Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

zaev-mickoski

Заев од Мицкоски побарал до 2 ри јануари да ново име за технички минстер  за внатрешни работи

До втори јануари претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да предложи ново име за технички минстер  за внатрешни работи. Ова премиерот Зоран Заев му го кажал во телефонскиот разговор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи предлогот Драган Ковачки бил противуставен, објави Алсат.„Останатите кандидати се прифатливи бидејќи не се под обвинение. За МВР очекуваме да дадат друг кандидат до 2 јануари. Предлогот Драган Ковачки не е во согласност со членот 97 од Уставот кој предвидува раководител во одбраната или полицијата пред изборот најмалку три години да биде цивил“, наведуваат од СДСМ.Но, од ВМРО-ДПМНЕ за Алсат велат дека остануваат на својот став, Ковачки да биде новиот прв полицаец.„Очигледна е желбата на СДСМ да бега од избори и да се противи на професионализам. Кога СДСМ го толкува Уставот, освен парцијалното гледање на работите, добро е да го погледнат и членот 23 од Уставот“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.Извор: Алсат 

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Нека имаме добар почеток во 2020 година, нека оваа нова година донесе нов дух во земјата

Почитувани граѓани и сограѓани, оставаме зад нас уште една година како 18 други, без напредок и реализација. Уште една година помина на штета на граѓаните за лична и партиска добивка, уште една година помина без никаков профит, се вели во честитката од Алијанса за Албанците.Многу е тешко да се зборува за годините упропастени од оваа власт преточена во олигархија која ја зароби државата и ја злоупотребува власта. Оставамезад нас уште една година со многу скандали, корупција, селективна правда, висока невработеност, прегазени медиуми и луѓе без надеж за добар ден.Време е 2020 година да не ја обележи нашата земја на последните места на ранг листовитеза добри работи, а на првите места за лоши работи.Нека имаме добар почеток во 2020 година. Нека оваа нова година донесе нов дух во земјата, оваа година нека биде година на надеж и промени. Промени што ќе ги донесеме сите заедно, со работа и можност да го победиме сето зло.Среќна Нова година, нека биде оваагодина, година на светлина, живот и надеж, се вели во честитката од Алијанса за Албанците.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

kate-birns

Среќни празници од американската Амбасадорка Кејт Брнс

Новогодишна честитка и обраќање на американската амбасадорка Кејт Брнс до граѓаните на Северна Македонија. Таа во своето обраќање на осврнува на најзначајните моменти за земјава во 2019 год, НАТО, соработката со САД, посетата на државниот секретар на САД во Охрид,  за можностите кои ни се нудат со седите, но и за економијата на земјава... https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/541303373263907/?v=541303373263907

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: Годината што следи ќе донесе промени на подобро, следува економски бум, неправдите ќе бидат поразени

Пред Новата година се потсетуваме на минатото. Моја голема желба отсекогаш беше да можам да направам нешто за мојата земја, за мојот народ  да е весел и радосен. Затоа што среќата на луѓето е најважна.Она што денес го гледаме е далеку од моите, и од вашите желби. Се повеќе тага на лицата, се помалку насмевки. Среќата ја совладуваат неправди, сеприсутната корупција ја разградува радоста, има црнила на секој чекор, измамите владеат. Животот стана руина.Новата година е и инспирација. Момент на топлина, визија, позитивен амбиент и голем елан. За желбите да станат стварност треба да се бориме, но  и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата.Верувам дека вие и вашите деца треба да сте среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ.Годината што следи ќе донесе промени на подобро, следува економски бум, неправдите ќе бидат поразени, а Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот. Принципите ќе важат за сите.Следува победа на идеалот за обновата!Со добри мисли и уште подобри намери, како еден од вас, ништо повеќе и ништо помалку од тоа, како човек, како ваш пријател, сосед, колега, познаник, сонародник, сограѓанин, ве повикувам да уживате во новата година и успесите кои сите заедно ќе ги оствариме и донесеме.А пред се ви посакувам топол дом, многу убави мисли и прегратки, уште повеќе здравје, бериќет и љубов за секој еден од вас.Нека е среќна, весела и радосна новата 2020 година.  Со почит,проф. д-р Христијан Мицкоски,Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

31122019_PVRSM_Zaev_novogodisno_obrakanje

(ВИДЕО) Заев: Во новата 2020 година да го направиме најдоброто за нашата земја

Новогодишно обраќање на премиерот Заев: На неколку часа пред Новата Година, кога сите сме со нашите најблиски, ви посакувам подобро и поубаво утре, здравје и исполнетост со радост и топлина.Некои наши сограѓани вечерва ќе бидат на работните места, во болниците, во Полицијата, во противпожарните служби, во Армијата - ќе се грижат за земјата и за нашата сигурност. На сите нив, да им оддадеме почит и признание.За припадниците на нашата Армија, и сите наши граѓани, 2020 година ќе биде година за паметење. Северна Македонија и формално ќе стане членка на најмоќниот сојуз – НАТО.Ништо нема да не запре и силно ќе чукаме и на портите на ЕУ зашто имаме што да кажеме. Бидете горди на овие постигнувања.Денес сакам да си ветиме дека во 2020 уште повеќе ќе го разгориме пламенот на заедништвото и солидарноста. Дека ќе ги негуваме и одржуваме љубовта и разбирањето кон другиот. Тоа се толку едноставни, а толку големи чекори. Да продолжиме да бидеме пример за кој сите зборуваат.Секој човек е важен. Затоа инвестирамевонашите граѓани, во иднината, во децата. Целиот наш народ, без исклучок, е нашето најголемо богатство. Драматично го свртевме социјалниот курс, ја правиме нашата земја социјална и праведна држава. Наша заедничка обврска е да овозможимесителуѓе да ја добијат шансата што ја заслужуваат,дагиискористат своитевештини.Постојано да си честитаме што успеавме да ги вратиме слободата и демократијата. Да се храбриме бидејќи имаме економија која платите ги влече напред, како никогаш до сега. Бидејќи економијата од минус ни отиде во плус. Но, да биде јасно, пред нас е обврската за целосно воспоставување на правна држава. Нема отстапки, нема шминки и брзи поправки, туку темелна реформа.Јас ќе направам сѐ за да го оствариме тоа. Останете посветени на правдата, вашата поддршка е суштинска за да успееме.Народе мој,Посакувам да сме сите живи и здрави и со најголема радост да ги дочекаме сите новородени во 2020 година, со решеност дека ќе обезбедиме топол и безбеден дом за секое дете, за секој човек.Во новата 2020 година, посакувам секој од нас да го направи најдобротозанашатаземја. Покрај обврските на државата, придонесот на граѓаните е многу важен за македонската иднина. Затоа, секој нека покаже како се сака сопствената земја.Ништоне е поважноодтоа.Ви посакувам од длабочината на моето срце, среќна, успешна и незаборавна нова 2020 година.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

17

(ВИДЕО) Формирана Единицата за интервентна полиција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ присуствуваше на официјализирање на формирањето на новата организациона единица при СВР Скопје – Единицата за интервентна полиција. Станува збор за  единица која што настанува со спојување на досегашните  единици - за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“.„Структуирана врз основа на проценетите потреби на СВР Скопје, но и врз основа на практиките на истородните полициски единици во земјите од ЕУ, Единицата, односно нејзините припадници ќе бидат фокусирани на остварување на работни задачи во посеопфатно и потемелно одржување на јавниот ред и мир, пред сѐ во делот на ефикасно спротивставување на сите облици на уличен криминал, особено кога е во прашање лоцирањето, справувањето и лишувањето од слобода на опасни, вооружени лица“, истакна министерот Спасовски.Единицата за интервентна полиција ќе биде поддршка и на другите организациони единици во рамки на СВР Скопје, а еден од приоритетите во нејзиното функционирање ќе биде континуираната обука и едукација на нејзините припадници, во насока на воспоставување на сите потребни професионални стандарди, вештини и знаења,  со што се очекува евидентно подобрување на севкупните резултати. Нејзините припадници, покрај професионалниот пристап, ќе се препознаваат и по новите специјални униформи.фото и видео: МВР

Македонија | пред 6 години

ojo

Постигнати спогодби со четири лица за Несовесно работење во служба и со едно лице за Бесправно градење

Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постигна спогодба со пет лица кои, по поднесувањето на Обвинителниот акт со кој се обвинува градоначалник, осум административни службеници од општина Карпош и две одговорни лица во правно лице, поднесоа изјави за признавање на вина.Според Обвинителниот акт заснован врз прибраните докази во текот на истражната постапка во временскиот период од 2012 година до 2013 година во рамките на Урбанистичката парцела на Основното училиште Лазо Трповски, обвинетиот Ј.К. како надзорен орган во правното лице Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги Карапанчевски Компани ДООЕЛ Скопје, во име и за сметка на правното лице, како надзор, спротивно на одредбите од Законот за градење, без Одобрение за градење, на инвеститорот, вршел надзор на градба деловен простор – административен објект на локалната самоуправа. Со своите дејствија обвинетиот сторил кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик. По признание на вина, обвинетиот се согласи да му биде изречена казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело.Во текот на 2016 година обвинетиот Н.Н. како службено лице во Општина Карпош, назначен за Претседател на Комисија за јавна набавка, обвинетиот С.М како службено лице –државен службеник во Општина Карпош назначен за Член на Комисија за јавна набавка и обвинетата А.С. како службено лице – државен службеник во Општина Карпош назначена за Заменик член на Комисија за јавна набавка, со пропуштање на должниот надзор, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности во постапка за јавна набавка за “Партерно уредување на Сквер во Жданец” прибавувајќи корист за Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги С.М.Компани ДОО Свети Николе во висина од 2.845.234,оо денари. Со своите дејствија сториле кривично дело Несовесно работење во служба од чл.353-в ст.5 од Кривичниот законик.Обвинетата Р.Д. како службено лице во Општина Карпош, во 2017 година, постапувајќи по Барање поднесено од физичко лице, пропуштила должен надзор и изготвила и потпишала Решение за утврдување на правен статус на времен објект за деловна намена како да е бесправно изграден објект, со што овозможила физичкото лице незаконски да се стекне со корист – право на сопственост на објект и ексклузивно право на откуп на земјиште под објект сопственост на Р.Северна Македонија.Осомничените го признаа извршувањето на кривичното дело што им се става на товар и се согласија да им биде изречена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку во рок од две години не сторат ново кривично дело и парична казна како споредна казна во висина од 500 евра во денарска противвредност.Судијата на претходна постапка ги прифати поднесените Предлог-спогодби и донесе пресуди со кои на обвинетите им се изрекуваат предложените казни. Мерките на претпазливост определени спрема обвинетите ќе бидат укинати по правосилноста на Пресудите по Предлог – Спогодбите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Првоосомничениот се повика на судски имунитет по предлогот на обвинителството

Првоосомничениот кој не беше достапен и за кого Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден побара да му биде определена мерка притвор, денеска самоволно се појави пред Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Во текот на денешното рочиште осомничениот се повика на судскиот имунитет. Судијата на претходна постапка го одложи рочиштето за да согласно законските одредби се обрати до Судскиот совет и да побара симнување на имунитетот. По добивање на известувањето за одлуката на Судскиот совет постапката ќе продолжи.Воедно, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи дека со вчера определените мерки за куќен притвор и мерки на претпазливост се поттикнуваат сторителите на кривичните дела и понатаму да извршуваат кривични дела, до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје достави жалби по решенијата на Судијата на претходна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

krazbi

Три лица обвинети дека се обиделе да извршат тешка кражба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против три лица кои како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Тешка кражба од чл.236 ст.1 т.1 во врска со чл.19 и со чл.22 од Кривичниот законик.На 27 декември, обвинетите по претходен договор, провалиле во куќа на ул. „Ферид Бајрам“ и се обиделе противправно да присвојат туѓи подвижни предмети. Додека еден од обвинетите останал во автомобилот да внимава да не наиде некој, другите двајца насилно влегле во куќата и започнале да претураат и да бараат вредни предмети. Во тој момент ги забележал случаен минувач кој повикал полиција. Тројцата обвинети се дале во бегство, но биле фатени и лишени од слобода од страна на припадници на полициската единица за прв одговор и интервенција „Алфа“.Со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство доколку обвинетите бидат пуштени да се бранат од слобода, надлежниот обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определените мерки – притвор за двајца од обвинетите и куќен притвор за третиот обвинет.

Македонија | пред 6 години

jadele-piele

(ФОТО) Командир и инспекторка јаделе пиеле и не сакале да платат, се заканиле дека ќе го затворат објектот и тоа во лето

Јаделе пиеле цела вечер и не сакале да платат. Вчеравечер во Охридски познат ресторан заменик командир и инспеторка јаделе, пиеле, уживале под изговор „Господ ќе ви плати“. Тие ги искористиле своите функции заканувајќи се на персоналот - домаќините, дека објектот ќе го затворат и тоа во лето.Постот со фотографијата е објавен на социјалните мрежи со цел да се покажи како се злоупотребуваат функциите.Охрид 1 контактираше со сопствениците на објектот од каде ни кажаа дека не подлегнале на заканите и дека по подолго убедување и расправање ги вратиле од надвор по што „господата“ си ја подмириле сметката.Да се надеваме дека командирот и инспекторката нема да ја злоупотребат својата фукција и нема да се светат како што кажале во лето.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3589646927742855&set=a.318836021490645&type=3&theaterфото: ФБ

Македонија | пред 6 години

stevo

(ВИДЕО) Пендаровски: Посакувам благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности

Во нашиот заеднички дом посакувам, пред се, да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Посакувам благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности. Почитувани граѓани на сите Ви посакувам добро здравје и меѓусебна почит. Затоа, да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме. А ние политичарите, ако сакаме младите да живеат тука, тогаш, уште од сега, мора да работиме со двојно поголем ангажман, за демократска држава и за слободно, хумано и солидарно општество.Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 година!https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/2886958041366733/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: 2019 беше година на порази, национално понижување, грабеж, беззаконие , мафијашки пресметки ...

2019 година беше година на порази, национално понижување и општ грабеж на парите на граѓаните.2019 година беше година на криминал, корупција, рекет и непотизам.2019 година беше година на мафијашки престрелки, запалени автомобили и беззаконие.2019 година беше година на клиентелистичко Кацарска судство, поданичко Рускоска обвинителство и неправди.2019 година беше година на пропаѓање на образованието, деградирање на земјоделието и криминализирање на здравството преку општ тендерски грабеж.2019 година беше година на целосна стагнација на капиталните инвестиции и масовно исселување на младите.Нашите граѓани во 2019-та ја живееја најмрачната година во историјата на државата благодарение на Зоран Заев. Наместо просперитет и успех, граѓаните живеат во чемер и јад.Годината која Заев ја најави како економска, впрочем е годината кога македонската економија колабираше. Годинава криминалната власт предводена од аболицираниот Заев не успеа да реализира ни 50 проценти од капиталните инвестиции, а домашните бизнисмени годината „економската“ година на Заев ја оценија како една од најлошите години во независна Македонија. Парите од секојдневното задолжување преку криминални тендери и грантови, непотистички вработувања завршија на сметките на партиски и владини функционери.Ни во 2019-та година лекарите не ги добија ветените 100 илјади денари плата, а речиси да не минува ден без протест на здравствените работници. Повеќе од 400 лекари си заминаа од државата само годинава, а пациентите се оставени на милост и немилост. Студентите по медицина „задолжително“ учат и еден странски јазик паралелно со студирањето и размислуваат каде ќе избегаат по завршувањето на студиите.“Најкултурен” настан организиран од власта годинава беше дивеењето на шверцери во МНТ. Состојбата во културата е  катастрофална. Не минува доделување на грантови или државна помош без крупен скандал. Културните работници наместо во театрите и институциите во кои што работа се на улица.Македонија нема ниту еден универзитет на Шангајската листа.За време на владеењето на Зоран Заев се случи и најголемата криминална афера во историјата на независна Македонија, аферата „Рекет“ во која се вмешани високи функционери на власта. Од сведоците дознавме кој се го посетувал домот на Бојан Јовановски, сите ги видовме неговите фотографии лично со Зоран Заев. Нема веќе дилеми во јавноста дека 2 пати аболицираниот криминалец Заев е на чело на криминално-рекетарска банда сместена на Илинденска бб.Повеќе од 500 илјади граѓани денот го поминуваат со само еден оброк, бидејќи повеќе и не можат да си дозволат. Овие наши сограѓани не планираат каде ќе ги поминат новогодишните празници туку како ќе го преживеат месецот. Наместо 500 евра плата, 500 километри автопат, живот како што ветуваше СДСМ македонските граѓани добија едно големо „мало сутра“ од Зоран Заев.Казната за лагите, поразите и понижувањата кои Зоран Заев им ги сервираше на македонските граѓани доаѓа на 12 април. Граѓаните на Република Македонија ќе ги поразат црнилата и ќе ја одберат обновата. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ ќе е глас за обнова на Македонија. Доаѓаат подобри времиња за Македонија и нејзините граѓани. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Новогодишна честитка од регулаторна - поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар на 68,5 денари за литар.Малопродажните цени на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат во просек за 1,28%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/литар и ќе изнесува 68,50 ден. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапуваат за 0,50 ден/литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 70,50 ден/лит, а дизелот по цена од 63,00 ден/литар.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zoran-teofiloski

Полицијата сеуште го бара судијата Теофиловски, останатите лица под истрага, но нема мерка притвор

Предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување на мерката притвор за шестмината осомничени не е прифатен. Судијата на претходна постапка на четири осомничени лица со решение им определи мерка куќен притвор, а за еден осомничен се определени мерки на претпазливост. За двете лица за кои обвинителството предложи мерки на претпазливост, судот ќе одлучува во текот на утрешниот ден за кога лицата се повикани да се јават пред судијата на претходна постапка.По добивање на известувањето од страна на правосудната полиција за постапување по наредбата за приведување и претрес на домот на првоосомничениот, кој е недостапен на органите на прогонот, доколку судијата на претходна постапка согласно своите надлежности му определи мерка притвор, обвинителството ќе издаде Наредба за распишување на национална и меѓународна потерница.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најавува жалба по денешните решенија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

devojka

(ФОТО) Девојка со капа од Дедо Мраз делеше пакетчиња на дечиња кои просат

ФБ статус кој ќе ви го стопли срцето:„И кога сите чекаме да ја испратиме старава година и да ја дочекаме новата, кога сите после работа брзаме некаде, кога имаме гужва која ни создава нервози, оваа девојка ни го стопли срцето. Делеше новогодишни пакетичиња и ги викаше децата кои просат на семафорите. Убаво е чуството кога некој ќе помисли и на овие деца. 👏👏👏 тоа е таа хумана страна ❤❤❤Која и да си девојко секоја чест...“https://www.facebook.com/humanastrana/posts/3608560699186515

Скопје | пред 6 години

IRL-LOGO-.jph_

ЗНМ: Заканите кон екипата на ИРЛ, сериозен обид да се замолчи истражувачкото новинарство

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува притисоците кои се вршат кон новинарката на Истражувачката репортерска лабораторија, Маја Јовановска. Вербалните притисоци и вознемирување следуваат откако ИРЛ ја објави истражувачка сторија поврзана со градежни активности од последните години, во населбата „Тафталиџе“ во Скопје.Освен ова, за време на викендот, сопственикот на градежната фирма „Настел“ – Зоран Азманов исто така испратил пишани пораки до Јовановска укажувајќи како таа „требала“ да известува за темите поврзани со градежништво. Овие пораки биле испратени на телефонскиот број на новинарката Јованоска веднаш по објавувањето на сторијата на ИРЛ за уништувањето на населбата Тафталиџе од страна на градежните фирми.Во обид да се смират тензиите, главниот уредник на ИРЛ, Сашка Цветковска го предупредува Азманов дека овие реакции кон новинарката претставуваат притисок и вознемирување и го упатува да се послужи со легалните инструменти или да се пожали до еснафските здруженија. Азманов и на овој обид реагира со вознемирувачки, обвинувачки и клеветнички пораки.Очекуваме во најбрзо време во МВР да биде повикан на разговор бизнисменот Азманов и истиот да образложи зошто има потреба да ја вознемирува новинарката Јовановска и кон истата да користи недоличен говор со елементи на закани и дискриминација.Освен ова, кон колешката Јовановска во текот на минатата недела била упатена телефонска закана преку пуштање на снимени звуци од експлозија. Телефонскиот број од кој е упатена аудио пораката е познат на МВР, а содржината на истата јасно укажува на обид за заплашување и вознемирување на новинарите од ИРЛ.ЗНМ ги повикува Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство сериозно да се заангажираат за расчистување на овие закани и наоѓање на идентитетот на лицето кое телефонски и се заканило на колешката Јовановска. Потсетуваме дека, институциите само преку строга санкција на нападите и заканите може да се спречат идно насилство кон новинарите.Овие закани, не се единствени кои ИРЛ ги пријавува до ЗНМ во 2019 година. ЗНМ беше информирано и посредуваше при заканите по живот врз новинарот Давид Илиески. Новинарката Сашка Цветковска беше повеќе месеци под физичко обезбедување поради работа на истражувања за организиран криминал. Оттука загриженоста на ЗНМ за безбедноста и сигурноста на новинарите кои следат корупција и криминал е оправдана.Заканите кон новинарите е брутално кршење на нивните права и претставува обид за цензура во медиумите кои се обидуваат критички да ја опсервираат  работата на бизнис заедницата.ФОТО: ЗНМ

Македонија | пред 6 години

Dino-Merlin-1

Дочек на Новата година во Скопје со Дино Мерлин

Балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин утревечер ќе ги забавува жителите на Скопје, но и сите гости од земјата и од регионот кои Новата 2020 година ќе ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. Градот Скопје заедно со Дино Мерлин за сите посетители на новогодишната ноќ ќе понуди спектакуларно и уникатно шоу вредно за паметење.Градот Скопје Ве поканува на големиот пречек на Новата година во срцето на Скопје. Забавата, утревечер ќе ја отворат музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ почнувајќи од 20:30 часот, а одбројувањето до Новата година ќе го направиме со спектакуларното музичко шоу на регионалната ѕвезда, Дино Мерлин.Дојдете да се забавуваме и заеднички, во добро расположение да и посакаме добредојде на новата 2020 година.фото: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

Foto-1-2-1

Средба на претседателот Пендаровски со претставници од Комората на извршители

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се сретна со претставници од Комората на извршители, а на средбата присуствуваше и министерката за правда Рената Тренеска Дескоска.На средбата се разговараше за предложените измени на Законот за извршување, како и за предлозите за посебно законско решение за ограничување на максималниот износ на каматите во однос на главнината на долгот, за воведување на институтот „личен банкрот“ и за рокот на застареност на побарувањата, особено воведување на апсолутен рок на застареност.Претставниците на Комората на извршители на средбата истакнаа дека се задоволни од законските измени кои предвидуваат отпис на два вида на долгови, односно долгови на граѓаните кон јавните претпријатија, како и отпис на долговите на ЈП кон државните органи. Но, нагласија дека сите законски измени не смеат да бидат на штета на извршувањето, како важен сегмент на функционирањето на правната држава.Претседателот Пендаровски, од своја страна, го повтори својот став дека секое законско решение треба да биде исклучиво во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.фото: кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

kosta-1

(ВИДЕО) Георгиески во Новогодишното обраќање: Охрид да прерасне во урбан, туристички центар кој ќе понуди подобри услови за живот

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески. Во дел од обраќањето градоначалникот рече:„ Изминатите 12 месеци беа исполнети со многу тажни моменти, низа предизвици и храбри чекори. Со јасна визија план и голема упорност успеавме да оствариме многу зацртани цели  на кои можеме да бидеме особено горди. Еден од најважните приоритети на кои посветено работевме беше враќањето на финансиската стабилност на општината. Го започнавме историскиот процес за раздолжување на општината и нејзина финансиска консолидација. По две децении конечно ќе имаме одблокирана сметка. Исклучително важен процес беше и формирањето на новото Јавно Претпријатие колекторски систем кое почна да функционира и ги превзеде обврските за одржување и обновување на колекрскиот систем. Со ова конечно  ги решаваме децениските проблеми со загадувањето на Охридското Езеро и целокупната животна средина. Огромна енергија потрошивме на исполнување на препораките на УНЕСКО. Како локална власт направивме големи чекори во рамки на заложбите на зачувување на статусот на светско, природно и културно наследство кој го поседува овој регион. Заедно со вашата поддршка и идеи со духот на заедништво и соработка ќе продолжиме да работиме за доброто на нашиот град со една заедничка цел  - Охрид да прерасне во урбан, туристички центар кој ќе понуди подобри услови за живот за нас и за идните генерации. Најискрени желби за мир, добро здравје и големи успеси. Ви посакувам Новата Година да ви донесе исполнување на сите ваши соништа, се вели во дел од честитката на градоначалникот Константин Георгиески.видео: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

vodici

Почнаа подготовките за чествувањето на „Богојавление -Водици“ во Охрид

Со одржувањето на првата средба на Организациониот одбор, што го формира градоначалникот Константин Георгиески, денеска започнаа подготовките за чествувањето на „ Богојавление- Водици“ и Денот на рибарите.На работниот состанок на одборот беа договорени обврските на сите субјекти вклучени во организацијата на овие традиционални манифестации и постојана меѓусебна комуникација за реализацијата на договореното.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

vozilo

(ФОТО) Општина Охрид доби противпожарно возило како донација од Германија

Општина Охрид доби специјално товарно противпожарно возило како донација од членовите на социјалдемократскиот општински совет на Тутлинген-Меринген, Германија.Се работи за современо возило од марката „Ивеко-Магирус“, опремено со целокупната потребна опрема за гаснење на пожари.Возилото значително ќе придонесе за зголемување на капацитетот на Охридската противпожарна единица. 

Македонија | пред 6 години

stevo

(ВИДЕО) И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ против Стевоски, сега на удар неговите синови

Некогашниот полицаец, Стевоски Стево сеуште мака мачи со правдата. Денеска тој обелодени дека МВР сеуште врши реваншизам врз него и неговата фамилија, за како што кажа  времето дедека бил вработен како полицаев во СВР Охрид, затоа што се борел против неправдата  во Охрид независко која партија била на власт . Стевоски вели дека овој пат на удар се неговите синови, кои и покрај тоа што ги поминале сите тестови сепак се одбиени за работно место полицаец, под изговор на фалсификувани документи.Денеска  до Јавното обвинителство за гонење  организиран криминал  и корупција Стевоски  поднесе кривична пријава против вработени во МВР,  СВР Охрид, и УБК односно АБН. Пријава е поднесена  поради основи на сомневање дека пријавените лица се сторители на кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и кривично дело фалсификување на службена исправа.„Именуваните во текот на 2019 год со злоупотреба на службената положба изготвиле извештај со невистинита содржина за моите синови  Стевоски Петар и Павел, односно изготвиле безбедносна проверка  и ја употребиле како вистина за комисијата на МВР за каде моите синови беа кандиди за прием на полицајци. Врз основа на фалсификувана исправа МВР ги одби двајцата кандидати под изговор дека се сторители на кривични дела за кои нема никаков доказ, нити се повикани на некаков разговор“, вели Стевоски.фото: Скопје 1

Македонија | пред 6 години

vozduh-ohrid

Стартуваа податоците за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Охрид

На 27-ми декември 2019 година стратуваа податоците од ЕУ ПРОЕКТОТ AIRTHINGS за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во Охрид. Поставени се 11 станични сензори, а три станични сензори комуникациски ќе се релогираат по нова година (на локациите во ОУ „Св.Климент Охридски“, Спортска сала„ Атина Бојаџи“ и ОУ „Христо Узунов“). Во Охрид се следат 5 еколошки параметри и три метеоролошки параметри.На платформата веќе се пуштени и 22 станични сензори во Софија, а до март 2020 година ќе бидат пуштени и станичните сензори во Солун, Никозија и Тирана.Податоците служат за потреби на проектните активности и истите не може да се превземаат ниту толкуваат за времетраењето на проектот без дозвола на Државен инспекторат за животна средина и Општина Охрид. Оваа платформа не е дел од Државната Мониторинг Мрежа на МЖСПП ниту дел од било која друга мрежа, истата е самостојна и креирана во рамки на ЕУ ПРОЕКТOT AIRTHINGS.Интернет страница на проектот е https:// airthings-project.com/ Со лев клик на мапата на Охрид се гледаат податоците за амбиентниот воздухВо прилог е и линкот со гранични вредности на емисиии во амбиенталниот воздух.air.moepp.gov.mk/?page_id=118фото:Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

ojo

ОJO Гостивар работи на расчистување на сообраќајната несреќа во која загина полицаец

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар синоќа изврши увид на местото на сообраќајна незгода на автопатот А2 Тетово-Гостивар на околу 500 метри по местото викано Тумчевишка клучка, во која животот го загуби еден полициски службеник.Според првичните сознанија од увидот, до несреќата дошло кога лице кое управувало со автомобил Форд фокус, со кичевски регистарски ознаки, не се придржувало кон прописите и не ја прилагодило брзината на движење според условите и состојбата на патот. Стигнувајќи на критичното место на кое полициски службеници ги пренасочувале возилата во десната сообраќајна лента поради претходно настаната сообраќајна несреќа, тој започнал да ги заобиколува возилата кои се движеле бавно и преминал во левата брза сообраќајна лента. Во тој момент изгубил контрола врз возилото, па удрил во бетонската ограда која го дели автопатот и во двајца полициски службеници. Од ударот, еден од полициските службеници бил исфрлен на спротивната страна од автопатот наменета за движење кон Тетово каде на него налетало патничко возило Фолксваген голф со тетовски реагистарски ознаки. Како резултат на повредите здобиени во несреќата, полицаецот починал. Вториот полициски службеник, пак се здобил со фрактура на раката и повреди на грбот и е задржан на лекување, додека со телесни повреди се здобиле и возачот и патниците во голфот кои се пуштени на домашно лекување.Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите пронајдени на лице место, како и на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа. Во меѓувреме, за возачот на автомобилот Форд фокус е побаран краткотраен притвор под сомнение за сторено кривично дело од чл.300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го прифати предлогот на Обвинителството и на возачот му определи краткотраен притвор во траење од 48 часа.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

karneval-vevcani

Мотото на годинешниот Вевчански карневал - „Напрај се Василичар“

Под мотото „Напрај се Василичар,“ Вевчанци ги завршуваат подготовките за Вевчанскиот карневал. Маските се подготвени, Василичарите го чекаат 13 јануари за конечниот почеток на карневалот стар милениуми.  Вевчанци прашуваат: „Кеојш?“ Одговорот веќе го знаете: На Вевчански карневал!Вевчанци, видно возбудени, и оваа година очекуваат рекорден број на посетители. Минатата година над 10 илјади гости присуствуваа на Вевчанскиот карневал, а домаќините велат дека секоја година бројот се зголемува. Тие сѐ уште ги чуваат во тајност маските коишто ги подготвуваа во текот на целата година, но најавуваат многу сатира, креативност и одлична забава.Рестораните и кафеаните се подготвени за да ги пречекаат гостите. Велат дека неодоливата вевчанска кујна и вкусното вевчанско вино несомнено ќе ги расположат посетителите и покрај ниските температури.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања