Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

homoseksualci

Суд во Загреб пресече - истополова брачна двојка ќе вдоми дете

Управниот суд во Загреб пресуди дека истополовата брачна двојка Иво Шегота и Младен Кожиќ имаат право да бидат згрижувачко семејство.Притоа Судот го поништи одбивањето од надлежниот центар за социјална грижа и Министерството за демографија, кое минатата година им го одби барањето да бидат згрижувачи.Судот, како што објави „Јутарњи лист“, наложи надлежните служби во рок од 60 дена да донесат нова одлука, овојпат втемелена на домашното и меѓународното законодавство.– Одлуката на Судот е облигаторна и жалба не е дозволена, така што пресудата е конечна, изјави за „Јутарњи лист“ адвокатката на брачната двојка.На одлуката на судот реагираше и засегнатата двојка. – Пресреќни сме. Како што и кажавме и на судијката, ова е божиќен подарок, на кој не се осудивме да се надеваме, потенцираше Шегота. 

Свет | пред 6 години

sistina-1-696x522

Фокус: Камчев го загуби одобрението за градба на болница во Карпош

Општина Карпош на бизнисменот Орце Камчев му го поништи решението за градба на болница, што требаше да биде изградена на парцелата зад Клиниката Жан Митрев, дознава „Фокус“. Бизнисменот, односно „Систина фармација“, земјиштето го купиле во 2014 година, а одобрението за градба било издадено во 2015 година. Но, и по четири години градбата не била почната, иако законскиот рок е лимитиран на две години.Од Општина Карпош ја потврдуваат информацијата на „Фокус“.-Решението за ништовно одобрение за градење е издадено минатата недела, поради поминат рок за почнување со градба, велат од Општина Карпош, за Фокус.Текстот во целост на: Фокус.мкфото: Фокус

Македонија | пред 6 години

protest-2

(ФОТО) Младите рекоа доста е - излегоја на голем еколошки марш за чист воздух

Неколку илјади, претежно млади, синоќа  маршираа низ улиците на Скопје извикувајќи „Сакаме воздух" . Демонстрантите побараа од владата и надлежното министерство да преземат итни мерки за намалување на загадувањето.Од Министерството за животна средина, еко-активистите, невладините организации и средношколци се упатија пред Владата.Тие уште еднаш потсетиија дека ако надлежните не ги исполнат нивните барања , тие ќе продолжат да ја бараат правдата на улицаа.Инаку утрото на социјалните мрежи се појави видео на кое се глада како директорката  на гимназијата Никола Карев им се закануваше на учениците да не протестираат. Таа по објавувањето на снимката беше разрешена.фото: ФБ Кристијан Јандриоски

Скопје | пред 6 години

jancev

Возачот кој удри во синот на Јанчев и побегна, имал 3,27 промили алкохол во крвта!

Триесетиседумгодишниот кавадарчанец кој со автомобилот на неговата сопруга удри во мопедот со кој се превезувал 15-годишниот Никола, син на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и негово другарче, а потоа побегнал, оставајќи ги повредените деца да лежат на коловозот, бил под дејство на алкохол, објави  Фокус.Според јавното обвинителство во Велес, по спроведената истражна постапка, било утврдено дека возачот имал 3,27 промили алокохол во крвта и 2,7 промили алкохол во урината. Настанот се случи кон крајот на месец мај годинава, а сега е поднесен обвинителен акт против возачот, кој за време на случката наместо со пропишаната брзина од 40 километри на час, го управувал автомобилот со 84 километри на час. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во прекин сообраќајот на автопатот Велес-Скопје

Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на автопатот Велес – Скопје е во прекин за сите видови на возила, информира АМСМ. Сообраќајот,се пренасочува по стариот пат кај Велешко езеро до н.с. Отовица.Од АМСМ информираат и дека пооради појава на магла се бележи намалена видливост на патните правци Тетово – Скопје до 100 метри, Тетово – село Гајре од 20 до 30 метри, Куманово – Св.Николе до 100 метри и Кичево – Охрид од 50 до 100 метри.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ogan-kuka

Изгоре куќа во Велес заштитена со закон - загина сопственикот

Изгоре куќа во стариот дел на Велес, во месноста Варналиите, загина нејзиниот сопственик. Пожарот е локализиран и се работи на целосна ликвидација на жариштата, информираат од Противпожарната бригада во Велес.Пожарникарите во текот на ноќта се обидуваа да го локализираат огнот, но поради непристапниот терен и густо населената улица, борбата со огнот се одвиваше тешко.Околу полноќ се урна покривот на куќата, а постоеше опасност целиот објект да падне. Огнот го зафати и покривот на соседната куќа, а во опасност беа и останатите куќи, кои се залепени една до друга. Околу 2 часот по полноќ, огнот беше локализиран.фото: 24 вести

Македонија | пред 6 години

Foto

Честитка од Пендаровски по повод 21 декември - Денот на наставата на турски јазик

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември - Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија.Почитувани припадници на турската заедница,Како Претседател на Република Северна Македонија задоволство ми е на сите припадници на турската заедница во Северна Македонија да им го честитам 21 декември – Денот на наставата на турски јазик.Клучно за развојот на една заедница е правото на квалитетно и функционално образование на мајчин јазик. Државата не смее да прави компромиси и импровизации кога станува збор за ова суштинско прашање кое е толку важно за зачувување на културата и традицијата на помалубројните етнички заедници. И покрај предизвиците во реализацијата на ова право, Северна Македонија е горда што етничките заедници веќе подолго време можат да го користат правото на настава на свој мајчин јазик. Верувам дека секој човек од секоја заедница е подеднакво важен за оваа држава која е заеднички дом за сите нас. Секој човек и секоја заедница, вклучително и турската заедница, е дел од нашиот богат мозаик. Турците од Северна Македонија со своите автентични локални традиции и со својата богата литература и уметност го збогатуваат културниот и општествениот живот на нашата заедничка држава.Во ова светло, 21 декември – Денот на наставата на турски јазик е еден од оние празници што не потсетуваат за нашето огромно јазично и културно богатство, но и на нашата одговорност истото соодветно да го чуваме, унапредуваме и промовираме за оваа и за идните генерации. Ние немаме друга алтернатива освен градење на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет.Честит 21 декември, Ден на наставата на турски јазик!Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија

Македонија | пред 6 години

pukanje-kurir2-525x700

(ФОТО) Убиство во Тафталиџе - КУРИР ги објавува деталите

Убиство во Тафталиџе. КУРИР ги објавува деталите.-На 20.12.2019 околу 19,40 пријавено е дека во продавница на ул. „Московска“ (непосредно до Зелен Пазар – Тафталиџе), извршено е убиство од страна на сопственикот на продавницата – В.Ш. (55), кој по расправија, со пиштол пукал кон С.Д. (55), негов зет за сестра, кој починал на лице место, а Ф. Д. (25), внук од сестра, е погоден со куршум во десната нога и е пренесен во Ургентен Центар, каде му се укажува лекарска помош, информираат од МВР за КУРИР.Причините за убиството се нарушени семејни односи и нарушени имотно – правни односи.Сторителот е приведен.извор: Курир.мк

Скопје | пред 6 години

pazar-7

(ФОТО и ВИДЕО) Охрид доби современ затворен зелен пазар

Свечено пуштена во употреба новата деловна и административна трговска зграда во која ќе работи и затворениот зелен пазар во Охрид. На свеченоста присуствуваше претседателот на владата, Зоран Заев и бројни гости. Објектот е изграден преку формирање на јавно приватно партнерство меѓу општина Охрид и АД Илинден Струга.Во своето обраќање пред присутните премиерот истакна: „Чувствувам голема радост што сме овде во Охрид за новиот објект на Зелениот пазар кој одговара на потребите на пазарџиите со капацитет за 190 нови тезги утврдени по современи ХАСАП стандарди.Новиот Затворен зелен пазар во Охрид ги исполнува сите стандарди за трговија, со што значително се подобруваат условите за работа на пазарџиите, но и за сите граѓани кои отсега ќе може да пазаруваат во подобри услови.Репрезентативниот објект на новата административно – трговска зграда кој денес го пуштивме во употреба е со површина од 6 779 м2. Во подземјето е сместен јавен паркинг од 2 433 м2 и техничките одделенија, на приземјето се наоѓа Зелениот пазар кој располага со 190 нови тезги уредени по современи хасап стандарди.Секогаш заедно, како досега така и во иднина продолжуваме да го разубавуваме Охрид со нови проекти за доброто на сите сограѓани согласно со стратешките определби за развој и унапредување на Локалната самоуправа, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Свое обраќање пред гостите имаше и директорката на ЈП Градски Пазар кристина Крлеска Деспотоска. Таа меѓу другото истакна:  Често пати се поставува прашањето , дали во услови на глобалните текови на пазарните економии може да доведе до намалување на функцијата на пазарите и дали големите трговски центри се своевидна алтернатива? Тука јасно ќе кажене дека не постои алтернатива за тоа што постоело со векови. Потребна е само навремена трансформација на начинот на нивно функционирање кое подразбира адекватни инфраструктурни решенија, кадровски усовршувања и имплементација на меѓународни и домашни препораки.

Македонија | пред 6 години

20122019_PVRSM_Zaev_MZD_Ademi_uvid_kolektorski_sistem-3

(ВИДЕО) Заев: Обезбедивме средства и начин за отпочнување на санацијата на колекторскиот систем во Охрид

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска заедно со министерот без ресор, задолжен за дијаспора,Едмонд Адеми извршија обиколка и увид на отпочнувањето на санацијата на колекторскиот систем за Охридско Езеро.На настанот беа присутни и  директори на јавни претпријатија, директорот на ЈП Колекторски систем Владимир Алексијоски и претставници на компаниите „Инд Еко“ и „Еко Тим“.„Денеска, после неполна година подготовки и барање најдобри решенија и финансиски средства за реализација, започнуваат работите на чистење и реконструкција на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион од наслагите и корењата од дрвјата и санација на цевководот на колекторот. Дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга“, рече премиерот Заев во врска со санацијата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, за кој се обезбедени   4,2 милиони евра од Буџетот.Премиерот Заев истакна дека овој значаен и сериозен зафат се презема поради  несеопфатната реализација и негрижата за одржувањето на системот за прочистување на отпадните води создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини и реткости во неговото опкружување, иако како што подвлече сознанијата за последиците биле познати изминатите години.„Во наредните 5 месеци, ќе го поправиме тоа што со години беше запуштено од негрижа и недејствување. Охридското езеро и заштитеното подрачје опфатено со УНЕСКО се наша гордост, но и грижа на сите нас, и затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем. Нашата намера е да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите скапоцености, и тоа оваа Влада ќе го докаже“, подвлече претседателот на Владата.„Во моментов имам две сосема спротивни чувства. Од една страна чувствувам огромна гордост што Владата чиј дел сум и јас одвои средства за целосна санација на колекторскиот систем, средства кои ќе ја вратат бистрината на ова прекрасно езеро и ќе го заштитат од понатамошно загадување, ќе овозможат многу подобро зачувување на живиот свет во езерото. Нашата земја има ограничени ресурси, но секогаш мора да има доволно за заштита на нашите национални богатства, било да се природни или културни богатства“, истакна министерот Адеми.Директорот на ЈП „Колекторски систем“,  Владимир Алексијоски во своето обраќање изрази јавна благодарност и почит на покојниот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски заради, како што нагласи  неговите заложби, замисла, желба и посветеност за остварувањето заедничката цел, грижата за Охридското Езеро да биде во сигурните раце на државата. Тој на денешниот настан изрази и благодарност до Владата за покажувањето разбирање и интерес за решавањето на проблемот со Колекторскиот систем сместувајќи го во најважните приоритети, и им додели благодарници на премиерот Заев,  генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски, советникот на премиерот, Дејан Николоски и адвокатот Христина Стојановиќ.Претставниците на компанијата „Еко Тим“ ДОО Скопје ги образложија техничките податоци и постапки околу процесот на санација на колекторскиотсистемзаОхридскоЕзеро.фото и видео : Влада

Македонија | пред 6 години

direktorka-protest

(ВИДЕО) Закани од директорката за учениците кои протестираа против загадениот воздух

Голем број на ученици од средните училиште во Скопје денеска го подржаа протестот против загадениот воздух . Но, протестот беше неприфатлив за директорката на училиштето. Таа дури и им се закани на учениците кои ја бојкотираат наставата.Во видео кое се појави на социјалните мрежи се слушаат нејзините закани: „Само вие протестирате и нема настава. За последиците не ви гарантирам“, вели директорката на средното училиште „Никола Карев“.извор : Канал 5 видео на овој линк 

Скопје | пред 6 години

sadu

Синдикалната организација во Фондот за здравствено осигурување најави штрајк

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ најави предупредувачки еднодневен штрајк за 30.12.2019 година.Причините за одржување на овој предупредувачки штрајк се најавеното потпишување на Колективниот договор и највеното покачување на платите само на дел од вработените кое според нас е дискриминирачко, незаконски и неуставно, како и игнорантскиот однос на Директорот на Фондот кој воопшто не сака да го слушне синдикатот и неговите барања, а најавува потпишување на Колективен договор.Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ бара покачување на платите на сите вработени за 16% согласно покачувањето на минималната плата.Доколку Директорите не се произнесат и доколку до следниот петок не изнајдеме заедничко прифатливо решение, вработените во Фондот ќе одржат еднодневен предупредувачки штрајк на 30.12.2019 година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

И ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа иницијативата на градоначалничката Петровска

Едногласно, во Советот на Општина Битола од страна на сите советници попладнево беше донесена Одлука за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички PM10 во амбиенталниот воздух над 100 микрограми на метар кубен.Со оваа одлука се утврдува право на бесплатен превоз на сите патници кои што ќе користат јавен превоз со градските линии во општинскиот линиски превоз на патници во Општина Битола во работни денови во кои концентрацијата на суспендирани честички со големина од 10 микрометри во амбиентниот воздух измерена во 06:00 часот на државната мерна станица на квалитет на амбиентен воздух „Битола 2“, според податоците од веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе изнесува над 100 микрограми на метар кубен.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

carina-sverc

Кривична за водач на смена во царинската испостава „Табановце“- „невидел“ дека цариници присвоиле 1.670 евра и 190 швајцарски франци

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавениот, извршувајќи службени работни задачи како царински службеник - водач на смена во Отсек за патнички промет воцаринска испостава Табановце - автопат во Царинарница Куманово при Царинската Управа на Р.С.Македонија, на работна смена од 20.00 часот на 27.07.2019 до 08.00 часот на 28.07.2019, несовесно постапил во вршење на своето дискреционо овластување со пропуштање на должен надзор како единствен непосреден старешина на смената, при што им овозможил на двајца царински службеници и други кои биле на смена во посочениот период, на влез во Р.С.Македонија, од граѓаните кои остварувале влез во Р.С.Македонија на Граничниот премин „Табановце“ противправно за себе да наплатат 1.670 евра и 190 швајцарски франци, а на штета на Буџетот на Р.С.Македонија, преку избегнување на царински давачки за роба која подлежи на царинење при влез во Р.С.Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tatko-boki

Боки 13 и неговиот татко беа на распит кај обвинителката Русковска

Бојан Јовановски и неговиот татко Миле Јовановски денеска беа на распит кај обвинителката Вилма Русковска. Тие даваа искази во случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“.Боки 13 и неговиот татко се осомничени за перење пари преку невладината организација „Меѓународен сојуз“.Таткото на Боки 13 по излегување од обвинителството не сакаше да даде изјава пред новинарите. Само кратко рече: „Среќна Нова 49 -та“Миле Јовановски најави дека следната недела ќе одржел прес конференција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

direktorka-protest

Разрешена директорката на СУГС Никола Карев, затоа што им се закануваше на учениците да не протестираат

Градоначалникот Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје, а по објавената снимка каде што Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата се заканува со последици врз учениците,  доколку истите излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест.Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото. Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно.Токму заради иднината на нашите млади.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

silvija

„Kралицата на кокаинот“ во одбрана на Стојановска: Кои сте бре вие, шљаму еден, некому предвреме да судите и пресудите без суд, по улици и кафани?

„Kралицата на кокаинот“, како што ја нарекуваат српските медиуми или  Станислава Чочоровска, се огласи на својот профил на Фејсбук по повод апсењето на актерката Силвија Стојановска. Чочоровска на ФБ напиша:Многу сум среќна што не дишам ист воздух со македонската ментална беда. Имате сериозен проблем, знаете се’, лоши сте , едвај чекате некому било што да се случи, целата своја лична бедотија и болест да ја истурите врз луѓе покрај кои не сте можеле ниту да поминете во животот. Едвај дочекавте како хиени да ги унакажете. Во оваа држава не треба да има новинари, бидејќи на ред не можат да дојдат да објават од вас, бидејќи знаете се’ за секого. Коментирате што ќе ви текне , веројатно така се чувствувате подобро истурајќи го својот бес некаде и нанесувајќи му некому зло. Вистината за кокаинот ја знае само Силвија Стојановска. Кои сте бре вие, шљаму еден, некому предвреме да судите и пресудите без суд, по улици и кафани? Вас ли некој ќе ви полага сметки? Завртете се околу себе и погледнете се во огледало. Половина Белград е по затвори и никој никого не коменира, трачари едни селски, затоа е Белград-Белград, порачува Чочоровска од Белград, а вие сте ем сељаци, ем проклети. Уживајте си, сити сте вечерва, напиша Чочоровска на ФБ.Чочоровска своевремено беше осудена на повеќегодишна затворска казна која ја одлежа во затворот „Идризово“ откако во 2007 година, заедно со Алија Азировиќ, возачот на камион во кој се превезуваа канти со поликолор, полни со дрога, беа осудени за организирање на транспортот на 486 килограми кокаин. 

Македонија | пред 6 години

Foto-3-1

Пендаровски: Сите треба да им се извиниме на граѓаните бидејќи не направивме доволно, барем да ги ублажиме последиците од иселувањето на младите

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска учествуваше на панел дискусијата „Како да се вратиме дома? Младинска Република Северна Македонија“, која претставуваше завршна дискусија во рамки на проектот Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција, финансиран од ЕУ.Истакнувајќи дека проблемот со иселувањето на младите е актуелен со години наназад, претседателот Пендаровски рече не е добро што државата изгуби премногу време без притоа да понуди соодветни програми и политики за намалување на тој тренд. Претседателот Пендаровски подвлече дека сите претходни и сите сегашни политичари и функционери носат вина за масовната миграција на младите.„Барам тоа прашање да се тргне од меѓу партиските препукувања од дневната политичка агенда, комплетно барам да не биде дискутирано воопшто ако може, а нема да може за време на овие избори коишто доаѓаат или кампањата, бидејќи на тоа нема да добие никој поенти, бидејќи сите сме биле слаби во тој дел, од 90-та до денес. Сите треба да им се извиниме на македонските граѓани, што не се направило доволно, барем да ги ублажиме консеквенците“, потенцираше претседателот Пендаровски.Осврнувајќи се на пописот во 2011-тата година, претседателот Пендаровски рече дека тој не успеал бидејќи тогашните политички лидери сфатиле дека голем дел од граѓаните од сите етнички заедници се иселени од земјата.„Јас ви гарантирам уште од сега дека нема политичар во оваа држава кој не се плаши од бројките кои ќе ги види дента кога ќе ги објават. Според некакви вкрстувања на резултати, ние знаеме и сега колку не има. Многу малку не има. Сигурно половина милион помалку од бивша Југославија кога бевме“, додаде претседателот Пендаровски.Дополнителен факт, којшто ги демотивира младите и ги тера да заминуваат во странство, како што потенцираше претседателот Пендаровски, е длабоката политизираност на општеството. Според истражување од 2004-тата година, на кое посочи претседателот Пендаровски, тогаш 338 илјади полнолетни граѓани биле членови на некоја политичка партија. Демотивирачки за младите, додаде претседателот Пендаровски е и фактот дека Северна Македонија не е правна држава на ниво на зрели европски демократии.„Јас мислам дека треба, освен оваа дебата да се извлече од дневно партиски расправии, јас мислам дека ние треба на младите луѓе да им дадеме шанса да успеваат овде, со тоа што нема да им дадеме прво партиска книшка за вработување. Ако најдобрите во генерација велат мене не ме интересира политика, или не сакам да се бавам со политика, сакам да се бавам со ова за што сум учел, дајте ми шанса. Клучната мака се вика „клиентелизам“, односно ќе гласам за тебе, ако ме вработиш“, заклучи претседателот Пендаровски.Во однос на плановите на Кабинетот на претседателот насочени кон младите, претседателот Пендаровски ги издвои проектите „МКД 2030“ и „Лице в лице со претседателот“. Во првиот, според претседателот Пендаровски, се вклучени околу 40 луѓе од кои половина се млади. МКД 2030 е еден предлог како треба да се развива нашата земја, Северна Македонија треба да фати чекор со развиените економии, бидејќи како што рече претседателот Пендаровски, еден од начините како да ги задржиме младите дома е преку зголемување на платите. Целта на проектот „Лице в лице со претседателот“ е претседателот Пендаровски одблизу да ги слушне проблемите на сите граѓани, и онаму каде што може да помогне. фото: Кабинет на Претседател

Македонија | пред 6 години

np-1

Втор грант за Националниот парк Галичица

Минатогодишната соработка меѓу Јавната установа Национален парк Галичица и Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) продолжува. Имено, во согласност со мисијата и визијата на Фондот, а и со аплицирањето од страна на ЈУНП Галичица на повикот за финансиска поддршка, на 16 декември 2019 година беше потпишан Договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП Галичица, во висина од 178.000,00 евра за 2020 година.Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ минатата година беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја.Договорот беше потпишан меѓу извршниот директор на ПОНТ Миријам де Конинг и Васко Паскали, директор на ЈУНП Галичица во присуство на вработените во установата, како и претставници од други организации кои ќе бидат финансиски поддржани од страна на Фондот во текот на 2020 година за активности кои ќе се реализираат на територијата на Националниот парк.фото: НП Галичица

Македонија | пред 6 години

IMG-e8e3fdb68f5ab6322bbfd90c112d1535-V

Филипче: Изготвивме Национална стратегија за ретки болести 2020 - 2030 - воведовме 5 нови лекови за пациентите со ретки болести In

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на промоција на Националната стратегија за ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030, која се одржа во канцеларијата на Претседателот на државата, Младихаб.- Оваа Национална Стратегија за ретки болести ја изработивме со Фондот за здравствено осигурување, МАЛМЕД, Министерството за труд и социјална политика, граѓанските организации и со пациентите со ретки болести. Станува збор за 10-годишен документ кој ќе биде даден на усвојување од страна на Владата и ќе стане стратешки документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести, истакна министерот.Покрај обезбедување терапија за пациентите преку Програмата за ретки болести, оваа стратегија дополнително ќе овозможи унапредување на законодавството според европските регулативи за оваа категорија пациенти, за орфан лекови, но и за унапредување на знаењата на медицинскиот персонал во нашата држава, како и соработка со меѓународни центри на експертиза за ретки болести.Во изминатите две години, воведени се 5 нови лекови за пациентите со ретки болести, меѓу кои: лек за спинална мускулна атрофија, за болеста фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше, како и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза.Исто така, воспоставивме електронски регистар за пациентите со ретки болести, кој ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува.Во 2020 година, буџетот за ретки болести предвидено е да изнесува 527 милиони денари, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2017 година кога буџетот за оваа намена изнесуваше 214 милиони денари.

Македонија | пред 6 години

zamenik-ambasador

(ФОТО) Георгиески оствари средба со Литлџон од Американската амбадаса

Денес, градоначалникот Константин Георгиески оствари средба со заменик шефот на мисијата од Американската амбасада, Џенифер Литлџон. На средбата се разговараше за тековните проекти кои ги реализира општина Охрид. Соговорниците разговараа и за препораките од УНЕСКО, за кои градоначалникот Георгиески истакна дека најголем дел се завршени, а другите активно се спроведуваат. Беше разговарано и за долгот на општината и странските инвестиции во градот. Шефот на мисијата, Литлџон, ја истакна својата поддршка за реализацијата на предвидените проекти и својата подготвеност за давање идеи кои ќе придонесат полесно спроведување на проектите.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

vlatko

Ѓорчев: Дали и кој од врвот на власта му јавил на Боки 13 за истрагата ?

Оваа прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на скандалот и случајот „Рекет“ поврзан со милиони и милиони евра изнуда, случај којшто ја интересира македонската јавност и случај кој има огромен број на неодговорени прашања.Овие неколку прашања кои треба да ги одговори Зоран Заев, министерите на Заев, и прашања коишто треба да ги одговорат најблиските соработници на Зоран Заев, истакна Владимир Ѓорчев, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера во дел од македонската јавност видовме информации за сведочењето на Зоран Милески – Кичеец. Прашањето е дали навистина тие зборови се зборови коишто ги кажал Зоран Милески – Кичеец? За овие зборови чекаме потврда дека тоа е од судењето на Кичеец.Прашањето е дали е ова веродостојно сведочење и дали се ова зборовите на Зоран Милески? Па по тоа дали и кој од врвот на власта на Зоран Заев му доставил податоци на Бојан Јовановски во врска со истрагата на МВР, дека тој е всушност осомничено лице?Кој му доставил информации на Бојан Јовановски дека има истрага против него?Ако е навистина така, тогаш се наметнуваат и други прашања, дали и колку пати Зоран Заев се среќавал со Бојан Јовановски и Зоран Милевски?Дали, кога и колку пати еден куп министри се среќавале со Бојан Јовановски ?Ова се важни прашања кои што се наметнуваат, прашања за кои македонската јавност со право чека одговори?Ако ова е веродостоен извадок од сведочењето на Зоран Милески, тогаш Зоран Заев и неговите министри треба да одговорат на сите овие прашања, истакна Владимир Ѓорчев, Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Придружете ни се , да направиме најголема елка од луѓе за Гинис

Плоштадот „Македонија“ утре во 13 часот ќе биде местото каде што скопјани ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд за најголема новогодишна елка во светот направена од луѓе. Градот Скопје ги поканува сите заинтересирани да дојдат на плоштадот и да се придружат на овој интересен потфат.Формирањето новогодишна елка од луѓе е дел од програмата на „Винтерленд“. Настанот ќе биде збогатен со музичко – забавна програма, а за доброто расположение на учесниците ќе се погрижат Бени Шаќири и Нон стоп.Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници. Утре (21.12.2019 година) и Скопје ќе се обиде да влезе во Гинисовата книга на рекорди.Затоа, дојдете да се забавуваме и да ја направиме најголемата новогодишна елка во светот направена од луѓе.фото: општина Центар 

Скопје | пред 6 години

20122019_PVRSM_MTSP_MZ_sredba_so_penzioneri-3

Заев, Царовска и Филипче на средба со пензионерите: Пензиите растат, ќе продолжи зголемувањето и следната година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот за здравство, Венко Филипче денеска во Владата остварија средба со пензионерите од скопскиот регион.На средбата пензионерите со владините претставници разговараа за претстојното зголемување на пензиите, за воведување на социјалната пензија и за развој на социјални услуги на локално нив, подобрувањето на здравствените услуги за пензионерите, кои како што беше констатирано доаѓаат како резултат на стабилизирањето на Пензискиот фонд и позитивните резултати од реформите во пензискиот систем.„Пензионерите, нашите сограѓани, родители, мајки и татковци, баби и дедовци, преку 300 илјади граѓани на нашата земја, се дел од оние кои го заслужуваат најголемото внимание. Целиот работен век го вложувале за напредокот на нашата земја, ги вложувале своите капацитети на работните места, во домот и семејството. Затоа заслужуваат да имаат пристојни пензиски денови. Да им се оддолжиме достоинствено“, рече премиерот Заев во своето обраќање кон присутните.Тој додаде дека покачувањето на пензиите е резултат на позитивните економски и е исполнување на најавата уште во април кога беше констатирано дека постои економски раст во земјата.„Од идниот месец, сите пензии во државата ги зголемуваме за 700 денари коишто ќе влезат во основицата на пензијата. До крајот на годината, пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година, пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година, просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари“, истакна министерката Царовска.На средбата беше истакнато дека просечната пензија со последното покачување годинава во септември изнесуваше 14.598 денари, а во 2016 година 13.754 денари.Беше констатирано дека дополнителното, трето покачување во услови кога има стабилизација на пензискиот систем, раст на економијата и раст на минималната плата за 15 проценти и пораст за пет проценти на просечната плата е позитивен исход од спроведувањето на пензиската реформа која обезбедува одлични резултати и веќе 11 месеци пензиите се исплаќаат без позајмици.Само за една година е направена заштеда во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 3 милијарди денари, а приходите на Фондот се зголемени за 10 проценти.Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова информираше дека зголемена пензија ќе добијат над 320 илјади пензионери. Таа додаде дека со воведувањето на социјалната пензија за повозрасните лица оваа Влада уште еднаш потврдува дека подеднакво се грижи за достоинствен живот граѓаните, кои во текот на својот работен век заеднички придонесуваат во градењето на општеството.Согласно Законот,  право на надоместокот за социјална сигурност имаат лицата кои се на возраст од 65 години и немаат други извори на егзистенција. Тие треба да се државјани на нашата земја најмалку 15 години, да не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без работен стаж.За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална пензија, месечниот надоместок го користи само еден член бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со ПИО.Со министерот Филипче пензионерите разговараа за новата мерка, укинувањето на квотите за лекови на рецепт, која покажува одлични резултати во надминувањето на недостигот на лекови на рецепт.„Веќе трет месец лековите се достапни за пациентите во секое време. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките низ целата држава, го решивме деценискиот проблем. Сите граѓани се снабдени со лекови согласно нивните реални медицински потреби, без да прават залихи во нивните домови. За лицата над 64 годишна возраст, обезбедивме бесплатна вакцинација против сезонски грип. Во предлог-буџетот за 2020 година, одвоивме средства за болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во нашата држава“, потенцираше министерот Филипче.На средбата со пензионерите се разговараше и за планираниот развој на социјалните услуги на локално ниво кои ќе бидат наменети за повозрасната популација којашто е во социјален ризик, како и за останатите мерки кои се планираат за да продолжат реформите за подобрување на положбата на пензионерите.фото: Влада  

Македонија | пред 6 години

diplomatski-sindikat

Македонскиот дипломатски синдикат бара итно повлекување на Систематизацијата усвоена во декември минатата

Македонскиот дипломатски синдикат бара итно повлекување на Систематизацијата усвоена во декември минатата, а имплементирана во јули оваа година.Оваа систематизација претставува Вартоломејска ноќ за македонската дипломатија. Под изговор за потреба од намалување на раководни работни места, повеќе од триесет (30) дипломати се селективно и спротивно на законските прописи деградирани, што е прв  системски случај на деградирања од 1991 година. Во професијата во која се потребни десетина години искуство за создавање квалитетни професионални кадри, голем број дипломати преку ноќ се маргинализирани со деградирање на несоодветни позиции. Ваквиот професионален ролеркостер е проследен и со финансиски ролеркостер, имајќи предвид дека раководството на МНР не се погрижило да ги заштити вработените на кои им се намалени платите и придонесите, вклучително и на оние што се пред пензионирање. Поради тоа произлегоа голем број жалби и судски тужби против раководството на министерството.Покрај деградирањата, новата систематизација ги вкопа во статус кво позициите на голем број дипломати кои и по десетина години работа не биле унапредени соодветно на нивното знаење и искуство. Спречувањето на нивниот равој е во спротивност со одредбите на Законот за надворешни работи и делува негативно не само врз нив и нивните кариери, туку и на способностите на целата дипломатија.За жал, пропуштена е шансата оваа Систематизација да ја организира дипломатската служба  на современ начин, со што би добила на ефикасност, квалитет и агилност. Задржан е концептот од почетокот на деведесеттите, кој што е строго централизиран и нефлексибилен. Министер ја контролира работата на сите вработени, вклучително и техничките служби, а организационите единици ја третираат проблематиката од тематски наместо од содржински аспект, па така сродни содржини се делат на различни тела, без нивна суштинска координација.За нефункционалноста придонесува и несмасното фузирање на директорати кои немаат ништо заедничко, освен желбата на неприроден начин да се намали нивниот број.Поради ваковото масовно нарушување на работните права и затапување на  ефикасноста на дипломатската служба, Македонскиот дипломатски синдикат бара најитно повлекување на Систематизација и вклучување во изготвувањето на нова модерна Систематизација, која ќе даде придонес во создавањето модерна дипломатија, способна да одговори на современите предизвици.Систематизацијата е од интерес и важност за сите вработени на Министерството за надворешни работи, а не на мал елитен круг дипломати.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања