Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Скопје1.мк

tepa-zena

Скопјанец приведен поради семејно насилство, агресивно се однесувал и кон полицијата

На 05.01.2020 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Христо Татарчев“ го лишиле од слобода С.Ц.(50) од Скопје, поради тоа што физички ги нападнал неговата сопруга и неговиот син, а се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои вршеле службени дејства по пријава за семејно насилство. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен државјанин на Германија, се обидел да пренесе мигранти од Гана

На 05.01.2020 во 22.40 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ од слобода бил лишен К.E.(33) од СР Германија поради тоа што во патничко возило „фолксваген“ со германска национални ознаки превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија.По преземени мерки било констатирано дека приложените патни исправи биле пријавени за украдени во текот на 2019 година, а во разговор со полициски службеници лицето изјавило дека ги набавило во Германија.Возачот бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Трите лица од Гана ќе бидат пренесени во Прифатниот центар за странци во Скопје. Во врска со настанот, од слобода била лишена и Р.А.(30) од Италија, која била сопатничка во возилото.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев со Божиќна честитка: Македонските попови да фрлат анатема до седмо колено за предавствата врз Македонија и Македонците

Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој, се вели во честитката од Центар за комуникации на Единствена Македонија.Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на традиционалните и духовните вредности, а помирувањето на македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата зедничка инднина.Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Божиќ ќе го дочекаме во слободна Македонија, а нашата должност како Македонци е да ги одбраниме светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македонските попови имаат силна национална должност на богослужбите низ сите цркви во земјата и дијаспората да фрлат анатема до седмо колено до сите кои вршат предавство со бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја, се вели во честитката од Центар за комуникации на Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

Koleda_01062020004

(ФОТО) Охридските коледари го најавија христовото раѓање

Со свеќи во рацете , кандилца и ѕвезди  околу 700 дечиња беа дел од денешната  Бадникова поворка што  седма година по ред се одржува  во Охрид. Пеејќи ја  коледарската песна  „Вечниот Бог“  низ охридските улици и чаршијата, младите охриѓанчиња кои ги симболизираа ангелите  го најавија христовото раѓање.На плоштадот „Св. Климент Охридски“  кај божиќната пештера што е подарок од Бигорскиот манастир, Св. Јован Крстител, коледарчињата ги пречека градоначалникот Константин Георгиески кој ги дарува со божиќни пакетчиња.– Возвишено е чувството, да се биде дел од оваа културно – верска манифестација во која учествуваат нашите најмили –  дечињата, кои со  старохристијанската коледарска песна го најавуваат христовото раѓање. Возобновувањето на оваа традиција е секако за поздравување затоа што преку неа најмладите се запознаваат подлабоко со суштината на нашата вера,  со значењето на христовото раѓање.  Секогаш мора да си ги познаваме своите корени, своите традиции за да градиме успешна и посветла иднина за сите нас.  Во оваа прилика им го честитам големиот христијански празник Божиќ на сите православни христијани, со надеж дека ќе  го минат во добро  здравје, со ведра мисла и спокој,  опкружени со љубовта на своите најблиски- рече градоначалникот Георгиески.Градоначалникот Георгиески присуствуваше и на бадниковата поворка што втора година по ред се одржува во Селото Велгошти.Бадниковата поворка е една од најмасовните културно-  верски манифестации што се организираат по повод големиот христијански празник Божиќ.Организатор на настанот е Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржан од  општина Охрид.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

nina-angelovska

Ангеловска за Фактор: Мотото на буџетот за 2020 година „инвестираме во човечки капитал“

Самата е млада и амбициозна, подготвена да се менува, но и да менува. Барем така вели за себе, па го цитира и Стив Џобс со ставот - оној кој е доволно луд да мисли дека може да ги смени работите е најчесто оној кој ги менува. Затоа и се нафатила да биде министерка за финансии – Нина Ангеловска во интервју за Фактор вели дека нема популизам во покачувањето на платите, на пензиите па тоа го правда со потребата да сe инвестира во кадар, за квалитетните млади и да останат овде. Вели дека во нашите деца вложуваме толку – за да тие можат да искористат само половина од потенцијалната продуктивност, како што покажа и анализа на Светска банка и дека тоа мора да се промени. Ангеловска е позитивна и демонстрира цврста убеденост во ставовите. Вели дека во Македoнија ќе има одржлив долг и дека проектот за поврат на ДДВ на граѓаните и наградната игра ќе придонесе за сузбивање на сивата економија, објави Фактор.мк.Буџетот за следната година, кој е впрочем најголем во историјата го карактеризирате како буџет кој е насочен за инвестиции во човечки капитал. Верувате ли вие искрено дека ова е влог со таква суштина?Ангеловска: За почеток сакам да нагласам дека не е најголем буџет во историјата на земјата. Во апсолутна вредност буџетот треба да расте секоја година сразмерно на порастот на бруто домашниот производ. За споредба дали е најголем во историјата се користат релативни показатели односно буџетот изразен како процент од бруто домашниот производ, така да буџетот за 2020 не е најголем во историјата како што пред јавноста се прикажува. Буџетот е реален и е скроен буквално „by the book”, односно порастот на приходната страна е планирана соодветно на проектираниот раст на бруто домашниот производ и инфлацијата, додека расходната страна е предвидена со буџетски дефицит согласно планираниот во среднорочната фискална стратегија. Структурата на расходната страна е скроена со зголемување на релативното учество во трите основни столба кои го формираат индексот на човечкиот капитал. Од тука произлезе и мотото на буџетот за 2020 година „инвестираме во човечки капитал“.Вложување во подобро здравство, во подобро образование, во социјална грижа – тоа всушност е вложување во човечки капитал. За 2020 година имаме убедливо највисока сума досега за оваа намена во износ од 154 милијарди денари, или 64 отсто од вкупните расходи во буџетот. Интензивни инвестиции во човечкиот капитал се потребни веднаш. Зошто? Бидејќи со години не се вложувало во најважниот ресурс - луѓето. Последицата од тоа е дека Република Северна Македонија, согласно индексот на инвестиции во човечки капитал на Светска банка, е последна во регионот. Ако во најразвиените земји просечниот индекс на човечки капитал е 0,80, во земјите од ЕУ 0,75, а во земјите во регионот 0,60, во нашата земја индексот на човечки капитал изнесува 0,53. Што значи тоа? - Дека сегашните деца кога ќе пораснат, согласно она што денес се вложува во нив, преку образованието, здравството и социјалната грижа, ќе можат да користат само половина од својата потенцијална продуктивност. Замислете, постојано велиме дека подобар животен стандард е резултат од раст на продуктивноста, а од друга страна, во нашите деца вложуваме толку – за да тие можат да искористат само половина од потенцијалната продуктивност. Ова мора да се менува. И ние го менуваме тоа. Инвестирајќи во човечкиот капитал, инвестираме во подобра иднина на оваа земја.Додека СДСМ беше во опозиција овие мерки, односно зголемувањето на платите на пензиите ги карактеризираше како чист популизам. Нели се такви и овие, сите се предложени на крај на мандатот иако претходно СДСМ како левичарска партија тврдеше дека слични мерки само купуваат гласови. За дел од овие мерки свои забелешки имаа и ММФ и Светската банка.Ангеловска:  Има повеќе причини за одливот на мозоци од земјата, но една од најважните е економската, односно си одат поради ниските плати. Она што на краток рок може да се понуди е токму повисоки плати. Факт е дека имаме одлив на лекари, на медицински сестри, не само од јавното во приватното здравство, туку си заминуваат и од земјава. Второ, колку од квалитетните студенти се мотивирани да работат во просвета, знаејќи ги платите?Ако сакаме да ги понудиме најдобрите здравствени услуги на граѓаните, треба најдобрите лекари и медицински персонал да ги задржиме во јавните здравствени установи. Да, треба, и се вложува во современа медецинска апаратура, но таа ќе биде бескорисна ако немаме квалитетни кадри кои ќе работат со неа. Ова е дејност која целосно зависи од човечкиот фактор. Истото е со образованието. Ако немате квалитетни кадри кои ќе бидат мотивирани да го пренесат знаењето на децата, нема да имате резултати во образованието.Инвестираме во човечки капитал, за да ги задржиме тие луѓе тука и за да понатаму тие помогнат во продуцирање на попродуктивни генерации.Понатаму, не би се сложила дека сега прв пат предизборно се покачуваат платите, тие се покачуваат повеќе пати од 2018 година. Со покачувањето на платите на лекарите од февруари 2020 година, последниве три години платата на лекар специјалист е покачена за околу 40 отсто. Само годинешното покачување на платата на лекар специјалист е 25 проценти, на општите лекари 15 отсто, а 10 проценти за медецинските сестри. Од јануари за 10 отсто се покачуваат и платите во образованието, со што кумулативното покачување на платите изнесува 20,6 проценти со претходните покачувања. На крај, да сумирам и конкретно да одговорам на вашето прашање – дали јас сметам дека овие мерки се популизам? Не, популистички работи се оние кои се во насока на купување на моменталното задоволство на граѓаните и кои немаат никакви или имаат негативни ефекти во иднината. Напротив, мерките кои ги преземаме за вложување во човечки капитал се во насока на поставување на работите на здрави фундаменти, за да идните генерции во оваа земја живеат подобро.Интервјуто со министерката Нина Ангеловска за Фактор, може да го прочитате на овој линк.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Христовото раѓање - Божик

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка до граѓаните по повод христијанскиот празник Христовото раѓање - Божик.Почитувани сограѓани,Дозволете ми, да ви го честитам големиот христијански празник Христовото раѓање - Божик.Од се срце посакувам празничните денови да ги пречекаме во добро здравје, радост и среќа споделувајќи љубов и хармонија со нашите најблиски. Празничните денови кои ги минуваме во нашите домови исполнети со светлина и топлина, нека не инспирираат да се грижиме и да им подадеме рака на сите на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа.Почитувани,Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човекување и ни ја всадува вербата во подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба. Пораките на овој празник нека допрат до нашите срца и нека не следат цела година давајќи ни сила заеднички да се соочиме со сите предизвици кои ни претстојат. Само со заедништво, солидарност, разбирање и меѓусебна почит ќе дојдеме до личен просперитет и развој и напредок на нашата татковина.Нека ни е честит Божик!Христос се роди! Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија

Македонија | пред 6 години

radozda

(ВИДЕО) Бадниковата литија и пеење коледарски песни за прв пат годинава во с. Радожда

Утрово граѓаните се разбудија со коледарската песна. Коледарчињата ги пееја познатите стихови, ширеа радост од дом на дом и го најавуваа Христовото раѓање. За прв пат годинава Бадникова литија и во с. Радожда- Сива, сива голабица,-каде си се осивила?- Таму горе на бел Дунав.- Што имаше, што немаше?- Ми имаше златна чаша,-златрна чаша, иконата,-да служиме млада Бога,-млада Боига Божикова,- Божик ми е на небвеса,- слава му е на земјата.Или онаа „Коледе леде“...- Коледе, леде! паднало греде,- утепало деде. Дедо се мачи,- баба го квачи, со четири јајца- гускини, гусќини!- О, О, коледе!фото и видео: скопје 1

Македонија | пред 6 години

dzaferi

Џафери: Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна магија која создава во сите нас убави и позитивни мисли

Дозволете од свое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија, на сите православни верници кои денес го прославуваат големиот христијански празник, Христовото раѓање - Божиќ, да им упатам искрени честитки за овој убав празничен ден, се вели во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери.Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна магија која создава во сите нас убави и позитивни мисли кои пак зрачат прекрасна енергија на заедничка среќа и радост, сплотена верба и надеж за подобро утре, посветла иднина, за нас, за нашите деца и сите идни поколенија. Нека биде таа енергија силата која што не води мудро низ сите предизвици што ги носи секој нов ден, секој нов миг. Нека радоста и спокојот што се раѓаат со почитувањето на универзалните вредности, односно човекољубието, взаемната почит, солидарноста и сочувството бидат вообичаено секојдневие за сите нас и мотив за создавање на дополнителни убавини и правење на добри дела за радоста од дарувањето на таа позитивна енергија биде удвоена.Драги граѓани, Ви посакувам среќа, радост и благосостојба во вашите домови, насмевки на лицата на вашите најблиски и секојдневен напредок на лично поле, што ќе резултира со колективен напредок на земјата и сите граѓани.Уште еднаш, честит празник и убави празнични денови, се вели во честитката од претседателот на Собранието Талат Џафери.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

droga-prodazba

Кај 20 годишен од Македонска Каменица пронајдена марихуана, а кај жител на Св. Николе хероин

На 05.01.2020 во 06.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода М.Л.(20) од с.Луковица, Македонска Каменица, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициско одделение и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.Надворешната канцеларија за криминалистички рботи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С.(41) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Н.С. му продал хероин на Н.И., кој од страна на полициски службеници бил затекнат во напуштена куќа на улица „11 Октомври“ во Свети Николе, при што кај него бил пронајден хероинот.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Се судрија „Пасат“ и камионче „Там“, еден тешко, а тројца полесно

На 05.01.2020 околу 09.40 часот на  регионалниот пат Куманово -Св.Николе, во атар на с.Градиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(20) од с.Ранковце, кривопаланечко и товарно возило „там“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.А.(37) од с.Долно Ѓуѓанце, светиниколско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М. и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот И.А. и сопатниците во патничкото возило Т.Љ. и Љ.А., кои, исто така, биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

134301833

Кавадарчани во „опел корса“, превезувале огревни дрва без документи

На 05.01.2020 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле В.С.(28) и М.Н.(26), двајцата од Кавадарци, поради тоа што при преглед во возилото „опел корса“, во кое се превезувале, биле пронајдени огревни дрва без документи. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Спасовски: Празниците се голема духовна сила да го понесеме доброто и да продолжиме заедно по патот на мирот и спокојот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, упати честитка до г.г. Стефан, архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, до претставниците на Синодот на МПЦ – ОА и до сите луѓе во нашата држава, кои ги чествуваат големите христијански празници Бадник и Рождеството Христово Божиќ, во името на Владата на Република Северна Македонија и во негово име.„Ги честитам големите празници Бадник и Рождеството Христово Божиќ, на Вас, на претставниците на Синодот на МПЦ – ОА и на сите граѓани во нашата држава, во името на Владата на Република Северна Македонија и во мое име.Големите празничните денови како што се Бадник и Раѓањето Христово Божиќ се голема духовна сила за секој човек, да ги види одново вредностите што носат благослов, како што се чесноста, љубовта, грижата едни за други и да го прилагоди своето дејствување во заедницата, во името на тие вредности.Христос оставил вечен светилник на човештвото, дека само заедничката радост е радост, и само заедничката среќа е среќа, како и дека никогаш и поради ништо човекот не треба да се откаже од големото добро, дури напротив треба да го понесе на себе како чест и да одговори достоинствено на оваа света човекова обврска.Да го продолжиме патот кон мир и спокој, кон сигурност и благосостојба, продолжувајќи да ги негуваме единството, почитувањето, пријателствата, чистата и искрена љубов.Имајте среќни празнични денови меѓу своите сакани.Христос се роди!“, е наведено во честитката од премиерот Спасовски до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.  

Македонија | пред 6 години

zaev-za-JO

Претседателот на СДСМ: Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред којашто е исправен секој совесен човек

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, во чест на големите христијански празници Бадник и Рождеството Христово Божик, упати честитка до г.г. Стефан, архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, до претставниците на Синодот на МПЦ – ОА и до сите луѓе во нашата држава, кои ги чествуваат овие празнични денови, во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, и во негово име.„Раѓањето Христово, што со векови симболично го одбележуваме секоја нова година, е силна порака дека секој од нас лично, како верник, како човек, како дел од општестeството, ја има можноста да го послуша гласот на совеста, да се надрасне себеси и уште поопределено и понасочено да дејствува кон доброто, за себе, за децата и родителите, за семејството, но и за доброто на заедницата и на државата во коишто живее, работи, твори, учи, дејствува.Христовото раѓање потсетува на одговорноста пред којашто е исправен секој совесен човек, да стои искрено и храбро на страната на вистината и правдата, да ги негува и практикува вредностите на солидарност, на подадена рака едни кон други, на меѓусебна почит, разбирање, мудрост, трпение, љубов.Затоа, овие празнични денови, меѓу најблиските и саканите, секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон мир и радост.Низ сплотеност и хармонија, како што упатуваат христијанските вредности, кои се и универзални вредности, да продолжиме уште пофокусирано по патот по којшто придонесуваме кон достоинствено општество на спокојни и среќни луѓе.Христос се роди! Среќни празнични денови на сите“, стои во честитката од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, се вели во честитката од претседателот на СДСМ Зоран Заев.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

joci-111

Јоци: Геро, душо прикаската „Рекет“ се врти против тебе

,Тажно е тоа за еден човек, ти, кој потроши 10 години од својот живот на симнување на Груевски од власт, се извини притоа јавно на македонскиот народ што го донел на власт, сега повторно да се става во его дека прави нешто добро за Македонија, чистејќи му го патот на тој будимпештански бегалец....Ништо добро не правиш"... напиша Јоци. Таа  образложи ... Драг, Геро.Дали ти си решил да го враќаш Никола Груевски на власт, не знам, но она што за сигурно го знам во моментов е дека ти си ујдисан со оние кои работеа за него ревносно додека беше на власт и го оддржуваа во живот. Луѓе, чии сниматели, мене ми се закануваа деновиве, навредуваа жолчно, клеветеа, кои се пријавени во МВР. Да биде појасно.И многу други колеги добиваат закани од луѓе блиски до таа сотоната, но секако тебе тоа не те интересира. Ти не креваш ни телефон да прашаш кому, дали, нешто треба околу тоа, камоли дали некој е болен, му починало дете, па дополнително го цедиш и му земаш животни сокови со твои небулози.Тажно е тоа за еден човек, ти, кој потроши 10 години од својот живот на симнување на Груевски од власт, се извини притоа јавно на македонскиот народ што го донел на власт, сега повторно да се става во его дека прави нешто добро за Македонија, чистејќи му го патот на тој будимпештански бегалец.Ништо добро не правиш за Македонија, слушај ме. Јас и ти не сме толку блиски, не верувам дека ќе ме послушаш, но мое е да си кажам.Ништо од ова не е на арно, Геро.Деструкцијата не е на арно, особено не самодеструкцијата.И сега си прв другар со тие луѓе, тераш кампањи, на јавноста и` матиш памет со нафрлања, прекари, дека си добил некакви нови , визии” за некојси нов ,,Рекет” (веројатно број 4), откако претходно тврдеше во колумна од 24.8.2019 година дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска не биле вмешани во оваа афера, а и други. Дај одлучи се, ќе трачариш како тетка сретсело или ќе приложиш докази на јавноста кога ,,кинеш” глави на колеги и други луѓе кои тебе не ти се по ќеф?И самиот знаеш дека со некои од тие луѓе сум само на ,,здраво” со години, не се мирисаме многу, сме се карале, парталосувале, но тие се ,,наше” јато. Како и да е.И знаеме кога да сопреме.Ти не знаеш. На 58 години ти не знаеш кога е доста.И сега те бранат од мене и ,,твоите” – вмровците. Со истиот вокабулар со кој тебе со години те напаѓаа и валкаа. Па, Геро, како човек да не се смее на сево ова, на овој филм идентичен како ,,Булевар на самракот”, во кој главната холивудска ѕвезда не може да се помири дека не е повеќе толку славна. Па, мора да пука во некого, да убие и во состојба на халуцинација кога доаѓа полиција, камерите и новинарите, таа, пак се чувствува како некогаш, како гламурозна дива.Баш сега во кампања ти текна, откако те немаше три месеци. На прв ден од техничка Влада, заедно со ,,Инфомакс” и латаси ти текна дека можеби имаш нешто ,,ново”.Твое си е.А, докази имаш? Неубаво е гласачкото тело да го збунуваш вака со прикаски чија објективност е тешко да се докаже со ,,рекла-казала”, но секако кроиш јавно мислење. Имаш одговорност пред јавноста за секој изречен збор.Не, за друго, веднаш ве демантираше Јавно обвинителство.Еве, јас не те разбирам повеќе. Те разбирав до ,,пикот” на аферата и подигањето на обвиненија за Боки, Катица, Ременски, и другите од Меѓународен сојуз. Бидејќи имав инфо од претходно за тие луѓе.За ,,Дијамед” не те разбрав, која ти ја нарече мислам ,,Рекет 2″, бидејќи се посомневав во изворите твои и секако намерите, а сега па ич не си ми јасен со обидот за медиумска егзекуција на новинари (кои грујовистите и ги нарекуваа платеници и соросоиди), твои долгогодишни пријатели без ниеден приложен материјален доказ.Не би да бидам груба, но стануваш ист како оние кои и за тебе пишуваа исто, а сега со нив тераш кампањи. Те нарекуваа од ,,Инфомакс” – ,,Гериз”. Ако си заборавил.И самиот знаеш, двете големи афери на кои бев еден од авторите ,,Вила Водно” и ,,Урбана мафија” од сам почеток беа ,,покриени” со документи. Без претпоставки, без прекари, се`на ачик. Директно атакувавме на премиер, Љубчо, со документи, не со ,,чамче муабети”. Затоа и беа толку големи и уште се на врвот. И по 15 години.А, ,,Рекет” веќе е толку разводнета, да тече во канализација полека.Туку, многу е смешно како Наталија Ивчева од ,,Инфомакс”, сајт на кој имаше интервју на Груевски во неколку продолженија од Будимпешта, те најавува кај неа на профил како нејзина лична сопственост, како нејзино куќно милениче. Ко главна уредничка да ти е, па точно знае што треба да пишеш дента. Во дослух сте или што е работава?Да завршам. Имам многу други работи да напишам, каде ме вмеша без да ме прашаш во твои лични битки, но немам време тоа да раскажувам.Ти кажав другарски летоска и пак ќе ти повторам. Големи афери треба да се тераат до одредена точка. Ти не стави точка, не процени кога требаше да сопреш. Ја помина црвената линија. И веќе нема назад.Кога не знаеш каде да ставиш точка, се изместува перцепцијата на авторот, не сфаќа ни зошто почнал, ни каде треба да заврши.Му се мати паметот, станува напнат, анксиозен, во сите гледа непријатели, станува деструктивен и прикаската почнува да се врти против него кога веќе нема што да соопшти на јавноста и влегува во шпекулации, кои, имено веднаш му ги демантираат официјални институции. Му доаѓа нешто како лек кој предолго го земаш, па место да ти помага, се врти против тебе по долга, неодговорна и непотребна консумација.А, кој е всушност авторот!?Имај убава пензија. Дали ќе уживаш во неа или ќе носиш терет и грижа на совест – сам си знаеш.Јорданка Ивановска – ЈоциИзвор: Joci

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Традиционалните вредности се оние кои не обединуваат како народ

Честитка по повод празникот Рожденство Христово Божиќ од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан/ Во честитката се вели: Ваше Блаженство,Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам еден од најсветлите христијански празници, раѓањето Христово, Божик.На овој голем ден, би сакал да ви посакам мир и благосостојба во вашите семејства кои ќе ве пратат во текот на целата година, Ви посакувам многу среќа, здравје, спокој и љубов за вас и вашите ближни.Македонија со отворени раце го прифати христијанството кое е камен темелник на западната цивилизација. Учењето Христово нека е ѕвезда водилка за секој еден од нас, неговите дела, пожртвуваноста, мудроста, љубовта нека служат за пример. Традиционалните вредности се оние кои не обединуваат како народ, како општество и се вредностите кои ни го поплочуваат патот за просперитетна и успешна Република Македонија.Христијанството не учи на надеж, надеж за подобро утре кое со посветеност и работа можеме заеднички да го изградиме за нас и иднините поколенија. Македонија е пред големи предизвици, но верувам во мојот народ дека ќе донесе одлуки кои ќе значат сигурност, правда и обнова. Да ставиме крај на поразите, доаѓа времето на чесни и принципиелни луѓе кои ќе работат во интерес на народот. Ќе ставиме крај на тонењето и неправдите. Македонија има луѓе за нови победи и успеси, а нивната шанса доаѓа допрва.Нека ни е вековит и честит овој голем христијански празник Рожденство Христово, Божик. Христос се роди, Навистина се роди!Со почит,Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска и утре ЈСП ќе вози по неделен возен ред

Денеска и утре автобусите ќе сообраќаат по неделен зимски возен ред, а жичарницата на Водно отворена за посетители ќе биде од 10 до 17 часот.Денеска линијата 25 кон Средно Водно ќе сообраќа по делничен зимски возен ред, додека линиите 25А и 25Б нема да сообраќаат. На 7 јануари (Божик, вторник) сите три линии кон Средно Водно ќе возат по неделен зимски возен ред.Од ЈСП – Скопје информираат дека на денеска и утре дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар од 7 до 19 часот и во Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Со над 4.100 партиски вработувања за само 2 месеци, Заев фрла тешка дамка на изборите

Владата на СДСМ призна дека за само два месеци вработиле 4.131 партиски војник. Владата на СДСМ не негираше дека ја зголемиле администрацијата за над 4.100 партиски вработувања за само 2 месеци. Тоа значи дека СДСМ веќе на овие избори фрли темна дамка со тоа што вработувала партиски војници кои се извор на непотизам. Ова преставува изборна корупција со која Заев сака да се спаси од пораз и да избега од одговорност за криминалите. Овие вработувања се случуваат откако СДСМ знаеше дека ќе има техничка влада и извесни избори, што значи дека вршела свесно нарушување на изборниот процес. Овие партиски вработувања кои се извор на заразата на непотизам се исклучиво во функција на купување на партиски мир, и вработување на деца, братучеди, сестри и браќа на функционери на СДСМ.Во ниту една нормална држава не се вработува армија на партиски избори, особено не пред избори. Нема ниту едно оправдување за вака енормно зголемување на администрацијата во пресрет на изборите. Зад секој вработен партиски војник на СДСМ стои по еден разочаран граѓанин чии квалитети не се препознаени од владата. Токму затоа се случува иселување на квалитетни кадри.Партиските вработувања нема да ја спасат владата во заминување. Борбата на Заев е за спас од одговорност за неговите криминали. СДСМ паѓа, а обновата доаѓа.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Koledarcinja

Денеска е Бадник утре Божик

Денеска го славиме Бадник, или ден пред Божик.  Особено од минатото се останати богати обичаи и верувања поврзани со Бадник или Коледе.Истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, со раѓањето на новото сонце што значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна Христијанската црква овој ден го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите свети Августин одговарал: „Ние го празнуваме не како неверниците поради сонцето, туку поради оној што го создал сонцето“.Обичаите за Бадник и Божик во некои детали меѓусебно се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, сепак, во основа се изделуваат неколку заеднички елементи, како што се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, потоа коледарскиот оган заедно со дрвото Бадник, како и коледицата проследена со многу коледарски песни.Богатата трпеза со исклучително посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл. според верувањето, има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така, заедно со храната да остане целата ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божик. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани.Во Струга децата одејќи по коледа носеле дрвени чеканчиња со кои тропале по влезните врати и пееле:- Сива, сива голабица,-каде си се осивила?- Таму горе на бел Дунав.- Што имаше, што немаше?- Ми имаше златна чаша,златрна чаша, иконата,да служиме млада Бога,млада Боига Божикова,Божик ми е на небвеса,слава му е на земјата.За вечера, на Бадник, се правеле питулици, без масло, само со шербет и ореви. Тоа, всушност, биле постилци (пелени), зашто наскоро ќе се роди царот небесен Исус Христос и треба да биде повиен.Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган, пеат пригодни песни и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др. Една од најпопуларните песни што и сега се пее во овие случаи „Коледе леде“ ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, објавена во „Книжици за прочит“ во 1893 година.Коледе, леде! паднало греде,утепало деде. Дедо се мачи,баба го квачи, со четири јајцагускини, гусќини!О, О, коледе!фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

BARDOVCI

38 годишен маж избегал од Бардовци, најверојатно заминал во Белград

Во Полициската станица Карпош вчера во 12:30 часот Д.С.(63) од Скопје пријавил дека од Психијатриската болница Бардовци се оддалечил В.С.(38).Според пријавеното, тој најверојатно се наоѓа во Белград.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ да се извини за антисемитските напади врз Мизрахи

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува антисемитските напади инструирани од СДСМ врз првата министерка во Република Македонија со еврејско потекло Рашела Мизрахи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Ваквиот говор на омраза и нападите на СДСМ покажуваат дека деспотот Заев губи контрола и истите се последица на поразот кој им престои. Нападите и личната дисфалификација и припадност се круната на недемократското владеење на Заев кој паѓа. Секој ден за Заев е борба за да си го заштити криминалот. Тоа што владините советници на Заев поддржуваат антисемитизам е доказ за антиевропската влада на Заев.Бараме СДСМ јавно да се огради, да ги осуди и да се извини за антисемитските напади врз Рашела Мизрахи и стимулирањето на политика на поделби. Ваквиот говор на омраза не враќа на почетокот на 20 век, наместо да не носи кон европските стандарди и правила, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

pukanje-1

НетПрес: Членови на арачиновската криминална група изрешетани во Чаир

Членови на арачиновската криминална група вчера вечер околу 20 часот биле изрешетани во Чаир, дознава „НетПрес“, според чии извори се работи за Н. Ајети и Б. Ајети.Во овој напад тие биле тешко ранети, а потоа биле однесени во градската болница. Едниот од нив е со повреди во абдоменот, а вториот во карлицата.Полициски извори за НетПрес информираат дека двајцата се припадници на арачиновската криминална група.Информациите од градската болница велат дека еден од нив е во животна опасност, а другиот е во критична состојба, бидејќи имаат прострелни рани.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

sanela-2

Заменичката на Мизрахи: Новата техничка министерка не го познава доволно системот на социјална заштита

Целосна невистина се тврдењата на новата техничка министерка Рашела Мизрахи дека во Комисијата за помош и нега од друго лице се блокирани над 8.500 предмети, тврди заменик министерката за труд и социјална политика, Санела Шкријељ. Според неа, новата министерка за труд не го познава доволно системот на социјална заштита.Шкријељ преку својот фејсбук профил и порача на техничката министерка, Рашела Мизрахи, пред да излезе во јавност да ги прочита законите.„За жал нашата подготвеност за конструктивност и соработка во интерес на започнатите реформи и процеси кои носат добро на граѓаните не наиде на разбирање од страна на техничката министерка Мизрахи, а доказ за тоа е денешната скандалозна прес-конференција за наводните 8.500 блокирани предмети за туѓа нега. Загрижувачко за мене лично, а претпоставувам и за граѓаните е целосното непознавање на техничката министерка на новиот Законот за социјална заштита со кој надлежноста за издавање на наодот и мислењето за потребата за помош и нега од друго лице, врз основа на кое се остварува паричниот надоместок, е пренесена на 15 стручни комисии формирани од страна на Министерството за здравство. Наместо претходната една којашто беше формирана во време на претходната власт и не можеше и не сакаше да одговори на барањата на граѓаните сега има 15 комисии низ цела држава од кои 5 се во Скопје. Апсолутна лага е дека 8.500 предмети се заглавени во Комисијата, а предметите за коишто немаше наод и мислење се распределени во новите комисии и имаат рок за постапување до 1 февруари годинава.Почитувана техничка министерке Рашела Мизрахи, пред да излезете со изјави и тврдења во јавноста барем прочитајте ги законите, подзаконските акти и правилниците„“, напиша Шкријељ на ФБ. фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

rasela-mirzahi

Мизрахи:Нема економска година како што ветија, но има лицемерни тендери два дена пред техничка влада и партиски вработувања

Сиромаштијата во Македонија секојдневно вртоглаво расте. Сликата која ја гледаме низ македонските улици е реалноста која ја живеат граѓаните на оваа држава. Деца питачи, злоупотреба на детската заштита, руинирани градинки, злоупотреба на социјалната помош, хаос во домашната нега, мобинг во јавната администрација.  Тоа е фактичката состојба за животот во Македонија, истакна Рашела Мизрахи, Министер за труд и социјална политика.Нема економска година и прав пат како што ветија, но има лицемерни тендери два дена пред техничка влада и партиски вработувања.На ова МОРА да се стави крај!Министерствата се на граѓаните, а не на партиските центри.Од овој момент натаму, празните зборови се минато. Јас не можам да направам промена на светот за три месеци, но ќе се потрудам она што е мој домен да не наликува на изминатите три години.Ние можеме и имаме ресурси за функционираме подобро.Имам сознанија дека се заглавени дури 8500 предмети за нега на трето лице, меѓу народот познато како „туѓа нега“. Ве молам туѓа нега е навистина непристоен назив.На овој проблем, посебно ќе се ангажирам периодот. Нашите информации велат дека постојат сомневања за злоупотреби и неосновано одземање на истата од граѓаните на кои им е најмногу потребна.На таквите поплаки и реакции мора да се одговори. Ќе биде темелно прочешлано на кој начин и како се дадени согласностите за нега на трето лице, но и на кој начин се одземани и не се доделувани овие права. 8500 заглавени предмети укажува на тоа дека системот не функционира, дека има луѓе на кои им е потребна помош во овој момент, а не ја добиваат.Во јавноста се прави и манопулација со опфатот на деца во предучилишно образованое. Беше кажано дека до 50 проценти ќе се  зголеми опфатот на деца од предучилишно образование. А пред некој ден, беше изнесено дека дури и 100 % зголемување на таа иста бројка. Не само што не стигна до 100 проценти, туку реалните бројки се далеку помали.Ова е само незначителен  дел од неработењето на ова министерство за проблеми. Заради тоа, на моја иницијатива ќе се формира Комисија која ќе направи ревизија на сработените работи и ќе ги утврди сите неправилности кои се направени изминатиот период.Од Министерство на проблеми, мора да станеме Министерство за решенија. И конечно би ве замолила идеолошките разлики мора да престанат да бидат причина за омраза и оцрнување. Да се престане со обиди за подбуцнување на граѓаните преку имагинарни проблеми, имаме реални проблеми за решавање.Тимот на ова министерство се и секогаш ќе бидат граѓаните на Република Македонија, истакна Рашела Мизрахи, Министер за труд и социјална политика. 

Македонија | пред 6 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Грк починал на паркинг од казино во Гевгелија

На 04.01.2019 во 18.45 часот во Полициската станица Гевгелија, Ј.П.(42) од с.Стојаково, вработен како обезбедување во казино, пријавил дека на паркингот на казиното, во патничко возило „шкода фабија“, со грчки национални ознаки, на возачкото седиште починал К.Г.(73) од Р.Грција. Според пријавеното, тој во 18.30 часот бил затекнат во возилото во лоша здравствена состојба од страна на обезбедувањето. Од лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Пукал со пиштол во приватно обезбедување на обложувалница

На 04.01.2020 во 17.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека од спортска обложувалница во населбата Топанско Поле биле донесени А.Н.(39) и А.Б.(45), повредени од огнено оружје. Според пријавеното, едно лице, поради претходно недоразбирање со А.Н. и А.Б., вработени како приватно обезбедување во обложувалница на ул.„Втора македонска бригада“, со пиштол испукало неколку проектили кон нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања