Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

policija-11457250074.-680x365_c-400x240

Скопјанец натепал полицајци сред булевар

Вчера по полноќ, скопјанец на 36-годишна возраст натепал полициски службеници додека тие биле на работна задача. Инцидентот се случил во три часот по полноќ, на булеварот „Илинденска“ во Скопје.По ова, скопјанецот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

policija-kombe

Кавадарци: Жена фрлала со чаши по кафеана, додека маж тепал три лица

Вчера околу 11.00 часот во полициската станица Кавадарци, А.Д.(35) од Кавадарци пријавил дека околу 02.30 часот во угостителски објект во Кавадарци, тој и М.Д. биле физички нападнати од неколку лица.За истиот настан, полицијата добила пријава и од С.Ј.(28) и А.М.(29), двајцата од Кавадарци, според кои околу 03.00 часот во угостителски објект во Кавадарци биле физички нападнати од едно машко лице, додека едно женско лице кршело чаши.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

82198159_10158167997932932_7785137701610586112_o

(ФОТО) Заев со сопругата во Струмица: Секој може да се надрасне себеси

Премиерот Зоран Заев во Струмица го прославува празникот Божиќ. Тој преку честитка им посака на граѓаните да го почуствуваат огнот на светлината и топлината, кои водат кон радоста и солидарнсота.„Секој од нас лично ја има можноста да го послуша гласот на совеста. Секој може да се надрасне себеси и уште поопределено да дејствува за доброто на заедницата, за доброто на децата и родителите, за семејството, за себе и секако за доброто на нашата земја во којашто живееме, работиме, твориме, учиме.Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред којашто сме исправени, да стоиме искрено и храбро на страната на вистината, правдата, мирот и љубовта.Затоа, на Божик секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон радоста и солидарноста.Христос се роди!“, напиша премиерот Заев на „Фејсбук“.https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/10158168000042932?__xts__[0]=68.ARC3kUruse9V9rX3cb-mYGzRx11huBteBK_iZ2-mXJ57CfOCyEJZmjwS0RvmIy1eZbYM_4v2JyCj_6cmOyt2MFlCNtd9IXmSTiw1Mt6ygGqNFcb0VK7xMkxWL6ZjC8l3uNBZSspZOi8FD76NU03bcG3CO-AbgTWZHkOQxC4FFrJNJfXz3VMSDreuQirardFXabjetLxw7XAt9lRk2ncXYVvlW0DYrzqSG_PvXbT28J15Z9DpW3olTjtYpYmU2K4_CU7KVw0XIzJKxTN89N1DDSxst3-XIeRYD_xRpNOup2vlo_9Zujf4S18eHCMi7kri2s17MhP6uMLUAS_7Cg&__xts__[1]=68.ARAJhK09xsbdu9HqZIZ02138HZz4zZk8AVsDlpN0CR_sRBrIe5OlCRbIwukEqdv3t-PAugA1A44vlVPthTnDvcyqVEeWLlOlj6_Q1_f2W2PSIcEWhi8TPgEywa0cKSUfxdT67Fq1spBTYI4J4F8XnByXL8KkZpHU6_RkmFaz8JNZI0vz3J7ilbRbFRzr_JrFLjQss2vyVygnJv74HkE3xptHKRocSDCrwaq6sZdLrZS6AogCddJt49ruvpsrGG1G0tDKM9ja5thz19tstlocfzTsuf-j3uOaO0-Pq8CQAlHxdSJjLP2Ti5TTCoeQjQ11r9pErT2zxiwHSH30XA&__tn__=-R

Македонија | пред 6 години

pendarovski-696x393

Пендаровски во Охрид, паричката кај него: Не беше наместено

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска упати честитки до сите православни верници во земјата по повод големиот празник Раѓањето христово – Божик.– Сакам на сите православни верници во земјата да им го честитам овој празник, еден од најголемите во христијанството – Денот на Христовото раѓање, и да им посакам овие празнични денови да ги поминат со своите најблиски, со своите семејства во мир, спокој и радост. Бидејќи се наоѓаме на почеток на нова година, на сите граѓани на нашата земја да им посакам поспокојна, побериќетна, поубава година од минатата. Се надевам дека секој наш личен напредок ќе значи напредок и на целата зеедница и државата во целина. Дај Боже оваа година да слушаме само убави вести и да се среќаваме по убави поводи, рече Пендаровски, кој заедно со сопругата присуствуваше на празничната литургија по повод Божик во црквата „Свети Ѓоргија“ во Охрид.Традиционално како и во секое христијанско семејство во земјата, на Бадник и во семејството Пендаровски се вртеше погачата со паричка, која овојпат му падна токму на претседателот.– Беше регуларно, не беше наместено, така што останува оваа година заедно со моите најблиски, со моето семејство ќе продолжиме да веруваме во вистинските вредности, со почит кон другите, солидарни кон останатите и да се трудиме да бидеме подобри луѓе, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

ohrid

ФОТО: Бездушниците во Охрид не мируваат ни на Бадник

Здружението за заштита на животните „Лајка“ објави дека денеска во Охрид било отруено маче, на ден Бадник. Изминативе денови, биле отруени минимум пет кучиња и мачиња, а иако полицијата праела записник, тие се плашат дека нема да има епилог.„Отруено маче на улица Марко Цепенков, Охрид. Ден Бадник, а бездушниците не знаат да мируваат. Алармантно е ова што го чинат, но уште поалармантно е што им е дозволено да го чинат - нема истраги, надлежните не притискаат да се најде сторителот и продавачот на отровот, законот мртво слово на хартија. До кога ли вака? Вчера и завчера минимум пет кученца и маченца беа отруени на ул. Гоце Делчев, дојде полиција по наша дојава, но се плашиме дека и оваа пријава како и мноштвото други претходно ќе нема краен епилог“, се вели во објавата на здружението „Лајка“ https://www.facebook.com/LaikaOhridStruga/photos/a.1178403718957764/1789987154466081/?type=3&theater Примарна форографија: Архива

Македонија | пред 6 години

82054074_10157037245696158_1671268330033381376_o

ФОТО: Експретседателот Иванов се огласи по повод Божиќ

Експретседателот Ѓорге Иванов преку социјалнте мрежи го честиташе празникот Божиќ и посака здравје, среќа, радости и убавини. Тој објави фотографија со неговата сопруга Маја и синот Иван пред платото на Соборниот храм.„За многу години Божиќ. Ви посакуваме многу здравје, среќа, радости и убавини. Христос се роди“, напиша Ивановhttps://www.facebook.com/exmacedonianpresident/posts/10157037251666158

Скопје | пред 6 години

hrana1-770x475

Која нација се храни најздраво за Божиќ?

Истражувањето е направено од британската истражувачка Кристина Мерифијлд.Таа ги спореди божиќните мениа на различни народи, и ги дефинираше земјите каде ја подготвуваат најздравата празнична трпеза.На прво место на листата е Полска. На Божиќ Полјаците ставаат на масата борш, крап и компот од суво овошје. Овие јадења не го оптоваруваат желудникот.На второ место се Австралијанците и Новозеланfаните. Во Австралија и Нов Зеланд храната на Божиќ, исто така е лесна, бидејќи постојат многу салати и морска храна. Десертот е обично торта Павлова и свежо овошје. Месо исто така се сервира, но умерено.Француското божиќно мени е во средината на листата.Тоа е со паштета, петел, сирење, божиќен колач и тоа е тешка храна, иако има и салата.Масите во Шпанија и Германија се прилично нездрави, со месо, колбаси, компир и колачи. Затоа тие го заземаат четвртото место на листата.На последните две места на листата се Британците и Американците.Тие јадат мисирка со компири и сос.

Скопје | пред 6 години

Screenshot_6

ВИДЕО: Скопјани знаат да бидат уникатни, па така и за бадниковата вечера

Првиот еко-оган во Скопје по повод на Божиќните празници. Ваквата идеја доаѓа откако властите препорачаа да не се палат огнови на отворено поради еднормното загадување на воздухот.На овој начин, со бадникова трпеза и еко-оган, скопјани во Централниот градски парк го прославија празникот.https://www.facebook.com/bozo.lazetic/videos/10221269221549159/

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Тачи со услови: Ахмети надвор од влада, а потпретседателот мора да е наш!

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, е подготвен да направи предизборна коалиција со СДСМ, но за тоа има два услови.„Првиот услов е ДУИ да не биде дел од следната влада и вториот услов е претседателот на ДПА да биде вицепремиер и да има само еден вицепремиер.“, рече Тачи.Прашан за барањата на Тачи, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, за ТВ21 дека неговата партија е отворена да разговара со сите парти, освен со ДУИ поради тоа што тие одлучиле сами да излезат на избори.„Не може да се разговара со некого кој одлучил да излезе сам на избори! Моментално е рано и се уште не сме почнале било какви разговори со ниту една партија и нема ништо конкретно во правец на можните коалиции. Изјавата на претседателот на ДПА ја гледаме како нивно позиционирање пред евентуалните разговори за можна преизбора соработка.“, изјави Зекири.Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, коментирајќи го условот на Мендух Тачи, за ТВ21 рече дека „политиките на ДУИ се основаат во направениот договор со албанските граѓани како единствен извор на легитимноста а не врз политичките интриги зад грбот на граѓаните“.

Македонија | пред 6 години

31600671_363325997520536_892656583937359872_o

Колев: Ви пожелувам добро здравје, успех и благосостојба! Христос се роди!

Во денот на Христовото раѓање, сакам да ве поздравам и да ви порачам дека ние можеме да ги отсликаме со реални дела убавите желби што го следат овој прекрасен празник. Наша обврска е доброто да го вршиме со конкретни чекори, за да не остане истото само протоколарна желба.Божиќ е празникот на љубовта, вербата, надежта, семејните вредности, радоста, достоинството, толеранцијата, разбирањето. Да си ги сакаме нашите најблиски и нашата земја. Да се почитуваме еден со друг и заедно да работиме за добробит и просперитет на Македонија.Имајќи го Бог со себе, секогаш имаме поткрепа во сите тешки моменти!Ви пожелувам добро здравје, успех и благосостојба! Христос се роди!Со почит,Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Јоци му се изнасмеа на Мицкоски по негова реакција

По „твит“ на Видана Бошкова-Мицевска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека стимулира поделби, говор на омраза кон Израел и Еврите и напади кон ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ негираат поврзаност со објавата на „Твитер“ и авторката и враќаат дека станува збор за обид „за прикривање на неспособноста на кадрите на опозицијата во техничката влада“На ова реагираше политикологот Јорданка Ивановска-Јоци, која напиша дека се смее на реакцијата од Мицкоски.„Чекај, чекај...лидерот на ВМРО (оној кој ќе водел со 100.000 гласови над СДСМ) се бави со Видана!?!Со некој кој пишува на ,,твитер", ко што и они имаат цела вмровска армија која блуе по цели денови. Ако земат пресови за ова да се држат, до 2056 нема ништо друго да видиме.Ама како да не се смеам. Па, јас не се бавам со Видана, што има напишано 189 хејт статуси за мене, Мицкоски и неговине се потегнале и цел ден за неа зборат. Браво, Видано. Е, ова ти е сестро - врв. До кај стасаа луѓево, со твитови да се занимаваат. Али, затоа закани од сниматели од , ,,Инфомакс" кон ,,комуњари....шарени курви....комуњарски дегенерици..." не ги занимаат. Тоа не им е омраза и сериозни кривични дела“, напиша Јоци.https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10220851377814168

Коментари | пред 6 години

POLICIJA-SOOBRAKAJKA-SKOPJE

Маж загина во Струмица

Шеесет и едногодишен маж загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат во село Доброшинци, струмичко.Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале автомобил „шкода октавија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А.(62) од село Пиперево, струмичко и „фолксваген шаран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.М.(25) од село Градошорци, струмичко.Во незгодата починал возачот В.А., додека Е.М. и А.А.(16), сопатничка во неговото возило се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски „благословена“ и се паднало паричето

Фросина Ременски, поранешен минситер и обвинета во аферата „Рекет“ го пронашла паричето на Бадник.Таа на Фејсбук постира фотографија над која стои дека се чувствувала благословено.

Македонија | пред 6 години

81671942_518975618708046_507414544520314880_n

Градоначалникот Константин и сопругата Елена за Божик во црква

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, заедно со неговата сопруга Елена, утрово беа на Божиќна литургија во црквата Свети Никола во Долна Влашка Маала.Градоначалникот претходно официјално упати срдечни честитки до сите православни верници по повод Божиќните празници.„На сите православни верници им го честитам најрадосниот христијански празник Божиќ, со најискрени желби за среќно и од Бога благословено прославување на Христовото раѓање. Празничните денови нека донесат радост, здравје, мир и спокој во секое семејство , насочувајќи не кон разбирање, проштевање и добра волја, како и желба за постојан напредок на заедницата. Христос се роди- Вистина се роди!“ - стои во честитката на охридскиот Градоначалник.

Македонија | пред 6 години

gg-Stefan

г.г. Стефан: Со рождеството на Синот Божји се објави тајната на спасението и благата вест за вечниот живот

Православните верници го прослават Божик, раѓањето на Синот Божји, Исус Христос. По тој повод архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници упатија божиќна порака. Во пораката се вели:„Возљубени празникољупци, Христовото рождество е празник на радоста, кога ја доживуваме вистината и убавината на нашата вера. Божик е денот на добрата волја, кога Милостивиот Бог се понизил заради нашето спасение, денот кога Бог Миротворецот му подари мир и помирување на човекот и на светот.Божик е денот кога Создателот стана Богочовек, се роди како човек, за да го спаси човекот. Ете, тој спасоносен настан и денес нѐ повикува со мислите да се пренесеме во онаа неповторлива ноќ во Витлеем и да се потсетиме на даровите од тој неповторлив миг за човечкиот род, за да ја разбереме богооткриената спасоносна вистина.Со рождеството на Синот Божји се објави тајната на спасението и благата вест за вечниот живот. Оттаму денот на Христовото рождество е празник на небесната радост, која и денес ни порачува да празнуваме со таа радост – што трае.Возљубени, најмногу од сѐ треба да сме Му благодарни на Бога што сме Негови и што со Неговото име се именуваме. Годинава ќе одбележиме голем јубилеј – 1.000 години од постоењето на Бигорскиот манастир. Имаме светилишта ненадминати во уметноста и архитектурата, по кои светот нѐ препознава и се дел од нашата духовна и културна генеза. Па, да го чуваме тоа што е наш идентитет – и духовен и национален, да го чуваме и зачуваме! Да настојуваме со божикните пораки постојано да бидеме духовно освежени и морално оснажени. Со добри дела да се оддалечуваме од злото, за да може во нас и во нашите домови да владее мирот. Да се трудиме во секого од нас да се разбуди љубовта кон Бога, љубовта кон светата црква и татковината, љубовта кон сѐ што е свето и богоугодно. Со својот живот да придонесуваме Богомладенецот постoјано да се раѓа во нашите срца и да биде во нас и со нас! Христос се роди! Честито и од Бога благословено новото лето Господово!“, се вели во пораката на г.г. Стефан.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sdsm-vodic

(ВИДЕО) СДСМ преку видео се пошегува за „гламурозната“ администрација

По гафот што го направи доплнителната заменик-министерка во Министерството за администрација и информатичко општество, Невенка Стаменковска Стојковска, СДСМ направи шеговито видео  во кое ја коментира  „гламурозната“ администрација. Тие објавија водич за  „гламурозната“ администрација.https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/507477440167674/?__so__=watchlist&__rv__=video_home_www_playlist_video_listвидео: ФБ СДСМ

Македонија | пред 6 години

next-time

„Некст тајм“: Среќни празници, без разлика на верата, да сте здрави, живи, спокојни и среќни сите!

Браќата Мартин и Стефан Филиповски на социјалната мрежа фејсбук споделија дел од семејната празнична атмосфера. Тие Бадник и Божик на верниците им ги честитаа со „Нешто ќе те питам бабо“ . Покрај Видеото кое го споледија браќата напишаа:Среќни празници, без разлика на верата, да сте здрави, живи, спокојни и среќни сите!, порачаа „Некст тајм“.https://www.facebook.com/88373593290/videos/818888085240356/?__so__=watchlist&__rv__=video_home_www_playlist_video_list

Македонија | пред 6 години

Cvetan-Tripunovski

(ФОТО) Трипуновски имал кривична пријава за злоупотреба на службената должност

Фејсбук страницата Сеир.мк објави скен, извадок од кривична пријава за Цветан Трипуновски, технички заменик-министер за земјоделие од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од која се гледа дека против него постои кривична пријава за злоупотреба на службената должност со што, заедно со уште две службени лица, го оштетиле министерството за 117.000 евра.фото: ФБ Сеир

Македонија | пред 6 години

kosta

Георгиески: Празничните денови нека донесат радост, здравје, мир и спокој во секое семејство

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, упати срдечни честитки до сите православни верници по повод Божиќните празници.– На сите православни верници им го честитам најрадосниот христијански празник Божиќ, со најискрени желби за среќно и од Бога благословено прославување на Христовото раѓање. Празничните денови  нека донесат радост, здравје, мир и спокој во секое семејство , насочувајќи не кон  разбирање, проштевање и добра волја, како и желба за постојан напредок на заедницата. Христос се роди- Вистина се роди!- стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

6-1

(ФОТО и ВИДЕО) Министерот Чулев во посета на ОВР Кавадарци и РЦ Југ

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска го посети ОВР Кавадарци и Регоналниот центар за гранични работи Југ, кој се наоѓа во Кавадарци. На состанокот со старешинскиот кадар на ОВР Кавадарци и началникот на СВР Велес беше разговарано за безбедносната состојба на станичното подрачје како и вообичаените тековни активности. Од страна на министерот Чулев беше потенцирано да се зголеми ефикасноста и превенирањето на кривичните дела поврзани со личната сигурност на граѓаните и нивните имоти. Исто така, беше дадена насока за навремено подготвување за изборниот процес и собирање информации за намери на нарушување на изборите. За време на посетата на РЦ Југ министерот беше брифиран за моменталната состојба на границата со Грција долга 256 километри во однос на илегалната миграција и шверцот на добра, како и соработката со полициските службеници од пријателските земји кои и помагаат на нашата полиција за обезбедувањето на јужната граница. Со оглед дека Собранието ја продолжи кризната состојба, министерот Чулев потенцира за значењето на работата на овој регионален центар во спречување нови бранови на илегални мигранти, земајќи ја в предвид состојбата во земјите на потекло на лицата кои вообичаено ја користат македонската територија за транзит. Фото: МВР

Македонија | пред 6 години

sneg-605x420

Денеска од 12 часот е дозволен влез на товарни возила во Грција

Ги известуваме граѓаните на Р.С. Македонија дека денеска (06.01.2020) од 12 часот, според добиените информации од грчките погранични служби, забраната за влез на сите товарни моторни возила во Република Грција е повлечена на сите гранични премини и сообраќајот се одвива непречено.Според известувањето од грчките служби, забраната беше воведена на 05.01.2020 поради најава за лоши временски услови.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zatvor-10

Затвореници нападнале затворски полицајци

На 06.01.2020 во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 02.30 часот во Казнено-поправниот дом Идризово, додека вршеле рутинска контрола, затворски полицајци биле физички нападнати од затворениците С.С. и К.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Одбил да им продаде алкохолни пијалаци, па го претепале

На 05.01.2020 во 22.55 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.И.(20) од Скопје пријавил дека околу 22.40 часот во неговиот продажен објект на ул.„376“ бил физички нападнат од неговите соседи Н.И.(44) и Ф.И.(18),  поради тоа што одбил да им продаде алкохолни пијалаци. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

pozar

Mаж пронајден починат во опожарена куќа во Куманово

На 06.01.2020 околу 04.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Б.Ј. (78) во с.Пчиња, кумановско. Полициски службеници излегле на местото и Б.Ј. бил пронајден починат. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

134301833

Кривична за велешанец – вршел превоз на огревно дрво без лиценца

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.С.(33) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 02.10.2019 на место викано „Бусилска“, пријавениот со товарно возило „фап“, без лиценца, вршел јавен превоз на огревно дрво.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања