Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Нема фотографија

Да и помогнеме на малата Анастасија, се бори со тешка форма на тумор

Двегодишната Анастасија Ризова од селото Пирава, Валандово, се бори со тешка форма на тумор. За нејзиното лекување во Турција неопходни се 100 илјади евра, пари кои нејзините родители неможат да ги обезбедат.За таа цел, отворена е донаторска сметка, отворени се броеви за донација на операторите Телеком и А1, исто така отворена е Gofundme кампања. Отворени се различни опции за донација.

Македонија | пред 6 години

pajak-11

За една недела отстранети 167 непрописно паркирани возила од јавни површини

Во текот на изминатата недела (27.12.2019 година - 02.01.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 167 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 122 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  295 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 45 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

ohridski-region

Истекува рокот кој УНЕСКО ни го даде во јуни, до каде е Охрид со исполнување на ветеното?

Ги исполна ли Охрид препораките од Унеско, дадени на 43-тата седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одржана во јуни во Баку. На 27 јануари доаѓа реакативната мисија на Унеско во Охрид за да утврди дали и колку се спроведуваат нивните препораки.На состанокот во Азербејџан, Охрид за влакно го избегна усвојувањето на Нацрт-резолуцијата со која Охрид ќе беше ставан на листата за загрозено наследство. На државата ѝ беше даден рок до 1 февруари 2020 година да постапи по сите претходни барања на Комитетот за светско наследство, како и со исполнување на препораките на Реактивната мониторинг-мисија од 2017 година.Градоначалникот Георгиески е оптимист дека во јуни во Кина за кога е закажан состанокот на Комитетот за светско наследство, Охридскиот регион нема да се најде на листата на загрозени подрајча и најави дека на 17 јануари ќе се формира меѓудржавен комитет за Унеско заедно со Албанија.Според првиот човек на Охрид најголем проблем  за Охрид е справувањето со депонијата Буково а не отстранувањето на бесправно изградените објекти.Инаку Охрид за првпат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година може да се најде на листата на светско културно наследство во опасност.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Вчера падна Зоран Заев, а на 12 април заминува и целото криминогено раководство на СДСМ

Вчера падна Зоран Заев, а на 12 април заминува и целото криминогено раководство на СДСМ.Ова е почеток на крајот на политичката кариера на Зоран Заев кој на сопствениот народ и сопствената држава им донесе само порази и срам во изминатите три години. Завршува тажната политичка кариера која аболицираниот Заев по секоја цена се обидуваше да ја продолжи, на сметка на државните и националните интереси, на сметка на својот народ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев привремено го замени негов слуга, најнеуспешниот министер за внатрешни работи во независна Македонија, Оливер Спасовски. Човек пред чии очи се случија десетици убиства, престрелки и запалени автомобили, а тој наместо да го гони криминалот се стави во одбрана на истиот.Криминално рекетарската банда на чие чело е аболицираниот Заев набрзо ќе замине на темната страна на македонската историја. 12 април е денот кога секој еден граѓани кој се почувствува заборавен од оваа власт, ќе излезе на гласачкото место и ќе го потсети Зоран Заев на сите неисполнети ветување и нереализирани очекувања.На 12 април граѓаните ќе го потсетат Заев на ветената плата од 500-тини евра, на 500-те километри автопат, на ветувањето за чист воздух, враќањето на иселените млади назад во Македонија и целиот оној памфлет кој СДСМ го нарече програма „За живот во Македонија“.Доаѓа време на чесни и принципиелни политичари во Македонија чиј збор има вредност и тежина. Македонија заслужува подобро. Македонските граѓани заслужуваат да живеат во просперитетна држава и во неа да ја планираат својата иднина. Следува обновата на Македонија,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

OMD

ОМД:Без разлика кој ја води државата, името Македонија и македонската култура и историја мора да бидат зачувани и заштитени

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), водечката глобална организација за Македонците во странство, го издаде следниот одговор во однос на утринските вести дека Зоран Заев поднел оставка:„Оставката на Зоран Заев е момент за пауза и размислување за Македонците ширум светот. Неговите постапки во последните 3 години се надвор од партиско-политички. Принудувајќи преку референдум со резултат што не ги исполни условите кој што тој самиот ги постави, неусешен референдум којшто народот одлучно го одби, тој си зема за право и се обиде да докаже дека македонскиот идентитет е на масата за политичко договарање. Не е!“„Настаните што доведоа до оваа оставка се строго предупредување дека гласачот има и никогаш нема да ја санкционира нивната историја да се користи како средство за договарање. Повторно, ова не е партиско-политичка точка. Без разлика кој ја води државата, името Македонија и македонската култура и историја мора да бидат зачувани и заштитени, и секој лидер што ќе си даде себеси за право да помисли дека е поголем од канцеларијата која што ја застапува на задоволство на македонските гласачи греши.“„Се надеваме, од почетокот на 2020 година, ова може да биде момент за помирување и изградување, бидејќи се справуваме со предизвиците на Новата година",соопштија од ОМД.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

karneval-vevcani

Вевчани подготвено за карневалот, годинава под мотото „Напрај се василичар“

Вевчани е подготвено да биде домаќин на карневалот кој ќе се одржи на 12, 13 и 14 јануари. И оваа година Вевчанци подготвени за денот кога се спојуваат два света – паганскиот и современиот.Програмата оваа година ќе започне на отворена театарска сцена каде ќе бидат споени паганските обреди и современиот свет. Новина за оваа година ќе биде подготовката на традиционална храна од Бранко Попоски.Како и секоја година, и како што налага традицијата маските се чуваат во тајност една година  и истите ќе бидат обелоденети на 13 јануари, а утреденета според паганските ритуали ќе бидат изгорени за да се уништи злото.Градоначалникот на општината Вевчани, Јанковски вели дека и покрај тоа што општината не ги подготвува маските, побарала организаторите да бидат внимателни и да не предизвикуваат провокации како пред неколку години кога преку маските, облеката и импровизацијата беа навредувани Албанците и муслиманите воопшто.Традицијата на Вевчанскиот карневал трае 14 века. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Свети Василиј Велики, односно доаѓањето на новата година по стариот календар.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

03012020_Preodna_Vlada

Ова се замениците на министрите и дополнителните заменици министри во преодната Влада

На предлог на претседателот на преодната Влада на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, Собранието денеска ги именуваше замениците министри и дополнителните заменици на министрите во Владата.На именувањето на замениците и дополнителните заменици на министрите во Владата, му претходеше обраќање на претседателот на Владата Оливер Спасовски во кое тој ја образложи предлог листата за заменици на министрите и за дополнителни заменици. Обраќањето ви го пренесуваме во целост:Почитуван претседател на Собранието,Почитувани пратеници,Врз основа на членот 94 од Уставот на Република Македонија, како и врз основа на членовите 42, 43, и 44 од Законот за Владата на Република Северна Македонија, му предлагам на Собранието на Република Северна Македонија за заменици на министрите во Владата да ги именува:Беким Максути, за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана;Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;Оливер Ристовски, за заменик на министерката која раководи со Министерството за правда;Неџад Мехмедовиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците;Андреј Жерновски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи;Ширет Елези, за заменичка на министерката која раководи со Министерството за финансии;Кирил Колемишевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија;Благе Цветковиќ, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;Арменд Арслани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство;Елизабета Наумовска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука;Ѓонул Бајрактар, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика;Дејан Павлевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа;Владимир Лазовски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура;Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;Садик Беќири, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски; иЈани Макрадули, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.За дополнителни заменици на министри во соодветните министерства, ги предлагам:Славјанка Петровска, за дополнителна заменичка на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи;Санела Шкријељ, за дополнителна заменичка на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика;Гордана Димитриеска Кочоска, за дополнителна заменичка на министерката која раководи со Министерството за финансии;Цветан Трипуновски, за дополнителен заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; иНевенка Стаменковска, за дополнителлна заменичка на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.Со предлогот за именување заменици и дополнителни заменици на министрите во Владата доставен до Собранието на Република Северна Македонија, доставени се и биографиите на предложените кандидати.фото: Собрание

Македонија | пред 6 години

cvetan-tripunovski

Трипуновски: Уште денес ќе влеземе во институциите, таму каде што има овозможено и создадено услови за истото

Во прес центарот на Собрание на Република Македонија, се обрати Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер на МЗШВ. По неговото обраќање Трипуновски одговараше и на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите во целост:Цветан Трипуновски: Ние уште денес ќе влеземе во институциите, таму каде што има овозможено и создадено услови за истото. Останатите во текот на утрешниот ден и првата работа што ќе биде наша обврска како министри односно дополнителни технички министри ќе биде да ја согледаме состојбата во министерствата директно од внатре и веднаш ќе се заложиме да преземеме некои чекори кои што ќе значат подобро утре за македонските граѓани.          Прашање: Како ги коментирате вчерашните и денешните прераспределби и што се вели штанцање на решенија во МВР?          Одговор на Наќе Чулев: Приоритетна цел во наредниот период на мене како технички министер за внатрешни работи на Република Македонија пред се ќе биде организирање на мирни, фер и демократски избори и за таа цел ќе бидат превземени широк спектар на мерки и активности во насока на превенирање на евентуални обиди на криминални, насилни и други структури за нарушување на изборниот процес. Дополнително со оглед дека се работи за сензитивен безбедносен период ќе бидат во соработка со меѓународни организации  и други државни институции во Република Македонија ќе бидат превземени активности за стабилизација на државата и за заштита на уставниот поредок и безбедност  на граѓаните. Што се однесува до последните  решенија кои се дадени во изминатите три дена вклучително и во текот на  денешниот ден сметам дека ни треба еден период на согледување на состојбата во Министерството за внатрешни работи и за најмногу за неколку дена ќе излеземе со официјално соопштение во однос на најголем дел незаконски дадени решенија.          Прашање: Ќе имате ли доволно време до пред изборите да направите ревизија на можеби исплаќањата за кои се шпекулира дека популистички се прават сега точно пред изборите за да се купат гласови и слично? И дали ќе ставите вето на кое што имате право?          Одговор на Гордана Димитриеска Кочоска: Ние од моментот кога ќе влеземе во министерството, ќе почнеме со работа и она за што граѓаните треба да бидат сигурни е фактот дека ниту една исплата нема да оди надвор од рамките на законот. Исто така, се што ќе биде за поткуп на изборни цели ќе биде стопирано. Значи, ќе работиме само во рамки и согласно законот. Ништо надвор од тоа. 

Македонија | пред 6 години

Cvetan-Tripunovski

Трипуновски: Оваа техничка влада има за број еден цел да ја заштити волјата на граѓаните

Нема поголема одговорност од таа да се служи на граѓаните и да се работи за Република Македонија, особено во време кога државата стагнира,  кога назадува и кога е во слепа улица заради сите штетни и погрешни политики, истакна Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер на МЗШВ.За жал Македонија денес има криминализирано општество, преполно со корупција, недоследности и неправди.Да бидеме искрени, оваа техничка влада не е влада која што ќе направи чуда ниту пак ќе може да ги реши проблемите напластени со години на стагнација, но јас и моите колеги до мене ветуваме беспоштедна работа со која што ќе обезбедиме волјата на граѓаните да биде изразена во слободни и фер избори.Оваа техничка влада има за број еден цел да ја заштити волјата на граѓаните и да овозможи заштита на нивните права и слободи.Денес Зоран Заев повеќе не е премиер, но неговата оставштина на погрешни чекори и политики сеуште владее во земјава. Добрата вест е што секој еден граѓанин во секој еден од нас може да најде заштитник и борец за неговите права и интереси.Заев е поразен, но неговиот систем треба да се порази на избори. Воедно реалноста говори дека во овие моменти се врши масовна партизација во администрацијата, а непотизмот се шири како зараза низ Република Македонија. Илјадници решенија за прераспределба се испечатени во Министерството за внатрешни работи. Деградирани се професионалци на сметка на партиски и политички решенија.Наместо професионализација, се прави груба и безобразна партизација. А, Македонија нема повеќе години за трошење на истите работи кои како камен околу вратот и тежат и ја влечат надоле.Потребна е итна борба против криминалот и галопирачката корупција. Мора да престанат притисоците врз земјоделците, да се пресретнат информациите на отворено корумпирање на власта врз гласачите.Потребна е борба против кои се загрозуваат ранливите категории граѓани, борба против безредието и хаосот кој што владее, борба против оние кои поради профитерски причини се во политиката.Од денес влегуваме во институциите, и ќе работиме на постигнување на стандарди, за да обезбедиме заштита на волјата на народот и да биде кажана на фер и слободни избори. После 12-ти април доаѓа вистинската обнова во Република Македонија, истакна Трипуновски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto-2-1

Пендаровски ги прими членовите на новиот состав на Владата

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници.Претседателот Пендаровски, го честиташе изборот на новиот владин состав, и изрази очекување во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, да го потврдиме демократскиот капацитет на Северна Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера.фото: Кабинет за Претседател

Македонија | пред 6 години

petar_bogoyeski

Богојески за Faktor.bg: Историјата е наша и задолжително треба да ја изучуваме таква како што била А КАКВА ШТО БИЛА

Интервју на Петар Богојески, претседател на УЕФМ и еден од претставниците на Македонски Концепт за Faktor.bg, објави политика.ком.мк.Што претставува новиот македонизам, која е вистината, која треба да биде откриена преку него?Македонизмот e најсилното оружје против србизацијата на Македонија, а тоа Бугарија одбива да го види. Затоа јас истакнувам дека вистината не е пријатна за Бугарија, која е заглавена во живковизмот и упорно ги повторува истите стари тези, истите стари грешки, како што е случајот со Рамковната позиција или со изјавата на БАН за македонскиот јазик. Од друга страна, добро е што конечно имаме официјален став на државата Бугарија, без разлика што е сличен на оној од времето на болшевичката бугарска влада. Работите не се сјајни ниту во Македонија. Но не постои нов македонизам. И не смее да постои. Промоција на било кој нов македонизам е катастрофа за Македонија. Постојат само изгубени политичари кои најавуваат повторна промоција на „македонизмот“, а не разбираат што тоа значи. Не разбираат што тоа промовираат. Тоа се генерално болшевици на политичката сцена во Македонија, кои во овој момент се најмногу сконцентрирани во „советскиот блок“ на ВМРО ДПМНЕ, предводен од господин Мицкоски, госпоѓа Силјановска – Давкова, господата Геровски и Неделковски. Под будното око на почитуваниот господин Груевски, секако. Но и СДСМ не е имун на тоа, и таму има премногу болшевици. На многу важни позиции во таа партија и на државни позиции, промовирани од владеачката коалиција. Секако и во „албанскиот блок“ на политички партии. Процесот на демократизација на општеството нужно ќе дојде. Сакале тоа, старите структури да се случи или не. За жал, тие структури се во дирекна корелација со старите структури во Бугарија и заедно со заеднички сили се обидуваат да ја попречат таа демократизација, без која не е можна толку посакуваната објективизација на историјата.Имам впечаток дека одредени кругови во Бугарија, уживаат во улогата да не понижуваат нас Македонците од Македонија, со желба да ги излечат сопствените комплекси од СССР и Југославија. Крајно нечесно е комплексите на бугарската нација, да се лечат на грбот на македонската. Ние во Македонија сме жртви, а не џелати од минатото. А дел од бугарското општество, не покажува почит кон таа наша жртва и тоа што сме опстоиле како Македонци, а не сме станале Срби, цел век под тешко српско ропство, потешко од она на Отоманската Империја. При тоа секако не уживам во улогата на жртва и на барам сожалување од Бугарија. Само напоменувам, точно заради тоа, овој процес единствено изгуби златни години, а можеше да го задвижи реалното надминување на проблемот на македонизмот.Сакам да напоменам дека македонизмот различно се подразбира во Македонија, од тоа во Бугарија. Кај нас македонизмот е доказ за постоење на македонски етност, кај Вас тоа е обратно, доказ за непостоење на македонски етнос. Од тука и големите недоразбирања по прашањето на македонизмот. Во суштина, иницијалната каписла на македонизмот како што Вие го подразбирате, стои во Бугарија, а не во Србија. За тоа мора да си ја прифатите вината и да не ја префрлате на нас во Македонија. Ние само ги трпиме последиците на старите грешки и непотребната ароганција на политичарите од Бугарија, кон нас Македонците. Истата таа ароганција која ја чувствувале македонските преродбеници и револуционери во минатото, јас ја чувствувам денес. Тоа е главната причина за појавата и постоењето на македонизмот, ќе повторам, на начинот на кој се поима во Република Бугарија. За жал не сум убеден дека таа ароганција ќе престане, а со тоа ќе престане и потребата од засилување или не дај Боже промоција на некаков нов македонизам.Сега е потребна демократска политичка платформа која ќе го промовира и воспостави насилно прекинатиот историски континуитет во развојот на модерната политичка македонска нација. Насилно, преку жесток терор врз демократските сили во Македонија, кои генерално доаѓаа од историското ВМРО и чија идејата за создавање на Демократска и Независна Македонија под протекторат на САД и Англија, што била смртно забранета.Како мислите, како може да се спроведе процесот на објективирање на историјата, и што е тоа, што гледаме дека Заедничката комисија за историја не успева да го направи?ПРОЦЕСОТ НА ГРАДЕЊЕ НА СОВРЕМЕНА ГРАЃАНСКА НАЦИЈА, ТРЕБА ДА СЕ ОДВИВА ПАРАЛЕЛНО СО ПРОЦЕСОТ НА ОБЈЕКТИВИЗАЦИЈА НА ИСТОРИЈАТА. НЕ МЕНУВАЊЕ, СЕЧЕЊЕ И ЛЕПЕЊЕ НА ИСТОРИСКИ ФАКТИ ПОД ПРИТИСОК! ИСТОРИЈАТА Е НАША И ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ЈА ИЗУЧУВАМЕ ТАКВА КАКВА ШТО БИЛА.Тоа ќе биде внатрешен процес во македонското општество, внатрешна дискусија за објективизација, со цел преродба, будење на нашето суштинско културно и историско наследство. Точно е дека тоа е болен процес, но тоа е единствен начин да ја победиме внатрешната криза на идентитетот и преку ново раѓање да станеме „камен кој си тежи на своето место“. Во таа смисла, македонската нација е политичка заедница на сите граѓани на македонската држава, при што секој од нив поединечно, како индивидуи, но и како дел од своите примарни етнички заедници, ќе учествуваат и ќе даваат сестран придонес во нејзиното устројување како компактен политички организам.Темата за објективизирање на историјата во нашата држава, како внатрешна тема е отворена од голем број на интелектуалци, многу пред потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија. Но моето чувство е дека по потпишувањето на Договорот,  политичари кои имаат амбиции да се историчари и историчари со политички амбиции, темата „општа историја” ја претворија во меѓудржавен спор. Мора да разберат граѓаните во Бугарија дека никој од Македонија не им ја краде историјата, зашто таа историја на Македонија е и наша, македонска. Затоа зборуваме за заедничка историја, а не за македонска или бугарска. Ако сакате да зборуваме на тој начин, за тоа што е македонско, а што бугарско, тогаш дирекно ја исполнуваме желбата на Белград. Од таму доаѓа таа теза, дека нема зошто ние во Македонија да изучуваме нешто, за кое Бугарија тврди дека е само бугарско!!! Таа е најопасна теза и не води кон нови конфликти. Напротив, историјата на Македонија е македонска, а во неа животот го поклониле илјадници Бугари, а историјата на Бугарија е бугарска, но во неа животот го поклониле илјадници Македонци. Едноставно тоа е како предена волна. Не можеш да ја поделиш. Ако се обидеш, ќе ја скинеш. Ќе направиш „резил“! Е тоа го прават денес неумешните политичари, во обид да станат историчари, прават „резил“.Но не е се така црно. Често читам и слушам глас на разумот, кој доаѓа од Бугарија. Десетици видни новинари, интелектуалци, автори, професори како Дечев и Минчев, многу граѓански активисти, го разбираат ова кое јас го говорам, даваат сигнали на разум и разбирање. Исто од Македонија имаме такви пројави на разум и разбирање. Тие е мостот преку кој ќе се поврзат македонското и бугарското општество. Нема тоа да бидат политичарите или некои „историски комисии“. Интелектуалците од двете страни на границата ќе ја завршат работата. Интелектуалци со силен персонален интегритет.Јас и Македонски Концепт цврсто стоиме во поддршка на Договорот за добрососедство и соработка. Самиот термин ʺопшта историјаʺ ја исклучува можноста за крадење на историјата и таа не може да се смени, затоа што таа е таква каква што се случила независно од нас. Признавањето на НАШАТА историјa треба да биде засновано на факти и историски докази и без политизирање. Ако овој процес го бевме започнале порано, немаше да ни се случи безумната антиквизација и со голема веројатност користејќи ги историските факти за нашиот народ, немаше да бидеме доведени во ситуација да си го промениме името на државата. Задача на нас политичарите е само да го поддржуваме и поттикнуваме овој демократски процес, затоа што од него ќе излезе вистината кон која сите се стремиме.Можеби е добро да размислуваме во насока на укинување на македонско – бугарската комисија за историја, зашто не гледам поента во нејзиното постоење, во услови кога бугарските претставници очекуваат за апсолутна да се прифати „нивната вистина“, без да се земат во предвид било кои аргументи од „македонската вистина“. Тоа да се замени со процес на публикување на историските факти во двете држави во оригинална форма, со што ќе се избегне обидот за наложување на ʺдржавните историографииʺ,па младите генерации нека учат историја од изворни историски докази. На тој начин од образовниот систем ќе излегуваат млади со критично мислење кои нема да подлегнуваат на ʺавторитетиʺ и ќе тежнеат кон пронаоѓање на историската вистина преку сведоштва и оригинални документи кои автентично ќе го доловат времето во кое твореле нашите историски личности како и идеите кои ги застапувале.Тоа може да го направи и истата комисија, само да и се модифицира мандатот во оваа насока. Многукратно бев запрашуван од политичари од Бугарија да ʺпризнаамʺ како каков се определувал Гоце Делчев, а од тоа зависела нашата идна соработка. Имајќи во предвид дека цврсто стојам зад реализацијата на Договорот за добрососедство и соработка, но и сум против политизацијата на ова прашање, се разбира не одговорив на ова прашање. Не дека немам свое мислење за ова прашање, но затоа што не сакам да наливам вода на силите кои работат против договорот и се против членството на Македонија во ЕУ и во НАТО.Така што, Македонски Концепт има решение за „Гоце Делчев“, но и за другите историски прашања. Гоце Делчев е просто Гоце Делчев, тоа што самиот го кажал за себе и самиот го направил за време на својот живот. Затоа предлагаме во образовниот систем во Македонија да се воведе Автобиографијата за Гоце Делчев од чирпанецот Пеју Јаворов. Со оглед на тоа што Пеју Јаворов е најблискиот соборец на Гоце Делчев, голем поддржувач на историското ВМРО, а подоцна и близок соборец на Тодор Александров-таткото на идејата за Независна Македонија, заслужува и тој да биде предложен за заедничко чествување.Дополнително како задолжителни лектири треба да бидат воведени и Автобиографијата на Григор Прличев, целокупната поезија на Рајко Жинзифов, браќата Миладинови, спомените на основачите и дејците на ВМРО, ʺБерлинскиот договорʺ од ресенчанецот Симеон Радев, Карнегиевата анкетна комисија за причините за балканските војни, но и ʺМакедонската борба” од Каравангелис – идеологот на антиквизацијата и други.Ете тоа е нашето решение. На тој начин предлагаме едно европско и демократско решение за спорот, со кој ќе се отвори нормална дискусија во општеството без политизирање. И најважното ќе ги ускратиме историските амбиции на некои политичари, кои ќе треба да ја насочат својата енергија во правец на конкретна соработка меѓу двете држави во сите сфери.Тоа што со сигурност ќе претставува интерес за бугарската јавност е фактот што Македонски Концепт е поддржан и од голем број на македонски Бугари. Многумина од нив ги познавам лично. Тие се исклучителни македонски патриоти, професионално реализирани луѓе и сигурен сум дека тие ќе дадат свој придонес во реализирањето на Македонски Концепт, но и во објективизацијата на историјата. Во едно демократско општество, каде што има политичари од различно етничко потекло на нашата политичка сцена, неприфатливо е игнорирањето и недопуштањето на македонските Бугари политички да се пројават. Тие се Македонци, исто како и секој друг граѓанин на Македонија. Со истите граѓански права и обврски. Сите сме деца на Македонија. Постепено, терминот македонски треба да се подразбира како политички, државен идентитет. Во минатото сме немале држава и не сме биле во можност да промовираме државен идентитет. Денес имаме држава и тоа го можеме. Македонец е граѓанин на Република Македонија, без оглед на неговото етничко или религиозно потекло.Тоа е главната причина зошто Македонски концепт е иновативен и добива широка поткрепа во македонското граѓанство. Дека сме на вистинскиот пат докажува и критиката која ја добивме од еден малцински лидер на македонските Срби, господин Иван Стоилковиќ кој е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Имено тој го повика својот коалиционен партнер – советскиот блок во ДПМНЕ во борба против ВМРО (Македонски Концепт) со песната ʺСпремте се спремте четнициʺ. Видно е дека господин Стоилковиќ го препознал историското ВМРО во Македонски Концепт. А на господин Мицкоски очигледно не му пречи да е под знамето на Јован Бабунски и Мицко Крстиќ во битката против ВМРО.Сакам на крај на сите граѓани на Република Бугарија да Ви посакам среќни празници, да сте живи и здрави, а следната година многу поуспешни и на личен и на национален план. Јас сум православен христијан, па ќе си дозволам христијаните од Бугарија, во очи на Божик, да Ве поздравам со „Христос се роди, вистина се роди!“.Текстот во целост на: Политика.ком.мкфото:Фактор.бг  

Македонија | пред 6 години

mitko-jancev

Поведена постапка за загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против лицето кое во изминатите неколку месеци ја загрози сигурноста на градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство. Постапката е поведена поради основано сомнение дека осомничениот, 40-годишен кавадарец, ги сторил кривичните дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 и Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Во текот на неколку месеци, започнувајќи од август до 29 декември 2019 година, осомничениот во повеќе наврати психички го малтретирал и навредувал градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Психичкото насилство започнало со закани и објавување статии со клевети и навреди по социјалните мрежи.Осомничениот повикувал и други лица, користејќи се со повици во кои се содржат зборови од насилна природа. Тој континуирано го следел оштетениот и неговото семејство, ја фотографирал куќата во која тие живеат и преку нивни роднини им упатувал сериозни закани.Ваквото однесување на осомничениот било пријавувано во полициската станица во Кавадарци, од каде неколкупати бил опоменуван, но и покрај тоа продолжил да врши психичко насилство и да ја загрузова сигурноста на оштетениот. Насилството кулминирало вечерта на 28 декември, откако осомничениот поради фотографирање на домот на градоначалникот бил повикан во полициска станица, а во негово име на оштетениот телефонски му се јавило друго лице, упатувајќи му сериозни закани.Заканите продолжиле и од страна на осомничениот , упатени преку социјални мрежи, во кои тој повикува градоначалникот „да плати со крв и месо“. Ваквите закани го исполнуваат битието од кривичното дело – Загрозување на сигурноста, бидејќи со заканата упатена преку информатички систем осомничениот се заканува дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 5 години. Со психичко малтретирање на градоначалникот и на членовите на неговото семејство, кај кои предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, осомничениот ги исполнил елементите на кривичното дело – Насилство.Јавниот обвинител кој постапува во предметот оцени дека се исполнети законските основи, како и дека постои можност осомничениот да го повтори делото или да го изврши делото со кое се заканува, па во насока на непречено водење на кривичната постапка до Основниот суд Кавадарци поднесе Предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.​фото: Архива

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Избрана техничката влада

Со 101 глас „ЗА“, ниту еден „Против„ и „Воздржан“, Собранието попладнево ја избра новата техничка Влада.Во 18 часот ќе биде одржана и седницата на која ќе бидат избрани и дополнителните заменици министри, додека членовите на владата во 18.30 ќе бидат примени и од претседателот на државата Стево Пендаровски.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ribarnica

(ФОТО) Експлозија во рибарница во Битола, продавачката полесно повредена

Вработена во дуќан за продажба на риби е полесно повредена по експлозија предизвикана од плинска инсталација во дуќанот. Од експлозијата искршени се прозорците и вратата на продавницата.За среќа во инцидентот нема други повредени и покрај тоа што во моментот на експлозијата во близина на продавницата имало доста купувачи.фото: Нова Македонија 

Македонија | пред 6 години

parking

Од 8 ми јануари паркинзите во Центар поскапуваат за 20 денари од час

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” (ПОЦ) донесе Одлука за усвојување на новиот Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои стопанисува.Од 8 јануари, цените за паркинг за 1 час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе се покачат за 20 денари.Ова покачување се однесува само за паркиралиштата со наплата, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ЈП ПОЦ остануваат исти. Жителите на Општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Битолчанец нападнал австралијанец, му одзел пари и лични документи

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Р.(29) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.На 01.01.2020, од судија на претходна постапка, одредена му е мерка притвор. Пријавениот, на 29.12.2019 во угостителски објект на ул.„Широк сокак“ во Битола, физички го нападнал А.Ш.(30) од Австрија,  при што му одзел пари и лични документи.

Македонија | пред 6 години

tasna

Охриѓанец нападнал сограѓанка - и ја одзел чантата во која имало пари и два мобилни телефони

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29 годишен Охриѓанец,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавениот, на 29.12.2019 околу 05.40 часот во населбата „Грашница“ во Охрид, со остар предмет ја нападнал Ј.С.(66) од Охрид по што и ја одзел чантата во која имало пари и два мобилни телефони. На Д.Н. му е одредена мерка притвор од 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

badnik

И годинава во Охрид, ден пред Божик традиционална Бадникова поворка

Традиционално и годинава во Охрид, на празникот Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ  ќе се одржи Бадниковата поворка со која се најавува христовото раѓање.Во понеделник во 11 часот од црквата „Св. Георги“ во „Горна Влашка Мала“ над  700 деца ќе ја започнат Бадниковата поворка. Пеејќи ја возобновената старо христијанска песна „Вечниот Бог“ тие ќе се движат по улиците  „Јане Сандански“  и  „Туристичка“  и низ  охридската чаршија . Околу пладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај божиќната пештера, децата  ќе ги пречека градоначалникот Константин Георгиевски  кој ќе ги дарува со божиќни пакетчиња.Бадниковата поворка во Охрид која се одржува седма година по ред е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е  поддржана од локалната самоуправа.Втора година по ред Бадникова поворка  ќе се одржи и во село Велгошти. Дечињата во  10 часот ќе тргнат од црквата Св. Димитрија, а околу 11:15 часот ќе стигнат во црквата Мал Св. Климент каде ќе ги пречека градоначалникот Георгиески кој ќе ги дарува со божиќни пакетчиња. Во рамки на прославите со кои се најавува христовото раѓање е предвидена културно уметничка програма  со божиќни песни.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на преодна Влада

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, денеска му го врачи мандатот на Оливер Спасовски.„Наша задача ќе биде да направиме сè да продолжи државата со напредокот и да овозможиме фер и демократски избори. Сите институции да продолжат со истата динамика со цел да има просперитет за граѓаните на оваа држава“, рече Спасовски.Врз основа на член 84 алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Македонија и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор за состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, го определувам Оливер Спасовски“, изјави претседателот Пендаровски. По завршувањето на седницата во Собранието, за избор на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, претседателот Пендаровски во својот Кабинет – Вила Водно, ќе ги прими членовите на новиот состав на Владата.Претходно, Собранието ја констатира оставката на Зоран Заев од функцијата премиер. Новата техничка влада се очекува да биде изгласана на собраниска седница денеска, најдоцна до полноќ. ФОТО: Кабинет на претседател 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Митрески: Денешниот ден е најава за уште една победа на СДСМ, не се враќаме назад во темното минато на ВМРО-ДПМНЕ

Стравот кај ВМРО-ДПМНЕ е преголем и јавно го покажувате. Не можете да се помирите дека Зоран Заев е претседател на СДСМ и ќе не води до нова победа. ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да ја научи лекцијата од изминативе години. Со лаги и измилици не може да го манипулира народот, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието,Јован Митрески во денешното обраќање на седницата во Собранието.Македонските граѓани не се наивни. Тие знаат со кого си имаа работа 11 години, и затоа се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директни извршители на наредбите на Груевски.За ВМРО-ДПМНЕ не е важно нити правото нити правдата, туку заштита на криминалот и на партиските интереси, додаде Митрески.Денешниот ден е најава за тоа што ќе се случува, најава за уште една победа на коалицијата предводена од СДСМ и Зоран Заев, најава за иднината на држава, најава дека ќе се движиме напред и ќе бидеме европска држава, нема да се вратиме назад кон темното минато кое вие го нудите, заклучи Митрески.

Македонија | пред 6 години

oliver-1

(ВИДЕО) Оливер Спасовски има мото, „Работа, ред и дисциплина“, а омилен спортист му е Кирил Лазаров

Во новиот серијал „30 прашања со“ на потпретседателот Коста Петров, новиот технички премиер, Оливер Спасовски си ја отвори душата.Еве што искрено од душа за себе вели Оливер Спасовски.https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/493068301414715/

Македонија | пред 6 години

micevski-1

Мицевски: Денеска е крајот на политичари со свиткани кичми, падна Катица, падна Заев

Денес е денот кога Македонија и македонскиот народ ќе се ослободи од најнеспособната, најкорумпираната и најкриминална власт што ја имала до сега. Денес е денот, кога Македонија ќе се ослободи од премиер на кој што лагата му е второ име. Премиер кој што од државата направи криминално дувло, држава која што не функционира во ниту една сфера, истакна пратеникот Никола Мицевски и координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.Пред само 2 години, 7 месеци и 4 дена, Зоран Заев и неговите соработници кои денес се министри, функционери, градоначалници, ветуваа мед и млеко на македонските граѓани односно ветуваа „живот“ во Македонија.Еве сме 2 години, 7 месеци и 4 дена подоцна, но од нивните ветувања немаме апсолутно ништо.Почитувани граѓани,Има една добра работа, а тоа е дека денес и ова 2020 година времето на Зоран Заев и СДСМ поминува. Дојде крајот на поразите и срамот кој што овој човек им го приреди.Денес Зоран Заев поднесува оставка и истата не сака ниту да ја образложи, со што докажува дека и тој е свесен за штетата која што и ја нанесе на  Република Македонија.Доаѓа време кога Македонија повторно ќе биде предводена од власта која што народот ќе ја одбере. Доаѓа време кога македонскиот народ ќе одлучи дека не сака повеќе криминалци, корумпирани и неспособни политичари.Туку одговорни и посветени политичари кои ќе стојат гордо борејќи се за националните интереси и интересите на македонскиот народ.Денеска е крајот на политичари со свиткани кичми.Почитувани,Падна Катица, падна Заев а на 12 април паѓа и СДСМ, истакна пратеникот Никола Мицевски. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поднесен Обвинителен акт против пет лица и едно правно лице

По спроведена сеопфатна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против пет физички лица и едно правно лице. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт кривичното дело Измама предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик се става на товар на првоосомничениот, а три лица се обвинети за помагање во извршувањето на истото кривично дело, воедно за кривичното дело Измама по член 247 став 8 во врска со став 4 во врска со став 1 е обвинето и правното лице. Првообвинетиот се товари и за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 став 1, при што три лица се обвинети дека му помогнале во извршувањето на ова кривично дело. Едно лице, освен за помагање при перење пари и други приноси од казниво дело е обвинето и за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.Во периодот од 08.07.2017 година до 13.04.2018 година првообвинетиот како претседател на обвинетата невладина организација, со намера за себе да прибави противправна имотна корист ги искористил документите од правното лице и две оштетени лица – управители на друштва ги довел и одржувал во заблуда. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност. Тројца обвинети со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и со умисла му помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување. Второобвинетата откако првообвинетиот ќе и дадел готовински средства, иако немала никакво легално покритие, ги уплаќала во вид на донација или по основ на позајмица на правните лица поврзани со првообвинетиот. Третообвинетата со својот углед и авторитет го поддржувала првообвинетиот на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите.Петтообвинетиот иако знаел дека парите потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противаконито посредување, со умисла му помогнал на првообвинетиот да ги пушти во оптек, па откако првообвинетиот ќе му дадел готовински средства, тој ги уплаќал на својата девизна сметка, дел пренесувал на сметките на правните лица по основ на поврат на позајмица, дел ги подигал во готовина и ги уплаќал на правните лица по основ на позајмица, а за сето тоа нема легално покритие. Воедно, петтообвинетиот во својот дом неовластено држел огнено оружје три полуавтоматски пиштоли и муниција.Надлежниот обвинител ценејќи дека се уште постојат условите за определување на мерката куќен притвор за второобвинетото лице, до Основниот кривичен суд- Скопје достави и посебен предлог со кој се предлага мерката куќен притвор определена од судија на претходна постапка да биде продолжена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Дуковски: Боки 13 секојдневно добива закани и притисоци од надворешни лица

Адвокатот на Бојан Јовановски во „Рекет” , Сашо Дуковски  на денешното рочиште за овој предмет кажа дека  Боки 13 секојдневно добива закани и притисоци од надворешни лица.  Тој кажа дека затворот не е херметички затворен.„Не можеме да кажеме дали се политичари. Високи претставници се”.Морам да укажам и да ја информирам јавноста дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите. Јовановски има нееднаква положба со другите учесници во овој кривично правен настан. Сметам дека притворот треба да се смали на најблага можна мерка. Секое месечно продолжување на притворот е со исти и еднакви образложенија. Човекот се наоѓа во животно загрозувачка состојба”, рече адвокатот на Јовановски - Дуковски.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still267

Боки 13: На кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“

На кого му одговара да не се дознае вистината за „Рекет“ , праша Боки 13 на денешното рочиште за „Рекет“.„Јас се чуствувам понижено и сум загрижен за мојот живот. Оправдано се чувствувам како политички затвореник. Како лице кое е во тешка здравствена состојба ќе ги употребам сите правни лекови, рече Бојан Јовановски. Тој кажа дека преку писмо ги информирал и странските дипломати во земјава, а и Хелсиншкиот комитет за се.Инаку денеска на судењето за „Рекет“ сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска.Таа кажа дека го потпишала позитивното мислење за враќање на пасошот на Јордан Камчев, обвинет за предметот „Империја“ по налог на Катица Јанева.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања