Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

DSC_9627

(ФОТО) Првото бебе во Новата 2020 год во Битола е женско

Пет минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на гинеколошко-акушерското одделение  се роди првото бебе во новата 2020 година, девојче, кое на свет дојде по нормален пат. Името и  е Евгенија, прва радост на нејзините родители.Првороденото бебе го посети градоначалничката  Наташа Петровска, која  на мајката и го честита донесувањето на свет  на малата Евгенија и и посака таа да израсне во човек кој  ќе остави свој впечаток во општеството.„Нема поголема радост од радоста за нов живот, пет минути после полноќ го имаме  првото бебе во Битола, женско, Евгенија, која ни донесе радост на сите. Нека е здрава и жива, да и се радуват во семејството,  да има спокоен живот, да ни израсне во голем човек и со неа да се гордееме како битолчани. Честитки и до екипата која што се вложи да го имаме овој радосен момент и годинава нека ни биде бериќетна на сите“, рече Петровска.Раководителот на одделението, прим. д-р Елизабета Чипуровска, од името на дежурната екипа им ја честиташе Новата година на сите жители на општината и порача младите да формираат среќни семејства во оваа година и да имаат принови, бидејќи иднината останува на младите.„За време на новогодишната ноќ имавме доста работа, пред доаѓањето на новата година се породија две пациентки, треторотки, а во новата година, првото бебе породено по нормален пат  од мајка Анита дојде на свет  5 минути по 12 часот, со тежина од 3.530 грама. Се течеше во најдобар ред и мајката и бебето се во одлична состојба“, истакна Чипуровска.Градоначалничката, покрај вниманието кон мајката со букет свежо цвеќе,  на првороденото бебе му подари ваучер во вредност од 20.000 денари.  Таа ги посети и останатите родилки и нивните деца, подарувајќи им букети .

Македонија | пред 6 години

SMK_5138

Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

Делегација на СДСМ во состав Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Магдалена Несторовска од Форумот на жени на СДСМ и Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 8- годишнината од неговата смрт.СДСМ, како и граѓаните на Република Северна Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров за нашата земја, кој изгради мостови на соработка и заедништво како внатре во општеството, така и во светот и со тоа го зацрта патот на интеграција и развој, кој и денес со гордост го одиме.Во интерес на иднината на граѓаните и на државата, СДСМ останува определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе. фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

pasko-kuzman

(СДК.МК) Паско Кузман: Ако кажам кај е гробот на Александар Македонски ќе почне трата светска војна

„По сите истражувања и проучувања што ги вршев годиниве, слободно можам да кажам дека знам каде е гробот на Александар Македонски, ама во овие моменти мојот интелектуален капацитет е насочен кон пишување на еден роман за нашинец во Париз“, вели археологот Паско Кузман, кој е познат по својата изјава дека нема да замине од овој свет сè додека не го открие гробот на еден од најголемите војсководци во историјата на човештовото, објави СДК.МК.„Во една прилика, кога ме прашаа зошто не кажувам ако знам каде се наоѓа гробот на Александар Македонски, одговорив дека ако тоа го направам ќе започне Трета светска војна. Јас дури стравувам за натамошниот развој на човештвото ако се дознае вистината за местото каде е погребан Александар. Тоа ќе биде нешто слично на откривањето на гробот на Исус Христос”, вели Кузман.Според негови сознанија, за кои не ветува дека се апсолутно прецизни, местото на погребувањето на Александар Велики е кај археолошкиот локалитет Исар во валандовското село Марвинци, објави СДК.МК.Текстот во целост на СДК.МКфото: Balkan Insight 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Судар помеѓу мерцедес и трактор, трактористот тешко повреден

На 31.12.2019 во 14.50 часот на магистрален пат Штип – Кочани, во с.Чардаклија, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес спринтер комби“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(32) од Струмица и трактор „имт-539“, со штипски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(78) од с.Чардаклија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Н., кој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

pistoli

Приведен битолчанец, во домот полицијата му пронашла пиштол и куршуми

На 31.12.2019 во 21.25 часот на ул.„Минела Бабуковски“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(29) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“. При претрес во неговиот дом, пронајдени се и одземени пиштол „црвена застава 99“, кал.9мм и една рамка со 15 куршуми за истиот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

134301833

Вршел јавен превоз на огревни дрва без лиценца – заработи кривична

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(45) од с.Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 02.09.2019 во с.Оризаре, пријавениот, без регистрирана дејност и без лиценца, со товарно возило „мерцедес“ вршел јавен превоз на огревни дрва со испратница издадена од фирма од с.Гошинце, општина Липково.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Жител од Дебрца тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 31.12.2019 во 18.15 часот на крстосница од магистрален пат с.Подмолје-Ќафасан со ул.„Мислешевски пат“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „застава југо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(47) од с.Волино - Општина Дебарца и патничко возило „фолксваген амарок“, со германски национални ознаки, управувано од Б.Р.(20) од СР. Германија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Шилегов, Царовска и Арслани ги посетија првородените бебиња во 2020

Градоначалникот Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и заменик министерот за здравство, Арменд Арслани денеска во ЈЗУ „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје“ ги посетија првите бебиња - близнаци кое се родија во Новата 2020 година.Близначиња, женско и машко, се првите бебиња што се родија годинава во Скопје. Бебињата се родени на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Првото е женско, родено во 00:01 часот, тешко 2360 грама и долго 47 сантиметри, а второто е машко и е родено во 00:03 часот, тешко 1760 грама и долго 46 сантиметри. Мајката на близначињата е Снежана Рунтева, а братчето и сестричето ќе се викаат Габриел и Анастасија.Градоначалникот Шилегов на мајката и семејството им честита за близначињата, посакувајќи им добро здравје и многу среќа. Тој на семејството во име на Град Скопје му додели паричен надоместок за близнаците и други пригодни подароци.Шилегов ја искористи приликата да ја честита Новата 2020 година на граѓаните и им посака добро здравје, среќа и успеси. фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

market

Граѓаните во 2019 најмногу јаделе леб, јајца, ориз, пилешко месо, макарони, компири...

Леб, јајца, ориз, пилешко месо, макарони, компири, пиперки, домати, сирење, биле најчестите продукти на трпезата на македонските граѓани во 2019 год.  Според податоците на Државниот завод за статистика, граѓаните се големи консументи и на цигари, едно домаќинство годишно просечно троши 136 кутии.Статистиката вели дека едно домаќинство просечно троши 257,4 килограми леб, 675 парчиња јајца, 46,5 килограми пилешко месо, 19,8 килограми макарони, 25,7 килограми ориз, 23,7 килограми сирење, 97,4 килограми компир, пиперки 60,7 килограми.Се пиеле 23,9 литри млеко и 47,3 литри јогурт.Од пијалаци граѓаните најмногу консумирале минерална вода 93 литри, безалкохолни пијалаци 90,6 литри, природни овошни сокови 2,1 литри. Од алкохол најмногу се пиело пиво 36 литри, вино 5,6 литри и природна ракија 1,5 литар.Кафе едно домаќинство годишно трошело 8,1 килограм, додека какао 0,7 килограми.Од риба граѓаните најмногу користеле ослиќ 16,7 килограми, свежа пастрмка 1,8 килограм, свеж крап 0,5 и црвеноперка 0,4 килограми.Пилешко месо се јадело 33,7 килограми, пилешки стек 12,8 килограми, јунешко месо без коски 15,7 килограми, телешко месо со коски 1,8 килограм, телешко месо без коски 5,4 килограми, свинско со коски се трошело 12,7 килограми, свинско без коски 10,9 килограми, јагнешко 1,7 килограм, јунешки џигер се консумирал 0,7 килограми, пилешки 2,3 килограми.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mercedes

ФОТО: Мерцедес смачкан во Лисиче

Автомобил марка „Мерцедес“ излетал од патот и се забил во тротоарот, па во зеленилото покрај него, објави Курир.мкАвтомобилот е прилично оштетен.извор: Курир.мк

Скопје | пред 6 години

pijan

29 пијани лица завршиле на Токсикологија, најмладиот пациент имал 14 години

14-годишно дете е најмладиот пациент кој за новогодишната ноќ во алкохолизирана состојба завршил на Токсикологија, а најстариот имал 63 години.Дежурните лекари примиле 29 лица кои претерале со пиењето за време на прославата, но велат сите биле лесни случаи и по неколку часа на Клиника ги пуштиле дома.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pozar-1

Скопските пожарникари во новогодишната ноќ имале осум интервенции

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје во текот на новогодишната ноќ имала осум интервенции. Меѓу интервнециите на дежурните противпожарни  екипи биле гаснењето на пожари на тераса, кое било од пиротхенички материјал, но и на дуќан и штала.Поголем инцидент имало  во близина на Бит Пазар, каде во интервенциите наишле на едно повредено лице кое користело пиротхеника. жфото: Архива

Скопје | пред 6 години

DSC_9360

(ФОТО) Со огномет, Дедо Мраз и музика, битолчани влегоа во Новата 202О година

На плоштадот„Магнолија“ во Битола, синоќа голем број битолчани ја дочекаа Новата 2020 година.  Со музичка програма, која започна во 21 часот, пред  битолската публика  синоќа настапија ДЈ Рикардо, КонТру ДЈ и Фанк‘ Д АпБенд, за крај, како кулминација на вечерта, настапи ЗаринаПрвасевда со својот бенд, изведувајќи македонски народни песни.Неизбежниот Дедо Мраз им ја честита Новата година на битолчани, со желби за добро здраве, успех и просперитет на сите, а точно на полноќ градот беше осветлен од голем огномет.Меѓу граѓаните, Новата година ја дочека и градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска заедно со сопругот и пријателите, заменик – министерката за образование Елизабета Наумовска, директорката на Здравствениот дом Весна Спиркоска и други личности од општественото и културното живеење.По прославата, градоначалничката ја посети дежурната екипа на Итната медицинска помош во Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ во Битола. фото: Општина Битола

Македонија | пред 6 години

sator

(ФОТО и ВИДЕО) Новата ја дочекаа во Охрид, сместени на прва линија до Езеро, а не платија ништо

Снаодливи гости сакале Новата да ја дочекаат во Охрид, да се сместат на прва линија до Езеро, а да не платат ништо.  Утрово на малото пристаниште на кејот спроти хотелот Палас, поставен е шатор во кој ноќта ја поминаа неколку лица. Не знаеме од каде се, ни зошто се одлучиле на минусни температури да спијат на отворено, но едно е сигурно истите сакале да заштедат, а да уживаат во Убавините на градот. За изборот на локацијата им честитаме, но ги потсетуваме, на ова место е забрането поставување на шатори, а за снаодливоста им „симнуваме капа“.Инаку Охрид е познат по тоа дека за празници и во екот на туристичката сезона се бара кревет повеќе. Овој пат факт е дека градот е преполн, но место за сместување секако дека може да се најде.

Македонија | пред 6 години

pozar-1

Пред полноќ пожар на Бит Пазар – Сопственикот пронајден во бесознание

Еден час пред полноќ , Пожарна Скопје интервенирала во подрачјето на Бит Пазар каде настанал пожар предизвикан од пиротехнички ракети.Сопственикот бил пронајден во бесознание, а веднаш е повикана екипата на Брза Помош која го пренесе повредениот, информираат од скопската противпожарна бригада.https://www.facebook.com/bppzgradskopje/posts/2611824452272052

Скопје | пред 6 години

seizmograf-zemljotres-620x350

Во првите часови од Новата, земјотрес во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, во  2 часот и 53 минути, ја затресе Албанија. Епицентарот бил 27 километри северо-западно од Драч во Јадранското море на длабочина од 10 километри.Претходниот ден пак земјотрес од 4,5 степени беше регистриран во Бугарија. Потресот бил со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 64 километри јужно од Софија.фото: Архива   

Скопје | пред 6 години

Roaming

Од денеска поефтин роаминг во земјите од Западен Балкан

Цените на роамингот во Западен Балкан ќе бидат намалени од девет на 35 проценти од денеска, во согласност со втората фаза од спроведувањето на регионалниот договор за роаминг.Цените ќе останат исти само во Црна Гора и во Босна и Херцеговина.Имплементацијата на Договорот за намалување на роамингот во регионот, потпишан во април, започна на 1 јули 2019 година и дека од 1 јануари 2020 година ќе започне имплементацијата на втората фаза, која предвидува нови пониски трошоци.Врз основа на регионалниот договор, од 1 јули 2019 година до 30 јуни 2021 година, се предвидува постепено намалување на цените на роамингот во неколку фази.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Ангеловска-Бежоска: Гарантираме – и во 2020 година денарот ќе биде стабилен

Народната банка и во 2020 година гарантира дека денарот ќе биде стабилен, вели гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за МИА. Како централна банка располагаат со редица механизми со кои секогаш се подготвени да ја гарантираат стабилноста на домашната валута, да ја одржуваат ценовната стабилност и да дадат максимален влог за поволен макроекономски амбиент. Укажува и дека макроекономските проекции посочуваат на продолжување и умерено забрзување на растот на македонската економија, со што би достигнал околу 3,8 отсто во 2020 година.Дали Народната банка, како и претходните години, и оваа година останува на одржување на ценовната стабилност, односно дали денарот ќе биде стабилен?Ние како централна банка располагаме со низа механизми со коишто секогаш сме подготвени да ја гарантираме стабилноста на домашната валута, да ја одржуваме ценовната стабилност и да го дадеме максималниот влог за поволен макроекономски амбиент. Гарантираме – и во 2020 година денарот ќе биде стабилен.Монетарната стратегија на одржување стабилен курс на домашната валута подразбира потреба од одржување соодветно ниво на девизни резерви. И во првите часови на новата година можам да потврдам дека тие на редовна основа се одржуваат на високо ниво. Заклучно со крајот на ноември минатата година изнесуваат нешто над 3 милијарди и 241 милион евра.Морам да нагласам дека сите показатели упатуваат на адекватност на резервите не само во тековниот период, туку и во однос на идната проектирана патека во следниот среднорочен период. Очекуваме дека проектираната надворешна позиција на економијата и однесувањето на економските субјекти ќе овозможи натамошен раст на девизните резерви, со што тие и во следниот период би биле во комфорната зона и би овозможиле соодветна поддршка за одржување стабилен денар.Стабилноста на домашната валута директно придонесува за одржување ниска инфлација, за стабилни очекувања на економските субјекти и за стабилен финансиски систем – фактори што се неопходни за обезбедување поволен амбиент за поддршка на растот на македонската економија.извор: МИА

Македонија | пред 6 години

1-1

(ФОТО) Дино Мерлин направи спектакл - над 60.000 граѓани ја дочекаа Новата 2020 год во Скопје

Скопскиот плоштад  претесен за расположени луѓе од цела Македонија, но и од околните земји кои Новата година ја дочекаа со концертот на Дино Мерлин.беше преполн, а, решија токму тука да го проследат доаѓањето Балканската музичка ѕвезда, Дино Мерлин, направи концерт за паметење на дочекот на Новата 2020 година.Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин. Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година.Новогодишната забава во срцето на Скопје вчеравечер почна уште во 20:30 часот со настапот на музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ кои ја загрејаа атмосферата во студената новогодишна ноќ и го најавија новогодишното шоу на Дино Мерлин.Плоштадот „Македонија“ изминатиов месец беше центар на новогодишните и Божикните празнувања во Скопје, а граѓаните имаа можност да ја почувствуваат празничната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма. Најголем интерес кај посетителите побуди дигиталната новогодишна елка, како и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“ кои беа сместени на плочникот меѓу ГТЦ и плоштадот. Во близина на куќичките имаше и мала сцена на која секојдневно се организираа настани и концерти наменети за различни возрасти.Градот Скопје и тимот на Дино Мерлин Ви посакуваат среќна и бериќетна Нова 2020 година исполента со добро здравје, многу љубов и голем успех.фото: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

ujp

Исплатата на поврат на ДДВ за второто тромесечје ќе биде во февруари 2020

Се заокружува второто тримесечје од МојДДВ. Граѓаните кои скенирале фискални сметки во периодот октомври – декември 2019 година ќе ги добијат своите средства од повратот на ДДВ во февруари 2020 година, информираат од Управата за јавни приходи.„Од почетокот на второто тримесечје, кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14,301,474,854 денари, вкупениот ДДВ изнесува 1,554,510,671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР“ соопшти УЈП.Како што се наведува, исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.За првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата почна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144,601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155,244,780.00 денари.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bliznacinja

Првите бебиња во Македонија – близначиња

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејбук профил објави дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во стартот на новата година се родиле првите бебиња – близначиња.https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2274559299517757

Македонија | пред 6 години

nil

Почина Нил Инес, ѕвездата на „Монти Пајтон“

Британскиот комичар и музичар Нил Иннес, најпознат како автор на музичките хитови за Монти Пајтон (Monty Python), починал во 75-та година од животот, соопшти во понеделникот телевизијата Sky News повикувајќи се на менаџерот на уметникот.„Загубивме убава, нежна душа чија музика допре до многу срца и чиј интелект и потрага по вистината нè инспирираше. Тој почина од природна смрт, без предупредување“, напиша неговото семејство во соопштението.Тажната вест ја потврди агентот Најџел Мортон. Тој рече дека смртта дошла неочекувано и дека Нил не бил болен порано.фото: Daily.mk 

Магазин | пред 6 години

silegov-dino

Биднаа и последните договори за концертот на Дино Мерлин

Градоначалник на Скопје Петре шилегов објави фотографија со Дино Мерлин кој вечерва за дочекот на Новата 2020 год ќе пее на Плоштадот во Скопје. Шилегов под фотографијата напиша:- Последни договори за новогодишниот спектакл, напиша Шилегов под фотката.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3109335122624398&set=a.1485117945046132&type=3 

Скопје | пред 6 години

tuse

(ВИДЕО) Фрлена рачна бомба кон градоначалникот на Лушње, повредени градоначалникот и секретарката

Градоначалникот на општина Лушња, Фатос Туше, и неговата секретарка Ериса Ќалиу се повредени откако во канцеларија на градоначалникот била фрлена рачна бомба.„Немилиот настан се случил во 09.00 часот кога, неговиот поранешен возач Гезим Сарачи, влегол во канцеларијата на градоначалникот и почнале да се расправаат со висок ток. Секретарката ја отворила вратата за да види што се случува. Во тој момент Сарачи ја фрлил рачната бомба и избегал од канцеларијата,се наведува во полициското соопштение по извршениот увид. Од експлозијата градоначалникот се здобил со повреда на десната страна на градниот кош и ноѕете, додека секретарката имала повреди на раката, лицето и ноѕете.Полицијата работи на расчистување на случајот.фото:Albanian Daily News

Свет | пред 6 години

soob

(ВИДЕО) Еден тешко повреден во сообраќајна несреќа во Охрид

Собраќајна несреќа се случи попладнево на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид кога од засега непознати причини лице кое управувало со возило марка „Мерцедес“ удри во друго паркирано возило.Интервенира и брзата помош која превезе едно потешко повредено лице  кое е хоспитализирано во „Општа Болница “ во Охрид.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања