Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

lavina-svajcarija

Лавина во Австрија, се трага по преживеани

Во австрискиот скијачки центар, Анкогел, на територијата на покраината Корушка, лавина поклопи најмалку двајца скијачи. Како што пренесоа странските агенции, еден од нив е спасен, а по другиот се трага. 26-годишниот Австриец минал повеќе од пет часа под снегот пред да биде спасен. Службите тргнале во потрага во средата навечер откако 26-годишниот скијач не се вратил од необележаните патеки кај врвот Плецинитцикен.фото: Архива

Свет | пред 6 години

26122019_PVRSM_Zaev_pratenicki-prashanja_2

Заев: Ако не платат „Шверцерите“, штетата во МНТ ќе ја плати директорката

Направената штета во МНТ ќе ја надомести навивачката група „Шверцери“, а ако тие не ја платат, тоа ќе го стори директорката на установата Симона Угриновска, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.– Имаме две штети едната е материјална, другата духовна. Во делот на духовната штета, е тоа што културата никој не ја восприема на онаков начин на кој беше презентирана во МНТ, кој навистина бил отстапен за навивачката група по повод Денот на албанската азука. Постои правилник за наградување и санкционирање, па согласно тоа одредивме казна. Надоместокот на штета ќе го плати навивачката група, ако не го платат, ќе го плати директорката. Овде е материјална штета за која се има право да се надомести и притоа да се извлече санкција. Работна група формиравме, рефериравме пред граѓаните. Штетата ќе биде надоместена, а духовната и етичката штета ќе биде надоместена согласно правилникот за наградување или санкционирање“, рече премиерот Заев.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

26122019_PVRSM_Zaev_pratenicki-prashanja_2

(ВИДЕО) Заев: Државата оди по прав пат и од тој пат нема да се откажеме ниту ние, ниту граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, одговара на пратенички прашања, на седницата во Собранието на Република Северна Македонија. Премиерот Заев оцени дека државата оди на правиот пат и дека тоа ќе продолжи во периодот што претстои.„Државата е на прав пат и од тој пат нема да се откажеме ниту ние, ниту граѓаните.  Суштините на политиките имаат директен импакт кај граѓаните“, рече премиерот Заев.Тој посочи на реализацијата на интеграциите во НАТО, на стабилизацијата на односите во државата и со соседите и на економските перспективи.„На прав пат сме. Барам чист мандат, за да покажеме трансформација и економски просперитет на решени интеграции. Јас сум убеден дека ќе добијам нов мандат за премиер“, повика премиерот Заев.Тој порача „опозицијата да ги промени ставовите“, во името на доброто на државата и посочи дека и граѓаните знаат дека тоа до сега не се случи.Премиерот Заев посочи на неколку ризици од актуелните политики на ВМРО-ДПМНЕ.„Меѓуетничките односи во државата се под сериозен ризик, немате ништо променето во политиките соодветни на нашето општество кое што е мултиетничко. Втората работа е: веднаш кавги, и со Мицотакис и со Бојко Борисов, или со Грција и со Бугарија, ново вето, нови горчини, ново застанување во калта, шлапкање во место. Застанете зад интеграциите“, повика премиерот Заев кон опозицијата во Собранието.Претседателот на Владата, Заев рече дека за разлика од ваквите политики на интерес само за сопствениот рејтинг, во државата се случуваат позитивни промени, пријателствата донесоа нови инвестиции, економијата расте.„И тоа така ќе продолжи, тоа се и поголеми придобивки и младите да останат тука“, рече меѓу другото, претседателот на Владата, Зоран Заев на седницата за Пратенички прашања во Парламентот.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

policija-turcija

Над 30.000 полицајциво Турција избркани од работа поради поврзаност со пучот во 2016 година

Во Турција од работа се отпуштени повеќе од 30.000 полицајци во рамки на борбата против организацијата на проповедникот Фетула Ѓулен, која турските власти ја сметаат за одговорна за обидот за пуч во 2016 година.Претседателот на турското национално собрание Мустафа Сентоп изјави дека третина од отпуштените биле високи полициски службеници.– Слично на тоа, 1.866 од нив се вон должност заради истрагите кои се водат за нив – рече Сентоп. Тој истакна дека 10.311 службеници биле вратени на работа, откако не се пронајдени докази за нивната активност“.фото: pri.org 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО + ВИДЕО) Јанушев: Заев го празни буџетот, „САРХЕМС“ ќе се финансира со пари на граѓаните

Договорот на Зоран Заев и Драги Рашковски со новоформираната фирма „САРХЕМС“ ќе ги чини граѓаните 72 милиони евра, а нема да биде без никакви трошоци, како што лажеа. Ова е барање од компанијата до Владата за носење на соодветна уредба со која што ќе се пропише регулатива за утврдување и овозможување на прибирање на надоместокот од столбовите за финансирање предвидени во договорот за јавно приватно партнерство. Барањето е потпишано лично од партнерот на Заев и Рашковски, Саша Џаковиќ и испратено до владата на 17-ти декември. Освен на спорниот договор, партнерот на Заев и Рашковски се повикува и на одредби од Законот за јавни патишта со што се потврдува сомнежот кој во повеќе наврати го искажавме дека еден од начините на финансирање е можно да биде и преку наплатата на патарините, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Во второто барање адресирано до владата, Саша Џаковиќ го моли Заев да обезбеди локација за сместување на хеликоптерите и неговиот персонал. Уште една работа на која што укажувавме кога велевме дека физибилити студијата предвидува и директен трошок од државата со оглед на фактот што компанијата сака да и се даде на користење објекти, инфраструктура и опрема на Центарот за обука на пилоти. Повторно ќе напоменам дека во самиот Центар досега се инвестирани 10-тина милиони евра.Третото барање испратено до владата во истиот ден се однесува на молба до Заев и Рашковски да овозможат склучување на меморандуми за соработка со државните институции и тоа министерството за одбрана, министерството за внатрешни работи и за министерството за здравство, М-НАВ, ЦУК и АЦВ, Дирекцијата за заштита и спасување и другите државни институции засегнати со овој проект. Приватната компанија меѓу другото очекува со овие меморандуми да се регулира и упатување на персонал од составот на наведените институции на должност кај приватниот партнер. Веќе предупредувавме дека скандалозниот договор на Заев и Рашковски предвидува ангажман на персонал од МВР и АРМ за приватниот партнер со што се доведува во прашање оперативноста на службите, но и се наметнува прашањето околу плаќањето на персоналот, а и самата потреба со оглед на фактот што МВР веќе извршува и овој тип на мисии.На сите три барања, приватниот партнер очекува да им биде позитивно одговорено, а сето тоа да биде сторено во координација со нив.Доколку ова не е сомнителен и коруптивен договор, тогаш што е?Доколку ова не е криминал на власта во заминување, тогаш што треба да направат за Јавното обвинителство да се освести и да преземе мерки?Го кријат договорот и неговите анекси како што змијата ги крие нозете, но повторно се фатени живи. Безмилосно земаат се што можат пред да ја напуштат власта. Избегнуваат да одговорат што добиваат граѓаните за 72 милиони евра, колку летови се вкалкулирани, колку чини час лет и кој ќе плаќа откако ќе се надмине бројот на прелети!?Бараме итно да се отвори истрага пред да се направат дополнителни обврски и штети за Република Македонија, одговорност за ваквото расипничко однесување ќе има по 12-ти април, истакна Јанушев.  фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

dzaferi-talad

Џафери: Доколку сакаме избори на 12 април, техничка влада мора да се избере до 3 јануари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека изборите кои се договорени за 12 април можат да се одложуваат сè додека не бидат распишани.Џафери на денешниот брифинг со новинарите уште еднаш појасни дека за да се одржат изборите на 12 април, крајниот рок за избор на техничката влада е 3 јануари.Според првиот човек на собранието ако биде избрана техничка влада, малку е веројатно изборите закажани за 12 април да бидат одложени, бидејќи, како што рече, Пржинската влада се формира за да ги одржи изборите и има мандат сè додека се формира новата влада.Инаку власта и опозицијата се согласиле без блокада да поминат 40 закони во Собранието, кои се врзани со примена од 1 јануари. Џафери очекува  како што кажа истите да бидат изгласани на утрешната седница. Станува збор за закони од областа на финансии, социјала и здравство. Партиите сепак не постигнале договор за законот за одбрана.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Orce-Gjorgjievski-1

Ѓорѓиевски: Спасовски ги обезглавува позициите на началници на СВР, бидејќи поголемиот дел од нив тие се поставуваат од техничкиот министер

Зоран Заев и Оливер Спасовски спротивно на Закон за полиција прават тампон во командната хиерархија помеѓу началниците на СВР и командирите на полициските станици, се со цел да го опструираат техничкиот министер и неговите наредби временски да се забават и развлечат.  Со новата систематизација спротивно на Законот за полиција се определува секоја полициска станица да стане ОВР и истата да добие началник, кој ќе му биде надреден на командирот на полициската станица. И истиот тој началник ќе ги опструира наредбите од началникот на СВР, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Спасовски ги обезглавува позициите на началници на СВР, бидејќи поголемиот дел од нив тие се поставуваат од техничкиот министер.Началниците на ОВР ќе бидат луѓе на Спасовски и ќе имаат за задача да ја оневозможат работата на техничкиот министер. Работа за која ако некој се обиде да ја направи ќе одговара согласно законот.Партизацијата на МВР е на сите нивоа. Вчера Спасовски почна да си ги распоредува советниците на клучни позиции во министерството. Имено во помошен директор на БЈБ и шеф на одделот на крим полиција е поставен Оливер Лукаревски, а досегашниот помошник директор Марјан Коцев е поставен на местото началник на СВР Штип, додека за началник на Секторот за меѓународна соработка е поставен Рефик Ќерими.Партизацијата е буквално на сите нивоа. Но тоа нема да им помогне, ниту на СДСМ, ниту на Спасовски, ниту на Зоран Заев на 12-ти април СДСМ губи и тоа е повеќе од извесно во Македонија. По 12-ти април следува обновата на Македонија, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

DSC00783-1

Филипче: За две години реализирани над 30 проекти во болницата во Кавадарци

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Општата болница со проширена дејност Кавадарци. „Во изминативе две години спроведени се повеќе од 30ина проекти во оваа установа, со што е значително зголемено нивото на здравствена заштита на нашите пациенти и воедно е остварена примарната цел за приближување на медицината до крајните корисници“, информираше министерот Филипче.Тој додаде дека е извршено комплетно реновирање и опремување на детското одделение со капацитет од 16 болнички легла, а во моментов во тек е и целосна реконструкција и најсовремено опремување на нов тракт на интерно одделение со капацитет од 16 болнички легла кое ќе добие сосема нов лик.„Бројот на медицински услуги во овој период е зголемен за над 40% споредено со претходниот период и истото се должи на сите реализирани активности во простор, опрема и кадар во Општата болница со проширена дејност Кавадарци“, истакна д-р Диме Коцев, директор на кавадаречката болница.Изминатиот период реализирани се и реконструктивни зафати како: изградба и комплетно опремување на нов Ургентен центар, комплетно реновирање на биохемиска лабораторија, изградба на најсовремен гаражен центар за повеќе од шест амбулантски возила, изградба на кров на болницата, комплетно реновирање на 25 болнички тоалети, комплетно реновирање (со нови врати и прозорци) во административниот дел и болничката аптека, изградба на седум нови апартмани за болничко сместување на пациенти и престој на доктори, поставување нови електрични врати на влезовите и болничките одделенија.Исто така, извршена е набавка на нов апарат за анестезиологија за потребите на хируршко одделение, набавен е најсовремен ехо апарат за потребите на интерно одделение, дефибрилатор, пациент-монитор и ЕКГ апарат за потребите на интерно одделение, најсовремен ЕХО апарат за потребите на гинеколошко одделение, нов апарат за колоноскопија и опрема за биопсија.Паралелно, интензивно се инвестира и во зајакнување на кадарот и за таа цел обезбедено е 24-часовно присуство на доктори специјалисти од Универзитетските клиники, за потребите на гинеколошко, детско и одделение за анестезиологија, а дополнително се реализирани 5 нови специјализации и 71 ново вработување до овој момент.Општата болница со проширена дејност Кавадарци претставува здравствена установа во која се пружаат здравствени услуги на ниво на секундарна здравствена заштита и во која се лекуваат околу 80.000 жители од Тиквешкиот регион, кој ги опфаќа општините: Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија.На средбата со вработените во оваа јавна здравствена установа, министерот Филипче им посака успешна нова 2020 година.фото: Министертво за здравство

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Антовски: Која е итноста на АД ЕЛЕМ да вработува канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори!?

Власта во заминување ја партизира администрацијата и купува гласови со предизборни вработувања. На само 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ распиша оглас за вработување на нови 30 лица.  На 8 дена пред техничка влада АД ЕЛЕМ не вработува инженери или други стручни лица потребни за работата на ова претпријатие, туку советници во кабинет, книговодители, раководители, истакна Стевче Антовски од Стевче Антовски ВМРО ДПМНЕ.Која е итноста на вработувањето на канцелариски персонал, за тоа да се прави пред избори!? Јасна е намерата. Полнење на институциите со партиски кадар и поткуп на гласачи.Ова е втор оглас во последниот месец распишан од АД ЕЛЕМ. Пред само 10 - тина дена објавен беше оглас за 200 вработувања во РЕК Битола. Додека во АД МЕПСО, другата компанија од енергетскиот сектор во државна сопственост на почетокот на овој месец беше распишан оглас за вработување на 63 лица.Власта го партизира и полни енергетскиот сектор со нестручен кадар.Буџетите на ЕЛЕМ и МЕПСО, наместо за изградба на нови капацитети и реконструкција на истите се користат за поткуп на гласачи.Честите испади во електроенергетскиот систем што беа во Скопје и  Битола, а пред 4 дена и половина Македонија остана без снабдување со електрична енергија, се доволен доказ дека СДСМ троши само за партиски вработувања, наместо за правилен развој и одржување на енергетските капацитети во земјата. Тоа  е спротивно од она што го ветуваа пред да дојдат на власт.Единствено не се знае до кога АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО ќе можат да ја издржат оваа енергетска „авантура“ на власта во заминување, истакна Стевче Антовски од Стевче Антовски ВМРО ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

1-min

(ФОТО) Пристигнаа и првите елени на Галичица

Националниот Парк Галичица е во завршна фаза на реализацијата на проект за враќање на елените на Галичица. Деновиве пристигнаа и првите елени на Галичица.Оваа активност е дел од поголем проект за подобрување со управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг. Проектот траеше 12 месеци и е финансиран од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, што ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. фото: НП Галичица

Македонија | пред 6 години

mvr-1

АА: Систематизацијата во МВР се врши со цел за купување гласови

Повеќе од три години владеење на СДСМ и ДУИ, од сè што ветија го сторија спротивното. Наместо да се намали криминалот и корупцијата, нивната бројка продолжува да расте, наместо да создадат подобар систем за безбедност на граѓаните, граѓаните сè уште немаат доверба во државните органи и наместо правичната и соодветната застапеност на граѓаните да се постигне, дискриминацијата воопшто не смени правец, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Од тие причини, Алијанса за Албанците јавно го прашува министерот Оливер Спасовски зошто сè уште немаме нов закон за внатрешни работи и полиција; со кое законско и уставно право се одвива систематизација и унапредување на полицискиот кадар; каде е албанскиот заменик министер да зборува за ниската застапеност на Албанците во Министерството за Внатрешни Работи. Го потсетуваме заменик министерот на ДУИ дека процентот на Албанците во хиерархијата на МВР е само 4%!Одделот за внатрешни работи при Алијанса за Албанците оценува дека во едно вакво време, нелегално е систематизирање на МВРза време пред изборите. Исто така, барамеработитенаМВР да почнат да се регулираат со закон, а не со владини решенија, затоа што ваквата практика го докажува влијанието на партијата врз многу важни државни органи, како што е Министерството за Внатрешни Работи.Ова не е првпат вакви скандали да се случат во пресрет на изборите со цел да се користат меѓу институционалните позиции за да се влијае на изборите, ова ја нарушува демократијата и слободниот избор на граѓаните, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.фото: Архива

пред 6 години

paridenari1

Приведен разбојник во Неготино, парите вратени на сопствениците

На 26.12.2019  околу 10.30 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода П.Ц.(24) од Неготино поради тоа што околу 08.00 часот со закана со остар предмет од вработени во казино во Неготино одзел пари и побегнал.При преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното. П.Ц. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) На семафорите на булеварот Србија, поставен првиот тастер за пешаци

На барање на граѓаните, на семафорите на булеварот Србија, кај Полициската станица, е поставен првиот тастер во Скопје со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето на зеленото светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин. Целта на оваа активност на Градот Скопје и на компанијата ОКТА е да се зголеми безбедноста во сообраќајот на овој исклучително фреквентен булевар.На барање на граѓаните, по немилиот настан минатата година кога на овој пешачки премин загина пешак, Градот Скопје на оваа локација постави семафор за да овозможи побезбедно поминување на пешаците преку булеварот. Наидовме на разбирање кај компанијата ОКТА за да воведеме и еден поинаков систем – во моменти кога нема толку многу сообраќај на улицата да може со притискање копче да се отвори пешачкиот сигнал за да се зголеми безбедноста на пешаците при преминувањето на улицата, особено на децата од оваа околина коишто одат на училиште - рече денеска градоначалникот Шилегов, на ставањето во употреба на новиот механизам за регулирање на сообраќајот.Тој потсети дека Градот Скопје на булеварот Србија годинава изгради и велосипедска патека која ги поврзува главните велосипедски рути во Аеродром со Кисела Вода и Гази Баба.Сакаме да воведеме безбедно движење со одржлива урбана мобилност. За мене е императив сите решенија коишто ги нудиме како градска администрација да се во насока на одржливата урбана мобилност, а пред се, да се безбедни за граѓаните, особено за најранливите категории во сообраќајот. Мислам дека тие промени, чекор по чекор, стануваат видливи благодарение и на вакви општествено одговорни компании како што е компанијата ОКТА, а ние ја зголемуваме безбедноста на граѓаните – нагласи Шилегов.Тастерот на семафорот на булеварот Србија е донација од компанијата ОКТА со која се предвидува поставување вакви тастери на повеќе пешачки премини на градските булевари.

Скопје | пред 6 години

sadu

САДУ: Упатуваме најостра критика до раководството на МВР за изборот на дипломати за конзуларните претставништва

Македонскиот дипломатски синдикат упатува најостра критика до раководството на Министерството за надворешни работи за спроведената изборна постапка за упатување дипломати на работа во дипломатско-конзуларни претставништва.И покрај бројните укажувања на Синдикатот за воспоставување пракса ваквите упатувања да се вршат во соодветен период, вчера, на само една недела пред формирањето на техничката Влада, беше извршен избор на 18 дипломати и 2 административци. Покрај сомневања дека упатувања во предизборен период се лесно подложни на политизација, Синдикатот е на мислење дека ваквата постапка е крајно непринципиелна, имајќи предвид дека пред само две години, во слична ситуација, со обратно поставени улоги, беше стопирано упатувањето во странство на веќе избрани дваесетина дипломати, се вели во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат.За добро на македонската дипломатија, крајно е време да се престане со пракса на двоструки аршини и да се воспостават постојани правила на игра, без оглед на актуелната политичка коњуктура.Македонскиот дипломатски синдикат ја критикува постапката за упатување и од формално-технички аспект, бидејќи раководството на МНР не одговори позитивно на барањето за учество и не дозволи наш претставник да учествува во изборот како член на Изборната комисија. Со ова нашите сомневања уште повеќе се поткрепија.Уште еднаш укажуваме дека трите процеси што упорно се туркаат во предизборниот период во МНР – донесување нов Закон за надворешни работи, упатување дипломати и упатување амбасадори – треба да запрат и да продолжат по парламентарните избори, се наведува во соопштението од КСС.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izvriteli

Извршителите штрајкуваат, тарифата им се намалува од 1000 на 300 евра

Извршителите денеска не се на работа - штрајкуваат  по 13 години откако кај нас е воведено приватното извршување. Протестот е официјално најавен, иако до синоќа не беше познато каде ќе се одржи и во каква форма извршителите ќе го изразат незадоволство против новиот тарифник кој го подготвува министерството за правда.Инаку наградата која ја добиваат за извршената работа од 1.000 евра им се намалува на 300 евра. Вчера, Собранието на Комората на извршители требаше да ја потврди оваа одлука, но не се состана поради немање кворум. Од граѓанското здружение „Стоп за извршители“  кои со месеци протестираат, не се изненадени од реакцијата на извршителите. Како ќе делуваат ќе одлучат откако ќе го видат  решението на правда па потоа ќе одлучат.фото: akademik.mk 

Македонија | пред 6 години

monika

Србија на нозе, се бара педофил кој шест дена држи девојче кое го грабнал

46-годишниот Нинослав Јовановиќ, осудуван силувач на девојчиња, е осомничен дека веќе шест дена како заложник држи ученичка од околината на Ниш, која ја пресретнал на пат до училиште, ја ставил во своето возило и ја однел. Нинослав, во Србија нарекуван Малчански Бербер, кој е веќе осудуван за силување на две 12-годишни девојчиња, ја киднапирал 12-годишната Моника Каримановиќ во петокот во Суви Дол кај Ниш, а полицијата трага по него и верува дека девојчето ќе го пронајдат живо.Се уште го бараат моето дете! Само да е жива! Се ќе се залечи, се заедно ќе преживееме, само таа  жива да ми се врати. Живеам само повторно да ѝ го слушнам гласот. Се прашувам низ какви маки детето сега поминува, рекла расплаканата Александра, мајка на Моника Каримановиќ за Курир.рс. фото: Blic 

Свет | пред 6 години

lift

Битолченец тешко повреден, се обиел да укради тегови кои држеле лифт

На 25.12.2019 во 11.45 часот во СВР Битола, од Итната медицинска помош било пријавено  дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Р.(26) од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повреди при обид да изврши кражба на тегови кои го држеле лифтот во напуштен објект на поранешна фабрика на улица „1 Мај“ во Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На „Табановце“ приведен скопјанец кој требало да издржува казна затвор

На 25.12.2019 во 22.50 часот на Граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го лишиле од слобода А.Е.(28) од Скопје, затоа што при проверка во оперативна евиденција било утврдено дека се барал за издржување казна затвор. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени две лица – во автомобилот им била пронајдена марихуана

На 25.12.2019 околу 21.50 часот на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во близина на месноста „Ростушко анче“, полициски службеници на Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода А.Е.(24) и А.А.(38), двајцата од гостиварско Ростуше. При нивен и преглед на возилото „форд“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

26122019_PVRSM_Zaev_intervju_4

Заев: Имаме либерализиран пазар со најевтина цена на струја за граѓаните од наши сопствени капацитети кои плус прават профит

Секој што тврди дека пазарот на струја не е либерализиран тврди погрешно. Пазарот е отворен за сите, но компаниите што би сакале да влезат на нашиот пазар ќе треба да понудат поскапа струја, зашто ние имаме најевтина цена на струја во Европа од наши сопствени капацитети, од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), укажа Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во интервјуто за емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.„Од компанија со загуби сега ЕСМ е компанија со добивка, а имаме најевтина цена на струја во Европа. ЕСМ има 80 милиони евра на својата сметка како добивка, без 11-те милиони евра кои им припаѓаат на граѓаните како заштеда од евтината тарифа. Тоа овозможува ЕСМ да инвестираат 30 милиони евра во филтри за прочистување на издувните гасови во РЕК, во нова механизација 19 милиони евра, 10 милиони во инвертери... Тоа се сериозни остварувања и затоа не случајно сме прогласени за шампиони во енергетиката“, истакна премиерот Заев.Овој домаќински пристап, рече Заев во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат, ќе го продолжиме и во реализацијата на хидроцентралата Чебрен.„Го завршивме административниот процес за подготовка за повик за јавно-приватно партнерство за изградба и за управување со хидроцентралата Чебрен. Проценетата вредност на проектот е од 500 до 800 милиони евра. Со капацитет од 420 мегавати, Чебрен ќе биде сериозен регионален балансер на енергетското снабдување не само за нашата земја. Се одлучивме за јавно-приватно партнерство за реализацијата на овој мега зафат зашто ако влезе само државата, тоа ќе повлече нов кредит. Сметаме дека тоа сега не ни е потребно и дека со приватен партнер ќе се обезбеди заокружување на финансиската конструкција“, истакна премиерот Заев во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

26122019_PVRSM_Zaev_intervju_2

Заев: Растот на бројот на нови работи места природно ќе го полни пензискиот фонд и ќе опаѓа потребата државата да го надополнува

Со одговорни и чесни политики го запревме растот на дефицитот во пензискиот фонд, популарно нарекуваната - „дупка во ПИОМ“, го стабилизиравме и со ефектите што ги очекуваме од создавањето на новите работни места, од растот на платите и од придонесите од нив, создаваме тренд за негово намалување, што ни обезбеди можност да ги покачиме пензиите, нагласи Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.„Дотации од Буџетот во 2018 во Фондот достигна 364 милиони евра.Затоа презедовме политики да го спречиме трендот на раст на дупката во Фондот, и ако може после и да опаѓа. Со зголемувањето на приходите од компаниите за 0,5 отсто, од кои 0,4 оди во пензиско, а 0,1 во здравствениот систем. Растот на бројот на нови работи места природно ќе го полни фондот и ќе паѓа потребата државата да дотира. Утврдивме дека тој тренд е добар и тоа ни даде за право да ги покачиме пензиите.Тоа ми дава уште едно право да кажам дека покачувањето на пензиите не е популистичка мерка. Затоа беше можно да обезбедиме покачување на пензиите од 700 до 900 денари месечно, со корекцијата плус со покачувањето на трошоците за живот. Не годишно, туку месечно, односно дополнителен приход за секој пензионер просечно за 10.000 денари годишно“, истакна премиерот Заев во интервју за емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.фото: Влада 

Македонија | пред 6 години

26122019_PVRSM_Zaev_intervju_1

(ВИДЕО) Заев: Создадовме услови да расте приходот во Буџетот од големиот број ново отворени работни места

Ние сме најдобар пример за инвестирање во човечките ресурси во државата, во човечкиот капитал. Полевичарски од тој концепт, здравје. Остварувањето на правата на работниците, на финансиската поддршка преку растот на платите и другите придобивки, затворањето на прашањето на стечајните работници, најважните прашања за поддршка на земјоделците, покачувањето на пензиите... Сто тоа се типични левичарски, социјал-демократски политики, истакна Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за емисијата „Економски магазин на ТВ Алсат.„Не треба да се гледа само одлагањето на примената на прогресивниот данок и данокот на добивка, и само врз основа на тоа да се суди дека сме ја напуштиле социјал-демократската позиција околу овие прашања. Имаше повеќе причини да ја одложиме примената на прогресивниот данок. Видовме дека прогресивниот данок во нашето опкружување не ги дава очекуваните резултати. Ги слушавме реакциите кои укажуваа дека не сме ги предвиделе ситуациите со различна висина на платите во едно семејство во кои може да има една плата повисока од 105.000 денари која подлежи на повисок данок, или три или четири плати од 60 или 70 илјади денари кои не подлежат... Се појавија такви разлики и потреба од дополнителни подготовки. Од друга страна висината на приливи во приходната страна на Буџетот почна да расте заради големиот број ново отворени работни места, заради повисоките плати со што се зголеми приливот од персоналниот данок“, нагласи премиерот Заеви додаде дека бил контсиран и пад на данокот од добивка што покажа дека компаниитезапочнаа да ги префрлаат парите на сметки во странство и потоа како консултантски услуги ги враќаа назад во државата.Сето тоа, рече премиерот Заев, ни укажа дека треба да направиме повнимателни подготовки и одлагање на примената на прогресивниот данок.„Уште нешто за разликата за левичарските и десничарските политики. Во времето на десничарите, владата на Груевски, тие ги укинуваа придонесите за да му „учинат“ на капитал факторот. Ние ги зголемуваме за да го дадат нивниот придонес, да платат повеќе за да има солидарно насекаде. Учествуваат со поголем приход во фондовите и со исплаќањето на зголемената минимална плата, и тоа го правиме низ разговор, а не со супериорен пристап од позиција на моќ.Овие политики даваат мултиплицирачки ефекти. Со такви политики на инвестирање во човечкиот капитал, премиерот Антонио Коста во Португалија не само што ја реши кризата, туку има и најголем процент на раст. И ние сме на добар пат да го направиме истото“, потенцираше Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за емисијата „Економски магазин“на ТВ Алсат.фото: Влада 

Македонија | пред 6 години

graso

Петар Грашо на 18 јануари на градскиот плоштад во Охрид

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници и Богојавление - Водици, општина Охрид ќе организира богата музичко - забавна програма на градскиот плоштад.Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници и Богојавление – Водици, општина Охрид ја организира следната музичко – забавна програмаНа 31 декември е предвиден организиран дочек на Новата година, со Ефто Пупиноски, групата „Камелеон“ и Ѓоко Танески.Неповторливо музичко доживување со Марко Луис е предвидено на 2 јануари. На 5 јануари Ди-џеј Ванчо ќе приреди забава со ретро  Палас хитови, а на 11 јануари џез, соул и фанк забава со познатиот Владимир Василевски Четкар.На 18 јануари на градскиот плоштад концерт ќе одржи најпопуларната музичка ѕвезда во Хрватска, Петар Грашо.За такавиканиот Ден на рибарите, на 20 јануари ќе настапи познатиот фолк пејач Миле Кузманоски.ОХРИД ВЕ ОЧЕКУВА!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/videos/463313894334520/фото: muzika24.mk

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Свесни за поразот, но и крајот на политичката кариера, Заев очајно бара алиби со кое ќе ги одложи изборите

Зоран Заев соочен со поразот кој му следи на изборите работи на сценарио за нивно одложување, бидејќи се плаши да се соочи со граѓаните на Република Македонија. За овие три години СДСМ и Зоран Заев направија невиден грабеж на државата и граѓаните, ги продадоа државните и национални интереси, а целото нивно владеење е проследено со скандали, рекет, афери, криминал и корупција, се вели во соопштенито од ВМРО ДПМНЕ.Поради тоа, свесни за поразот, но и крајот на политичката кариера, Заев очајно бара алиби со кое ќе ги одложи изборите и ќе избега од соочување со народот.  Првиот обид на Заев за бегање од избори му беше ратифкацијата на протоколот за НАТО, кој веднаш беше разобличен од ВМРО-ДПМНЕ.Веднаш потоа Заев се впушти во втор обид во кој поднесе стотици закони до Собранието помеѓу кои и закон за промена на изборниот законик за кој нема политички консензус со очигледна намера да креира криза и да го блокира Собранието на Република Македонија.  Дека законите му се само алиби говори и неговата пазарџиска изјава во која побара сите закони да бидат прифатени во спротивно немало избори.Како потврда на целото сценарио на Заев говорат и масовната партизација на државните институции, незаконската систематизација во МВР и укинувањето на единицата АЛФА, додека во исто време се презадолжува државата и се амнестираат кодошите виновни за црната страна на комунизмот.  Заев е исплашен човек. Во страв од  пораз на сите можни начини панично се обидува да креира хаос и да ја втурне државата во криза, само за да не се соочи македонските граѓани.Реалноста е дека помина времето на Зоран Заев, никој повеќе не паѓа на неговите игри и манипулации. Затоа Заев ќе мора да се соочи со граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ. Избори ќе има, а Заев и СДСМ ќе бидат испратени на темната страна на историјата и конечно ќе започне Обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  се вели во соопштенито од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

protets-cist-vozduh-2

Утре повторно протетст за чист воздух во Скопје

Протестот кој го организираат Петоци за Иднината Скопје во петок во 17 часот не е изговор за напуштање часови во средните училишта, како што тврдат некои провладини коментатори. Ваквата квалификација е крајно нечесна и ја валка не само репутацијата на меѓународното движење на Грета Тунберг на кое сме локален огранок, туку и благородната кауза зад која стоиме, се вели во соопштението со кое се најавува протестен марш на Fridays For Future. Протестот утре е последниот марш годинава во рамките на Зелена револуција, концепт кој обедини повеќе од триесет еколошки организации зад 123 конкретни барања. Нивно исполнување ќе значи конечен крај на кризата на животната средина во државава. Во петок нашите сојузници од Зелениот фронт даваат поддршка на симболичниот бојкот само на крајот на наставата, кој во никој случај не претставува бојкот за целиот училишен ден, туку само ефективен начин да се обрне внимание на проблемот. Овој период од школската година е важен за средношколците, но чистиот воздух е уште поважен. Младите заслужуваат максимална посветеност од властите за решавање на загадувањето. Во моментов таква посветеност не гледаме. За да имаме здраво општество, мора да имаме здрава младина, а за да имаме здрава младина мора да имаме здрава животна средина. Аерозагадувањето со години е проблем број еден во Скопје и пошироко, кое директно придонесува и за климатските промени, и затоа повеќе не може да чека.Сакаме да нагласиме дека не поддржуваме никакви други активности надвор од  закажаната програма, и се оградуваме од било какви злоупотреби на еколошката кауза за лични или партиски цели. Затоа ги повикуваме граѓаните од сите возрасти, верски, етнички и партиски припадности да ни се придружат на предновогодишниот Марш за воздух во 2020-та со почеток кај Министерството за животна средина, и да им помогнат на нивните деца во оваа битка, велат од Fridays For Future,фото: Fridays For Future

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања