Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

turcija

Во Турција уапсени над 50 лица за тероризам

Турската полиција уапси најмалку 33 странски државјани, осомничени дека се поврзани со т.н. Исламска држава. Тие беа уапсени во Анкара во заедничка операција од страна на антитерористичката полиција и националната разузнавачка агенција, пренесува АП.Во исто време полицијата во раните утрински часови изврши рација во Батман во југоисточна Турција, при што уапси 22 осомничени лица, а рации се одвиваа и во Адана и Кајзера, при што беа уапсени 15 лица, од кои шестмина се странски државјани.Турските медиуми објавија дека уапсените во Анкара по потекло се од Ирак, Сирија и Мароко и трагаат по уште 17 лица.фото:  DW 

Свет | пред 6 години

badnik

Бадник е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

За граѓаните од православна вероисповед, 6 јануари 2020 година (понеделник) ќе биде неработен ден, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Одлуката е донесена според Законот за празниците на РМ, поради тоа што православните верници на овој ден го прославуваат Бадник, денот пред Божик.Воедно, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

monika

Моника ноќта ја помина во болница со својата мајка - со киднаперот сеуште се трага

Потрагата по Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчанскиот берберин, кој ја киднапираше 12-годишната Моника Каримановиќ, која беше пронајдена жива вчера, продолжува бидејќи се уште не е пронајден.  Потрагата продолжи и во подрачјето на селото Пасјача, каде вчера е пронајдена Моника и каде последен пат е виден киднаперот Јовановиќ.  РТС објави дека вчера и во текот на ноќта имаше вистинска опсада – полициски патроли и голем број полицајци биле на теренот на секои 50 метри.Моника беше пронајдена вчера благодарение на Емил Живиќ од Ниш, кој вчера во својата викендица во селото Пасјача го пронашол киднапираното девојче Моника Каримовиќ.Тој раскажал дека сосема случајно со синот одлучиле да поминат до викендицата која ја поседувале во ова село, а во која не живеел никој.Моника е пренесено во Клиничкиот центар во Ниш, Таа ноќта ја помина со својата мајка. Нејзината психофизичка состојба ја следат докторите, а психолозите треба да кажат кога Моника ќе може да ја напушти болницата. Тие се категорични дека на малолетното девојче и треба помош за да ја надмине оваа огромна траума.Директорот на Клиничкиот центар во Ниш, докторот Зоран Радовановиќ, утринава изјави дека состојбата на малата Моника Каримановиќ е стабилна.„По анализите што беа извршени во текот на ноќта, по консултации со психолог, можеме да кажеме дека состојбата на Моника е стабилна“, рекол доктор Радовановиќ за телевизијата „Прва“.фото: Архива

Свет | пред 6 години

zaev-cestitka

(ФОТО) Заев со семеството: Дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам

По теркот на светските политичари, премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа Фејсбук објави новогодишна честитка со семејни фотографии. Во честитката премиерот напиша:Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици.Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам, напиша премиерот на ФБ.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/pcb.10158141890917932/10158141866767932/?type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

bebinja-37aztxcizx5mcibr5rdclc

Кинескиот научник кој ги создаде првите „генетски модифицирани“ бебиња осуден на три години затвор

Кинескиот научник кој минатата година го шокираше светот со создавањето на првите „генетски модифицирани“ бебиња, е осуден на три години затвор, поради незаконска медицинска пракса, објави агенцијата „Ксинхуа“.Покрај затворската казна, тој беше осуден и со парична казна од 430 000 долари, јави Синхуа.Двајца негови соработници добија помали казни.Жанг Ренли беше осуден на две години затвор и Квим Жинџоу на една и пол година.фото: Архива

Свет | пред 6 години

cuda-srbija

(ВИДЕО) Вучиќ сними новогодишно видео, социјалните мрежи „зовреа“, генерално со критики

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео преку кое на граѓаните им посака среќни празници. Дејството на спотот се одвива во дневна соба, каде млади луѓе гледаат натпревар и ги сумираат резултатите кои  ги постигнала Србија. Тие се прашуваат дали да се верува во чуда? Дека чудата постојат им образложува Александар Вучиќ кој при тоа ги служи со чај.„Чудата ќе продолжат да се случуваат само ако Србија остане една голема, паметна и јака фамилија“, вели Вучиќ во видеото, кое стана хит и предмет на потсмев на социјалните. мрежи.https://www.facebook.com/hela.97/videos/2406983109518923/фото ФБ   

Магазин | пред 6 години

vreme

Времето денеска променливо облачно и студено

Времето денеска променливо облачно и студено, во во текот на денот обланоста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен а наместа повремено силен северен ветер со брзина и над 60 км/час.Дневните температури ќе бидат во Скопје 2, Маврово -6, Охрид 2, Битола 1,Крива Паланка -2, Берово -1, Кавадарци 7, Дојран 6 Целзиусови степени.Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

АМСМ: Снег со слаб интензитет врне во Крива Паланка, Маврово и на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Крива Паланка, Маврово и на Стража.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Крива Паланка, Маврово и на Стража.ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2019 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dragan-kovachki

Здружение на полициски работници „Сигурност“: Сметаме дека е време професионалец како Драган Ковачки да ја превземе службата и работата на МВР

Здружението за заштита на правата на вработените во МВР „Сигурност“, во писмото кое го испрати до јавноста му дава целосна поддршка на кандидапот за технички министер за внатрешни работи, Драган Ковачки, предлог на опозициската ВМРО ДПМНЕ. ВО писмото се вели:Почитувани, како вработени во МВР, целосно посветени на службата кон државата, сметаме дека е време професионалец како Драган Ковачки да ја превземе службата и работата на МВР. После подолг период неопходна е професионализација на МВР, чии структури се политизирани подолг временски период и особено изобличени со непрофесионални и нестандардни систематизации. МВР има потреба од професионалци кои ќе го спроведуваат законот. Нема министерство кое не доживува дисторзии кога во еден ден се пишуваат над 1.000 решенија за прераспределување на работните места и задачи. Ете токму тоа се случи последниот месец во Министерството за внатрешни работи. Треба да се стави крај на политизацијата на полицијата, а Ковачки е професионалец во кој веруваме. Стоп за политички решенија, да, за професионалци во МВР. МВР е комплексна структура каде редот и поредокот се најважни, пред сè дисциплината и посветеноста, пишува во соопштението на Иницијатива „Сигурност” за заштита на правата на вработените во МВР.

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

ВМРО ДПМНЕ: Каде заврши торбата Луј Витон со еден и пол милион евра? Каде завршија други изрекетирани пари кои се проценуваат над 20 милиони евра?

Заев молчи за случајот Рекет и очекува целиот политичко-обвинителско-медиумски криминал да се покрие со пресуди од по десетина години затвор за неколкумината обвинети. Заев се надева дека така јавноста ќе заборави за неговата улога во рекетирањето и поддршката што постојано тој и неговите највисоки функционери им ја даваа на Боки, Катица, Ременски и останатите обвинети, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев може да се надева, но јавноста мора да знае што барале Шекеринска, Филипче, Кирацовски, Ременски и пола влада во домот на Боки 13, местото од каде што се договарал и реализирал милионскиот рекет.Каде заврши торбата Луј Витон со еден и пол милион евра? Каде завршија други изрекетирани пари кои се проценуваат над 20 милиони евра?Каде е официјалниот записник или белешка од наводното пријавување на рекетот за кое говори Заев, или можеби тој е изворот од влада кој што го известил Боки 13 дека е откриена мрежата за рекетирање?Зошто Заев до излегувањето на материјалите за Рекет во странски медиум упорно ја бранеше Катица Јанева, па дури и бараше нејзин реизбор?Што содржат писмата на Катица Јанева до ОЈО, а за кои известуваа медиумите во кои се споменувале компромитирачки материјали за актуелните функционери од власта?Има ли и што содржи УСБ-стикот кое во судството е заведено под број НСКРО74/17, а за кое јавноста вели дека во него има сериозни индиции за криминал?Зошто министерот за надворешни работи Никола Димитров не го пријавил рекетот, иако бил известен од амбасадорот на Латвија дека бизнисмен од Македонија и латвиски конзул бил рекетиран?Како тоа пола Влада и СДСМ соработувала со Боки 13 и никој не пријавил нешто сомнително или можеби тие биле директно вмешани во изнудувањето, броењето и поделбата на милионските суми изрекетирани пари?Вистината ќе излезе на виделина. Колку и да сакаат од Обвинителството да го забошотат случајот и да го ограничат на двајца-тројца обвинети, сепак криминалот е многу поголем и подлабок. Главата на криминално-рекетарскиот октопод, ако не се открие сега ќе се открие многу скоро, а одговоност ќе има после 12 април кога обновата и правдата ќе дојдат во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

mikic

Почина Слободан Мичиќ, автор на емисијата „Светот на дланка“

Најпознатиот „српски патник“ Слободан Миќиќ, кој на регионалната јавност и беше познат по патеписните емисии „Светот на дланка“, почина денеска по долго боледување на 76-годишна возраст.Тој во своите емисии на гледачите им ги приближуваше земјите и културите од целиот свет. Миќиќ емисијата ја работеше заедно со сопругата Марија Миќиќ.Тој беше економист по занимање, но очигледно повеќе му лежеше туризмот. Тој  успеа преку своите емисии да ги однесе луѓето во најдалечните делови на планетата – од Уганда до Галапагос, од Фиџи до Исланд, каде беше почесен конзул, ги отвори вратите на многу дестинации, а на публиката им ги приближи необичната храна и обичаите.Со туризам почнал да се занимава во агенцијата „Путник“, каде поминал 25 години. Зборувал англиски и германски јазик.

Свет | пред 6 години

mvr

СДСМ бара од ВМРО ДПМНЕ да дадат нов предлог за технички министер за внатрешни работи

Владејачката СДСМ го одби предлогот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ полковникот во АРМ  да биде технички министер за внатрешни работи. Од СДСМ велат дека предлогот е неуставен и дека лидерот на МВРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да даде нов предлог.  Од Владејачката партија се повикуваат на членот 97 од Уставот дека на чело на МВР мора да застане цивилно лице, односно лице кое најмлаку 3 години не е во унифоирма.Од СДСМ додаваат дека остануваат отворени за наоѓање  прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

monika-1

(ВИДЕО) Малата Моника пронајдена жива, киднаперот во бегство

Девојчето Моника Каримановиќ (12), која исчезна пред 10 дена и за чие киднапирање е осомничен Нинослав Јовановиќ, пронајдена е жива, додека „Малчанскиот берберин“ е во бегство и се обидува да отиде во Бугарија.Девојчето е пронајдено во близина на Шврљаг.Брзата помош го згрижила девојчето кое е во стабилна здравствена состојба но видно исцрпено. Таа е комуникативна и свесна. Според неофицијалните извори мајката на Нинослав е од местото во кое е пронајдена Моника.Во големата потера беа вклучени  за пронаоѓање на Моника беа вклучени преку 800 припадници на полицијата и на војската на Србија.  Се верува дека тој ја киднапирал Моника некаде во околината на Књажевац, додека таа одела на училиште.Според истрагата, Јовановиќ и Моника неколкупати биле забележани од очевидци, а исто така биле пронајдени и нивни траги во провалените куќи во кои тој и неговата жртва престојувале.фото: Espreso 

Свет | пред 6 години

img-11

(ФОТО) Индиец на ГП „Богородица“, се обидел да прокриумчари сограѓанин во багажникот од возилото

На 29.12.2019 во 12.00 часот на Граничен премин „Богородица“  од страна на полициски службеници бил лишен од слобода М.С.(22) од Индија, со италијанска лична карта, затоа што во возилото „фиат пунто“ што го управувал, а било со италијански национални ознаки, се обидел да прокриумчари мигрант. При контрола во возилото бил откриен Р.С(22) од Индија, кој бил сокриен во багажникот. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

napadnati

Масакр на прославата на еврејски празник - Петмина избодени со нож во дом на рабин

Пет лица се избодени синоќа на прослава на еврејскиот празник ханука во градот Монси недалеку од Њујорк, соопштија властите. Oсомничениот за нападот e притворен.Напаѓачот, кој носел шамија, ги избодел луѓето во куќа во местото Монси на околу 50 километри северно од градот Њујорк, во текот на славењето на празникот Ханука на кое во домот на рабинот присуствувале десетици луѓе.Местото Монси се наоѓа во округот Рокленд во кој третина од жителите се Евреи, а меѓу нив е големата хасидската заедница на ортодоксни јудаисти кои живеат многу повлечено. 

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Предлогот на ВМРО ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат

После отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат за министер за внатрешни работи. Уставот е јасен, согласно членот 97, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција, се вели во соопштението од СДСМ.Во членот 2 од Законот за полиција се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства.Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат.Не може да се повикувате на право а да промовирате предлози спротивни на Уставот. Кршењето на Уставот не е и не може да биде ниту право, ниту правда, ниту принцип.Политички е целосно погрешно да се промовира кршење на највисокиот правен акт во државата Уставот. Ниту една политичка партија пред граѓаните не смее да помисли да излегува со неуставни предлози.Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висина на задачата и одговорноста која ја има со влезот во преодната Влада и порачуваме дека остануваме отворени за наоѓање  прифатливо решение со кое нема да се крши Уставот. До 3 јануари има доволно време да се постигне согласност и да продолжиме кон подготовката на изборите кои ќе се случат на 12 април, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

elka-2

(ФОТО) По 17 -ти пат украсена подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро

Нуркачите на Нуркачкиот центар “Амфора” и Клубот за подводни активности “Охрид” годинава по 17 -ти пат  ја поставија  и украсија  подводната новогодишна елка на дното на Охридското Eзеро кај Заливот на коските Градиште. На еден редок и уникатен начин тие своите новогодишни честитки ги упатуваат до децата со ретки болести на кои им ја посветуваат оваа ретка подводна новогодишна елка.Со желби за добро здравје , навремена дијагноза и достапност на лековите кои значат живот за децата со ретки болести по трет пат годиниве им ја посветуваме оваа елка токму нив, бидејки  во нивниот живот полн со предизвици  им е најпотребна нашата поддршка. Настанот на китење на подводната елка како една своевидна атракција има големо значење за промоцијата на Охрид и претставува уште една причина да се посети Музејот на Вода.Благодарност до моите сограгани за несебчната поддршка која ми ја даваат годиниве. Мојата желба е повеке слух од институциите за пациентите со ретки болести и усвојување нацрт документот за Национална страегија за ретки болести од страна на владата на РСМ со која ќе се унапредат политиките за грижа  на овој тип на пациенти, истакна Лолеска Гордана грагански активист и член на здружението на грагани со ретки болести “Живот со предизвици”.  фото: Нуркачки центар Амфора

Македонија | пред 6 години

Social-media

Јавните функционери со намалена активност на социјалните медиуми во 2019 година

87 од вкупно 120 пратеници користеле социјални медиуми во 2019 година. Владиниот кабинет имал 24 од вкупно 26 министри онлајн, додека бројот на активни градоначалници на најмалку еден социјален медиум годинава изнесува 74 од вкупно 81, покажа Анализатa на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми, а активно беа вклучени и Теа Бошкова, Велимир Лав Илиќ, Ема Павловска иАлександра Богдановска – студенти од втора година на отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.Споредено со минати истражувања направени во 2017 и 2018 година, речиси секаде се бележи пад или стагнирање во активното користење на социјалните медиуми од страна на јавните функционери.Нешто повеќе од 2/3 или 87 од народните избраници биле активни на Фејсбук во годинава што изминува. Следи Инстаграм, каде свои онлајн активности имале 23 пратеници, а на дното на листата се наоѓа Твитер, кој бил популарен меѓу 10 проценти од народните избраници, односно како начин за комуникација го избрале 12 народни избраника. Статистиката покажува дека вкупно 10 пратеници истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека дури 31 народен избраник немал свој профил/страна или канал на било кој од социјалните медиуми во 2019 година.Споредено со првата Анализа на оваа тема направена од ИДУЕП во 2009 годинасе бележи зголемување на бројот на пратеници кои се присутни на Фејсбук. Тогаш ваква активност имаа 35 пратеници, додека бројката е драстично намалена споредено со 110 онлајн присутни пратеници во 2017 година и 112 во 2018 година. Споредено со минатата 2018 година кога на Твитер и Инстаграм биле активни по 31 народни избраници, во 2019 година бележиме видливо намалување на активностите на овие социјални медиуми.„Јавните функционери е потребно да бидат многу повеќе отворени за медиумите и одговарање на нивните прашања во најкус рок. Истовремено, во време на дигитализација потребно е сите податоци за нивната работа да бидат достапни онлајн што конечно треба да ги постави темелите на дигиталната транспарентност на функционерите и јавните институции. Не треба да се биде присутен онлајн затоа што е модерно, туку пред сè да се излезе во пресрет на очекувањата и навиките на граѓаните кои во огромен процент се активни во интернет просторот“, вели Бојан Кордалов, автор на оваа Анализа изработена за потребите на ИДУЕП.Анализата понатаму покажа дека 24 од 26 министри во Владата се активни на Фејсбук во 2019 година, што претставува стабилно зголемување и раст споредено со претходните години. Во 2017 година тој број изнесувал 20 министри, а во 2018 година е забележан и првиот раст, односно 23 членови на владиниот кабинет се присутни на најбројната социјална мрежа.Намалување во однос на минатата година е забележано на присуството на членовите на Владата на Твитер и Инстаграм. Инстаграм бил изборот на 11 министри, додека 10 се одлучиле да бидат активни на Твитер.Споредба со 2017 година: 8 министри на Твитер, а 10 на Инстаграм; Споредба со 2018 година: 14 министри на Твитер и 14 на Инстаграм.Статистиката покажа дека вкупно 9 членови на владиниот кабинет истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека 2 министри не биле воопшто присутни и отворени за двонасочна комуникација преку социјалните медиуми во 2019 година.Актуелниот премиер Зоран Заев, како и новопредложениот премиер Оливер Спасовски се истовремено активни на сите социјални медиуми опфатени со оваа Анализа: Фејсбук, Твитер и Инстаграм.За прв пат, оваа Анализа ги опфаќа го веб присуството на министерствата и веб платформата на Владата. Свои официјални веб страни имаат 16, додека 1 министерство нема веб страна. 12 министерства се активни на Фејсбук, 6 на Твитер, а 5 од вкупно 17 се присутни на Инстаграм. Само Владата, Министерство за финансии и Министерството за здравство се истовремено присутни со веб платформа, како и свои акаунти на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека, пак, дури 5 министерства не нудат можност да бидат контактирани преку социјалните медиуми.„Охрабруваат податоците што целокупниот државен врв – претседателот, премиерот и претседателот на Собранието се присутни на онлајн платформите. Сепак, потребно е сите јавни функционери да го практикуваат ваквиот пристап бидејќи транспарентноста и одговорноста мора да се оствари на сите нивоа на власт. Наједноставно кажано, секој јавен функционер и институција кои се финансираат од буџетот, односно од парите на граѓаните и компаниите, мора да бидат отчетни и отворени кон оние кои ги финансираат и на нив да им полагаат сметка“, истакна Бојан Кордалов, автор на Анализата спроведена за потребите на ИДУЕП.Намалување на активното користење на социјалните медиуми е забележано и кај единиците на локалната самоуправа. 74 од вкупно 81градоначалникбиле активни на Фејсбук во 2019 година. Во 2017 година тој број изнесувал 80, а во 2018 година 79 градоначалници се присутни на најбројната социјална мрежа.На Твитер во 2019 година се активни само 5 градоначалници, додека на Инстаграм тој број изнесува 25.Споредба со 2017 година: 5градоначалници на Твитер, а 21 на Инстаграм; Споредба со 2018 година: 7 градоначалници на Твитер и 29 на Инстаграм.Статистиката покажува дека вкупно 3 градоначалници истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, додека 7 немалесвое присуство на ниту еден од социјалните медиуми во 2019 година.Кај општинското присуство се забележани следните статистики за 2019 година: Веб страна имаат сите 81 општина во нашата земја, 55 се присутни на Фејсбук, 5 на Твитер, а 12 општини нудат можност да бидат контактирани преку социјалната мрежа Инстаграм. Свое истовремено веб, како и присуство на социјалните медиуми (Фејсбук, Твитер и Инстаграм) имаат Градот Скопје и општина Карпош, додека, пак, во ера на дигитализација, дури на 23 општини не може да им се пристапи преку било која од овие три социјални мрежи.Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи 

Македонија | пред 6 години

pocina

Ненадејно на Бадник во својот дом почина актер од „Игра на тронови“

Ендрју Данбар, глумец од „Игри на престолите“ ненадејно починал на Бадник, во својот дом во Белфаст. Данбар бил дублер на Алфи Ален кој во серијата го глуми Теон Грејон.https://twitter.com/SirJessmo/status/1210311686638493732?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1210311686638493732&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fscena%2Ftv-i-film%2Fbeshe-mlad-chovek-so-golemo-srce-nenadejno-pochina-akter-od-igra-na-tronovi%2F

Магазин | пред 6 години

mickoski

ВМРО ДПМНЕ: Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение го пренесува ставот на претседателот  Христијан Мицкоски, за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки да биде технички министер за МВР. Во соопштението се вели:Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта.А она што насушно и треба на Македонија е професионалците кои оваа влада сега ги става на маргините, да им се даде шанса да ги преземат работите во свои раце.Фактите говорат дека оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив.Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации. А ние со ваков предлог сакаме да направиме дисконтинуитет во хаосот кој Заев и Спасовски со лошото менаџирање во МВР го создаде во државата, дисконтинуитет на рекетите под државна капа, клановите блиски до власта кои спроведуваат криминал, дисконтинуитет на бандитизмот кој се шири низ улиците, заплените автомобили, дрогата која е на секој чекор. И ВМРО не отстапува од борбата против сето ова.Она што ми е поважно од тоа да се избере решение кое ќе му се допадне на Заев, е да се бори против криминалците и да и служи на Македонија.Благодарност до сите кои се јавија и изразија поддршка за нашиот пристап. За решение кое е без ниту една црна дамка, што и највеќе ги плаши криминалните од власта. Тоа пак ме охрабрува да продолжиме со нашата заложба за борба против корупцијата, криминалот и мафијата која е спрега на политика, криминализиран дел од полициското подземје и бандитите на улиците кои одработуваат за власта. ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин претседател верува во професионалците кои се дел од нашите институции, во чесните луѓе кои се разочарани од оние кои гледаат на политиката низ призма на само личен интерес и воедно имаат надеж дека доаѓаат луѓе кои ќе се борат за да сето ова го променат и да вратат ред и поредок во државата. Тоа се храбри луѓе кои ќе бидат мобилизирани и затоа стравот кај многумина од овие криминални структури е очигледен. Токму затоа е и нашиот предлог за технички министер, бидејќи тој човек ќе работи со тие професионалци и храбри луѓе кои не се плашат, и ја сакаат Македонија затоа што немаат резервна држава и се надвор од клановските врски меѓу подземјето и политиката. И знам дека вакво едно решение ја избезумува власта и нејзините перјаници кои треба да знаат дека допрва ги чека главоболка пропорционална со степенот со кој се огрешиле спрема законите и народот на Македонија. Затоа ја повикувам Власта да не ги одложува работите, кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми.Вистината зошто го оспоруваат нашиот предлог за технички министер за Внатрешни работи треба да се бара во истата причина зошто претходно пуштија над сто закони во Собрание, повеќето за заштита на личните и лукративни интереси на врхушката на власт, или пак во тоа што го одбија предлогот за превремена ратификација на протоколот за членство во НАТО. Сето ова е само алиби, а вистината лежи во сознанието дека ќе загубат на изборите и тоа ги прави нервозни и тогаш најмногу грешат, се плашат, галамат, даваат отпор кон она што е неминовно. А народот ги чека да им го даде црвениот картон и не е прашање дали ќе паднат, затоа што ним им се бројани деновите во политиката, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

naum

Стоилковски: Нов бран на зараза од непотизам, семејството на Шекеринска вдомено во државна администрација

Се случува нов скандал, се случува нов бран на зараза од непотизам. Партиските вработувања кои се случуваат во предизборието откриваат фрапантни податоци за зараза од непотизам. Институциите се полнат со роднини, пријатели на функционери на СДСМ, додека квалитетните не добиваат шанса, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Полнењето со нови вработувања во МЕПСО, ЕЛЕМ, владините министри донесоа зараза од нов непотизам.Единствен критериум за вработување во Македонија е да бидеш во семејна релација со кланот на власт! Непотизмот е симболот на работење на оваа власт во заминување.Почитувани, и Радмила Шекеринска е иста како Мира Дизел, како Кирацовски, Костадин Костадинов и редица други функционери уловени во скандалозни непотистички афери со семејни вработувања во државната администрација!Заразата од непотизам открива.Прв братучед на Радмила е Никола Наумовски - шеф на кабинет на Петре Шилегов, скопскиот градоначалник. Неговата сопруга е Сања Арсовска - сега прв синдикалец во културата. Катица Арсовска, мајката на снаата на Радмила, е директор, раководител на Агенцијата за вработување во Штип! До кај се стигнало, се да се вработело и напикало на функција во администрацијата! Ако не може во Скопје - тогаш низ државата!Џабе беа метлите, џабе лагите, ниту се испита, ниту презеде нешто за вработувањата во МНАВ или ЕЛЕМ и сите институциите каде платите се неколку пати поголеми од просечната.Затоа квалитетните се иселуваат, а децата на функционерите од власта се вдомуваат во државни јасли.Почитувани, Шекеринска која се фалеше дека ќе ја формираат најмалата влада во Република Македонија, остана до крај во најбројната влада на Македонија, Влада на СДСМ која ја исцица економијата, ги скрати пензиите за да си ги качи платите и да ја наполни администрацијата!Почитувани, за 4 дена Зоран Заев си оди; на 12 април ќе замине сета оваа мрежа. Обновата ќе почне, а одговорност - мора да има, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

80828009_486883038623312_286615275174887424_n

(ФОТО + ВИДЕО) : Дедо Мраз и нуркачите од „Акватек“ вадеа гуми и лименки од Охридското езеро

Акватек неуморни во подигањето еколошка свест и чистењето на Охридско Езеро.Нуркачите од нуркачкиот клуб „Акватек“, на креативен и несекојдневен начин, викендов спроведоа подводна еко- акција во Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот центар облечени како Дедо Мраз, со празнична песна, од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања.- „Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годинава што изминува.  Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку и за идните генерации“- вели Никола Паскали од „Акватек“.Изминатава година нуркачкиот клуб „Акватек“, направи неколку акции за чистење на езерото во кои извлекоа габаритен шут и смет кој не само што го загадува езерото, туку му штети и на подводниот свет.- „Охридското езеро и останатите езера и реки се нашето богатство. Затоа ги покануваме сите нуркачи да се вклучат во нашите еко- акции за зачувување на водите и животната околина“- вели Даниел Атанасовски од „Акватек“ и додава дека и следната 2020-та година, клубот ќе продолжи со ваквите подвизи не само во Охридското, туку и на останатите локации низ државата.Фото и видео: Акватек

Слајдер | пред 6 години

Нема фотографија

Во ек на грејна сезона, се „ловат“ превозници на огревно дрво кои работат на црно

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.П.(54) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 23.09.2019 во Битола пријавениот, без да поседува соодветна лиценца, со сопственото товарно возило „мерцедес“ вршел јавен превоз на огревно дрво.СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.И.(32) од село Гошинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. Во текот на 2019 година, пријавениот без регистрирана дејност, со товарно возило „там“ во сопственост на М.И. вршел јавен превоз на огревно дрво без лиценца издадена од надлежен орган.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај велешанец пронајдени кокаин и марихуана

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.А.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.11.2018 на паркингот на хотел во Велес полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и преглед во просторијата каде престојувал, при што биле пронајдени и одземени кокаин и марихуана.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-2

Сообраќајна несреќа на автопат Тетово-Гостивар, повредени повеќе лица

На 28.12.2019 во 18,50 часот на автопат   Тетово-Гостивар, во близина на место викано„Тумчевишка клучка“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(20) од Гостивар, и патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(49) од с.Речане,гостиварско.  Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во патничко моторно возило „пежо“ Ф.С.(51), О.Р.(48) и Д.Х.(27), сите од с.Речане и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања