Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Нема фотографија

Богдановиќ: 28 предмети за склучени договори за отуѓување на градежно земјиште предадени во ОЈО

Со Одлука за вршење на работите за располагање со градежно земјиште сопственост на РМ од 18.12.2018 година, Општина Центар по долго време го добива на располагање неизграденото градежно земјиште во сопственост на државата и предметите поврзани со земјиштето.По добивање на предметите, Општина Центар до Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција и до МВР – Единица за корупција достави Известување за констатирана состојба во форма на Извештај за сите предмети кои ни беа предадени и за кои сме должни да ги следиме договорите и да постапуваме.Станува збор за вкупно 28 предмети во врска со склучени Договори за оттуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање. Меѓу нив е и предметот за Шпанските скали, за кој Обвинителство за организран криминал и корупција минатата недела соопштија дека покренале обвинение.Во почетокот на 80-тите години од страна на Мајка Тереза, тогашниот Скопско призренски Бискуп, Јоаким Хербут и тогашниот градоначалник на Скопје, Методи Антов, на местото на кое некогаш се наоѓала куќата на Мајка Тереза, во знак на почит, засадиле 3 дрва.На истата таа парцела во февруари 2012-та за прв пат во Деталниот урбанистички план Мал Ринг се вцртани таканаречените „Шпански скали“.„Во ноември 2013-та земјиштето, кое се наоѓало во сопственост на државата, се оттуѓува во корист на компанијата Амадеус Девелопмент, за изградба на објект од комерцијални и деловни намени. Врз основ на членот 66 став 1 од Законот за градење, поради неотпочнување на градба од страна на инвеститорот, Општина Центар го поништи одобрението за градење“, изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Богдановиќ како друг пример го наведе и предметот на компанијата Графички Центар, тогаш во сопственост на МПМ, за парцела во ДУП-от Тетовска трошарина за изградба на објект со намена В3 - култура.Во декември 2012-та година Графички центар добива писмено известување од НУ Конзерваторски Центар дека на таа локација можно е да има подземни муслимански некрополи од 19-ти век и дека услов за добивање на одобрение за градење е претходно да се направи сондажно археолошко истражување.Иако Графички центар не го извршува тоа сондажно археолошко истражување, во декември 2013-та земјиштето е отуѓено за изградба на објект со намена В3 – култура. Од октомври 2014-та до февруари 2017-та, постојат преписки помеѓу Министерството за транспорт и врски, Графички центар ДОО Скопје и НУ Конзерваторски Центар - Скопје поврзани со барање за пролонгирање на рокот за добивање одобрение за градење поради пронајдени остатоци од муслимански некрополи од 19 век.Богдановиќ дополни дека Општина Центар ќе го продолжи трендот на преземање дејствија и покренување истраги за сите предмети кои ги следи општината, односно за сите градежни парцели за кои се склучени договори за оттуѓување на градежно земјиште.фото:Општина Центар - Скопје

Скопје | пред 6 години

slika3

Потпишан меморандум за поддршка на структурниот дијалог помеѓу МИОА и ФООМ

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и извршната директорка на Фондацијата Отворено општество - Македонија Фани Каранфилова-Пановска, потпишаа меморандум за соработка.Меморандумот за соработка е заложба помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) да се овозможи суштинско и структурно учество на граѓанското општество во клучните секторски реформи како дел од процесот на пристапување кон ЕУ.Преку проектот „Дијалог со граѓанските организации – платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, ФООМ ќе спроведува активности за зголемена видливост на секторските работни групи и активно ќе ја поддржува нивната работа преку обезбедување суштинско и структурно учество на граѓанското општество, имајќи ги предвид специфичните потреби на секоја секторска работна група.МИОА во рамки на воспоставената соработка и партнерство а во функција на структурниот дијалог ќе споделува и разменува суштински и релевантни информации важни за граѓанското општество за учество во секторските политики и националните консултативни процеси; ќе овозможи присуство на претставници од МИОА на работилници и конференции; ќе овозможи присуство на претставници и истражувачи, дел од граѓанското општество на секторските работни групи кои ќе изготват независен годишен извештај за работењето на секторската работна група.Фондацијата Отворено општество - Македонија потпиша меморандуми за соработка и со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за образование и наука, Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика, додека во процес на потпишување се и меморандуми со останатите линиски министерства кои се одговорни за работата на секторските работни групи.Проектот „Дијалог со граѓанските организации - Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“ е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, имплементиран од ФООМ во партнерство со Евротинк - Центар за Европски стратегии, Центар за граѓански комуникации и Реактор - Истражување во акција, додека соработник е и Секретаријатот за европски прашања.

Македонија | пред 6 години

zemjotres

Силен земјотрес од 4.7 степени по Рихтер во близина на Тирана

Силен земјотрес предмалку е регистриран во Тирана, со јачина од 4,7 степени по Рихтер. Епицентарот бил во Вора. Земјотресот е почувствувам и во Драч, Лежа и Фуш Круја и предзвикал вознемиреност кај жителите.фото: Архива

Свет | пред 6 години

silvija

Куќен 30 дневен притвор за актерката Силвија Стојановска - осомничена за трговија со дрога

Судија на претходна постапка и одреди куќен притвор на актерката Силвија Стојановска и уште едно лице В.Б. по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција,потврдуваат за Фокус од Кривичниот суд. Стојановска не сакаше да одговара на новинарски прашања при излегувањето од кривичниот суд од каде што што беше спроведена во куќен притвор.Порталот „Јанакизнае“ попладнево објави дека Стојановска била уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија. Детали од истрагата ќе бидат соопштени во наредните денови.Стојановска која е актуелна по хит-серијата „Фамилијата Марковски“ е мајка на актерките Ана и Јана кои ги има од бракот со покојниот актер Ненад Стојановски.фото:  Frontline.mk

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Преживеал два дена пекол - го држеле во стан во Скопје го тепале, сечеле со жилет па турале сол и парфем на раните

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело- изнуда во периодот од 13 до 15 овој месец.Осомничените, како што соопшти Јавното обвинителство, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со употреба на сила спрема едно лице од Битола ги присилиле неговите родители да им дадат паричен износ од 1.600 евра.Тие го држеле оштетениот затворен во стан во скопската Општина Аеродром, го тепале со тупаници и предмети по главата и телото, го сечеле со жилет по грбот, па потоа му турале сол и парфем на раните.Откако телесно го повредиле тие прво воспоставиле телефонска комуникација од телефонот на оштетениот, а потоа и видео повик со родителите и побарале од нив износ од 40.000 евра во замена за ослободувањето на нивниот син.По неколкучасовни преговори, се согласиле мајката да им донесе првичен износ од 1.600 евра како дел од вкупниот износ од 40.000 евра кои ги барале. Согласно добиените инструкции, мајката парите ги донела во Скопје и ги оставила во возилото на нејзиниот син, марка Алфа Ромео, паркирано во Шуто Оризари.Надлежниот јавен обвинител, со оглед на тоа што процени дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени. Предлогот беше прифатен и судот со решение им определи притвор во траење од 30 дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

patrik

„Еуромакс рисорсис“ најавува тужба за државата пред меѓународен суд поради едностраното раскинување на договорот

Владината одлука за раскинување на договорот за концесија за потенцијалниот рудник кај Иловица е политичка и спротивна на дадените официјални изјави дека се чека Управниот суд да донесе одлука по ова прашање. Ова е ставот на компанијата Еуромакс рисорсис откако Владата еднострано го раскина договорот со објаснување дека концесионерот не ја доставил потребнат адокументација за добивање дозвола за експлотација на минерални суровини. Од компанијата информираа дека правдата ќе ја барат пред меѓународен суд.Како што нагласи на прес конференција, Патрик Форвард, главниот извршен директор на „Еуромак ресурси“, одлуката на Владата е многу разочарувачка за компанијата која во изминатите две години има вложено 50 милиони евра во проектот рудник „Иловица“, а планираната вкупна инвестиција изнесува 350 милиони евра во изградба на објектот.„Одлуката на Владата има политичка заднина и е лоша порака за другите странски инвеститори, но и многу силен индикатор за меѓународната позиција на Владата. Според проектот, на почетокот планиравме 1.000 нови работни места во изградбата на објектите, 500 директни и 2.700 индиректни вработувања, што е многу значајно за Македонија која ја напуштаат граѓаните поради немање на работа. Досега инвестиравме 5 милиони евра за истражување на влијанието на рудникот врз животната средина и земјоделството, според највисоки стандарди, поради што и ЕБОР беше согласен да даде кредит“, нагласи Форвард, кој се прашува, дали можеби одлуката на Владата е поради активиностите на еколошките организации.„Имаме многу силен случај и убедени сме дека „Еуромакс“ со јаки аргументи ќе добие меѓународна заштита на својата инвестиција. Македонската Влада, оваа или идната, треба да биде сигурна дека компанијата е подготвена да ги исцрпи сите домашни и меѓународни процедури за да докаже дека проектот досега се одвивал според сите законски норми. Сигурно ќе се бара обештетување затоа што се прекршени низа права кои им се даваат на инвеститорите. Но, претходно писмено ќе бараме од Владата да седнеме и да преговараме за ова прашање, па потоа ќе го донесеме конечниот став“, рече Ленски.Договорот за концесија за „Иловица“ беше склучен во 2012 тата за време на претходната Влада, меѓу тогашниот министер за економија Ваљон Сарачини и компаниајта „Фелпс доџ Вардар“ која потоа ја купи „Еуромакс“ компанија,  со која беше усогласен договорот, потпишан од тогашниот министер за економија Беким Незири.фото: ВИС 

Македонија | пред 6 години

19122019_PVRSM_Zaev_CEI-vo-RIM_1

Заев: Заложбата на ЦЕИ, проширувањето на ЕУ да биде високо на агендата, е значајно охрабрување за нашата земја и за регионот

Во духот на солидарноста и регионалната соработка, членките на Централно европската иницијатива, од кои голем дел се и земји-членки на ЕУ, се двигатели на процесот на целосна интеграција на Западен Балкан во Европската унија и видливоста на оваа заложба високо на агендата на ЕУ по октомврискиот Самит на Европскиот Совет е големо охрабрување за нас и се надевам дека овие напори ќе дадат резултати, нагласи Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во своето обраќање на Самитот на ЦЕИ, што се одржува денеска во Рим.„Огромно е мнозинството на оние кои се уверени дека нашата земја требаше да ги започне преговорите со ЕУ како признание за вложените напори и постигнатите резултати во реформите, и како потврда за  правилниот избор направен со договорот од Преспа. Идејата за нова методологија за проширување на ЕУ е оправдана само доколку процесот стане поефективен, поверодостоен и ако произведува повеќе материјални придобивки за земјите кандидатки за членство во унијата. Затоа ние апелираме за брз консензус меѓу земјите членки на ЕУ за принципите и елементите на новата методологија, што ќе отвори начин и за усвојување на одлука за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија. Нашиот приоритет останува да ги започнеме преговорите за пристапување што е можно поскоро. Донесувањето на одлука до март ќе создаде многу поволна динамика во нашата земја“, истакна премиерот Заев во своето обраќање на ЦЕИ.Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев потенцираше дека  на Западен Балкан му е потребна јасна и видлива перспектива за пристапување кон ЕУ за да го консолидира напредокот, да се обезбеди безбедност и да се постигне натамошен развој.ЦЕИ оваа година ја одбележува 30-годишнината од формирањето и ја потврди потребата за поголема регионална соработка која се збогати со бројни формати и иницијативи како што се Процесот за соработка на земјите од југоисточна Европа, преку Советот за регионална соработка, Берлинскиот процес, Јадранско-јонската иницијатива и многу други.„Оваа година, кога ЦЕИ слави 30-годишнина, Северна Македонија стана 30-та членка на НАТО, достигнување кое е овозможено заради реалната посветеност за подобрување на добрососедските односи, инвестиции во градење вистински партнерства и доверба.  Се надеваме дека во многу блиска иднина ЕУ ќе одлучи да започне преговори за пристапување врз основа на испорачаните резултати што ги направи нашата земја“, рече премиерот Заев во своето обраќање на Самитот на ЦЕИ во Рим, и додаде дека е уверен дека во наредниот период ЦЕИ ќе продолжи да се надградува со нови и подлабоки форми на соработка меѓу земјите членки во различни области.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјани ќе прават новогодишна елка од луѓе за Гинисов рекорд

Скопје и скопјани во сабота (21.12.2019 година) во 13 часот на плоштад „Македонија“ ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе. Сите граѓани коишто сакаат да бидат дел од обидот Скопје да влезе во Гинисова книга на рекорди треба да бидат на плоштадот во 13 часот.  Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, 2015 година со 4030 учесници.Настанот е дел од Винтерленд и ќе биде збогатен со музичко забавно програма, а за доброто расположение и празнична атмосфера ќе се погрижи Бени Шаќири. Ве очекуваме во сабота во 13 часот на плоштад за да го сместиме Скопје на светската Гинис мапа.  

Скопје | пред 6 години

nikoloski-1

Николоски: Заев поднесе тужба за клевета против мене за изјава во која што кажувам дека се изрекетирани преку 20 милиони евра

Кога власта престанува  да има аргументи, и е фатена во криминал продолжува со притисоци и закани, заплашување и прогон. Кога има недостаток на кредибилитет сака да го изгради со сила, кога губи и уште само 16 дена е премиер и никогаш повеќе, Зоран Заев се заканува со неговото судство, со тужби и притисоци кон опозицијата.Сакам да ја информирам јавноста дека премиерот Зоран Заев поднесе тужба за клевета против мене за политичка изјава во која што кажувам дека се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Изјавата поради која што ме тужи е цитирам:„Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана  лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа што е потребна и кривична и политичка одговорност“За иронијата да биде поголема барањето за тужба е испратено од неговиот  скап адвокат Филип Медарски кој е познат по непотизмот во судството и во обвинителството. Целта на власта е сега  јас сега јавно да се извинам, да се уплашам и да се повлечам. Бара да му исплатам 60.000 денари оштета, како и да му го платам скапиот адвокат. Бара 60.000 денари оштета затоа  што брат му Вице е исто така во тужба за клевета, не успеа да добие од мене 30.000 денари оштета, па сега веројатно по принципот евро за евро бара 60.000 денари оштета за да можат со брат му да поделат по 30.000 денари.Зоран кој што го советуваше јавно Вице да не ме тужи за клевета, сега тој истиот тој Зоран ме тужи. Тоа е тој тажен премиер во заминување кој што едно кажува, а друго прави. На сето ова јас едноставно ќе кажам го погрешивте човекот, не ме познавате, не ви се плашам и ќе одиме до крај, ни вас, ни никому особено кога ја говорам вистината.Ниту планирам да се извинам, ниту планирам да се повлечам, ниту да ја свиткам кичмата затоа што тоа не е дел од мојот карактер. Особено не кога ја говорам вистината. Ќе одиме на суд. Зоран Заев со најскапиот адвокат во државата, може да покани и некој друг да го застапува, јас сам. Тој со најскапиот адвокат во државата и против вистината  јас ќе се бранам сам и со вистината и ќе победам затоа што ќе победи вистината.Јас уште еднаш јавно ќе го повторам и ќе го посочам она што го кажав, сумата на рекетирани средства надминува 20 милиони евра, рекетирани се повеќе од  1 бизнисмен и тоа е операција која што е добро обмислена од врвот на  СДСМ и координирано лично од Зоран Заев за што треба да има политичка и кривична одговорност. Јас стојам позади ова.Дека сето  ова што е кажано пред 4 месеци е вистинито и точно не мора да ми потврди Зоран Заев, тоа го потврдува времето. Да одиме по ред.Прво факт е дека сумата за рекетирани средства надминува 20 милиони евра и не е во прашање само еден бизнисмен. Ќе посочам дека главниот сведок во Рекет 1, во прашања во судот, под полна материјална и кривична одговорност  посочи дека и други лица биле рекетирани односно други бизнисмени. Тоа никој од посочените не го демантираше што значи не е само еден. Тоа што обвинителството молчи  и не ги повикува овие лица и не го проширува предметот  е друго прашање за кое што сум убеден Зоран Заев има подобри сознанија зошто е тоа така.Втора причина дека сум во право е да ја потсетам јавноста дека постои и случај Рекет 2 во кој што бизнисмен сведочи за изнуда која што е вмешан посредник присутен и во случајот Рекет 1, а се однесува на министерот за здравство и на директорот на фондот на здравство.Значи не е еден, повеќе се бизнисмени. Се случи и аферата „Вирус“, се случи и аферата во која што бизнисмен обвинува дека тандемот Вице и Зоран Заев го притискале за да му земат земјиште. И се случуваат афери секој ден, што само потврдува дека се многу пари и дека се многу бизнисмени.Трето, никој во оваа држава не верува дека е можен милионски рекет без знаење на врвот на власта. Па дали верувате дека било кој на Боки 13 денар би му дал, евро би му дал, доколку самиот врв на власта не стои на пирамидата.Всушност и самиот тој кажал дека бил предупреден од страна на врвот на власта дека случајот е пријавен во обвинителството што само говори за тесната врска помеѓу нив.Четврто, она што Заев преку неговиот адвокат не го пишува во тужбата, е вториот дел од мојата изјава. Која што е оптужена, во која што велам дека кривична одговорност не може да остане само на овие тројца кои што сега се опфатени, туку треба да се прошири на многу повеќе.Ова е дел кој што не сакаат да го цитираат затоа што не им одговара. Четири месеци подоцна никој не е чепнат од врвот на СДСМ и дополнително половина раководство на партијата која што се споменуваше гледаме дека останува нечепнато. Што само зборува за каква спрега помеѓу власта и обвинителството стои.Ќе кажам збор два и за самата суштина на тужбата. Оваа тужба не е за докажување на вистината. Оваа тужба не е за да се докаже вистината. Туку е за прогон врз главната опозициска политичка партија и врвно и лично. Но и за нешто што народот го нарекува ишкање на мувата од капата. На Заев тие околу него му велат - „Уживај шефе, ќе го тужиме и преку нашите инсталации во судството ќе го добиеме. И на тој начин ти ќе докажеш дека немаш ништо со Рекет“.Тоа е целта на оваа тужба, но тоа е можно само во бајките, а не во реалниот живот. Затоа што во реалноста прават од грешка на грешка и одат од грешка во грешка. Па така ќе видите во документите кои што ви ги доставив самиот негов адвокат навел во тужбата дека се сомнева за одредени идни постапки по однос на премиерот Зоран Заев затоа што вели цитирам дека сум ја нарушил презумцијата на невиност на Зоран Заев. Па ако на ниеден начин не е вмешан и ако нема на ниеден начин истрага или одговорност за него, што ќе му е презумција на невиност.И последно, ќе потсетам дека оваа тужба доаѓа од премиер и политичка партија која нарачува тепање на граѓани, ослободува убијци на деца, врши брутален прогон врз опозицијата. И кога не го прави сето ова погодува напред пред судот за да докажува дека ете наводно не е крив он.Очигледно наместо флоксули за ЕУ на Заев повеќе му се допаѓа друштвото Свазиленд и Либија, каде ја сврстува Економист по невработеноста на младите. А, убеден сум дека состојбите во судството и слободата во делувањето нема да сме нешто подобри.На крај да повлечам уште еднаш тужбата на Зоран Заев не е за докажување на вистината туку за дефокусирање на вистинското прашање во овој случај, а тоа е каде завршија парите на „Рекет“.Ќе одиме на суд со задоволство секој со својата страна, кажав Заев со најскапиот адвокат, а јас сам и ќе ја докажуваме вистината, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пијан возач предизвикал сообраќајка во Кавадарци и избегал оставајќи ги повредените деца

Основното јавно обвинителство во Велес, по спроведена истражна постапка, до Основен суд Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице од Кавадарци на возраст од 37 години за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.1 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот зкаоник, како и за  кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од чл.301 ст.1 од Кривичниот зкоаник.На 31 мај обвинетиот, во состојба на тешко пијанство со присуство на 3,27 промили алкохол во крвта и 2,7 промили алкохол во урината, управувал со автомобил во сопственост на неговата сопруга.Притоа, движејќи се по улицата „Гоце Делчев“ во Кавадарци, каде брзината на движење на возилата е ограничена на 40 км. на час, обвинетиот го управувал автомобилот со брзина од 84 км. на час, односно со брзина која е за 44 км. на час поголема од дозволената. Доаѓајќи до крстосницата меѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Осми септември“, навлегол во вкрстувањето при вклучено црвено светло на семафорот.Во тој момент, пак, од ул. „Осми септември“ на крстосницата, во состојба на кочење, навлегувал мопед марка Априлија со кој се превезувале две деца. Мопедот со предното тркало удрил во десната предна врата на автомобилот, а од ударот мопедот заедно со оштетените деца паднал на коловозот, лизгајќи се.Притоа двете деца се здобиле со тешки телесни повреди. Иако со автомобилот што го управувал ги повредил оштетените деца, обвинетиот продолжил да се движи напред, оставајќи ги без помош на коловозот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Прогласени најдобрите трговски објекти за 2019 година

Градот Скопје и специјализираната агенција за анализа на квалитетот на услугата по пат на тајни купувачи „SWOT Research“, и годинава ја продолжија традицијата и ги избраа најдобрите трговски објекти во Скопје во рамки на проектот „Месец на трговијата”. Плакетите на најдобрите, денеска ги врачи Александар Богоевски, помошник раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје. Според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж. Mесец на трговијата е проект преку кој може да видиме како напредувале работите со текот на времето и што ги прави најдобри трговците. Во тек е планирање на проектот и за наредната година кога ќе бидат изготвени и поединечни извештаи за сите трговски субјекти, со цел да ги согледаат постигнатите резултати и во кој дел треба да се подобрат. И оваа година секој од трговците има пристап до резултатите и извештајот од истражувањето, се со цел постигнување на високи резултати во сите категории, како и задржување на потрошувачите, бидејќи секој е потенцијален потрошувач. Град Скопје преку Програмата за заштита на потрошувачите има за цел и подигање на нивото на нивната заштита, во чии рамки ја поддржува и активноста- Доделување сертфикат „Фер со потрошувачот”, како потреба од поблиска соработка меѓу локалните власти, деловниот  сектор, граѓанските организации и граѓаните /потрошувачите. Земајќи ги во предвид резултатите од истражувањето, генерално и годинава е повисок резултатот од лани, но и дека константно веќе 4 години има пораст на вкупниот резултатот – рече денеска Боговски. За најдобри трговски објекти за 2019 година се избрани следните:Категорија „Апарати за домаќинство, бела техника и се за дома“  Агротехна Сетек Горење Категорија „Модни додатоци и накит“  Sigma SWAROVSKI ZAF TIME  Категорија „Компјутерска, аудио – видео и телекомуникациска опрема“ А1 Македонија ANHOCH PC Market NEOCOM Категорија „Парфимерии и козметика“ L' OCCITANE Yves Rocher Ziaja  Категорија „Салони за мебел“ Stilles Југоекспорт Стил DOĞTAŞ exclusive  Категорија „Супермаркети“ Гранап Рептил Тинекс Категорија „Бутици“ Bella Bonatti Fiore Lisca  Категорија „Домаќинство“ LUSSO Moss Home Center   Coin Casa Признанието најдобар трговски објект во Скопје годинава се доделува по 13-ти пат.   

Скопје | пред 6 години

karaamiseva

Каракамишева: Ја поднесов иницијативата за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд

ФБ статус на Проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, професорка по уставно право и политички систем:Денес, на 19.12.2019 година ја поднесов Иницијативата за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците пред Уставниот суд поддржана од 15 универзитетски професори од соодветните области на кои се однесува законот. Правото не смее да биде предмет на политички пазар и монета за поткусурување на власта. Да се почитува мислењето на Венецијанската комисија кое ги содржи меѓународните стандарди за употреба на малцинските јазици и критичките укажувања за содржината и за аномалиите во постапката за донесување на овој закон. Со задоволство ви ја доставувам иницијативата на увид, напиша Каракамишева на ФБ.https://www.facebook.com/Karakamisheva/photos/a.1592955177455046/2757653310985221/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

taksist-cair

(ФОТО) Таксист прегази три девојчиња во Чаир, едното во тешка состојба

Во скопската населба Чаир таксист прегази три малолетни девојчиња, од кои едното е во тешка состојба, јавува Алсат.  Според пријавата во МВР на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, автомобил „Пасат“ удрил во три малолетни девојчиња, кои по несреќата се пренесени во Клинички центар.Според очевидци на настанот, возилото удрило во нив додека тие ја поминувале улицата на пешачки премин.фото и извор: Алсат

Скопје | пред 6 години

olgica

Олгица Наумовска нов претседател на Холандско-македонската стопанска комора

Олгица Наумовска е избрана за нов претседател на Холандско-македонската стопанска комора, а за член на Управниот одбор е именуван Дејан Иваноски.-Целта ми е заедно да привлечаме уште повеќе холандски компании, рече Наумовска по вчерашното Собрание.Комората, како што соопшти, има вкупно 54 членови од кои 59 отсто се холандски компаниисо свои подружници во земјава.Според извршниот директор, Боб Смит, последниве неколку години повеќе ИКТ и аутсорсинг холандски фирми почнаа да работат во Северна Македонија.Олгица Наумовска (44) е директор на холандската ИТ компанија „ХСО Глобал Сервисис“ во Скопје, додека Дејан Иваноски (38) е директор на холандската ИТ компанија „Симфони Солутионс“ во Скопје.За десетгодишната поддршка за основање и развој на Комората, претходниот претседател, холанѓанецот Вим Вестен од фирмата „Вимафасхион“ во Кочани, доби награда.извор МИА

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Петровска покрена иницијатива - превозниците да вршат бесплатен линиски превоз кога загадувањето е на критично ново

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска покрена и достави иницијатива до превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола со градските линии,  да обезбедат бесплатен јавен превоз со градските линии за сите патници, кои што ќе сакаат да го користат овој вид на превоз во критичните денови со високи нивоа на загаденост на воздухот над максимално дозволените.Доколку превозниците прифатат да не наплаќаат возни билети од патниците на градските линии во критичните денови со високи нивоа на загаденост на воздухот над максимално дозволените, Општина Битола изразува подготвеност да го субвенционира нивниот дневен промет во тие денови, во висина на просечниот дневен промет остварен од продажба на возни билети на тие линии во последните 30 дена, сметано од денот на донесувањето на мерката, врз основа дневните финасиски извештаи.По добивањето на изјаснувањата од превозниците, доколку истите ја прифатат иницијативата, Градоначалникот на Општина Битола веднаш ќе побара од Советот на Општина Битола да донесе соодветна одлука за предложената мерка.Ова е една од мерките кои што ги презема Општина Битола,  по иницијатива на градоначалничката, со цел да се обезбеди поголема заштита на здравјето на граѓаните, во периоди на високо ниво на загаденост на воздухот општината.фото: општина Битола

Македонија | пред 6 години

tepacka

Левица: Легализирање на криминалот во Трнодол нема да ви помине

Последните случувања на јавната презентација за спорниот ДУП на Трнодол пренесоа јасна порака: кај народот повеќе не поминуваат празните ветувања и манипулации на скапата владина пропаганда, додека континуирано се уништува јавното и колективното под превезот на некакви бирократски процедури! Залудни се обидите на локалната власт од Карпош искрениот гнев на населението против нивните докажани штетни политики да го шиканира како “инфилтрирани опозиционерски активисти”. Впрочем, токму СДСМ е најдобар пример за узурпирање, разводнување и манипулирање со протести и разноразни иницијативи на народот, се вели во соопштението од Левица.До Левица неколку пати реагираа жители на овие населби дека постојат цврсти обиди за амортизирање на отпорот против насилничките политики на Богоев, креирани во интерес на неколку моќници кои единствено ќе имаат корист од ваквиот урбанистички план. Во населена област која претставува бастион на градежната мафија, со ваквиот ДУП Богоев се обидува криминалот да го протне во легална форма!Впрочем, доколку Богоев навистина е транспарентен и излегол во пресрет на барањата на населението, како што потенцира во неговите изјави, зошто два месеци нема одговор на 11 барања кои ги достави советникот на Левица во име на 450 жители на Трнодол, Козле и Жданец?Жителите од Трнодол кои се мобилизираат против лукративните политики на СДСМ не се ниту насилници, ниту извршувачи на туѓи политики – туку искрени поединци кои не се откажуваат пред насилството, провокациите и лажните вести на ваквата анти-демократска владејачка гарнитура. Впрочем, обичниот човек секојдневно е изложен на насилството од социјалната немаштија, легализираниот криминал и загадениот воздух предизвикани од политичките елити кои – целосно отуѓени од народот – не избираат средства и методи да го приватизираат и последното парче јавен простор, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

remenski-ojo

Митевски: Ременски собраниски документ никако не смеела да носи дома

Во вечерашната емисија „Што не е јасно“, екс директорот на УБК, Горан Митевски зборуваше за вчерашната изјава на пратеничката Фросина Ременски, при што рече дека таа ги користи сите можни дозволени и недозволени средства само за да се одбрани и дека документот кој е најден во нејзиниот стан е строго доверлив кој не смее да го носи со себе.Кога е некој обвинет ги користи сите можни дозволени и недозволени средства за да се одбрани. Нејзфросина ременские се превземени против него, туку дека е собраниски документ кој таа не смеела да го носи дома, а по откривањето на тој документ во нејзиниот стан тој документ сега добива на јавност, а таа тврди дека има поднесено кривична пријава во врска со целата акција односно со содржината на самиот документ кој се спомнува, истакна Митевски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Заев врши притисок врз Уставниот суд за да си обезбеди амнестија

ФБ статус на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на својот профил напиша:Добивам повеќе неформални информации дека луѓе пратени од Зоран Заев, преку свои канали се јавуваат, вршат притисок и насочуваат точката која се однесува на оценка за уставноста на амнестијата која беше актуелна пред извесен период да се стави за точка на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд. Воедно, ќе потсетам дека Претседателот на Уставниот суд е избран на должноста во периодот додека Зоран Заев е премиер, а можете да претпоставите дека оваа игра е по нивна мерка. Дали одбивањето на СДСМ да гласа за автентично толкување на членови од Законот за амнестија кое самите го предложија, е увертира во игранките за идна амнестија? Бидејќи играњето дупло, не е моја игра, сакам да бидеме на јасно, Зоран Заев е единствениот актуелен политичар кој беше амнестиран, но очигледно е и главниот кој е заинтересиран за некоја идна амнестија поради актуелните афери, што би му ја испорачал Пендаровски. Меѓудругото, Заев сѐ уште молчи за мојот предлог да има забрана за амнестија на политичари и амнестирани лица да не се занимаваат со политика. Молкот кажува дека Заев е лично засегнат и од двата предлога.Како држава нема успех кога луѓе пратени од Власта диктираат одлуки на судот.Притисоците врз Уставниот суд, со потпис на Заев нема да овозможат амнестија која ќе ја попречи правдата за криминалците. Тоа треба да го знае секој, сега и во иднина. Компромиси со правдата нема да има. А власта која мисли дека може да ја изигра, многу брзо ќе се соочи со одговорност за кршењето на законите, напиша Мицкоски на ФБ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1413249562183832Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

strajk

Синдикат на културата во вторник започнува штрајк

Синдикат на културата соопштува дека во вторник (24.12.2019) започнува со штрајк.-Информираме дека СКРМ започнува со штрајк на 24.12.2019 година заради непотпишување на колективен договор кој го очекуваме деценија и половина. Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече вчера, на 18.12.2019 г. Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка, се наведува во соопштението.Од СКРМ додаваат дека штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар.-Штрајкот е со предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања. Ги повикуваме сите вработени да ни се приклучат, а директорите на институциите да застанат во одбрана и поддршка на нашата борба за остварување на нашите работнички права. Културата е темелна вредност на секоја држава и таа не смее да биде маргинализирана, игнорирана и понижена, се наведува во соопштението.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

milenko

(ФОТО) Миленко на билборд - влегува ли во политика?

Дали Миленко Неделковски најавува политичка партија? Тој на својт ФБ профил објави фотографија од билборд во Скопје и напиша:-Да видиме политичката и демократската култура и толеранција на партиите, колку долго ќе го истолерира билбордов ваков, а не уништен или исчкртан? https://www.facebook.com/MilenkoNedelkovskiDnevnik/photos/a.919792114704479/3263389470344720/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

zagaduva-skopje

Реакција на Fridays For Future за бојкот на настава

Fridays For Future Skopje со неверување ги прими информациите дека директорите на средните училишта вршат притисок врз учениците да не ја бојкотираат наставата во петок како што најавија, и да не учествуваат во Маршот за нашите животи, организиран од нашето движење и над 30 сојузници во коалицијата Зелен Фронт. Додека во остатокот од Европа, образовните институции ги охрабруваат младите да учествуваат во климатските штрајкови во петок, на тој начин развивајќи ја свеста за климатските промени, кај нас ниту еколошката вонредна состојба и незапаметената криза со аерозагадувањето не е доволна причина кадарот да се солидаризира со нивните деца, чиј единствен грев е што бараат да дишат чист воздух.Ова однесување на директорите е срамно. Не сакаме да шпекулираме дали тоа е резултат на личен простотилак или партиски инструкции, меѓутоа без сомнение е само уште една индикација за тоа колку е расипан образовниот систем во Македонија, каде приоритетите во развивањето на личноста се целосно испревртени. Ги повикуваме младите да не потклекнат под овие закани. За исполнување на обврските потребно е да бидат исполнети правата, а чиста животна средина е ваше основно човеково право. Вие сте надежта дека оваа држава конечно некогаш ќе профункционира, а Маршот во петок во 17 часот пред Министерството за животна средина е за вас и за вашата иднина. Вие сте тие кои ќе ја донесат Зелената револуција која ни е толку потребна. Канализирајте го вашиот младешки револт заедно со нас утре, и изборете се за вашите права. Fridays For Future Skopje е на располагање во секое време да ви помогне на било кој начин во таа борба. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kasarna

(ФОТО) Со автомобил го проби ѕидот на тетовската касарна

Дваесет и тригодишник од тетовското село Вејце утринава изгубил контрола врз своето возило по што удрил во ѕидот од касарната во Тетово. Нема повредени, no урнат е дел од ѕидот.Дали станува збор за алкохолизиран возач кој се занел или пак можеби на возачот му се слошило, засега нема информации.фото: вечер.мк

Македонија | пред 6 години

gumi

(ФОТО) Фатени лица кои палеа гуми на кејот на Вардар

Дежурните екипи на Инспекторатот на град Скопје заедно со МВР  ги лоцираа и фатија лицата кои вршеа спалување на гуми. Од истите се обезбедени податоци и кон нив ќе биде поведена прекршочна постапка од страна на Инспекторатот на град Скопје како и од МВР.https://www.facebook.com/inspektoratgradskopje/posts/2527544834195946фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

Studentski-dom-K.J.-Pitu-Skopje

Со нов заем ќе се градат системи за наводнување и енергетски ефикасни студентски домови

Договори за Програма за наводнување на Македонија и за Проект за енергетска ефикасност на студентски домови ќе бидат потпишани денеска во Министерството за финансии.На настанот ќе се обратат министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Секторот за енергија и транспорт на КфВ за Југоисточна Европа и Турција, Пабло Обрадор, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф.Реконструкцијата на седумте државни студентски домови ширум земјава се очекува да заврши во 2024 година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Стружани излетале од патот кај село Врбјани, три лица пренесени во болницата „Свети Еразмо“

На 18.12.2019 во 20.20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с.Врбјани, патничко возило „опел синтра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Е.З.(53) и А.З.(29), двајцата од Струга, а со телесни повреди сездобила А.С., по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ - Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.фото: Архива

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања