Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

94-_45244979442_o

Владата даде „амин“ ќе се формира тело „Колегиум“ , еве зошто

Владата го прифати текстот на Предлог-закон за надворешни работи, кој има за цел реформа на дипломатската служба во насока на нејзина целосна професионализација и приближување кон европските текови за современи дипломатски служби. Овој Предлог-закон прави разлика меѓу надлежностите и принципите на работа, како и правата и обврските од работниот однос на дипломатите и на административните службеници во Министерството.Со новото законско решение се предлага бројот на шефовите на дипломатско конзуларните претставништва од кариерните дипломати да биде 80%, а посебно внимание е посветено на структурата и раководењето со организационите единици во Министерството.Со овој предлог-закон се предлага формирање на тело Колегиум, кое има надлежности во спроведувањето на насоките на министерот за остварување на стратешките цели во надворешната политика, заземањето ставови како и политиката за управување со човечки ресурси.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Законот за извршување и Предлог-законот за отпис на камати поминаа на Влада

На редовната 174-та седница, Владата ги утврди текстовите на Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за извршување, како и Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија.Со овие законски решенија се предлага за сите предмети дадени за извршување до крајот на 2017 година, да бидат отпишани сите камати на граѓаните-должници кон јавни и државни претпријатија, или државни органи и установи, и репрограмирање на главницата на долгот, како и отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, со кој се предвидува надминување на проблемите на јавните претпријатија основани од општините, особено за долговите преземени од страна на општините.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

skopje-ulica-soobrakaj-koli

Донесена еколошката уредба за данокот за моторни возила

Владата на Република Северна Македонија денеска ги одржа редовните 173-та и 174-та седница. Владата речиси целосно ја посвети на разгледување и усвојување на програмите и на финансиските планови за работата на министерствата,на јавните и државни претпријатија, како и на акционерските друштва во сопственост на државата.На оваа седница, Владата на Северна Македонија ја донесе Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила врз основа на критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила.Со оваа уредба, како и со критериумите утврдени во Законот за данок на моторни возила се очекуваат големи придобивки за целото општество преку намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, преку обнова на возниот парк со поттикнување на купување на поеколошки возила како резултат на намалување на данок на возила со голема економичност на гориво, како и набавка на хибридни и електрични возила со ниска или “0“ емисија на јаглерод диоксид - CO 2.Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 174 седница што се одржа денеска, го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Северно-Атлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.Предлог-законот за ратификација на Северно-Атлантскиот договор на нашата земја со НАТО, кој ќе биде пуштен на усвојување во Собранието на РСМ, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во Алијансата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nogac-16

(ФОТО) Ногачески: Дебрца е природно предодрена за развој на руралниот туризам

Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески, често знае да каже „Волино е мојот живот, се’ што ми се случило, ми се случило таму“. Токму поради ова повеќе од очигледно е дека целиот свој потенцијал го насочува токму Волино, поточно општина Дебрца да ја направи пријатно место за живеење на жителите од овој регион. Како ја затекна општината, кои се плановите за овој регион, за големата победа на жителите да не се гради Регионална депонија, но и затоа како се снаоѓа в кујна, каде сака да патува, за љубовта кон фудбалот. Ова се само дел од темите на кои искрено одговара Ногачески. На крајот од 2019 разговараме со градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачеси. Ви пренесуваме дел од работата, но и дел од неговата приватност.Скопје1: Градоначалник во каква состојба ја затекнавте Општина Дебрца?Зоран Ногачески: На денот на преземањето на градоначалничката функција, пред нешто повеќе од две години, општината, во делот на финансиската состојба ја наследив со позитива од околу 850.000 денари, а по првичното скенирање на состојбата , со преземени, доспеани или недоспеани обврски од околу 8.000.000 денари. Ја наследив со некои проекти преземени од мојот претходник, добар дел од нив промашени и без никаква стратегија каде , во која насока треба да се движи и развива.И секако, со еден од најголемите предизвици, како да се избориме со претходно наметнатото решение од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, селото Годивје, односно Дебрца да биде локацијата за регионалната постројка за управување со отпад.Скопје1: До каде сте со реализацијата на вашите планови за Дебрца?Зоран Ногачески: Од првиот ден откако граѓаните ми ја дадоа довербата, се зафатив со одговорна, чесна и домаќинска работа, во насока на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните и оддржлив развој на нашата општина.Две години е доволен период за да зборуваме за конкретни резултати, за повеќе завршени проекти, за уште поголем број отпочнати проекти на кои во моментов активно се работи и што е најважно за трасирање на патот на развојот на општината.Пред извесно време во мојот Отчет за двете години - отворена општина Дебрца поконкретно зборував за реализираните и идните планови и проекти.Скопје1: Се чини дека извојувавте голема победа вие како градоначалник, но и жителите затоа што бевте сложни по однос на прашањето за изградба на регионална депонија. Имате ли конкретни податоци за ова прашање, се заврши ли оваа агонија, ќе остане ли Дебрца чиста животна средина?Зоран Ногачески: Двете години градоначалнички мандат на некој начин беа одбележани со нашата битка со правни, еколошки и цивилизациски аргументи да докажеме дека Дебрца и воопшто сливот на Охридското Езеро не може и не смее да биде локација за регионалната постројка за управување со отпад во Југозападниот плански регион. Според последните најави од Министерството за животна средина и просторно планирање полека се напушта и мислам и дефинитивно ќе се напушти ова решение. Ова е победа на сите граѓани на Дебрца и на сите други кои на било кој начин помогнаа да ја сочуваме Дебрца, јас бев само primus inter pares, првиот меѓу еднаквите кој си ја извршуваше должноста добиена од граѓаните, ми претставуваше особена чест да бидам заедно со својот народ во одбраната на еколошката иднина на нашата Дебрца....Скопје1: Кои се ваши поголеми планови за Дебрца? Како ја гледате општината за 5, 6 .. 10 години? –Зоран Ногачески: Нашата заложба е Дебрца да се развива во онаа насока за која е предодредена, односно има компаративни предности. Извонредното природно и културно наследство поради кое и Дебрца е дел од светското природно и културно наследство , историското наследство, односно епската димензија на Дебрца, тоа се предусловите кои треба да се искористат  Дебрца да се промовира во високорангирана природна, културна , археолошка туристичка дестинација, со подобрена инфраструктура, развиено земјоделство, зелена економија, еколошки чиста средина и производство на здрава храна, подобрена социјална средина. Овие стратешки цели и приоритети ги дефиниравме и со Интегрираниот план за развој на општината, како стратешки документ усвоен од советот на општината.Скопје1: Има ли шанси да се развива етно туризам во Дебрца? - Етно туризам, но и многу други поволности , но и проблеми се од интерес за регионов. Дебрца, Струга, Вевчани, Охрид... Каква соработка имате со градоначалниците?Зоран Ногачески: Дебрца е природно предодрена за развој на руралниот туризам. Навистина несфатливо е како години наназад ништо не е направено на тој план. Доволно е да се создадат услови за искористување на потенцијалите на Белчишкото Блато,Слатинското Езеро, Требенишкото Езеро,  планинските дестинации, археолошките локалитети, верските,историските  и културните споменици, традиционалната храна, извонредната селска архитектура  и многу други нешта. Работиме на тој план со неколку проекти, од кои посебно би ги истакнал двата проекти финансирани од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Грција и Албанија, каде се таргетира Белчишкото Блато и развојот на авантуристичкиот планински туризам.Соработката со градоначалниците од соседните општини и од Југозападниот плански регион можам да ја оценам позитивно, со меѓусебно разбирање и поддршка за заедничките и регионалните проекти.Скопје1: Може ли малку приватно за вас. Семејството, каде израснавте, каде се образувавте... Зошто останавте во Дебрца? –Зоран Ногачески: Во воведот убаво кажавте, Волино е моето животно сидро, Волино е мојот живот, се’ што ми се случило, ми се случило таму. Јас сум првиот Градоначалник на општина Дебрца кој постојано живее во општината. Горд сум на тоа и секогаш тоа го потенцирам. Моите претходници само формално, на лична карта имаа адреса во општината, а фактички живееа во Охрид.Во Волино завршив четврто одделение, во соседното Требеништа осмолетка, во Охрид гимназиско образование, а дипломирав на Правниот факултет Јустинијан Први, во Скопје. Целиот работен век, од 1997 година до денес сум во локалната самоуправа, два мандати секретар на советот на поранешната општина Мешеишта, стручен и раководен државен службеник и две години градоначалник на општина Дебрца.И сум останал во Волино и можеби ќе звучам локалпатриотски, ама  немам намера допрва да го напуштам Волино и општината. Сум имал можности за тоа, бидејќи мојата сопруга има и австралиско државјанство, ама не сум заминал. Како велат, каменот си тежи на местото.Скопје1: Верувам дека воопшто не е лесно да се решаваат проблемите на сите. Градоначалник е функција која бара откажувања од многу работи од приватниот живот. Имате ли време за приватност за важи желби.Зоран Ногачески: Точно така, градоначалничката функција значи и откажување од многу работи од приватниот живот, поради ограниченото слободно време. Дотолку повеќе што јас сум теренаш и секојдневно ја поминувам територијата на општината, а триесет села се во општината, некои само со неколку жители, кои  сепак треба да ги посетите. Освен тоа, ние сме селска средина, каде луѓето меѓусебно добро се познаваме и секојдневно се среќаваме, не само во мојот кабинет, туку и на улица, во селските продавници, на верски празнувањa, на нива, а честопати граѓаните знаат да заѕвонат и на влезната врата од мојот дом. И за сите треба да одвоите време. Засега се трудам максимално да излезам во пресрет на барањата на граѓанитеДел од слободното време го користам за моите работни обврски во овоштарникот, традиција која ја наследив од моите родители и тоа можеби e местото за најдобра релаксација.Благодарност и до мојата сопруга за разбирањето што го има за моите обврски, поради кои трпи приватниот живот.Скопје1: Дали и колку се снаоѓате во кујната? Сака ли Зоран Ногачески да готви? Што сака најмногу?Во кујната сум тапа. Врска немам и никогаш не сум го готвел. Ако не е мојата сопруга, која прекрасно знае да готви, ќе “умрам” од глад, ха ха. lifestyle.mk: Омилена дестинација... каде сте патувале, каде сакате да одите?Зоран Ногачески: Немам посебна омилена дестинација, но со оглед на тоа да мојата сопруга има австралиски пасош и во изминативе 24 години брак не успеа да ме “убеди” да се преселиме во Австралија, сакам и се надевам дека ќе ја посетам оваа далечна земја, ама само како туристичка дестинација. Во моментов во двомесечна туристичка посета на Перт се моите синови, Бојан и Стефан.Скопје1: Ваш неостварен сон?Зоран Ногачески: Единствениот и неповторлив Мартин Лутер Кинг имаше сон еден ден во Америка белите и црните дечиња да се држат за рака и тој негов сон одамна е реалност. Значи,соновите постојат за да се исполнуваат. Јас немам некој посебен сон, единственото што посакувам е да се избориме  еден ден во Македонија да се искорени сиромаштијата и невработеноста и во неа да се живее подостоинствено и посреќно. Оти многу години изгубивме на транзиции и други будалаштини. И не само селата , туку и градовите неповратно ни се испразнија.Да се избориме децата да ни останат тука. lifestyle.mk: Спорт, што најмногу сакате од спортот? Сакате ли да играте фудбал, ракомет, кошарка....Зоран Ногачески: Е таа страст, таа љубов, таа зависност за мене е фудбалот. Од кога знам за себе, сум вљубеник во фудбалот и фанатичен навивач, и пред се и над се , цел мој живот поддржувач на мојот клуб, ФК “Сатеска”. На глобално ниво сум бил фанатичен “звездаш” и навивач на клубот со најдобрата публика на светот, Liverpool.Многумина ме запрашале, што е тоа Зоки, градоначалниче, што Ве прави поинаков кога сте на фудбалски натпревар на ФК “Сатеска”, па дури понекогаш се доведувате и во помалку или повеќе непријатни ситуации !??Тешко тоа можам да Ви го објаснам.Тоа е страст, тоа е зависност на телото, душата и умот. Тоа треба да го доживеете, за да го разберете.И затоа, кога ќе ме видите на фудбалски натпревар, со мојот клуб, Ве молам, не ме гледајте низ призмата на мојата функција ( таа е времена и минлива ), гледајте ме како обичен човек, со човечки и понекогаш жестоки емоции и љубов кон својот клуб. А, во такви ситуации неретко се поминуваат и замислените “црвени линии”.Скопје1: Една порака за читателите на Охри1 и Скопје 1 ... порака но и желба за Новата 2020 ...Зоран Ногачески: На Вашите читатели и секако на сите граѓани им посакувам исполнување на нивните желби, но пред се здравје. Секогаш бидете со добра мисла, хумани, подадете рака на оној на кого му е потребна. Животот е краток за да бидеме себични, оти на доброто со добро се враќа. И не очајувајте , и под најтемните облаци има ѕвезди.Среќна Ви Нова 2020 година !фото: ФБ Зоран Ногачески

Слајдер | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Мислам дека дилема веќе нема за тоа дали ќе имаме техничка Влада на 3 јануари, а избори на 12 април

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски оптимист дека по средбата со заев и Ахмети дека избори  ќе има.„Па јас мислам дека таква дилема веќе нема Македонската јавност. Од причини да нема некакви игри, превенираме секакви ризици за тргни, па застани. Еве сега мислам дека веќе немаме дилема за тоа што ќе се случи на 12ти април, а техничката влада на 3 јануари. И дефинитивно по стариот изборен модел. Веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори, тогаш опозиционата СДСМ и владеачката ВМРО-ДПМНЕ ќе седнат и разговараат за нов изборен модел“, истакна Мицкоски..Претседателот на ВМРО ДПМНЕ по средбата додаде дека овие како што ги нарече  консултативни средби, биле успешни.„Генерално ако ме прашувате, педагошки, да успешна беше“, рече Мицскоски.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

mickoski

(ВИДЕО) Мицкоски: За технички министер за внатрешни работи предлагаме нов човек во политиката и врвен професионалец

Изјатава на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со Ахмети и Заев. Изјавата на  Мицкоски ја пренесуваме во целост:„После средбата со господинот Ахмети, имавме средба со премиерот во заминување господинот Зоран Заев генерално три теми би ги издвоил од нашиот денешен разговор.Првата тема беше името за техничкиот министер за внатрешни работи, втората тема беше поврзана со останатите предлози на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе бидат дел од техничката влада и трета тема беше, која што ја отвори господинот Заев, а тоа е околу можноста за промена на изборниот модел и настаните кои што се во собранието поврзани со тоа прашање.По првото прашање, разговаравме за името, му го презентирав, ја презентирав биографијата на лицето и во интерес на дополнителни консултации кои што тоа треба да ги изврши јас не би го споменувал се уште нашиот предлог. Договоривме за отприлика час, час и половина од сега да се слушнеме телефонски и за конечна потврда, но вака на прва немаше никакви забелешки ниту пак имаше дополнителни коментари.Станува збор за нов во политиката, човек врвен професионалец, човек со исклучително богата кариера во службата онаму каде што досега работел и убедени сме дека ќе биде додадена вредност за безбедноста во нашата државаПоврзано со второто прашање, а тоа е со останатите предлози како што се техничкиот министер за труд и социјална политика, замениците технички министри во ресорите, земјоделие, финансии и администрација. Отприлика слушнавме од премиерот во заминување, господинот Заев за профилот на личностите да техничкиот премиер ги добие од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во понеделник се договоривме дека пред да бидат имињата објавени ќе имаме телефонска консултација а дури потоа од кога ќе ја завршиме таа телефонска консултација ќе ги соопштиме на јавноста. Поврзано со третото прашање разговаравме и ние како ВМРО ДПМНЕ изразивме спремност  да веднаш по завршувањето на овие избори опозицијата и власта кои и да бидат тогаш а јас сум убеден дека тогаш владата ќе биде формирана од ВМРО ДПМНЕ а тогаш опозиција ќе биде СДСМ, ќе седнеме и ќе разговараме за промена на изборниот модел и примена на таканаречените отворени или преференцијални листи за време на следните локални избори посебно за листите на советници, Истакна Мицкоски.видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Притвор за разбојник кој се обидел да ограби аптека

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик.Осомничениот на 27 декември влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една вработена која се наоѓала зад работниот пулт, па од неа побарал да му ги даде парите. Оштетената, исплашена за сопствениот живот, се стрчала кон магацинот, а осомничениот тргнал кон неа. Во тој момент од магацинот излегол работник од агенцијата за обезбедување, кој го спречил осомничениот во намерата и го оттргнал од вработената.Со оглед на тоа што јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. фото: Архива

Скопје | пред 6 години

vlada-zname-nato

Владата ги демантира манипулациите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА

Владата реагира на соопштението од ВМРО ДПМНЕ во кое опозициската партија тврди дека компанија ДУРА е во бакрод. Во реакцијата од Владата се вели:ДУРА е веќе оперативна во нашата земја, ВМРО-ДПМНЕ да не ја лаже јавноста и да ги поддржи инвестициите кои вработуваат дури до 1000 наши граѓани.Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира манипулациите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА.Не се точни и целосно се манипулативни изнесените информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се вели дека ДУРА била банкротирана компанија. ДУРА е компанија гигант која своите операции во Северна Македонија ги извршува преку британска холдинг подружница и во земјава веќе има оперативна фабрика во која ќе бидат ангажирани 1000 вработени.За повеќе информации и факти јавноста ќе биде информирана и директно од компанијата ДУРА.Владата апелира до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи економските политики кои вработуваат македонски граѓани и да не штети на имиџот на инвеститорите преку ширење дезинформации, се вели во реакцијата од Владата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

neloski

Нелоски: Дали можеби торбите Луј Витон од РЕКЕТ се изворите на финансирање на СДСМ?

Партијата во заминување СДСМ за само две недели потроши повеќе од над 1 милион евра за рекламирање по национални медиуми. Зоран Заев кој е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе, сеуште молчи и не кажува од каде му се над 1 милион евра за рекламирање на своите неуспеси прикажувајќи ги како успеси. Ако се земе во предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги трошат, истакна  Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Дали можеби торбите Луј Витон од РЕКЕТ се изворите на финансирање на СДСМ?Дали можеби начинот на финансирање се тендерите кои секојдневно завршуваат во џебовите до блиски на СДСМ и функционерите?СДСМ треба да им објасни на граѓаните како се троши по 100.000 евра дневно за рекламирање на кампања, во моменти кога државата ни тоне на економски план.Ова се потрошени над 1 милион евра за класична манипулација на граѓаните и за обид да се поткупат и подмитат националните медиуми.Она што е добро е дека Зоран Заев ќе е премиер само уште 5 дена и никогаш повеќе, а СДСМ партија на власт уште 4 месеци и никогаш повеќе.Одговорност за се мора да има и ќе има по 12-ти април.Република Македонија конечно мора да тргне напред, а СДСМ да докажува од каде им се над 1 милион евра за две недели рекламирање по медиумите, истакна Нелоски.фото  и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

petar-bogojeski

Богојески: Шансите за разочараните од СДСМ и Зоран Заев повторно да гласаат за нив се 0%!

Премиерот Зоран Заев, вчера од собраниската говорница порача дека на изборите СДСМ ќе ја победи ВМРО-ДПМНЕ, а разликата ќе биде помеѓу 60.000 и 120.000 гласа, сè додека се вакви политиките на опозицијата и сè додека граѓаните ги држи сеќавањето на минатото.„Како што одминува времето, оние што се разочарани од владејачките партии ќе се вратат и ќе гласаат затоа што се ежат кога ќе помислат на враќање на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.“Шансите за разочараните од СДСМ и Зоран Заев повторно да гласаат за нив се 0%” е кусата изјава на Богојески во врска со ова тврдење на премиерот. По побараното појаснување, дали очекува тие да гласаат за ВМРО ДПМНЕ, Богојески тврди дека доколку на тие граѓани не им се понуди алтернатива, различна од тие на “На прав пат” и “Обнова за Македонија”, ќе апстинираат од гласање на овие избори, а со тоа СДСМ ќе изгуби најмногу. Кои се аргументите на Заев за тоа тврдење? Дали последната анкета на МЦМС? “Гладна кокошка, просо сонува” е одговорот на Богојески.Во врска со идејата на Мицкоски за шпиц - кандидат, Богојески смета дека Мицкоски нуди да биде кандидат кој де факто нема да биде кандидат, што е во согласност со неговите “ни риба ни девојка” политики. Тој смета дека Мицкоски има фобија од избори и соочување со народот, па и овој пат бега од можноста да се соочи со Заев во иста изборна единица и да го порази.“Очигледно Мицкоски очекува пораз, па бега од дирекно соочување со Заев во иста изборна единица. Тој кукавичлук многу ќе и наштети на ВМРО ДПМНЕ на следните избори” - посочува Богојески.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

81634161_566238227563179_8786560750316421120_n

(ВИДЕО) Силен ветар и бранови кај манастирот Свети Наум на Охридско Езеро

Додека во Охрид грееше сонце, на 30 километри од градот, кај Свети Наум имаше силен ветар, бранови и слабо провејување на снег. Познатата плажа кај манастирот Свети Наум на Охридско Езеро денес изгледаше вака:

пред 6 години

dura-3

ВМРО ДПМНЕ: И тоа дочекавме, Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец

И тоа дочекавме. Заев се фали со странска компанија која банкротирала пред еден месец. Она што зачудува е фактот што Зоран Заев и Кочо Анѓушев промовира инвестиции на компанијата Дура аутомотив Системс за која реномираниот Вол Стрит Журнал на почетокот на ноември пишуваше дека веќе банкротирала. Дали Зоран Заев и Анѓушев свесно во пресрет на изборите ги лажат граѓаните дека донеле инвестиција на компанија која и самата има сериозни финансиски проблеми и е во банкрот?Ако е така, тогаш ова е уште една лага на Заев како и лагите со кои три години ги убедува граѓаните дека само што не дошле странски инвеститори и само што не почнал економскиот бум во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Владата на Заев имаше три години да донесе инвестиции во Македонија, а притоа да почнат самите со разговори, па да дојде до старт на производство. Резултатите од нивното работење се поразителни. Од почетокот на годината заклучно со средината на годината, нивото на странски инвестиции е 48,7 милиони евра. Ова е убедливо најмалку во целиот регион. Во месеците мај, јуни дури имаме дури и одлив имаме негативно салдо на странските директни инвестиции. Граѓаните сеуште ги очекуваат инвестициите на Фолксваген, Фејсбук, Гугл, САНОС кои ги најави Заев.Ова го нема, ама затоа има најавено ново задолжување во јануари со еврообврзница во износ од половина милијарда евра.Владата која што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ после 12 април ќе отпочне преговори, но и ќе донесе многу други инвестиции во земјата. Нашата цел е Македонија да биде економски и технолошки тигар на Балканот, но и во Европа и таа цел ќе биде реалност после падот на оваа власт предводена од Заев. Она кое ВМРО –ДПМНЕ го нуди пред граѓаните е дека нивото на странски инвестиции и домашни инвестиции биде во вредност не помала од 4 милијарди евра во време на нашиот мандат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

28122019_VRSM_Zaev_Angjusev_Dura

(ВИДЕО) Заев најави уште два фабрики од американската компанија „Дура Аутомотив Системс “

Како круна на нашите успешни економски политики, имаме да ви соопштиме една исклучително добра вест: Една од најмоќните компании во автомобилската индустрија, компанијата ДУРА Аутомотив Системс донесе одлука да започне две нови инвестиции во нашата земја, и со тоа само оваа компанија, која веќе има една фабрика во ТИРЗ 2 Бунарџик, во нашата земја ќе има вкупно три модерни капацитети во кои со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за најголемите светски автомобилски компании, соопшти претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на прес-конференцијата на која говореа и заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев, и директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Александар Младеновски.ДУРА Аутомотив Системс е една од водечките светски компании од автомобилскиот сектор со искуство од преку 100 години и ги опслужува најголемите производители на автомобили на Северно американскиот, Азискиот и Европскиот пазар. Седиштето на компанијата е во Мичиген, во Соединетите Американски Држави и има 9.400 вработени во 33 фабрики и 12 инженерски центри во 12 земји во светот.„Вкупниот обрт на DURA во 2019 година изнесуваше 1,4 милијарди долари, а Северна Македонија е тринаесеттата земја во која компанијата гради дури три фабрики.Вториот инвестициски проект во нашата земја ќе го реализира ДУРА Аутомотив Стракчрс.Фабриката во ТИРЗ Скопје 2 ќе произведува нов тип на алуминиумски рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила. Фабриката ќе произведува компоненти за премиум класата на производители на автомобили.Петгодишниот инвестициски циклус (2019-2023) е проценет на повеќе од 48 милиони евра и ќе отвори 780 работни места“, истакна премиерот Заев.Тој информираше дека третата фабрика ДУРА Аутомотив Екстружнс ќе произведува алуминиумски ултра лесни профили за батериските системи на DURA за електрични возила. Инвестицискиот циклус (2019-2023) е проценет на повеќе од 20 милиони евра и ќе отвори 200 работни места.„Заедно со првата фабрика, која како што реков, веќе го започна првото пробно производство во фабриката во зоната Бунарџик, трите фабрики на ДУРА Аутомотив Системс ќе вработуваат околу 1000 наши сограѓани.Сите тие ќе работат во најсовремени фабрички системи и ќе се стекнат со обуки и вештини да учествуваат во високо-технолошки процеси. Едноставно, ќе станат дел од глобалниот свет на ДУРА Аутомотив Системс“, нагласи премиерот Заев на прес конференцијата во Владата на Северна Македонија.Заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев, се задржа на одржувањето на трендот на привлекување на странски инвестиции од високо-технолошките индустрии што ја ориентира земјата да биде препознавана како дестинација која обезбедува услови за инвестиции кои се конкурентни на светскиот пазар, а за работната сила обезбедува работни места со високи плати.Директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Александар Младеновски истакна дека одлуката на двете нови инвестиции на ДУРА Аутомотив Системс од САД е донесена откако претходно компанијата за дестинација на двете нови фабрики избрала друга земја, членка на ЕУ, но сепак решила своите нови капацитети во Европа да ги отвори во Северна Македонија со што се потврдија компаративните предности на нашата земја за привлекување на странските инвестиции.За две и пол години, оваа влада договори 24 нови странски инвестиции во нашата земја. Ако сега вкупно имаме само во индустриските зони 34 компании, разликата во полза на оваа Влада за активностите на овој план е сосема очигледна. Во досегашниот мандат на оваа влада 12 фабрики се веќе пуштениво работа.Тоа се речиси двојно поголеми резултати во споредба со истите периоди во од 2013 до 2015, и од2015 до јуни 2017.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

vlada-amandmani-2

Утврден текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор

Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 174 седница што се одржа денеска, го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатланскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.Предлог-законот за за ратификација на Северноатланскиот договор на нашата земја со НАТО, ќе биде пуштен на усвојување во Собранието на РСМ, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во алијансата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

helikopter

Пронајдени шест тела во хеликоптер кој се урна на Хаваи

Телата на шест лица биле пронајдени во остатоците на хеликоптер кој се урнал на хавајскиот остров Кауаи, соопштиле властите.  По седмиот патник сè уште се трага, но според официјални претставници, мала е веројатнота дека има преживеани во несреќата.Tелата на загинатите во хеликоптерската несреќа не се идентификувани. Во хеликоптерот кој во четвртокот тргнал во обиколка, имало пилот и шестмина патници кои биле членови на две семејства.фото: Архива

Свет | пред 6 години

mvr

МВР демантира дека е потпишан договор за услуги за технички преглед на возила со фирмата „Пин Петрол“

Министерството за внатрешни работи демантира дека е потпишан договор за услуги за технички преглед на моторни возила во Куманово со фирмата Пин Петрол. Во тек е постапка за јавна набавка, но договор не е склучен.Најостро ги демантираме и лагите и манипулациите кои ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги пласира околу наводно сопствеништво на министерот Спасовски во оваа компанија. Ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема удел во било која компанија ниту во државата ниту надвор од државата, ниту денеска ниту во минатото. По серијата лаги пласирани од оваа партија, во август оваа година министерот Спасовски  поднесе барање до Антикорупциската комисија и јавно ја повика да се испита целиот случај и да се утврдат аргументите затоа што не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста и да се изнесуваат лаги. Фактите се јасни, а тие говорат дека ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и ја манипулира јавноста.фото: мвр

Македонија | пред 6 години

zekiri

Зекири: Демократијата и слободните избори се во сигурни раце

Демократијата и слободните избори се во сигурни раце, напиша на својот ФБ профил Мухамед Зекири.  Тој во продолжение додава:Централен одбор на СДСМ одлучи потпретседателот Оливер Спасовски да биде кандидат за премиер во техничката влада, а потпретседателката Мила Царовска, вице-премиерка за економски прашања.Кандидати за дополнителни заменици министри во преодната влада се Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкријељ во МТСП.СДСМ е фаворит, оди на голема победа на претстојните избори на 12-ти април!!!жhttps://www.facebook.com/photo.php?fbid=10159602795519466&set=pcb.10159602805029466&type=3&theaterфото: ФБ Мухамед Зекири

Македонија | пред 6 години

Dimsa-PRESS-2810-2

Арсовски: Дали во писмото која Русковска го сокрила од Јовевски се споменува и Заев или некој друг од врвот на власта  од страна на Јанева?

Вчера низ медиумите можевме да сретнеме неколку теми поврзани со случајот РЕКЕТ, кои по се го склопуваат мозаикот што не сака да го види ниту Русковска ниту Јовевски бидејќи му слугуваат на Зоран Заев во моментов. Се кријат докази, се уценуваат луѓе да внимаваат што говорат, се закануваат и тужат новинари. Од 21 април, моментот кога Заев наводно дознал за случајот РЕКЕТ, до денес поминаа точно 8 месеци, а се уште обвинителството и судот кои се приклештени од Заев ловат во матно и се обидуваат да ги прикријат вистинските инволвирани во случајот рекет односно нарачателите, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Вчера целата јавност можеше да прочита како писмото за кое што сите видовме преку медиумите и дознавме кое го испратила Катица Јанева од притвор до Љубомир Јаневски содржи сведочење од истата Јанева дека Вилма Русковска можно е да ја сокрила нејзината изјава и не ја пријавила кај Љубомир Јаневски.Затоа прашуваме што стоело во изјавата на Катица Јанева пред Вилма Русковска и зошто никој не ја споменува во постапката оваа првична изјава на Катица Јанева? Дали во таа изјава Катица Јанева ја разоткрива целата шема на рекетирање и ги открива сите детали и сите инволвирани на луѓето од  врвот на СДСМ и Власта во најголемиот случај на рекетирање? Дали можеби во таа изјава која Русковска ја сокрила од Јовевски се споменува и Зоран Заев или некој друг од врвот на власта  од страна на Јанева?Од самиот почеток како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме на неколку работи, се потврди дека се вистинити.Најпрвин дека се кријат докази и дека се остава простор сите кои што можат да ги прикриваат, се со цел да се спаси главата на октоподот, за која што сите знаеме која е. Катица Јанева имаше доволно простор и време да брише докази и да прикрива докази уште пред да влезе во притвор. Еве сега гледаме дека Вилма Русковска има сомнеж дека сокрила изјава од Катица Јанева каде што ги открива деталите, само за да ги спаси инволвираните од врвот на СДСМ и власта.Второ, Јовевски и Русковска тврдеа дека нема вмешани политичари во РЕКЕТ јавно на прес конференција и замолија да не се злоупотребувале имињата на функционерите од власта. Нормално и таа прес конференција беше само и само за да ги заштитат функционерите на СДСМ и луѓето од врвот на власта. Потоа видовме дека под притисок на медиумите и јавноста сепак се потврди и се обелодени дека бил вмешан и политичкиот врв на СДСМ, а од вчера слушнавме и јавно од сведоците на сведочење во Рекет, кои потврдија дека домот на Бојан Јовановски многу често го посетувале и Венко Филипче, Александар Кирацовски, Радмила Шекеринска, Стефан Богоев и многу други политичари од врвот на СДСМ и на владата.На крај, на Заев му требаше многу време да се сети и да одговори на новинарско прашање, кое му го поставија а тоа е кога го пријавил случајот РЕКЕТ.Главното прашање е, зошто кога го пријавил случајот РЕКЕТ дали усно дали писмено, бидејќи самиот не знае како го пријавил нема никаква писмена белешка во институциите од неговото пријавување на овој случај? И дали Заев е сигурен дека го пријавил во надлежната институција, а не некаде на друго место?Најверојатно во периодот додека чекавме да одговори Заев тој не можеше да се сети дали го пријавил кај Русковска или можеби на некое друго место за да предупреди некого дека веќе луѓето знаат за случајот Рекет и за рекетирањето од страна на инволвираните.Иако Заев знаел за целиот случај, тој и 2 месеци откако наводно пријавил, се уште ја поддржуваше Катица Јанева, ја штитеше и ревносно се бореше таа да биде нов шеф на новото обвинителството. Дали Заев со таа поддршка се пазареше со Јанева да не ги открива деталите од целиот случај, останува да одговори Заев или пак доколку молчи како за се друго оставаме јавноста да процени што е точно и што била намерата.Очигледно Заев и СДСМ и сите инволвирани се повеќе се заплеткуваат во сопствените лаги.Ги охрабруваме сите сведоци, сите оние кои што знаат нешто во врска со случајот Рекет да не ја кријат вистината и да ги изнесат сите детали, бидејќи ако некој се обиде некого да скрие автоматски станува соучесник во целиот случај. Тоа никому не му одговара, најмалку на вистината и на правдата. Редно време е се да се обелодени.Случајот РЕКЕТ мора да се расчисти и ќе се расчистат многу дилеми за многу брзо откако Зоран Заев сакал или неќел ќе мора да ги тргне своите канџи од институциите кои што ги има поставено дали со уцени или закани.Времето на Заев и на СДСМ завршува. Зоран Заев е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе. Во ликот на Зоран Заев можеме да видиме еден исплашен човек кој што се плаши и е убеден и веќе знае дека  не само што нема да биде премиер туку сите матни, сомнителни и криминални дејанија кои што ги работела оваа влада за многу брзо ќе излезат на површина.А, веднаш по паѓањето од власт на Заев и СДСМ, следува одговорност за сите сомнителни случаеви на криминал.Обнова на Македонија мора да има и Република Македонија мора да тргне напред. Сето тоа ќе почне да се случува веднаш после 3 јануари а ќе продолжи со брзо темпо Обновата по 12 април по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и по доаѓањето на Христијан Мицкоски како премиер на Република Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

granica-carina

За пратки до 90 евра од 1 јануари нема да се плаќа царина

Од 1 јануари 2020 година ослободени од царина ќе бидат малите пратки до 90 евра. Со донесени измени на Уредбата, се зголемува прагот на ослободување од досегашните 45 евра. Зголемувањето на прагот е во насока на спроведување на препораките на Европската комисија, како и зголемување на обемот на е-трговија во земјава.Ова е резултат на анализата за царинење на малите пратки, која ја спроведе Министерството за финансии.-Расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку Интернет, а со тоа растат и предизвиците и за државата и за компаниите. Во ЕУ, прагот за мали пратки е 150 евра. Граѓаните што се враќаат од странство преку граничен премин, можат со себе да носат стоки во вредност од 350 евра, и за нив да не платат увозни давачки. Кога зборуваме за олеснувањето на прекуграничната е-трговија треба да се земат предвид двете страни. Константни се барањата на граѓаните за зголемување на прагот на вредноста на стоки што подлежат на ослободување од плаќање  царина. Од друга страна, има голем притисок на одредена категорија граѓани кои низ превезот на поголеми повластици сакаат да вршат нелегална трговија. Затоа работиме на подобрување на процесите и зголемување на ефикасноста – рече министерката Ангеловска на промоцијата на скенерот за контрола на поштенски пратки во Царинската испостава Пошта во ноември годинава.Согласно податоците на Државниот завод за статистика онлајн купувањето во нашата земја во 2019 година е зголемено за 14% во последните 12 месеци, односно онлајн нарачките се зголемиле на 35,9% од 31,6%. Исто така, зголемен е опфатот на домаќинства кои користат интеренет за 81,8%.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

rakotvorbi

На 30 и 31 декември Новогодишниот базар на Охридски ракотворби во хотел Силекс

Оваа година по Втор пат ќе се одржи Новогодишниот базар на Охридски ракотворби. Базарот е идеја и желба на 15 ракотворци од Охрид, а Хотел,,Силекс” без никакви финансиски надохнади широко ги отвара вратите, отстапува простор за нивните презентации и го поддржува и помага нивното работење и залагање. Базарот ќе се одржи во деновите 30 и 31 Декември кога голем број странски туристи престојуваат на Охридското крајбрежје, а оваа година хотел,,Силекс” за најмладите за време на базарот, на 30.12. во 18,00 часот организира и куклена театарска претстава,, Новогодишен подарок” во изведба на куклениот театар при здружението и музучкото катче Тактус од Охрид.фото: Stylist.mk

Македонија | пред 6 години

zaev-izjava

Мицкоски за МТВ: За колку фирмите на Заеви ги зголемиле приходите во последните години, ајде да провериме?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Македонската радио телевизија истакна дека откако се СДСМ и Зоран Заев на власт, семејството на Заев имотот го зголемиле за десет пати и затоа не сакаат испитување на потекло на имот за политичари, објави Република.мк.Погледнете го најбогатото семејство во Македонија, за колку ги зголемило приходите во последните години.  Зошто нивните компании наеднаш станаа најпосакувани компании во Македонија, не можеа пред 2010 и 2015? Ајде да провериме, вели Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека мора да се испитаат сите политичари и  додаде дека тој прв се пријавува, а доколку му се најде еден денар кој не може да го оправда ќе ја сноси одговорноста.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Отстранети 332 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (19.12 - 26.12.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 332 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 59 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 273 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  485 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 59 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Patroli-1

(ФОТО) Патроли против загадувањето во Општина Аеродром

Општина Аеродром континуирано врши увид на целата територија заради спроведување на мерките за спречување на загадувањето на амбиенталниот воздух.Во изминатите денови се реализирани заеднички патроли во соработка со полициски службени лица од полициската станица во Аеродром, кои извршија контрола на повеќе локации и направија проверка на типот на огревните средства што се користат за затоплување.Тие контролираа и дали се чисти возилата што ги напуштаат градилиштата и дали се палат огнови на отворено.Овие патроли се спроведуваат во согласност со насоките дадени на координативниот состанок инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање.фото: општина Аеродром

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО и ВИДЕО) Власта ограбува како ќе стигне - ПИН ПЕТРОЛ, си доби тендер за технички преглед на моторни возила

Власта во заминување ограбува се што може да се ограби. Секој денар мора да заврши во џебовите на функционерите на СДСМ или пак на нивните спонзори.ПИН ПЕТРОЛ, фирма која отвори бензинска, а камен темелник фрлаше Оливер Спасовски, си доби тендер за технички преглед на моторни возила. ПИН ПЕТРОЛ е сопственост на таткото на доскорешниот советник на Оливер Спасовски, Никица Петрушевски, истакна Орце Ѓорѓиевски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Неговиот татко е главен финансиер на СДСМ Куманово. Ова е извадок од интернет страницата на Бирото за јавни набавки, од каде се гледа дека МВР после лиценцата му дала и тендер на татко на Петрушевски за отворање на технички преглед за моторни возила. Бизнисот на фамилијата Петрушевски со Спасовски на чело на МВР рапидно расте.Во една година се отворени и бензинска пумпа и станица за технички преглед за моторни возила. Јавноста шпекулира и отворено се прашува, дали зад ПИН ПЕТРОЛ стои скриено сопствеништво на Оливер Спасовски!?Кога веќе ЈО не истражува ја повикуваме Антикорупциската комисија да го истражи случајот со бензиската станица и доделувањето на лиценцата за технички преглед. Институциите треба да истражат дали бизнисите на Пин Петрол се отвораат по легален или нелегален пат со нелегални пари!?Дали бизнисите на Пин Петрол, како што е и скорешната лиценца за технички преглед се резултат на влијание од страна на Оливер Спасовски и неговиот советник и дали истиот има материјален интерес од разработувањето на оваа фирма!?Бизнисите на ПИН ПЕТРОЛ се крајно сомнителни. Потребно е итно да се испитаат сите индиции, а доколку тоа не се стори сега, ќе биде сторено по 12 април, истакна Орце Ѓорѓиевски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

krazba

(ВИДЕО) Брачен пар со бебе во раце, крадат од „Меркур“ Македонија

Меркур Македонија на својот ФБ профил објави видео на кое се гледа како млад „брачен пар“ со мало дете крадат во нивен објект. Во еден момент мажот и жената се погледнуваат и кон видо надзорот, но очигледно мислат дека во тој агол не ги фаќа камерата.  Видеото е објавено на 18.декември. Погледнете ...https://www.facebook.com/MerkurMakedonija/videos/591932714905408/?v=591932714905408

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања