Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

zatvor-10

Приведено едно лице, по кого била распишана потерница

На 22.12.2019 околу 07.15 часот во с.Јажинце, тетовско, од полициски службеници на  СВР Тетово, со судска наредба бил приведен Н.Б.(41) од с.Јажинце, по кого била распишана потерница за издржување затворска казна.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

prostitutki

Осум жени приведени поради проституција, полицијата ги затекнала во угостителски објект и куќа

На 21/22.12.2019 во периодот од 23.00 до 03.20 часот спроведена е акциска контрола во која учествувале полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од МВР. Притоа, била извршена контрола во угостителски објект во с.Добридол,  гостиварско, како и претрес во куќата на сопственикот Н.Р.(50), при што во објектот и куќата биле затекнати осум женски лица, од кои пет странски државјанки (три од Р.Србија, една од Р.Црна Гора и една од Р.Хрватска), на возраст од 20 до 31 година, како  и три македонски државјанки на возраст од 35 до 43 години. Тие се приведени и задржани во Полциската станица Гостивар, поради сомение за нивна инволвираност во кривично дело „посредување во вршење проституција“, казниво по чл.191 од КЗ.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

filipovski

Почина академик Ѓорѓи Филиповски еден од оснивачите на МАНУ

Почина академик  единствениот член од првиот состав на МАНУ (1967). Филиповски е еден од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет (1947) и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (1949).Во мај годинава, во МАНУ беше одбележан стотиот роденден на академик Ѓорѓи Филиповски, како единствен жив од тројцата основачи на МАНУ во 1967 година.Академик Филиповски пред две години, на 98 годишна возраст, учествуваше на прославата на 50 години од формирањето на научната установа. Тој ги воодушеви присутните со својата умствена, па и физичка виталност.На бината се качи со помош на неговите внуци, но од говорницата половина час течно раскажуваше за почетоците на МАНУ, без потсетник.Филиповски објавил над 200 научни трудови и 19 монографии во наши и странски списанија. Две монографии му се преведени на англиски јазик во САД. Трудовите му се од повеќе области на педологијата, областа на географијата, генезата и класификацијата на почвите, како и од областа на мелиорациите и ерозијата на почвите. Негово капитално дело е „Почвите на Република Македонија“ во 6 томови во издание на МАНУ.Комеморацијата за академик Ѓорѓи Филиповски ќе биде одржана во понеделник, 23.12.2019 година во МАНУ во 11 часот, а погребот во 13 часот.фото: МИА

Македонија | пред 6 години

zorana-mihajlovik

Српската министерка Зоран Михајловиќ тајно се омажила

Српската министерка за транспорт и потпретседателката на владата, Зорана Михајловиќ неодамна тајно се омажила за својот партнер, бизнисменот Владимир Атанасковиќ, пишуваат српските медиуми.Михајловиќ  подолг период се среќавала со Атанасковиќ, а својот приватен живот го криеше од јавноста. Но новиот сопруг неочекувано се пофалил на социјалните мрежи и обелоденил дека се во брак.Зорана и Владимир се познаваат од средно училиште каде што ја започнале врската. Откако матурирале Владимир заминал во странство, а Зорана во меѓувреме се омажила и родила син. По две децении повторно се среќаваат на една Нова Година и ја продолжуваат врската.Инаку, Зорана Михајловиќ е една од најатрактивните министерки која плени со својот изглед, но и често е мета на критики на медиумите. Неодамна откри колку килограми ослабнала и дека во слободно време тренира бокс.фото: Blic 

Магазин | пред 6 години

Plostad_dec

Бугари, Срби, Грци, Словенци, Турци - Охридските хотели речиси распродадени за дочекот на Новата година

Се привршуваат подготовките за што поуспешен дочек на Новата 2020 год. Очекувано Охрид најпривлечна дестинација. Хотелиерите на Охридското крајбрежје рециси ги имаат распродадено сместувачките капацитети на хотелите „Инекс”, „Силекс”, „Гранит”, „Метропол”, „Белви”, „Милениум Палас”. Вообичаено најбројни и овојпат ќе бидат гостите под соседството, пред се Бугарија и Србија. Ќе има и гости од Црна Гора, Косово, Грција, како помал број гости од Полска, Словенија, Турција.Цените на хотелските аранжмани за новогодишните празници слични на изминатите години, со цени до 160 евра за три дена со свечен дочек на Новата година, зависно од понудата и категоријата на објектот.Организирано Новата година ќе се чека и во охридски ресторани, со цени слични на минатогодишните, до 50 евра со богато мени и неограничен пијалок. Има и поевтини понуди, но зависно од бројот пијалоци, понудата, забавата, реномето на локалот. Дел од угостителите ќе работат според варијантата на отворен влез, со редовни цени на храната и пијалоците.Како и секогаш и годинава се очекува да се напочнат викенд становите, а понуда има и од приватните станоиздавачи и издавачи на соби. Кај нив цената на сместување изнесува од 400 денари за легло и од илјада до над три илјади денари за апартман дневно, зависно од локацијата, големината, бројот на легла и категоризацијата.Инаку во Охрид годинава има и организиран дочек на Новата година на Градскиот плоштад. Задолжени за забавата како што кажаа од локлната самоуправа ќе бидат Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон”. Понудата дополнително ќе биде збогатена со лизгалиштето на мраз поставено веднаш до плоштадот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski-intervju-8-Custom-960x686

Мицкоски за РСЕвропа: Државата има ново име, но ќе се бориме да ја промениме реалноста

Не можеме да ја игнорираме реалноста, но ќе се бориме да ја промениме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето дали ако победи на изборите ќе биде премиер на Република Северна Македонија.Господине Мицкоски, ако победите на изборите, дали ќе бидете премиер на Република Северна Македонија?Ние реалноста во Македонија не можеме да ја игнорираме, но ќе се бориме да ја промениме.Како?Тоа сум го зборувал многу пати во минатото, можам да го повторам и по стоти пат, но мислам дека би било дволично ако ние зборуваме за нешто што е спротивно на таа реалност. Јас сум професор на Универзитетот што е дел од образовниот систем на оваа држава. За жал резултат на капитулантскиотдоговор што го направи Зоран Заев и денеска таа е реалноста, и јас практично предавам во образовниот систем при Министерството за образование, кое е дел од Владата на државата со новата придавка. Плата земам од Министерството за финансии коешто е дел од Владата на државата со новата придавка.Тоа значи дека ќе бидете премиер на Северна Македонија?Ако инсистираме на тоа и се надмудруваме дали ќе биде вака или така, тогаш би бил лажливец да кажам дека нема тоа да биде така, меѓутоа истовремено никој мене на таа маса не може да ми забрани да кажам дека сум Христијан Мицкоски од Македонија, којшто е Македонец и говори македонски јазик.Интервјуто во целост со Христијан Мицкоски на: slobodnaevropa.mk

Македонија | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери: Техничката влада може да ја избереме и на 3 јануари, кога ќе се констатира оставката на актуелниот премиер

Ако оди според договорот и се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април, Парламентот ќе се распушти на 12 февруари, а бидејќи се однапред ќе се знае и ќе биде договорено, како што вели во интервју за МИА претседателот на Собранието Талат Џафери, техничката Влада може да биде избрана истиот ден кога ќе биде констатирана и оставката на актуелниот премиер. Тоа, како што додава тој, би можело да биде и на 3 јануари 2020 година, а од 4 јануари новата преодна влада да започне да функционира.-Формално бидејќи тоа е работа која што е прифатена од сите, не е спорно тоа да се случи на самиот ден 3 јануари, за да може во текот на денот да се спроведуваат сите постапки во однос на седниците кои треба да се одржат тој ден затоа што процедурите соодветно предвидуваат оставка на премиерот, констатирање на оставката на премиерот, известување до претседателот дека Владата е во оставка, според законот за Влада треба да се определи нов мандатар, да добие мандат, па тој мандатар да даде предлог за министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика, за тројцата заменици министри во МВР, во труд и во земјоделие, за да може да се свика седница за нивен избор и со тоа фактички до 24 часот на 3 јануари да се заокружи таа седница и од 4 јануари веќе да функционира техничка влада, посочува Џафери.Џафери овој парламентарен мандат го оценува како можеби најтежок досега имајќи ги предвид тешките одлуки што требаше да се носат не само оваа година, туку од самиот негов избор наваму. Собранието, според него, работеше под специфични услови, почнувајќи од она што се случи во 2017 година.извор: МИАфото: Архива

Македонија | пред 6 години

pukanje-kurir2-525x700

Побаран притвор за осомничен за убиство и за обид за убиство во Тафталиџе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека извршило кривични дела – Убиство од чл.123 ст.1, Убиство од чл.123  ст.1 во врска со чл. 19 (обид), како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.На 20 декември, на улица „Московска“ во Скопје, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Чешка Зброевка“ модел VZOR 50 cal калибар 7.65. Со оружјето со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да лиши од живот. Кога оштетените татко и син дошле пред дуќанот на осомничениот и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања, тој без да отклучи го извадил пиштолот кој го држел без дозвола и го насочил кон нив. Во тој момент тие се оддалечиле, па осомничениот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и го зел пиштолот и започнал да пука кон нив. Еден од оштетените починал на лице место, додека другиот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во пределот на десниот колк и абдоменот.Надлежниот јавен обвинител процени дека во конкретниот случај се исполнети законските основи, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​фото: Архива

Скопје | пред 6 години

miliana

Почина актерката и режисерка Милијана Ленак

Почина актерката и режисер Милиана Ленак (Додевска) (41). Таа е основач на „Буден театар“, кој создава претстави за деца, а беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал „Фенер“.Таа беше самохрана мајка, а зад себе остави малолетна ќерка.Таа е дипломец на театарската академија Крсто Сарафов во Софија, а заврши постдипломски студии по режија на Меѓународната школа на ФАМУ во Прага.„Буден театар“ од 2015 дава поддршка на децата бегалци од војна, преку креативни активности.фото: ФБ

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети реизбран за претседател на ДУИ, над 800 делегати го поддржаа

Али Ахмети вечерва на Четвртиот изборен конгрес на ДУИ со акламација повторно е избран за лидер на партијата. За него гласаа повеќе од 800 делегати кои учествуваа на Конгресот што се одржа во Скопје.Ахмети повика на помирување, развој на образованието, почитување на законот за употребата на јазиците. Вети дека никогаш нема никого да посрамотат затоа што се државотворна партија.Од партијата се категорични дека  ДУИ ќе биде одлучувачки фактор за новата Влада што 'е се формира по 12 април.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

21122019_PVRSM_Zaev_75_godini_obrazovanie_na_makedonski_jazik_Albanija2

Премиерот Заев на конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија”

Конференцијата „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија”одбележува значаен јубилеј достоен на европските вредности за почитување на различностите и за единство на сите разлики на Европа. Тоа го прави нашиот континент уште поубав и пример за почитување на правата на секоја етничка заедница во европското семејство. Тоа е голема вредност, истакна Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на овој настан што e во организација на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија.„Непосредно после Втората светска војна, и со формирањето на македонската држава, тогаш во југословенската федерација, започнала и грижата за Македонците кои живееле во соседните земји за да се воспитуваат и образуваат на својот мајчин македонски јазик“, рече премиерот Заев во своето обраќање на конференцијата.Со тоа Албанија станала земја која го признава статусот на македонското етничко малцинство, и во Мала Преспа се организирала настава на мајчин македонски јазик во основното образование до петто одделение, а од страна на државата биле отпечатени и учебници. Процесот се унапредувал и наскоро започнале да се создаваат и образуваат и наставници по македонски од локалното население кое полека почнале да ги заменуваат наставниците испратени од тогашна Социјалистичка Република Македонија.Сѐ до ден денес во континуитет останува изучувањето на македонскиот јазик како предмет во училишната настава во училиштата на Мала Преспа.„Се разбира, секогаш може и повеќе и затоа ги развиваме односите меѓу двете земји на највисоко пријателско ниво за да разговараме слободно за можностите. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што ги обединува луѓето и културно ги поврзува генерациите за да можат една на друга ги пренесуваат цивилизациските вредности на човештвото“, нагласи премиерот Заев.На конференцијата премиерот Заев информираше дека новиот Закон за употребата на македонскиот јазик, кој наскоро ќе биде доенесен предвидува о натамошна афирмација на македонскиот јазик во странство преку обновување на старите и отворање нови лекторати по македонски јазик на странските универзитети, особено во соседните држави на нашата земја, вклучувајќи ја и Република Албанија.Македонскиот јазик ќе може да се изучува и во рамките на културните центри при амбасадите на Северна Македонија во странство, како одговор на желбите  и предлозите на нашите граѓани од дијаспората.„Токму затоа, со премиерот Рама работиме на тоа договорот меѓу нашите две држави за отворање на културно информативни центри да биде исполнет во целост. Тоа ќе овозможи наскоро во Скопје и во Тирана да имаме целосно функционални културно-информативни центри кои ќе ги бидат значаен придонес за дополнително надградување на взаемните пријателски односи, и места за факултативно неформално изучување на јазиците на двете земји. Истовремено тоа ќе бидат места каде што ќе можат да се најдаткниги и други публикации на македонски јазик што ќе помогнат во унпаредувањето на изучувањето на јазикот на Македонците во Албанија“, рече претседателот на Владата на Северна Македонија Заев, и додаде дека е важно за младите генерации уште од најмала возраст да имаат да се запознавааат со историјата и значењето на мајчиниот јазик за да се поттикне развивање на свеста за неговото зачувување и изучување.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

vmro-dpmne11

Мицкоски: Политиката е многу повеќе од раката ставена на срце, од таа насмевка на незнаење и глумење наивност во која што веќе никој не верува

Ги издржавме три години, со штета која ја направија за триста години, ќе ги издржиме уште три и пол месеци. И одговорот следи на 12-ти април, а јас знам каков ќе биде. Следи громогласно ехо на народот, силен татнеж на обесправените, осиромашените, на измачениот народ, на оној чиј образ пробаа да го извалкаат чие достоинство го тргуваа, чија кичма ја виткаа како да е нивната. Излегува народот, Македонскиот народ и граѓаните на Македонија кои се креваат, а Македонецот кога бил сложен и обединет поместувал планини  така ќе биде и овој пат. 12-ти април е тој ден, денот на одговорот. Македонскиот референдум, нашиот 8ми септември. Денот „Д“ кога народот одлучува, а таа одлука почитувани значи само едно, а тоа е победа, победа на Македонија, заедничка и силна и исправена победа, истакна  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот голем народен собир организиран од партијата.Мицкоски пред присутните партиски членови во саката Јане сандански во Аерпдром додаде:И некој ќе рече како си толку сигурен. Сигурен сум затоа што не се само анкетите, јас си го знам мојот народ, јас верувам во мојот народ и знам што сака тој. Мојот народ е горд и достоинствен со крената глава и големо срце. А тоа го видов и изминатите три и пол месеци, време кога поминав 12 илјади километри низ нашата Македонија,низ нашите градови и села, низ улиците, плоштадите, булеварите заедно со комитетите. Видов илјадници луѓе, сите заедно слушнавме неколку десетици илјади проблеми во рамките на „Разговорите за Обнова на Македонија“. И ќе ви кажам, проблемите немаат ниту вера ниту нација, тие се заеднички затоа што  тешкиот живот е заеднички. Има страшна подвоеност, една застрашувачка одлепеност на власта од реалноста.И го знам секој трепет и секоја страст за промени кога говоревте со мене. Многу добро ги знам проблемите и личните голготи кои ги преживувате. Заедно зборувавме со Горан од Струмица, со Марија од Битола,  со Трајче од Вевчани, со Бесим од Гостивар, со Томе од Куманово,на Диме од Охрид. Ги запаметив добро проблемите кои ги живеете за да дојдеме до решенијата кои ви требаат.Ја гледам вашата одлучност, и ја разбирам вашата разочараност. Но и го знам одговорот на вашите проблеми, и знам дека оваа влада ја помина  секоја црвена линија, но исто така ја гледам вашата искреност и желба за промени, тоа се гледа во стисокот на вашата рака, во отворените очи кога се поздравувате, од воздишките поради тешкиот и мачен живот, прегратката која кажува дека сега дојде денот, отчука часот и е време е за дејствување. Тоа е така затоа што и покрај сите порази кои во себе го носат името и презимето Зоран Заев, на Македонија браќа и сестри и требаат победи, а нашиот народ е победнички, и тој секогаш врвел низ најтрновитиот пат, низ најтешкиот и најдолгиот пат,  но на крај важно е дека секогаш на крајот победувал. Тоа е важно, на крајот победувал. Ретки се тие прилики кога треба да се биде гласен, а сега е тоа време. И ги видовме и кој се, и што се од оваа власт и колку не чинат, и на што се подготвени само за да останат. За нив денот поминат на власт, значи повеќе пари, а за народот поголема сиромаштија, истакна Мицкоски.- Секоја година, три години по ред ги прогласува за економски години, и три години економијата тоне уште повеќе. Европската Унија е надеж, но Европската Унија мораме да ја заслужиме со работа, а не да чекаме како Заев што чека, да не наградат затоа што сме го продале идентитетот и така да мислиме дека ЕУ ќе не толерира, ќе го толерира криминалот на Заеви, „Рекет 1“, „Рекет 2“ и уште колку ли продолженија од серијалот „Рекет“ ќе слушаме, ќе толерира вирус, криминални уништувања на инсулин, кеш исплати за СЈО, сведоштва за превземени бизниси, криминални испумпувања преку фиктивни фирми и тајкуни како што е случајот со „ТЕТО“. Ќе толерира пратеници со психотропни супстанци, градоначалник насилник и што ли уште не, само поради тоа што Заев го смени името. И овие случаи се повеќето без истрага, а камоли обвинителен акт. И уште пострашно, овие се во рацете на корумпирани судии и обвинители, под контрола на власта.Политиката е многу повеќе од раката ставена на срце, од таа насмевка на незнаење и глумење наивност во која што веќе никој не верува. И секако оние шеги кој никој не ги разбира, се сеќавате за душата, срцето и петата, па и неговите изјави дека со сила можеш да му дадеш, ама не можеш да му земеш, дека Турците се бореле против Османлиите, па тој Заевизам заразно пренесен кај другите од раководството во неговата партија, дека Борис Сарафов откако умрел го убил Ѓорче Петров, па до тоа дека треба да сме горди што знамето на Сојузната држава Аризона се веело на опашката на авионот на силите на САД, ама сме требале да мислиме дека е македонското знаме. Па до оние моменти на вистинското лице на власта каде на народот му порачуваат „никад да не не гласаш”, епа нема да ве гласаат на 12-ти април. Тоа што си посакавте, тоа и ќе ви испорача народот. Нема да ве гласа на 12-ти април. Па се до чесната и напатена жена тетка Перса од Волково, која на лицемерот во очи го посипа со реалноста дека условите за живот се како во 15-ти век, наспроти убедувањата на власта дека има асфалтирана улица, случка која што потсетува на онаа прераскажаната од времето на Тодор Живков „оваа дупка не е дупка”.Сето ова говори кои луѓе ни ја водат државата и на се што се подготвени да сторат. Но и дека работите мора да се сменат, и тука има една апсолутна вистина, а тоа е за да работите се сменат почитувани од нас зависи, само од нас. Ние сме тие кои се господари на својата судбина. И никој друг. Од нас зависи.Сетете се на песната на почетокот од овој собир:Едно место, едно парче земја на југ,може за тебе да биде рај.Ова е нашиот рај, ова е нашиот дом, верувале или не, ова е она за кое што треба да се погине и се вика Македонија. Тој рај зависи само од нас. Од нас зависи тој рај и од ништо друго, истакна Мицкоски.Имам и визија, нашата визија е обновата која содржи конкретни решенија.Затоа, почитувани присутни, браќа и сестри, можам да се обврзам овде пред вас и заедно со вас на чесна и честита работа. Многу пот како оваа денешната, многу жилава и макотрпна работа, работа која што секој од вас ќе ја почувствува. Ќе бидете дел од обновата на Македонија. Ви ветувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 4 годишниот мандат ќе реализира проекти, капитални инвестиции за развој на нашата мила Македонија во вредност од не помалку 2 милијарди евра. Тоа јас ви го ветувам. Реализирани проекти. Не бројки на хартија. Реализирани, осмислени и испорачани проекти. За економија со брз раст, за сигурна иднина на нашите граѓани.Се обврзувам и ви ветувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат ќе испорача проекти во вредност преку странски инвестиции, домашни инвестиции, во вредност не помала од 4 милијарди евра, се обврзувам овде пред вас.Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во својот 4 годишен мандат ќе  вложи не помалку од 1 милијарда евра за заштита на животната средина, да ни дишат најмилите чист воздух.Проекти во енергетската ефикасност и брза експресна гасификација на Македонија. Проекти во вредност од не помала од една милијарда евра.И не можам да ви ветам дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух. Тоа е невозможно. Но можам да ви ветам најмалку 50-тина почист, амбиентален воздух за македонските граѓани. За граѓаните на Македонија.Инвестиции во образованието за најмладите од претшколска возраст. За студентите, реновирани студентски домови. Најмалку еден универзитет на Шангајската ранг листа. Во вредност од не помалку од една милијарда евра во образованието. Кое што е најважно за иднината на нашата држава.Не криминални тендери во здравството, не криминални тендери за нови замислени клинички центри. Нови болници и реновирани амбуланти, клинички центри според потребите на граѓаните, повеќе од две милијарди евра во еден мандат. Инвестиција во здравството и во медицинскиот кадар. Да не ги полниме клиниките во Европа и во светот со нашите доктори. Тука да останат во Македонија и да ги лекуваат македонските граѓани.За земјоделците подготвуваме специјален пакет, редовна исплата на субвенциите, а не редици еднаш годишно. Загарантиран откуп се што е во моќта на владата, ќе сториме за загарантираниот откуп да стане реалност за земјоделците. Неколку стотици милиони евра, инвестиција во земјоделието за поддршка на земјоделците кои што ја хранат Македонија, а од плодот кој што го раѓаат нашите ниви ја хранат и Европа и светот.За највозрасните, за пензионерите враќање на стариот модел каде што два пати годишно  растеа пензиите. Тоа што им го укина Зоран Заев заедно со Царовска Мила. Раст на пензиите според трошоците  за живот и порастот на просечната плата во Македонија  два пати годишно. Се обврзуваме дека тоа ќе го направиме.За бизнис заедницата, за оние коишто денеска се жртва на рекетот, притисоците, уцените и заканите на најбогатото семејство на Балканот кое што уште неколку месеци ќе биде власт во Македонија.Враќање на рамниот данок и сукцесивно намалување по половина процент секоја година повеќе од  милијарда денари назад во бизнисот, па повелете инвестирајте за развој на Македонија и развој на вашиот бизнис. Вработувајте луѓе во нас ќе имате пријатели, никој нема да ве уценува, никој нема да ве рекетира секој таков случај, мојот телефон ви стои на располагање. Пријавете го за неправдата. Нема компромис колку и да е близок, колку и да бил тој човек со мене. Ослободете се , инвестирајте, креирајте работни места за овој народ, за македонскиот народ  и граѓаните на Македонија.Спортот и културата како државен проект, да се радуваме во оваа сала повторно на големините на  ракометните имиња, на европскиот шампион, ракометниот клуб „Вардар“ од Скопје. Да се радуваме на успесите на женскиот ракометен првак повторно „Кометал Ѓорче Петров“. Да се радуваме на одбраните на министерот за одбрана, Борко Ристовски. Да се радуваме на головите на проектилот Кирил Лазаров. Да се радуваме заедно за успесите на кошаркарската репрезентација како што тоа ни го приреди на европското првенство во Литванија, се сеќавате ли височините беа прениски за нив. Не постоеше кошаркарска велесила  која што не беше совлада.Да се надеваме на Спартанците на одбојкарите кои што ни го обелија образот оваа година на европското првенство повторно да се вивнат во европските и светските височини.Да се потсетиме на боксерите, да се потсетиме на олипјиските медали, на медалите од европските и светските  првенства на нашите боксери. Да се потсетиме на светската титула на „Јака Бучим“ од Радовиш во борење. Да се потсетиме на гладијаторската борба на Шабан Трстена на олимпијските игри, на европските првенства. Да се потсетиме на „Баргала“ од  Штип, боречкиот клуб.Спортот како државен проект заедно со културата, да се врати назад, успехот на фудбалскиот клуб „Вардар„ во лигата на Европа, следната големина да биде лигата на шампиони за ФК„Вардар“.Поддршка за сите останати спортски клубови коишто играа, се натпреваруваа и носеа успеси и резултати за Македонија.Да помогнеме како држава и како влада конечно нашата фудбалска репрезентација да се најде на едно европско, на едно светско првенство и повторно да се радуваме  како што се радувавме на голот на Артим Шакири, како што се радувавме на головите на Пандев и Панчев.Тоа е она браќа и сестри  кое што ќе го понудиме во овој четири годишен мандат, рече меѓудругото Мицкоски.фото ФБ                                         

Македонија | пред 6 години

vmro-dpmne

Мицкоски: Ви ветувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира проекти, во вредност од не помалку од 2 милијарди евра

Можам да се обврзам овде, пред вас, заедно со вас, на чесна и честита работа, многу пот, жилава и макотрпна работа, работа која секој од вас ќе ја почувствува. Ќе бидете дел од обновата на Македонија.Ова го порача лидерот на ВМРO-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот голем народен собир организиран од партијата.-Ви ветувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ во четиригодишниот мандат ќе реализира проекти, капитални инвестиции за развој на нашата мила Македонија во вредност од не помалку од 2 милијарди евра. Тоа јас ви го ветувам. Реализирани проекти, не бројки на хартија. Реализирани, осмислени, испорачани проекти. За економија со брз раст, за сигурна иднина на нашите граѓани. Се обврзувам и ви ветувам дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во својот мандат ќе испорача проекти во вредностпреку странски инвестиции и домашни инвестиции во вредност не помала од 4 милијарди евра. Се обврзувам овде пред вас, рече тој.Мицкоски пред граѓаните порача дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи не помалку од една милијарда евра за заштита на животната средина.-Да ни дишат најмилите чист воздух. Проекти во енергетската ефикасност и брза, експресна гасификација на Македонија. Не можам да ви ветам дека веднаш ќе почне да дува чист алпски воздух, тоа е невозможно, но можам да ви ветам најмалку 50% почист амбиентален воздух за македонските граѓани, порача тој.фото ФБ

Македонија | пред 6 години

21122019_PVRSM_Zaev_pres_konferencija_Tirana

Заев: Остваруваме резултати од соработката за силни економии за секоја земја и меѓусебно поврзан регион на нашиот пат до ЕУ

До пред некое време едвај се среќававме и многу ретко седнувавме на заедничка маса, а ова што последните три-четири месеци се случува е новата реалност, новата слика на регионот. Имплементацијата на Декларацијата за спроведување на четири слободи на ЕУ во Западен Балкан донесена во Охрид минатиот месец, веќе дава резултати за нашите граѓани и за економиите, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на прес конференцијата како завршница на третиот состанок на лидерите на Западен Балкан што денеска се одржа во Тирана.„Утрово го посетивме Драч и јас сум се’ уште под емоции од трагите на уништувачката катастрофа што му се случи на овој град. Како најблиски соседи ќе продолжиме да помагаме колку што е можно и колку што е потребно. Апелирам до сите наши граѓани, до лидерите на бизнис заедницата во Северна Македонија, да продолжат со солидарноста и да им ја пружат неопходната помош на граѓаните од Драч и другите места. Трагедијата на Драч не поттикна да ја вклучиме взаемната поддршка при природни катастрофи и вонредни состојби како уште еден столб во унапредувањето на нашата сорабтока во регионот“, рече премиерот Заев на прес конференцијата и додаде дека  во февруари во Белград, надлежните институции на секоја од земјите на Западен Балкан ќе го потпишат документот Протокол од Драч за соработка на дирекциите за заштита и спасување.Премиерот Заев ги наведе истварените конкретните чекори од оваа иницијатива, како што 24-часовно функционирање на граничните контроли за фитосанитарни и ветеринарни проверки, завршените преговорите меѓу Северна Македонија и Република Србија и за изградба на новиот граничен премин Лојане -  Миратовац, како и договорот меѓу царинските дирекции на Северна Македонија и на Албанија за One Stop Shop за граничниот премин Кафасан, каков што имаме со Србија на граничниот премин Табановце.„Главната цел на овие One Stop Shop, односно гранични контроли со едно застанување наскоро да стана – Нон Стоп Шоп, односно премини без застанување. Во остварувањето на оваа цел свој придонес ќе има и воведувањето на бесхартиен систем кој ќе ги поедностави царинските постапки. Во таа насока за истакнување се и неодамнешните одлуки донесени во рамките на ЦЕФТА, за време на претседателството на Албанија, особено одлуката за автоматско признавање на овластени економски оператори“, нагласи премиерот Заев и додаде дека во центарот на овие иницијативи се граѓаните од целиот регион и во нивни интерес е и меморандумот слободно движење на лица со лична карта и унифицирање на процедурите за работни дозволи за сите граѓани во сите држави во регионот.„Се доворивме да започнеме процес со кој граѓаните од други земји надвор од Европа кои ќе влезат во некоја земја од Западен Балкан нема да има потреба за царинска контрола ако преминува во друга земја во регионот“, рече премиерот Заев.Премиерот Заев на прес конференцијата потенцираше дека лидерите на состанокот во Тирана се согласиле да побараат од ЕБРД земјите од Западен Балкан да бидат вклулени како учесници на нивната февруарска конференција посветена на енергетиката.Регионалната соработка е составен дел од нашите напори за влез во Европската унија, рече премиерот Заев, за обезбедување на силни економии за да обезбедиме поинтегриран и меѓусебно поврзан регион.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

Screenshot_64-3-960x5291-670x376

Рамковски си ја отвори душата јавно проговори за „Груевизмот“: Само гробот е полош од затворот’. Првите денови во Шутка мислев дека не можам да дишам

Сопственикот на некогашната  А1 телевизија, Велија Рамковски на панел дискусијата на „Цивил“ насловена како „Жртви на режимот“ зборуваше времето поминато во затворот, но и за односот на поранешната власт кон него, како сопственик на критички медиум.„Груевски не беше задоволен како работат новинарите од телевизијата. Имавме повеќе судири со Груевски. Еднаш ми рече: „Луѓето умираат, спомениците ќе останат“. Во август 2010 година беше расцепот со него, а до крајот не уапсија цела фамилија.““Меѓу затворениците има изрека ‘Само гробот е полош од затворот’. Првите денови во Шутка мислев дека не можам да дишам. 28 месеци бев во Шутка. Да не можеш да излезеш да те дувне ветер. Во Шутка за мене имаше посебно шеталиште, а ме следеа двајца стражари наместо еден, но и преку видео-надзор. Секој ден ми вршеа претреси. Тие не смееја да не ме малтретираат, оти имаа страв од Груевски. Тоа беше битка за опстанок. Таму за да останеш жив и здрав, за да излезеш е страшно тешко. Но главното и најтешкото за мене беа моментите на шеталиштето. Од прозорите ме гледаше мојата ќерка Емeл. Таа ме гледаше 28 месеци, а јас нејзе не можев. Во точно даден термин нејзе ја тргаа, мене ме пуштаа. Другите затвореници си подаваа кеси преку решетки, ние не можевме да се видиме. Кога ќе дојдеше жената, таа седеше цел ден во затворот бидејќи одеше на посета кај мене, братот, Емел. Јас се радував кога ќе одев на судењата, само тогаш можев да ја гушнам ќерка ми”, сведочеше Рамковски.Груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен. И после три години Груевизмот ме плаши. Сите нè плаши“, рече Рамковски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Elka-za-Ginis-1

Над 4.000 граѓани се обидоа да го сместат Скопје на мапата на Гинис

Голем број граѓани денеска на Плоштадот „Македонија“ се придружија на обидот за поставување нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе. На овој интересен потфат присуствуваше и Градоначалникот Петре Шилегов.- Благодарност до сите граѓани, сите скопјани, што земаа учество во оваа предновогодишна манифестација. Направени се снимките, тие ќе бидат испратени и деновиве ќе очекуваме известување дали е соборен Гинисовиот рекорд. Ние очекувавме околу 5500 луѓе, не успеавме да ја доловиме таа бројка, но имаше околу 4000 луѓе што е блиску до рекордот од 4.030 учесници и треба да почекаме официјално да видиме дали е срушен рекордот. Верувам дека доколку ова биде рекорд, на сите што беа учесници ќе им претставува убав спомен во нивните животи – изјави Градоначалникот Шилегов на денешниот настан.Најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници.Настанот беше проследен со музичко-забавна програма, а за доброто расположение на учесниците се погрижија Бени Шаќири и Нон стоп. 

Скопје | пред 6 години

21122019_PVRSM_Zaev_raboten_sostanok_Tirana1

Лидерите на Западен Балкан: Инклузивноста и добрососедските односи донесоа повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот

Третиот состанок за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан што денеска се одржува во Тирана, започна со работниот дел на кој претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателите на Црна Гора и Србија Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ го разгледаа напредокот на спроведување на четирите слободи во регионот, утврдени на претходните два состанока во Охрид и Нови Сад.Духот на инклузивност и на добрососедските односи што го поттикнаа овој процес донесе  повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот.Трагедијата предизвикана од земјотресот во Драч поттикна взаемната поддршка при природни катастрофи и вонредни состојби да биде вклучена како уште еден столб во унапредувањето на соработката во регионот, и во таа насока во февруари во Белград, надлежните институции на секоја од земјите од Западен Балкан  ќе го потпишат документот Протокол од Драч за соработка на дирекциите за заштита и спасување.Со поттик од иницијативата за соработка во регионот, завршија преговорите меѓу Република Србија и Северна Македонија и наскоро ќе започне градбата на новиот граничен премин Лојане – Миратовац, до следниот состанок на оваа иницијатива во Белград, царинските дирекции на Северна Македонија и на Албанија ќе го потпишат договорот за One Stop Shop за граничниот премин Ќафасан, каков што имаме со Србија на граничниот премин Табановце.Главната цел на овие One Stop Shop, односно гранични контроли со едно застанување наскоро да станата – Нон Стоп Шоп, односно премини без застанување, и како придонес за остварување на оваа постапка ќе биде и воведувањето на бесхартиен систем кој ќе ги поедностави царинските постапки.Во таа насока за истакнување се и неодамнешните одлуки донесени во рамките на ЦЕФТА, за време на претседателството на Албанија, особено одлуката за автоматско признавање на овластени економски оператори, и унифицирањето на процедурите за работни дозволи за сите граѓани во сите држави во регионот.Лидерите на земјите учеснички и на оваа средба го реафирмираа ставот дека оваа иницијатива има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан, и дека таа е отворена за сите 6 земји во регионот.На состанокот во Тирана лидерите од Западен Балкан позитивно го оценија охрабрувањето на Европската Комисија, на политичките и финансиските институции на ЕУ, на Регионалниот совет за соработка, како и на Светската Банка, и другите приврзаници на европската перспектива на регионот за поддршката во спроведувањето на иницијативите што произлегоа од овој процес.

Македонија | пред 6 години

devojce

(ФОТО) Фотографија која ќе ви го распара срцето - девојче си ги грее ноџињата на ауспух

„Господе смилувај им се на сиромашните и бегалците ширум светот! А, ние сме неблагодарни на овие благодети што ги имаме, на греењето на дрва, на пелетите, на струјата, и сакаме да јадеме ова или она…“, пишува под фотографијата која ја објави Српскиот портал Телеграф , а која ќе ви го распара срцето.Фотографијата е објавена на Фејсбук групата „Глас Пазара“. Станува збор за фотографија на кога се гледа како девојче си ги грее ноџињата на ауспух од автобус.фото: ФБ „Глас Пазара“ 

Свет | пред 6 години

konstantin

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод денот на наставата на турски јазик

По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Северна Македонија.–Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од турска националност, кои денес прославуваат 75 години од денот кога официјално го добиле своето право да говорат, да се образуваат и да творат на сопствениот мајчин јазик.Турската заедница е нераскинлив дел од севкупниот општествен, економски и социјален напредок и важно парче од мултикултурниот мозаик на нашиот Охрид. Негувањето на различните јазици, култури и религии, носи силна поврзаност, ги зацврстува нашите меѓусебни односи и ја јакне меѓусебната почит.И во иднина во духот на заедништвото ќе продолжиме посветено да работиме за остварување на нашите заеднички цели и да обезбедиме подобри услови за живот во нашиот град и нашата заедничка татковина, стои во честитката на Георгиески.

Македонија | пред 6 години

koski-zena

На Света Гора пронајдени коски на жена, според археолозите ѝ припаѓаат на српска царица

На Света Гора, каде што со векови им бил забранет пристап на жените, археолозите откриле коски на една жена на територијата на манастирот Пантократор. Најновите детали за истражувањето беа објавени на 17 декември годинава. Според „Live Science“, американскиот антрополог Лоран Вин Антикас била повикана на Атос за да ги испита коските пронајдени под параклисот на Свети Атанасиј. По неколкумесечно испитување , таа заклучила дека коските според големина и форма ѝ припаѓаат на жена и дека биле погребани таму вторпат, што значи дека тие биле внимателно пренесени од првобитното место на кое била погребана.Надлежните во манастирот побараа овие тврдења да се тестираат уште еднаш со најнова технологија, затоа што е тешко да се објасни која е оваа жена воопшто и како нејзините коски се нашле на Света Гора. Единственото можно објаснување е дека во времето на дивеењето на пиратите на Егејот, монасите ги отвориле вратите на манастирот на жени што нашле прибежиште таму, иако тоа било многу ретко.Грчките медиуми објавија дека царот Душан Немањаќ, бегајќи од неволји, ја одвел својата сопруга Јелена Кантакузин на Света Гора, но дека за време на престојот имало килими по кои одела наоколу, за  никогаш да не ја допре земјата.Покрај коските на оваа жена, пронајдени се остатоци од седум други лица, а од начинот на кој биле погребани, јасно е дека тие биле важни личности на тоа време. 

Скопје | пред 6 години

1m

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Мустафа Шентоп

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија со група пратеници. На средбата присуствуваа потпретседателите на Собранието Горан Мисовски и Зеќир Рамчиловиќ, претседателот на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Турција Енес Ибрахим и членовите Алија Камберовски, Мухамед Зеќири, Никола Мицевски, Амди Бајрам, Јусуф Хасани и Теута Биљали.Претседателот Џафери изрази задоволство и честитки што посетата се реализира на овој значаен ден за турската заедница во Република Северна Македонија, односно 21-ви Декември, Денот на наставата на турски јазик. Тој оцени дека, интензивната комуникација на високо ниво меѓу Република Северна Македонија и Република Турција е показател на пријателството меѓу двете земји и силно придонесува за унапредување на севкупните билатерални односи, а особено на економската соработка.Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, изрази благодарност до Република Турција за континуираната поддршка за евроатланските интеграции на земјата, како и на Турското собрание за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Тој посочи дека е особено значајна соработка во одбраната, а наши војници во моментов се дел од турскиот контингент во мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Во контекст на интеграцијата во ЕУ, Џафери посочи дека остануваме посветени на реформската агенда и унапредувањето на добрососедските односи и очекуваме во март или мај 2020 година да биде определен датум за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Унијата.Претседателот Џафери изрази задоволство што договорната состојба меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, со повеќе од 100 билатерални спогодби, ги опфаќа сите полиња на заеднички интерес. Тој изрази благодарност и за активностите на владината Агенција на Република Турција за соработка и координација – ТИКА во Република Северна Македонија.Претседателот на Големото национално собрание на Република  Турција Мустафа Шентоп истакна дека, Република Турција е вечен пријател на Република Северна Македонија, а споделените историските и културни вредности уште повеќе ги зближуваат двете земји. Тој изрази поддршка на реформската агенда и нагласи дека Турција останува силен подржувач на евроатланското интегрирање на Република Северна Македонија и потврди дека турската заедница во Република Северна Македонија дава значаен придонес во градењето и развојот на успешниот мултиетнички соживот во земјава.Претседателот Шентоп информираше за претстојните активности за одбележување на 100-годишнината на Големото национално собрание на Република Турција и лично го покани претседателот Џафери да биде дел од централната манифестација што ќе се одржи на 23 април 2020 година во Анкара.Двајцата претседатели се осврнаа на плодната парламентарната соработка, со акцент на придонесот на Групите за пријателство и соработка што во континуитет се формираат и успешно функционираат во двата законодавни дома и се заложија за понатамошно унапредување, продлабочување и проширување на билатералната соработката во сите полиња од заемен интерес, особено во економијата. На крајот на средбата, соговорниците изразија надеж за понатамошно продлабочување на одличните односи и соработка меѓу двете собранија.

Македонија | пред 6 години

jana-stojanovska

Ќерката на Силвија - Јана: „Мојата мајка нема никаква врска со криминал“

Актерката Јана Стојановска вели дека нејзината мајка, Силвија Стојановска, нема никаква врска со шверцот на дрога.  Јана по апсењето на мајка и ја даде првата изјава за српските медиуми.Се потресов кога слушнав дека мајка ми е приведена, но само кратко, зошто брзо е установено дека таа нема никаква врска со диловањето дрога. Таа е доведена во ова поради братот на нејзиниот соруг, кој е осомничен за шверц. Мојата мајка без причина ја нападнаа и приведоа, таа е невина, вели Стојановска за српска „Република“.Јана додава дека ова нема да ја наруши долгогодишната кариера на мајка ѝ. - Не знам дали нејзиниот сопруг има врска со ова, тоа истрагата ќе го покаже. Она што знам е дека мојата мајка нема никаква врска со криминал. Се чувме после сослушувањето, прво се потресла, но сега е добро. Одреден ѝ е куќен притвор, но после тоа ќе бараме да се брани од слобода, вели Јана.Во моментов Јана е во Букурешт, каде што живее изминативе месеци со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ и синот Ненад кој има три ипол месеци.фото: хаштаг.мк

Македонија | пред 6 години

pozar-111

(ФОТО) Пожар на балкон од социјална зграда во Охрид

Предмалку изби пожар на балкон од социјална зграда. Експресната реакција на против пожарната служба истиот го изгасна пред да се рашири во станот. Но сепак поради  превенција беше обиена вратата од станот затоа што во моментот немало никој и се направи увид дали е истиот проширен. За среќа се заврши добро.Се претпоставува дека причина за пожарот се остатоци од папел кои сопствениците на станот ги чуваат тука по чистење на камин.фото:Скопје 1

Македонија | пред 6 години

maslo-upotrebeno

МКД.Мк: РКМ увезува опасна смеса мазут во Македонија?

Информацијата дека македонската компанија РКМ дооел Скопје во земјава во повеќе наврати увезла цистерни на смеса на мазут со употребено масло од трансформатори, кое претставува опасен отпад, потврдија хрватските власти за МКД.мк. На истото прашање од македонската царина ни одговорија дека „немаме основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето“.Македонската компанија РКМ деновиве би требало да се соочи со сериозни казни поради обидот во земјава да увезе најмалку десетина цистерни со мазут помешан со масло од трансформатори, екстремно опасна материја чие согорување мора да се одвива во посебни печки. За ова преку меѓународната асоцијација СЕЛЕК (Југоисточен центар за спроведување на законот) веќе биле информирани хрватските, романските и македонските власти, објави МКД.МКИ кога цистерните дошле до македонската граница со такво предупредување, македонската царина го утврдила токму спротивното.„Во врска со Вашето прашање, информираме дека е направено истражување како од наша страна, така и од страна на хрватските надлежни институции и по направената хемиска анализа утврдено е дека нема неправилности во документацијата ниту во декларираната стока и таа е ослободена. Хрватските надлежни институции направиле анализа во однос на штетноста на стоката и согласно со резултатите добиени по направените анализи немаме основа за сомневање за увоз на материи штетни за здравјето. Од наша страна известен е Државниот пазарен инспекторат, кој дополнително ќе преземе мерки за контролирање на исправноста на стоката по нивна надлежност“, ни одговорија од Царинската управа на Македонија.Нивните колеги од Хрватска ни велат нешто сосема друго.Текстот во целост на:МКД.МК  фото: IndiaMART 

Македонија | пред 6 години

21122019_PVRSM_Zaev_Drac1

Заев, Рама, Вучиќ и Ѓукановиќ го посетија Драч - поддршка на семејствата што ги обновуваат своите домови од земјотресот

Како израз на солидарноста со граѓаните на Албанија, и во знак на поддршка и духовна поткрепа на жителите на градовите и другите населени места што настрадаа од земјотресот на 26 ноември, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ, утринава го посетија Драч.Лидерите на Западен  Балкан, кои во Тирана пристигнаа на третата сесија од иницијативата за продлабочување на соработката во регионот, се сретнаа со дел од семејствата што сега ги обновуваат своите домови од трагичната катастрофа, и ја потврдија својата подготвеност да ја продолжат натамошната поддршка и помош во периодот на закрепнување од последиците од земјотресот.Оваа посета на Драч воедно е и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофии вонредни состојби која ќе биде вклучена како уште една област за непосредна и блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан во документот за поинтензивна интеграција на регионот што ќе биде усвоен денеска во Тирана.Северна Македонија беше една од земјите што веднаш упати стручни екипи за прва помош и спасување кои, со специјализирана техничка опрема и кучиња трагачи,  спроведоа акции за извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.Владата на Република Северна Македонија издвои 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот.фото: Влада 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања