Град Скопје го проектираше Буџетот за 2020 - Најголем раст во комуналниот сектор
На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година.Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изработен согласно со законските одредби и Буџетскиот циркулар – Насоки за подготовка на буџетите на единиците на локалната самоуправа за 2020 година на Министерството за финансии.Согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година се предлага износ од 7,3 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минати години, во износ од 875.668.000 денари.Споредено со 2019 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2020 година, се зголемува за 12%.Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изготвен врз основа на начелата на економично и рационално трошење на буџетските средства, зголемување на фискалната одговорност, отчетност и транспарентност. Планирањето на средствата преку дефинираните програми придонесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи, како и нивно рационално користење.Најголемо зголемување на планираните средства во новиот Предлог-буџет на Град Скопје има во Секторот за комунални работи каде што средствата за 2020 се зголемени за 72% во однос на 2019 година.Планираните приходи и други приливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории се прикажани во табелата подолу, како и поединечното учество на секоја категорија на приходи и други приливи во вкупниот буџет. Табела 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2020 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИ ВКУПЕН БУЏЕТПРИХОДИ 2019 годинаПРИХОДИ 2020 година%на учество2020/ 2019ВКУПНО6.550.980.0007.346.515.000100,0112,1Даночни приходи (даноци на имот, комунални такси, надоместок за уредување и др.2.492.050.0002.631.000.00035,8105,6Неданочни приходи (административни такси, приходи од закупнина)482.930.000592.862.0008,1122,8Капитални приходи (продажба и закуп на градежно земјиште и продажба на деловен простор)501.117.000513.000.0007,0102,4Приходи од дотации1.624.309.0001.808.175.00024,6111,3Трансфери207.092.000331.000.0004,5159,8Вишок на приходи од минати години1.098.832.000875.668.00011,90,0Приходи од донации144.650.000134.810.0001,893,2Домашно задолжување0460.000.0006,30,0 Планираните расходи и други одливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории на расходи е прикажано во табела 2, како што следи, при што значајно се зголемени вкупните капитални расходи во споредба со планираните во 2019 година: Табела 2: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2020 година – РАСХОДИ ПО КАТЕГОРИИ ВКУПЕН БУЏЕТРАСХОДИ 2019 годинаРАСХОДИ 2020 година%на учество2020/ 2019ВКУПНО6.550.980.0007.346.515.000100,0112,1ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ4.411.465.0004.816.832.00065,6109,2плати и надоместоци1.367.546.0001.554.277.00021,2113,7резерви и недефинирани расходи21.000.00016.000.0000,276,2стоки и услуги1.993.123.0002.097.549.00028,6105,2каматни плаќања19.000.00021.000.0000,3110,5субвенции и трансфери842.796.000960.006.00013,1113,9отплата на главница168.000.000168.000.0002,3100,0КАПИТАЛНИ РАСХОДИ2.139.515.0002.529.683.00034,4118,2капитални расходи2.139.515.0002.529.683.00034,4118,2 Износите на секој од поединечните буџети од кои се состои вкупниот буџетот на Град Скопје за 2020 година се наведени подолу во табелата.Додека пак во прикажаниот графикон е претставена споредбата на буџетот на Град Скопје за 2020 година во однос на 2019 година. Табела 3: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2020 год - ПОЕДИНЕЧНИ БУЏЕТИ БУЏЕТ НА ГРАД СКОПЈЕБУЏЕТ 2019БУЏЕТ 20202020/ 2019ВКУПНО6.550.980.0007.346.515.000112,1Основен буџет4.397.000.0004.617.668.000105,0Буџет на дотации1.702.000.0001.808.175.000106,2Буџет на самофинансирачки активности307.330.000325.862.000106,0Буџет на донации144.650.000134.810.00093,2Буџет на кредити0460.000.0000,0 Графикон 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2020 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИ Графикон 2: ПРЕДЛОГ-БУЏЕТ 2020 година – РАСХОДИ ПО КАТЕГОРИИ Графикон 3: ПРЕДЛОГ-БУЏЕТ 2020 год. (поединечни буџети споредено 2020/2019 година)
Скопје
|
пред 6 години