Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

03012020_PVRSM_Zaev_intervju_SlobodnaTV

Заев за „Слободна ТВ“: Заканите за укинување на Договорот од Преспа се закани и за иднината на земјата

Заканите на лидерот на опозицијата дека со двотретинско мнозинство во Собранието ќе го укинел Договорот од Преспа значат укинување на нашето членство во НАТО и запирање на процесот за добивање старт на преговорите со ЕУ. Тоа е спротивно на стратешките интереси на нашата земја и крај на целиот прогрес што го оствари Северна Македонија во овие изминати две и пол години, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервју за порталот „Слободна ТВ“.„Стравувам дека Мицкоски реално ќе го направи тоа, затоа што има разлика меѓу него и Мицотакис. Мицотакис знаеше дека договорите мора да се почитуваат и спроведуваат, Мицкоски не го вели тоа. Наивно, па дури и глупаво, е да се враќаме назад. Затоа јас велам дека нема да дозволиме да се врати режимот, зашто ништо не покажува дека е изменето нешто кај опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме тука јасно и гласно да укажеме дека тоа се штетни политики кои ќе донесат сериозни последици за земјата“, рече премиерот Заев во интервјуто за „Слободна ТВ“ и додаде дека очекува големо мнозинство од граѓаните да ги препознае штетните политики на опозицијата и да го даде гласот за продолжување на политиките и  насоката која не води кон иднината.Во интервјуто за порталот, претседателот на Владата на Северна Македонија рече дека со најавите за брзо формирање на владата во Шпанија е блиску и конечната завршница на ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО и дека останува убеден дека иницијативата за забрзување на соработката на земјите членки на Западен Балкан е чекор напред кој ќе го скуси процесот за членството во ЕУ бидејќи голем дел од обврските што не очекуваат за време на преговорите, ќе бидат решени низ овој процес.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Пендаровски денеска ќе му го врачи мандат на Спасовски и на членовите на новиот состав на Владата

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска (03 јануари 2020 година, петок), врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, ќе му го врачи мандатот на Оливер Спасовски.По завршувањето на седницата во Собранието, за избор на Влада на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски во својот Кабинет – Вила Водно, ќе ги прими членовите на новиот состав на Владата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Хипотеката на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, со „Диво Насеље“ ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР

Со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице, и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите и предлогот може да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, се вели во соопштението од СДСМ.Јавноста треба да знае дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“.Оваа хипотека ќе има негативни импликации во јавноста но и кај вработените во МВР.СДСМ изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Мицкоски, и преку овој избор за негова ноиминација, се обидува да ја враќа земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации.Тоа нема да дозволиме да се случи, граѓаните можат да бидат спокојни. СДСМ со сиот свој капацитет ќе ја обезбеди внатрешната стабилност и демократскиот амбиент пред и за време на изборите на 12 април.Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Integriran-katastar-900x512

Општина Охрид изработи интегриран катастар на загадувачи на животната средина

Согласно Законот за животна средина, Општина Охрид изработи „Интегриран Катастар на загадувачи на животната средина“ со кој ce опфатени: воздух, вода, почва и отпад. Информацијата за изработката на овој стратешки документ, беше усвоена од страна на Советот на Oпштина Охрид на 37-та седница.Изработката на Интерираниот Катастар на загадувачи е со цел да се добие основна квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата со емиторите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата, генерираниот отпад и постапувањето со него, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина во Општина Охрид, како и заради контрола на успешноста на преземените мерки врз основа на соодветни одлуки и решенија на локално ниво.Базата на податоци и нивото на нивната обработка дава можност овој Катастар да биде динамичен стратешки документ и како таков, заедно со законската регулатива во оваа област да биде инструмент на државната и локалната власт за одржливо управување со квалитетот на животната средина.За изработката на Интерираниот Катастар на загадувачи беше задолжена фирмата „Технолаб“ од Скопје.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

zaev-izjava

Македонија подготвена за избори - оставката на Заев се чека во Собранието

Премиерот Зоран Заев ја потпишал оставката. Истата денеска Собранието треба само ќе ја констатира, по што ќе се оди на избор на техничката влада.Техничката влада се прави според таканаречниот „Пржински модел“ кој прв пат е применет за изборите во 2016 година. Според овој модел техничката влада мора да се формира 100 дена пред избори. Доколку сакаме да се испочитува датумот 12 април на кој се договорија лидерите на сите политички партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски техничката Влада со која ќе раковори оливер Спасовски, мора да се избере до полноќ.Претходно владејачката партија СДСМ го прифати предлогот на опозициската ВМРО ДПМНЕ поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи. Во новиот кабинет опозицијата ќе има  има две министерски места и тројца заменици министри.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vreme

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Времето  денеска ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност, особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.  Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени. 12 степени треба да се искачи температурата во Гевгелија и во Дојран. Во Охрид до 10, Штип до 9, Скопје, Битола и Тетово до 8.Утре ќе се задржи сончево со услови за утринска магла по одделни котлини и со максимална температура од 14 степени. Попладне облачноста ќе се зголемува.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Времето на Зоран Заев заврши, дојде крајот на поразите и срамот на кои овој човек е олицетворение

Македонија и македонскиот народ не заслужуваат веќе таков криминоген лик и патолошки измамник да ја води земјата и да се бави со политика. На криминалците им е местото зад решетки, а не во Влада или во Собрание. Зоран Заев конечно поднесува оставка и заминува од местото кое го узурпираше без да победи на избори. Зоран Заев конечно заминува од позицијата од која и нанесе огромни штети на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Три години Македонија е жртва на криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев. Македонските граѓани никогаш повторно не смее да бидат жртви на криминалот, корупција, неработата и неспособноста.Единствен успех на Заев во овие три години е тоа што преку своите слуги во судството успеа да си обезбеди амнестија и за барањето поткуп „Евро за црквата - евро за Вице”.МВР го претвори во партиска испостава на СДСМ. Речиси и да немаше ден кога по улиците ширум државата немаше престрелка или запалено возило, а неговиот послушник Спасовски наместо граѓаните ги штитеше криминалците.Економијата го допре дното. Тоа го потврдија и странските и домашните бизнисмени. Реализацијата на капиталните инвестиции беше очајна, а дури 500 илјади граѓани го поминуваа денот со еден оброк. Овие луѓе беа заборавени од власта.Македонското образование беше клекнато на колена и се најде на дното во Европа. Здравството беше доведено  пред колапс, бидејќи Заев и Филипче повеќе ги интересираа криминалните тендери отколку здравјето на граѓаните. здравствените работници повеќе време поминаа на улиците протестирајќи отколку на своите работни места.Времето на Зоран Заев заврши, дојде крајот на поразите и срамот на кои овој човек е олицетворение. Доаѓа време на власт од народот и за народот. Доаѓа време за  обнова на Република Македонија. Ова зло никогаш да не се повтори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Zaev-1

Се чека оставката на Заев, техничката Влада мора да се формира до полноќ

Денеска треба да се формира техничката Влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори кои пак треба да се одржат на 12 ти април. Доколку се тече како што треба, до пратениците денеска треба да стигне оставката на премиерот Зоран Заев, со што и официјално мандатот за формирање на техничката влада ќе го добие министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Техничката Влада мора да се формира до утре на полноќ. Ако тоа не се случи , тогаш се поместува и датумот за одржување на изборите, затоа што од денот на формирањето на техничката Влада до денот на изборите треба да поминат 100 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

goveda

Кривична за двајца измамници - си присвоиле 14 грла говеда од 65-годишен жител на светиниколско село

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.А.(28) и М.А.(17) од село Патишка река, општина Сопиште и Ф.Ќ.(34) од село Страхојадица, општина Зелениково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Н.А. и М.А. со лажно прикажување и прикривање на факти го довеле во заблуда В.Ј.(65) од село Ранченци, општина Свети Николе, при што противправно му одзеле 14 грла говеда, од кои 10 ги присвоил и пренел Ф.Ќ., ветувајќи му дека парите ќе му ги дадат на денот на купопродажбата од кои дел во готово, а останатите на трансакциска сметка ќе бидат уплатени на неговиот син преку нивна фирма. Со извршеното кривично дело пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 615.000 денари.фото: Зелена Берза 

Македонија | пред 6 години

lovecka-puska

Ловчија тешко повреден од залутан куршум

На 01.01.2020 околу 13.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека  на место викано „Петини рид“, атар на с.Луке, кривопаланечко, М.Д.(37) од Крива Паланка, додека бил на лов, бил погоден од залутано зрно и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dalekovodicg-740x400

Кривична против инспектор за загрозување на безбедноста

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.П.(55) од Р.Албанија, овластено лице во фирма од Албанија со седиште во Скопје, против Б.А.(33) од Скопје, вработен во Државен пазарен инспекторат Скопје и Н.Ф.(66) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешки дела против општата сигурност“ и против правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. В.П. во 2017 и 2018 година потпишал договор со А.Д. МЕПСО за реконструкција на 110КV далековод, а со градежни активности започнале на почетокот од мај 2019 година. В.П., исто така, во име на правното лице склучил усмен договор со Б.А., за демонтирање на бетонски столбови од трасата на далеководот, а потоа Б.А. преку усмен договор ангажирал негови работници, помеѓу кои и Н.Ф. На 01.09.2019 помеѓу селата Горно Трогерци и Горни Балван, општина Карбинци, Б.А. и Н.Ф., при сечење на арматурното железо со оксиген, од искрите предизвикале пожар, во кој биле опожарени 70 хектари земјиште, 55 хектари сува трева, ожнеани ниви и нискостеблести растенија, земјиште сопственост на Р.С. Македонија и комплетно биле уништени 15 хектари на насади со вишни, цреши и ореви сопственост на физичко лице од општина Пробиштип. На тој начин тие предизвикале материјална штета од 21.269.755 денари.фото:Elnos Group 

Македонија | пред 6 години

nake-kulev

ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за прв човек во МВР, СДСМ прифати

ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев, професионалец од Агенција за разузнавање како нов предлог за прв човек во МВР. Наќе Чулев е со богато искуство од областа на безбедносната политика и прашањата од Министерството за внатрешни работи.  Чулев е професионалец кој работи во Агенцијата за разузнавање, а по вокација е дипломиран криминалист со постипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје.Има завршено обуки и доусовршувања во Велика Британија, Германија, Бугарија и други европски држави.Во неговата богата биографија стои дека поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија. Завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара, Турција од 2003-та до 2007-ма година. Наќе Чулев е 47 години, роден е во Кавадарци.За дополнителен заменик-министер за администрација е предложена пратеничката Невенка Стаменковска, во земјоделие – Цветан Трипуновски, додека пак, за финансии – Гордана Димитриеска.Утре паралментот најпрво ќе треба да ја констатира оставката на Зоран Заев. Претседателот Стево Пендаровски пак, ќе треба веднаш да го додели мандатот за состав на техничката влада на Спасовски, а техничката влада се гласа од парламентот. Според законските рокови, собранието ќе треба да се распушти до 10 февруари, а на 12 април да се одржат и договорените избори.

Македонија | пред 6 години

tamara-london

Тамара Тодевска ќе настапи во најстариот геј-клуб во Англија

Тамара Тодевска ќе настапува во Лондон, во најстариот геј-клуб во Англија, популарниот Royal Vauxhall Tavern. Настанот со име ,,Еурофест” ќе се одржи на 10-ти јануари, а билетите ќе чинат седум британски фунти (околу 500 денари).Многу славни ѕвезди настапувале во Royal Vauxhall Tavern, каде се одржуваат тематски забави, кабаре-програми и разни контроверзни уметнички шоу-претстави.фото: WhatsOn.guide 

Магазин | пред 6 години

elizabeta

Обвинителката Елизабета Јосифовска утре ќе сведочи за “Рекет”

Обвинителката Елизабета Јосифовска е повикана утре да сведочи во судската постапка за “Рекет”. Името на Јосифовска беше споменувано по избивањето на аферата „Рекет“ и кога за прв пат беа објавени видео – снимките од страна на Ла веритас, а во врска со олеснувањата кои ги добил Орце Камчев – осомничен во „Империја“.Елизабета Јосифовска е некогашна прва заменичка на Катица Јанева во СЈО.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

(ВИДЕО) Мицкоски најави нов кандидат за министер за внатрешни работи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го повлече предлогот полковникот Драган Ковачки да биде министер за внатрешни работи во влада која што ќе ги организира изборите на 12-ти април и ќе даде ново име. Мицкоски на денешната прес конференција рече дека најпрво ќе направи телефонски консултации со премиерот Заев и со лидерот на ДУИ, по што ќе следува и официјално објавување на новиот предлог.Како што рече Мицкоски, новото име не е член на партијата.Првиот предлог на Мицкоски, не беше прифатен од Власта, поради како што беше образложено, тој бил неуставен , затоа што Драган Ковачки кој доаѓа од АРМ соред уствот неможе да биде на чело на МВР.Според Мицкоски, премиерот Заев и актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кого владејачката партија го предложи за технички премиер си зеле за право да го толкуваат Уставот иако многупати како што рече го прекршиле. Мицкоски тврди дека во Уставот има системски недоречености. Тој се повика на случајот кога Сиљан Аврамовски од јуни до декември 2004 година беше министер за внатрешни работи во владата на СДСМ предводена од Хари Костов. Пред да биде именуван на позицијата Аврамовски беше полициски службеник и директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, што како што рече Мицкоски, Хелсиншкиот комитет го оспорил пред Уставниот суд кој се прогласил за ненадлежен.„Дополнително, во оваа држава Уставен суд не се ни Зоран Заев ниту Оливер Спасовски. Но нивното однесување, однесувањето на  уплашените членови на СДСМ во владата на Македонија, деновиве само потврди дека замешателството на оваа влада на чело со Зоран Заев во било која судска истанца, тоа Основен суд, Апелационен суд, врховен суд, или уставен суд е неминовност. А кога станува збор за Уставниот суд тој воспоставува пракса во минатото за ваков сличен случај. Ќе ве потсетам Уставниот суд во состав Лилјана Ингилизова Ристова, Трендафил Ивановски, кој што се потпишува како доктор на науки, Махмуд Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бајрам Положани, Игор Спирковски, Зоран Сулејманов на 3 ноември 2004 година носи одлука во која што се прогласува за ненадлежен да постапува по поединечен акт кој што во тоа време Хелсиншкиот комитет го поднесува до Уставниот суд и практично ја оспорува номинацијата на тогашниот  министер за внатрешни работи кој што најпрвин го идентификува како заменик директор на Управата за безбедност и контра разузнавање во одреден период, а потоа и за директор во Управата за безбедност и контра разузнавање.Понатаму овие исти судии велат дека се ненадлежни да постапуваат во оваа претставка поднесеа од Хелсиншкиот комитет бидејќи тоа бил поединечен акт и прераснува во т.н. Судска пракса. Од друга страна ние во Уставот немаме категорија наречена технички министер, но и техничка влада. Но кога станува збор за уплашените Зоран Заев и Оливер Спасовски тогаш никогаш не им пречи да ја прифатат улогата на уставни судии па да коментираат да суда, да пресудуваат, па да носат одлуки и пресуди за лица кои што се професионалци и лица кои што треба да се гордее цела држава бидејќи ги  има во своите редови.  За жал денеска дел од тие лица се прераспределени“, истакна Мицкоски.„Отпорот на Заев кон кандидатот што го предлагаме е неправда, како за сaмата личност, но и за професионализмот на многу како него. Но, најголема неправда би била оваа власт да избега од избори и Заев да потрае во политиката заедно со Шекеринска и Оливер Спасовски ден повеќе. А битката за професионализмот ќе биде драстична и голема на првиот ден веднаш по 12 април. Тоа ви го ветувам. Пред прагот сме на еден голем предизвик кога ќе треба убедливо да се поразат лагата, криминалот, корупцијата, срамот, понижувањата, декаденцијата и сето она што трета година по ред е реалност на политичката сцена во нашата држава. Токму затоа, јас во текот на денешниот ден ќе предложам ново име – кандидат за прв човек на Министерството за внатрешни работи. Заев ќе падне, и заедно со народот ќе ги поминеме сите препреки кои што тој и малкумината обожаватели околу него ни ги поставуваат на тој пат“, истакна Мицкоски.Ако денеска биде прифатен кандидатот за технички министер за внатрешни работи тогаш според најавите владата ќе биде формирана утре.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Novorodence

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески го посети првото новороденче за 2020 година

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска на Гинеколошкото одделение при Општата Болница во Охрид го посети првото новородено бебе во Новата 2020 година.Тој упати честитки до мајката, Нита Кркути од Дебар за новородениот син и во име на општината на бебето му подари вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци.-На малиот јунак кој е првото новороденче во Охрид, му посакувам пред се многу здравје, да порасне во многу среќен и успешен човек. Во мое лично име и во името на Општина Охрид, упатувам и искрени честитки до среќното семејство на новороденчето. Посакувам ова бебенце да донесе нова надеж и верба за подобра и поуспешна година. Ние како локална власт постојано работиме на секое поле да ги подобриме условите за живеење во градот, со цел младите да не се иселуваат и да имаат желба да ги изградат своите семејства во своето родно место. Само на тој начин ќе се создадат услови за зголемување на наталитетот што е една значајна основа за иднината на еден град, изјави градоначалникот Георгиески.Новороденото бебе е тешко 3,6 килограми и долго 54 сантиметар. Породувањето било спонтано, а лекарскиот тим го водела д-р Мимоза Влаши Хиса, гинеколог-акушер, заедно со д-р Зорица Стрезоска, неонатолог. Новороденчето и мајката се во одлична здравствена состојба.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

020

(ВИДЕО) Припадниците на Посебната единица за поддршка ја добија специјалната полициска опрема

За првпат од постоењето на Посебната единица за поддршка (ПЕП), во рамки на  финансиската донација на Владата на Чешка Република за потребите на Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од оваа единица денеска добија специјална полициска опрема во случаеви на нарушен јавен ред и и мир во поголем обем.Станува збор за опрема од заштитен карактер, која се користи за време на насилни протести и немири, а во неа влегуваат: заштитни елеци, штитници за пределот на рацете и штитници  за пределот на нозете, чија основна намена е заштита на полициските службеници од повреди. Воедно, покрај оваа опрема, извршена е и набавка на заштитни штитови за јавен ред и мир.Специјалната полициска опрема за припадниците на Посебната единица за поддршка претставува уште една активност во континуираните напори на МВР за подобрување на материјално-техничките услови за работа на сите припадници на полициските служби, што беше позиционирано меѓу највисоките приоритети за раководството на Министерството за внатрешни работи во последните две и пол години, со цел реално востановување на модерно  опремена и професионално подготвена полициска служба, согласно сите европски стандарди. фото: МВР

Македонија | пред 6 години

sv-ignat

Денеска е Св. Игнат, тоа што ќе го правите денеска ќе го правите цела година

Денеска е Свети Игнат. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка. Во народот постои верување дека она што ќе го правите и ќе ви се случува денеска, ќе го правите и ќе ви се случува во текот на целата цела година. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Првиот гостин што ќе ви дојде и ќе го пречекори прагот на вашата куќа се вика полазеник. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството. Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне годината.Исто така се верува дека каков ќе ви биде денеска денот, таква ќе биде целата година, затоа, денеска бидете весели и среќни, за целата година да ви биде исполнета со радост.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Наместо 500 до 3.000 евра плаќање кеш - Владата го зголеми лимитот

Наместо 500 до 3.000 евра плаќање кеш, се дозволува со измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам. Измените беа усвоени по скратена постапка на собраниската седница одржана на 27 декември, по иницијатива на неколку пратеници.Министерството за финансии најпрво го намали прагот за плаќање во готово од 15.000 на 2.000 евра, а потоа се намали на 1.000, а од јуни минатата година на 500 евра.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

134301833

Кумановец заработи кривична, без лиценца вршел превоз на огревно дрво

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.К.(34) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 02.11.2019 на локален пат во с.Белановце, општина Липково, без регистрирана дејност и без лиценца со товарно возило „газ“, вршел јавен превоз на огревно дрво.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Приведен Скопјанец, полицијата кај него пронашла марихуана

На 01.01.2020 во 23.20 часот во Горно Нерези, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.С.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

pedofil

Поведена постапка за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против жител на Виница, за сторено продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничениот го искористил претходното познанство со детето, па во ноември 2019 година го намамил во помошна просторија на станбена зграда каде го извршил кривичното дело. Потоа тој му дал парични средства на детето за да молчи. Осомничениот го повторил половиот напад врз детето на 31 декември, по што било откриено кривичното дело и осомничениот е лишен од слобода.Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на бегство на осомничениот, страв дека осомниченот ќе ги сокрие трагите од кривичното дело и ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до судија на претходна постапка во Основниот суд Кочани достави Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот.Основниот суд Кочани на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Истрага за обид за убиство во Чајлане, со нож неколкупати го прободел сопствениот брат

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 во врска со ст.1 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик.Осомничениот, во вечерните часови на 31 декември, во семејниот дом во село Чајлане, Сарај, при вршење семејно насилство, со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот брат.Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент осомничениот од џебот извадил нож и неколкупати го прободел оштетениот во вратот, нанесувајќи му убодни рани од животозагрозувачки карактер.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност тој да се даде во бегство, можност да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело, како и да ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

antonijo

(ФОТО) Новогодишни честитки од пратениците Ѓорчев и Милошоски со семејни фотографии

Со семејни фотографии пратениците преку социјалните мрежи упатија честитка за Новата година. Пратеникот Владимир Ѓорчев под фотографијата напиша:„ Среќна Нова година‼️ Многу љубов, здравје и среќа. 🎄 Влатко, Сузана, Марта, Филип, Никола и Катерина Ѓорчеви.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/photos/a.810767102284086/3076283809065726/?type=3&theaterИ Антонијо Милошески на сличен начин ја честиташе новата година. Тој објави фотографии и под нив напиша:„Благодариме на Дедо Боже за 2019та, кога Илина доби прво запче и крштевка, Михаела прво возење со автобус, Давид прв пат пеперутки во стомакот, Дариа прв пат на заболекар..., а и ние покрај нив многу насмевки и воздишки!На сите Ви пожелуваме Среќна Нова 2020 Година, со многу здравје и добри вести!“  - напиша пратеникот на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3118545344841390&set=a.258786697483950&type=3&theater 

Коментари | пред 6 години

srekna-nova-rada

Шекеринска: Секој ден да наликува на денешниот - здравје, љубов и среќа

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со семејна фотографија ја честиташе Новата година. напиша министерката на „Фејсбук“ под фотографијата со нејзиниот сопруг Божидар Јанковски и ќерката Ада.Под фотографијата Шекеринска напиша:„Среќна 2020 година! Секој ден да наликува на денешниот: здравје, љубов и среќа“.фото: ФБ Радмила Шекеринска 

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања