Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Majka-i-bebe

Во болницата „Плодност“ родено првото бебе во вода во земјава

Синоќа во приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола, се породи првото бебе во вода, метода која за прв пат се применува во било која болница во Македонија.Мајката е од Битола, ова е нејзино прво дете и синоќа, околу 23 часот, на свет донесе женско дете. Двете се во одлична состојба, а мајката е пресреќна што на овој начин и беше овозможено породувањето во Болница „Плодност“.Ова е огромен успех за тимот на Болница „Плодност“, кој после бројните обуки надвор од државата, имаше можност оваа метода да ја примени за прв пат и во Македонија.Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број предности: топлината на водат го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување.Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките за взаемна работа.Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот. Болница „Плодност“,следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата , целосно се подготви за примена и на овој вид алтернативно породување, преку стручната наобразба на својот персонал и техничките можности и капацитети. фото: „Плодност“ -  Битола

Македонија | пред 6 години

sveti-naum-64178

Денеска го празнуваме Св. Наум Охридски – исцелител, просветител и неговите чуда

Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија. Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот. Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни. Затоа кај нас особено лекарите-психијатри го имаат за свој заштитник.Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиопт период и се празнува на 5 јануари/23 декември, а другиот во летниот период на 3 јули/20 јуни. Поради тоа што во зимскиот период одењето на манастир било отежнато поради временските услови, а и поради тоа што празникот е непосредно пред големиот празник Рождество Христово – Божик кога верниците се подготвуваат да го празнуваат Рождеството Христово со одлука на Светиот синод е решено празнувањето да се префрли на овој термин.За животот и дејноста на свети Наум Охридски малку се знае, иако со свети Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Се знае дека учествувал во Моравската мисија, дека во Рим, кон крајот на 867 или почетокот на 868, бил посветен во духовен сан и дека по смртта на Методиј во 885 година преку Бугарија дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба.Во житието на свети Наум се вели дека тој е брат на свети Климента. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на брат во духовна смисла – собрат, но повеќемина се убедени дека Климент и Наум навистина биле родени браќа. Не само затоа што свети Климент бил епископ, а свети Наум презвитер, а во православието епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели.За чудотворната моќ на светителот многу се пишува. Култот на св. Наум најповеќе е одразен во преданијата раскажувани на овој простор од најстари времиња, значи, уште од времето кога светителот бил жив. Сепак, тие се бележени од средината на деветнаесеттиот век па сè до денес. Најрано ги среќаваме во зборниците на браќата Миладиновци, и Кузман Шапкарев, а подоцна и кај други собирачи на македонски народни умотворби, патеписци, или едноставно кај луѓе што престојувале или пишувале за Охрид и Охридско и посебно за манастирот кој со својата местоположба и со култот на светителот го привлекувал вниманието. Марко Цепенков, во своите записи за еснафските празници направил и список на празниците што ги служеле разните еснафи во Прилеп. Притоа вели дека чоаџо-абаџискиот еснаф го празнувал 20 јуни, Свети Наум Охридски. Тој и на друго место истакнува дека „Чоаџискиот еснаф го служеше св. Наум од Охрид…“ Во старо време, еден месец пред празникот Свети Наум, праќале од манастирот Свети Наум риби летници подарок на чоаџискиот еснаф и на секој мајстор му се подарувале по една како за покана, за да отидат на поклонение на манастирот. Бидејќи во тоа време еснафот бил во расцвет, на поклонение оделе фамилијарно мајсторите со калфите. Ако пак се случело да не одат, му испраќале парична помош на манастирот. „Јас само 2-3 години го достигнав тоа и после лека-полека паричната помош се прекина, пак и манастирот престана да праќа риби подарок за нашиот еснаф.“Цепенков, уште во поглавјето за светците, истакнувајќи ги нивните функции вели: „Светците се наредиле на служба: и покрај другите свети Наума го споменува заедно со свети Андонија и свети Спиродона. Свети Наум, свети Андонија и свети Спиродон ‒ да лекуат улаите“.Значи во народното верување овие тројца светители се лекари што лекуваат душевни болести. Инаку, познато е дека меѓу христијанските светители има поголем број лекари, свети врачи, бесребреници (што значи лекувале бесплатно, коишто, лекувале со силата Божја. Такви се светите врачи Кузман и Дамјан, свети Пантелејмон, лекувал и свети Трифун и др. Не случајно со некои од овие свети врачи свети Наум е насликан на фреска во црквата „Света Софија“ во Охрид.Познато е дека на гробот на свети Наум доаѓале и луѓе од други вери, особено муслиманите од Македонија и Албанија.Во Летописот на манастирот Свети Наум се вели дека водата од изворот „Свети Атанасија“, служела за лекување на болни. „Со миење на водата од овој извор се лекувале луѓето што страдале од очни болести. Летописецот забележува дека многумина нашле спас од овој извор“. За исцелителните својства на манастирот, секако, придонесле и повеќето извори со свети води околу манастирот, што, исто така, се под влијание на светителот. Покрај споменатиот извор „Свети Атанасиј“ такви се уште и изворот од карпата непосредно до брегот на езерото, потоа изворот Најазмо, од другата страна на границата со Албанија, изворот посветен на Света Петка, итн. Во книгата за впечатоци посетителите во своите записи уште истакнуваат дека доаѓаат за здравје на поединецот или на целата фамилија, дека за здравје носат поклон (јагне и сл.), дека доаѓаат по јавување на светецот во сон, дека на гробот слушнале „некакво чукање“ итн. итн.Во овие народни умотворби се раскажува и за оживување на дете што е во безсознание, за спасен човек во авионска несреќа, за излекување на повреден Германец, за добивање рожба по десет, дванаесет или тринаесет години и по молитви пред светителот, за казнувањето на арамиите што убиле припитомена срна, за казнувањето на крадците, на тие што се мајтапеле со св. Наума, на тие што сечеле во вакафски имот, на тие што сакале нешто да земат од манастирот (бакарно табаче, манастирски маски, манастирска мачка, иконче, прибор за јадење, шише ракија, сребрена виљушка, две гуски, патка, итн.).Значи, култот кон свети Наум, раширен не само околу манастирот, туку и на многу поширок простор, резултирал со бројни народни преданија и легенди. Тие се создавале во текот на вековите и сè уште се создаваат што од една страна зборува за сè уште живиот култ на светителот, а од друга страна за сè уште живата фолклорна традиција во Македонија.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

Naum-Stoilkovski-1

Стоилковски: Секому му е јасно дека „Рекет“ не застанува на тројцата обвинети, Владата мора да одговори....

Секому му е јасно дека „Рекет“ не застанува на тројцата обвинети и дека спрегата на Зоран Заев со обвинитеството во пупка ги кријат вистинските лица кои што стојат зад најголемата криминално - рекетарска афера, најголемото криминално здружување, државната мафија во Македонија, Истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Заев, владата и обвинителството мора да одговорат, дали рекетарската шема е сочинета од следните луѓе:1.Точно ли е дека „Професорот“ вклучен во рекетарската мрежа е доскорешен кандидат за претседател на државата, долгогодишен професор на правниот факултет „Јустинијан Прима“ во Скопје, лустриран за соработка со службите?2.Точно ли е дека „Советникот од странство“ вклучен во рекетарската мрежа, е еден балкански мешетар, со искуство во енергетиката, кој што Зоран Заев го довлечка од Белград во македонската влада, а за кого што балканските политичари го предупредуваа Заев?3.Точно ли е дека „новинарот“ вклучен во рекетарската мрежа, а за кој што пишува Героски, е самопрогласен бард на македонското новинарство на браникот на рекетарската 1ТВ, единствен поранешен директор на Јавниот сервис со средно образование, единствен новинар со безбедносен сертификат, издаден за да има увид во досиејата на потенцијалните рекетирани?4.Точно ли е дека „соработничката“, „носител на акцијата“ во рекетарската мрежа, блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, е истата заради која што се измисли позиција заменик - претседател на партијата СДСМ, и има подарени чевли од Боки13?5.Точно ли е дека човекот „од најголема доверба“ вклучен во рекетарската мрежа, за кого што Героски пишува дека „без него не може да се стокми ниту еден бизнис во земјата“, „без аванс од извесна сума евра“, е истиот човек за кого што Заев вели дека седнува со министри, како министерот за здравство, за да „помага на луѓе“?Оваа исплетена рекетарска мрежа, води до главата на октоподот, до шефот на државната мафија. „Рекет“ е производ и носечки столб на владеењето на Зоран Заев и на неговата влада. Заев замина. Се погласни се посочувањата за владеење со закани по живот. Обвинителството не смее да сокрива информации или да остава време за осомничените да го продолжат делото, да влијаат врз сведоци, или да избегаат!Ваква форма каква што е опишана во членот 394 од Кривичниот Законик како злосторничко здружување, и за тоа мора да има одговори и одговорност, истакна Стоилковски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

15

Единствена Македонија: Заев ја кажа според него убавата (антимакедонска) вест од Шпанија, а ја крие вистинската убава вест од Шпанија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во изјава за медиумите вели очекува убави вести од Шпанија, односно, дека овој месец Шпанија ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО, со што, до крајот на јануари би завршиле сите процедури и во македонскиот парламент за членството во НАТО, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Го потстетуваме Заев дека членството на Македонија во НАТО е лоша вест оти народот не стои зад ова одлука на марионетската власт во Скопје. Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија лани на 30 септември референдумски се изјаснија дека не сакаат членство на Македонија во НАТО, ЕУ и промена на вековното македонско име.Но, од Шпанија има и добра вест која Заев не ја спомнува. Блокадата во шпанскиот парламент и неизборот на тамошната влада е поради тоа што на последните избори во ноември лани, по цели 40 години беше разбиен двопартизмот во Шпанија меѓу Шпанската социјалистичка работничка партија и Конзервативната народна партија и во Шпанскиот парламент влегоа патриотски партии кои го нарушија традиционалиот двопартизам. Но, за ова од Заев - целосен молк!Шпанија после 40 години го сруши двопартизмот. Генерално, и во цела Европа се руши двопартизмот и во тамошните парламенти влегуваат национални и патриотски партии.Во Република Македонија 30 години СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се менуваат на власт, а на земјата не и оди добро. Единствена Македонија го почна процесот на рушење на двопартизмот во Македонија, храбро, решително и во интерес на народот. Единствена Македонија го прави долгоочекуваниот чекор. На потег е народот на изборите на 12 април, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.фото: Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

moj-ddv

Извлечени првите 15 најсреќни добитници од наградната игра за „Мој ДДВ“ добија по 100.000 денари

Првото коло од наградната игра поврзана со скенирањето фискални сметки претпразнично им донесе среќа на петнаестмина кои се израдуваа на парична награда од по 100 000 денари.Извлечени првите 15 добитници на 100 000 денари од наградната игра Мој ДДВ, #МојаНаграда!, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.Шест од наградите ги добија граѓани од Скопје, по две добија граѓани на Велес и Штип и по една парична награда заврши во Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка.“Се надевам дека овие среќни празнични денови ќе бидат уште посреќни за петнаесетте добитници. Благодарност до сите кои придонесувате во заедничката борба со сивата економија. Честитки на добитниците, а на сите останати ви посакувам многу среќа во некое од следните извлекувања”, истакна министерката Ангеловска.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

voz

После железничката станица Велес, забележан човечки труп

На 04.01.2020 во 06.45 часот во СВР Велес било пријавено дека машиновозачот во МЖ С.В.(50) додека сообраќал со товарен воз на релацијата Гевгелија - Скопје, после Железничката станица Велес, забележал човечки труп. Од полициски службеници од СВР Велес бил извршен увид по што било утврдено дека станува збор за машки труп на возраст од околу 50-60 години, кој најверојатно претходно бил прегазен од воз. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

Патот Виница-Берово се одвива по една лента порадо сообраќајна несреќа

Сообраќајот на регионалниот пат Виница-Берово, кај Крслаџиски Мост кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, сега се одвива по една коловозна лента.Од 06:30 часот утрово во прекин беше сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Виница-Берово, кај Крслаџиски Мост поради случена сообраќајна незгода.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со велосипедски патеки се поврзуваат Маџари и Ченто со остатокот од градот

Град Скопје работи и на подобрување на велосипедската инфраструктура во градот, каде што во текот на 2019 година се реконструираа постојни и се изградија нови велопатеки во должина од околу 16 километри. Деновиве започна и големиот проект за поврзување со велосипедски патеки на населбите Маџари и Ченто со останатиот дел од градот.Во моментов се вршат градежни работи за изградба на нова велосипедска патека на булеварот Александар Македонски, од клучката Естекада до улицата Благоја Стефковски.Паралелно со овие активности, во рамки на проектот за реконструкција на улицата Благоја Стефковски, во моментов се работи на изградба на нова велосипедска патека на потег од крстосницата кај улиците 15.Корпус и Методија Андонов - Ченто до крстосницата со улицата Петре Филиповски – Гарката и свртувањето кон улицата Перо Наков и Металски Завод – Тито во должина од 870 метри.[caption id="attachment_78255" align="alignnone" width="1024"]  [/caption]За потсетување, изминатиов период завршија градежните работи за изградба на велосипедска патека на бул. Киро Глигоров, на потег од крстосницата со улицата Перо Наков до улицата 808, а во наредниот период истата ќе се поврзе до клучката Естекада, со што ќе добиеме дополнително поврзување (конектор) во правец север-југ, којшто ги спојува општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба. Четирите постоечки рути, вклучувајќи го и кејот на реката Вардар се врзуваат со новите велосипетски патеки во населбата Маџари.фото:  Град Скопје  

Скопје | пред 6 години

kosta

(ВИДЕО) ПРУСТОВ ПРАШАЛНИК со Константин Георгиески

Што претставуваат Памела Андерсон , Спајдермен и Клеопатра за Константин Георгиески ? На која воена битка се воодушевува и каква психичка состојба имал на 31 декември 2019 ?Како сака да умре, каде би живеел ако не во Охрид и уште дваесетина други прашања и одговори во првото издание на новиот серијал „Прустов Прашалник“ кој стартува на нашиот Јутуб канал и нашите портали.фото: Скопје 1

Магазин | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Кои се петте луѓе блиски на Заев што ја менаџирале аферата „Рекет“ од втор план?

Ако пропеат Боки, Фросина и Катица - а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат - ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот на ледениот брег, напиша новинарот Бранко Героски.Героски додава: Кон крајот на јули минатата година, во еден од моите написи за аферата „Рекет“, малку непристојно можеби, јавно се поканив на средба со сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев. Лут поради тоа што ја отворив аферата, збунет од развојот на настаните и неспремен да се справува со кризата, Заев на една прес-конференција си нарача прашање од својот омилен новинар Саше Ивановски дали ќе прифател да се сретне со мене, за фраерски да одговори – немало зошто да се сретнува со мене, а јас („суетниот новинар“, нели) сѐ што сум знаел да сум пријавел во Јавното обвинителство.Ветив дека на аферата „Рекет“ и на другите корупциски скандали ќе се навратам после празниците и после зимскиот распуст, но ете, настаните добиваат нова динамика. Читам дека обвинетиот Бојан Јовановски дал долг и можеби пресвртен исказ кај обвинителката Вилма Русковска, односно одлучил да посочи на вистинските виновници за овој мегакорупциски скандал. Ако не ме лаже усетот, Боки конечно сфатил дека нему му е наменета улогата на жртвено јагне, односно дека тој ќе биде жестоко казнет за власта предизборно да демонстрира „правда“, а сите други кривично и политички одговорни лица, освен обвинетите, ќе се спасат.Мислам дека од истото се плаши и Фросина Ременски, дека како третообвинета во „Рекет 2“ ќе добие затворска казна и на нејзини плеќи ќе падне товарот на одговорноста на луѓето од власта за скаламуциите на Меѓународен сојуз. Јас секако не велам дека Боки и Фросина не се клучни актери во овој мега скандал. Напротив. Но, како што навестив во некои од моите написи минатото лето, Јовановски сепак беше само маша во рацете на многу покрупни играчи, кои на крајот го собраа кајмакот од милионскиот рекет. За таа игранка сакав да зборувам со Заев. Да бидам искрен, неговото нервозно одбивање да ме прими и да слушне што имам да му кажам, тогаш ме изненади. Денес веќе сѐ ми е јасно.Се надевам дека нема да се лутите што нема да ги именувам овие луѓе, но јасно ќе посочам на нив – тоа се блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, многу близок советник на Заев од една странска земја, познат интелектуалец и познат лик од 1ТВ кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и ги контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Конечно, останува отворено прашањето дали целата операција е водена со дозвола на Заев, или и Заев бил само „изманипулиран“.За Опасниот советник, но и за деталите за „Рекет“, читајте на Плусинфо.мк

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Новинарот Героски во 21:00 ќе објави кои се петте луѓе блиски на Заев кои ја менаџирале аферата „Рекет“

ВЕЧЕРВА ВО 21.00 НА ПЛУСИНФО КОИ СЕ ПЕТТЕ ЛУЃЕ БЛИСКИ НА ЗАЕВ КОИШТО ЈА МЕНАЏИРАЛЕ АФЕРАТА „РЕКЕТ“ ОД ВТОР ПЛАН? КОЈ ГО СОБИРАЛ КАЈМАКОТ? СЕ ЗНАЕ ЛИ КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?, напиша главниот уредник на Плус Инфо, Бранко Героски.Ако пропеат Боки, Фросина и Катица – а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат – ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на најблиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава, напиша Героски.https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2632036046918074

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре температури до -15

Од утре Македонија влегува во жолта алертна фаза, температурите ќе се спуштат до -15 степени. Најавата на метеоролозите е дека под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег.Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и студено, а во понеделник ќе дува засилен северен ветер.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

04012020_PVRSM_Spasovski_intervju

Спасовски за НТВ: Приоритет на Владата во претстојниот период е интересот на граѓаните

Наша определба е да работиме во интерес на граѓаните, и ако министрите на ВМРО-ДПМНЕ ги имаат истите мотиви нема да има проблем да работиме за доброто на граѓаните и на државата. Во таа насока беше и денешната средба со министрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после седницата на Владата и се договоривме дека токму тој интерес ќе ни биде во прв план и дека тоа е причина нашите капацитети да ги издигнеме над дневно-политичките игри и пресметки и да направиме значителен исчекор напред во односите меѓу политичките субјекти, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во интервјуто за Националната телевизија на прашањето.„Во овој период Владата првенствено треба да се грижи за воспоставување услови за организирање и спроведување на фер, демократски и кредибилни избори.Се разбира, паралелно со тие активности, со исто таква енергија ќе им се посветиме на континуитетот на процесите и политиките што се во тек и што се започнати за државата да оди напред“, потенцираше премиерот Спасовски во интервјуто за НТВ.На прашањето дали има план за одговор доколку опозициските назначени функционери започнат да објавуваат случаи на незаконско работење на функционери од СДСМ, претседателот на Владата Спасовски нагласи дека има огромна разлика меѓу ситуацијaта до 2017 година и од 2017 наваму.„Неспоредливо е тоа што го наследивме во 2017 година како потврдено сериозно прекршување на демократијата и злоупотребата на институциите од масовното прислушкување до најсериозните коруптивни и криминални случаи на поединци во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да ги спомнам само кумановските настани, убиството на Мартин Нешковски, заробената демократија, заробени медиуми... Денеска ситуацијата е сосема поинаква. Владата на СДСМ и на коалицијата го врати владеењето на правото и докажа дека пред правдата сите се еднакви, без разлика до каде и до кого ќе стигне секоја истрага“, нагласи премиерот Спасовски во интервјуто за НТВ.Употребата на уставното име на државата е законска обврска на избраните и именувани функционери и државни службеници, рече премиерот Спасовски во интервјуто, и додаде дека министрите на ВМРО-ДПМНЕ сега официјални лица на државата и во таа насока имаа добар старт кога ги потпишаа изјавите за избор на министри во Владата на меморандум со уставното име на државата – Република Северна Македонија.„Ако сакате да користите привилегии и права, да добивате функции и плата од државата тогаш треба да се почитува Уставот и законите. Се друго е лицемерие. Освен тоа, како официјални лица, членовите на Владата не смеат да го доведат во прашање меѓународниот углед на нашата земја. Влегуваме во период кога треба да го ратификуваме полноправното членство во НАТО и кога треба да го добиеме стартот на преговори со ЕУ и секој треба да биде одговорен и ако декларативно тврди дека ги почитува националните интереси, тоа треба да го покажеме на дело, а една од тие обврски е користењето на уставното име на нашата земја“, истакна во интервјуто на Националната телевизија претседателот на Владата на Северна Македонија Оливер Спасовски.„Во овој период Владата првенствено треба да се грижи за воспоставување услови за организирање и спроведување на фер, демократски и кредибилни избори.Се разбира, паралелно со тие активности, со исто таква енергија ќе им се посветиме на континуитетот на процесите и политиките што се во тек и што се започнати за државата да оди напред“, потенцираше премиерот Спасовски во интервјуто за НТВ.На прашањето дали има план за одговор доколку опозициските назначени функционери започнат да објавуваат случаи на незаконско работење на функционери од СДСМ, претседателот на Владата Спасовски нагласи дека има огромна разлика меѓу ситуацијaта до 2017 година и од 2017 наваму.„Неспоредливо е тоа што го наследивме во 2017 година како потврдено сериозно прекршување на демократијата и злоупотребата на институциите од масовното прислушкување до најсериозните коруптивни и криминални случаи на поединци во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да ги спомнам само кумановските настани, убиството на Мартин Нешковски, заробената демократија, заробени медиуми... Денеска ситуацијата е сосема поинаква. Владата на СДСМ и на коалицијата го врати владеењето на правото и докажа дека пред правдата сите се еднакви, без разлика до каде и до кого ќе стигне секоја истрага“, нагласи премиерот Спасовски во интервјуто за НТВ.Употребата на уставното име на државата е законска обврска на избраните и именувани функционери и државни службеници, рече премиерот Спасовски во интервјуто, и додаде дека министрите на ВМРО-ДПМНЕ сега официјални лица на државата и во таа насока имаа добар старт кога ги потпишаа изјавите за избор на министри во Владата на меморандум со уставното име на државата – Република Северна Македонија.„Ако сакате да користите привилегии и права, да добивате функции и плата од државата тогаш треба да се почитува Уставот и законите. Се друго е лицемерие. Освен тоа, како официјални лица, членовите на Владата не смеат да го доведат во прашање меѓународниот углед на нашата земја. Влегуваме во период кога треба да го ратификуваме полноправното членство во НАТО и кога треба да го добиеме стартот на преговори со ЕУ и секој треба да биде одговорен и ако декларативно тврди дека ги почитува националните интереси, тоа треба да го покажеме на дело, а една од тие обврски е користењето на уставното име на нашата земја“, истакна во интервјуто на Националната телевизија претседателот на Владата на Северна Македонија Оливер Спасовски.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

parking-

Бесплатен паркинг во Охрид за Божик

ЈП "Билјанини Извори" ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2020 ( вторник) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божиќ и на таков начин ЈП "Билјанини Извори" се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.За многу години  "Христос се роди"фото: Архива

Македонија | пред 6 години

trio

(ВИДЕО) „Трио Џентлмен“ не израдува со нова Божиќна песна

„Трио Џентлмен“ не израдува со нова Божиќна песна. Триото е составено од професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимагловски – тенор. Музиката е на Миле Наумоски, а аранжманот на Сашо Спасовски, додека текстот го напиша Марина Лотеска.По урнекот на светските поп-класични состави, тие се трудат овој жанр на пеење првпат да го презентираат и на нашите простори. На нивниот репертоар, освен класичните композиции, се наоѓаат и најголемите светски поп-хитови изведени во класичен поп-манир, наполитански канцони, шпански песни, руски романси и, секако, македонското творештво.фото: prtsc You Tube

Магазин | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Изборот на преодна влада покажа дека Заев и Мицкоски се копретседатели на истата партија „Погреб за Македонија“

Вчерашниот избор на преодната влада потврди дека Христијан Мицкоски е на исти позиции со Зоран Заев за богатењето од позиција на власт, за промената на името и идентитетот, и дека се марионети на странски центри, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.Народот виде и не слушна еден збор за поништување на антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско и дека новите министри на ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат битка против  транзициските бандити кои 30 години се богатат од позиција на власт. Наместо ова, денеска Мицкоски на прес го замајува народот со воопштени формулации за пад на индустриското производство, за пад на БДП, за странски инвестиции... што на народот ништо не му значи доколку не си ја повратиме назад изгубената држава.Маските паднаа. Зоран Заев и Христијан Мицковски се копретседатели на иста партија „Погреб за Македонија„ составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за рушење на Македонија и Македонците.Единствена Македонија ќе победи и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат, а стекнатото богатство од позиција на власт ќе биде конфискувано, антимакедонските договори поништени, се разбира, според законот, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

22 годишен маж пронајден мртов под трибините на стадион во Маџари со прострелна рана

Денеска околу 10:30 часот во МВР пристигнала дојава дека во населба Маџари на стадионот „Борис Трајковски“ под трибината било пронајдено починато лице. Станува збор за лицето А.Ц. (1985 )год., вработен во агенција за обезбедување МДН.Неофицијално истиот вчера во 20:10 часот излегол да оди на работа кога и последен пат е виден од фамилијата, кај истиот има прострелна рана во пределот на главата, смртта е констатирана од страна на доктор од ИМП. На лице место има рамка од пиштол, футрола празна од пиштол и ранец.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Тимот на Мизрахи е олицетворение на погубните политики на режимот

ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од режимската матрица во која е западната. Потврда за тоа е тимот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е составен од веќе познати лица на јавноста од режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.Маријанчо Тодоровски советник во град Скопје во времето на Коце Трајановски е еден од креаторите и учесник во унаказувањето на градот преку мега криминалниот проект Скопје 2014.Ѓоко Велески е уште еден остаток од груевизмот, соработник од времето на неспособното владеење на Диме Спасов.Токму тоа беше времето во кое што освен немилосрдно се трошеа пари на луксуз и расипништво никој не водеше грижа за сиромашните, стечајците беа игонирани и турнати на маргините, а социјалната помош беше срамна и недоволна за ништо, пензионерите беа постојано манипулирани а усогласувањето на пензиите беше злоупотребувано за купување на гласови пред избори.Тимот на техничката министерка Мизрахи е дел од матрицата која ги погазуваше правата на жените, која наметна рестриктивен закон за абортус, матрица која не дозволуваше поголема родова еднаквост и поголема застапеност на жените.Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е веќе видена и прочитана. Тоа е понуда на масовно кршење на човековите и работничките права на манипулација со пензионерите, на злоупотреба на социјално ранливите и игнорирање на стечајците.Со таквата понуда ВМРО-ДПМНЕ може да очекува силен убедлив пораз на изборите на 12 април. Граѓаните нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во времето на манипулации и погазувања на правата.На 12 април граѓаните ќе потврдат дека мерките на СДСМ во социјалната заштита се на прав пат., се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Nevenka-Stamenkovska-Stojkoski

Стаменковска Стојковски: Загрижува нагласената партизација и десетиците отворени огласи за стотици нови  вработувања во пресрет на изборите

Денес е првиот работен ден во Министерството за информатичко општество и администрација. Она што вистински загрижува е нагласената партизација и десетиците отворени огласи за стотици нови  вработувања во пресрет на изборите, истакна Невенка Стаменковска Стојковски, Дополнителен заменик министер во МИОА.Партизацијата е едниот проблем, но она што претставува вистински дополнителен проблем е токму непотизмот. Заразата од непотизам прави дисторзија на квалитетот на кадрите и дава шанса на роднините и пријателите пред сите други квалитетни кадри.Како дополнителен заменски министер објавувам дека ќе биде извршен надзор на сите согласности за објавување на огласите за вработување кои се актуелни во последниов период. Имаме сознанија за незаконски постапки при вработување и мојата цел е да не се загрози европската перспектива на Македонија преку нарушениот предизборен период во кој поткупот на гласачи преку масовната партизација на администрацијата.Моето инсистирање на законито работење не е обструкција на политиката на вработување, туку напротив, да ставам точка на непотизмот, неквалитетот и партизацијата во институциите. Тоа е и од постулатот на моето работење, борба против непотизмот, борба против партизацијата на администрацијата и време е во администрацијата конечно да дојдат квалитетни кадри, кадри кои што се обучени, кадри кои што треба да ја водат Македонија напред во Европската Унија, истакна Невенка Стаменковска Стојковски, Дополнителен заменик министер во МИОА.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mickoski-1

(ВИДЕО) Мицкоски: Економијата тоне, сиромаштијата се зголемува, а стопанството трпи и оди во бездна

Економијата тоне, сиромаштијата се зголемува, а стопанството трпи и оди во бездна. Нема ништо од тоа што Заев го нарекуваше економска година, живот, прав пат и така натаму трета година по ред. И тоа не е така затоа што сме опозиција и наша работа е да критикуваме, туку затоа што и бројките тоа го говорат. Реалноста говори дека Македонија тоне, несигурноста е сеприсутна, во домашните компании ништо не се менува, а наплатата оди се потешко. Секој изминат месец е загуба за економијата. И ова не го зборувам на памет, туку ова ќе го поткрепам со неколку индикатори и со бројки, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција.Мицкоски додаде:Ќе започнам од конечниот извештај на Управата за јавни приходи за 2019 година. Ќе потсетам периодот на анализа е 1 Јануари  2019 заклучно со 31 декември 2019 година. Зошто ова го кажувам ќе кажам малку подоцна.Имено даночните приходи кои што биле предвидени од страна на Управата за јавни приходи дека ќе бидат собрани  во 2019 година  биле на ниво од  осумдесет и шест милијарди петстотини дваесет милиони денари. Но, за жал она кое успеало да го реализира УЈП во календарската 2019 година  е осумдесет и две милијарди триста и деветнаесет милиони двеста шеесет и четири илјади двеста дваесет и девет денари или тоа е за 4,80% помалку од тоа што било на почетокот од оваа календарска година  планирано да го реализира УЈП.Ќе ве потсетам буџетот за следната 2020 година е поголем за 5% од тоа што беше во 2019, а бројките говорат дека УЈП  како најголем полнач на буџетот всушност во 2019 година не успеала за цели 5% да го исполни она кое што самата си го задала како цел или тоа е некаде околу четири милјарди и двеста милиони денари или цели 70 милиони  евра помалку  од тоа кое што било планирано на почетокот на година што значи дека тоа што го направила УЈП  е доволен доказ да кажеме дека и заклучиме дека не само што економијата оди во погрешен правец, туку оди и во  бездна.Само за месец декември 2019 година биле планирани околу осум и пол милијарди денари да бидат прибрани од страна на УЈП, а биле прибрани околу осум милијарди и педесет милиони денари или за 5,77%  помалку од истиот декември  во 2018 година.УЈП, даночните приходи ги темели на три столба. Првиот столб е данокот на добивка и тој е катастрофален односно за цели 24,49%  е понизок од тој што бил планиран на почетокот на годината.Данокот пак на личен доход е  за 1,98% помал од тој што бил планиран и тоа е така само поради тоа што имавме зголемена даночна ставка   заклучно со месец октомври. Доколку немавме зголемена даночна ставка односно доколку не се извршеше  груба пљачка на граѓаните и стопанството во Македонија и оваа ставка на потфрлање ќе беше двоцифрена.Кај ДДВ, данокот на додадена вредност имаат околу 0,15% помалку од планираното или се на се тој е приближно 5% помалку  од планираното или за цели седумдесет милиони евра, имаат потфрлање  од тоа што било планирано на почетокот на годината.Доказ дека на економијата не и оди добро за извор ќе го напоменам  извештајот кој што го издава УЈП.Втор индикатор дека имаме цунами економија односно катастрофа во економијата  трета година по ред е бруто домашниот производ кој што гледаме беше дел и од она скапо платена кампања на СДСМ по медиумите и така фалени резултати кои што се однесуваат до порастот на бруто домашниот производ.Но, тоа е кога споредуваме погрешни индикатори, тоа е она кога се обидувате на брутален начин да ја лажете и манипулирате јавноста. Имено, сега како извор ќе го земеме извештајот на Светска Банка и ќе споредиме како индикатори два периода и тоа првите три години во периодот 2006-2008 кога се формираше втората влада на ВМРО ДПМНЕ и периодот 2017 – 2019 кога оваа влада на Зоран Заев и СДСМ беше избрана.Но, истовремено растот на БДП во македонската економија ќе го споредиме со растот на БДП во ЕУ за истиот период па ќе заклучиме во периодот јуни 2017 – 2019 година декември, растот на македонската економија е приближно 2, 14 % односно растот на БДП за тој период, додека пак растот на БДП во ЕУ за истиот период 2,2 %. Период мај 2006 јуни заклучно крај декември 2008 година растот на БДП во македонската економија е 5,7 % додека пак растот на БДП во ЕУ е 2,32 % или тој е два ипол пати поголем од истиот раст кој што го има БДП во ЕУ, додека пак сега е за 0,97 пати помал од тоа кое што го има растот генерирано БДП во ЕУ. Со други зборови за 2, 5 пати за истиот тој период бил поголем растот на БДП во Македонија споредено од тоа што е сега.Кога сме кај странските инвестиции трет индикатор, извор Народна Банка на Република Македонија заклучно со третиот квартал 2019 година странските инвестиции се околу 113 милиони евра или споредено  со истиот период од минатата година кога стопанството беше под жесток притисок на информацијата дека од 01.01 2019  ќе се зголемуваат даноците во нашата држава, биле инвестирани за 186 милиони повеќе отколку тоа што го направија оваа година или да го поедноставиме оваа година заклучно со третиот квартал заклучно со месец септември имаме за  186 милиони евра помалку директни странски инвестиции од колку за истиот период минатата година и тие се на ниво од 113 милиони евра.  Колку за потсетување  соседна Србија за истиот тој период има 2, 6 милијарди евра директни странски инвестиции, Словенија има 695 милиони евра, Соседна Бугарија има 460 милиони евра.Четвртиот и петтиот индикатор за кој што денеска ќе зборуваме во наредните денови ќе зборуваме и за другите индикатори во економијата и ќе докажеме дека ние освен цунами економија и економија која што се движи кон сигурна бездна немаме ништо друго. Сето друго  е само блескаме во главата на Зоран Заев и СДСМ.Имено, индустриското производство внимавајте каква опаѓачка траекторија има. Во август месец 2019 споредена со истиот месец 2018 имаме 9, 8 % , септември имаме 6, 1% , октомври имаме 4,2 % раст додека пак ноември имаме 2,1 % опаѓање споредено со ноември 2018, слично нешто ќе имаме и во декември а истото поради високата база од првиот квартал оваа година ќе ни се случува и во првиот квартал во 2020 година.Петтиот индикатор бројот на работници во индустријата август месец 2019 споредено со август месец 2018 имаме за 1,6 % помалку од тоа што било во август месец 2018, септември за 1,6% помалку, октомври за 2,2%, ноември за 2,8%. Или пак ако го анализираме периодот  од јануари месец 2019 заклучно со 30 ноември 2019 имаме  за 1,5 % помалку вработени во индустријата од тоа што го имавме за истиот период во 2018 година.Почитувани претставници на медиумите, почитувани присутни Зоран Заев нее повеќе премиер но, со оваа државаа управуваат остатоците на неговиот трул криминален и транзиционен систем. Потребно е да се порази тој систем преполн со афери скандали тендери во четири очи, виткање на кичма, лаги, измами, неправда криминал и корупција. Македонија нема избор Македонија мора да оди вистински напред горда достоинствена и со исправена кичма. Македонија мора да изгради општество на развиена економија технолошки инвестициски тигар на балканот и најважно за сето ова да се даде шанса на квалитетни професионалци и стручни луѓе. По 12 април доаѓа обновата на Македонија, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

bogojeski-3

АПЕЛ – да не се палат огнови на отворено во Скопје

Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на Божикните празници со цел да се заштити животната средина и амбиентниот воздух.Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнителното загадување на воздухот во Скопје.Во изминативе две години Градот Скопје интензивно се бори против огновите на отворено, со единствена цел – да се заштити воздухот од загадување и да се зачува здравјето на граѓаните. Оваа градска управа воспостави целосно нов систем за елиминација на огновите на отворено кои граѓаните можат да ги пријавуваат на телефонската линија 193. Така, во 2018 година се изгаснати 251 оган на отворено, а во 2019 година – 273. Оваа активност Градот Скопје ја продолжува и оваа година.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

viber_image_2020-01-04_12-56-47

(ФОТО) Приведен 44-годишен штипјанец, пронајдени неколку пушки, пиштоли, куршуми

Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во рамки на Одделот за криминалистичка полиција во координација со Отсекот за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при СВР Штип, по претходно обезбедена судска наредба, на 03.01.2020 од 16.30 до 17.40 часот во Штип изврши претрес во домот и други простории кај М.Б.(44)од Штип.При извршениот претрес, од страна полициски службеници биле пронајдени автоматска пушка „хеклер“ калибар 9x19мм, малокалибарска пушка „симун“, пушка-карабин, пиштол „бровинг“ калибар 9 мм, револвер „гранд“ калибар 22 мм, револвер „таурус“, 1.119 парчиња куршуми, различен калибар, војнички ножеви, како и разновидна дополнителна опрема за оружјето (оптички нишан, пригушувач и друго).Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по чл.396 од Кривичниот Законик на РСМ, М.Б. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица, а пронајдените оружје и муниција се одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.фото и видео: МВР

Македонија | пред 6 години

vucic

(ВИДЕО) Вучиќ: Не одам во Црна Гора на Бадник

Српскиот претседател Александар Вучиќ реши да не оди во приватна посета на Црна Гора на Бадник. Вучиќ на вонредна прес-конференција по средбата со патријархот на СПЦ Иринеј рече дека оваа одлука ја поддржал патријархот Иринеј.Вучиќ потсети дека официјално во Црна Гора живеат 29 отсто Срби и нецели 45 отсто Црногорци, осврнувајќи се на „намерата на делата на режимот во Подгорица“.„Намерата на делата на режимот во Подгорица е во 2021 процентот на Србите да биде помал, со намалување на српскиот корпус да се прогласи држава во која Србите немаат своја конститутивност која ја имаат сите други во опкружувањето. Мислев дека е нормално, вообичаено нешто, а потоа сфатив, според реакциите на некои кабинети во Црна Гора дека мојата приватна постеа, без политички говори, без ништо, само да посетам своја црква... дека тоа не му е по волја на црногорскиот режим“, кажа Вучиќ.“, истакна српскиот претседател.Фото: Alo.rs 

Македонија | пред 6 години

petar-bogojeski

(ВИДЕО) Богојевски за УБ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се сијамски близнаци

„СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се сијамски близнаци. Лидерствата се под капата на македонските олигарси. ВМРО- ДПМНЕ и лидерот Мицковски ја продолжуваат груевската политика на султан партија, вели Богојевски иницијатор на „Македонски концепт“ во Утрински брифинг, објави слободенпечат.мк.„Македонски концепт“ ќе понуди листа и програма со кои треба да се замени досегашниот систем на еднопартизам“, изјави Богојевски.    

Македонија | пред 6 години

tehnicka-vlada

Владата ги определи замениците претседатели, портфолијата на министрите без ресор и претседателите на основните комисии

Владата на Република Северна Македонија на денешната прва редовна седница во новиот состав, на предлог на премиерот Оливер Спасовски, кој претседаваше со седницата донесе одлука за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска е определена за заменичка на претседателот на Владата. За заменичка на претседателот, задолжена за економски прашања е именувана Мила Царовска. За заменик на претседателот кој ќе биде задолжен за европски прашања е определен Бујар Османи, а Садула Дураки, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците е именуван за заменик на претседателот.На денешната седница се определени и портфолијата на на министрите без ресор во Владата на Северна Македонија. Министерот Роберт Поповски е задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Едмонд Адеми е министер задолжен за дијаспора, Музафер Бајрам е министер задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Зорица Апостолска е министеркa без ресор задолжена за странски инвестиции, Бардул Даути е министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан е министер без ресор задолжен за странски инвестиции и Хисен Џемаили е министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. За Генерален секретар на Владата на Северна Македонија е именуван Драги Рашковски, а за негов заменик Таки Хани.На предлог на Претседателот на Владата на Северна Македонија Оливер Спасовски, на денешната седница се именувани претседателите и членовите на основните комисии на Владата на Република Северна Македонија.За претседателка на Комисијата за економски систем и тековна економска политика е именувана Мила Царовска, за претседателка на Комисијата за политички систем - Радмила Шекеринска, а за претседател на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој - Бујар Османи. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања