Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

001

Предлог-закон за ништовност и поништување на правните последици од лустрацијата

Владата на Република Северна Македонија на редовната 172 седница го утврди текстот на Предлог на закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и согласно Предлог законот, за  оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.Со овој Предлог закон, кој ќе биде пуштен на усвојување во Собранието на Северна Македонија се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедувањена независноста и непристрасноста и се пристапува кон реализација на стратешката насока за воспоставување на законска рамка за поништување на мерките и правните последици од процесот на лустрација.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vreme

Денеска облачно време со сончеви периоди

Утрово во земјава најстудено било во Маврово, Лазарополе и Крушево каде се измерени -2 степени целзиусови, а најтопло во Дојран и Гевгелија со измерени 8 степени целзиусовиЗа денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време, во западните и јужните делови со сончеви периоди. Во северните и североисточните делови претежно на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег. Дневната температура ќе биде во интервал од 5 дo 13 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kk

ВИДЕО: Влатко Заткоски од Кривогаштани разочаран од институциите, вдомил 34 кучиња скитници

Дури 34 улични кучиња, поголемиот дел со некаков хендикеп предизвикан од суровоста на луѓето, веќе пет години ја уживаат комплетната грижа и љубов на младиот дипломиран, но невработен полициски академец, Влатко Заткоски од Кривогаштани – oбјави “Алфа ТВ”.Тој, разочаран од негрижата на институциите, а поттикнат од силната љубов кон животните, својот двор, го претворил во вистински приватен стационар за бездомни кучиња, каде овие негови пријатели редовно добиваат: храна, здравствена помош и многу посветена љубов.За малата, селска средина во која ја реализира оваа своја хумана мисија, Влатко е еден голем чудак, но како што вели самиот, одамна престанал да се обѕрнува на тоа. За него е битно само неговите миленици да ги тргне од улицата, а уште повеќе од лошите сопственици кои се изживуваат со нив.За да им ги спаси животите, Влатко го дава и последниот денар. Вели дека помошта што ја собира од донации е минимална во однос на она што реално треба да се потроши, бидејќи поголемиот дел од кучињата доаѓаат со сериозни повреди, па оперативните зафати не се реткост, а тие се скапи.Во недостиг на законска регулатива за решавање на овој горлив проблем, Влатко е скептик дека со вакви поединечни примери ќе може нешто значително да се направи. Тој вели дека има изготвено и план, кој не бил многу скап, ама тој план прво требало некој да го чуе, а тој досега, никаде не наишол на отворена врата.

Македонија | пред 6 години

medena-zemja-skopje

(Е-магазин интервју) Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Кога прв пат летав со авион се чувствував како птица

„Пази што ќе помислиш“, вели стара поговорка, а ѕвездата на македонскиот документарец „Медена земја“, Атиџе Муратова е вистински доказ дека човек никогаш не треба да губи надеж и дека соништата и желбите навистина се остваруваат. Денес, кога „Медена земја“ се прикажува на различни страни на светот и собира бројни награди и признанија и животот на Атиџе е сменет на подобро.Кога прв пат летав со авион се чувствував како птицаОна што фасцинира е колку целосно се вклопила во промоцијата на “Медена земја“, па најпрофесионално се појавува секаде каде што треба, трпелива е со интервјуата и нема проблем да позира, како да е родена за да биде пред камера.Па така да неодамна беше и во Њујорк, Швајцарија, Турција…„Да бидам искрена не ни знаев за Њујорк. Знаев за Америка. Не се плашев кога прв пат треба да летам со авион. Се чувствував како птица која лети. Проблем ми е само што незнам јазик. Зборувам само турски и македонски. А сакам да зборувам со сите“, вели таа.Најимпресионирана е од Швајцарија.Целото интервју прочитајте го на Е-магазин.мк  

Слајдер | пред 6 години

cestika

Георгиески: Мир и разбирање, на сите наши сограѓани од католичка вероисповест - Честит Божиќ

Божиќа честитка за верниците од католичка вероисповед од градоначалникот Константин Георгиески. Во честитката се вели:Во духот на христијанските пораки за благосостојба, мир и разбирање, на сите наши сограѓани од католичка вероисповест им го честитам големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.Посакувам овие празнични мигови да Ви донесат многу здравје и неизмерна радост и да ги исполнат Вашите домови со убавина и спокој. Големината и значењето на овој празник нека бидат инспирација за меѓусебно помагање и нека бидат мотив за негување на хуманите вредности.Вербата во бога и неговата чудотворна моќ нека не исполнат со желба, надеж и сила да го избереме вистинскиот пат и заеднички да создадеме услови за подобра иднина и поубав живот.Да продолжиме да бидеме сплотени и постојано да ја споделуваме божјата милост и љубов. Нека е за многу години големиот празник!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/508312336441041/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

DEDO_MRAZ-1

(ФОТО) Дедо Мраз во Охрид пристигна со авион и ги израдува најмладите

Околу 300 дечиња од предшколската голема група од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ денеска добија новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз, кој слета со авион на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.Овој настан, кој беше вистинско доживување за најмладите е во организација на Општина Охрид во соработка со ТАВ-Македонија, како дел од празничната програма во пресрет на новогодишните и божиќните празници.фото:Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Zaev-1

Премиерот најавува можно одложување на изборите

Премиерот Заев најавува можно одложување на изборите доколку пред нив не бидат донесени законите со кои што ќе се овозможи зголемување на платите и пензиите.„Доколку во Собранието не бидат донесени суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат. Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните, рече Заев.На аваквите најави од премиерто, бурно реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.. велат дека Заев само  бара изговори за да избегне изборно соочување на 12 април.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

3

Џафери делеше новогодишни пакетчиња

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, и оваа година продолжи со веќе воспоставената традиција на подарување новогодишни пакетчиња во форма на непрехранбени, односно со едукативен материјал и прехранбени пакетчиња за учениците во Посебното основно училиште „Иднина“, во Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремац“ и на болните деца на Универзитетската клиника за детски болести, Оддел Онкологија.Дружењето со децата од „Иднина“ и „Д-р Златан Сремац“, кои се прекрасни во својата посебност, неизбежно измамува насмевка на сечие лице, додека да се биде помеѓу децата чиишто кревки тела се справуваат со тешки предизвици, потсетува колку се во суштина големи и храбри нивните срца, а подадената рака, топлата прегратка и влевањето надеж треба да биде начин на живот за сите нас.„Драги деца, ви посакувам добро здравје, многу среќни насмевки и остварување на вашите желби и сништа, Среќна Нова година!“

Македонија | пред 6 години

IMG-ba6178e76f5caa4ec54f966318323ce8-V

(ВИДЕО) МВР за запленетите 700 кг кокаин и сузбиената организирана криминална група

Денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи се одржа заедничка прес конференција на МВР и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал во врска со неодамнешната меѓународна операција во која беа лишени од слобода пет лица  припадници на организирана криминална група за купување, пренесување и пуштање во промет на кокаин. Целта на меѓународната операција беше сузбивање на организирана криминална група и лишување од слобода на лицата кои во текот на предистражната постапка беа идентификувани како дел од меѓународна криминална мрежа составена од криминални соработници од РСМакедонија, Шпанија, Колумбија, Белгија и други држави.На 18.12.2019 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на меѓународна полициска операција заедно со полициските служби на Шпанија и Колумбија, а во координација на службата за борба против дрога на САД-ДЕА при спроведена  полициска операција лиши од слобода пет лица - членови на меѓународна организирана криминална група што организирала транспорт на 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Европа, којшто при продажба на големо би достигнал цена во вредност од околу 20 милиони евра. Целата меѓународна операција беше координирана од полициски штабови во Скопје и во Мадрид каде присуствуваше и полициски службеник од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.Во симултана операција во Мадрид, во момент на преземање на 700 кг.наркотична дрога кокаин, се лишени од слобода братот на организаторот на групата - резидент на Белгија и двајца шпански државјани, а веднаш потоа во РС Македонија од слобода се лишени организаторот на групата и неговата сопруга.На прес конференцијата, министерот Оливер Спасовски ги презентираше активностите што Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември оваа година ги презеде под раководство на надлежниот  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „Македонската полиција во меѓународната полициска операција имаше клучна улога во поглед на идентификување на криминалната група и се покажа како рамноправен партнер со останатите полициски служби што беа дел од оваа меѓународна полициска операција. Во изминатиот период македонската полиција постигна забележителни резултати при реализирање на меѓународни истраги со обележја на организиран криминал, каде имаше воспоставено партнерски однос со полициите од Западна Европа и воедно нашиот придонес беше препознаен и од страна на ДЕА како резултат на долгогодишна успешна соработка“ - истакна Спасовски.Обвинителката Маја Конеска како надлежен обвинител во овој предмет истакна дека на 19.12.2019 година е донесе наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 3 од Кривичниот законик. Кривичното дело за кое се гонат двете лица подразбира дека „предмет на работа се припадници на група кои имаат преземено дејствија на неовластено купување, заради неовластено продавање на наркотична дрога - кокаин. Поврзаноста на сторителите во Мадрид со сторителите во Скопје е јасна и евидентна“ - рече Конеска.  По барање на обвинителството, судија на претходна постапка донесе Наредба за извршување претрес на две локации во Скопје и притоа се пронајдени докази кои во овој момент ја потврдуваат основаноста на сомнението.Во текот на предистражната постапка во периодот јули-декември годинава се  преземени низа мерки и активности за утврдување на активностите на организираната криминална група предводена од двајцата македонски државјани. Идентификуван е и документиран модусот на организирање и транспорт на наркотична дрога-кокаин, кој опфаќа: набавка на наркотична дрога - кокаин од Колумбија и нејзино пренесување преку Атланскиот Океан во Шпанија за натамошна продажба со цел стекнување противправна имотна корист. Лидер на оваа група е првоосомничениот кој заради впишана забрана за патување во земјите од ЕУ,  го ангажирал својот брат со кого остварувал редовни контакти и средби во Скопје и во овој период ги договарале чекорите за пренесување и дистрибуција на кокаинот. Откако биле договорени сите детали за преземањето на наркотичната дрога-кокаин од Мадрид, на почетокот на месец декември, второосомничената по инструкции на сопругот направила резервација на апартман во Мадрид на име на неговиот брат плаќајќи ја со сопствена кредитна картичка. Исто така, второосомничената во текот на месец октомври оваа година, отпатувала за Мадрид за да во име на нејзиниот сопруг од НН, шпански државјанин подигне парични средства во износ од 10.000 евра, најверојатно поврзани со криминалните активности на оваа криминална мрежа. Карактеристично за оваа организирана криминална група е тоа што комуникацијата се одвивала на лични и непосредни средби остварени помеѓу членовите на организираната криминална група и тоа во Скопје, Мадрид, Белград, Дубаи, Канкун и Картагина и преку интернет комуникација со висока заштита.Под раководство на надлежниот јавен обвинител Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и понатаму презема истражни мерки и активности во рамки на оваа меѓународна операција, особено заради тоа што постојат индиции за вмешаност на уште еден турски и уште еден грчки државјанин за кои дополнително ќе се утврдува поврзаноста со активностите на оваа група. Во текот на наредниот период ќе биде одржан и координативен состанок помеѓу јавните обвинители на земјите од каде потекнуваат сторителите на кривичните дела или каде се преземени дејствијата на извршување на кривичното дело. На средбата се очекува да бидат споделени информации и да бидат разгледани и разменети прибраните докази согласно Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривична материја што ќе даде јасна слика на севкупниот кривично правен настан и ќе помогне да се заземе заеднички став во која насока ќе оди понатамоната истрага. „Истрагата треба да ги дооткрие сите сторители и учесници во ова кривично дело“- истакна Конеска.На 19.12.2019 година, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и одреди  мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомичениот и мерка куќен притвор  за второосомниченото лице. фото и видео: МВР

Македонија | пред 6 години

potkup

Двајца контролори во Фондот за здравствено осигурување осомничени за примање поткуп од лекар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст. 1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.На 23 декември, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“ во Скопје, двајцата осомничени како службени лица – контролори во Фондот за здравствено осигурување – Подрачна единица Скопје, директно побарале имотна корист за себе и за друг за да извршат службено дејствие што не би смееле да го извршат. Имено, тие од еден оштетен побарале парични средства во износ од 30.000 денари за да не изречат парична или друга санкција за правно лице – приватна здравствена установа во која сопственик и управител бил оштетениот.Контролата во приватната здравствена установа била извршена од 16 до 19 декември, по што бил изготвен записник во кој биле констатирани неправилности при изготвување на образец за привремена спреченост за работа на пациент на кој оштетениот му бил матичен лекар. По изготвувањето на записникот, една од осомничените понудила да не биде изречена санкција за контролираното правно лице, а за возврат побарала парична награда – поткуп во износ од 30.000 денари. Од тој износ по 10.000 денари биле наменети за двајцата осомничени и за уште едно засега непознато лице, исто така контролор во Фондот за здравствено осигурување. Второто осомничено лице неколкупати телефонски го контактирало оштетениот, повторувајќи му дека треба да ја даде паричната награда за да нема последици за неговата ординација. Во еден од телефонските разговори тој го договорил времето и местото на средбата во ресторанот за да се изврши примопредавање на побараните парични средства.Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека мерката притвор е неопходна за да се обезбеди присуството на осомничените во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Naum-IZJAVA-2412-2

Стоилковски: Наместо да заштеди пари, РЕК Битола изминативе три години потроши 40 - тина милиони евра за плаќање на надворешни изведувачи

Зоран Заев и СДСМ пред три години го поништија огласот за набавка на механизација и опрема за РЕК Битола, распишан од претседателот Христијан Мицкоски, како тогашен директор на ЕЛЕМ. Инвестиција која што ќе заштедеше пари и ќе ја направеше РЕК Битола независна од надворешни изведувачи. Зоран Заев го поништи огласот за набавка на опрема и механизација за РЕК Битола за да може да распишува милионски тендери за ископ и транспорт на руда, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.И додека граѓаните јадат сол и леб, фирмите на Заев и нивните олигарси работеа во РЕК Битола за милиони евра.Наместо да заштеди пари, РЕК Битола изминативе три години потроши 40 - тина милиони евра за плаќање на надворешни изведувачи. За сега откако го исцедија буџетот на претпријатието да распишуваат оглас, овој пат под сомнителни околности.Критериум за избор која фирма ќе го добие тендерот за набавка на опрема нема да биде најниска цена, туку власта си остава простор да може да го избере кој сака. Односно фирмата која што им е блиска.Пустошот во енергетскиот сектор е видлив и мора да запре.По 12-ти април следува одговорна и развојна енергетска политика, со инвестиции и проекти за доброто на граѓаните, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

silvija

МВР и обвинителство со детали за меѓународната операција во која беа запленети 700 кг кокаин од Колумбија

Денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи одржаа заедничка Прес конференција во врска со неодамнешната меѓународна операција во која беа лишени од слобода пет лица  припадници на организирана криминална група за купување, пренесување и пуштање во промет на кокаин. Целта на меѓународната операција беше сузбивање на организирана криминална група и лишување од слобода на лицата кои во текот на предистражната постапка беа идентификувани како дел од меѓународна криминална мрежа составена од криминални соработници од РСМакедонија, Шпанија, Колумбија, Белгија и други држави.На 18.12.2019 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на меѓународна операција заедно со полициските служби на Шпанија и Колумбија, а во координација на службата за борба против дрога на САД-ДЕА при спроведена  полициска операција лиши од слобода пет лица – членови на меѓународна организирана криминална група што организирала транспорт на 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Европа, којшто при продажба на големо би достигнал цена во вредност од околу 20 милиони евра. Целата меѓународна операција беше координирана од полициски штабови во Скопје и во Мадрид каде присуствуваше и полициски службеник од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.Во симултана операција во Мадрид, во момент на преземање на 700 кг.наркотична дрога кокаин, се лишени од слобода братот на организаторот на групата – резидент на Белгија и двајца шпански државјани, а веднаш потоа во РС Македонија од слобода се лишени организаторот на групата и неговата сопруга.На прес конференцијата, министерот Оливер Спасовски ги презентираше активностите што Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември оваа година ги презеде под раководство на надлежниот  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „Македонската полиција во меѓународната полициска операција имаше клучна улога во поглед на идентификување на криминалната група и се покажа како рамноправен партнер со останатите полициски служби што беа дел од оваа меѓународна полициска операција. Во изминатиот период македонската полиција постигна забележителни резултати при реализирање на меѓународни истраги со обележја на организиран криминал, каде имаше воспоставено партнерски однос со полициите од Западна Европа и воедно нашиот придонес беше препознаен и од страна на ДЕА како резултат на долгогодишна успешна соработка“ – истакна Спасовски.Обвинителката Маја Конеска како надлежен обвинител во овој предмет истакна дека на 19.12.2019 година е донесе наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 став 3 од Кривичниот законик. Кривичното дело за кое се гонат двете лица подразбира дека „предмет на работа се припадници на група кои имаат преземено дејствија на неовластено купување, заради неовластено продавање на наркотична дрога – кокаин. Поврзаноста на сторителите во Мадрид со сторителите во Скопје е јасна и евидентна“ – рече Конеска.  По барање на обвинителството, судија на претходна постапка донесе Наредба за извршување претрес на две локации во Скопје и притоа се пронајдени докази кои во овој момент ја потврдуваат основаноста на сомнението.Во текот на предистражната постапка во периодот јули-декември годинава се  преземени низа мерки и активности за утврдување на активностите на организираната криминална група предводена од двајцата македонски државјани. Идентификуван е и документиран модусот на организирање и транспорт на наркотична дрога-кокаин, кој опфаќа: набавка на наркотична дрога – кокаин од Колумбија и нејзино пренесување преку Атланскиот Океан во Шпанија за натамошна продажба со цел стекнување противправна имотна корист. Лидер на оваа група е првоосомничениот кој заради впишана забрана за патување во земјите од ЕУ,  го ангажирал својот брат со кого остварувал редовни контакти и средби во Скопје и во овој период ги договарале чекорите за пренесување и дистрибуција на кокаинот. Откако биле договорени сите детали за преземањето на наркотичната дрога-кокаин од Мадрид, на почетокот на месец декември, второосомничената по инструкции на сопругот направила резервација на апартман во Мадрид на име на неговиот брат плаќајќи ја со сопствена кредитна картичка. Исто така, второосомничената во текот на месец октомври оваа година, отпатувала за Мадрид за да во име на нејзиниот сопруг од НН, шпански државјанин подигне парични средства во износ од 10.000 евра, најверојатно поврзани со криминалните активности на оваа криминална мрежа. Карактеристично за оваа организирана криминална група е тоа што комуникацијата се одвивала на лични и непосредни средби остварени помеѓу членовите на организираната криминална група и тоа во Скопје, Мадрид, Белград, Дубаи, Канкун и Картагена и преку интернет комуникација со висока заштита.Под раководство на надлежниот јавен обвинител Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и понатаму презема истражни мерки и активности во рамки на оваа меѓународна операција, особено заради тоа што постојат индиции за вмешаност на уште еден турски и уште еден грчки државјанин за кои дополнително ќе се утврдува поврзаноста со активностите на оваа група. Во текот на наредниот период ќе биде одржан и координативен состанок помеѓу јавните обвинители на земјите од каде потекнуваат сторителите на кривичните дела или каде се преземени дејствијата на извршување на кривичното дело. На средбата се очекува да бидат споделени информации и да бидат разгледани и разменети прибраните докази согласно Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривична материја што ќе даде јасна слика на севкупниот кривично правен настан и ќе помогне да се заземе заеднички став во која насока ќе оди понатамоната истрага. „Истрагата треба да ги дооткрие сите сторители и учесници во ова кривично дело“- истакна Конеска.На 19.12.2019 година, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и одреди  мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот и мерка куќен притвор  за второосомниченото лице.фото: ОЈО

Македонија | пред 6 години

pasvord

Објавен е списокот со најлоши лозинки користени во 2019, еве кои се ...

Kомпанијата за управување со лозинка SplashData објави список со најлошите лозинки за 2019 година врз основа на повеќе од пет милиони лозинки што се појавија преку интернет во изминатата година, или оние што протекоа по хакерски напади. Извршниот директор на компанијата, Морган Слејн, вели дека со објавувањето на најлошите лозинки секоја година сакаат да ги предупредат корисниците на опасностите што демнат на интернет и дека е потребно да се преземат мерки за заштита на своите профили.Ова е листата со топ-10 најлоши лозинки користени во 2019 година:1. 1234562. 1234567893.qwerty4. password5. 12345676. 123456787. 123458. iloveyou9. 11111110. 123123Доколку некој од вас користи ваква лозинка, ви дадовме причина истата веднаш да ја промените.фото: unboxing-ar.com 

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Влада: Во земјата не се увезува и не се согорува опасен отпад, државата има пропишано строги закони и стандарди

Во врска со дезинформациите за увоз, складирање и согорување на опасен отпад во државата и поврзаноста со квалитeтот на воздухот, особено во врска со дезинформациите за согорување опасен отпад во Цементара УСЈЕ, Владата на Република Северна Македонија ја информира јавноста за клучните факти кои ја даваат целосната слика во однос на користење на РДФ отпад како енергенс во цементната индустрија.Употребата на алтернативните горива во УСЈЕ се одвива во целосно затворен процес, со високи температури во печките (до 2.000 С температура на гасовите во печка) со што се обезбедува целосно согорување на ваквиот отпад. Шпекулациите за запирање на филтрите се сосема неточни бидејќи работата на филтрите е поврзана со целиот процес и со нивно исклучување запира и целокупниот процес.Државата има пропишано строги стандарди дефинирани во А-интегрираните дозволи што ги добиваат индустриските инсталации вклучително и ТИТАН Цементарница Усје, а се преземаат редовни и вонредни инспекциски контроли на исполнетоста за барањата за заштита на животната средина согласно дозволите и царинските контроли при увоз на одобрените видови на отпад.Граѓаните треба да бидат спокојни, имајќи го предвид фактот дека увозот/извозот и транзитот на отпадот е строго контролирана процедура и дека ниту една пратка на отпад не може да помине на граничен премин без соодветна проверка. Тоа е регулирано со Законот за управување со отпад од 2004 г. каде се пропишуваат видовите на отпад, условите за извоз, увоз и транзит на отпад, методите за надзор над извозот, увозот и транзитот на отпадот, како и формата и содржината на образецот на дозволата. Законот ги пропишува процедурите и условите за добивање на дозвола за увоз, извоз и транзит на отпад во/од/низ РСМ во зависност од видот на отпадот, неговото потекло, земјата на прифаќање и маршутата на транспорт и типот на третманот кој ќе се спроведе врз отпадот на местото на прифаќање.Исто така е важно да се напомене дека искористувањето на коксот како енергенс во процесите е строго контролиран и е со количина на сулфур од 4 до 6 проценти согласно важечките прописи во РСМ. Сите други информации за повисок процент на сулфур и неконтролирано согорување се неточни.МЖСПП води регистар за увезен, извезен или отпад кој транзитирал низ РСМ и истиот е достапен на www.moepp.gov.mk МЖСПП / Документи / Регистри.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Janusev

Јанушев: Избори ќе има, договорни се од сите политички субјекти на лидерската средба кај Пендаровски од тоа нема бегање

Денеска премиерот Заев најави можно одложување на изборите доколку не се донесат законите за кои како што рече тој значеле живот за граѓаните. Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Jанушев го пренесе ставот на ВМРО ДПМНЕ по однос на ова: „Па 24-ти  веќе  Декември, помалку од 10-тина дена од заминувањето на Заев од премиерската позиција. Веројатно човекот го фаќа паника и едноставно немање на друг маневар се обидува на секој можен   начин да проба да ги одложи изборите. Избори ќе има. Изборите се договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај Пендаровски, и од тоа нема бегање. Имаа три години да буквално ги донесат сите закони кои што сметаат дека ќе бидат од бенефит на граѓаните и од бенефит на Република Македонија меѓутоа тоа не го направија напротив една шајка не успеаја да заковаат овие три години немаат буквално еден проект кој што го реализираа. Единствено ги кочеа оние проекти кои што ги наследија станува збор за убедливо најнеспособната влада во историјата на државата и со сите тие работи кои ги имате на памет единствено логично е да пробаат да бегаат од избори но тоа нема да се дозволи избори на 12 Април ќе има“, истакна Јанушев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

DSC00778

Пуштени во употреба два нови апарата на Клиниката за очни болести

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод ставање во функција два нови апарати, Рет кам фото-камераза рана детекција на ретинопатија кај предвремено родените децаи ангиографза детекција на промените во крвните садови кај одредени болести како што е глаукомот. Станува збор за прва камера од овој тип во Република Северна Македонија, која претставува нов златен стандард за дијагноза на прематурна ретинопатија.Со оваа медицинска опрема нашата држава е ставена на светската офталмолошка мапа за современа дијагноза на прематурна ретинопатија, како и нејзин навремен третман. Клиниката за очни болести претставува позитивен пример за работа на јавна здравствена установа, каде во континуитет се вложува во унапредување на условите за работа, во современа апаратура, како и едукација на високо квалификуваниот медицински кадар.Конкретно, станува збор за апарат за преглед на предвреме родени деца, со која се зголемува точноста на дијагнозата за 35%, се намалува можноста за појава на слепило кај предвреме родените деца и претставува целосно интегриран систем, кој овозможува следна генерација на офталмолошка визуелизација, фотодокументација и леснотија при користењето.Апаратот, задно сегментно ОЦТ со автофлуресценција и ангиограф со свап ќе овозможи брзо, точно и навремено поставување на дијагнозата, што е основен предуслов за успешен третман. Покрај здравствениот аспект, како институција, во која се изведува и наставна и научно-истражувачка дејност, методата ќе овозможи и едукација на помладите кадри и користење на апаратот за подигнување на квалитетот на лекување на пациентите како континуирана примарна цел на здравствените работници.Универзитетската клиника за очни болести Скопје го следи трендот на развојот на модерна офталмологија во технички и технолошки развој во насока на брза, навремена, безболна, бесконтактна дијагностика, со можност за правење датотека на податоци и можност на комуникациска поврзаност со други офталмолошки центри. Во тек е доедукација на медицинскиот персонал од странски едукатори, кои обуката ја вршат на Клиниката за очни болести, каде клиничките лекари ги извршуваат прегледите. Од неодамна е набавен и трет апарат - предносегментно ОЦТ со свап сорс.фото: министрство за здравство

Македонија | пред 6 години

mukaetov

Спасовски за инцидентот со Мутков: Тоа се луѓе познати на јавноста по криминални активности, ќе оставам истрагата да покаже

Пресметки на криминални групи, причина за инцидентот со Борис Мутков, познат како Фантом, кон кој било пукано вчера со автоматско оружје додека се возел со својот автомобил марка “мерцедес” во скопската населба Бардовци,  вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.„Тоа се луѓе познати на јавноста по криминални активности. Но, оставам истрагата да покаже и да ги утврди сите факти и да се види дали има поврзност помеѓу групите, настаните…,“, истакна Спасовски.Министерот Спасовски нагласи дека тоа лице го видел и во Собранието на 27 април.Инаку, Борис Мутков беше осуден на осуммесечна условна казна затвор за упадот во Собранието од 27 април, заради учество во толпа.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

silvija

(ВИДЕО) Актерката Стојановска осомничена за давање поддршка во криминални активности на сопругот

Сопругот на актерката Силвија Стојановска, Воислав Будисавјевиќ, е првоосомничениот за организирање шверц на кокаин, а Стојановска е осомничена за давање поддршка во неговите криминални активности, соопшти МВР.„Откако биле договорени сите детали на преземањето на кокаинот во Мадрид, на почетокот на декември, пријавената С.С., истакна министерот Спасовски, по инструкции на нејзиниот сопруг В.Б. резервирала апартман во Мадрид на име на неговиот брат В.Б. и го платила со сопствената кредитна картичка. Исто така, С. С. во текот на октомври 2019 година отпатувала за Мадрид преку Софија, за во име на нејзиниот сопруг В. Б. од Н.Н. шпански државјанин да подигне износ од 10.000 евра, најверојатно поврзани со криминалните активности на оваа криминална мрежа, појасни Спасовски.На 18.12.2019 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во рамки на меѓународна полициска операција заедно со полициските служби на Шпанија и Колумбија, а во координација на службата за борба против дрога на САД-ДЕА спроведе полициска операција за лишување од слобода на лица - членови на меѓународна организирана криминална група што организирала транспорт на 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Европа, којшто при продажба на големо би достигнал цена во вредност од околу 20 милиони евра.Станува збор за меѓународна акција за сузбивање шверц на вкупно 700 килограми кокаин од Колумбија во Европа. Уапсени се вкупно пет лица – покрај Стојановска, во Скопје е приведен и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќа, во Мадрид е приведен и братот на Будисаљевиќ, заедно со уште двајца шпански државјани. По двајца други се трага.https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/videos/1493312194168451/ фото: МВР 

Македонија | пред 6 години

Orce-Gjorgjievski

Ѓорѓиевски: Власта врши предизборна злоупотреба, на само 10 дена пред техничката влада изврши промена на систематизацијата во МВР

Зоран Заев и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат својата положба и се обидуваат да му ги скратат овластувањата на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ кој треба да дојде за 10 дена.  Власта врши предизборна злоупотреба и на само 10 дена пред техничката влада изврши промена на систематизацијата во МВР, истакна Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Со новата систематизација се зголемува старешинскиот кадар, факт кој што е проблематизиран и од ЕУ. Зоран Заев и Оливер Спасовски заради заситување на некои лични партиски апетити ќе ја жртвуваат Македонија да трпи критика од ЕУ.Според новата систематизација која што стапи на сила вчера секаде се објавени интерни огласи со траење од само два дена за пријавување. Со тоа се врши чиста партизација во очи на избори по брза постапка.Ќе бидат унапредувани луѓе на Заев и Спасовски, кои ќе ги заземат највиталните позиции и ќе треба да го кочат новиот технички министер.Заев и Спасовски ја укинаа и единицата „Алфа“ и воведуваат нови единици за внатрешни работи. Заев и Спасовски му ја сечат контролата што треба да ја има техничкиот министер и постапката на процесуирање на информации целосно ја развлекуваат.Заев и Спасовски прават се само за да ја забават правдата и да го отежнат патот кон демократијата.Времето на криминалци поминува, попусти се сите обиди за опструкција. По 12-ти април конечно доаѓа обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Прашање: Ако е така како што викате, тогаш што би правел техничкиот министер, истото би го правел веројатно ова што го направиле Заев и Спасовски и пак ќе збориме за партиски кадри. Зошто е ова лошо, ако техничкиот министер што ќе дојде нема да биде лошо ако го направи истото? Која е разликата?              Одговор: Видете разликата е многу голема, ако влеземе во суштината ќе видиме дека има огромен број на старешински места на кои што како во досегашната систематизација ги немало. Од друга страна имаме укинување на единицата „Алфа“, знаеме кои се надлежностите на единицата „Алфа“ и имаме огласи кои што се распишуваат во траење на само од 48 часа. И за тие 48 часа луѓе треба да аплицираат и да бидат назначени. Што ќе правиме со луѓето кои што не се во Република Македонија и се спречени да аплицираат итн. Значи станува збор за луѓе од списокот на Зоран Заев и Оливер Спасовски кои што ќе бидат по партиска директива дирегирани на места во министерството за внатрешни работи и ќе имаат се со цел да го стопираат процесот кој што треба да го изврши министерот технички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. А, знаеме дека техничкиот министер е единствено задолжен за да спроведе фер и демократски избори. Напоредно на сето тоа значи на секој му е јасно во Република Македонија која е намерата и целта на Зоран Заев и Оливер Спасовски да во Република Македонија нема фер и демократски избори.фото: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 6 години

24122019_PVRSM_Zaev_Kovacevski1

Заев и директорот на ЕСМ Ковачевски: Со 19 милиони евра ќе се набави механизација за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола

Електрани на Северна Македонија, која оваа година бележи исклучително успешни резултати како континуитет на успешните деловни политики од 2017 година наваму, денеска пред граѓаните на нашата земја излегува со уште една одговорна корпорациска одлука: 19 милиони евра, како дел од добивката на компанијата оваа година, ќе биде инвестиран за набавка на помошна механизација за РЕК Битола за ископ на јаглен, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на  прес-конференција во Владата,на која заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, информираа за објавениот тендер за купување помошна механизација за РЕК Битола.Премиерот Заевовој чекор го оцени како многу значаен кој доаѓа како резултат на темелна подготовка и на добро подготвен план и проценка според кои РЕК Битола во иднина ќе може да се потпре на сопствена помошна механизација во процесот на ископ на јагленот.„Оваа одлука е од исклучителна важност ако се знае дека во последните 10 години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола има платено околу 100 милиони евра.Заради тоа, оваа одлука на Електрани на Северна Македонија и на РЕК Битола е домаќинска одлука.Уште повеќе што очекувањата се дека постои интерес од голем број компании за учество во оваа набавка и конкуренцијата може да влијае и на намалување на планираната сумата за услугата“, нагласи премиерот Заев.Во своето обраќање премиерот Заев додаде дека според новиот закон за јавни набавки критериумот за добивање на тендерот не е само пониската цена, туку и квалитетот, и дека е утврдена точно прецизирана формула која треба да обезбеди најдобар квалитет по најповолна цена.„Тоа навистина е домаќински начин на однесување и грижа за извлекување на додадена вредност на инвестициите на Електрани на Северна Македонија и на РЕК Битола. Како резултат на ваквото работење, во последните две години Електрани на Северна Македонија го даваше и го дава својот придонес во процесот за прогласување на Северна Македонија за шампион во енергетиката“, рече премиерот Заев и додаде дека цената на струјата престана да расте и денес имаме најниска цена на струјата во Европа како резултат на добри политики, во интерес на државата и во интерес на граѓаните.Денес, Електрани на Северна Македонија не купува електрична енергија. Напротив, продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски информираше дека со тендерот ќе се набават 47 парчиња механизација за ископ на јаглен и јаловина, додека понатаму ќе се обезбеди и другиот вид механизација со што целосно ќе се отстрани потребата од ангажирање надворешни фирми.„Тендерот е конципиран на начин да обезбеди најголема конкуренција и на огласот да се јават најдобрите светски производители на ваков вид механизација.Доколку тендерската постапка се одвива во предвидените рокови, очекуваме најголемиот дел од машините да бидат испорачани во текот на следната година“, информираше Ковачевски.Ковачевски изнесе податоци според кои од 2008 година до денес за ископ на јаглен и јаловина и за ангажирање помошна механизација кон надворешни фирми се исплатени   близу 100 милиони евра.„Трошоците непобитно покажуваат дека од 2017-та сумите се намалуваат, и дека за разлика од 30 или 40 милиони евра годишно за ископ на јаглен сумитесе симнати на 10-тина милиони, додека во исто време РЕК Битола произведува електрична енергија повеќе од порано. На пример, оваа година производството е натфрлено за 13%“, потенцираше генералниот директор на ЕСМ, и додаде дека ЕСМ и за РЕК Битола покрај зголемено производство и намалени трошоци, вложуваат во заштита на животната средина.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Stokovna-696x392

(ВИДЕО) Човечко стампедо за новогодишни ваучери во Сиднеј, најмалку 12 повредени

Пет луѓе завршиле во болница во стампедото што настанало во стоковната куќа  „Вестфилд Парамат“, додека картичките за подароци биле спуштени со балони во трговски центар во предградието на Сиднеј. Купувачите се повредиле обидувајќи се да грабнат златни, сребрени и бели балони со картички за подароци.Кога толпата навалила, неколку лица изгубиле тло под нозете и паднале, а со нив го повлекле и лицето облечено како Дедо Мраз.Џонатан Нот, лицето  кој го снимил тоа, рече дека стравува дека некој може да биде повреден.https://www.instagram.com/p/B6ap9wdn-kx/Медицинската екипа пристигнала на местото на настанот и укажала помош на 12 повредени лица, од кои пет се упатени во болница.

Свет | пред 6 години

alfa

Се прави реорганизација во МВР - Единица за прв одговор и интервенција „Алфа“ ќе престане да постои

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција истакна дека полициската Единица за прв одговор и интервенција „Алфа“ ќе престане да постои. Спасовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека се прави нова реорганизација во МВР и дека овие две единици ќе работат како посебна интервентна единица.„Точно е дека се прави реорганизација во МВР. Единицата „Алфа“ и единицата за јавен ред и мир сега се спојуваат во една единица која ќе работи како интервентна единица“, рече министерот Оливер Спасовски.фото: МВР

Македонија | пред 6 години

pretepan-toni

Одложено судењето за „ТНТ“ поради Трајковски, денеска завшил на неврологија

Предлогот на ЈО за раздвојување на постапка за осомничените во случајот „ТНТ“, судот го одби како неосновано. Судењето ќе продолжи на 17 јануари, а денешното повторно се одложи поради отсуство на осомничениот Тони Трајковски, кој вчера беше претепан, а денеска завршил на неврологија и бил неконтактибилен.Ова утрово го кажа неговиот адвокат Јовица Страшевски објаснувајќи зошто не дошол неговиот клиент на денешното рочиште.Но дали сепак ќе продолжи судењето, судечкиот совет дополнително ќе одлучи зашто обвинителот Бурим Рустеми бара да се раздвои постапката: една за Тони Трајковски и четворицата членови на Комисијата за јавна набавка од Општина Гази Баба во 2011 година и друга за Миле Јанакиески и Никола Груевски, кому му се суди во отсуство.Ова би значело да продолжи судењето за Јанакиески и Груевски, а за останатите ќе продолжи кога Трајковски ќе може да присуствува на рочиштата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

24122019_PVRSM_Zaev_intervju1

Заев: Очекувам нов чист мандат и продолжување на трансформациите на нашата држава,

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија изрази очекување за нов чист мандат на следните парламентарни избори, продолжување на трендовите на раст на економијата, меѓународни интеграции на државата, функционална правда во неа и доизградба на нашата држава во посакувано место за живеење.Ова премиерот Заев го соопшти во синоќешното телевизиско интервју.„Ако нашиот народ издржа на нозе, донесе храбри одлуки, со коишто ги отвори интеграциските процеси, што ги направивме за да носат економија, сега е чесно тој наш народ да почувствува придобивки од тоа. Затоа правиме едно исправање на една неправда, се качуваат сите плати. Свесни сме дека како се качуваат во приватниот сектор, еве ги качуваме и во јавниот сектор, и пензиите ги качуваме во јавниот сектор. Веруваме дека целата таа зголемена потрошувачка, моќ, ќе и помогне дополнително на економијата. Но еден квантен скок на примањата на граѓаните моравме да направиме, за достоинството на животот. Ако добијам цел мандат посветен на економијата верувам дека ќе успееме многу. Да бидеме урнек и пример за сите, интеграциите да дадат прилог во делот на странски инвестиции, користењето на фондовите и на нашите домашни капацитети, знаење, ресурси што постојат, за благосостојба на нашиот народ. Во таков амбиент можеме да очекуваме да си ги задржиме младите тука“ рече премиерот Заев.Тој додаде дека се создадени услови за тоа во изминатиот две и пол годишен мандат.„Создадовме амбиент, нашиот Парламент, оваа Влада да ги реши сите историски прашања коишто беа отворени, пред сѐсо соседите, но ги исполнивме и државните стратешки аспирации. Решавајќи ги овие прашања, паралелно со реформите што ги направивме, дочекавме нешто што 30 години безмалку го чекаме, од самостојноста до денес, а тоа е нашето членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Овие работи се за мене исполнети, де факто учествувавме на Самитот на НАТО, останува Шпанија, де јуре тоа да го направи и ќе го направи. Немаме ние отворени прашања со Шпанија, очекуваме Владата таму да се формира и веднаш во процедура шпанскиот Парламент тоа да го заврши. Исто така и ЕУ, преку Европскиот совет и Европската комисија, верицираа дека 100 проценти се исполнети условите, односно сѐшто се очекувало од нас.И претседателот Макрон ги потврди сите наши успеси, сега и треба малку време на ЕУ, значи не е до нас.Ловориките ќе ги собере нашата земја“ додаде премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев, најави реализација на прочистувањето во судството и функционална правда.„Реформата во секоја област оди прво преку создавање законодавна подлога, потоа и практична реализација, така е и во делот на правосудството. Не правиме ветинг, треба да го разграничиме тоа, ние правиме прочистување во правосудството, согласно постојната законска регулатива. Таму тоа е вградено. Има сериозни алатки во делот на Судскиот совет, во делот на Советот на обвинители, во делот на Антикорупциската комисија... Законската основа е создадена. Никогаш не сакав да дигам телефони на судиите или кој било да врши влијание, да кажува како треба, што треба да прават со процесите, дали побрзо или побавно, како да судат и слично, никој тоа не треба да го прави во државата. Одговорноста на судиите е сериозна работа, бидејќи земаат плата од граѓаните, од нивната работа зависи делокругот на атмосферата на севкупниот живот во државата, дали ќе има повеќе инвестиции, дали младите ќе остануваат овде, дали ако некој се чувствува дека е правичен има надеж дека ќе дочека правда. Токму заради тоа тргнуваме во еден процес на прочистување и проверка, преку имотот, преку судирот на интереси и преку сето тоа законот што го дава на сите институции, јас верувам дека тоа ќе даде одличен резултат, за на крајот да ја дочекаме правдата, онаква каква што ја очекуваат граѓаните, а тоа е да биде на едно европско ниво.Во врска со актуелното прашање за мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазици, премиерот најави почитување и практична примена, со сочувување на правата на граѓаните.„Се групираат работните групи, експертите во институциите како правда, надворешни работи, европски прашања и Кабинет на премиер ќе бидат вградени внатре, за да ги видиме прагматичните аспекти на постапување по барањето на Венецијанската комисија.Да напоменам, овој закон не сплоти. Нема да дозволиме овој закон повторно да не дели. Венецијанската комисија ќе биде испочитувана, а граѓаните правата ќе ги сочуваат, затоа што зборувајќи за правото на јазикот, потврди и Венецијанска комисија, дадовме и повеќе од она што е просек во ЕУ, но сериозноста пред којашто не исправи Венецијанската комисија, дали имаме институционални капацитети е наша должност тоа да го практикуваме и да го имплементираме како партнери во коалицијата, а верувам и опозициските партии што го поддржаа овој закон, заедно сите ќе го изнајдеме решението“, рече премиерот Заев.Прашан за неговиот натамошен политички ангажман и за коментар на прозивките на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев одговори:„Јас сум тука, ќе бидам во Скопје, не се враќам во Струмица, освен што таму живеам, ќе работам на сите политички ангажмани, за да можам да го добијам новиот чист мандат, во којшто ќе се посветам дефинитивно, уште повеќе на економските прашања и на севкупните трансформации и реформи на подобро, во нашата земја.Имам многу да работам, млад човек сум, не сум за пензија, владееја безмалку 12 години, 2 ипол години добив чест, и те како можам да сработам за мојата, за заедничката земја, која е и моја и на господинот Мицковски, ќе се потрудам да останам да ја вршам честа и одговорноста што ми ја даваат граѓаните, на еден чист мандат, на решени меѓународни проблеми, на интегрирана земја, да покажам економија. Граѓаните ќе одлучат, верувам во нивната поддршка и знам дека ќе ја добиеме на следните парламентарни избори, за вистинските трансформации да се случат во државата, што ќе донесат економски стандард, бенефит и економски придобивки за сите граѓани, за нашата земја да ни биде посакувано место за живеење“, рече меѓу другото премиерот Заев во синоќешното телевизиски интервју.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Тракторист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 23.12.2019 во 17.30 часот било пријавено дека на регионален пат на мостот на реката Вардар, во близина на с.Удово, патничко возило „мерцедес Е270“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од с.Миравци удрило во трактор „ИМТ 533“, управуван од С.Р.(55) од с.Давидово. Во незгодата С.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Гевгелија за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од Полициската станица Валандово.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања