Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

1-10

(ВИДЕО) Царовска најмногу ги цени Митко Јанчев и Даниела Рангелова, но не и Влатко Ѓорчев

Мила Царовска одговара на 30 необични прашања. Погледнете ...https://www.facebook.com/carovska.mila/videos/2595707053880048/?v=2595707053880048

Македонија | пред 6 години

Zaev-1

Заев: Со Мицкоски ќе разговараме за новиот министер за внатрешни работи во техничката влада

Премиерот Зоран Заев истакна дека лидерската средба е на барање на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Лидерската средба е по барање на господинот Мицкоски. Тој ќе дојде во Владата за да разговараме за новиот министер за внатрешни работи во техничката влада, но и другите кандидати. Потоа, ќе дојде ДУИ за да разговараме на истата тема. Други теми немаме најавено. Ако се согласиме да отвориме нови теми, ќе ги соопштиме. Јас сум спремен да разговарам за изборниот модел, без никаков импакт врз изборниот процес“, рече Заев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sadu

САДУ најавува штрајк во ФЗО

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ ќе го одржи веќе најавениот штрајк.Штрајкот ќе се одржи откако раководството на ФЗО не одговори на барањата на синдикатот ниту пак се одзва на повикот за решавање на проблемите во синдикатот. Раководството не се одзва ниту на периодот даден за договор и социјален дијалог пред одрќување на штрајкот на  вработените, напротив има игнорантски однос спрема синдикатот и вработените во фондот.Откако раководството не се произнесе по барањата, синдикатот ќе го одрќи најавениот штрајк и ќе продолжи со своите активности доколку продолжи ваквиот однос од страна на институцијата.Штраккот ќе се одржи на ден 30.12.2019 год.Ги повикуваме сите вработени на солидарност, да излезат и да го поддржат штрајкот бидејќи ова е борба за подобри работнички права и услови кои очигледно не се предмет на меѓусебна расправа и социјален дијалог,се вели во соопштението од САДУ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto-6-1-1

Пендаровски: Армијата е во одлична кондиција

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Домот на Армијата во Скопје беше брифиран за борбената готовност на Армијата на Република Северна Македонија.Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го информираше претседателот Пендаровски за состојбата во Армијата во 2019 година, истакнувајќи ги позначајните активности во процесот на трансформација и достигнатото ниво на имплементирање на процедурите и обврските поврзани со членството во НАТО. Претседателот беше брифиран и за реализацијата на плановите и задачите во текот на 2019 година.Претседателот Пендаровски, заблагодарувајќи се за реферирањето, го истакна придонесот во меѓународните мисии и вежби, како доказ за подготвеноста на Армијата за придонесот во колективниот систем за безбедност и членство во НАТО Алијансата. Претседателот ги нагласи неговите заложби за подобрување на животниот и професионалниот стандард на припадниците на Армијата. Во тој контекст, изрази поддршка за реформите во Армијата и зголемувањето на буџетот на Армијата на 2% од БДП до 2024 година.„Јас можам да кажам дека сум задоволен од она што го слушнав и од она што го знам од тековното информирање, не само од овој брифинг. Армијата на Република Северна Македонија е во одлична кондиција, ако се спореди што се случуваше во таа институција, пред само две, три, пет години. И тоа не се должи само на енормно зголемениот воен буџет, морам да кажам повеќе од два пати е зголемен буџетот за следната година, ако го компарирате со 2017 година. Значи буџетот за догодина ќе биде 160 милиони евра, што е апсолутен рекорд кога станува збор за одвојување на средства за воениот буџет од нашата независност, од 90-та, до денес. И велам, повеќе од двојно во однос на 2017-та и два ипол пати повеќе од претходни некои години. Значи не е само во тоа - постои едно раководство генерално, во државата и во овие ресори кое има сосема поинаква стратешка парадигма“, изјави претседателот Пендаровски.Претседателот Пендаровски потсети дека на лондонскиот самит Северна Македонија била третирана како да е полноправна членка на НАТО, што се должи не само на одвојување на повеќе средства, туку и на поинаква политичка филозофија.„Јас мислам дека можеме да бидеме задоволни со тоа што политичката поддршка на овој курс мора да продолжи и да остане - не на ова ниво, туку и да се зголеми, бидејќи нема да ги завршиме сите работи со членството во НАТО. Имаме еден куп обврски кои доаѓаат и како полноправни членки на НАТО“, рече претседателот Пендаровски.Брифингот на борбената готовност е планска годишна обврска на Началникот на Генералштабот кон Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен Командант на Армијата, за состојбата на борбената готовност во Армијата. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Наградени најдобриот скопски пожарникар, полицаец и крводарител за 2019

Градоначалникот Шилегов денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2019 година.- Како град на солидарноста ги негуваме традициите на хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош. Затоа, Град Скопје секоја година дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела. Убеден сум дека оваа награда поттикнува лична мотивација кај секој од нас да не ја штедиме нашата хуманост и да го користиме секој момент да ја покажеме на дело во средината во која живееме и работиме – рече Шилегов.За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност награди денеска добија:1. Зоран Рајчин, Пожарникар спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар пожарникар за 2019 година.2. Душко Кикеновски, вработен во Полициска станица од општа надлежност Центар, кој ја добива наградата за најдобар полициски службеник.3. Ајрис Асани е истакнат крводарител кој ја потврдил својата хуманост со 218 дарувања крв и ја добива наградата за крводарител на годината.

Скопје | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Поранешен вработен во 1ТВ како сведок: Прашав дали рекетираме, Боки 13 ми рече - телевизија мора од нешто да живее

Порано вработениот во 1ТВ Христијн Баневски сведочи во случајот Рекет. Тој кажа дека во разговор со Бојан Јовановски го запрашал дали рекетираат одредена фирма, на што Јовановски рекол: „Оваа телевизија мора од нешто да живее“.„Бев примен како репортер-новинар, а по првиот месец, водев главен информативен магазин. Неретко во уредувањето учествуваше и господинот Јовановски. Од него беше побарано да направиме најава дека ние ќе ги испитуваме водите, односно дека ќе испитуваме вода и ќе проверуваме дали некој пакува вода која ја полни од чешма. Неколку пати течеше најавата, неколку пати го кажував тоа. По извесен период, кога ги водев емисиите, наш спонзор беше ‘Пелистерка’, иако никогаш не дознав дали сме ги испратиле и добиле резултатите од водите кои беа испратени на испитување”, рече Баневски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still267

Сведок за „Рекет“ открива: Во куќата на Боки 13 доаѓаа Шекеринска, Јанева, Филипче, Богоев, Камчев

Радмила Шекеринска, Катица Јанева, Венко Филипче, Стефан Богоев,Орце Камчев, Зоран Милевски, Александар Кирацовски, Сергеј Варошлија, Јадранка Костова, .. се луѓето кои доаѓале на гости во куќата на Бојан Јовановски, вели неговата куќна помошничка Драгана Колевска која е вториот сведок во „Рекет”.„Кај Бојан Јовановски имаше реновинарање, промена на ентериерот на дневната соба, а дали е купувано не знам, немам видено фактури. Тој купи телевизор по реновирањето. Сликите ги донесоа двајца од галерија, ги оставија. Во домот на Јовановски доаѓаа познати личности, политичари. Еднаш дојде Шекеринска, Катица, еднаш има дојдено Стефан Богоев, Кирацовски, Лила Филиповска, Анета Кочишки, Орце Камчев, Зоран Милевски”, рече Колевска.Таа додаде:„Кај Бојан Јовановски имаше реновинарање, промена на ентериерот на дневната соба, а дали е купувано не знам, немам видено фактури. Тој купи телевизор по реновирањето. Сликите ги донесоа двајца од галерија, ги оставија. Зоран Милевски беше чест гостин, доаѓаше скоро секој ден, некогаш и по двата во денот. Влегуваше слободно без да чукне на вратаа, истакна Колевска.Судењето за „Рекет“, продолжува на 3 јануари.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Поведена постапка за разбојништвото во казино во Неготино

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 24 години, жител на Неготино, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.Осомничениот на 26-ти декември, маскиран со маска и перика влегол преку спореден, заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканувал на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното.  Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што осомничениот ја отворил касата и ги земал парите во износ од 324.700 денари.Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.  Судијата на претходна потсапка при Основниот суд Велес  го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

02

(ВИДЕО) Со електронскиот записник од увид во сообраќајна несреќа – скратување на роковите во интерес на граѓаните

„Реализираниот проект ‘Електронски записник од увид во сообраќајна несреќа’ претставува уште една потврда за нашите континуирани напори не само да ги надградиме севкупните професионални и технички капацитети на полицијата туку, уште повеќе, значајно да се придвижиме во насока на остварување на нашата трајна заложба за трансформирање на полицијата во реален сервис на сите граѓани, отворен и подготвен за сите нивни барања и потреби. Конкретно со овој проект, во контекст на реформите кои ги реализираме во континуитет овие две и пол години, ги скратуваме роковите во интерес на граѓаните за добивање на записник од увид во сообраќајна несреќа, за кој во годините наназад се случуваше да се чека и со месеци“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација на новиот проект на МВР, кој стартува од следнава година.Како што објасни министерот Спасовски, имплементацијата на проектот за електронски записник од увид во сообраќајна несреќа беше интензивирана во текот на 2018 и 2019 година, а станува збор за еден модерен концепт во делот од полициското работење, преку современо софтверско решение т.н. СНЕЗ, со кое се овозможува воспоставување на една централна електронска евиденција на записниците за извршен увид на место на сообраќајна несреќа. Со тоа, меѓу другото, се овозможува автоматизирање и интеграција на евиденциите на различните системи во рамки на МВР, односно дигитализирање на преку 250 различни видови на податоци од увид на сообраќајна незгода.„Придобивките од имплементирањето на оваа, така да кажам, современа методологија на работење ќе бидат изразени како во делот на кратењето на времето за изработка на Записникот за извршен увид на место на сообраќајна незгода, што пред сѐ е во интерес на граѓаните, така и во делот на електронската евиденција, преку обезбедување точни и навремени статистички и аналитички прегледи, битни за превентивното делување, но и за нормативните анализи на законските одредби и состојбите во оваа сфера“, додаде министерот Спасовски.Со започнување на употребата на софтверот СНЕЗ не само што се создава нов и значаен инпут во полициското работење и постапување, туку е истовремено и показател  дека МВР креира и воспоставува нови и квалитетни стандарди во своето работење.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

Obrežje

Поради сомнеж за бомба затворен граничниот премин “Обрежје”

На хрватско-словенечкиот граничен премин Обрежје (Брегана), наводно, во ковчег е пронајдена бомба.Според првичните информации се работи за откриен пакет, што откако бил прегледан на скенер, полицијата се посомневала дека е бомба, јави дописникот на МИА од Љубљана.Лицето кое сакало да го пренесе пакетот веднаш е приведено, а на граничниот премин се повикани специјализирани екипи од словенечкото Министерство за внатрешни работи да го прегледаат пакетот и да утврдат за што точно се работи.Според локалните медиуми во овие моменти граничниот премин е затворен во двата правци.фото: Wikipedie 

Свет | пред 6 години

marihuana2

Жител на Сарај обвинет за продажба на марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.При претрес, во дворот од куќата на обвинетиот во Сарај биле пронајдени 40,19 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во помали пакувања во зелена пластична кутија, како и 2,63 грама семки од растениот канабис.Надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, ценејќи дека доколку биде пуштен да се брани од слобода тој би можел да го повтори кривичното дело или да се обиде да избега.фото:Архива

Скопје | пред 6 години

bogojeski-3

ВМРО НП апелира да се започне со кампања за штетноста на бадникарските огнови

ВМРО-Народна партија упатува апел до Македонската православна црква да уште веднаш се започне со кампања за штетноста на бадникарските огнови како од верски аспект така и од еколошки, особено сега кога процентот на загаденост во градовите низ Македонија е на највисоко ниво.ВМРО-Народна партија смета дека и оваа година нацијата треба да се придружува кон повиците на МПЦ за прекинување на оваа хибридна традиција која нема ништо општо со традиционалните христијански обичаи.Токму поради овие причини упатуваме апел и до нацијата достојно да го прослави овој голем христијански празник во духот на православието со богослужби во христијанските храмови ширум Македонија, се вели во соопштението од ВМРО - Народна парија.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

27122019_PVRSM_MON_potpishuvanje_na_spogodba_za_plati_so_SONK-1

Заев и Адеми: Покачувањето на платите во образованието и науката за 20,6 отсто е вложување човечкиот капитал како инвестиција

Од 1 јануари платите на околу 20.000 вработени во основните училишта и на околу 8.000 во средните училишта, ќе бидат повисоки за 10 отсто, што заедно со покачувањето на платите на вработените во високо образовните установи, со околу 4.500 вработени, и на вработените во јавните научни институти, каде што се опфатени 220 вработени,  се доаѓа до бројка од вкупно 32.700 граѓани - вработени во образованието и науката кои почнувајќи од првиот месец во 2020 година ќе добиваат повисока плата.Со покачувањето од 10 отсто од 1 јануари, вкупното покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува 20,6 отсто имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година два пати по 5 отсто.Претходната Влада за 7 години обезбеди покачување на платите во образованието за само 850 денари. Ние за 2,5 години ја ги покачивме за 2.150 денари“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на потпишувањето на спогодбите за покачување на платите во образованието и науката меѓу Министерството за наука и образование и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура што денеска се одржа во Владата.Честитајќи го договорот и за потпишаните спогодби, премиерот Заев истакна дека покачувањето на платите во образованието и науката, како и во секторите социјална заштита и здравство, доаѓа од определбата Буџетот за 2020 година да биде посветен на инвестициите во човечкиот капитал.„Тоа е инвестиција за нашата иднина, за нашиот економски раст.Тоа е инвестиција и еден од начините за решавање на еден од нашите најголеми предизвици како да ги задржиме нашите граѓани во земјата, како да им понудиме подобри услови и да ги направиме посреќни и помотивирани на нивните работни места.Оваа Влада одлучи да ја запре стагнацијата вовложувањето во луѓето во овие сектори. Ние го поттикнуваме инвестирањето во човечкиот капитал, и во оваа насока, во Буџетот за 2020, во функциите здравство, образование и социјална заштита инвестираме вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со ребалансот од 2019 година, односно последниот Буџет“, нагласи премиерот Заев.Тој додаде дека вложувањето во образованието се прави затоа што идните сценарија за развој на нашето општество во политичкиот, социјалниот, културниот и економскиот сектор ќе зависат од придонесот на учениците во нашите училишта денес.„Вложувањето во човечкиот капитал во образованието, во наставниците, професорите и научните работници е првиот чекор што го правиме. И нема да запреме тука, зашто првиот чекор, и секој нареден, е дел од амбицијата да создадеме образовен систем кој ќе биде генератор на нашиот општествен и економски развој“, рече премиерот Заев во своето обраќање на потпишувањето на спогодбите за покачување на платите во образованието и науката.Министерот за образование и наука,Арбер Адеми во своето обраќање потенцираше дека наставниците се најважната алка во воспитно – образовниот систем, и дека од нив, од нивната мотивација за работа и задоволство од извршување на работните задачи најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат.„Без мотивирани наставници нема напредок. Разочараноста, или пак, оптималното ниво на задоволство кај нив може да гарантира само механичко извршување на функцијата на образовниот систем во насока на сервирање на образовните услуги кон граѓаните, кои всушност ги наложува уставот и другите правни прописи во земјата, но не и нешто повеќе. Не и континуиран развој, не и создавање активни, креативни, критички настроени и иновативни генерации на ученици. Затоа го правиме ова. Затоа се заложивме да ги стимулираме преку обезбедување на тоа што навистина и го заслужуваат од државата“, истакна министерот Адеми.Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес-конференцијата изрази задоволство од постигнатиот договор и го поздрави коректниот социјален дијалог што е воспоставен во Владата и со Министерството за образование и наука кој донесе позитивен исчекор со кој беше постигнато историски највисокото покачување на платите во образованието во толку кус период.

Македонија | пред 6 години

rocista

Солзи во судницата: Ексдиректорот на ЕЛЕМ и службеници осудени на вкупно 9 години затвор

Ексгенералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски е осуден на 3 години затвор за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. По три години казна затвор беа осудени и службениците Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски. Тие се товарат за нанесена штета на АД „ЕЛЕМ“ со над 9 милиони денари. Предметот „Тарифа“ го водеше СЈО, односно обвинителот Трајче Пеливанов.Според СЈО, тие незаконски набавиле софтвер за потребите на компанијата во вредност од четири милиони евра. Обвинетите со неизвршување службена должност овозможиле правното лице „ЕРП систем“ да се квалификува во втората фаза на јавната набавка иако немало доставено комплетна документација.Сите обвинети на почетокот на судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителот Трајче Пеливанов во воведните говори за предметот рече дека обвинетите ја злоупотребиле службената положба за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на АД „ЕЛЕМ“ со што ѝ причиниле имотна штета на компанијата од 456.560 евра. Судењето почна на 19 декември 2017 година и траеше точно две години, а на обвинетите, доколку бидат осудени, им се заканува казна затвор од најмалку пет години.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Ако нема избори на 12 април СДСМ ќе се соочи со гневот на народот и со гневот на ВМРО-ДПМНЕ

Во интревју на ТВ Kлан претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето од водителот дали имаат план Б доколку нема избори на 12 април тој изјави дека ќе има избори на 12 април, а доколку нема СДСМ ќе се соочат со граѓаните.-Ќе се соочат со гневот на народот и гневот на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ќе очекуваме да биде сценариото А – нагласи Мицкоски.Во понатамошното интервју Мицкоски истакна дека на граѓаните ќе им биде понудено алтернатива и иднина на следните парламентарни избори.-Перцепцијата на граѓаните е дека овие лажат за да крадат. Таква е перцепцијата помеѓу народот, е сега тоа ние ќе го смениме, ние не треба да имаме компромиси со правото и нема да имаме – заклучи Мицкоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Што затекна СВР Скопје по скопските сообраќајници?

Во текот на 26.12.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени четири возачи, затоа што управувале возила под дејство на алкохол. Исто така, санкционирани се три возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци. Во однос на пешаците, санкциониран е 21 пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и четири пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден 81 возило е подигнато со специјално возило „пајак".фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

63 годишен маж починал при поправка на кровот од неговата семејна куќа

На 26.12.2019 во 14.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека Ј.А.(63) од Кочани, при изведување градежни работи на кровот од неговата семејна куќа на  ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани, паднал и починал. Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на семејството. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево, две лица тешко повредени

На 26.12.2019 во 18.10 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(55) од с.Доброште и патничко возило „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Ж.(23) од с.Велешта. Во незгодата Ф.Д. и малолетен сопатник од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pozar-kola

Изгоре службено „БМВ“

На 27.12.2019 во 02,00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ настанал пожар на патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Скопје. Повредени лица нема. Увидот е во тек.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Охридски автомобил прегази маж во Кичево - телото предадено на обдукција

На 26.12.2019 околу 15.50 часот на крстосницата од ул.„Цветко Јаковлевски“ и ул.„Јордан Пиперката“ во Кичево, патничко возило „даеву нубира“, со охридски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.К.(57) од Кичево. Џ.К. починал на местото на настанот, а лекар од итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кичево. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

80650054_2499627860315382_8238924073292267520_n

(ФОТО) Сузбиена криминална група за шверц на хероин и кокаин, запленета дрога вредна милион евра

Во рамки на активностите за борба против недозволената трговија со дрога, во месеците ноември и  декември 2019 година  спроведена е меѓународна истрага со австриската и српската полиција  во која се  пресечени повеќе  меѓународни  канали  и запленети се  седумнаесеет  килограми наркотична дрога хероин и пет килограми наркотична дрога кокаин, кои на нелегалниот пазар достигнуваат вредност од  околу  1 000.000 евра . Притоа приведени се 12 лица.Во ноември  2019 година од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во координација на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Србија и австриската полиција започната е меѓународна истрага за откривање на организирана криминална група составена од македонски државјани кои вршеле продажба и транспорт на наркотична дрога хероин во регионот и во земјите од Западна Европа.На 20.11.2019  во Долна Австрија – Р Австрија, од страна на австриската полиција лишени од слобода се двајца македонски државјани, С.Р. (27) и К.Џ. (58)  при што во возило со македонски регистерски ознаки, во специјално направен бункер, пронајдени се пет килограми наркотична дрога хероин со многу висок квалитет.Во рамките на меѓународната истрага  на 03.12.2019 година во Унгарија на излез на граничниот премин Хоргош биле лишени од слобода македонските државјани Е.А. (48) од Скопје , нејзината керќа Ш. А. (21) од  Скопје  и Ш.И . (27) од Скопје   , поради тоа што при претрес во џип мерцедес биле пронајдени пет килограми наркотична дрога кокаин во специјално направен бункер .По преземени мерки и активности на австриската полиција исто така, на 06.12.2019 година во Виена-Р Австрија  лишени од слобода се албанскиот државјанин Б.Т. (30) и македонскиот државјанин Б. Џ. (47) од Битола, кој привремено престојувал во Виена, при што е пронајдена пет килограми  наркотична дрога хероин..Меѓународната истрага продолжи со преземање на мерки и активности, при што на 26.12.2019, во Република Србија, во градовите Врање и Нови Сад, во заедничката и координирана акција на српската и македонската полиција, лишени се од слобода тројца македонски државјани и тоа Р. Ф. (48)од Тетово , А. С. (45) од Скопје и С. С. (47) од Куманово  во обид да извршат продажба на наркотична дрога хероин на српски државјанин, која била сокриена во патнички автомобил во резервно тркало. Хероинот бил пакуван во 13 пакувања со вкупна тежина од седум килограми со многу висок квалитет.Веднаш, по лишувањето од слобода и заплената на наркотичната дрога, од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција започнати се претреси на две локации во Тетово, две во Скопје и една во Куманово, кај лица кои се дел од оваа криминална група. При претресите, лишени од слобода се двајца македонски државјани Х.Ф. (45) од Тетово и Ј.А. (48) од населба Синѓелиќ, кои се дел од организираната криминална група и пронајдени се парични средства кои потекнувааат од продажба на наркотична дрога, помала количина на наркотична дрога кокаин и една вага, како и многу докази со кои се потврдува нивната инволвираност во вршењето на кривичното дело недозволена трговија со наркотични дроги.По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

zaev-premier-albanija

(ВИДЕО) Водител на Српска ТВ : Зоран Заев е премиер на Северна Албанија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, синоќа гостивал во емисијата „Став“ на ТВ О2. Во интервсјуто меѓу другото се зачнала темата и за иницијативата „мал Шенген“. Водителот Милован Јовановиќ случајно или намерно Зоран Заев  го кажа како „премиер на Северна Албанија“, на што Вучиќ премолчи.Видеото веднаш беше објавено на социјалните мрежи...https://twitter.com/Pluton45873221/status/1209457515995508736?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1209457515995508736&ref_url=http%3A%2F%2Fjavno.mk%2Fvideo-zaev-e-premier-na-severna-albanija-ne-namerna-greshka-na-srpskiot-voditel%2F

Македонија | пред 6 години

carina-6

(ФОТО) Царината го застана Дедо Мраз на граница - подароци за дечињата на Клиника за онкологија

По повод претстојните новогодишни празници, СИТЕ вработени на Царинска управа на Република Северна Македонија несебично донираа средства со цел да се исполнат желбите на децата заболени од карцином кои во моментов се згрижени на Клиника за онкологија, Клиниката за детска онкологија и Детска хематологија.Во списокот на желби се најдоа:🎁камиони, кукли, играчки,🎁 патики, облека, ќебенца🎁 велосипеди, тротинети,🎁 таблети, часовници, лап топи,па затоа Царинската управа мораше да го „стопира“ дедо Мраз 😉 за да ги обезбеди материјалните желби на дечињата и да измами насмевка на нивните лица.Вработените на ЦУ им посакуваат многу насмевки и многу здравје на сите деца кои во моментов се борат со најлошата болест на денешницата и да ја победат што побрзо!На Клиниката на детска онкологија освен посакуваните подароци за дечињата, вработените донираа и 4 смарт телевизори наменети за детските соби, 58 постелнини, апарати за мерење притисок, топломери и сл. фото: ФБ Ѓоко Танасоски

Македонија | пред 6 години

rocista

Денеска пресуда за „Тарифа“

Во Кривичниот суд денеска претпладне ќе биде изречена пресудата во предметот „Тарифа“, кој што беше еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, како и Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски.Тие се обвинети дека ја злоупотребиле службената положба за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на АД ЕЛЕМ со што причиниле имотна штета за компанијата од 456.560 евра.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

malcanski-berberin-mapa-830x553

По серискиот педофил кој киднапира девојче во Србија, се трага осми ден

Осми ден полицијата и месносто население трагаат по 12-годишната Моника Каримановиќ, која беше киднапирана на 20 декември од Нинослав Јовановиќ (46), познат како Малчанскиот бербер. Јовановиќ, осудуван силувач на девојчиња, е осомничен дека веќе шест дена како заложник држи ученичка од околината на Ниш, која ја пресретнал на пат до училиште, ја ставил во своето возило и ја однел. Нинослав, во Србија нарекуван Малчански Бербер, кој е веќе осудуван за силување на две 12-годишни девојчиња, ја киднапирал 12-годишната Моника Каримановиќ во петокот во Суви Дол кај Ниш, а полицијата трага по него и верува дека девојчето ќе го пронајдат живо.Се уште го бараат моето дете! Само да е жива! Се ќе се залечи, се заедно ќе преживееме, само таа  жива да ми се врати. Живеам само повторно да ѝ го слушнам гласот. Се прашувам низ какви маки детето сега поминува, рекла расплаканата Александра, мајка на Моника Каримановиќ за Курир.рс.Извори од истрагата за српските медиуми откриваат дека вчера биле пронајдени траги, отисоци од стапала во атарот на селото Глоговац. Пребарана била и колибата каде киднаперот престојувал со девојчето.фото: Telegraf 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања