Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

plac

(ФОТО) Топал го продава имотот, но само на албанец и вели до кога ние македонците ќе се иселуваме, а албанците ќе градат од Скопје до Прилеп -

Охриѓанецот Спирко Топал подолго време мака мачи да добие пат до местото каде што како што вели „Градам А4 објект за домување во населбата Рача, а не хотел, не викендичка“.Тој неодамна објави дека крева раце од се и дека  изгубил верба во правна држава.Одкако како што вели изгубил  надеж и се разочарал од правната држава, се одлучил на најтешкиот чекор, го продава својот имот но, како што вели и како што објави на табла пред објектот „Плацот се продава, само на Албанец“.„До кога ние македонците ќе се иселуваме, а албанците ќе градат од Скопје до Прилеп. Ни СДСМ ни ВМРО ДПМНЕ повеќе не се грижат за народот и нивните маки“, вели Топал. Тој додава дека душа го боли за Македонија, дека беше дел од  Единицата за брза интервенција „Лавови“ , поранешната полициска единица во составот на Министерството за внатрешни работи.  Додава живот давав за Македонија, а сега дојде време ние да се иселуваме од сопсвениот град и држава. Нема повеќе живот овде.  Како да живеам во 35 квадрати, со сопругата и четири деца. Сакам да створам во мојот град, во Македонија, но, очигледно некој сака да не натера да се иселиме. Се е лага во оваа држава. Се додека има селективна правда овде нема живот. Велам селективна, затоа што до мене на истото место има видни личности кои имаат имот, но за нив не важат правилата кои важат за мене. До кога“, вели низ солзи во очите Топал.Но, тој е категоричен дека на децата мора да им обезбеди дом. „Затоа ќе го продадам плацот кој ми значи премногу, но морам да му обезбедам живеалиште за семејството“, вели Топал.

Македонија | пред 6 години

pretepan-toni

(ФОТО) Судењето за случајот “ТНТ” одложено за утре - адвокатот на Трајковски покажа фотографии како тој е претепан

Обвинетиот Тони Трајковски, по дадениот рок од еден час, не се појави на судењето за случајот “ТНТ”, бидејќи, како што рече неговиот адвокат, отишол на клиника на прегледи поради тоа што бил претепан, тврди неговиот адвокат. Тој покажа и фотографии од тоа како се гледа како Трајковски е со модринки по лицето.Инцидентот го има и во билтенот на МВР и бил пријавен во полицијата.„На 22.12.2019 околу 23,35 часот Т.Т. пријавил дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив. С е работи на расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.Инаку судијата Огнен Ставрев рече дека утрово се јавил кај доктор во Ургентниот центар од каде добил известување дека Трајковски е во добра здравствена состојба и е на пат кон дома.Судијата даде рок од 1 час Трајковски да се појави во судот или во спротивно најави дека ќе биде стражарно приведен. 

Македонија | пред 6 години

tnt

Обвинет за предметот "ТНТ, денеска не се појави на судско рочиште - За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно", рече судијата

Тони Трајковски обвинет за предметот "ТНТ, денеска не се појави на судско рочиште.  Во 8.40 бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на ексградоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски  синоќа бил претепан со видливи повреди на главата и телото. Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, соопшти судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот.Во 6.30 часот адвоактот бил пренесен во болница, имал хематом, со видливи повреди, кажа адвокатот. Колегата Осман и јас стапивме во контакт со надлежниот доктор, но по телефонско јавување, докторот ни објанси дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома."За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно", рече судијата и даде еден час пауза.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sovet-na-ambasadori

Совет на амбасадори: Услов за членство во ЕУ да биде заеднички утврдената вистината за историското минато

Здружението за надворешна и меѓународна политика – Совет на амбасадори соопшти дека е непримерно највисоките државни институции да дебатираат и носат резолуција за етничкото и јазичното потекло на еден народ, како што неодамна беше случај со Народното собрание на Република Бугарија.– Совет на амбасадори смета дека услов Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ не би требало да биде таа да ја прифати интерпретацијата на бугарските историчари за потеклото на македонската нација и на македонскиот јазик, како единствена историска вистина, туку тоа да се заснова на заедничката вистина утврдена од комисиите кои се засновани со цел да се унифицираат разликите во толкувањето на заедничкото историско минато на двата народа врз основа на научните аргументи и толкувања на историската наука во регионот и во светски размери, пишува во реакцијата на Извршниот одбор на Советот на амбасадори и неговиот претседател Љупчо Арсовски.Изразувајќи загриженост што последниве денови од истакнати личности од политичкиот живот, научната сфера, државни институци и поедини владини и невладини асоцијации на Република Бугарија интензивно се актуализираат, како што наведува „старите бугарски теории за негирањето на македонскиот јазик“, Советот смета дека единствениот пат на зајакнување на меѓусоседските односи меѓу двете земји и пријателството меѓу двата народа е да се почитува и имплементира во двете земји Договорот за добрососедски односи и соработка.– Совет на амбасадори е убеден дека минатото нè научи дека треба да бидеме свртени кон иднината, без условувања туку напротив со отворена поддршка како што е заедничката заложба во Договорот и чесните изјави дека треба да ги отпочнеме преговорите и побргу да ги исполниме условите за полноправно членство во Европската Унија, се додава во реакцијата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

vulkan

Бројот на жртви од вулканската ерупција во Нов Зеланд се зголемува

Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд се зголеми на 19, откако уште едно лице ноќеска почина во болницата во Окланд, соопшти денеска локалната полиција.Ерупцијата на вулканот на Белиот остров во заливот Пленти, на 270 километри јужно од Окленд, се случи на 9-ти декември. Во моментот на природната стихија на островот и неговата најблиска околина имало 47 лица, од Нов Зеланд и туристи од Австралија, Велика Британија, САД, Кина и Малезија.Веднаш по ерупцијата властите објавија за девет жртви, а подоцна уште едно лице почина во болница. Првично уште осум лица беа прогласени за исчезнати. Во текот на операцијата за потрага и спасување, којашто поради безбедносни причини започна на 13-ти декември, на островот беа откриени тела на седум  жртви. Така, уште две лица се водат како исчезнати.фото: Архива

Свет | пред 6 години

stevo-770x437

Денеска втората седница на Советот за безбедност

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја свика втората седница за Советот за безбедност, којашто ќе се одржи денеска, 23 декември 2019 година, понеделник, со почеток во 17:00 часот.На првиот дел од седницата, каде ќе бидат разгледани тековните прашања поврзани со безбедноста и одбраната на Републиката, покрај членовите на советот, ќе присуствуваат и Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу, директор на Агенција за разузнавање, Зоран Ангеловски, директор на Оперативно-техничката агенција и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.Вториот дел на седницата ќе биде посветен на проблемот со аерозагадувањето. На дебатата, покрај членовите на советот, ќе учествуваат и тројца претставници на Здружените граѓански иницијативи и организации, кои во изминатиот период одржаа средба со претседателот Пендаровски во однос на заштитата на животната средина, а преку писмо дадоа предлози и иницијативи за надминување на загадувањето од запалени депонии, пожари и оган на отворено. Исто така, во вториот дел од седницата ќе учествуваат и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање и Фејзула Спахија, директор на Државниот инспекторат за животна средина.Претставниците на медиумите ќе имаат можност да направат инсерти и фотографии на почетокот на седницата на Советот за безбедност, како и вториот дел на истата – после 18:30 часот. По нејзиното завршување изјава за медиумите ќе даде претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izbori-hrvatska

Милановиќ и Грабар-Китаровиќ во втор круг на претседателските избори во Хрватска

Државната изборна комисија во Хрватска ги објави резултатите од 99 проценти преброени гласови. Според обработените гласови води поранешниот премиер, кандидат на левиот центар со поддршка Социјалдемократска партија Зоран Милановиќ со 29,64 проценти освоени гласови, а актуелната претседателка од десниот центар Колинда Грабар Китаровиќ 26,92 проценти, веднаш зад неа е независниот кандидат пеачот Мирослав Шкоро со 24,29 одсто.Хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ изјави дека резултатот од првиот круг на претседателските избори не е изненадувачки и порача дека очекува актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во вториот круг да победи.-Во овој момент мислам дека тое не е изненадувачки, се искристализираа практично тројца кандидати, дел од избирачкото тело на десницата, на десниот центар, се подели меѓу Грабар – Китаровиќ и Мирослав Шкоро и дека затоа резултатот е таков каков што е. Затоа многу поголем простор имаше кандидатот на левите политички опции Зоран Милановиќ, рече Пленковиќ по објавата на неофицијалните резултати.Тој соопшти и дека во вториот круг очекува „ разумен избор што е добар за Хрватска“, а тоа е, како што кажа, изборот на Грабар-Китаровиќ.Хрватскиот премиер не очекува дека избирачите кои гласаа за Шкоро ќе се определат за левата опција, додека за ХДЗ-овците кои во првиот круг го поддржаа Шкоро смета дека во вториот круг ќе гласаат за Грабар-Китаровиќ.фото: WDR 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска променливо облачно со врнежи од дожд

Денеска времето во цела Македонија ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Од пладневните часови во северните делови ќе почне да дува северен ветер кој потоа ќе се прошири во поширокиот регион на Повардарието.Температурата ќе се движи од 8-15 степени. Во Скопје слично време, со температура од 4-10 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tivat

Невреме во Црна Гора: Котор и Тиват под вода

Поројните врнежи од дожд кои ја погодија Црна Гора предизвикаа поплави во општините Тиват, Котор, Будва. Како што јавуваат локалните медиуми, поплавен е патот пред стариот град во Котор, а во Тиват затворени се неколку улици.Поради излевање на реките голем дел од сообраќајот бил во прекин.Сепак, како што се наведува нема голема материјална штета а екипи на терен работат на отстранување на дефектите.фото Општина Тиват

Свет | пред 6 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Однос кон себе

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс. Како ќе се поставиме кон самите себе, таков ќе ни биде животот. Ако не веруваме во сопствените вредности, постојано стравуваме, се оптоваруваме со грешките од минатото, живееме со чувство на вина, акумулираме потиснат гнев, манифестираме несигурност и малодушност, тогаш животот ќе ни создаде емоционален товар, притисок и тензија.Доколку се откажеме од борбата да се хармонизираме на психофизички план и извлечеме од кризата, сами ќе го повикаме поразот. Наместо да одиме напред, ќе гледаме назад и ќе продолжиме да се жалиме и себеобвинуваме за сè што сме пропуштиле во животот. Откажувањето води кон конечен пораз на севкупната личност. На тој начин развиваме психологија на губитник, а да се живее со ореол на губитник воопшто не е добро.Изборот на доброто секогаш е најдобриот избор – тој ја отвора портата кон позитивните перспективи на животот.Колку и да ни е тешко во моментот, сигурно постојат убави и позитивни нешта со кои може да се гордееме и на кои треба да се фокусираме. Изборот на доброто секогаш е најдобриот избор – тој ја отвора портата кон позитивните перспективи на животот. Можеби во одреден период или домен од нашето постоење нештата не се одвивале на посакуваниот начин, но тоа не треба да биде причина севкупно да се разочаруваме, да ја губиме волјата и да сметаме дека целосно сме поразени и сме станале губитник во животот. Напротив, кризата е знак дека треба да се пробудиме и да сфатиме каде грешиме и што мора да подобриме и поправиме во своето живеење.ДОКОЛКУ ПРЕТХОДНИТЕ ОБИДИ НЕ СЕ ПОКАЖАЛЕ УСПЕШНИ, НЕОПХОДНО Е НА ПРОБЛЕМОТ ДА МУ ПРИСТАПИМЕ НА ПОИНАКОВ НАЧИН. ДОКОЛКУ И ВО ТОЈ СЛУЧАЈ НЕ УСПЕЕМЕ ДА ГИ ПРИДВИЖИМЕ НЕШТАТА КОН ПОЗИТИВНАТА ПАТЕКА, ТРЕБА ДА ПРИМЕНИМЕ НОВ ПРИСТАП, И СÈ ТАКА ДОДЕКА НЕ ГО РЕШИМЕ ПРОБЛЕМОТ. РЕШЕНИЕ СЕКОГАШ ПОСТОИ, А ДО НЕГО ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДОКОЛКУ СМЕ ИСТРАЈНИ, МУДРИ, БОРБЕНИ И ПОСВЕТЕНИ.Како да го стекнеме тој цврст непобедлив став?Главното нешто кое треба да го направиме, никогаш да не зборуваме за пораз и да се окупираме со лошите сценарија во мигот на сегашноста. Треба да знаеме дека перцепцијата и акумулацијата на негативното, секогаш ги зголемува можностите за привлекување на негативното.Ако акумулацијата на негативната енергија се случувала во долг временски период, детоксикацијата и излезот од кризата ретко можат да дојдат преку ноќ. Затоа, прво што треба да направиме е да не брзаме и да бидеме трпеливи. Грешките секогаш се плод на брзоплетост и на желбата веднаш да се извлечеме од очајот, наоѓајќи експресно решение за проблемот. Тогаш сме најранливи и лесно може да станеме плен на некои лица и ситуации кои можат да ја искористат нашата невнимателност и подложност на туѓите „добронамерни“ влијанија. Кога трпеливо, упорно и посветено работиме на подигнување на самодовербата, позитивните резултати неизбежно ќе пристигнат и ќе создадат ново, посреќно и поуспешно јас.Францускиот философ Мишел Монтењ има кажано: „Дали настаните во животот ќе бидат убави или неубави зависи пред сè од тоа како ние ги доживуваме“. Фокусот кон позитивното секогаш дава надеж дека ќе го надминеме негативното. Поттикнувањето кон доброто и убавото е основата на среќниот и хармоничен живот. Независно од тоа со која работа се занимаваме, нашиот мозок одлучува што сакаме да правиме под влијание на нашите позитивни и негативни емоции. Ние одлучуваме дали ќе останеме на ниво на лошото чувство поради повредите од минатото или ќе извлечеме поука од тоа што ни се случило и духовно зајакнати ќе тргнеме напред кон перспективите на иднината. „Тежнееме кон посебни цели, кон којзнае какви височини, а нашите реални потреби се многу, многу мали: неопходен ни е чист воздух, простор, топлина, пиење, јадење и она што е најважно – суштинска заинтересираност за самите себе“, напишал рускиот автор Андреј Курпатов.Во контекст на суштинската заинтересираност за самите себе што е потребно да преземеме за да го постигнеме мирот и хармонијата во животот?Потрошувачкото општество и опсесивната ориентираност кон материјалното и телесното предизвикаа постојано да ни недостига комфор и да живееме со чувството дека треба да имаме многу повеќе.Најголемата среќа и највисоката основа е да бидеме во мир со самите себе и да се чувствуваме внатрешно исполнети. Тоа воопшто не е лесна задача, со оглед на разните притисоци, борби и неизвесности присутни во современото живеење. За некои нешта и самиот човек е виновен, зашто воден од своите мегаломански побуди постојано живее со чувство на недостиг и бара да владее, контролира, поседува и ужива во што повеќе и повеќе материјални добра и телесни задоволства. Потрошувачкото општество и опсесивната ориентираност кон материјалното и телесното предизвикаа постојано да ни недостига комфор и да живееме со чувството дека треба да имаме многу повеќе. Сите овие нешта укажуваат дека отсуството на среќа и внатрешниот немир се длабоко вкоренети кај современиот човек.Смиреноста на духот не може да се постигне со робување на материјалното и телесното, туку со неутрализирање на нивното штетно влијание. Тоа ќе го постигнеме ако не претеруваме во јадењето, пиењето, ги контролираме нагонските импулси на телото, ги избегнуваме пороците, доволно спиеме, престојуваме во природа, не работиме повеќе од што можеме да издржиме, вложуваме во своето знаење, ја будиме свеста, другаруваме со позитивни лица и ја пронајдеме смислата и целта на сопственото постоење. Елиминирањето на потребата секогаш и секаде да им се допаднеме на другите, очекувајќи да бидеме вреднувани, почитувани и видени е патот што води кон избегнување на болката и постигнување на среќата, зашто на тој начин фокусот нема да биде поставен кон надвор, туку кон внатрешното чувство на мир и хармонија со самите себе.Докажувањето на својата самовредност пред тој што однапред одлучил другиот да го обезвредни е јалова работа која исто така ретко ќе вроди со плод. Најдоброто решение е ние да зрачиме со среќа и позитивна енергија, зашто нема поголема казна за лицето кое сака да ни напакости од можноста да нè види радосни, среќни и исполнети.Голема среќа е да ги имаме вистинските луѓе покрај себе кои нема енергетски да нè исцрпуваат и емоционално изместуваат. Доколку се случи да бидеме опкружени со негативци кои постојано се обидуваат да ни ја земаат позитивната енергија и лошо да влијаат врз психофизичката состојба на нашата личност, неопходно е веднаш да се дистанцираме или ако е тоа невозможно да пронајдеме начин да им се спротивставиме. Постојаните борби и конфликти не се добро решение, зашто негативците се хранат од негативното, тие немаат емпатија и добро пливаат во матното. Докажувањето на својата самовредност пред тој што однапред одлучил другиот да го обезвредни е јалова работа која исто така ретко ќе вроди со плод. Најдоброто решение е ние да зрачиме со среќа и позитивна енергија, зашто нема поголема казна за лицето кое сака да ни напакости од можноста да нè види радосни, среќни и исполнети. Независноста на духот, чистата совест, недостигот на чувство на вина и високиот морал се голем капитал во борбата со сите оние лица кои неморално постапуваат и негативно дејствуваат.Кога не можеме да ги избегнеме ударите на негативците или кога чувствуваме внатрешна криза, неопходно е да се смириме и некое време да поминеме во мир со самите себе. Кога преовладува психофизичкиот замор и неубавата емоција треба да се опуштиме колку што можеме повеќе, да го слушаме внатрешниот глас и да се запрашаме која е пораката или што мора да разбереме во таквата ситуација.ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ДЕКА БОГ ИЛИ КОСМОСОТ ВЕЌЕ ИМААТ РАЗРАБОТЕНО ПЛАН ЗА СЕКОЈ ОД НАС – НАШЕ Е ДА УМЕЕМЕ ДА ГИ ЧИТАМЕ ЗНАЦИТЕ И ДА СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА МОМЕНТОТ КОГА СÈ ЌЕ БИДЕ ДОБРО.Само смиреноста привлекува смиреност, а подготвениот ум доживува мудрост. Заклучокот е да не брзаме, да уживаме во искачувањето кон врвот и да не стравуваме од тоа што ќе биде, бидејќи ќе биде тоа што мора да биде, односно ќе биде тоа што ние со својата мисла, волја, верба и дух сме зацртале дека заслужува и вреди да биде.

Магазин | пред 6 години

portugalija

Бурите Елса и Фабијан пустошат, во Шпанија и Португалија девет загинати има и исчезнати

Во бурата што ги зафати Шпанија и Португалија загинаа девет лица, оштетени се голем број згради, а повеќе патишта се затворени. Бурата Елса што го погоди Иберискиот Полуостров во средата, а се интензивира вчера попладне, донесе обилни дождови.Силниот ветер со брзина од 140 километри на час корнеше дрвја и покриви, а предизвика и сериозни штети во инфраструктирата..Најдраматично е во Португалија , каде седум лица се водат за исчезнати во големите поплави и надојдените води, а на крајбрежјата се создале бранови високи девет метри.фото: Portugal Resident 

Свет | пред 6 години

ciganski-horoskop

Прочитајте го циганскиот хороскоп - што не чека во 2020 год?

Што ќе се случи во 2020 година, што да се очекува и од што да се плашиме? Погледнете го небото, ѕвездите ... Ромите содмна покажале дека имаат моќ да прочитаат што запишале ѕвездите.  Подароци, изненадувања, борбата за вистината и лагите. Што ќе ни донесе Новата 2020 год, според циганскиот хороскоп?Земјинскиот елемент продолжува да се управува, што значи дека во 2020 година, како и порано, едноставните човечки вредности се приоритет. Луѓето сакаат просперитет, стабилност и страв од фундаментални промени. Времето е релативно мирно, иако понекогаш бара од нас да ја ставиме нашата вољја заедно и буквално, сè додека не истечеме, да се бориме за нашата среќа.Не треба да очекувате дека во 12 часот, ноќта на 31 декември, металниот стаорец, која ќе владее во текот на следната година според кинескиот хороскоп, веднаш ќе ја „собере топката“. Иако новата година ќе дојде на календарот, љубовница сепак ќе биде Кучето. И само постепено ќе се откаже од функцијата добар метален стаорец. Конечно, моќта ќе отиде само во жолтото лепенка на 5-ти февруари.Запомнете што ве научи лани, заблагодарете му се за вашите радости, најдете нешто корисно за разочарување, простете им ги вашите непријатели и слично. На крајот на краиштата, зависи од вашиот внатрешен дух како ќе биде 2020.Запознајте ја со прасето добро и исто така ќе ја добиете за возврат.Годината ветува дека ќе биде финансиски успешна. Ќе биде дарежливо, па ако работите напорно може да добиете многу повеќе од очекуваното.Но, нечесните луѓе и измамници ќе добијат „казни за свињи“ и ќе им простат на своите најмили. Затоа искреноста е најдобриот пријател во 2020 година.Се отворат многу нови перспективи, тие ќе имаат можност да го ревидираат нашиот изглед за животот, да ги прошират нашите интереси. Ова е година на нови искуства, сепак, тивко без остри капки. Виолетова, како кученце, ја сака стабилноста.Годината е добра за паровите, ќе помогне да се зајакнат чувствата. Ако планирате да ја легализирате вашата врска, тогаш 2020 година ќе гарантира долг семеен живот. Соништата на децата родени во Годината на металниот стаорец ќе се остварат во трепкањето на окото. 2020 година е време на семејство, љубов, разбирање и сериозни врски.Следната година ќе ги натера дури и најголемите неверници во љубовта да веруваат во ова чувство.Но, за што точно треба да се подготвиме во 2020 година според циганскиот хороскоп?На многу начини, сето тоа зависи од личните приоритети и расположението на животот. Ефектот на металниот стаорец врз претставниците на хороскопските знаци ќе биде нешто сличен. Има свои цели и планови, а некои претставниците (особено огнени елементи) можеби не ги сакаат. Иако сметаат дека сите ќе најдат начин да се дружат со мирно животно.За Лавот и Стрелецот, годината е материјално успешна година.Во љубовната врска треба да се „одржи коњот“ и да се разбере дека не постои само вашето мислење, туку и мислење од втората половина. Трпението е вашиот пат до успехот за 2020 година. Затоа, скротите ги своите импулси и научете да чекате. Овните ќе добијат шанса да летаат на врвот, најважно е да не бидете преголеми. Свињата не му се допаѓа кога едниот стои над другите. Чувајте се нормални и поблиски до луѓето и со среќа со вас.Јарец, Девица и Бик се во нивниот елемент. Не мора да се прилагодувате на никого, а успехот зависи само од вашата сила и напорна работа. Бик треба да биде претпазлив со силните пијалоци, премногу забава нема да направи добро. Девицата мора да престане да се однесува детски и да стане поприлагодлива, а Јарецот треба да престане да гледа назад.Вагата може да се победи со вознемиреност, но тие мора да ги надминат околностите и да најдат своја формула за среќа. За Водолијата и Близнацита, ова е година на победи – лични и професионални. Само тогаш можете да заборавите на ограничувачките фактори и смело да започнете со освојување на врвовите.Рибите не треба да се „распаднат“ и да пливаат против водата. Помалку спуштете го вашиот бар за фантазија, слезете на земја и зграпчете ги подароците што ќе ви станат раце. Ракот ќе добие мир и стабилност и ќе најде сигурни и лојални пријатели. И Шкорпијата го чека со бесконечен прилив на авантури.Севкупно, во 2020 година, сите зодијаци ќе имаат големи шанси да ги реализираат своите идеи и да постигнат неоспорен успех за прашањата што навистина им тежат на нивните срца.фото: babskeveci.sk 

Магазин | пред 6 години

majka-dete

Писмо од самохрана мајка: Зошто нема и не постојат соодветни мерки насочени кон самохраните мајки и нивните деца?

Зимава во земјава е особено мачна за луѓето. Дел поради недостатокот на сонце, дел поради еуфоријата околу прославувањата, а дел и поради очекувањата за кои сме се врзале, за кои сме се надевале дека ќе ги постигнеме токму оваа година. Овој дел од годината е особено тежок токму за оние за кои и животот во земјава е вообичаено тежок.Сакам да пишувам денес за за оние за кои сите многу зборуваме, но онака како ни дојде, како сме преслушнале од другите, како ни кажале комшиите, како се збори во партија, како се трачари на кафе, како се оговара на работа, како нивните бивши партнери се пожалиле, како нивните симпатии се пофалиле, како нивните некогашни другарки мислат…Денес сакам да пишувам за самохраните мајки, во чест на жена од оваа позиција чиј живот згасна вчера. Денес пишувам за самохраните мајки зошто синоќа не спиев од потресната вест за загуба на еден млад, креативен, амбициозен живот кој престана да постои. Нема да опишувам што чувствувам кога размислувам за детето кое остана само, прво зошто е болен факт до точка на неизразливост и оргомна тага, и второ зошто сакам овој напис да биде конструктивистичка алатка за унапредување на правата на оние кои преживуваат, живите самохрани мајки кои овде преживуваат во буквална смисла на зборот.Во овој балкански змијарник, има жени кои сами препуштени на себе бијат егзистенционални битки, при тоа носејќи со себе и деца за кои сами се грижат.Овие жени на овие простори се најчесто перцепирани од два аспекта: или како опасност за традиционалните вредности (распуштеници, нечесни, незаслужни за живот, атак за фамилијарните вредности, лоши мајки, непожелни партнерки), или како рѓава последна алка во синџиорот на исхрана во нашава урбана џунгла (институционалното непрепознавање на оваа посебна целна група).Првичното видување, како опасност, најчесто е перцепцијата на друштвената заедница, во случаи кога жената самохрана мајка, не е во очај и упорно се бори со сите препреки кои овде, за жена во позиција на самохраност бликаат како непресушни извори.Второто видување, како рѓава последна алка на синџирот на исхрана во урбанава џунгла, е општественото, институционално видување на самохраната мајка која ги изразува своите незадоволени потреби во однос на непостоење на услови за нормално функционирање.На кого не му одговара, овозможувачка средина за жените самохрани мајки и нивните деца, нека е клучното прашање на донесувачите на одлуки, за празнициве, пред да си легнат, ако воопшто можат мирно да спијат имајќи го сето ова во предвид.Според деск анализата која ја направивме, националните и локалните буџети, не предвидуваат средства за самохраниот родители, ниту пак за децата од еднородителски семејства. Ова е одговорот на сите следни прашања, непостоењето на политичка волја изразено преку ненасочување на средства кон овие семејства.Зошто нема и не постојат соодветни мерки насочени кон самохраните мајки и нивните деца? Зошто не постојат политики кои се однесуваат на нивна заштита?Приоритетно вработување, приоритетно згрижување на нивните деца во градинки?Зошто нема државен месечен семеен додаток, не за социјално загрозени, туку баш за самохрани родители?Зошто нема детски додаток од државта за децата во чии изводи фигурира само еден родител, во какви случаи државата е втор старател на овие деца?Зошто нема даночни ослободувања за самохрани родители?Зошто нема специјализиран ресурсен центар за услуги кон самохрани родители, од типот на психотерапевтска поддршка, правна помош, едукација и зајакнување?Зошто нема дневен центар за згрижување на децата на самохрани родители?Зошто никој не се нафаќа да го реши проблемот со вдомување на овие жени и деца?Зошто нема никакви бенефиции, кои сите нормални земји во светот ги имаат?Она кое можевме да го видиме низ социјалните мрежи, по објавување на веста за смртта на жената која мочаше наспроти ветрот, сѐ додека не се умори и замина, во најмала рака е општо жалење. Сите се во тага, сите ја жалат неа и го жалат девојчето кое остана само. Солзи и писма за збогување на сите страни.Не, не им треба на овие жени да ги жалите кога линијата на животот ќе ја снема.Луѓе, од вас им треба поддршка, им треба особено внимание, им треба вашата човечка рака да им ја подадете додека се меѓу живите, им треба убав збор, им треба да ги ислушате понекогаш, им треба да не ги осудувате, им треба да им ги прифатите децата и нив самите, онакви какви што се, им треба разбирање, љубов и емпатија.Донесувачи на одлуки, претседателе, градоначалници, власти, од вас им требаат застапувања за вработувања според квалификациите, државни мерки за поддршка, им требаат државни функционални апарати, им требаат застапувања за буџетски насочувања кон нивните семејства и тоа токму од пратениците и пратеничките и експертската фела од овие области.Отиде еден млад живот, игрив и полетен, отиде од другата страна од која нема назад. Остана сам на светот еден уште помлад и неостварен живот, без да има сѐ што имаше и му даваше една мајка, сонувања, вредности, патувања, приказни, фенери во мракот, бајки за живеење и раскажување, енормна љубов кон животот и уметноста на живеењето.Желбите за наоѓање на мир, насочете ги кон оваа мајка самовила и нејзиното дете.Самохрани мајки, останете со нас, бидете меѓу нас.Ве сакаме, ве прифаќаме, вие сте еден неизоставен сегмент од ова општество кое не е совршено, но можеби токму вие ќе ни бидете пример какви треба да станеме. Можеби токму преку вас, преку овозможување на услови за нормално да можете да функционирате, ќе стануваме почовечни сите ние. Не се откажувајте, побарајте поддршка. Не се откажувајте, продолжете да артикулирате што ви треба. Не се откажувајте, плачете, врескајте, ќе паѓате пак и пак, но секогаш станувајте, а ние сакаме да знаете дека еве учиме, да бидеме тука и за вас.И простете ни, не знаеме како ви е.Не знаеме како е сам да легнуваш и сам да се будиш, во ден низ кој сам хендлаш дете, кариера, домаќинство, пари и финансии, материјални ресурси, емотивни пребивања, родителство, домашни задачи, училишни проблеми, љубовни јадови, социјални активности, духовни растења, малодушности, осуди, дискриминации, стигматизирања, шовинизам и сами си знаете уште што не. Но, спремни сме да ве слушнеме и поддржиме.Со љубов,за магијата која ја донесе на овој свет, самовилската девојка Милијана.И за сите самохрани мајки.(Писмо од самохрана мајка) извор: denesmagazin.mkфото: theodysseyonline.com 

Коментари | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Тешка сообраќајна несреќа - загина четиригодишно дете

Четиригодишно дете од село Матејче загина попладнево во тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Романовце, објави Канал 5 повикувај се на извои од кумановската болница. До сообраќајката дошло при судар на два автомобили , денеска околу 14 часот во близина на бензинската пумпа Лукоил. Детото заедно со своите родители било во едно од возилата.  Останатите учесници во сообраќајката поминале со полесни повреди.Не е познато како дошло до несреќата.Текстот во целост на : Канал 5  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Детектор анкета: Мнозинството граѓани задоволни од услугите на јавната администрација

Мнозинството граѓани се задоволни од квалитетот на услугите кои што ги добиваат од јавната администрација но сметаат дека бројот на вработени под државна капа треба да се намали. Вакви резултати дава последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.Според него, 48,2% од анкетираните велат дека се задоволни од квалитетот на услугите кои ги добиваат од јавната администрација. Висок е бројот на граѓани кои што се незадоволни од квалитетот на услугите. Ваков став имаат 41,3% од анкетираните.Најголем дел од граѓаните или 17,6% најчесто потреба од некаква услуга имаат во единиците на локалната самоуправа. 8,7% најчесто контактираат со МВР, 7,7% со Агенцијата за катастар и по нешто повеќе од 6% со Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување.Очекувано, овие институции предизвикуваат и најголемо задоволство, односно незадоволство кај граѓаните.Па така на прашањето во кое граѓаните може да одберат било која од институциите од кои што се најзадоволни, 9,9% ги одбрале општините, 7,5% МВР и 3,6% УЈП. 3,2% се определиле за Агенцијата за катастар а 3% за Фондот за здравствено осигурување.Бидејќи најчесто се користат нивните услуги, општините се на врвот и кога станува збор за институциите од кои граѓаните се најнезадоволни. 9,1% од анкетираните како институција од која се најнезадоволни ги одбрале единиците на локалната самоуправа, 5,2% се најнезадоволни од Агенцијата за вработување а 5% од Центарот за социјални работи. 4,6% најголемо незадоволство имаат од искуството со јавната администрација во МВР, а 3,7% со Агенцијата за катастар.Повеќе од половина од граѓаните или 51,7% сметаат дека бројот на вработени во јавната администрација треба да се намали. 15,5% мислат дека се потребни уште вработувања додека18,4% се на ставот дека бројот на вработени во државните институции треба да остане ист.Анкетата на Детектор покажува дека граѓаните кои имаат повисоки примања очекуваат помал број на вработени во јавната администрација. Па така, 52,6% од граѓаните кои имаат примања пониски од 20.000 денари сметаат дека бројот на административци треба да се намали за разлика од над 60% кои се со примања над 40.000 денари месечно кои се на став дека потребно е за државата да работат помал број на луѓе.Близу две третини од граѓаните на вработувањата во јавниот сектор пред избори гледаат како на предизборна манипулација. Ваков став делат 62,6% од анкетираните наспроти 14% кои сметаат дека вработувањата пред избори се реална потреба на државата.Оваа бројка е уште поиздиференцирана кога станува збор за ставот на младите. Дури 71,9% од нив во вработувањата во јавниот сектор пред избори гледаат предизборна манипулацијанаспроти 12% кои се на став дека тоа е реална потреба.Анкетата на Детектор покажува дека најголем број граѓани очекуваат дигитализација на услугите и намалување на бројот на вработените.51% од анкетираните сметаат дека реформите во јавната администрација треба да бидат насочени кон дигитализација и намалување на бројот на вработени, наспроти 31,6% кои велат дека очекуваат реформите да се движат во насока на обуки и нови вработувања.Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници со маргина на грешка од плус – минус 3%.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен велешанец - се обидувал да опожари дел од инвентар во казино

На 22.12.2019 во 01.00 часот во Велес на ул.„8 Септември“ бил лишен од слобода  Б.Ќ.(56) од Велес, бидејќи се обидел да предизвика пожар во казино. Додека се обидувал да опожари дел од инвентарот во казиното, тој бил спречен од полициски службеници и бил приведен во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен 30 годишен маж поради лажна пријава на бомба во Клиничка болница Битола

На 21.12.2019 во во СВР Битола бил приведен Т.Е.(30) од с.Обршани, прилепско, поради лажна пријава на бомба. Според пријавеното, тој во 14.17 часот од непознат број, телефонски пријавил бомба во Клиничка болница Битола, по што полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пријава, а по преземени мерки утврден бил идентитетот на лицето кое се јавило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото :Архива 

Македонија | пред 6 години

22122019_ZMZhSPP_Makraduli_pres-konferencija_2

Макрадули: Видливи првите позитивни резултати во намалување на загадувањето на воздухот

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули се обрати на прес-конференција. Во продолжение ви го пренесуваме во целост неговото обраќање.„Дозволете, во морето информации поврзани со аерозагадувањето, да укажам на неколку факти.Борбата за здрава животна средина и чист воздух е процес, кој бара координирана и интегрирана акција од сите чинители во општеството, од системски мерки на организациско или институционално ниво, до промена на некои навики кај секој од нас лично.Секако, ВРСМ и МЖСПП се најодговорни и не бегале никогаш од одговорноста.Да потсетам, ова е прва Влада што не бега од темата за аерозагадување, ниту ја прикрива, туку напротив прва која презема конкретни мерки.Факт е дека оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ10.Да укажам на некои податоци, секако нагласувам од оние мерни инструменти коишто припаѓаат на Државниот мониторинг центар и кои беа во функција.Број на денови со среднодневни концентрации над ГВ 20152016201720182019Центар6463445431Гази Баба566249 27Карпош5564546024Лисиче68627000Миладиновци3857385731Ректорат4769667646Максимална среднодневна концентрација: 20152016201720182019Центар326.5288.1352.9248124.2Гази Баба329.7340299.4 113Карпош299335.1397.2229120.7Лисиче446.1454.3331.844.620Миладиновци125233.3177.9184.7156Ректорат271.1436.6436.7283134.2Или пак, ако зборуваме за максималната среднодневна концентрација, и покрај тоа што минатата недела имаше магла и 0 km/h ветер, немавме екстреми како 288, 329, 446 во минатото. Максималните беа 124, 120, во споредба со минатите години, кога биле и 326, 329, 340, 352 во Центар.Дали е доволно ниско, не. Но трендот на намалување е видлив.Некои ќе се повикаат на времето, климатските промени, но факт е дека намалувањето е и резултат на заедничка акција на сите.Резултат на зголемената свеста кај граѓаните, која е на највисоко ниво до сега и е дополнителен поттик за оваа влада. Граѓаните, особено помладите и користат превозни средства кои не загадуваат и сепарираат отпад, но и ги убедуваат своите родители да не се греат на дрва.Сведоци сме на редовни, 24 часовни, построги инспекции од страна на надлежните институции. За прв пат се фаќаат сторители кои палат кабли или стрништа, кон нив се поднесуваат соодветни пријави.Координираната инспекција драстично ги намали примерите на илегални палења.Во градот Скопје има повеќе зеленило, ослободени дрва, поставувани се зелени бариери помеѓу пешаците/велосипедистите и возилата, нови паркови, зелени кровови.Во 36 општини, во 108 јавни објекти има фотоволтаични системи.Нашата земја е шампион во реформи во енергетската политика, го намаливме ДДВ-то за парното греење, ја одржавме цената на струјата и таа е достапен извор за греење, исплатливо е навистина, да се греете на струја.Но, како комплементарен придонес се и мерките од Планот за чист воздух, прв стратешки документ донесен од некоја влада која директно се справува со изворите на загадувањето.Мерки во насока на вложување во подобрувањето на енергетска ефикасност, во зголемувањето на зелените површини, и за прв пат мерки за директно справување со изворите на загадување.Почитувани,Секојдневно сме сведоци на активности каде, пред се во градинките и училиштата се интервенира во замена на начинот на затоплување.Во рамки на Планот за чист воздух:Замена на нееколошките системи за греење во 45 објекти:Досега 4 детски градинки од предвидени 12 градинкиЈДГ “8 Март“, „Пеперутка 1 и 2“ општина Кисела ВодаЈДГ “Детска радост” Клон 1 општина СтрумицаЈДГ „Буба Мара - Пчелка 2“ општина АеродромЈДГ “Рада Поцева” – општина КавадарциДосега 6 училишта од предвидени 29 училиштаООУ “Наим Фрашери” – општина ТетовоОУ “Браќа Миладиновци” с.Дедебалци; општина МогилаОУ “Кочо Рацин” с.Трновци; општина МогилаОУ “Гоце Делчев” с.Радобор; општина МогилаОУ “Кочо Рацин” с.Лознани – општина МогилаОУ „Димката Ангелов – Габерот“ – општина КавадарциДосега 2 административни објекти од предвидени 4административни објектиЈПКД “Комуналец”; општина СтрумицаЗграда на урбанизам и комунални работи општина Струмица Успешноста на Планот за чист воздух не е само справувањето со аерозагадувањето, туку и заштедата на буџетските средства.Економска заштеда1 објект, на пример градинка, троши во една зимска грејна сезона, 16t нафта/екстра лесно масло за греење или околу 13.074 евра;Сега, грејната сезона ќе чини 3,5 до 4 пати поефтино.Односно во 45 објекти (училиштата и повеќе) наместо за набавка на нафта/екстра лесно масло за греење да се трошат 588.330 евра годишно, ќе бидат потребни 4 пати помалку буџетски средства;Дополнително,Еколошка заштита:1 објект кој троши 16t нафта/екстра лесно масло за греење емитува 11 kg PM10 годишноЗначи, од 45 објекти во воздухот има 495 килограми PM10 честички помалку годишно; Замена на надворешните прозорци и врати, со цел подобрување на енергетската ефикасност во 28 објектиДосега 2 детски градинки од предвидени 9 градинки:ЈДГ „Мајски цвет“ во општина КарпошЈДГ “Калинка” во општина Гази БабаДосега 6 училишта и 1 ученички дом од предвидени 12 училишта:ОУ ” Кирил и Методиј” – општина Свети НиколеОУ “Страшо Пинџур” – Возарци; општина КавадарциОУ “Страшо Пинџур” - Дреново; општина КавадарциУченички дом - Дреново; општина КавадарциЕМУЦ “Киро Спанџов” – Брко – општина Кавадарци;ОУ “Тоше Велков Пепето” - општина Кавадарци;ОУ “ Григор Прличев” општина ОхридДосега 2 административни објекти од предвидени 7:Домот на армијата во општина СтрумицаАдминистративната зграда на општината Шуто ОризариУспешноста на Планот за чист воздух е и подобрувањето на енергетската ефикасност на објектите, и овозможување на заштеда и на топлинска енергија и намалување на сметките за загревање за 30%.Ова е патот на успехот. Патот по кој што поминале повеќе европски земји. Пат по кој што со сличен, скоро ист план работат Чешка, Полска, Словачка и Бугарија.  

Македонија | пред 6 години

22122019_MTV_Sugareski_JPDP_Kitanov_pres-konferencija_2

Сугарески и Китанов: Инвестирани се околу 300 милиони евра само во инфраструктурата

Годината ја завршуваме со максимален ефект во реализација на капиталните проекти во ресорот Транспорт. Ги направивме историски најголемите вложувања во патната инфраструктура, во изградба на гасоводната мрежа, во реализација на крупните проекти во Железницата, во изградба на водоводи и канализации, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес конференција на која даде осврт за сработеното во ресорот „транспорт“ во 2019 година.Тој потенцираше дека во делот на комуналната инфраструктура се реализирале 43 проекти за изградба на водоводи и канализации, понатаму во делот на железницата максимално се гради пругата од Куманово до Бељаковце, во делот на гасификацијата се заврши магистралниот гасовод Штип -Неготино, а со брз силен интензитет се работи и на изградбата на делниците Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар.Исто така според министерот Сугарески, значително е раздвижен Охридскиот аеродром со 70 проценти раст на превозни патници.Во делот на станбената политика, оваа година започната е изградба и на две социјални згради во Неготино и Пробиштип.„Министерството за транспорт и врски не случајно е мотор на ваквите економски промени. Годинава ќе ја завршиме со преку 80 проценти реализација на капиталните инвестиции во нашиот ресор, што ја покажува  ангажираноста на сите ресурси во остварување на крајната цел, а тоа е поквалитетен живот и економски раст на земјата. За следната година планираме да ја завршиме пругата до Бељаковце и да отпочнеме со изградба на делот од Бељаковце до Крива Паланка. Исто така следната година ќе започне изградба на магистралните гасоводи од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево. Веќе подготвуваме терен за изградба на осум социјални згради со вкупно 320 станови. Во делот на комуналната инфраструктура во подготовка сме на триесетина проекти за канализации и водоводи, започнуваме со изградба на канализации во зоната Визбегово и Арачиново.Посебно сакам да го истакнам проектот за изградба и санација на улици во општините вреден 70 милиони евра. Тендерските постапки веќе ги подготвуваме и очекуваме со почетокот на градежната сезона да отпочнеме и физичка реализација на терен“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.Директорот за ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека годинава е најуспешна година од работењето на Јавното претпријатие во кое инвестирани се преку 230 милиони евра.  Тој потенцираше дека за овие две години завршени се 782 километри патишта и ги спореди со околу 600 километри патишта што биле завршени во претходните десетина години.„Рехабилитиравме рекорден број на патишта од различни извори, од нашиот буџет, со поддршка на Светска банка, ЕБДР и од Македонија пат или само во 2019 година завршивме проекти во вредност од 237 милиони евра или 505 километри патна мрежа. Сакам да најавам дека за автопатот Скопје- Блаце утре завршува тендерската постапка, имаме тројца понудувачи во рамки на буџетот и многу набрзо ќе започнеме со работа.Имаме и одлична реализација во делот на експресните патишта, завршивме санација на неколку мостови и активно градиме уште три нови мостови. Во делот на патарините, оваа година имаме најефикасна наплата на патната такса и за прв пат поставивме 523 лед светилки на 176 канделабри“, изјави Зоран Китанов,  директор на Јавното претпријатие за државни патишта.Китанов додаде дека Јавното претпријатие успешно засади 600 илјади садници на автопатот Миладиновци-Штип и дека се работи на проект за поставување на фотоволтаични панели на сите наплатни станици од кои ќе се произведува електрична енергија за потребите на наплатните станици.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Vlado-Misajlovski

Мисајловски: Ветуваме дека ќе инвестираме 11 милијарди евра за 4 години во инвестициите, образованието,здравството и животната средина

Вчера граѓаните покажаа на чија страна се. Вчера граѓаните покажаа дека се со ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните покажаа дека се за обнова на Македонија.  Уште само 12 дена од заминувањето на Зоран Заев од премиерската позиција и уште само три и пол месеци од победата на ВМРО-ДПМНЕ и почетокот на обновата. Времето на политикантите помина. Секој што се огрешил пред законот и пред народот ќе одговара, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Во народот владее апатија, разочараност од се до сега што се случуваше. Оваа генерација во ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од сите политичари во Македонија до сега. Нема ветување на невозможни работи, но се што ќе се вети, ќе се исполни.ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира 11 милијарди евра за 4 години во инвестициите, во проектите, во образованието, во здравството и животната средина.Ќе спроведеме целосна обнова.Во доменот на инфраструктурата ќе реализираме инфраструктурен бум со цел побрз развој на државата, во делот на образованието се обврзуваме барем еден Универзитет да се најде на Шангајската листа, ќе го намалиме загадувањето за 50%, ќе инвестираме во болници, клинички центри и опрема според потребите на граѓаните.Во земјоделието исто така имаме специјален пакет на мерки, со редовна исплата на субвенции и загарантиран откуп на земјоделските производи.За пензионерите ќе го вратиме  стариот модел на пресметка за раст на пензиите два пати годишно. Тоа што им го укина Зоран Заев и Мила Царовска ние ќе го вратиме.Спортот и културата ќе бидат на ниво на државни проекти.Никој нема да смее да ги рекетира бизнисмените. Секој бизнисмен нека се чувствува слободен да инвестира и да креира нови работни места, а доколку некој се обиде да го рекетира тој бизнисмен, без разлика колку и  да е близок на партијата ќе одговара согласно закон.Ќе спроведеме политика на принципи. Најважно за ВМРО-ДПМНЕ се принципите кои мора да постојат во политиката и во општеството. Македонија ќе има влада и премиер кој ќе и биде лојален.  Следува обновата на Македонија, истакна Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Pozar-vo-Kisela-Voda

Пожар во Кисела Вода, две жени префрлени во болница

Две жени се зaдушени и префрлени на лекување по синоќешниот голем пожар во згpaда во скопска населба Кисела Вода, пренесува „ Инфомакс “. Во пожарот целосно е изгорен еден стан. Причината не е пoзната.Во пожарот целосно е изгорен еден стан, пpoтивпожарните служби уште се на терен.Причината не е пoзната.Поголема штетa е спречена благодарарение на брзaта интepвенција на противпожapната бpигада.фото: инфомакс

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш - Струмица, едно лице тешко повредено

На 21.12.2019 во 06.45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш -  Струмица, во близина на с.Калуѓерица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко  возило „форд ескорд“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(52) од Радовиш и товарно возило „волксваген транспортер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(42), од с.Ињево, радовишко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „форд ескорд“, Л.А.(53) од Радовиш, а со телесни повреди се здобил возачот и К.А.(56), кој бил сопатник од истото возило, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај Рача изгубил контрола над возилото и излетал од патот, возачот пренесен во болница

На 22.12.2019 во 00.05 часот на регионалниот пат Охрид - Свети Наум, кај населбата Рача - Охрид, Ј.В.(35) од Охрид, управувајќи патничко возило „хјундаи гетс“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата Ј.В. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница - Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Автомобил со мигранти се судрил со полициско возило

На 21.12.2019 околу 04.50 часот, пред патарина Отовица - Велес, во координирана акција било сопрено патничко моторно возило „фолксваген фејтон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С. (24) од с.Студеничани, скопско, во кое биле превезувани 10 лица мигранти од Авганистан. При застанување на возилото дошло до судир со полициското возило „ландровер“, при што со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и двајца мигранти, кои биле префрлени во Општа болница Велес.Околу 06.00 часот, на локалниот пат за с.Отовица, биле лишени од слобода Б.И.(19), кој управувал патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, и сопатниците Б.В.(28) и А.И.(23), сите од Скопје, поради сомнение за поврзаност со настанот, по што биле приведени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. За случајот е известен Јавен обвинител, а по комплетно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Пронајдените мигранти се префрлени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“, Гевгелија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен Арачиновец, МВР го барала со мерка „апси“

На 21.12.2019 во 18.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од Р.С.Македонија,  бил лишен од слобода М.М.(26) од с.Арачиново, скопско, затоа што се наоѓал во оперативна евиденција со мерка „апси“ од МВР и по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. М.М. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања