Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

tedi

(ФОТО) И мечето Теди од Штип ќе се исели во Германија

ФБ статус на директор на Зooлошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски:-По неколкумесечната битка на Тина конечно и е одобрено, 4 Paws и фондацијата на Брижит Бардо да го земат мечето Теди од Штип во резерват кој се простира на 150 000 м2 и каде што има и други мечиња како него кои се на ресоцијализација и добиле шанса за подобар живот. За околу 10 дена, Теди доаѓа да го прегледа еден од најдобрите светски ветеринари за диви животни од Германија, а потоа забрзано ги подготвуваме документите и транспортот. Благодарност на сите добри луѓе кои ја поддржавте во тоа. 😍https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2854605604602021&set=a.505947939467811&type=3&theater

Магазин | пред 6 години

smoking-old-man

Подобро да бидете сиромашен, но со добро срце, отколку богат со лоши намери

„Кога имаш добро срце… Многу помагаш, многу веруваш, многу даваш, многу сакаш, а се чини дека најмногу си повреден.“„Луѓето со добри срца и кај другите ја будат добрината.“„Ниедна убавина не сјае толку сјајно како доброто срце.“„Најкорисниот имот на личноста не е главата полна со знаење, туку срцето полно со љубов, со уши кои слушаат и раце кои сакаат да помогнат.“„Луѓето со меки и добри срца не се будали. Тие знаат што им направиле другите, но повторно и повторно простуваат бидејќи имаат прекрасно срце.“„Ништо не ја погодува добрата душа и доброто срце повеќе од животот меѓу луѓе кои тоа не го разбираат.“„Добрите луѓе се како свеќи. Ќе изгорат за да им пружат светлина на другите.“„Ако мислите дека вашата љубезност и добро срце ќе донесат само одбивање и патење, не дозволувајте тоа да ве промени. Ако сте внимателна личност која прави добри дела, не престанувајте само затоа што луѓето на кои им го пружате тоа не гледаат добро во вас. Проблемот е во нивната реакција или недостиг на истата, а не во вас. Не се менувајте. Тие се оние кои треба да се променат. Вие само продолжете да бидете љубезни, внимателни и со добро срце.“„Подобро да бидете сиромашен, но со добро срце, отколку богат со лоши намери.“„На крајот на денот, нема да се сеќаваш на личностите со прекрасно лице. Ќе се сеќаваш на оние со прекрасно срце и душа.“„Прекрасна личност е онаа со добро срце. Ако имаш добро срце никогаш нема да бидеш грд.“

Магазин | пред 6 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-5

Поцрне воздхуот во Скопје, жителите се гушат од загаденост

Црно и високо ниво на загаденост денес регистираат мерните станици на Министерството за животна средина.Утринава во главниот град воздухот е значително загаден и тоа на повеќе локации. Мерните станици покажуваат дека најголема загаденост има во Општина Центар со измерени 203 µg/m3, а потоа следат Миладиновци со 187 µg/m3 и Лисиче со 187 µg/m3. Дозволените ПМ10 честички во воздухот се 50 µg/m3.Скопје вчерва е трет на листата на најзагадени градови, веднаш по Бангладеш и Киргистан. Граѓаните изминатите денови реагираат на неподсливата миризба која се шири низ градот и воздухот кој е тежок за дишење.

Скопје | пред 6 години

droga-prodazba

Уапсени тројца дилери, пренесувале дрога од Струга кон Охрид

Основното  јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените на 7 јануари , околу 1.40 часот  во патничко моторно  возило „алфа ромео“ неовластено заради продажба превезувале наркотична дрога марихуана. Дрогата во вкупна количина од 4574,2 грама била сокриена во повеќе пластифицирани вреќи. Тројцата осомничени ја превезувале дрогата во правец од Струга кон Охрид. Откако биле забележани од полицијата, осомничените се дале во бегство.  Возилото на осомничените било престигнато од полицијата и сопрено. Двајца осомничени, 23-годишен битолчанец и 43-годишен велешанец, веднаш биле лишени од слобода. Третото лице, 34-годишен битолчанец се дал во бегство, но по негово идентификување е пронајден и  лишен од слобода во Битола.Судијата на претходна постапка од Основниот суд Охрид го прифати предлогот на обвинителството и на тројцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

nake-kulev

Чулев ги повлекол новите началници

Техничкиот минситер Наќе Чулев денес уште неврачени привремено ги сропирал решенијата за насначување на началници низ МакедониВО ПРОДОЛЖЕНИЕ СООПШТЕНИЕТО ИСПРАТЕНО ОД МВРМинистерот Чулев истакна дека е свесен за огромниот број на поплаки на полициските службеници за претходно спроведената систематизација, и дека ќе се воведе механизам за заштита од повреда на правата на вработените преку зголемен надзор и проверка на издадените решенија. Во таа насока министерот Чулев ги информираше дека донел одлука за стопирање на решенијата кои се уште не се врачени. На средбата беше договорено преставниците на синдикатите да испратат писмена информација за нивниот став во однос на последните распределувања кои предизвикаа реакции во јавноста. На преден план е професионалноста и квалитетот во вршењето на работните задачи и министерот ја даде апсолутната поддршка на полициските службеници кои ја извршуваат својата работа согласно пропишаните правила.На средбата се разговараше за тековните состојби во министерството, а пред се целта сите полициски службеници професионално да придонесат претстојните избори да поминат во најдобар ред односно да се обезбеди фер и демократски изборен процес. Беше потенцирано дека било какво непочитување на законите соодветно ќе биде санкционирано. На средбата беше договорено и да биде формирана комисија за  ревизија на сите правни акти издадени во последниот период во Министерството за внатрешни работи, со учество на синдикатот, која треба да утврди дали се направени неправилности и да подготви соодветен извештај.

Македонија | пред 6 години

siluvanje

52 годишен маж извршил обљуба врз малолетничка од гостиварско

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Џ.Б.(52) од село Чајле, гостиварско, бидејќи во текот на 2018 година извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка од гостиварско село. Пријавениот Џ.Б. бил лишен од слобода и одредена му е мерка притвор.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tepa-zena

Кумановец ја претепал својата мајка

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 27.12.2019 во семејната куќа во село Доброшане, кумановско, физички ја нападнал неговата мајка Р.Ј.(59), а упатил и закани по нејзиниот и животот на неговиот татко Љ.Ј.(62).фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На Скопско кале гореле кабли и трева

На 08.01.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Скопско кале настанал пожар во кој гореле кабли и трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Германски и Италијански државјани фатени на „Богородица“ - криумчареле мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против К.E.(33), државјанин на СР. Германија и Р.A.(30), државјанин на Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 05.01.2020 на Граничен премин „Богородица“ од слобода е лишен К.E., поради тоа што во патничко возило „фолксваген“, со германска национални ознаки, превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија, за кои подоцна било утврдени дека биле украдени во текот на 2019 година. Во врска со настанот, подоцна била приведена и Р.А.. Од Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

trpeza

Празници, оф колку боли што некои драги личности повеќе ги нема

Празници, семејни ручеци и вечери. Нова Година, Бадник,Божик, Василица ... празници кои носат радост и денови кога целото семејство се собира на иста маса. Но, столче понекогаш останува празно. Скоро сите имаме по некој кој што на овие денови најмногу ни недостасува. Ни недостасуваат мудрите мисли, совети љубов...Учиме да живееме без нив, да се потсетуваме од време на време на нив, да се сеќаваме на убавите денови поминати заедно. Но, кога ќе дојдат празниците, нивното отсуство е најмногу боли.  Недостасуваат премногу.Советот од блиските секогаш е: Немој да си тажен - Тие не го сакаат тоа. Тие сакаат да си среќен/ среќна. Но, може ли... Боли, навистина боли нивното заминување.  Попусто велат времето лекува се, кога сме свесни дека колку подолго ги нема, нивното присуство повеќе фали.Затоа во овие празнични денови, да ги споменеме, да се потсетиме на убавите моменти со нив и значењето кое го имаа и се уште го имаат во нашите животи и по нивната смрт. Животот продолжува, но споменот за нив засекогаш ќе остане со нас. Мора да признаеме, намногу фалат во овие празнични денови. Трпезата никогаш повеќе нема да биде иста.фото: John Pavlovitz 

Магазин | пред 6 години

20170524092354

Ќе им се суди на Трајановски, Јанакиески, Спироски и ексдиректорот на УБК за организација на крвавиот упад во Собранието

Кривичниот суд донесе речение со кое го одобрува обвинителниот акт за организаторите на крвавиот упад во Собранието на 27 арпил. На обвинителна клупа ќе седнат експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, заедно со ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Обвинителството ги гони за делото терористично загрозување на уставниот поредок. Кривичниот суд соопшти дека согласно АКМИС-системот ќе биде распределен кај судија, кој ќе треба да закаже рочиште и да го води случајот. За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање. Тие се гонат, бидејќи според Обвинителството на критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството при поднесување на обвинението.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto-1-1

Претседателот на божикен ручек кај поглаварот на МПЦ г.г. Стефан

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на божикниот ручек којшто го приреди поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божикните празници и неговиот именден – празникот на Архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.Претседателот Пендаровски порача дека празничната топлина треба да инспирира за споделување мир, љубов и разбирање во текот на целата година. „Да се насочиме кон она што не обединува, а не она што не разликува и сите заедно да придонесуваме кон градењето заедништво, солидарност, меѓусебно почитување и напредок на општеството“, истакна Претседателот.На божикниот ручек којшто традиционално се приредува во резиденцијата на архиепископот присуствуваа и претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Оливер Спасовски, како и членови на Светиот синод на МПЦ-ОА.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

Foto-6

(ФОТО) Пендаровски го прими светскиот шампион во современ танц, Анди Исмаили

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими 11 годишниот гостиварец Анди Исмаили, светски шампион во современ танц.На средбата, на која присуствуваа и неговите родители, Анди  го раскажа своето искуство од учеството на Светското првенство коешто во декември минатата година се одржа во Оса, Полска. На ова светско натпреварување Анди го освои првото место во категоријата современ танц соло за деца.Претседателот Пендаровски истакна дека Анди иако има само 11 години, тој веќе е амбасадор на нашата земја бидејќи успева да ја промовира Северна Македонија преку уметноста на своето танцување. И затоа, како што потенцираше претседателот Пендаровски, на талентираните млади луѓе државата треба да им дава безрезервна поддршка.Младиот Анди на средбата со претседателот Пендаровски информираше дека негов следен предизвик е европското првенство во џез, современ и класичен балет, коешто во јуни годинава ќе се одржи во Национална опера и балет, во Скопје.Талентираниот Анди Исмаили е член на танцовото студио „I Dance” од Гостивар. За кореографијата со којашто тој победи на првенството во Полска, му помогнале тренери и кореографи и од студиото „Брејк а Лег“ од Скопје.фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен скопјанец за нелегално поседување оружје

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривичнa пријавa против К.Ч.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.На 08.01.2020 на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на наплатната рампа кај с.Глумово, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје  извршиле преглед на К.Ч., при што биле пронајдени еден пиштол „Црвена застава“ со една рамка и осум куршуми, една празна рамка и една празна кутија за муниција. Пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење, а К.Ч. бил лишен од слобода и задржан во Полициското одделение Сарај за понатамошна постапка. По извршени проверки, било утврдено дека лицето не поседува соодветна дозвола за поседување оружје.Во врска со настанот бил известен Јавен обвинител.фото:Архива 

Скопје | пред 6 години

rasela-mirzahi

Мизрахи: Додека вие имате широки семејства, јас тоа го немам - нема да дозволам антисемитизам

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, вели дека нема да дозволи никој да го обележи нејзиниот народ како антисемиски. Овој став доаѓа кога Мерсиха Смаиловиќ, дел од СДСМ, на социјалните мрежи направи пралела меѓу чинкот на поставувањето партиско знаме во кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, и знамето што беше зад Мизрахи додека таа даваше телевизиско интервју. Смаиловиќ напиша: „Тоа е знамето на албанската заедница во Македонија, а нејзиното е класично партиско. Да беше Давидова ѕвезда, никому ништо!“, по што ВМРО-ДПМНЕ веднаш ја обвини за омраза и антисемитизам.„Јас сум родена и израсната во Република Македонија. Во одреден момент ја напуштив државата и го продолжив образованието надвор. Во државата се вратив во 2014-2015 година. Јас сум од оние што се вратив дома. Ова е моја држава и се вратив назад. Нема да дозволам никој да го обележи мојот народ како антисемиски народ. Јас сум растена во средина, во соживот со Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, луѓе од разни верски и етнички припадности. Тоа никогаш не било прашање. Никогаш не ми се поставило прашањето за моето име. Конечно, на ниеден од јавните личности од политиката не му се постави прашањето од која национална, етничка или верска припадност се тие. Дали ќе беше спорно доколку бев Србинка, Влаинка, Турчинка? Антисемитизам во оваа држава не постоел, ниту ќе постои“, рече министерката.Мизрахи им рече на присутните претставници на медиумите:„Додека вие имате широки семејства, јас тоа го немам“. „Во текот на Втората светска војна од моето семејство од Македонија се однесени 83 члена. Додека вие имате големи семејства, јас тоа го немам. Сите се убиени во Треблинка, во концетрационен камп. Го носам името на една од моите тетки. Срамно е во политичка битка да се користат вакви алатки“, додаде Мизрахи.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

hrana-socijalni-lica

Секоја чест - „Урбан бургер“ дава Бесплатна храна за социјално ранливи лица

За почит. „Урбан Бургер Бар“ објави дека од денеска и официјално ќе дели храна за социјално загрозени семејства, лица од ранливи категории, деца без родители и бездомни лица. Објава со оваа содржина барот има на влезната врата од објектот. А фотографијата ја споделија преку социјалната мрежа Фејсбук со цел оние кои што ќе видат да ги информираат или донесат лицата за кои е наменет овој хуманитарен гест.„И официјално повелете на Бесплатна храна помогнете на некој донесете гоЛокација Рузвелтова 63а локал Урбан Бургер Бар“, пишува на објавата на ФБ.https://www.facebook.com/barurbanburger/photos/a.1215622161915853/1932637176881011/?type=3&theater

Скопје | пред 6 години

Koce-PRESS-0111-2

(ВИДЕО) Коце му порача на Петре дека проектите не се нивни

ФБ статус на Коце Трајаноски поранешен градоначалник на Скопје.„Повеќе од 2 години слушам невистини дека во градот не е оставен ниту еден проект. Знаете дека тоа не е вистина и јас чуствувам одговорност кон граѓаните да кажам кои проекти ги оставив во градот Скопје.Петре, Скопје се сака со работа !!! Не ги казнувај скопјани само заради тоа што јас сум започнал некој проект. Тие проекти не се ниту мои ниту ваши, туку се на сите жители на Скопје“, напиша Трајаноски на ФБ. https://www.facebook.com/koce.trajanovski/videos/1426811000830412/?v=1426811000830412

Скопје | пред 6 години

ohrid-dokumentacija

Изработена техничка документација за реконструкција на три Охридски улици

Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“.Официјалните записници за примопредавање на техничката документација беа потпишани денеска на пригодна свеченост која се одржа во Министерството за финансии во Скопје, во присуство на Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Марко Мантованели.На настанот присуствуваа Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски и Раководителот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Томе Нанески.Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што се имплементира преку посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбедени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините во Република Северна Македонија.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Vuk-Radovic

Вук Радовиќ – нов главен извршен директор на ОКТА

Од 1-ви јануари 2020 година нов главен извршен директор на ОКТА е Вук Радовиќ. На раководната позиција во најголемата нафтена компанија во државата доаѓа од Белград, каде во изминатите три години успешно ја извршуваше функцијата генерален директор на ЕКО Србија.Радовиќ е дел од Хеленик Петролеум Групацијата од 2004 година и за овој период има работено на повеќе раководни позиции во ЕКО Србија и во ЈУГОПЕТРОЛ во Црна Гора. Тој е добар познавач на состојбите на македонскиот пазар, со оглед на тоа што во периодот од 2013 до 2016 година работеше како директор за снабдување и трговија во ОКТА.  Радовиќ го наследува Јанис Геруланос кој ја извршуваше функцијата главен извршен директор на ОКТА во изминатите пет години.фото: Element PR and Corporate Communication 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Левица: Нов напад на Владата врз идентитетот на Скопје

Додека прославите се во полн ек, урбаната мафија со дозвола на Владата повторно го пустоши културното наследство на Скопје. Овој пат на мета е објект од културно и историско значење за македонскиот народ, лоциран во фреквентната населба Дебар Маало, се вели во реакцијата од Левица.Овој објект е изграден во 1930 година и претставува наследство од непроценлива вредност кое сведочи за архитектурата од минатиот век.Шокантно е тоа што објектот во стариот ДУП е запишан како заштитен објект од втор степен кој придонесува за историскиот амбиент на градот.Наместо вложување средства во реставрација и зачувување на ваквите објекти, Град Скопје одлучува да ја продолжи страшната урбанизација на градот која нѐ голта секојдневно во своите масивни објекти, кои според ниедни еколошки критериуми не одговараат на потребите на Скопје!Не е прв пат оваа влада предводена од СДСМ во урбанистичките планови да иницира промени кои се на штета на културните богатства на нашата држава, но ова е потег за кој нема да молчиме. Левица ги повикува Општина Центар, Конзерваториски Центар – Скопје и Град Скопје вонајскоро време да дадат образложение за ваквите постапки и да понудат одговори на матните прашања поврзани со објектот.Кој ја повлече заштитата и како течел процесот на преименување на оваа куќа од заштитен во обичен објект кој може да се руши? Кои се причините за неиницирање на реставрација и заштита на овој објект кој многу пати беше мета на вандализам? Итно бараме транспарентни информации и понесување одговорност за нанесената штета на град Скопје, како и соодветно санкционирање за виновниците, велат од Левица.фото: Левица

Скопје | пред 6 години

SMK_5873

Претседателот на СДСМ Заев на средба со амбасадорот Џанг Ѕоу: Пријателството со НР Кина носи придобивки за сите граѓани

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Љупчо Николовски, денеска се сретна со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕоу.На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји и дветe партии, како и соработката во повеќе области кои се од важност за граѓаните на Република Северна Македонија и Народна Република Кина.Претседателот Заев истакна дека СДСМ и граѓаните високо ги ценат традиционалните добри односи со Кина.- Пријателството со Кина носи бројни придобивки за нашата држава и сите наши граѓани. Особено ја цениме поддршката и помошта на Кина која преку неповратни средства вложува во нашето образование, во детската заштита, земјоделството, а имаме и одлична соработка со кинеските компании. Убеден сум дека таквата соработка дополнително ќе се продлабочува и трговската размена меѓу двете земји да надмине и една милијарда долари.Од страна на кинескиот амбасадор Џанг Ѕоу беше упатена покана до претседателот Заев за учество на самитот на лидери на лево-ориентирани политички партии од форматот 17+1, што идниот месец ќе се одржи во Пекинг.Џанг Ѕоу истакна дека двете држави имаат можност да ја прошират соработката во нови области како што се иновациите, заштитата на животната среднина, вештачката интелигенција и истовремено изрази надеж дека добрите односи меѓу двете држави не само што ќе продолжат туку и дополнително ќе се интензивираат. фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

m2

Џафери се сретна со амбасадорот на Република Турција Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во Северна Македонија, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок.Претседателот Џафери му посака на амбасадорот успех во извршувањето на одговорната дипломатската мисија и изрази задоволство од високото ниво на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, а особено од плодната соработка меѓу двете собранија. Истакнувајќи го значењето на парламентарната дипломатија, претседателот Џафери ја нагласи меѓусебната поддршка во рамките на меѓународните собранија, а особено во Парламентарните собранија на НАТО и на Процесот на соработка во Југоисточна Европа. Како многу значајна ја оцени и соработката на двете земји во полето на одбраната, нагласувајќи дека наши војници се дел од турскиот контингент во мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Истовремено, тој се заблагодари на брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Големото национално собрание на Република Турција.Претседателот го информираше амбасадорот дека во собраниска процедура е  Предлог законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија и кој има за цел подобрување на имплементацијата на правата и употребата на јазиците на заедниците, меѓу кои и на турската заедница во земјава.Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок истакна дека Турција ја гледа Северна Македонија како важен и ценет партнер, а историските и културни врски уште повеќе ги зближуваат двете земји. Тој истакна дека турската заедница во Република Северна Македонија, која дава значаен придонес во успешниот мултиетнички живот придонесува во голема мера во продлабочувањето на меѓусебните односи. Тој се заложи за унапредување на взаемната економска соработка, нагласувајќи дека постои потенцијал за поголеми вложувања на турските компании во Северна Македонија имајќи ја предвид договорната состојба со повеќе од 100 билатерални спогодби што опфаќаат бројни полиња на заеднички интерес.Соговорниците се согласија дека континуитетот и продлабочувањето на одличната соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Големото национално Собрание на Република Турција, во голема мера можат да придонесат за унапредување на севкупните билатерални односи и пријателство меѓу двете земји.фото: Собрание 

Македонија | пред 6 години

09012020_PVRSM_Spasovski_sredba_Timonie-1

Премиерот Спасовски се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, имаше средба со амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристијан Тимоние.Упатени се честитки до премиерот Спасовски за назначувањето на позицијата.На средбата е констатирано дека Република Северна Македонија многу постигна на домашен и на меѓународен план и дека се движи во вистинската насока во однос на интеграциите. При тоа, изразена е надеж дека преодната Влада ќе се фокусира на обезбедување фер и демократски избори, како и очекување дека ќе продолжат реформските процеси со активно темпо, како придонес на позитивен развој на процесите.„Владата ќе работи динамично. Посветени сме да продолжи напредокот во сите можни сегменти. Нашата определба се функционални институции, активно вклучени во реформските процеси, во интерес на сите граѓани и на интеграциските процеси на државата. Покажавме дека договореното се почитува, преодната Влада беше формирана согласно политичкиот договор, како и законските и уставните услови, без никакви проблеми и ова е доказ дека нашиот политички и институционален систем функционира добро. Ќе продолжиме со политиките на дијалог што придонесуваат кон добра клима во државата. Општите и државните интереси мора да бидат во прв план кај сите политички субјекти. 2020 година е значајна година за граѓаните на нашата држава, поради остварувањето на полноправното членство во НАТО, но подеднакво важни за нас се и европските интеграции. Очекуваме дека 2020 година ќе го направиме најдоброто во пријателството помеѓу нашите две држави и дека тоа ќе функционира на високо ниво“, рече премиерот Спасовски.На средбата е заеднички посочено како важно функционирањето на правдата, правдата да важи подеднакво за сите, да нема застарување на случаи. Премиерот Спасовски ја нагласи определбата за охрабрување на Судскиот совет и на другите надлежни институции да придонесат во функционален правосуден систем. На средбата е изразена согласност и дека Законот за јавно обвинителство е од голема важност во правосудните реформи.На средбата на премиерот Спасовски со амбасадорот Тимоние е разговарано и за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Град Скопје ја потпишаа париската декларација

Градоначалникот Шилегов и Константин Војцехович, претставник на Здружената програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА,  денеска ја потпишаа Париската декларација и Град  Скопје им се придружи на градовите низ светот во напорите да се стави крај на епидемијата на ХИВ како закана за јавното здравје до 2030 година.Преку потпишување на Париската декларација сакаме да ја потврдиме нашата заложба за унапредување на колективното здравје во градот, но и во целиот свет, и да придонесеме за намалување на појавата на новодијагностицирани случаи со овој вирус. Свесни сме за потенцијалните ризици од ХИВ и СИДА, туберкулоза и вирусен хепатит, и одговорно се вклучуваме во националните напори за заштита на здравјето и благосостојбата на населението. Како еден од ретките балкански градови кои се приклучиле на оваа иницијатива, апелирам до преостанатите градови, особено во соседството, да се придружат на напорите да ставиме крај на вирусот во наредните 10 години со што ќе обезбедиме поздрави општества –рече Шилегов.Тој додаде дека заложбите коишто водат кон подигање на свеста на граѓаните во Град Скопје за проблемот со ХИВ/СИДА преку нивно информирање, едукација, а со тоа и превенирање на несакани последици, содржани се во Локалната стратегија за заштита од ХИВ за периодот 2016-2020 година.ХИВ е вирус за кој не постои лек, но искуствата покажуваат дека со сеопфатни мерки од здравствена, социјална, правна и општо од културолошка перспектива може да се спречи понатамошно ширење на вирусот и да се постигне ефикасна заштита на населението.  Превенцијата ја има клучната улога во намалувањето на бројот на новозаразени лица и секако во намалување на последиците. Половина од новодијагностицираните случаи на ХИВ во нашата земја се појавуваат кај жители на Скопје што потврдува дека епидемијата на ХИВ е всушност сконцентрирана во урбаните средини, особено во големите и главните градови. Само во минатата година, околу 30 од новодијагностицираните случаи биле кај жители на Скопје.  Ова за нас е предизвик на кој вреди сериозно да му се посвети внимание. Затоа посветено работиме на тоа да создадеме и одржуваме здраво општество бидејќи само така може да градиме среќна иднина не само на нашите сограѓани, туку и на сите граѓани во државата и пошироко – изјави Шилегов.Преку Програмата за социјална, детска и здравствена заштита,  Градот Скопје континуирано обезбедува поддршка на активности кои се насочени кон превенција на преносливи болести, намалување на штетите од употреба на дроги, здравствена едукација. Во изминатите години Градот  воспостави и одлична соработка со граѓанскиот сектор која се базира на соработка во унапредување на почитувањето на човековите права и уживањето на еднаквите избори и можности.Му пожелуваме добредојде на Скопје во иницијативата „Градови на брзиот колосек“ и му честитаме на Градот за преземањето на овој храбар чекор во надополнување на одговорот кон ХИВ. Се надеваме дека и други градови во С. Македонија ќе го следат водството на Скопје.Градовите може да имаат витална улога во справувањето со епидемијата на ХИВ. Тие се позиционирани на начин на којшто можат услугите за ХИВ да ги направат пристапни преку соработка со централната власт, Министерството за здравство, граѓанските организации и заедниците – на пример преку обезбедување простор за активности за подигнување на свесноста, советување и ХИВ-тестирање во рамките на заедницата на специфични локации коишто се блиски до луѓето што живеат со ХИВ, нивните партнери и пријатели и до луѓето што се под најголем ризик од добивање на ХИВ-инфекцијата. Оваа работа несомнено ќе ги направи Скопје и другите македонски градови поинклузивни, безбедни, пријателски настроени кон сите и ќе придонесуваат кон подигнување на квалитетот на живот, социјалниот и економскиот развој - изјави Константин Војцехович, претставник на Здружената програма на Обединетите нации за ХИВ/СИДА.фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

Leona

(ФОТО) Балканец го запишал своето дете во училиште во Шведска – нема да верувате како тие реагирале

Откако ќе го прочитате ова искуство, нема да се чудите зошто младите заминуваат од земјава и регионов.Слободан Муфтиќ со семејството се преселил во Шведска. Минатиот август тој отишол својата ќерка да ја запише во училиште. На својот ФБ профил тој го објави разговорот со директорот на училиштето.Слободан Муфтиќ: Се преселивме неодамна во Шведска. Имаме 11- годишна ќерка која треба да ја запишиме во училиште.Директорот: Добро, пополнете ги формулариве и ни требаат некои основни податоци за вашата ќерка.Слободан Муфтиќ: Па видите таа не знае шведски.Директорот: Добро, ќе научи...Слободан Муфтиќ: Можеби на почетокот ќе треба да работи по посебна програма?Директорот: Постои и таа можност, но сметаме дека најдобро и најбрзо ќе научи во класот со останатите деца. Една наставничка која предава Шведски јазик ќе работи само со неа два саати дневно.Слободан Муфтиќ: Што Леона треба да носи на училиште?Директорот: Ништо. Книги, техтери, моливи, пенкала, гуми, режала, лењири... се ќе добие овде. Само мора да води сметка батеријата од ај падот да не и биде празна.Слободан Муфтиќ: Значи мора да и купиме Ај Пад?Директорот: Ма не. И Ај Пад ќе добие од училиштето за полесно да се снаоѓа со преводот и да и се олесни учењето, само мора таа да внимава на батеријата.Слободан Муфтиќ: Дали треба дневно да и подготвуваме храна?Директорот: Нема потреба. Појадокот е од 07:30, а ручекот во 12:00. Секој ден имаме две менија со месо и вегетеријански.Слободан Муфтиќ: Мислите ли дека дома понекогаш треба да разговараме Шведски со Леона?Директорот: Никако. Дома треба да разговарате на хрватски. И не само тоа. Би било добро еднаш неделно да учи хрватски на дополнителна настава.Слободан Муфтиќ: Имате ли некој кој предава хрватски јазик?Директорот:Во нашето улилиште немаме, но дополнителна настава по хрватски јазик се одржува во четврток од 16:00 часот во Ериксдалсколанд.Слободан Муфтиќ: Тоа е на спротивната страна од овој град.Директорот: Нема проблем ќе порачаме такси.Слободан Муфтиќ: Такси?Директорот: Да ќе чекате на паркингот секој четврток во 15:45 ќе ја земе и ќе ја врати дома веднаш по наставата.И така Леона секој четврток одејќи на часовите по хрватски се возела со такси. Посебно била „важна“ кога по неа доаѓала млада и љубезна жена шофер со лимузина со темни стакла.Се разбира и таксито било на сметка на училиштето.https://www.facebook.com/slobodan.mufic/posts/1531662070253489извор: dnevno.rs 

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања