеќе ќе положат повеќе делегации од Генералштабот, од Министерството за одбрана, од Општина Петровец, Командата за операции, од воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе го одбележат настанот со полагање цвеќе на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.Во услови на намалена видливост, поради маглата, aрмискиот хеликоптер Ми-17 на овој ден пред 12 години се урна во селото Блаце кај Катланово, на  само 50-ина метри од последните куќи во селото.Во несреќата немаше преживеани, а загинаа потполковник Тони Спасовски, водник Александар Васиќ, водник Александар Тасковски, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, мајор Горан Ристовски, десетар Златко Вељановски, капетан Бране Спасовски, водник Мики Ивановски, заставник Славчо Василев и капетан Игор Ѓоревски.Единаесетте мировници се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

soo-1-ink

(ФОТО) Тешка сообраќајна несреќа на патот за Велешта - Струшко

Предмалку се случи тешка сообраќајна несреќа на патот за Велешта, наспроти терминалот. Неофицијално дознаваме дека во судар помеѓу камион со албански регистарски таблички и автомобил тешко повреден е шоферот на автомобилот.Во моментов полицијата врши увид на местото на несреќата.

Македонија | пред 6 години

otrueno

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Вечерва во Охрид отруени кучиња и мачиња

Активистот на здружението за заштита на животните Климент Арнаудов, вечерва на својот ФБ профил објави фотографии од отруени кучиња и мачки во Охрид. Тој вели дека граѓани сведочат дека ги имало и други затруени маченца. Во продолжение ФБ статус на Арнаудов:-Покрај отруените кучиња во Охрид, отруени се и маченца. Штотуку ова го начекав. Граѓани сведочат дека ги имало и други затруени маченца. Едно е јасно - овие труежи се организирани. Од дел граѓани ми стигна муабет како видени се лица од ЈП Комуналец како чинат сомнителни дејствија на улица. И јас самиот лично дента ги видов како роварат на улицата каде труежи се изнадесија. А тоа што општина Охрид и комуналните инспектори молчат и не притискаат да има истраги и да се најдат сторители, е само уште појасен показател за тоа на која страна прибегнуваат.Што му претходи на чинот за да се расфрлаат отрови? Еве отприлика ваква е приказната:Шеткаат кученца во нечие маало. Да, во тоа маало нормално е да има човечни битија кои негуваат сомилост и храничка им подаваат, да ги немаше такви овој свет никаква смисла ќе немаше да трае. Тие кученца нормално е понекогаш да залаат, та живот се, а секој живот со глас себеси се објавува. Во тоа маало ги има и такви на кои сиот свет им смета и им има згрешено, полни фрустрации и патологии и злоба кои мора некаде да ги истушат. И каде обично ги тушат? Еве на овие невини душлиња, кои имаат поголем осет од нас да ги осетат што катиљи од луѓе се та знаат напати и на нив да им залаат. Па ако сами не посегнат отров да фрлат (обично во помала количина), се јавуваат до комуналните служби и општината и креваат галама измислувајќи разноразни приказни небаре ѕверови шеткаат во маалото нивно, а не животинчиња кои за најверен пријател на човека важат. Службите во немоќ да ги згрижат и да ги задомат тие кученца, поитуваат кон соломонското "решение" наречено труежи (отров расфрлан во поголема количина), од кој отров настрадуваат и доста маченца. Надлежните посекако ќе се прават наивни и ќе глумат светост, до некој иден период кога пак труежи ќе се случат па пак истата приказна и негирања. Воедно, можно е и некој од лицата вработени во комуналните претпријатија да бива потплатен од оние на кои им сметаат животинчињата наоколу (дали ќе се граѓани или некој сопственик на приватен објект), па овој за екстра пари лесно душата на ѓаволот ќе му ја продаде и ќе го расфрла отровот во некое глуво доба.Да, отприлика ваква е сторијата. Но во едно сум повеќе од сигурен - се ближи денот кога еден ваков убиец ќе се начека на лице место или ќе го дознаеме. А тогаш верувајте ми животот прав пекол ќе му го учиниме. Има да плати за сите минати монструозно убиени животинчиња и има да биде поука за некои идни да не посегнат кон вакви грозоморија. Тогаш најмалку ќе ни е до полиција да викаме и пак да ни креваат раменици и да префрлаат одговорности. Нека биде сфатено и како закана ова, и треба да биде, напиша Арнаудов.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215202401763523&set=pcb.10215202405483616&type=3&theaterфото: ФБ Климент Арнаудов

Македонија | пред 6 години

49640277_327362577873100_733236632089526272_n

Врнежи од снег вечерва на Стража, Ѓавато и Пресека, доколку патувате внимателно

Известување од АМСМ.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка, во Крушево, Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Од АМСМ потсетуваат дека доколку патувате задолжително треба да поседувате зимска опрема. Имено, од 15.11 2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

81675118_2284515081848639_4405514127791882240_o

ФОТО: Го оставиле кучето на улица, па се заканувале на активисти кои го спасиле за да им го вратат

Активисти дел од здружението „Шепасти ентузијасти“ кои работат на заштита на животните, денеска добиле закани од неодговорни сопственици кои, според тврдењата на активистите, го оставиле миленичето во запуштена состојба на улица, со затворена порта за да не може да влезе. Тие најавија дека случајот ќе го пријават во АХВ, а трошоците за витамини и лекарства чинат 1617 денари, за кои бараат донации за да ги покријат.„Затоа решивме во понеделник да ги пријавиме во АХВ за неодговорно сопствеништво, па да видиме кој е во право со оваа состојба на кучето. Во меѓувреме ни требате за оваа битка сите до еден, да бидете со нас и да ставиме крај на неодговорно сопствеништво! Доста беше, редно време е да се научиме што значи да имаш миленик!“, напишаа активистите.Детали за сметката каде може да донирате има оставено на нивната страна на социјалните мрежи.https://www.facebook.com/pawsomefurryfriends/posts/2284515215181959

Скопје | пред 6 години

81798192_522251618380446_6906497657544376320_n

ФОТО: На плоштадот во Охрид, одамна немало ваква атмосфера без причина за славење

На охридскиот плоштад денеска настапи познатиот македонски џез гитарист и автор, Владимир Четкар. Присутните уживаа во звуците на неговата гитара, а позитивни впечатоци има и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Тој сподели фотографии на социјалните мрежи, изразувајќи благодарност до Четкар.„Прекрасно музичко уживање денеска на Градскиот Плоштад во Охрид“, напиша Георгиески. https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/522251951713746

Македонија | пред 6 години

mitko-jancev

ФОТО +18: Шокантни и безобразни заканувачки пораки испраќани до Митко Јанчев активист на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев деновиве е под канонада од вулгарни напади и сериозни закани од Емил Јакимовски, познат и под прекарот Гусарот. Откако во јавноста излезе информацијата за нападите врз новинарката Мери Јордановска, градоначалникот Јанчев, во знак на солидарност, ги споделил записите од заканите што деновиве ги добивал од Јакимовски, со Ненад Јовановиќ, колумнист на Слободен печат и граѓански активист, со цел тие да бидат испратени и објавени на нашата медиумска платформа.„Тебе дента штом нема веќе да си градоначалник, јас ќе ти ги врзам лисичките на лоповските рачиња. Поздрав од Хонгконг. Ме пријави ли море или стварно ќе ми се фатиш за курот? Ко ќе се фатиш викај на сет глас: Узбунааа!“, е една од заканите што Емил Јакимовски му ги упатува на Митко ЈанчевЕмил Јакимовски е поранешен блогер, новинар, член и активист на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во Централниот регистар на Македонија.ЦЕЛАТА СТАТИЈА НА ФРОНТЛАЈН.МК

Македонија | пред 6 години

nake-kulev

Заменичката ќе го гони Чулев: Со неговото работење го нарушил работењето на полицијата

Дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска ќе поднесе кривични пријави до надлежното обвинителство против техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, поради несовесно и нестручно работење. Кривичните пријави, како што вели Петровска, ќе ги поднесе бидејќи Чулев со неговото работење го нарушил работењето на полицијата и ја загрозил безбедноста на граѓаните.– Техничкиот министер Чулев вчера (10.01.2020) потпишал телеграма која е доставена до сите организациски единици во МВР, со која ги известува раководителите на организациските единици дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици престануваат да важат. Веднаш по доставувањето на телеграмата се обратив писмено до техничкиот министер Чулев и му посочив дека телеграмата е донесена без мое запознавање и согласност и му укажав на сериозноста на оваа негова одлука и последиците со кои ќе се соочи МВР во делот на извршувањето на својата основна функција, се наведува во соопштението од Петровска. Со престанокот на важењето на писмените наредби, како што истакнува Петровска, се создава недостаток на човечки ресурси во делот на обезбедувањето на личности и објекти и со тоа директно се загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има обврска да ги обезбедува, како на пример амбасадите на Чешка, Босна и Херцеговина, Бугарија, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ…Отежнато е постапувањето и по плановите за зајакнати мерки за обезбедување на амбасадите на Албанија и Турција. -Директно загрозено е и обезбедувањето на делови од државната граница, граничните премини, особено делот на северната граница поради недостатокот на полициски службеници кој настана со одлуката на Чулев. Полициската станица за граничен премин Долно Блаце поседува 11 контролни пунктови за пасошка контрола, кои мора да бидат пополнети со цел нормално функционирање, а Граничниот премин Јажинце ќе престане да функционира, вели Петровска. Според неа, со ваквото неодговорно и незаконско работење Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во нашата држава, односно ја загрозува целокупната безбедносна состојба во државата, со што прави кривично дело, но и создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои ќе го загрозат територијалниот интегритет на државата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bela-1

Во Скопската ЗОО градина, за прв пат бели лавови

За прв пат во Македонија, во скопската Зоолошка градина, ќе може да видиме бели лавови. Вчера пристигнала женката лавицата Бела од Германија, а нејзиниот партнер мажјакот Чака треба да пристигне следната недела од Франција.„Добредојде Бела. Скопје чекор по чекор. Thank u Deutchland, thank u France“, напиша Директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски, на својот Фб профил.https://www.facebook.com/ZooSkopje/photos/a.1031681913649071/1481197362030855/?type=3&theaterфото:ThoughtCo  

Скопје | пред 6 години

pistol_001

МВР за убиството во Прилеп - Убиени се мајка и ќерка

На 11.01.2020 околу 08 часот  пријавено е  убиство на ул. ,,Александар Македонски“ во Прилеп . Излезено е на лице место од страна на екипи на Криминалистичка полиција Прилеп и Полициската  станица Прилеп при што затекнати се две безживотни тела .А.П (40) и  Т.К(64) и двете со прострелни рани.  Според првичните сознанија, во нив пукал 50 годишен маж, кој е сопруг на починатата А.П. и зет на Т.К. Со прострелни рани се здобило уште едно лице, брат на А.П.. Осомничениот при обид да биде совладан е повреден  и заедно со другото повредено лице се пренесени во Градската болница  во Прилеп. Под раководство на Јавен обвинител се работи на расчистување на случајот..фото: Архива

Македонија | пред 6 години

lisici

Пијан американец направил инциденет на Скопскиот аеродром

На 11.01.2020  околу 04.15 часот на Граничен премин - Меѓународен аеродром Скопје, А.В.Д. (55) од САД, кој бил во видно алкохолизирана состојба, го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на вработен во службата за безбедност, а потоа нападнал и полициски службеници. А.В.Д. е приведен во Полициска станица за ГП – Меѓународен аеродром Скопје за понатомошна постапка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

znm

ЗНМ најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката Јордановска

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја искреира на некролог“.„Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги преземат сите можни мерки за брзо санкционирање на заканувачот. Случајот е веќе пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, оттаму ги повикуваме институциите брзо да реагираат за овој случај со цел да се превенираат и слични закани во периодот кој следува“, велат од ЗНМ.Здружението на новинарите на Македонија неодамна предупреди дека во пресрет на изборите заканите кон новинарите и медиумските работници има тенденција да зачестуваат. Од таму потсетуваат дека заканите кон новинарите и медиумските работници претставуваат кривично дело и обид за цензура во медиумите.ЗНМ аплира и до политичките партии најостро да ги осудат заканите, во пресрет на изборите да демонстрираат коректен јавен однос кон новинарите и да укажат на своите членови дека нападите и заканите кон новинарите претставуваат кривични дела и за истите се одговара.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sudar-turisticka-1

(ФОТО) Судар на „Туристичка“ во Охрид, откорната улична сијалица

Судар на булеварот „Туристичка“ во Охрид. За среќа нема повредени, но причинета е значителна материјална штета. Во несреќата „покосена“ е и улична сијалица.фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Скандал, министерот и неговата заменичка во МВР разговараат преку писма

Единствена Македонија и македонскиот народ најсилно го осудуваат погубното однесување и отворената нетрпеливост меѓу министерот и неговата заменичка во МВР. Недозволиво и крајно опасно е првите луѓе во МВР да не сакаат да се видат меѓу себе и се допишуваат со писма иако кабинетите им се еден до друг. Единствена Македонија прашува, а што ако сме во војна или дојде до посериозно загрозување на редот и поредокот во државата,  дали во таков случај првите луѓе во МВР би функционирале како старешини на две спротиставени полициски војски, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Личната нетрпеливост меѓу првите луѓе во МВР кои не сакаат дури и да се видат меѓу себе е скандал сам по себе и голем срам во очите на домашната и светската јавност.СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прават недозволиви импровизации и го сведуваат МВР на обични бројки - колку партиски началници ќе добијат, колку возила ќе им дадат на своите партиски апаратчици да се луксузираат со службени возила. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат дека го растураат едно од најзначајните министерства одговорно за безбедноста, редот и поредокот во државата.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги сосече во корен ваквите неодговорни и опасни политики. Единствена Македонија државните функции ќе ги довери врз основа на знаење, способност и достигнување, велат од од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања