Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

image1

МТСП на семејството кое во пожар изгуби две деца, им понуди сместување во Визбегово

По веста за трагичната смрт на двете малолетни деца во Шуто Оризари,министерката Рашела Мизрахи во рамките на нејзините надлежности испрати стручни лица на терен, се со цел навремено згрижување на семејствата, се вели во дописот од министерството.Екипа на ЦРС Скопје направи увид на лице место . Според надлежностите на МТСП, понудено им е сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово, а веќе едно од  семејствата кое прифатило, ќе биде сместено веднаш.Исто така, МТСП ќе обезбеди еднократна парична помош за семејствата како и рефундирање на средствата за погребални услуги, за семејството на починатите.Уште еднаш, МТСП изразува длабоко жалење за немилиот настан кој вчера ја потресе Македонија.фото: МТСП

Скопје | пред 6 години

papagal-hugo

(Видео) Папагалот Хуго од Сплит знае 2 000 зборови, ги спојува во реченици со што стана вистинска атракција

Сив африкански папагал хит на интернет. Тој има над 10.000 обожаватели на социјалните мрежи. Хуго е стар четири години. Научил над 2.000 зборови. Интересно е што ги спојува во реченици, а знае и да се размоабети со гости.  Со задоволство на сите им открива каков лек пие секој од домашните, зема храна од сите, особено кириритки, кажува кој кога станува и кој колку спие во куќата.Неговиот сопственик вели дека неговиот миленик Хуго чека сите да заспијат во куќата, а потоа започнува да го имитира звонењето на телефонот.Тој сам себе се нарекува „пиле мое“, затоа што така го вика Мара. Хуго е незамисливо приврзан кон Андрија, па од преголема љубов му ја уништува целата облека, особено оние парчиња што имаат патенти.Папагалот стана толку популарен што многумина изнајмуваат соби во нивната куќа само за да го запознаат.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

По пожар во Штип, изгоре 30 годишно момче

Во пожар во стан во Штип изгоре 30 годишно момче, дознава ТВ21. Според првичните неофицијални информации причина за пожарот било вклучено грејно тело.За во текот на денешниот ден се најавуваат повеќе инфромации.За 24 часа ова е трета жртва во пожар во земјава.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-1

Сообраќајна несреќа кај Зајас, Србин излетал од патот

На 10.01.2020 околу 12,20 час на магистралниот пат А2 Гостивар-Кичево во непосредна близина за влез во село Зајас  се  случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р(50) од Белград излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди,  констатирани во Медицински центар Кичево, се здобила сопатничката од возилото С.Д (70) од Куманово.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

migranti-stud

При контрола на товарен воз на Железничката станица Гевгелија, откриени 42 мигранти

На 10.01.2020 во 15,55 часот од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Австрија, при контрола на товарен воз кој на Железничката станица Гевгелија пристигнал од Република Грција во 15,25 часот, откриени биле 42 илегални мигранти од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир. Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.На 10.01.2020 во 19.00 часот при контрола на товарен воз  кој пристигнал од Република Грција од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Република Хрватска биле откриени 20 илегални мигранти од кои осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир . Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Pojadok

За почит - Млечен ресторан нуди појадок за лица од социјален ризик

Радува фактот што во земјава има се повеќе хумани граѓани. Млечен ресторан нуди појадок за лица од социјален ризик . Тие во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук напишаа:-Одлучивме да подадеме рака, да подариме топол појадок на оние кои не можат да си дозволат.Инспирирани од Новогодишните и Божиќните Празници и најубавиот период од годината, добивме желба да помогнеме на оние на кои им е најпотребно.Појадокот е најважниот оброк во денот, нашето мото: појадок за секој!Затоа, Ве повикуваме да ги упатите во нашиот млечен ресторан сите луѓе кои се без дом, без финансиски средства и социјално загрозени семејства на бесплатен појадок.Со задоволство би помогнале на секој еден кој не може да си дозволи топол оброк во овие студени денови.Пријатели, дојдете на појадок, секое утро до 12 часот.Ваш,Млечен Ресторан Антониоhttps://www.facebook.com/112704360144314/photos/a.112747150140035/153675029380580/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

dauti

Адвокатот Даути: Двојни аршини на судската власт

Мерџан Даути, адвокат во случајот „ТНТ“ кој се однесува за уривање на објектот „Космос“ се жали на притисоци од Претседателот на Кривичен. Тој денеска до медиумите испрати писмо. Во него се вели:„Се поставува прашањето зошто толку прашина се крена околу предметот „ТНТ“ овие денови и зошто на „нозе“ се крена целокупната македонска јавност. Одговорот е јасен поради двојните аршини на судската власт од позиција на моќ и сила.Секогаш фрустрацијата е голема кога моќта и власта се користи  на некој да му се направи неправда. Една кратка ретроспектива околу ова мое тврдење, а исто така ќе ја искористам оваа можност уште еднаш да апелирам до Судскиот совет како највисока инстанца која треба да се грижи за спроведување на правото во Република С. Македонија со една одлука го пресече гордиевиот јазол.Најеклатантен пример за двојни аршини на кривичниот суд Скопје се последните случувања со поранешните судии – поротнички Славица Шандовска и Лилјана Ивановска Кочковска. Единствената причина за различниот третман е тоа што некој има висок интерес предметот ТНТ да се заврши час поскоро. Имено двете поротнички се именувани во исти ден и аналогно на тоа во исти ден им е завршен мандатот. Претседателот на судот поради истек на четири годишниот мандат утврдил дека Славица Шандовска повеќе не е дел од судечкиот совет во предметот „Ласкарци додека за поротничката во ТНТ пробува да изнајде незаконски изговори за истата и понатаму биде член на судечкиот совет дури спротивно на закон се побара продолжување на нејзиниот мандат одредба која не постои ниту во еден закон.Во судските предмети ,,Еразмо,, и ,,Тортура,, Претседателот Џолев не се ,,грижеше,, за поротничките да им дава заштита па поради заштитата да ги повлекуваат своите изјави и оставки туку тоа го прави за ,,ТНТ,, бидејќи како што и самиот кажа овој предмет бил од висок интерес и го спореди дури и со таканаречените бомби. Чудно е што за случајот Еразмо не беа доволни ни 7 дена по завршни зборови да се донесе пресуда па потоа слободно поротникот да оди во Германија, па се поставува прашања како Џолев заедно со сите заедно имаат договорено да го заврши ТНТ до 27.01.2020 година.Во нашата држава нема проблем да се користи албанскиот јазик согласно закон и Уставот во Тетово, Гостивар и други судови за било кој предмет и доколку било која страна го побара тоа без проблем истото се дозволува и спроведува. Но, кога јас побарав тоа да се случи во Основниот кривичен суд во Скопје одма беше започната постапка за мое санкционирање по иницијатива на судечкиот совет и од страна на судот беше истолкувано како моја намера за одолговлекување на постапката.Во сите постапки во кои учествувам како бранител Записнициите од рочиштата како што е тоа предвидено со закон ги добивам одма или најкасно во рок не подолг од 3 дена а во случајот ТНТ од 4.12.2019 година, сеуште немам добиено записник. И тука повторно судот ме товари дека ја кочам постапката зошто едноставно барам записник на јазик кој ми е дозволен со Закон и Устав.Во сите постапки во кои сум учествувал вклучително и во Основниот Кривичен суд, доколку немам добиено уредна покана или од оправдани причини неможам да присуствувам на рочиштето истото се одлага но тоа не е случај во предметот ТНТ. Судот и покрај тоа што повеќе од половина одложени рочишта се по вина на судот и обвинителството постојано ни потенцира и тоа е еден од основите за поведување на дисциплинска постапка против мене дека одбраната ги одлага рочиштата. Почитувани,Нема потреба странските преставници да ни укажуваат дека судството ни е во хаос и дека неопходни се темелни реформи во истото. Најнапред реформата треба да започне од сите нас учесници во постапката и затоа очекувам дека овој случај во јавноста познат како ТНТ преку идни законски постапки од страна на Претседателот на кривичниот совет ќе биде почеток на крупни реформи во македонското судство, пишува Даути.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Хорор во Прилеп - Ја убил поранешната сопруга и нејзината мајка, повредно уште едно лице

Јавен обвинител во координација со  екипи на крим-техника од Минситерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа на ул.  Александар Македонски во Прилеп каде утринава во  8 часот беа пронајдени две безживотни тела. Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани. Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите. Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот. Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош.Во насока на расчистување на кривично правниот настан , по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место. Издадена е  наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место  ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде и Наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zoo-bitola

(ФОТО) Умрени морски прасиња, без вода за пиење и без храна - во какви услови живеат животните во ЗОО Битола?

Здружение за заштита на животните на ФБ страната „Миленичиња улични и домашни“, објавијафотографии од живеалиштата на животните во Битолската зоолошка градина. Тие под фотографиите напишаа:Денес бевме да видиме на каква мака се изложени животните во ЗОО Битола, имаше што да видиме. Едно живеалиште немаше сменето вода, а при тоа и беше замрзната, едно живеалиште не беше исчистено и средено како што треба.  Кај морските прасиња има скапани и умрени прасенца кои не се тргнати од живеалиштето, а при тоа се загрозени животите и на другите животни околу нив.  Мечето бараше да му дадеме трева бидејќи нема што да јади, а и нема од каде да пие вода, бидејќи целата беше замрзната.  Има уште многу да се зборува.А и некои луѓе не знаат па носат кученца во смрт во шинтерница.При тоа и останавме заклучени во зоолошката, бидејќи директорката имаше работа да заврши во градот и стражарот сам се пожали од тоа како е критикуван и каква директорка има. Тој не изведе од задниот влез, стои во објавата на ФБ.https://www.facebook.com/100174868152931/photos/pcb.121254252711659/121253782711706/?type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

lupevska-sozen

Снежана Лупевска веќе не е одговорен уредник во Телма

Снежана Лупевска-Созен повеќе нема е одговорен уредник на информативната програма на телевизијата Телма. На нејзино место доаѓа Марија Дивитарова – Савановиќ, сегашна уредничка на вести во телевизијата.Лупевска на својот Фејсбук профил вчера објаву мисла Дејвид Бринкли.  Таа напиша: „Успешен е оној човек кој умее да постави цврст темел од циглите кои другите ги фрлале на него“.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Почина малата Сандра од Крива Паланка

Тринаесетгодишната Сандра Ангеловска од Крива Паланка ја изгуби битката со туморот. Нејзините родители преку социјалните мрежи бараа помош за таа да може да замине на операција во Србија.Малата Сандра не успеа да ја добие битката со туморот и починала вчера, а погребана денес.„Скопје 1“ изразува сочуство до семејството Ангеловски.

Македонија | пред 6 години

18199261_10154358495721583_293997650932509073_n

Полицијата и Обвинителството веднаш да ги истражат заканите кон Мери Јорданвоска, бара ССНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува полицијата и Обвинителството да ги испитаат наводите на новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска дека преку интернет ѝ се заканувал државен службеник вработен на Централниот регистар.-Ако се потврдат наводите на Јордановска бараме промптно и соодветно да се санкционира службеникот и го повикуваме менаџментот на Централниот регистар да поведе дисциплинска мерка против својот вработен. Само на овој начин ќе се обесхрабрат сите оние коишто во иднина би помислиле повторно да се закануваат на новинари, се наведува во соопштението од ССНМ.Од ССНМ потсетуваат дека закани секогаш биле и се казниво дело и апелираат до МВР и до Обвинителството поревносно да ги откриваат и санкционираат ваквите случаи особено што нивниот број се зголемува во периодот на предизборието.-Фактот дека Јордановска не е нападната само како новинар, туку и како жена (што може да се забележи од заканите што новинарката ги објави на Фејсбук) покажува дека во оваа држава треба да се вложат уште многу напори за еманципација, велат од ССНМ.

Македонија | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

(ФОТО) Новинарката Мери Јордановска добивала закани за како што вели текстови кои не ги напишала

ФБ статус од новинарката Мери Јордановска. Таа обелодени дека во текот на ноќта добивала закани за текстови кои не ги напишала. Во продолжение статусот на Јордановска.„Гуска“, „пропагандистичка ороспија“, „да те искреираат на некролог“.Мал сегмент од монологот на „ничим прозваниот“ Емил Јакимовски, кој од 5 до 6 часот изутрина ми се закануваше без престан, не знаејќи ниту каде работам и цитирајќи текстови кои не сум ги напишала.Јакимовски - кадар на ВМРО-ДПМНЕ е државен службеник. Работи во Централниот регистар, а заедно со неговиот брат се сопственици на неколку портали.За ова е веќе пријавен во МВР преку Хелсиншкиот комитет, особено затоа што за него веќе има пресуда за семејно насилство, а овие принт скринови ги објавувам со чиста совест, за партијата да го преиспита психичкото здравје на оние кои ги вработувала и на оние кои го креираат јавното мислење, напиша Јордановска на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10156572185351583&set=pcb.10156572194071583&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Пукање во Прилеп, пронајдени две мртви тела

Утрово пукање во Прилеп. Во семејна куќа пронајдени се две мртви тела. Се работи за две жени од кои едната неофицијално е сопруга на убиецот.Неофицијално повредено е уште едно машко лице кое сеуште се бори за живот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-7

Обезбедувањето ќе трча по Спасовски, оти Чулев побарал да ги вратат возилата

Техничкиот министер Наќе Чулев преку телеграма ги известил службите на МВР да бидат одземени возила кои се дадени на користење на обезбедувањето на премиерот Оливер Спасовски и заменик-министерката на МВР, Славјанка Петровска, дознава „А1он“.  Во телеграмата стоело дека возилата треба да се вратат до 20 часот вечерва. Станува збор за над 5 возила.Извор: А1он.мк

Македонија | пред 6 години

20200105_181743

Хаос со информации пласирани од МВР - Има или нема СВР Скопје нов началник ?

Министерот Наќе Чулев тврди дека Ристо Ставресвски е прв човек на СВР Скопје, додека неговата заменичка Славјанка Петровска тврди дека тој не е началник. Каква е вистината ?Името на Ристо Ставрески се наоѓа на списокот на нови началници, кој прес службата на МВР го испрати до медиумите, додека заменичката на техничкиот министер пласира информации дека исото лице не е именувано за началник на СВР Скопје.Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје, Тој не бил прифатлив затоа што бил советник на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сведок во случајот на СЈО „Тенк“ - објавија повеќе медиуми во земјава повикувајќи се на информација добиена од самата замениќка минситерка.Чулев за прв човек на полицијата во главниот град го номинирал Ристе Ставревски, но Петровска не се согласила зашто, како што вели, тој бил дел од „бомбите“ што во 2015 година ги објавуваше СДСМ, партијата од која таа е номинирана за дополнителна заменик-министерка.Станува збор за разговор на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и Ристе Ставревски, од позиција на советник во нејзиниот кабинет, за предизборни средби и убедувања на различни категории граѓани. Во конверзацијата, конкретно, се споменуваат Куманово, околу 800 резервисти, бранители, но и други групи граѓани со кои Ставревски, според снимката, бил во контакт во пресрет на избори.Чулев во изјава за „НетПрес“, смета дека Ставревски е професионалец и тоа што бил дел од кабинетот на Јанкуловска не е пречка да биде назначен.„Назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје е во согласност со потребните критериуми. Лицето има потребен степен на образование, работно искуство и важечки сертификат за класифицирани информации. Тоа што бил дел од нечиј кабинет не е услов или пречка за распоредување. Ја потсетуваме дополнителната заменичка дека токму нејзината секретарка била член на истиот кабинет во кој бил Ристо Ставревски. Што се однесува до сведочење во Суд, сведок може да биде секој граѓанин кој Судот ќе го прифати за сведок било на одбраната или на застапникот на обвинението, во случајот СЈО“, изјавил Чулев за „НетПрес“.Ставревски е објавен во официјалното соопштение објавено од МВР како нов началник на СВР Скопје.Во текот на вчерашниот ден прес службата испрати соопштение и одговор на прашање во кои се тврдеше дека се стопирани сите назначувања на нови Началници, а сагата со давањето различни информации за иста тема од истото министерство продолжи денес но само за началникот на СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски: Лага е дека јас сум ги повикал граѓаните да излезат и насилно да влезат во парламентот

ФБ статус на екс премиерот Никола Груевски. Тој вечерва на својот профил на ФБ објави:-Во врска со известувањата на неколку македонски медиуми инспирирани од одлуката на судот за прифаќање на предметот ,,27ми април,, сакам да посочам неколку клучни работи.Лага е веста дека јас или партијата ВМРО-ДПМНЕ сме организирале упад во Собранието на 27ми април 2017.Лага е и информацијата дека сум ги повикал граѓаните да не седат во папучи дома туку да излезат и насилно да влезат во парламентот. Изјавата на која веројатно се мисли е дадена два месеци пред настанот во вестите на Сител ТВ и е одговор на прашањето дали сметам дека Тиранската Платформа ја нарушува унитарноста на земјата, на што одговарам потврдно и посочувам дека само народот може да го спречи тоа алудирајќи на нови избори кои тогаш веќе ги посакувавме одкако не успеа правењето коалиција со ДУИ.Лага е дека сум дал инструкции на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски да го спречи изборот на нов претседател на Собранието, ниту пак мислам дека тој го направил тоа или дека воопшто можел да го направи.Лага е дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиески имале добиено инструкција од партијата да мобилизираат членство за НАСИЛЕН упад во Собранието СО ЦЕЛ ТЕПАЊЕ на пратениците или со било каква цел. Ниту пак мислам дека го правеле тоа.Лага е дека имам било каква поврзаност со наводни активности на УБК поврзани со инцидентите на 27 април.Тогашните МИРНИ протести организирани од граѓанската иницијатива нам како партија ни одговараа бидејќи имавме иста позиција во врска со Тиранската платформа.Но, нагласувам: МИРНИ протести.И сосема нормално било нашите членови да учествуваат на такви МИРНИ протести, повикани или неповикани од било кој.Но, во никој случај ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту мене лично како тогашен нејзин претседател, а убеден сум ниту на организаторите од граѓанското движење, или обвинетите, не ни одговарало ниту ни паднало на памет насилен упад во Собранието или тепање на пратеници.Партијата никогаш немала таква одлука за насилен влез во парламентот и тепање пратеници, ниту пак актите на партијата дозволуваат таква одлука. Јас лично не сум дал било каква инструкција било кому а во правец на насилен упад и тепање пратеници.Ниту на денот на настанот или претходниот ден кога бев на службен пат во Виена, ниту претходно, било кому сум издал инструкција дека треба да се организира насилен влез во парламентот и тепање пратеници.Одредени медиуми шпекулираа дека намерно тој ден сум бил на службен пат знаејќи што ќе се случува и сакајќи да одбегнам одговорност. Тоа не е точно. Моето патување беше договорено околу две недели претходно а самите челници на СДСМ објавија (мислам за неделникот Фокус), дека одлуката за тоа токму тој ден да се избере претседател на Собранието (на незаконски и неуставен начин) ја донеле токму тој ден попладнето, на 27 ми април, кога ги контактирале представниците на ДУИ, се сретнале во клубот на пратениците и се договориле за попладневната акција.Оттука претходниот или претходните денови или недели не сме ни можеле да знаеме дека токму тој ден ќе се случи незаконскиот избор на претседател на парламентот очигледно намерно темпиран токму во време кога секојдневните двочасовни протести (од 17 до 19 часот) завршуваа пред објектот на парламентот и кога лесно можело да се претпостави од страна на СДСМ дека е можна спонтана реакција на сензибилизираните граѓани кои протестираа. Поправо би рекол, дека тие брзале да го искористат моето одсуство од земјата за да полесно предизвикаат тензии и инциденти во кои би поставиле “стапица” за граѓаните кои протестираа и освен нив би го обвиниле ВМРО-ДПМНЕ за сето тоа, па од тоа да имаат политичка корист.Меѓусебни известувања со праќање или пак препраќање пораки меѓу политичарите тогаш, за нешто што сме слушнале како информација, шпекулација, гласини или слично во таков тензичен период е сосема нормална работа, и тогаш, и денес, и во иднина. Многу од тие меѓусебни препраќања пораки за тоа кој што чул или што се зборува во кулоарите на парламентот или на други места се покажале неточни.Новото обвинение за 27 ми април исто како и претходното е политички мотивирано и конструирано. Ако претходното обвинение беше во функција на промената на името, идентитетот, уставот и историјата, новиот случај е во функција на следните парламентарни избори.Правната квалификација за која се товарат обвинетите неодамна беше предмет и на шведското судство, одкако еден од учесниците во настаните по потерница беше уапсен во Шведска.Шведскиот суд го отфрли барањето за екстрадиција, а обвинението за ,,27ми април,, го отцени како нереално и политички мотивирано, посочувајќи дека станува збор за граѓански бунт а не за терористичко уривање на уставниот поредок. Исто така беше посочено дека во Македонија не постојат услови за фер судење.Вистината, порано или подоцна ќе исплива на површина, напиша Груевски на ФБ.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158029697737716?__tn__=K-R 

Македонија | пред 6 години

Nenov-arrested

Бугарскиот министер за животна средина притворен, дозволил увоз на отпад од Италија

Нено Димов, министерот за животна средина и водни ресурси на Бугарија вчера беше притворен на 24 часа, по истражувањето на „ЕУрактив Бугарија“, кое покажа дека иако нивото на вештачкото езеро што го снабдува Перник со вода било алармантно ниско уште во август минатата година. Дополнително, тој се товари и за увоз на отпад во Бугарија, главно од Италија, Објави  „ЕУрактив“.Вчера Димов си поднесе оставка, а денеска доби и дополнителни 72 часа притвор, извести „mediapool.bg“.Димов го товарат дека умислено нанел штета со давање дозвола за користење на вода од вештачкото езеро „Студена“’ за металуршката компанија „Стомана“ и за „Топлификација Перник“ и покрај неколкуте предупредувања од шефот на јавното претпријатие Водовод и канализација од Перник дека опаѓа нивото на водата во вештачкото езеро.фото:euractiv.com

Скопје | пред 6 години

tepa-zena

Скопјанец осомничен за малтретирање на невенчаната сопруга и нејзината тригодишна ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.2 во врска со ст.1 и Запуштање и малтретирање дете по чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 7 јануари, во домот на ул. „Вашингтонска“ во Скопје, при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно повредил една оштетена со која живеел во вонбрачна заедница. По претходна вербална расправија, тој започнал да ја удира со тупаници во пределот на лицето, а потоа со тврд предмет – парче дрво замавнал и ја удрил по главата и телото. Потоа насилно ја турнал оштетената на подот и продолжил со клоци да ја удира по стомакот, нанесувајќи и тешки телесни повреди. Додека оштетената се обидела да повика помош, тој се приближил кон нејзината 3-годишна ќерка и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување како очув, започнал да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што и нанел тешки телесни повреди.Со оглед на тоа надлежниот јавен обвинител утврди дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.Фото: Архива

Скопје | пред 6 години

20170524092354

Автоматски пушки биле донесени пред Собранието на 27 април, откриени нови детали

Бегалецот Никола Бошковски на 27 април со возило „голф“, кое било сопственост на УБК, во непосредна близина на Градската болница донел автоматско оружје, пиштоли и панцирни елеци, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски го мобилизирале и координирале членството на ВМРО-ДПМНЕ, а експретседателот на Собранието, Трајко Вељановски, спречувал да се избере нов претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство, објави А1 ОН.Ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, бил задолжен да ги мобилизира членовите на патриотските здруженија, но и за издавање наредба да се извадат хард дисковите од Собранието, каде што биле складирани снимки од насилниот упад. Ова е само дел од обвинението што Обвинителството за организиран криминал го поднесе до Кривичниот суд, а со кое обвинети се Вељановски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски дека плански и со насилство сакале да спречат примопредавање на власта.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

image1

Мизрахи: Знам, дека болката е ненадоместлива, но нивните  браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед

Техничката министерка за труд и социјала  Рашела Мизрахи, го посети семејството кое изгуби две малолетни деца во пожарот попладнево.„Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител, се сочувствувам со големата болка што ја почувствуваа, денес, нивните родители.  Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадмостлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен.  Ќе сторам се што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадоместлива, но нивните  браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед“, истакна министерката.Мизрахи додаде дека Министерство за труд и социјална политика на семејството им понудили  сместување и  еднократна парична помош .фото: МТСП

Македонија | пред 6 години

Ohrid-1

(ФОТО) Бајковит залез во Охрид

Сите ќе се сложите дека Охрид или како што многумина го нарекуваат Балканскиот Ерусалим е непресушен извор за фотографии 24 часа на ден во сите годишни времиња.Денеска Охриѓани воодушевени од залезот на сонцето. Социјалните мрежи преполни со прекрасните фотографии кои ги постираат Охриѓани. 10 јануари 2020 год. ќе се памети по златно црвениот залез на сонцето . Бајка ... Фотографиите говорат се сами за себе.фото: ФБ Јордан Буџакоскифото: ФБ Ѓоко Симјановскифото: ФБ Горан Устијаноскифото: ФБ Јордан Буџакоскифото: ФБ Кристијан Нестороскифото: ФБ Кирил Димов Гафиљфото: ФБ Вера Раоник

Македонија | пред 6 години

10012020_PVRSM_Spasovski_poseta_na_opozareni_kjuki_vo_Shuto-Orizari-2

(ВИДЕО) Премиерот најави најитно обезбедување првична помош за семејството кое во пожар ги изгуби двете малолетни деца

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски придружен од претставници на институциите, го посети местото, каде што се случи пожар во семејните куќи во Шуто Оризари, во кој загинаа две малолетни деца.„Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи. Заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика излеговме веднаш на терен. Ќе обезбедиме сé што е потребно како првична помош, итно сместување и финансиска помош“, рече премиерот Спасовски за време на посетата на местото на несреќата.Премиерот Спасовски најави дека со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ќе разговараат за определување финансиски средства заедно со локалната самоуправа за да се помогне подобрување на инфраструктурата во општината.„Ваквите настани треба да ни бидат поука за во иднина, да направиме сé што е потребно за да не ни се случуваат вакви трагични настани“, додаде премиерот Спасовски, кој изрази сочувство за загинатите деца во пожарот во Шуто Оризари.Фото: Влада

Скопје | пред 6 години

pomracuvanje

Вечерва помрачување на месечината, еве како ќе влијае на хороскопските знаци

Вечерва е првото помрачување на Месечината од вкупно шест што ќе се случат во 2020 година. Помрачувањето започна во 18 часот и 8 минути и ќе трае до 22 часот и 12 минути. Помрачувањата, полната месечина... сите овие природни појави многу влијаат на хороскопските знаци. Астролозите велат декаа овој ден поволен е  само за Лавовите и Девиците. Емоциите ќе бидат изразени кај сите, било да се позитивни или негативни.Нагласени се зависта, љубомората, очајот, но и еуфоријата, како и фрустрациите.Еве како ќе влијае врз секој хороскопски знак:Ќе се случат одредени промени во вашиот дом, бидејќи месечината ќе влијае на семејните односи. Внимавајте да не погрешите при носење на некоја одлука.Месечината ќе влијае врз вашите емоции, па затоа воздржете се од носење клучни одлуки, потпишување договори и документи или преговори со роднините околу имот.Помрачувањето ќе ве направи посвесни за финансиската ситуација, па нема да се впуштите во големите трошоци кои претходно ги планиравте.Влијанието е најизразено врз вашиот емоционален склоп, имате проблеми да се разберете себе и што сакате и од себе, но и од другите околу вас.Најдобро е овој ден да не правите ништо значајно, туку да се посветите на релаксација и одмарање. Можно е да ви се случи краткотрајна заљубеност.Сите случувања се насочени кон тоа да добиете некоја финансиска добивка, без разлика дали сте студент, вработен, пензионер или пак, финансиски зависни од член од семејството.Денеска внимавајте како се однесувате на работа. Ако премолчите некои нешта кои ви доаѓаат да ги кажете, нема да се ставите во незгодна ситуација.Помрачувањето на месечината ќе влијае врз вашите филозофски размислувања, духовност и врз страстите. Внимавајте во кого имате доверба во животот.Внимавајте во што вложувате пари и трошете ги паметно. Бидете особено внимателни со кредити, животни осигурувања или купување недвижнини.Сосема се можни недоразбирања и на професионален и на емоционален план. Ќе сакате да се дистанцирате од одредени личности во вашата околина.Ова помрачување ќе влијае врз вашето здравје, па затоа треба да почнете посериозно да внимавате што јадете и редовно да ги земате витамините.Месечината овојпат ви носи промени кога е во прашање љубовта, но и вашите емоции општо. Имајте реални очекувања и согледувања на ситуацијата.фото: Novosti   

Магазин | пред 6 години

pusenje

СТОП за пушење во затворен простор - онлајн петицијата добива огромна поддршка

Граѓаните со масовна поддршка на онлајн петицијата со која се бара да се стави крај на пушењето на цигари во затворен простор.  За многу кратко време над 13.000 граѓани дадоја поддршка на оваа петиција.Последните измени на законот беа донесени на предлог на СДСМ и ДУИ во март 2018 година кога по брза постапка во Парламентот се изгласаа измените. Иако имаше многу препирки за да не се дозволат измените, сепак на крајот се дозволи  пушење да има и во целосно затворените тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти.Петицијата, која може да се потпише на следниов линк.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања