Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

Danok-na-imot

Општина Аеродром: Поднесете даночна пријава за имот најдоцна до 31 јануари

Општина Аеродром ги потсетува даночните обврзници дека се должни најдоцна до 31 јануари 2020 година да поднесат даночна пријава за недвижниот имот што го поседуваат, а не е пријавен за оданочување.Со цел да се олесни постапката, граѓаните можат да го пријават данокот на имот во просториите на Општина Аеродром, односно на шалтер бр. 6, а за подетални информации да се јават на телефонскиот број 2401- 553.Работното време на Општината е секој ден од 8:30 до 15:30 часот освен сабота и недела, а прием на странки за данок на имот се врши секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 6 години

vardarski-pastuvi

Македонската претстава ,,Вардарски пастуви“ во ноември ќе се игра во Австралија

Според Годишната програма за 2020 година одобрена од Министерството за култура, претставата „Вардарски пастуви“ во ноември оваа година ќе гостува во Австралија.„Вардарски пастуви“ на режисерот Синиша Евтимов, е една од најбараните претстави во НУ Театар Комедија – Скопје и претстава која ги руши рекордите во гледаност на ниво на целата држава. Претставата и годинава ќе гостува во речиси сите градови низ нашата земја, а до јубилејното стотто прикажување ја делат уште само неколку изведби.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Албански државјани од Грција нелегално влегле во земјава

На 09.01.2020 во 01.30 часот на Граничниот премин Богородица –Железнички премин, биле приведени М.В.(22) и Б.Е.(28), двајцата од Република Албанија, при нелегално минување на државната граница од Р.Грција во Р.С. Македонија. Лицата биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

jabolka

Турчин измамен од ресенчанец, му платил 10 000 долари и него го снемало

На 07.01.2020 во СВР Битола, Б.М. од Република Турција пријавил дека бил измамен за сума од 10.000 долари од У.А. од Ресен. Според пријавеното, тој преку „фејсбук“ стапил во контакт со У.А., бидејќи сакал да увезе јаболка од Македонија во Турција. Исто така, според пријавата, тие оствариле средба во Р.С. Македонија и договориле откуп на 44 тони јаболка, а У.А. побарал од Б.М. да уплати 10.000 долари за да може да го организира транспортот. Според турскиот државјанин, парите биле однесени во еден дуќан во Капали чаршија во Истанбул, од каде биле информирани претставници на менувачница во Старата чаршија во Скопје, од која У.А. ги подигнал парите. Како што пријавил Б.М., после тоа У.А. ги исклучил „фејсбук“ профилот и мобилниот телефон и не бил достапен за контакт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

2000-denari

ВНИМАВАЈТЕ - Во Берово забележани сомнителни банкноти од 2.000 денари

На 08.01.2020 во 17.40 часот во Полициската станица Берово, Б.З. и  В.К., двајцата вработени во угостителски објект во Берово, С.О., вработена во казино во Берово, Н.Р. и нејзиниот син В.М.,  сопственици на колонијална продавница во Берово, сите од Берово, при примопредавање на дневен промет забележале сомнителни банкноти во апоени од 2.000 денари. Од лицата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени шест банкноти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.  За настанот биле запознаени  Основните јавни обвинителства во Берово и Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

isus-pak

Бразилски суд му забрани на „Нетфликс“ да емитува филм за Исус каде е прикажан како хомосексуалец

Бразилскиот судија му нареди на „Нетфликс“ да го прекине прикажувањето на божикниот специјал, филм во кој Исус Христос е претставен како хомосексуалец.Судијата Бенедикто Абикаир одговори на петицијата на бразилската католичка организација која организираше петиција во која се тврди дека, во име на милиони католици, таа е повредена од емитувањето на филмот „Првото искушение на Христос“во продукција на компанијата „Порта дос Фондос“, пренесува АП.Во образложението, судијата наведе дека таа судска одлука е корисна не само за христијанската заедница, туку и за бразилското општество воопшто.На Божик имаше и напад на канцелариите на компанијата.„Нетфликс“ одби да ја коментира одлуката на судијата.фото: Business Insider 

Магазин | пред 6 години

gg-Stefan

Традиционален божикен и именденски ручек за државниот врв кај поглаварот на МПЦ г.г Стефан

Традиционален божиќен ручек за државниот врв кај Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по поводбожиќните празници и неговиот именден.Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

humanitarni-paketi

ФОТО: Активисти делеа храна низ улиците на Скопје

Активисти од Социјалниот центар „Дуња“, синоќа на повеќе локации во центарот на Скопје, делеа храна. Тие преку социјалните мрежи, објавија повик преостанатата храна од божиќните празници да се донира во просториите на центарот. Ги посетија им им дадоа храна на сите граѓаните кои ги затекнаа на улица.Од центарот се задоволни од одзивот на граѓаните. Велат дека на нивниот повик за донирање храна се приклучиле повеќе граѓани.Потврда дека хуманоста е вродена и истата треба само да се надградува  е и информацијата дека донација пристигнала и од три коледарчиња кои го донирале тоа што го собрале вчера – на коледе.https://www.facebook.com/SCDunja/photos/pcb.2534271530179337/2534268566846300/?type=3&theaterфото: ФБ

Скопје | пред 6 години

parking

Поскапе паркингот во Центар

Поскапи паркингот во Центар. Паркирање на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие паркинзи на Општина Центар, од сега ќе се плаќаат за 20 денари повеќе за еден час, во зависност од зоната.Поскапувањето се однесува само на паркирањето од час, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ПОЦ остануваат исти.Зголемувањето на цената на паркингот е во насока да се стимулираат граѓаните, наместо со автомобил, до центарот на градот да доаѓаат со градски превоз.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Деновиве очекувајте ведро и студено време

Времето во Република Македонија според прогнозата на метеорлозите наутро ќе биде ведро и доста студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер и со појава на магла по одделни котлини.Утринската температура ќе биде од минус 13 до минус два, а дневната од 4 до 11 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус седум, а дневната ќе достигне до шест степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Lopez-1

ВИДЕО: Стриптизетата поднесе тужба против Џенифер Лопез, бара 40 милиони долари отштета

Џенифер Лопез (50) стана цел на негативни коментари поради нејзиното учество во филмот „Хастлерс“.Продукциските куќи на Лопез се соочуваат со тужба од 40 милиони долари поднесена против неа од страна на Саманта Барбаш (47), според чиј живот е снимен еден од најпопуларните филмови во 2019 година, пренесува ТМЗ.Во документите доставени до судот пишува дека луѓето од продукцијата ѝ пристапиле на Саманта Барбаш пред да почне снимањето и ја замолиле да им даде согласност за снимање на филмот, како и да потпише дека се откажува од сите права на филмот. Таа ја одбила понудата.Филмот е снимен според напис во „Њујорк тајмс“ во кој детаљно се опишани настаните од животот на Саманта, со акцент на нејзината работа како стриптизета во познат стриптиз-клуб во Њујорк.Саманта тврди дека продуцентската куќа на пејачката ги користела нејзиниот лик и дело без нејзина дозвола и дека била наклеветена во нејзината изведба.Џенифер Лопез за својата улога во „Хастлерс“ беше номинирана за наградата „Златен глобус“ за најдобра споредна улога во игран филм.

Магазин | пред 6 години

sv-stefan

Денеска се слави Св. Стефан - Честит именден на сите кои го носат ова име

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември. Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан. Овој Стефан беше Евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква.Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…Св Стефан се празнува на третиот ден од празникот Божик. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера.Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник.Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале.Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството.Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите.Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан.Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

120190420_222258

Измерени до -12 степени во Македонија

Во Берово изутрина во 7.00 часот се измерени – 12 степени, – 9 во Скопје-Петровец, Штип, Битола и Маврово, – 8 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица.Во Скопје Зајчев Рид, Лазарополе, Куманово и Дебар температурата изнесувала – 7 степени, – 6 во Охрид, -5 во Претор и во Крушево, -2 во Гевгелија, 0 во Дојран.Висината на снежната покривка во Маврови Анови е 11 сантиметри, а 4 на Попова Шапка.Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Автомотосојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

(ФОТО) Министерот Димитров има нова љубов, трета среќа!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров (48) има нова љубов, дознава „Женски магазин“. Станува збор за новинарката Катарина Синадиновска со која не ја кријат врската и заедно се појавуваат на настани во Скопје.Целиот текст на Женски магазин, овде.

Магазин | пред 6 години

timotej-2

(ВИДЕО) Владиката Тимотеј: „Ниедна црква не може да и биде мајка на МПЦ“

Официјалните разговори меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква- Охридска архиепископија, во врска со српското непризнавање на автокефалноста на МПЦ, подолго време се во застој и нема никаков напредок.Ние имаме испратено барање за продолжување на разговорите, а тие во соопштение велат дека не се прекинати. Меѓутоа, не се ни продолжени, вели Владиката Тимотеј, митрополит на Дебарско-кичевската епархија.Во интервју за ТВ Клан Македонија, запрашан дали со потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција се отвори нова можност за решавање на овој децениски спор, владиката Тимотеј оценува дека има наклонетост од Грчката црква и од Цариградската патријаршија за тоа, но оти моментно вниманието е на спорот што тие две го имаат, пред се, со Руската црква.–Грчката православна црква има симпатии во овој момент да го решава прашањето за автокефалност на МПЦ – ОА, особено Цариградската патријаршија. Но со оглед на отворениот проблем со Руската црква и со други православни цркви кои во овој момент жестоко се спротивставуваат на иницијативите или прерогативите што си ги зема цариградскиот патријарх, како прв меѓу еднаквите, сметам дека нашето прашање ќе почека, барем додека нивниот спор не се тргне од дневен ред или малку се ублажи, вели владиката Тимотеј.Обидот да се побара помош од Бугарската православна црква, да биде „црква-мајка“ на МПЦ-ОА, отец Тимотеј го толкува како обид за дополнителен ангажман и лобирање кај одредени поглавари за решавање на спорот, но не менување на меѓусебните односи:-Ќе биде мајка доколку го реши прашањето. А кога ќе го реши нема да биде мајка, туку ќе биде сестра. Според тоа ниедна црква не може да ни биде мајка. Мајка ни е Охридската архиепископија или во конкретниов случај – Цариградската патријаршија која е мајка-црква на сите словенски народи. Во богословска или теолошка смисла е Ерусалим, таму е Христос и од таму се сите православни цркви, истакнува Тимотеј.Интервјуто на ТВ Клан Македонија со Владиката Тимотеј во продолжение:

Македонија | пред 6 години

mia

Искршено стакло и украдени предмети во Прес центарот на МИА

За време на божиќните празници искршено е стакло и е влезено во Прес центарот МИА, објект во изградба, на Медиумската информативна агенција.Укредени се предмети во сопственост на АД МИА и е направена материјална штета во износ од околу 750 евра.Полицијата направи увид, по што ќе биде поднесена соодветна пријава за тешка кражба против непознат сторител.

Скопје | пред 6 години

makedonski-koncept

Македонски концепт започнува кампањата - „За нормална држава“

Македонски концепт започнува кампањата „Приклучи се, направи промена под мотото „За нормална држава“.  Во соопштението кое го испратија до медиумите се вели:„Во услови кога институциите потфрлија, кога не успеajа да се справат со мафијата, останува тоа да го направат граѓаните. Тоа е Македонски концепт, форма на граѓански активизам за справување со бандитите!Долго време македонските граѓани бараат организирана форма за настап на политичката сцена во земјава, различна од досегашната политичка понуда. Платформа која е независна од воспоставените елити, понуда која не ја контролира мафијата, која нуди нормалност, наспроти целата ненормалност во последниве 30 години. Сега ја имаме таа понуда, тоа е Македонски концепт!Платформата е отворена за секој граѓанин, без разлика на кој идентитет го носи во себе, за секоја организација или политичка партија. Има само еден услов, секој од нас треба бескомпромисно да ја поддржува македонската државност. Така сите заедно, посветено ќе работиме за унапредување на истата.Од успехот на оваа кампања, односно од поддршката која граѓаните ќе ја дадат на Македонски концепт, ќе се донесе конечна одлука за граѓански настап на претстојните Парламентарни избори 2020 година.Кампањата ќе биде активна до средината на месец февруари 2020 година, брендирана со веќе промовираното лого на Македонски концепт. Ќе се користат три бои: црна, црвена и жолта. Планирани се низа активности, средби со граѓани, медиумска кампања, социјални мрежи, промоција на програма и проекти и сл. Но едно да бидете сигурни, Македонски концепт нема никого од Вас да присилува да лепите плакати или да биде ботови на социјални мрежи, туку да спортувате и да живеете нормално. Да се чувствувате пријатно кога ќе се сретнете со некој наш претставник или со наша реклама.  За нормална држава! Приклучи се, направи промена, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.  

Македонија | пред 6 години

Ilija-maksimovski

Илија Милески е нов началник на СВР Охрид

Илија Милески од страна на техничкиот Минситер Наќе Чулев од денес е именуван за нов Началник на СВР Охрид.Илија Милески е од охридското село Велгошти.

Македонија | пред 6 години

1-3-1

Емилија Трајковска ќе биде новата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на местото на Невенка Стаменковска-Стојковски

Емилија Трајковска од Куманово ќе биде новата пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на местото на Невенка Стаменковска-Стојковски, која влезе во техничката влада како дополнителен заменик-министер за информатичко општество и информатика.Државната изборна комисија (ДИК) добила согласност од Трајковска, по што изготвила Ивештај кој денеска ќе биде испратен до Собранието.Потоа во редовна и предвидена постапка, како што рече на денешната седница на ДИК претседателот Оливер Дерковски, за нејзиниот мандат треба да се изјасни собраниската Комисија за политички систем и да биде верификуван на пленарна седница, по што од Државната изборна комисија ќе добие и решение.Трајковска ќе биде пратеник до 11 февруари, кога Собранието ќе биде распуштено поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април. фото:  Архива

Македонија | пред 6 години

trosoci

Според државниот завод за статистика, трошоците на живот на годишно ниво бележат пораст

Tрошоците на живот во декември во однос на ноември минатата година се зголемиле за 0,3 проценти, а цените на мало за процент. Според Државниот завод за статистика во последниот месец од 2019 има пораст на трошоците на живот во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,6 проценти, Здравје за 2,7 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци, Рекреација и култура за 1,6 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 1,2 проценти, Ресторани и хотели за 0,9 проценти.Намалување, пак, е забележано во групите: Транспорт за 2,2  проценти, Комуникации за 1,7  проценти, Облека и обувки за 1,5 проценти, Образование за 0,4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1  процент. Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година.Трошоците на животот во декември 2019 година, вo споредба со декември 2018 година, забележаа пораст од 0,4  проценти, а цените на мало намалување од 0,2  проценти.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Техничкиот персонал во здравството од февруари ќе добие повисоки плати

Здравствените власти ќе ги покачат платите на помошно-техничкиот персонал во здравството. Болничарите, возачите и песоналот во здравствените установи од фебруари ќе добијат за 5 отсто повисоки плати, најави министерот Венко Филипче. Министерот истакна дека колективниот договор постигнат со двата синдикати е потпишан неколку дена пред да започне да функционира техничката владаОд февруари повисоки плати ќе добијат специјалистите, наставниот кадар, општите лекари, медицинските лекари, здравствените соработници и помошно-техничкиот персонал, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, и додаде дека во текот на минатата недела е потпишан колективен договор, со кој од 1 февруари се зголемува и коефициентот за исплата на дежурствата.„Со најновите измени и дополнувања во колективниот договор за здравствена дејност направено е значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства. Со овие измени опфатен е и помошно-техничкиот персонал. Со февруарската плата зголемувањата се следни: наставниот кадар добива 20 отсто зголемување; лекарите специјалисти 25 отсто; општите лекари 15 отсто; медицинските сестри 10 отсто; здравствените соработници 5 отсто; помошно-техничкиот персонал 5 отсто“, рече Филипче.За новото зголемување на платите од буџетот беа издвоени две милијарди денари. Зголемувањето доаѓа како мерка за да се спречи медицинскиот персонал да ја напушти земјата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Ограбена туристичка агенција во Тетово

На 07.01.2020 во 09.00 часот во СВР Тетово, А.З.(28) од тетовско Нераште пријавил дека едно лице влегло во туристичката агенција во која работел на ул.„Иво Лола Рибар“ во Тетово и со закана му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

missing

Малолетно девојче заминало од дома – полицијата ја бара

На 07.01.2020 во 22.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А. пријавила дека од семејниот дом во Скопје заминала нејзината малолетна  ќерка. Таа во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

134301833

Приведено едно лице - превезувал огревни дрва без потребните документи

На 07.01.2020 околу 13.15 часот во атарот на тетовско Мерово, во месноста „Балван“, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ј.(36) од скопско Паничари, кој управувал возило „фолксваген“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, а со кои превезувал огревни дрва без потребните документи. Дрвата и возилото со потврда се одземени во Полициското одделение Групчин и по целосното документирање на случајот против С.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zemjodelstvo

Од утре продолжува кампањата за инфо денови за Мерка 3 од ИПАРД програмата 2014-2020

Продолжува кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој - ИПАРД 2014 – 2020, од страна на секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.  Во рамки на едукативната кампања, ќе се одржат инфо-денови во неколку градови, каде што заинтересираните граѓани и правни субјекти ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел да добијат средства од оваа програма.На 9 јануари 2020 година, инфо денови ќе се одржат во Ранковце од 10:00 часот во Противпожарниот дом и во Свети Николе од 14:00 часот во Големата сала во Собранието на општина Свети Николе. На 10 јануари, кампањата за едукација за ИПАРД фондовите ќе биде во Струмица и ќе започне од 11:00 часот.Инфо караванот продолжува на 15 јануари во Прилеп со почеток во 11 часот. 16 јануари е резервиран за жителите на Тетово со почеток во 10:00 часот и Кичево со почеток во 14:00 часот. Инфо деновите во главниот град ќе се одржат во општините Карпош во 10:00 часот и Аеродром во 14:00 часот на ден 17 јануари.Во Битола караванот ќе пристигне на 23 јануари во 11 часот, во Градско на 24 јануари во 11 часот, додека во Кочани на 28 јануари во 11:00 часот. Инфо деновите за Мерка 3 ќе завршат во Богданци на 29 јануари во 11:часот.На инфо деновите ќе биде претставена Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи“ од ИПАРД програмата 2014-2020, која што овозможува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи.Корисници на мерката можат да бидат правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 милиони евра) и задруги кои што се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина), преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури), преработка на житарици, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, а и оние правни лица кои што произведуваат  енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk, http://www.ipardpa.gov.mk,  http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања