Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

kej-2

(ФОТО) Што се гори на кеј под Кале?

Што се гори на кеј под Кале? Граѓаните објавуваат фотографии на социјалните мрежи, апелирајќи дека се создава еколошка катастрофа и барајќи одговор од надлежните што се гори и зошто никој не реагира. Во продолжение пост од Фејсбук: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3669967823021161&set=pcb.849828978779229&type=3&theater

Скопје | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

УЈП ќе поднесе кривични пријави за фирмите поврзани со Боки 13 - затаиле данок

Управата за јавни приходи изготви три кривични пријави за субјекти поврзани со случајот Рекет.Како што информираат од УЈП, како резултат на контролите вршени во изминатиот период, кривични пријави наскоро ќе бидат процесуирани за невладината организација на Боки 13 Меѓународен сојуз, за Томато продукција и БЈМ медиа Груп, која ја основаше 1ТВ и чиј сопственик е таткото на Боки 13, Миле Јовановски, пишува Вечер. Повеќе детали не се откриваат, но како што е познато, минатата есен УЈП ја прошири истрагата за случајот Рекет и почна контрола на работењето на фирмите поврзани со Бојан Јовановски.Според тогашните информации на УЈП, во фирмите на Јовановски се вршела даночна контрола, која не била по налог на Јавното обвинителство, туку на сопствена иницијатива на Управата, но со намера сомнителните наоди да им се предадат на обвинителите, што сега и се прави.Исто така, на почеток на контролите УЈП прецизираше дека нема да се утврдува потеклото на парите, туку ќе се проверува дали за платите, хонорарите и за другите исплати во контролираните субјекти бил плаќан данок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

01082020_VRSM_2_sednica_soopshtenie_3

Усвоени програми за работа на повеќе министерства, ЈП, агенции и акционерски друштва во државна сопственост

Владата денеска ја усвои Предлог - програмата за развој на туризмот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Македонија за тековната година.На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на седницата е усвоена и Програмата за заштита на природата за 2020 година, како и Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година на Министерството за локална самоуправа.Согласно законските обврски за донесување на програмите за работа на почетокот на секоја календарска година, на денешната седница, на предлог на Министерството за здравство, се усвоени Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, Програмата "Здравје за сите" за тековната година, Програмата за рана детекција на малигни заболувања и Програмата за трансплантација во Република Северна Македонија за 2020 година.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

avstralija

Владата донесе одлука за помош од 6 милиони денари за штетите од пожарите во Австралија

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа редовната втора седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.На оваа седница Владата донесе одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во висина од 6.000.000,00 денари за доделување на помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија, која да се смета за донесена на оваа седница на Владата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Civil

ЦИВИЛ: Стоп за говорот на омразата и лажните вести!

ЦИВИЛ нотира дека дел од политичките субјекти и медиумите под нивна контрола, не покажуваат ни минимум политичка култура, ниту покажуваат намера да водат фер и аргументиран политички натпревар. Напротив, се забележува тенденцијата да се искористи секоја можност, вклучително и во текот на викендите и празничните денови, да се истурат реки од омраза и лаги во јавната комуникација, со цел да се постигне политичка предност во изборен или во каков и да е друг контекст. Тоа е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда! – се вели во соопштението на ЦИВИЛ.ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, остро реагира на зголемениот интензитет на објавување на лажни вести и говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи.Имаме повеќе од доволно причини да тврдиме дека интензивирањето на објавување на лажните вести и говорот на омразата е последица од деструктивното дејствување на одредени политички структури во земјата. Бараме од политичките партии да му стават крај на ваквиот стил во јавната комуникација и да го променат начинот на водење политичка кампања.Во текот на континуираниот мониторинг на политичките процеси и настани во Република Северна Македонија, ЦИВИЛ нотира дека дел од политичките субјекти и медиумите под нивна контрола, не покажуваат ни минимум политичка култура, ниту покажуваат намера да водат фер и аргументиран политички натпревар. Напротив, се забележува тенденцијата да се искористи секоја можност, вклучително и во текот на викендите и празничните денови, да се истурат реки од омраза и лаги во јавната комуникација, со цел да се постигне политичка предност во изборен или во каков и да е друг контекст. Тоа е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда!Исто така, ЦИВИЛ бара од релевантните институции да бидат поенергични и поактивни во следењето и законското санкционирање на црната пропаганда, лажните вести и говорот на омразата. ЦИВИЛ бара од институциите да ги заштитат и авторките и авторите на анализи, колумни, информативни прилози и истражувања во медиумите и невладините организации. И тие имаат право на заштита!Понатаму, ЦИВИЛ ја повикува и јавноста, сите граѓанки и граѓани внимателно и критички да ги следат медиумите и гласилата на политичките партии. Секоја манипулативна содржина и изворот на таквите содржини треба решително и отворено да се отфрли, а не да се мултиплицира. Коментарите на таквите содржини се излишни, а особено говорот на омраза во одговор на таквите содржини само ја продлабочува тензијата и паѓањето на нивото.Воедно, од организацијата уште еднаш потсетуваат дека граѓанките и граѓаните имаат можност да се вклучат во борбата против девијантните појави во јавната комуникација. На веб страницата Граѓански објектив постои посебна рубрика ПРИЈАВИ, каде што може да се пријавуваат лажни вести или говор на омраза. Во истата рубрика се поместени и пријави за корупција, како и за секаков вид кршење на човековите права и слободи. Често се случува да има повеќе елементи, па оние што сакаат да се вклучат во мониторингот да не се сигурни во која категорија треба да го пријават случајот.„Важно е да се пријави, да се учествува, за класификациите и анализите има кој да се погрижи“ – објаснуваат во ЦИВИЛ.Граѓанското учество во борбата против појавите и практиките кои се закана за демократијата и владеењето на правото се пресудни!ЦИВИЛ Тим за комуникации

Македонија | пред 6 години

naum-reket

Стоилковски: Обвинителството морада одговори - Каде завршувале милионите од „Рекет“

Наместо истрага и расчистување на „Рекет“ - најголемиот мафијашко рекетарски скандал во Македонија, Јавното обвинителство се става во улога на заштитник на власта.Наместо одговори - вербално или со дела - по прашањата за тоа дали и кои се „В.З., професорот, советникот, новинарот“ за кои што зборува јавноста, преку настапи во медиуми се загрозува доверливоста на сведочењата на обвинетите, само и само со цел заштита на власта во заминување, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Секому му е јасно дека „Рекет“ не застанува на тројцата обвинети и дека спрегата на Зоран Заев со обвинителството во пупка ги кријат вистинските лица кои што стојат зад најголемата криминално - рекетарска афера, најголемото криминално здружување, државната мафија во Македонија!По неколку дена од даден нов повеќечасовен исказ на првоосомничениот, по денови од јавните навестувања кои се главните луѓе во ова здружување, од обвинителството нема одговори, нема проширување на истрагата, има само обид за јавно чистење на имиња од власта!Обвинителството и власта во заминување мора да одговорат:Дали Бојан Јовановски во повеќечасовниот исказ кажал кои се луѓето кои што земале рекет?Каде завршувале милионите? Колку милиони евра биле во игра?Кој тоа му се заканувал и сакал да го ликвидира Боки 13?Дали воопшто се презема нешто по основ на искажан страв од закани по живот на првоосомничениот?Дали и кога обвинителството би ја истражувало улогата на Зоран Заев? Каде е одговорноста на луѓето на Зоран Заев но и на самиот Заев?Што барала Радмила Шекеринска во домот на Бојан Јовановски?Како е возможно телевизиски шоумен да договара бизнис за болници со министер за здравство во неговиот дом?Однесувањето на обвинителството само дополнително ја потврдува спрегата со власта на Заев, и се’ повеќе наликува на периодот кога „Рекет“ се појави во јавноста, а на главните актери им беше оставан бришан простор за сокривање на доказите и влијаење на сведоците.Обвинителството не смее да сокрива информации или да остава време за осомничените да го продолжат делото, да влијаат врз сведоци, или да избегаат! Ова е форма на здружување, опишана во членот 394 од Кривичниот Законик како злосторничко здружување, и за тоа мора да има одговори и мора да има одговорност, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ                                                             

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: ДУИ ја тоне правдата со ветувања без реализација

ДУИ секогаш се потпираше на слабите точки на Албанците, користејќи ги како ветувачки алатки во секој изборен циклус. Една од тие точки што ДУИ не успеа да им обезбеди на Албанците 18 години е правдата. И, како тоа не беше доволно, станавме сведоци на разговори што се земени како докази во случаи кои сите луѓе во земјата, и пошироко, ги знаат како монтирани. Разговори кои докажуваат дека оваа партија даде се од себе да не се изгори себеси, жртвувајќи невини луѓе, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Во изборната програма на ДУИ 2016-2020 година, на страница 12 во делот „Правда и владеење на правото“ стои ветувањето за меѓународно набљудување и истрага на монтираните случаи, ветување што до ден денес нема знак за реализација.Не само што не постои знак на реализација, но за жал истата албанска партија работеше против Албанците за партиски и лични интереси.Правдата и владеењето на правото изгледа малку веројатно со владејачката ДУИ и билатералните договори за меѓународна правна помош остануваат неостварливи. Имајќи предвид дека од 2016 година нема нов билатерален договор во овој поглед, лесно е да се разбере дека за ДУИ изборната платформа е само ветување без никаква реализација.Правдата што со години не им се дозволуваше на Албанците ќе биде основа на изборната платформа на Алијансата за Албанците, со реални барања и реализации, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Од полноќ, нови цени на горивата - поевтинуваат за половина денар

За половина денар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. \Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар.Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 –  70 денари за литар, а на дизелот 62,5 денари за литар.Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,5 денари за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,305 денари на 38,548 денари за килограм.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ohrid-vodici-2

Охрид се подготвува за големиот христијански празник „Богојавление - Водици“

Охрид подготвен за најмасовната верска манифестација што се одржува во градот, за „Богојавление – Водици“.Градоначалникот Константин Георгиески на денешната прес-конференција истакна дека во духот на православието и традицијата, со Божја помош Охрид и оваа година ќе биде центарот на одбележувањето на големиот празник Водици.-Оваа манифестација е од исклучително значење за нашиот град и вистинска радост за охриѓани, за нашите гости и за целиот православен свет, па затоа и годинава максимално сме посветени на целокупните подготовки и внимателно ги планираме сите детали. Дополнителна причина за посветен ангажман и беспрекорна организација е и тоа што годинава одбележуваме јубилеј- 30 години од првата масовна организација на овој празник на охридското градско пристаниште. Оваа можност ја користам да искажам голема благодарност до сите охриѓани кои се вклучени во планирањето и организацијата на овие празнични денови. Упатувам благодарност до Дебарско-кичевската епархија, сите институции и поединци кои даваат свој придонес и годинава да имаме еден величествен ден и еден народен собир кој ќе биде достен на значењето и вредностите на овој голем празник, истакна градоначалникот Константин Георгиески, на денешната прес конференција, на која беа изнесени детали за чествувањето на празникот и целокупната организација.Георгиески потенцираше дека и годинава организацијата ќе биде составен од два дела, првиот - верскиот , кој е согласно православните начела го спроведува Дебарско-кичевската епархија, додека вториот граѓанскиот го координира Општина Охрид, а се однесува на целокушната организација на настанот со пропратната програма.– Со оглед на тоа што празникот е во викенд, очекуваме голем број гости од земјата и странство, со исполнетост на сместувачките капацитети. Со цел да ги поддржат Богојавленските чествувања и да придонесат за поголем број гости, охридските хотели и годинава нудат сместување по симболична цена од 15 евра на ден во периодот од 16 до 20 јануари, рече Георгиески.На Водопос 18 јануари или ден пред „Богојавление“,  Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, во 20 часот на Градскиот плоштад.Како и секој година така и оваа празнувањето продолжува на 20 јануари на празникот Свети Јован Крстител или „Денот на рибарите“,   кога на Сараиште се се капат рибарите, а на кејот се приготвува рибна чорба во голем казан, што бесплатно ќе се послужува на гостите.На овој ден задолжен за забавата на гостите на плоштадот ќе биде македонската фолк-ѕвезда Миле Кузманоски.во сите парохиски цркви на 19 јануари од 7 часот ќе се служат утрински богослужби, додека централната архиерејска литургија ќе се одржува во „Света Богородица – Каменско“ од 8:45 часот. Од 9:45 часот литијата ќе се упати кон Градското пристаниште, каде во 10 часот ќе се изврши Големиот богојавленски водосвет и ќе биде положен чесниот и животворен крст во осветените води на Охриското Езеро. Пријавувањето на сите верници што планираат да влезат во езерските води ќе се врши во сите цркви на епархијата од 16 јануари, а за сите нив се обезбедени пригодни флаери со информации, како и маици.Во подготовка на теренот каде ќе се осветува Езерото се вклучени сите. Имено екипи на Јавните претпијатија ќе го исчистат кејот, а нуркачите од Клубот за подводни активности „Амфора“ ќе го исчистат дното на Езерото.За безбедноста на капачите кои ќе скокаат по Светиот крст ќе се грижат четири екипи спасители на вода со два чамца, три нуркачки екипи и осум медицински екипи распоредни долж брегот и на Градското пристаниште.Во однос на техничката подготовка и логистика во текот на организацијата на двата празнични денови предвидени се низа активности за чистење и уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот и активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Како изледаше Охрид во 2017 год. на денешен ден со температура од -17 степени

На денешен ден во 2017 год, Охрид беше окован во мраз.  Граѓаните се сеќаваат Божикните празници кога во Охрид имаше  десеттина сантиметри снег но и минусни температури кои се спуштија до - 17 степени. Еве како изгледаше Охрид на - 17 степени.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Еден тешко повреден и тројца полесно во судир на патничко возило и камион

На 07.01.2020 во 22.15 часот на автопатот Тетово - Скопје, после с.Желино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(53) од с.Копанце и товарно моторно возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од А.С.(47) од Р.Албанија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Н.С.(28), а со телесни повреди се здобиле возачот и двете сопатнички Л.С.(49) и Т.М.(33) од истото возило, по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

„Пежо“ излетало од патот на регионалниот пат Куманово – Скопје, возачот повреден

На 07.01.2020 во 16.10 часот на регионалниот пат Куманово - Скопје, на влез во с.Умин Дол, кумановско, патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(61) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

najcevska

„Ова не е техничка влада туку обична спрдачина, се срамам од нискоста и примитивноста!“

Професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ги политичките случувања во Македонија, вели дека новите министри не прават техничка влада, туку обична спрдачина. Таа замерува на тоа што изминатите денови, дел од министрите и нивните заменици преку прес-конференции се обвинуваа меѓусебно, а потоа демантираа.„Ова не е техничка влада туку обична спрдачина. Која глупост бре да направиш влада која треба да обезбеди демократски и фер избори, а тие како баздригани да почнат од првиот ден да се плукаат, да се клоцаат под маса, да си дофрлуваат навреди и да се омаловажуваат. Се срамам бре од државата во која живеам која не може да направи сериозна техничка влада. Се срамам бре од инфантилците кои треба божем да ја водат државата. Се срамам од нивниот срам кој очигледно немаат капацитет да го почуствуваат. Ма ова е толку ниско и примитивно што треба да се забрани за деца под 18 години“, напиша Најчевска. https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10217380326154963

Коментари | пред 6 години

zemjotres

Утрово два земјотреси во Македонија

Утрово Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрираше два земјотреси. Првиот во 08 часот  со јачина од 3  степени, а вториот во 8 часот и 15 минути со јачина од  2.5  степени. Епицентарот на двата земјотреси се наоѓа 77 km југоисточно од Скопје.фото: Архива   

Македонија | пред 6 години

27122019_PVRSM_Zaev_MP_Deskoska_press-konferencija-1

СДСМ: Граѓаните добија 6,9 милиони евра од „МојДДВ“, на прав пат сме!

„Близу 6,9 милиони евра кај граѓаните само за 6 месеци преку мерката Мој ДДВ, концептот Парите кај граѓаните дава резултат За само две и пол години СДСМ преку одговорна и посветена работа успеа во целост да го реализира концептот „Парите назад кај граѓаните“, еден од клучните сегменти и столбови од Програмата за живот. Реализација на мерката Мој ДДВ, преку која 15% од данокот на додадена вредност кој го плаќаат граѓаните, се враќа назад во нивниот буџет, дава одлични резултати“, велат од СДСМ.„За само две тримесечја, преку оваа мерка граѓаните остварија поврат на близу 6,9 милиони евра, што како дополнителен буџет влегува во семејните буџети. Веќе во февруари 2020 година, започнува исплатата на речиси 3,7 милиони евра назад кон граѓаните за поврат на ДДВ за месеците октомври, ноември и декември. Претходно, за првото тромесечје беа исплатени над 3 милиони евра за остварениот поврат во првиот квартал од мерката, односно за месеците јули, август и септември. Оваа мерка, освен што обезбедува дополнителен приход во семејствата, значително влијае и врз намалување на даночната евазија и зајакнување на даночната дисциплина. Во периодот од јули до ноември минатата година, просечно месечно скенирани се по осум милиони фискални сметки. Сега, само во декември 2019 година, скенирани се 12,5 милиони фискални сметки, односно постои раст од над 53 проценти. Покрај тоа, расте и наплатата на ДДВ која во декември е поголема за 12 проценти, а постојано расте и бројот на нови корисници кои почнуваат да скенираат фискални сметки. Се зголемува наплатата на ДДВ, расте бројот на нови корисници кои започнуваат со скенирање и сериозно расте бројот на скенирани фискални сметки. Граѓаните стануваат партнери на државата и институциите во борбата со сивата економија. Економските политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија даваат реални и видливи резултати. Преку одговорен, домаќински пристап, обезбедивме можности сѐ повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните. На прав пат сме и на тој пат продолжуваме уште посилно по победата на 12 април“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Минусни утрински температури во цела држава

Во цела држава изутрина во седум часот се регистрирани минусни температури, а најстудено е во Берово каде се измерени – 12 степени, по што следат Маврово со – 11, Лазарополе, Тетово и Скопје-Петровец – 9. Во Крива Паланка, Струмица, Битола, Прилеп и Демир Капија температурата – 8, Претор – 7, Скопје Зајчев Рид, Виница, Дебар, Куманово, Крушево – 6, Охрид и Тополчани – 5, а 0 степени во Дојран, Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).На Маврови Анови има 12 сантиметри снежна покрива, а три на Попова Шапка.Времето денеска ќе биде сончево и студено особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе стивнува. Дневните температури ќе бидат во интервал од 1 до 8 степени.Во Скопје, ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 4 степени.Автомотосојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државнита патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 6 години

vladika-petar

Владика Петар: Ако нема веронаука ќе има уште многу Катици Јаневи и Боки

Владиката Петар на Божиќниот ручек во Прилеп рече дека треба да се воведе веронаука во училиштата преку која ќе се постигнела духовната обнова на народот.– Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат и еден куп работи. Со веронауката сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби – додаде Митрополитот Петар.Минатата година, Владиката Петар порача младите да женат и мажат млади, во спротивно, да отидат во манастир. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ДПА одлучи - На предвремените избори одат самостојно?

Лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска изјави дека партијата на изборите ќе настапи сама, Објави Плусинфо.мк.– Во принцип, од самиот почеток решивме сами да одиме на избори. Излегов со два предуслови за разговори со идните партнери за постизборна коалиција. Првиот услов е разгледување на можноста  ДУИ да не биде дел од новата влада и вториот услов што го бараме е сериозни разговои за функцијата вицепремиер којa треба да ја преземе ДПА, но не формалeн вицепремиер како што е сега, туку еден вицепремиер кој ќе биде директно поврзана со премиерот  – изјави Тачи.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

gruevski-jankuloska-610x400

Груевски се јави: Направете ја Македонија достоинствено место за живеење, посакувана за живот

Експремиерот и бегалец, Никола Груевски по повод празникот Божиќ порача дека Македонија треба да биде достоинствено место за живеење, поправедна земја со посплотен народ и посакувана за живот, а не за заминување.„Позитивната да ја надвладее негативната енергија. Оптимизмот да го победи песимизмот. Меѓусебните помагања, разбирање, толеранција, охрабрувања и позитивни поттикнувања да се повеќе од меѓусебните расправии, нетрпеливост, бесконечни меѓусебни критики и омаловажувања. Љубовта да ја надвладее омразата. Успесите да се далеку побројни од поразите. Како кај секој поединец, така и кај народот во целина и самата држава. Загубеното да се поврати, добиеното да се зачува и зголеми или зајакне. Да биде подобро место за живеење на Македонците и сите други нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати. Христијани, муслимани, евреи, атеисти, сите сакаат посреќен и побогат живот и посилна држава. Нека овој Божиќ донесе повеќе сила и пред се мудрост на сите за да се дојде до највозвишените цели“, напиша Груевски на социјалните мрежи. https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10158020585757716?__xts__[0]=68.ARC4CXkBls-vVKqlfDvFYkT5Q7Bp2CNy-G8rQb_6u5Tc6-WbLb__1C0IrTIwHKzK57eeNngbkdhU1VZ95tAIISr-oqNHEBf2pivqq6EiWHuXZgKJlsZZ_uizZxkgbL1X-ublSIg2YzzBNrMciVMWRUSEl9eZ-v24ySQmbCUMjadBFZQ85e_ZU1O0O-DD9eORea89Mz6qCRPx9BklV4IXq6Qiweqek1usx5j7J8KHJHrYSwB3zHuIG81_Dazv3s2xgj2OAj0FuAhFbiWkhHWy6alzZEnJ5olHCRQwwsCms4rV8fe4ZnssxppWL-RcQIIZWavhFpTvdeyABA&__xts__[1]=68.ARAtu6WqhMO8sPqllnnJZ6_AOUyPST4-J_78Iav-KRaxzC0FiNyR3MINeUmMn_WJKnvJ5J7KTWhBq6MhmjLVgmyiWJdpxUZESkM95iYYQki84VmsLIZTF-MC5wifg9biy7L41n_e8Bz4IVGvxfzjhjI8i2Tbh8BAj9lFw72embGp9mxNJm_HDD4fOXt14rk7CRR0-VN5bBJqW8BP4JuFyj02k0lBTr7bp53l69TZ6invy5Vu3A2U2gDpvHnz9RbJ2updJA6XGTXK43E3YZCBku0lNSiuhJcJDdzj4WYhUU3QsOVDv1dT0Lp3H9-5jb_UkNgMrghk6qrFUw&__tn__=-R

Македонија | пред 6 години

73539b2707649303e004eb85f9c0c76463e57650b5b645fafcd3b4cf63c34079

Албанец од Тетово, гастарбајтер во Германија: Протераа нашинец затоа што газдата го пријавил за нелојалност

Ни раскажува еден Албанец од Тетово, гастарбајтер во Германија:„Во фирмата кај што работам, газдата е над 65 години, секој ден пред работниците на работа, руча со нас во менза, муабет со сите... Така разбравме дека немаат деца со сопругата... Еден ден, еден наш, од гостиварско (само тој и јас бевме од Македонија во фирмиштево), му се обраќа на сопствеников на бизнисов: ’Абе, многу си чуден! Што туку се влечкаш секој ден пред сите на работа, се уште се секираш, мачиш...!? Кому ќе го остаиш бизнисов!? Земи продај се ова, оди шетај со жената си!’Сите (Германци, Бугари, Турци, Грци, Руси...) заќутевме, ко залеани - вакво нешто да искоментираш и на вервериците им е повеќе од јасно дека во најмала рака е дрскост! Газдава, ’мртов ладен’, му возвраќа: ’Како бе, кому!? Па на Германија ќе и оставам! На државата, која и ми го овозможила ова да го создадам!’Не помина недела, го снема нашинецов! Бизнисменов го пријавил во Имиграционо дека не е лојален граѓанин, дека не и мисли добро на Германија, дека е себичен...Ене го гостиварчанецот, бере печурки да ги прехрани петте деца... “Тоа е таа разлика!Овде, во МКД, не можеш да најдеш лидер, авторитет што вака размислува, а не пак, бизнисмен или обичен човек!Не сме ние мала земја. Мала ни е душата.https://www.facebook.com/BrankaDN/posts/10220416452578789

Магазин | пред 6 години

20200107-filmot-medena-zemja-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-dokumentaren-film-dodelena-od-megjunarodnoto-zdruzhenie-za-filmski-kritichari-1

„Медена земја“ ја доби наградата за најдобар документарен филм од МЗФК

„Медена земја“ ја доби наградата за најдобар документарен филм која ја доделува Меѓународното здружение на филмски критичари (NSFC), пишува Факултети.мкМеѓународното здружение на филмски критичари е организација основана во 1966 година, а наградите што ги доделува се сметаат за едни од најпрестижните во Америка.Во здружението членуваат голем дел од филмските критичари што пишуваат за медиуми како „Вол Стрит Џурнал“, „Њујоркер“, „Бостон Хералд“ и други.„Медена земја“ освои уште една награда за исклучително достигнување во кинематографијата од „Cinema Eye Honors“.„Cinema Eye Honors“ е награда што признаваат извонредност во документарните филмови и вклучуваат награди за дисциплини во режирање, продукција, кинематографија и монтажа.Прочитајте повеќе на Факултети.мк

Магазин | пред 6 години

gg-Stefan

Архиепискот г.г. Стефан ја тргна именката Македонија од неговите посланија

Обраќањето на верниците на поглаварот на МПЦ - ОА, г.г. Стефан по повод верскиот празник Божик помина без во него ни еднаш да се спомне именката Македонија или било кое друго име кое произлегува од оваа именка, па дури ни името на „Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија“, црквата каде тој е Архиепископ.Ова е вторпат по ред г.г. Стефан чија титула сеуште гласи „Архиепископ Охридски и Македонски“ да не го спомни воопшто името Македонија во свое послание, од како истото тоа го направи и на Велигден 2019 година.Претходно, во годините на Владата на ВМРО ДПМНЕ кога премиер беше Никола Груевски и кога црквата беше силно поврзана со властите, со години јавноста ја гледаше блискоста меѓу МПЦ-ОА и Владата, како и блискоста на Груевски и Архиепископот, посланијата изобилуваа со верски и патриотски пораки, кои неретко допираа и во дневната политика.Денешното послание има само духовни пораки поврзани со човекољубието, љубовта, Бог и одредени црковни јубилеи.ТЕКСТОТ ОД ПОСЛАНИЕТО ДО ВЕРНИЦИТЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ СО КЛИК  Т У К А.  

Македонија | пред 6 години

noraaamarko-1170x657

На кого му падна паричката во домовите на Нора Шаќири, Аделина Тахири, Тамара Тодевска...

Поранешната водителка Нора Шаќири и сопругот Марко Марковиќ го славеа Бадник во домот на нејзината свекрва. Паричката му се падна на Марко, сопругот на Нора. „Бериќетна година за Марко“, рече таа за „Репортер“. Нора секоја година ги слави и православните и муслиманските празници во нејзиниот дом, пишува „Репортер.мк“Бадник се славеше и во домот на пејачката Аделина Тахири, која е во брак со адвокатот Серјожа Марков. Таа се пофали дека паричката овојпат се паднала кај неа.Фото: Инстаграм/ФејсбукНора со сопругот Марко

Магазин | пред 6 години

cicko-stoilko-750x422

„Те чекам кај Чичко Стоилко“ е еден скопски муабет кој го изеде барокот...

Каде ќе одиме вечер? Договорот за тоа се правеше на едно место, пред сендвичарата „Чичко Стоилко“. Генерации и генерации млади луѓе токму ова место го користеа за започнување на излегувањето. Најбитно беше прво да се дојде пред сендвичарата „Чичко Стоилко“, да се види и биде виден а потоа следеа договори за натамошното минување на вечерта.„Те чекам кај Чичко Стоилко“ е еден скопски муабет, кој што ја направи сендвичарата „Чичко Стоилко“ култно место во Скопје.Но, уште пред неколку години дојде времето кога чичкото и Нино заминаа во историјата, односно и двата објекти беа остранети од локациите.Отстранувањето на сендвичарниците „Чичко Стоилко“, „Нино“ и уште два објекти беше изведена по законска обврска на општина Центар која постапуваше по донесеното решение и на барање на ЕВН за поставување на нова барокна фасада на зградата.Сигурни сме дека на многумина им недостига како „Чичко Стоилко“, исто така и другите сендвичари кои беа на ова место.

Скопје | пред 6 години

81371291_113433800178544_834041468736765952_o

И Рашела е тренди, си прослави Божиќ

„На овој голем ден кога православните верници го празнуваат Божиќ, имав чест да бидам дел од божиќната трпеза во организација на Повардарската епархија и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес. Заслужуваат поголемо внимание од општеството. Тоа се луѓе херои, вистински херои...нивната среќа е најдрагоценото нешто што може да израдува. Среќен Божиќ!“, напиша министерката Мизрахи дел од техничката влада, која следејќи ги трендовите објави фотографии на социјалните мрежи.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=113435630178361&id=105165631005361

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања