Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

petardi

Приведен маж, полицијата му пронашла 1802 парчиња огномети, ракети и петарди

На 24.12.2019 околу 11.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, на големиот пазар во Гостивар го лишиле од слобода А.З.(40) од с.Балиндол, гостиварско, затоа што на неговата тезга биле пронајдени и одземени 1802 парчиња огномети, ракети и петарди. А.З. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

svr

Во Струга приведени пијани мажи од Боровец кои се расправале пред казино

На 24.12.2019 во Полициската станица Струга било пријавено дека во казино на улица „Маршал Тито“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна расправија помеѓу К.С.(32) и Е.К.(43), двајцата од струшкото село Боровец, кои биле под дејство на алкохол. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Маж од Косово уапсен во Скопје, кај него пронајдени лекови вредни над милион денари

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Гњилане, Косово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволена трговија“. На 12.02.2019 на обиколницата на Град Скопје, кај клучка Радишани, полициски службеници го запреле возилото „опел зафира“, кое го управувал пријавениот и при преглед на возилото биле пронајдени кутии со различни лекови, во вкупна вредност од 1.145.579 денари, за кои не приложил никаква документација за набавка. А.Р. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Чаир.фото: Национален фармакоинформативен центар 

Македонија | пред 6 години

plaza-lezaljke-grcka

Вработена во скопска туристичка агенција парите од продадени туристички аранжмани си ги присвојувала

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Д.Т.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. Пријавената, вработена како администратор за туризам во правно друштво од Скопје, во периодот од 20.07.2019 до 05.09.2019, сукцесивно во повеќе наврати присвоила за себе парични средства во вкупен износ од 140.624 денари кои и биле доверени во работењето  од извршената наплата од продадени туристички аранжмани за шест лица. Таа изготвила и издавала договори за патување и ваучери во име и за сметка на правниот субјект, при што примероците од договорите за патување кое ги одлагала во досието на патниците, внесувала невистинита цена на чинење на туристичкиот ангажман во помали или поголеми износи на парични средства, а додека во примероците кои ги давала на патниците внесувала и наплатувала вистинска цена или помала цена, односно самоволно давала попусти спротивно на официјалниот ценовник за лето 2019 година. Воедно, за наплатените парични средства не  издавала фискална сметка, а издадените и потпишаните ваучери не ги одложила во досието за патници, туку ги уништувала, а со тоа го оштетила правниот субјект за 166.736 денари.фото: balkanfun.travel 

Скопје | пред 6 години

katastar

Кривични пријави за вработена во Катастар за злоупотреба на службена положба и овластување и директор на фирма

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против T.Б.(38) и Ј.А.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело „злоупотреба службена положба и овластување“ и „поттикнување“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, вработена како правник во Агенцијата за катастар на недвижности-Скопје, во текот на 2014, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своите службени овластувања, а поттикната од второпријавениот, управител на правно лице од Скопје, по приемот на пријава за запишување на промена во Агенцијата за катастар на недвижности на 11.11.2014, иако имала овластување само да одлучува по предмети за запишување на сопственичките права во катастарот на недвижности, а по претходна обработка на пријавите од страна на стручни лица - геодети, неовластено преземала активности вон своите овластувања и извршила промена во катастарот на недвижностите. Првопријавената, станбениот објект кој бил недовршен и се уште во изградба и за кој немало извршено технички прием, а за кој градежната документација била издадена на лицето Д.Т. како соинвеститор, ја запишала на име на второпријавениот и на име на соинвеститорот Д.Т., кој во меѓувреме починал. На тој начин во катастарската евиденција на недоизградениот објект неосновано му дала легалност и покрај тоа што знаела дека соинвеститорот е починат и дека има наследно решение.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-3

Со фалсификувана лиценца конкурирал на тендер

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Г.Ц.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, во својство на управител на правно лице од Скопје, во текот на април 2019 година изготвил лажна Лиценца Б – за изведувач на градби од втора категорија со важност од 06.08.2012 година до 06.08.2019 година, како да е изготвена и издадена од Министерството за транспорт и врски на РСМ. На 23.04.2019 ја искористил како вистинска и ја употребил на Електронскиот систем за јавни набавки како прилог кон тендерска документацијата во врска со Понуда поднесена од страна на неговото правно лице, а врз основа на Оглас за спроведување на отворена постапка за јавна набавка објавен од страна на Министерството за одбрана за доделување на договор за вршење на работни активности во врска со Оспособување на надворешни разводи за греење во објекти на Министерството за одбрана и Армијата на РСМ. Откако до Министерството за одбрана стигнале индиции дека фирмата прикачила фалсификувана лиценца, Министерството за одбрана побарало информација од Министерството за транспорт и врски и по добиена информација дека на тој правен субјект не му е доделена лиценца, Министерството за одбрана до Јавното обвинителство  поднело кривична пријава против правниот субјект.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

dimsa

ВМРО ДПМНЕ со претставка до Антикорупциската Комисија - Владата молчи тендерот за чистење на улици и патиштата на синот на генералниот секретар на Собранието,

Денеска ВМРО-ДПМНЕ и официјално ќе поднесе претставка до Антикорупциската Комисија, причината е тоа што Владата и институциите молчат веќе трет ден. За оној тендер кој што го отвори генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес конференција. Каде што обзнани дека синот на генералниот секретар на Собранието, Зоран Иванов има земено тендер за чистење на улици и патиштата од Источна Македонија под сомнителни околности, истакна Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Еве веќе поминаа три дена, а тоа е уште еден показател дека Владата молчи, дека нешто крие. Дека најверојатно и сето она, односно сигурно она што го говоревме е точно. И со нивниот молк го потврдуваат. Па затоа имајќи ги сите институции под нивните канџи, под нивните раце се обидуваат овој случај да го прикријат и да го замолчат за да не може да се спроведе една постапка, каде што ќе може да се утврдат околностите под кои што е добиен овој тендер. Каде што фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица каде што како што реков синот на Цветанка Иванова, која што е од редовите на СДСМ и е генерален секретар на Собранието е сопственик и бизнис партнер во друга фирма „Омни градба“ каде што Трајче Заев, првиот братучед на премиерот  исто така има удел во истата фирма „Омни градба“ со Зоран Иванов.Па така треба да се утврди како е можно син на висок функционер од СДСМ и бизнис партнер во фамилијата Заеви да може го добие овој тендер. Каде што како што знаете најпрвин е под сомнителни околности. Најпрвин го добива тендерот па подоцна ги набавува машините со кои што треба да ја изврши работата која што се бара во тендерот.И втора работа треба да се утврди од страна на Антикорупциска Комисија дали имала некакво влијание неговата мајка во доделувањето на овој тендер. И дали можеби е извршено влијание од страна на неговите бизнис партнери од фамилијата Заеви?Поради молкот еве поднесуваме денеска до Антикорупциската и очекуваме брз одговор од нив. Да го истражат во најбрз можен рок случајот. И веднаш потоа доколку се утврди да се понесе одговорност и да бидат санкционирани.Ова не е прв случај каде што функционерите на СДСМ и фамилијата Заеви да добиваат тендери иако во овој случај е само синот на Цветанка Иванова. Затоа сметаме дека треба да се истражи и треба да се понесе одговорност. Она што е добро е дека ова ќе заврши многу набрзо тоа е на 12-ти април кога ќе си замине оваа Влада предводена од Зоран Заев. И никогаш повеќе нема да имаме премиер кој што на овој начин преку неговите функционери, преку неговото семејство и останатите во Владата ќе на некој начин ги испумпува државните пари, истакна Арсовски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Еве кои се најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2019

Секторот за локален економски развој  на Град Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, избраа „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје.На Манифестацијата којашто традиционално се оддржа по 12-ти пат, плакетите на најдобрите им ги врачи Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој  на Град Скопје.- Се надевам дека извештаите од истражувањето од минатата година Ви беа од корист за да ги воочите недостатоците и да се коригирате во одредени сегменти - изјави Марко Тодоров.Тој додаде дека според него Скопје има со што да се пофали кога се во прашање угостителските објекти од овој тип, бидејќи се следат светските трендови, се отвораат нови, поубави локали и стандардите растат.Тодоров се заблагодари на Агенцијата “SWOT Research” за професионалната посветеност и изрази надеж за долгогодишна соработка.Годинава преку тајни купувачи за најдобри три ресторани се оценети: 1.Скопски мерак, 2. Bushi restaurant & terrace bar и 3. mkc club & restaurant; најдобри гостилници се: 1. Градска кафеана,  2. Дебар маало и 3. Кафана; најдобри кафулиња се:1. Speakeasy, 2. ДОБАР и 3. DEUS; и најдобри Lounge и мезе барови се: 1. ДISTRIKT BAR & KITCHEN,2. BrooklYnski JAZZ Bistro и 3. Barbakan Bistro Bar.фото: Град Скопје

Скопје | пред 6 години

ugostitelsko

(ФОТО) Ученички активности по повод престојните празници

Учениците од ОУТУ ,,Ванчо Питошески”, Охрид го посетија Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и на пензионерите им приредија пријатно изненадување по повод новогодишните и божиќните празници.Со својот личен труд, ангажман и знаење стекнати во практичната настава ги израдуваа припадниците на третата доба, со скромни подароци- храна приготвена во кабинетот на училиштето. Меѓу другото, на пензионерите им ги честитаа претстојнит празници и им посакаа долг пензионерски живот и успешна работа на Здружението.Во рамките на празничните активности учениците од ова училиште им организираа срдечен пречек на дечињата од игротеката ,,Смајли” при што им приредија слатки изненадувања подготвени во кабинетите. Дечињата ги посетија кабинетите по послужување и готварство, како и ресторантот и се запознаа со убавините на професијата готвач и келнер. Задоволството од посетата беше обострано и на дечињата од игротеката ,,Смајли” и на учениците кои им го приредија ова слатко задоволство.

Македонија | пред 6 години

sredba-1

(ФОТО) Новогодишни средби со социјално загрозени семејства

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на новогодишниот ручек што општина Охрид   го организира за 150 социјално најзагрозени лица,а во соработка со Црвен Крст и Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.  Градоначалникот  на присутните им посака добро здравје, среќа и бериќет во Новата  Година.– Чест ми е што денеска имам можност со вас да  споделам заеднички оброк и да ве запознаам одблиску. Радоста која денес ја гледам во очите на секое ваше дете, посакувам да остане забележана во текот на целата наредна година.  Сите вие сте значен сегмент  од нашето општество,  а ние сме  секогаш тука да креираме можности за подобар живот и надминување на социјалните разлики меѓу сите граѓани. Тековно општина  Охрид реализира активности кои се дел од програмата за социјална заштита, а се за подобро утро на сите Вас.  Согласно своите ингеренции  општината редовно се вклучува во одбележување на   Неделата  на солидарност во месец април и Неделата  на борба против гладта  во месец октомври.Сите под ова небо сме едно исто- сите сме ЛУЃЕ.  Затоа да се сакаме , да се дружиме и да си помагаме меѓусебно. Сите заедно да влеземе во една посреќна, поуспешна и побериќетна година со желба  за  најдобро здравје на сите нас- рече градоначалникот Георгиески.Најмладите на настанот ги израдува Дедо Мраз кој им подари новогодишни пакетчиња, а  се одржа и културно забавна програма.

Македонија | пред 6 години

Foto-6-1

Пендаровски во посета на општина Кичево

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска престојува во посета на општина Кичево.Во основното училиште „Санде Штерјоски“ претседателот Пендаровски посети две паралелки што наставата ја следат на македонски, односно албански јазик. Во училиштето настава следат ученици Македонци, Албанци, Турци и Роми и е пример за меѓуетничка интеграција во образованието. Пред претседателот Пендаровски беше посочен проблемот со недостаток на учебници. Исто така, претседателот Пендаровски посети паралелка на деца со попреченост, кои учат во училиштето. Во следењето на наставата им помага и волонтерка од Мировниот корпус од САД.Во училишната библиотека, претседателот Пендаровски се сретна со 18-годишниот Албин Алиу, иноватор кој има направено проект за изработка на хартија од алги, собрани во Охридското езеро. Тој го запозна претседателот Пендаровски со својот проект, со кој освоил трето место на натпревар во Њујорк - САД, во областа на биохемијата. Проектот е значаен за заштита на животната средина бидејќи помага во одржувањето на биодиверзитетот и помага во намалувањето на користењето на дрвата како суровина за производство на хартија. Алиу пред претседателот Пендаровски ја истакна неговата желба за развој и примена на проектот во Северна Македонија. Алиу, кој основното образование го завршил во училиштето „Санде Штерјоски“, сега е ученик во Јахја Кемал колеџот во Струга и е носител на повеќе награди на национални и регионални натпревари.За време на посетата на Кичево, претседателот Пендаровски го посети основното училиште „Владимир Полежиноски“, каде беше посочен трендот со намалување на бројот на ученици во градот. За време на посетата, претседателот Пендаровски даде интервју за училишниот весник „Ѕуница“, што го подготвуваат учениците од новинарската секција.Во општинската организација на Црвениот Крст во Кичево, претседателот Пендаровски се сретна со д-р Љуљзим Јахоја, добитник на националното признание за истакнат волонтер на годината, за 2019-та. Јахоја, кој по професија е невролог, веќе 15 години е волонтер во Црвениот крст. Од раководството, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на општинската организација на Црвениот крст во градот.Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е со цел преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеи за нивно надминување. фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

krazba-market

Едно лице обвинето за разбојништвото во маркет во Сандево, за вториот осомничен – запрена постапката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 28 години, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Рабојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.На 2 декември, во маркет во скопското село Сандево, обвинетиот се заканил на вработената дека неспоредно ќе нападне врз нејзиниот живот и телот и успеал да одземе парични средства во вкупен износ од 36.600 денари. Тој бил маскиран со црна „фантомка“, а во рацете држел кујнски нож, па оштетената, исплашена за својот живот, му ги предала парите.Јавниот обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи процени дека се уште постојат основите кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и врз оштетената, како и да го повтори кривичното дело.Во врска со истиот настан, надлежниот јавен обвинител донесе и Наредба за запирање на истражната постапка за уште едно лице, на возраст од 30 години. Во текот на истрагата се утврди дека нема докази дека осомничениот го сторил кривичното дело, односно дека воопшто имал сознанија дека обвинетиот имал намера да го стори делото.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pistol_001

Поднесено обвинение за разбојништво во просториите на „Брза пратка“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 16.10.2018 година, влегол во просториите на оштетеното правно лице „Брза пратка“ на булевар „Јане Сандански“ и заканувајќи се на една вработена со пластичен пиштол, одзел пари во вкупен износ од 680.000 денари. На вработената и наредил парите да ги стави во неговиот ранец и да влезе во тоалетот, по што ја затворил вратата од тоалетот и избегал.За обвинетиот, со Решение на Кривичниот суд Скопје, на сила се мерки на претпазливост.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

policija-22

Отфрлена пријава за злоупотреба на службата и несовесно работење во Министерството за внатрешни работи

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава од Фросина Ташевска-Ременски поднесена против три лица за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст. 1 и Несовесно работење во службата од чл. 353в ст. 2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.Пријавата првично беше поднесена против две лица, а потоа со дополнително доставен поднесок беше проширена за уште едно лице. Во пријавата се наведува дека во периодот од 22.05.2014 година до 29.04.2015 година, првопријавената во својство Министер во Министерството за внатрешни работи, со пречекорување на границите на своето овластување и спротивно на Законот за внатрешни работи, му прибавила корист на второпријавениот кој во наведениот период бил заменик-директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Имено  таа овозможила и по исполнување на условите за старосна пензија, второпријавениот да остане во работен однос и месечно да прима плата. За третопријавената, помошник-министер за правни работи и човечки ресурси во Министерството се наведува дека во периодот од 22.05.2014 година до крајот на месец мај 2017 година, спротивно на закон, свесно пропуштила да го извести Министерот дека барањата за продолжување на работниот однос поднесени од второпријавениот се недозволени и сочинила решенија за продолжување на неговиот работен однос.Јавниот обвинител, постапувајќи по пријавата, со две последователни наредби од Министерството за внатрешни работи обезбеди податоци за работниот ангажман на второпријавениот, правните акти на кои се засновал, висината на паричниот износ кој месечно му бил исплаќан и други околности. Од материјалната документација, прилозите кон пријавата и писмените известувања обезбедени од МВР, произлезе дека првопријавената како Министер за внатрешни работи на 14.04.2014 година донела решение со кое констатирала дека на 31.04.2014 година ќе настапи прекин на работниот однос на второпријавениот заменик директор на УБК поради исполнување на условите за остварување старосна пензија – 40 години пензиски стаж. По барање поднесено од второпријавениот, одобрено од директорот на Управата, да му се дозволи да ги спроведе веќе започнатите опреативни активности под негово раководство, првопријавената на 22.05.2014 година го поништила решението, а второпријавениот на 26.08.2014 година поднел изјава за продолжување на работниот однос. Постапувајќи по барањето, првопријавената донела решение, изготвено од третопријавената, со кое го продолжила работниот однос на второпријавениот за период од една година, заклучно со месец мај 2015 година. Решението било донесено врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи кој влегол во сила на 13.08.2019 година и бил со одложена примена од 12.03.2015 година, со кој се предвидувала можност за продолжување на работниот однос до 45 години пензиски стаж.На сличен начин, на 29.04.2015 година, по претходно барање од второпријавениот, првопријавената донела ново решение со кое работниот однос му го продолжила за уште една година, заклучно со мај 2016 година. Откако со нов акт за систематизација на работни места во Управата, второпријавениот бил прераспореден, тој поднел уште две барања врз основа на кои со решение на Министерот за внатрешни работи неговиот работен однос бил продолжен до октомври 2017 година, кога исполнил 45 години пензиски стаж и остварил право на старосна пензија. Во периодот од ноември 2017 година до ноември 2019 година, второпријавениот и натаму бил работно ангажиран за потребите на Министерството за внатрешни работи со договор на дело.Врз основа на ваквите податоци, како и на прибраните вербални докази, надлежниот јавен обвинител процени дека во дејствијата на пријавените не се содржани битни обележја на наведените кривични дела. Имено, пропустите по однос на основот за работниот ангажман на второпријавениот во Управата не се на линија на неправо во кривично-правна смисла, туку единствено можат да претставуваат неправилностпри примена на норми со кои се регулираат работните односи. Особено што постапувањето се базирало на процена на безбедносните ризици, запазување на континуитетот на класифицирани оперативни проекти и заштита на интересите на државната безбедност.Притоа, за првопријавената, јавниот обвинител оцени дека не може да се утврди дека дејствувала со умисла да му прибави имотна корист на второпријавениот, а на штета на Министерството. Второпријавениот, пак, единствено истакнувал барања за продолжување на работниот однос за кои постоела можност да бидат прифатени или одбиени. Дејствијата на третопријавената е исцрпуваат со изготвување решенија, кои ги потпишувал и ги ставал во правна сила ресорниот министер.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

selektor

Александар Тодоров е назначен за нов селектор на кошаркарскиот сениорски тим на Македонија

Македонскиот стратег Александар Тодоров на прес-конференција официјално е назначен за нов селектор на кошаркарскиот сениорски тим на Македонија.„Сметам и наидов на поддршка дека покрај пласманот на ЕП 2021 треба да се изврши и подмладување на репрезентација, затоа што имавме млади генерации кои играа на Европски првенства, а досега имавме проблем со подмладувањето. Исто така имаме успешни млади играчи и дома и во странство. Подмладувањето можеби звучи како алиби, но се работи за потреба да се даде шанса на тие деца кои многу скоро треба да станат костур на тимот. Имаме два меча во февруари во Естонија и Русија. Спортски гледано е да ја победиме Естонија и да одиме на ЕП 2021, додека неспортски гледано е Русија да не добие шанса за настап, па директно да патуваме на собирот. Но, немам јас таква среќа. Во нашата група Италија е директно пласирана, не знаеме со каков состав ќе игра. Ние допрва ќе го откриеме списокот, но горе-долу веќе ни е познато кој ќе игра“, изјави Тодоров на промоцијата.Тодоров доаѓа од Романија, а ќе биде 14-тиот селектор на тимот. На кормилото тој го наследи Јорданчо Давитков. Целта е една, пласман на Европското првенство (ЕП) во 2021 година, преку квалификациите.фото: гол.мк

Спорт | пред 6 години

25122019_PVRSM_MTSP_prednovogodishno_druzenje_so_decata_od_malite_grupni_domovi-2

Заев и Царовска со децата од малите групни домови: Сонувајте големи работи ...

Децата од малите групни домови од поранешните институции „11 Октомври“, „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“денеска предновогодишно се дружеа со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.На неформалното дружење децата пееја, играа и раскажуваа како им е исполнет денот во новите домови коишто тие ги нарекуваат дома, но раскажуваа и кои им се соништата кои сакаат да ги остварат.При тоа добија и новогодишни подароци од Владата, а како благодарност за гостопримството на претседателот на Владата и на министерката Царовска им подарија фотографии коишто сами ги фотографираа на фото сафари како дел од едукативна работилница за фотографија.„Бескрајно сме среќни и благодарни што имаме прилика да ја посетиме Владата. Ова се за случува првпат поради што сме многу возбудени“, рекоа воспитувачите од малите групни домови.Претседателот на Владата на дружењето рече дека со отворањето на малите групни домови целосно е променет концептот за грижа кон децата во Северна Македонија.„Сакам да ви кажам дека сме тука, стоиме зад вас, вие сонувајте и остварувајте си ги сите соништа кои сте ги зацртале, наша света задача е да ве поддржиме и да ви помогнеме во остварувањето на вашите соништа“ им посака премиерот Заев на децата.„Најважно од се е вистински да го слушнеме гласот на секое дете. Да им помогнеме, да ги поддржиме, бидејќи само со слушање на гласот на децата ние ги поставуваме темелите врз кои треба да ги креираме идните политики. Заеднички да изградиме општество во кое нашите млади ќе сакаат да живеат, каде ќе можат безбедно и среќно да растат, да се развиваат и да успеваат“, рече премиерот Заев.Министерката Царовска рече дека децата се непроценлив потенцијал за развојот на една држава и затоа оваа Влада овозможува секое дете да расте и да го развива својот потенцијал којшто е значаен за општеството.„Ова е преемотивно за мене. Вие сте нашата гордост!“, истакна министерката ЦаровскаНиз песни и креативни точки, децата го пресликаа своето секојдневие и раскажаа за своите таленти.„За секое дете – љубов затоа што ништо друго на светот не е поважно од децата и ниту едно дете не смее да страда и да живее во страв. Деца кои добиваат поттик во својот развој, деца кои веруваат во себе, кои се истрајни, емпатични, и кои учат и откриваат нови нешта, знаат како да се справат со разочарувањата,. Тогаш ние создаваме просперитет, како и понапредни, посилни, поуспешни и побезбедни општества”, рече Царовска.По дружењето во медија центарот, децата имаа можност да ја разгледаат Владата. Премиерот ги однесе во неговиот кабинет, ја видоа и салата за седници на Владата, по што премиерот ги угости во својот кабинет како и свечената сала.Во салата за седници, децата ги „презедоа“ улогите на министрите, и заедно со премиерот Заев и министерката Царовска „изгласаа“ едногласна одлука на “детската Влада на Република Северна Македонија“ а таа гласеше „сите деца во нашата земја треба да се среќни!“Со процесот на деинституционализација Министерството за труд и социјална политика една година порано од планираното успеа да ги извади сите деца од институции. Досега низ цела држава се отворени вкупно 22 групни домови во коишто во атмосфера налик на семејната живеат 180 деца. Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да се грижи за секое дете и да ја јакне јавната свест за потребата, значењето и користа од процесот на деинституционализацијата.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

boki-13-skopje1mk-Copy-2

Сведок од „Рекет“: Кариера од 29 години во производство на вино, ми била уништена со измислени случаи во СЈО

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ бизнисменот Зоранчо Митровски, вториот сведок во случајот „Рекет“, сведочеше дека преку неговиот адвокат и кумашин првообвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13, му побарал 2 милиони евра за да се спаси од истраги на СЈО. Тој беше еден од осомничените во истрагата за „Поштенска банка“, а Јовановски рекол дека има и други случаи против него.Во своето сведочење тој повеќе зборуваше за тоа дека Специјалното јавно обвинителство наместо да донесе надеж, на некои луѓе животот им го претвори во кошмар. Тука сведокот мислеше на себе, бидејќи појасни дека е бизнисмен со кариера од 29 години во производство на вино, која, како што рече, му била уништена со измислени случаи во СЈО .„Бев повикан во СЈО како сведок во случајот ‘Поштенска банка‘ и ме испрашуваа за настан од 2002 година. Во октомври 2018 медиумите почнаа да пишуваат дека сум осомничен. Прво мислев дека е грешка, но подоцна кога видов дека таа вест многу брзо се прошири, отидов во СЈО да понудам документи за моето работење. Последиците од неоснованиот гест на СЈО да отвори предмети против мене се многу поголеми по мојот бизнис отколку по моето име. Имаше кокетирања за да се дојде до мене и само навидум беа добронамерни. Ги одбивав и сакам да кажам дека во СЈО имавме надеж, а ова обвинителство се претвори во кошмар“, сведочеше пред судот бизнисменот Митровски.Тој додаде дека во Јовановски не гледал никаква опасност, меѓутоа, како што рече, сфатил дека не бил случајно одбран. За ова кажал само на нерезидентниот амбасадор на Латвија, а тој стапил во контакт со министерот за надворешни работи.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nikoloski

Николоски: Пред неколку месеци во дебата со Димитров кажав дека амбасадор од земја членка на ЕУ реагирал дека бил рекетиран од Боки 13

Почесниот конзул на Латвија пријавил кај Никола Димитров дека Бојан Јовановски му барал рекет. Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели:          „Драго ми е што вистината излегува на виделина, знаете дека Зоран Заев се закани дека ќе ме тужи за клевета за случајот Рекет. Јас пред неколку месеци на телевизиско соочување, односно дебата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавно во таа емисија го кажав тоа што го кажав денес, односно кажав дека еден амбасадор од земја членка на ЕУ реагирал кај министерот за надворешни работи, затоа што почесниот конзул на таа држава, за која еве сега е познато името, бил рекетиран од Бојан Јовановски и други лица поврзани со него, синот на Катица Јанева и останати. Тоа тогаш беше најостро демантирано од Никола Димитров дека таква работа немало, дека тоа било лага и така натака. Но, пред вистината и Боговите молчат. Еве после неколку месеци во судска постапка се потврдува дека Никола Димитров знаел за рекет и не пријавувал за рекет затоа што е кривично дело, и би сакал да го повикам ЈО и сите останати органи да го повикаат Никола Димитров и да го прашаат зошто не пријавил и соодветно да спроведат кривична постапка против него затоа што затскривање или не пријавување кривично дело е исто така кривично дело. Очекувам прво министерот за надворешни работи да поднесе оставка и потоа кривично да одговара поради тоа што не го пријавил случајот „Рекет““, истакна Николоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Nikoloski-PRESS-2512-2

Николоски за одлуката на Апелација за „Титаник“: Постои криминална коалиција, таа криминална коалиција ја гледаме на дело

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на новинарско прашање даде свој коментирате одлуката на Апелацискиот суд во врска со „Титаник 2“. Николоски рече: „ Што да ви кажам, имав јас едно интервју минатата недела би сакал еве главната поента да ја повторам. Има два типа на случаи кои што ги гледаме во судовите. Едни кои што одат многу споро и кои што одат многу брзо. Во едните или судијата заборава да закаже рочиште по 90 дена па почнуваат од почеток или вака се донесуваат ослободителни пресуди, а другите гледаме одат по 12 часа на дена, па преспиваат луѓето па продолжуваат утре дента. Во првите има договор со Зоран Заев во вторите нема договор со Зоран Заев. Јас зборував уште минатата година дека постои криминална коалиција, таа криминална коалиција ја гледаме на дело. Интересно е што пред оваа судска одлука имаше изјави на еден од  сега веќе ослободените во однос на тоа дека Албанците треба да гласаат директно за СДСМ, а исто така е интересно што еден од членовите на Судскиот совет е сопруга на висок функционер на СДСМ што само потврдува дека се работи за потврда на криминалната коалиција за која што ние зборуваме повеќе од година и пол која што за жал функционира во државата, ја разјадува државата, го разјадува судството и го разјадува владеењето на правото“, истакна Николоски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Nikoloski-PRESS-2512-2

Заев бега од избори зошто се плаши од пораз и одговорност, ако одложи ќе се соочи со гневот на народот

Зоран Заев работи на сценарио за одложување на изборите затоа што се плаши од избори и се плаши од соочување со народот.  Зоран Заев многу добро знае дека изборите за него значат крај на политичката кариера, а потоа следи одговорност.  Зоран Заев знае дека сето ова негово владеење, кое е препознатливо по виткање на кичмата, рекет, изнуди, уцени, трговија со националните интереси, тепање на граѓаните и праќање на рекетари, народот не го одобрува. Затоа Зоран Заев не сака соочување со народот. Сака да одбегне пораз и да одложи соочување со одговорноста за своето работење, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Ова што го говорам има и свој редослед.Имено на Зоран Заев во овој момент очајно му е потребно алиби за одложување на изборите. Првото алиби му беше усвојувањето, односно ратификувањето на протоколот за влез во НАТО, кое не му успеа, затоа што таквото алиби беше лесно  разобличено од ВМРО-ДПМНЕ.Следното алиби кое што го креира Зоран Заев, на неколку недели пред распуштањето на Собранието, е поднесувањето на стотици закони во собранието, повеќето од нив со скандалозна содржина, штетна за граѓаните и апсолутно неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ. Ќе потсетам таму има закон за промена на изборниот законик односно изборниот модел, за кој нема политички консензус. Потоа има закон за армијата, каде ние велиме ќе го прифатиме, освен промената на името на Армијата, што преставува обезличување на истата. Ние нема да прифатиме закон за обезличување на столбот на Македонија, АРМ по ниедна цена, а  особено не сега не треба да и биде променето името и тоа не може да го бара никој од нас.Шверцерското и насилничко туркање на законите без дебата по брза постапка има за цел Заев да создаде криза во државата, со цел да се одложат изборите. Таа намера ја потврдува и вчерашната негова изјава но и пазарџиските неформални услови и уцени кои доаѓаат до нас да сме ги прифателе законите инаку немало да има избори. Се поставува логичното прашање - што работеше Заев и неговиот тим овие три години, зашто не ги донесоа законите во изминативе три години туку на сила ги туркаат сега на еден месец пред распуштање на Собранието. И зошто бараат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ си имаат мнозинство, а во секоја демократија мнозинството ги носи законите. Или можеби го немаат мнозинството?Дополнително ваквото сценарио е надополнето со паничната партизација на полицијата, масовни вработувања на партиски кадри во здравството. Направена е и незаконска и криминална систематизација во МВР. Службениците во МВР по цел ден куцаат решенија за прераспределување и за нови позиции, 1.200 решенија се поделени за еден ден, спротивно на закон се укинува единицата АЛФА, се формираат нови одделенија, а воедно на спорен начин се прераспределуваат луѓе.Во здравството испратен е допис со кој се бара сите здравствени установи да достават барања за вработувања за да може да се истите процесуираат до Министерство за финансии. Овде се работи за стотици вработувања на партиски кадри, роднини и пријатели на функционери на власта. Такви веќе, над 150 по број се случуваат во МЕПСО и во ЕЛЕМ.Меѓу другото се продолжува со задолжување на државата, на скандалозен начин се предлага амнестија за кодошите оние кои што беа илустрирани и укинување на истата таа лустрацијата што значеше расчистувања со темните страни на комунизмот.Сакам да ги предупредам сите раководители и останати лица кои имаат овластувања и потпишуваат масовно акти во овој период - да внимаваат. Многу да внимаваат. Да го следат законот, зашто за секое незаконско дејство ќе има одговорност без разлика за кого се работи.Заев е уплашен и се плаши од соочување со народот. Го повикуваме да не ја носи Македонија во длабока и тешка политичка криза за која само тој ќе е одговорен! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати коцкарската игра на Зоран Заев и нема да прифати уцени. Зоран Заев одамна не е во состојба да поставува услови. Тој нема кредибилитет и изборите се единственото решение. И доколку овој пат ги стави своите интереси пред интересите на државата и на народот со цел да се спаси од одговорност и да продолжи со пљачката на државата, ќе се соочи со гневот на народот, гневот на ВМРО-ДПМНЕ и гневот на цела Македонија. Ние ќе дејствуваме во заштита на демократијата без прифаќање на уцени и заедно со народот. Ударот ќе е голем и ќе е народен. Затоа ајде на избори за доброто на Македонија, народот нека одлучи, истакна Николовски.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

09-1

Заев: Изборите се договорено, но можно е одложување ако не се изгласаат суштинските закони

Изборите се договорени, но имаме сериозни причини да разговараме за одлагање на истите, ова го соопшти денеска премиерот на Македонија, Зоран Заев.„Сите знаете дека изборите се договорени. Ако се дозволи опозицијата да изнаоѓа начини да ги блокира законите за повисоки плати и пензии, тогаш имаме сериозни причини да разговараме за одлагање на изборите. Во петок ќе одлучиме за новиот претседател на владата и едно од решенијата е Оливер Спасовски. Но нема да дозволиме интересот на било која политичка партија или политички субјект да биде доведен во прашање заради тоа што некој има некоја скриена агенда која што може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на граѓаните и државата. Јас сум првиот што секој пат дијалогот го почитувам и има намера целосно да го почитувам но немам намера да ја поднесувам оставката ако некој ги блокира ваквите процеси, без поднесување на оставката нема започнување на сите постапки“, истакна Заев.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

policija-123

Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање приведено лице

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО ГОКК- Одделение за гонење кривични дела сторени од полициски службеници поднесе кривична пријава против В.С. , полициски службеник вработен во ПС Центар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“ по член 143 од КЗ на РСМ. Пријавениот полициски службеник на 28/29. 11.2019 во ПС Центар врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба. Од извршениот увид во видео записот на ПС Центар евидентно е дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело. Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност.ФОТО: АРХИВА

Македонија | пред 6 години

019

(ВИДЕО) Одбележан стартот на изградба на новиот објект за крим-техника, со современа форензичка лабораторија на МВР

„Во низата суштествени, реформски и програмски зафати во рамки на Министерството за внатрешни работи што ги подготвувавме и реализиравме изминативе години, бездруго важно место заземаат и напорите за квалитативно унапредување на сегментот на крим-техничкото, форензичко работење. Тоа денеска го официјализираме и со најавата за отпочнување на градежните работи за изградба на новиот објект за криминалистичко–технички испитувања, со современа форензичка лабораторија на МВР, што ќе се реализира во текот на наредната 2020 година“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на настанот по повод стартот на изградбата на нов објект наменет за Одделот за криминалистичко –технички испитувања и вештачења на МВР.„Станува збор за објект што ќе биде опремен согласно сите најнови европски полициски стандарди во доменот на крим-техниката, односно форензиката. Или, попластично  кажано, објект што реално претставува есенција во полициско-истражителското дејствување, така што со право очекуваме, во голема мерка да се подигнат на уште повисоко ниво не само професионалните стандарди, туку и конкретните ефекти на овој дел од оперативното полициско работење“, рече Спасовски.Тој појасни дека во рамки на ИПА програмите за 2013 и 2014 година, во изминативе три години се реализирани проекти во делот за набавка на опрема за институциите од областа на правда и внатрешни работи, како и во делот на натамошно јакнење на капацитетите за истраги на место на настан, со што се овозможи квантитативно и квалитативно унапредување во овој домен, а круна на целиот тој пат е изградбата на новата форензичка лабораторија - проект за чија што реализација во рамки на ИПА програмата за 2016 година се издвоени потребните над три милиони евра.За претседателот на Владата на РС Македонија, Зоран Заев, со овој проект се отвора нова страница во историјата на службата за криминалистичка техника во нашата држава.„Со изградбата на овој објект конечно се унапредуваат условите за работа на крим-техничките работници во нови лабораториски и канцелариски простории. Го фаќаме чекорот со современите постапки во оваа сфера и нивна хармонизација со најдобрите европски практики и стандарди. Уверен сум дека оваа инвестиција ќе даде голем придонес во правосудниот систем во нашата држава, бидејќи услугите кои ги нудат форензичките лаборатории се клучни во сите постапки на судовите и обвинителствата. Придобивки од условите кои ќе ги нуди новиот објект ќе имаат и граѓаните, како крајни корисници на услугите. Модерната форензика ќе биде од придонес за поголема ефикасност и ефективност на судските постапки со навремено, квалитетно и стручно спроведување на потребните анализи и вештачења“, нагласи премиерот Заев, изразувајќи задоволство од реализацијата на нови инвестиции во државата и уверување дека Владата и институциите остануваат партнер во унапредување на условите за работа и нивно усогласување со европските и меѓународните стандарди.фото:Архива

Македонија | пред 6 години

avion-voen

(ВИДЕО) Се сруши авион на иранската армија

Авион на иранското воено воздухопловство се урна на планината Сабалан, во провинцијата Ардебил, потврдено е за агенциајта ИРНА. Државните медиуми соопштија дека воениот авион се урнал во планински дел во провинција Ардабил. На местото на несреќата е испратен спасувачки тим кој трага по преживеани.Засега нема детали за несреќата.https://twitter.com/Khaaasteh/status/1209748572532617217?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1209748572532617217&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fvoen-avion-padna-vo-vulkan-vo-iran-videoфото: Mehr News Agency 

Свет | пред 6 години

skupi-navivaci

Директорката на МНТ: „Изненадена сум од одлуката, но нема да коментирам“

„Изненадена сум од одлуката, но нема да коментирам“ – изјави директорката на Македонскиот народен театар, Симона Угриновска, која е казнета со 15 отсто помала плата во наредните три месеци за случајот со дивеењето на навивачката група „Шверцери“.Инаку Владата вчера ја донесе оваа одлука во врска со настанот од 23 ноември, кога голем број навивачи од групата „Шверцери“ буквално го „опседнаа“ МНТ, газеа и скокаа по столчиња и му нанесоа штета што беше проценета на 3.965 евра.Причината за казната, според Владата, е: „Директорката направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања