Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

pozar

Трагедија - Пожар во Шутка загинаа две дечиња на воздраст од три и година ипол

Две деца загинаа во пожарот што се случил попладнево во населбата Шуто Оризари. Се работи за момче и девојче на возраст од три години и година и пол. При пожарот паднал покрив од куќа. Први напомош пристигнале соседите кој успеала да спасат две од вкупно 4 деца кои биле во куќата.Од пожарот се зафатени 3 околни куки.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Komisija

Координативното тело на администрацијата во ЈЗУ се пожалија во ВМРО ДПМНЕ дека се изманипулирани

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Синиша Стојаноски, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Игор Николов денеска се сретнаа со претставници на Координативното тело на администрацијата и помошно - технички лица во јавните здравствени установи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Тема на средбата беше фактот што министерот за здравство Венко Филипче ја манипулира администрацијата во здравството во делот на покачување на платите.Од Координативното тело ги информираа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ дека е потпишан Анекс на Колетивниот договор со кој помошно – техничкиот пероснал во секторот здравство е изманипулиран и покрај ветувањата што им се дадени.Претставниците на Координативното тело соопштија дека има барање за именување на администрацијата во здравството како „здравствена администрација“, составен дел од здравствените систем. Со ова, како што посочија претставниците на Координативното тело, ќе се направи усогласување со стандардите во државите членки на Европската унија.Од Координативното тело на средбата информираа и дека ќе продолжат со борбата да ги остварат своите права запознавајќи ги со своите барања сите релевантни субјекти.Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ на средбата изразија разбирање за потребите што ги претставија претставниците на Координативното тело на администрацијата и помошно - технички лица во јавните здравствени установи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

81723772_2894842397227187_6442247164981673984_o

DJ BAZZ - Единствен македонец кој има настапувано пред 250 лица на брод на Босфор!

Dj Bazz е новото име на македонската сцена, но и единствен DJ кој 2020-та година му започна на Босфор со настап пред 250 млади од цела земја. Како што и самиот вели, изненаден е од позитивната енергија која и се случила на публиката на целовечерниот настап кој започа од 22:00 часот и траеше до утринските часови.„Она што беше уникатно, е тоа што цела вечер пловевме по Босфорот“. Годинава ја имавме честа да уживаме во спекталуларен огномет до „Мостот на Босфор“, а особено задоволство ми претставуваше мене од причини што сите беа добро расположени и уживаа во мојот микс“, вели Dj Bazz.За разлика од минатите години кога градот немаше доволно новогодишна еуфорија, годинава се новогодишната приказна беше сосема поразлична. Доколку се наврнеме на фактот дека само „Ескејп Травел“ го срушија сопствениот рекорд со 250 млади од цела земја на борд на Босфор, може да се заклучи дека и заинтересираноста кај младите за журкање во Истанбул расте.„Агенцијата одлучи годинава новогодишниот дочек да биде поразличен од останатите. Самата агенција организираше отворен и затворен подиум. На почетокот пуштав музика во затворениот дел како најава на бендот, за потоа журката со мене да се префрли на отворено со феноменален поглед и со феноменален огномет“, додава Bazz.На прашањето што може да се очекува во блиска иднина, dj Bazz ни додава дека во моментов заедно со „Escape Travel“ работат на проект кој ќе биде објавен наскоро. Како што вели тој, нови патувања и нови доживувања. За него, мотото на агенцијата или бегство од реалноста, е само добар поттик за сите млади кои знаат како да живеат. 

Магазин | пред 6 години

10012020_-Apostolska_amb.-na-Ukraina_2

Во Украинската амбасада во земјава, отворена книга на жалост

Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска се потпиша во книгата на жалоста, што беше отворена во амбасадата на Украина во нашата земја, по повод трагичната авионска катастрофа на 8 јануари во која животот го загубија 176 патници и членови на екипажот – граѓани на Украина, Иран, Канада, Шведска, Авганистан, СР Германија и Обединетото Кралство.Министерката Апостолска, во нејзино име, во име на Владата на Северна Македонија и во име на граѓаните на земјата, изрази жалење и запиша порака за сочувство и утеха за семејствата на загинатите, до украинскиот народ и до народите на сите земји што имаа свои граѓани на трагичниот лет.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Blagica-Lasovska

Ласовска: Лажна вест е дека Рашела Мизрахи изработувала семинарски трудови за пари

Лажна вест и ширење на лажни вести е дека техничката министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи изработувала семинарски трудови за пари. Власта е во паника, на Бихаќка се свесни дека на 12 април граѓаните ќе ги поразат нивните погубни политики кои за овие три години на државата и нанесоа несразмерна штета, истакна Благица Ласовска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Со очајнички обиди и лажни вести Костадинов се обидува да ја продолжи политичката кариера на неговиот ментор, Зоран Заев кој ја уназади Република Македонија.Во СДСМ се повеќе и повеќе се уплашени, лажните вести нема да им помогнат, исплашени се од откривање на нивните криминали и негрижата за граѓаните, негрижата за сите оние кои ги заборавија изминатите три години.Нема да спречат ниту еден од техничките министри и дополнителните заменици министри да си ја вршат својата работа, да ги истражат сите нерегуларности и криминали на власта на СДСМ. Нема да ги спречат да работат чесно и достоинствено во служба на граѓаните.Казната за криминалот и корупцијата, за поразите кои и ги нанесоа на државата пристигнува набрзо, граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и неговата криминално-рекетарска банда. Македонските граѓани ќе ја изберат обновата на Македонија, истакна Благица Ласовска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

velosiped

Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа, возачот избегал

На 09.01.2020 во 19.30 часот на улица „2“ во н.Илинден во Скопје, патничко возило удрило во велосипедистот Е.Ш.(23) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.Ш., по што бил пренесен во Комплексот клиники „МајкаТереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

nagradi

(ФОТО) Доделени наградите за најубаво украсени новогодишни дворови

Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски, денес ги додели наградите за најубаво украсени новогодишни дворови. По пристигнатите апликации, комисијата ги одбра трите најубаво украсени дворови. Првото место им припадна на Иванка и Бруно Гигер, второто место го освои Јована Бандилоска Јованоска, а третото место е на Клаудија Арсенова и  годинава за првпат беше доделено за најубаво украсен балкон.Прво местоВторо местоТрето место 

Македонија | пред 6 години

Mickoski-Ambassador-Zuo-SREDBA-1001-3

Мицкоски се сретна со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕоу

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф - др Христијан Мицкоски со Стефан Андоновски советник за меѓународна односи и дипломатија остварија средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕоу.На средбата се разговараше за односите помеѓу двете држави, актуелната состојба во државата и можностите за соработка.Мицкоски истакна дека односите помеѓу двете држави се исклучително пријателски, но има простор за дополнително продлабочување особено на полето на економијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираше заложбата на партијата за отворени економски односи и економска обнова, поволна бизнис клима која ќе ги привлекува инвеститорите од целиот свет.Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Мицкоски ќе биде фокусирана на економски развој кој ќе придонесе за подобар живот. Сегашната состојба е разочарувачка, ниското ниво на инвестиции, и разорената економија создаваат зголемена сиромаштија и иселување на кое мора да му се застане на патот.Мицкоски истакна дека новата Влада ќе вложи напори за остварување на стратешката цел а тоа е влез на Република Македонија во Европската Унија и забрзана патека по која ќе се движи преку коренити реформи и вложувања.Фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

drisla

ОЈО ги тргна рацете од „Дрисла“, - нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапуваше по допрен глас за незаконито согорување медицински отпад на депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот.Заради утврдување на фактичката состојба јавниот обвинител спроведе обемна предистражна постапка во рамките на која прибра податоци и извештаи кои се однесуваат на еколошките дозволи што ги поседува депонијата и на резултатите од редовните, контролните и вонредните инспекциски надзори извршени во текот на 2017 и 2018 година. Во исто време, беше сослушан и претставник на Државниот инспекторат за животна средина кој ги појасни наводите и ги потврди констатираните состојби при извршените инспекциски надзори.Дополнително, од страна на јавниот обвинител, на 25.02.2019 година беше формиран и истражен тим со истражители од Царинската управа и од Управата за финансиска полиција кои преземаа дејствија за проверка на сомнежите пласирани во јавноста во врска со незаконит увоз и согорување медицински отпад во „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци.Анализата на прибраните извештаи покажа дека при вонреден инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина на 01.12.2017 година било констатирано дека просечните концентрации на емитуваните CO, SO2 и прашина од работењето на инсинераторот на печката за спалување медицински отпад ги надминуваат граничните вредности согласно Правилникот за гранични вредности на емисии при согорување на отпад и услови и начинот на работа на инсталациите за горење и согорување. По ова, Инспекторатот донел Решение со кое го ограничил работењето на инсинераторот за спалување медицински отпад на најмногу 8 часа во текот на еден работен ден и целосно го забранил работењето во деновите кога се надминати праговите за алармирање на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух во Скопје. Со Спогодба, правниот субјект бил задолжен да плати одмерена глоба во износ од 8.500 евра. Во истовреме, депонијата била задолжена во рок од 90 дена да ги доведе емисиите на загадувачки супстанции во воздухот во дозволените граници.По овој настан, во текот на 2018 година, депонијата извршила набавка и инсталција на нови филтри и направила измени на инсинераторот за медицински отпад, а при извршените контроли од инспекторатот било констатирано дека емисијата на загадувачки супстанции во воздухот не ги надминува граничните вредности определени со Правилникот.На 22.01.2019 година депонијата ги известила Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање дека печката за согорување медицински и друг вид опасен отпад е ставена вон употреба поради дефект и физички оштетувања на филтерот за прочистување издувни гасови. Дефектот бил отстранет во февруари 2019 година, а извршеното тестирање покажало дека емисијата на загадувачки супстанции во воздухот не ги надминува граничните вредности, по што печката повторно била ставена во употреба. Во меѓувреме, медицинскиот отпад се собирал и складирал во депонијата, но не се согорувал.Во периодот од 22.11.2018 - 07.03.2019 година Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство поставил мерен инструмент „AIRPOINTER-Recordum“ во кругот на депонијата Дрисла со цел да мери и собира податоци за квалитетот на воздухот во близина на печката каде се согорува медицински отпад. Од извештајот од мерењата се констатира дека во најголем дел резултатите од мерењето се во дозволените граници, а во периодите кога има надминување тоа е со краток максимум од 70-80 микрограма на метар кубен што е во рамките на европскиот просек за урбани средини.Јавниот обвинител ги обезбеди и резултатите од извршените мерења и анализи на технолошката вода и на водата за пиење во депонијата Дрисла, извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје, кои исто така се во рамките на законските и стручните прописи во однос на испитаните параметри.Врз основа на прибраните обемни податоци и релевантни докази, а особено од извршените тестирања и анализи, не произлезе дека од депонијата „ДРИСЛА-СКОПЈЕ“ ДОО Батинци, спротивно на прописите за заштита на животната средина, биле испуштани отровни или издувни гасови во поголемо количество со кои би се предизвикало значително оштетување на квалитетот на воздухот и опасност за животот и здравјето на луѓето, како и уништување на животинскиот и растителниот свет.Со оглед на тоа, надлежниот јавен обвинител заклучи дека не постојат докази кои упатуваат на сомнение дека е сторено кривично дело кое се гони по службена должност и донесе одлука дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот.фото:Архива

Скопје | пред 6 години

05

(ФОТО) Назначени 12 раководители и 12 дополнителни заменици раководители

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, заменикот министер за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска одржаа работен состанок со раководителите и  дополнителните раководители кои се назначени согласно член 44 од  Законот за Влада на Република Северна Македонија.Министерот Чулев и дополнителниот заменик министер Петровска потенцираа дека законите мора да се почитуваат и да се исполни основната цел, покрај стандардните за гарантирање на јавниот ред и мир, а тоа е организирањето на мирни, фер и демократски избори на 12 април. Чулев и Петровска ја потенцираа добрата меѓусебна соработка и посочија дека таквата соработка треба да биде пример и за другите раководители, кои мора да соработуваат во интерес на граѓаните. МВР е специфично министерство кое не дозволува импровизации и хиерархијата мора да се почитува и оттука, во своето постапување, сите полициски службеници и вработени се должни да постапуваат согласно законските одредби. НОВИ РАКОВОДИТЕЛИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАМЕНИЦИ РАКОВОДИТЕЛИИЛИЈА МИЛЕСКИ – се именува на работно место НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ОХРИД во Биро за јавна безбедностСАШО СМИЛЕСКИ се именува за  ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – ОХРИД во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТАЛЕКСАНДАР НИКОЛОВ – се именува на работно место НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ШТИП во Биро за јавна безбедностМАРЈАН КОЦЕВ се именува за  ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – ШТИП во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТАНДРЕЈ ВАСИЛЕВСКИ – се именува на работно место НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ БИТОЛА во Биро за јавна безбедностСЛАВКО ЈОВАНОВСКИ се именува за  ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – БИТОЛА во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТТРАЈЧЕ ГЕОРГИОСКИ – се именува на работно место НАЧАЛНИК на ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПРИЛЕП во СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ БИТОЛА во Биро за јавна безбедностИГОР КАРАВИЛОСКИ се именува за ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – ПРИЛЕП во СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – БИТОЛА во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТИГОР АНГЕЛОВСКИ – се именува на работно место НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВЕЛЕС во Биро за јавна безбедностЗЛАТЕ ЈАНЕВСКИ се именува за ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – ВЕЛЕС во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТВАСИЛ ТОДОРОВ – се именува на работно место НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ СТРУМИЦА во Биро за јавна безбедностТАНЧО ПРОЈКОВСКИ се именува за ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – СТРУМИЦА во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТФИЛИП ФИЛИПОВСКИ – се именува на работно место ПОМОШНИК НА МИНИСТЕРОТ НА ОДДЕЛ ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА, КРИМИНАЛИСТИЧКИ ИСТРАГИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИДЕЈАН АНДОНОВ се именува за  ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НА ПОМОШНИКОТ на МИНИСТЕРОТ на ОДДЕЛ ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА, КРИМИНАЛИСТИЧКИ ИСТРАГИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИСАШКО ЗЕНГОВСКИ – се именува на работно место НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛИЦИСКИ ОПЕРАЦИИ во Биро за јавна безбедностБРАНКО ТРАЈАНОВСКИ се именува за  ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на ОДДЕЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛИЦИСКИ ОПЕРАЦИИ во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТИВИЦА БИСОВСКИ – се именува на работно место КОМАНДАНТ НА ЕДИНИЦА ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ЗАДАЧИ ВО ОДДЕЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛИЦИСКИ ОПЕРАЦИИ во Биро за јавна безбедностМИТКО ДАНЕВСКИ се именува за  ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК КОМАНДАНТ на ЕДИНИЦА ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ЗАДАЧИ во ОДДЕЛ ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ПОЛИЦИСКИ ОПЕРАЦИИ во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТАЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ – се именува на работно место НАЧАЛНИК на ОДДЕЛ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН И СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ во Биро за јавна безбедностЛАЗО ВЕЛКОВСКИ се именува за ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на ОДДЕЛ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ОРГАНИЗИРАН И СЕРИОЗЕН КРИМИНАЛ во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТВАСКО НАУМОВСКИ – се именува на работно место НАЧАЛНИК на ЕДИНИЦА ЗА ИНТЕРВЕНТНА ПОЛИЦИЈА во Сектор за внатрешни работи СКОПЈЕ во Биро за јавна безбедностПРИМИСЛАВ ДИМОВСКИ се именува за ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на ЕДИНИЦА ЗА ИНТЕРВЕНТНА ПОЛИЦИЈА во СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – СКОПЈЕ во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТРИСТО СТАВРЕВСКИ – се именува на работно место НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ -СКОПЈЕ во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТТОНИ ЈАКИМОВСКИ се именува за ДОПОЛНИТЕЛЕН ЗАМЕНИК НАЧАЛНИК на СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ – СКОПЈЕ во БИРО ЗА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ фото: МВР

Македонија | пред 6 години

sekerinska

(ВИДЕО) Шекеринска најмногу се плаши од смрт!

Кој филм последно те расплака, без што не можеш да живееш и како започнува омилената приказна на твојата ќерка се само дел од 30-те прашањата на кои одговара Радмила Шекеринска во новото  издание на "30 прашања со... https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/1457039154462521/?v=1457039154462521

Македонија | пред 6 години

vanco

Телма: Ќе добие ли среќен крај тажната животна приказна на бездомникот Ванчо Спасовски?

Од пазарџија до бездомник. Живеел по паркови, во напуштен автобус, на улица. Ванчо Спасовски од Куманово има дом, но и освен што се грижи за себе, тој се грижи и за други. Помага во домот на Лилјана Ратковиќ, готви и се грижи за неа. Тажната приказна за неговиот живот сега добива нов почеток.Кога не е тука се обидува да заработи дополнителен приход. Купува и препродава стари работи на дивиот пазар кај скопското Кале.Старите здравствени пролбеми се уште му се провлекуваат.Видео сторијата за Ванчо Спасовски во целост на Телма.мк

Македонија | пред 6 години

Stoilkovski

Стоилковски:    Венко Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градба на штипската болница во куќа на шоумен?

Владата зад мене молчи за аферата „Рекет 3“, молчи Оливер Спасовски, молчи Венко Филипче. Нема ниту глас од Зоран Заев, иако „Рекет 3“ како надоврзување на „Рекет 1“ и „Рекет 2“ излегува во јавноста на три месеци пред избори, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Сега е јасно зошто Штип остана без болница, јасно е дека заради лукративни цели и незаконски постапувања болницата уште не е доградена. „Рекет 3“ е случај на рекетирање на домашна компанија и нејзино туркање во стечај заради нејзино преземање понатаму. „Рекет 3“ е случај на вмешаност на министер во рекетирање и непостапување по банкарската гаранција на штета на буџетот иако договорот не е испочитуван. „Рекет 3“ е случај наново барање на 7 милиони евра од буџетот за истата компанија која што должи пари и веќе две години доцни со градбата.Оливер Спасовски, неговиот ментор Зоран Заев, и пред се Венко Филипче мора да објаснат зошто не е активирана банкарската гаранција?Пробиени се сите рокови и раскинат е договорот со подизведувачот!Венко Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градба на штипската болница во куќа на шоумен?Која фирма ќе биде нов подизведувач и дали е навистина е таа блиска до власта? Дали градежните работи и градежните фирми на штипската болница ги координира човек од семејството на поранешен премиер?Оливер Спасовски мора да одговори дали планира да му одобри на Венко Филипче нови 7 милиони евра за проект кој што врзан за аферата „Рекет 3“?Однесувањето на власта е срамно, однесувањето на обвинителството за организиран криминал уште посрамно. Од одговорноста нема бегање. Одговорноста ќе дојде, а поразот за оние кои што денес ни носат порази е неминовен, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

k15

И годинава манупулации со исплатата на К -15, наместо 10 100 ден, на работници им исплатиле по 100 ден

Три угостителски објекти, четири супер маркети, три градежни фирми и триесетина текстилни конфекции се на списокот на невладината „Гласен Текстилец“-Штип, бидејќи на работниците не им исплатиле К-15. Според невладината „Гласен Текстилец“-Штип, на сметките на вработените од овие фирми до крајниот законски рок биле пуштение од 100 до 6.000 денари наместо максималните 10.100 денари за регрес за годишен одмор. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип вели дека пријавите од текстилните работници пристигнуваат за конфекции од Крива Паланка, Штип, Делчево, Ресен, Пробиштип и Кочани.-Досега сознанијата се дека две воопшто немаат исплатено регрес за годишен одмор, а дел исплатија во деновите по Нова година. Во Велес имаме исплати на К-15 од 100 денари. Останатите исплати се  1.000, 3.000, 3.500, 5.000 и 6.000 денари. Една штипска конфекција исплатила 4.000 денари во некакви бонови за пазарување од еден супер маркет, не знаеме какви се тие бонови еве тоа што го слушавме сега се случува, вели Ампева.Таа побара од Управата за јавни приходи да кажат што значи загуба, кога една фирма ќе пријави, затоа што работодавците на овој начин се самоослободуваат да не исплатат К15..Ампева вели дека доколку на УЈП им се потребни информации, претставниците на Гласен Текстилец се понудија да им ги дадат, бидејќи дел од фирмите пријавуваат загуба, а истовреме користат и еден куп мерки од државата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев на средба со иранскиот амбасадор: Лудост е да се верува дека една држава може да го владее светот

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, придружуван од генералниот секретар Ацо Николовски и членката на Извршниот комитет Билјана Кузмановска, се сретна со амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Н.Е. Мухамед Мехди Мовахеди и заменик-амбасадорот Н.Е. Мохамед Али Рамезанејад.Претседателот Бачев во името на Единствена Македонија и во името на македонскиот народ изрази сочуство за убиството на генералот Касем Сулејмани кое го оцени како кршење на меѓународното право и опасен и невнимателен чекор кој може да доведе до зголемување на тензиите во регионот и пошироко.Генералот Сулејмани како службеник на Иран која е членка на Обединетите нации е убиен во трета држава Ирак од страна на држава членка на Обединетите нации со што е прекршена Повелбата на ОН. Тоа е ризичен чекор за мирот и безбедноста во регионот и пошироко и најдобро решение е почитување на меѓународното право. САД мора да ја сфатат простата вистина дека е лудост да се верува оти една држава може да го владее светот при постоењето на голем број народи и религии и дека иднината на светот му припаѓа на националните сили, патриотите и суверенистите кои сакаат држави со национален и религиски идентитет кои светот го разбираат како културен натпревар меѓу народите.Бачев изрази благодарност до Иран која од почеток ја призна  Република Македонија под уставното име и потенцираше дека многу бргу новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги поништи антимакедонските договори вклучително и Договорот со Грција за промена на името, со што, повторно ќе биде воспоставена меѓународната реалност со меѓународно правно признатото - право да го носиме името - Република Македонија.Неговата екселенција амбасадорот Мухамед Мехди Мовахеди се заблагодари за посетата и говореше за животот и делото на генералот Сулејмани кој фактички целиот живот го посветил на интересите на Иран и светскиот мир како скромен човек со врвни морални принципи и човечка љубов кон човештвото како и погледите на големиот македонски војсководец Александар Македонски кој поставил трајни врски меѓу Македонија и Персија чија наследник е денешната Исламска Република Иран, се вели во соопштението од Единствена Македонија.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

bogojeski-3

И општина Охрид со апел да не се палат огнови на отворено

Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено.Општина Охрид во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година презема мерки против загадувањето на амбиентниот воздух и има предвидено Проект за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување-  инвертер клими.Исто така Општина Охрид е дел од Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух– AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија. Во рамки на проектот, поставени се 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошките параметри на подречјето на општината. Во моментов се следат пет еколошки параметри и три метеоролошки параметри.Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено.Општина Охрид во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година презема мерки против загадувањето на амбиентниот воздух и има предвидено Проект за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување-  инвертер клими.Исто така Општина Охрид е дел од Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух– AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија. Во рамки на проектот, поставени се 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошките параметри на подречјето на општината. Во моментов се следат пет еколошки параметри и три метеоролошки параметри.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Случајот „Еразмус“ се враќа на почеток - поротник заминува на работа во Германија

Судскиот процес „Еразмус“ се враќа од почеток.  Судијка поротничка ќе го напушти составот, затоа што добила работна виза да работи во Германија во наредните шест месеци.“Еразмус” требаше да има пресуда на почеток од февруари, а сега, на тој датум ќе почне од почеток.Во Судскиот процес „Еразмус“, поднесени се обвиненија за поткуп за пет професори и еден асистент од економскуот факултет во Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението во октомври минатата година.Судски процес за случајот Еразмус, во кој обвинети се неколку професори на Економскиот факултет, Славе Ристески, Драги Јанев, Стојан Дебарлиев, Бобек Шуклев и демонстраторот Драган Денковски.  Според сведочењето на Дејан Трајковиќ кој од 2012 до 2018 година работел во бифето на Економскиот факултет, професорот  Шуклев барал да има секс со студентка или да му плати 1000 евра за да положи испит.Инаку „Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година, како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела“, соопштија тогаш од Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 6 години

rocista

Даути: Не се плашете Претседателе, овој предмет застарува во 2031 година, зошто се брза да заврши пред изборите?

Адвокатот Мерџан Даути, испрати писмо до Претседател на Основен кривичен суд. Писмото го објавуваме во целост:Почитуван Претседател на Основен кривичен суд, Начинот на комуникација и однесување кој го практицира како Основен кривичен суд со тоа што при секое барање на адвокатите кои се согласно позитивните законски прописи, Вие експресно се обраќате до Адвокатската комора на РСМ, да ни ги одземате Лиценците е обид за наше замолкување, што преставува притисок да престанеме со сите сили согласно закон, што ни е неопходно да ги бранеме нашите клиенти. Вие имате сила и затоа не казнувате, иницирате дициплински постапки, но со оваа прилика сакам да ве потсетам дека стапот има два краја.Апелирам до Вас и сите меѓународни иституции, за Ваше добро и за доброто на државата, дека владење на правото и почитување на законите е услов нашата земја побрзо да влезе во НАТО и ЕУ, затоа прифаќате оставка на судија – поротник Лилјана Ивановска Кочовкса, па и кривичниот предмет нека продолжи без влијание на Претседателот на судот, и судењето нека се води судечкиот совет.Не се плашете Претседателе, овој предмет застарува во 2031 година, и не разбирам на Вашето инсистирање спротивно на сите позитивни закони, да предметот познат за јавноста „ТНТ“ да заврши пред изборите или во најкусен можен рок, те. текот на овој месец. Со непочитување на законските одредби и недозволување на употреба на албанскиот јазик се праваат суштествени повреди на ЗКП, што значи повисоките судови, те. Апелационен или Врховен суд, овие факти немаат да ги премолчат и предметот наместо да започне да се суди од ново во јануари, ќе почне да се суди јуни или јули 2020 година, кога ќе биде вратен од повисоките судови.Затоа, Ве повикуваам, на јавноста, колегите адвокати и на локална и меѓународната заедница, да и одговорите на прашања:Дали на 28.01.2020 година, доколку согласно подготвениот план, Судскиот Совет констатира оставки, одново ќе почне судењето ТАЛИР 1, МОНСТРУМ, ТЕНДЕРИ, ТОПЛИК и сите други предмети каде оваа поротничка е член да судечиот совет?Дали на последното рочиште кое се одрза во јануари 2020 година, во случајот за сообраќајната несреќа, едната од судија – поротник, поради протек на мандат повеќе не е член на судечкиот совет и зашто и за неа не инсистирате да продолжи да работи се до одлука на судски совет, нешто се прави со Лилјана Ивановска Кочовска?Вистина ли е дека Основниот кривичен суд нема друг судија – поротник? Дозволете како претседател на Судот, да завладее правото, а ако сметате дека „ТНТ“ е национален интерес, те. мора Фиат Цановски да се обештетува до парламентарните избори, започнете го рочиштето од ново согласно закон, закажувајте рочиште секој ден до 12.04.2020 година, и така ќе ја постигнете целта, но притоа ќе имаме судска постапка соглано закон. Со почит,Мерџан Даути, адвокат

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Деловен успех и среќа“, „Вештачка интелигенција“ и „Среќен роденден“ („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 181/19).Кованите пари ги имаат следниве карактеристики:„Деловен успех и среќа“ На аверсот, во централниот дел на монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на западната хемисфера и скиптарот на Меркур, коишто се прикажани на основата на дрвено тркало во златна боја. По должината на периметарот е прикажано името на издавачот ‒ Република Северна Македонија. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на нашата земја и годината на издавање на монетата – „2019“, како и апоенот „100 денари“. Сите натписи се на англиски јазик.На реверсот, во централниот дел од монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на источната хемисфера. Над вметнатото стакленце се прикажани слики од ракување, старовремска локомотива и брод. На левата страна од реверсот е прикажан Меркур со скиптарот, а на десната страна ‒ слика на Фортуна која држи рог на изобилството. Под вметнатото стакленце се прикажани сидро и два запченика, а над нив натписот „Ag925“. На долниот дел од периметарот на англиски јазик е испишано: „Деловен успех и среќа“.„Вештачка интелигенција“ На аверсот, во централниот дел на кованата пара е претставена слика на дигитален уред за оптичко препознавање со вградени сензори на мрежницата и информациски канали коишто се оддалечуваат во форма на мрежа со контактни јазли. Во горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на нашата земја, а по должината на периметарот е испишано „Република Северна Македонија“. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „2019“ ‒ годината на издавање. Сите натписи се на англиски јазик.На реверсот, во централниот дел од кованата пара е прикажана вештачка интелигенција во вид на кристал и струјно коло во вид на човечки мозок од кој се шири мрежа на сензори што го опкружуваат светот. Во горниот дел од кованата пара е прикажана слика на ракување како симбол на тесната соработка на човештвото со вештачката интелигенција. На горната лева страна е прикажана ознаката „Ag925“. По должината на периметарот е прикажан натписот на англиски јазик: „Вештачка интелигенција“.„Среќен роденден“ На аверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажана кошница полна со подароци и грбот на нашата земја. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „Република Северна Македонија“. На десната страна е прикажана годината на издавање ‒ „2019“ . Сите натписи се на англиски јазик.На реверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажано насмеано бебе коешто носи капа и држи пелена во својата рака. По должината на периметарот на кованата пара е прикажан украс во вид на рачка на кошница. На долниот дел од кованата пара се претставени цвеќиња. Натпис на англиски јазик: „Среќен роденден“. На левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.Цената на кованата пара „Деловен успех и среќа“ изнесува 3.000,00 денари, на кованата пара „Вештачка интелигенција“ изнесува 3.200,00 денари, а на кованата пара „Среќен роденден“ изнесува 4.000,00 денари.Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Северна Македонија.Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка во делот Ковани пари за колекционерски цели.фото: Кабинет на гувернерот

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Скопјанец со автомобил удрил две малолетни девојчиња

На 09.01.2020 во 19.15 часот на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и сервисната улица што се поврзува со бул.„Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години од Скопје. Во незгодата 12 - годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13 - годишното девојче се здобило со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

tabanovce

Турски државјани на „Табановце“, се обиделе да поминат со фалсификувани исправи

На 09.01.2020 во 21.20 часот на Граничниот премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода биле лишени Б.Н.(20) и С.Б.(24), двајцата од Република Турција. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР  Куманово за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Жител од Богданци со „ауди А6 “, се обидел да пренесе девет мигранти од Египет

На 09.01.2020 околу 20.00 часот во близина на Кратово, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(28) од Богданци, поради тоа што на регионалниот пат Страцин – Кратово, при преглед во неговото патничко возило „ауди А6 “, со бугарски национални ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти без документи, а по нивно кажување, сите од Египет. Д.С. бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија и Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ojo

Кривична пријава за двајца Државни правобранители на подрачје на Велес

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против П.Н.(64) од Прилеп, со живеалиште во Скопје и Б.П.(45) од Велес, двајцата вработени како Државни правобранители на подрачјето на Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.Првопријавениот П.Н. постапил спротивно на одредбите од Законот за државното правобранителство и не обезбедил согласност – известување од Владата на Р.С.Македонија за натамошно застапување, која бил должен да ја обезбеди во случаите кога од една страна ги штити имотните права и интереси на Р.С.Македонија, а од друга страна, како законски застапник, ги штити имотните права и интереси на државните органи. Станува збор за предмет во кој како тужители се јавуваат правниот субјект ,,Павор’’ извоз-увоз Орце ДООЕЛ Скопје и лицето О.П. од Велес, а како тужена странка во постапката се  Р.С. Македонија, Министерство за финансии, Управа за јавни приходи-Регионална дирекција Прилеп и Трговското друштво за вработување инвалидни лица за производство на апарати за домаќинство ,,ДИНАМО-ХИТ ДОО“’ Велес.Имено, пред Основен суд Велес, од страна на тужителите бил оспорен Записник од втора продажба на имот со јавно наддавање од 05.12.2005, изготвен од страна на првотужениот РСМ – Управа за јавни приходи, според кој „Динамо - Хит“ ДОО Велес купил земјиште со површина од 26.077 м2 на подрачјето на Велес, во рамките на извршната постапка за присилна наплата на долг кој произлегува од даночните обврски на должникот „Лозар - Агросервис“ АД Велес, бидејќи должникот бил корисник на предметното земјиштето кое било во сопственост Р.С. Македонија и истото не може да биде предмет на присилна наплата, затоа што согласно законските прописи извршување се спроведува само од имот кој е во сопственост на должникот. Тужителите, исто така, го оспориле и неоснованото запишување на горенаведениот имот на име на „Динамо - Хит“ ДОО Велес од страна на Агенцијата за катастар на недвижности, при што од страна на Основниот суд Велес по изведените докази и утрдувањето на фактичката состојба во постапката била донесена првостепена Пресуда од 05.03.2018, со која било констатирано дека предметното земјиште е во сопственост на државата, а не во сопственост на даночниот должник „Лозар - Агросервис“ АД Велес.Првопријавениот П.Н., наместо да ја прифати Пресудата од 05.03.2018 на Основниот суд Велес, со која било утврдено дека земјиштето било и останало во сопственост на Р.С.Македонија, на 22.03.2018 вложил Жалба на оваа Пресуда, а подоцна на 15.05.2019 и вонреден правен лек – ревизија, додека второпријавениот Б.П. на 22.03.2018 година ја потпишал Жалбата на Пресудата од 05.03.2018 на Основниот суд Велес, без да ги ценат  правните интереси на Р.С.Македонија.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

prsteni

Татко ја продал својата малетна ќерка за 6000 евра, доби 7 години затвор

По одржана главна расправа на која беа изведени материјални и вербални докази, во Основниот кривичен суд – Скопје е објавена пресуда со која обвинетиот Т.Д. е огласен за виновен за сторено кривично дело Трговија со дете од член 418-г став 1 од Кривичниот законик и е осуден на казна затвор во траење од 7 години.Предметниот кривично правен настан се случил во 2013 година кога Т.Д. ја присилил на брак својата тогаш 17 годишна ќерка и ја продал за 6000 евра на семејство во Словенија.  Оштетената малолетничка таму од страна на новото семејството била третирана како предмет на купување, за што надлежниот суд во Марибор во декември 2015 година ги осудил сопругот и неговите родители и им изрекол ефективни затворски казни.За случајот словенечкиот јавен обвинител го извести Основното јавно обвиителство за гонење на организиран криминал и корупција. Надлежен јавен обвинител веднаш започна истрага за кривично правниот настан против таткото на оштетената. Преку меѓународна правна помош за случајот беа обезбедени докази и разменети информации со словенечките колеги. Во текот на истрагата се утврди дека родителите на момчето го договориле бракот и таткото на малолетничката дал согласност невестата да ја даде за пари на човек што прв пат го гледа, а кога малолетничката се спротивставила обвинетиот физички ја нападнал и ја присилил на брак.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

kupuva

(ФОТО) Тајланд забрани пластични кеси, но ја потикна снаодливоста на Тајланѓаните

Во Тајланд од 1 јануари стапи во сила законот за забрана на употребата на пластични ќесиња, а тоа ја поттикна снаодливоста и креативноста на Тајланѓаните.Имено, граѓаните во големите продавници почнаа да доаѓаат со хартиени ќеси, платнени торбички, вреќи, кофи, ќупови, колички за малтер, метални канти, па дури и улични препреки за паркирање, коишто свртени наопаку личат на фишек.Пластиката се смета за еден од најголемите загадувачи на животната средина.На Фејсбук е отворена и посебна страница посветена на новите креативни начини на пазарување.https://twitter.com/sihamese/status/1213583409831989248?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1213583409831989248&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.radiomof.mk%2Ftajland-gi-zabrani-plastichnite-kesi-pottiknuvajkji-gi-gragjanite-da-najdat-kreativni-alternativi%2F

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања