Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

pajak-11

За една недела отстранети 278 непрописно паркирани возила од jавните површини

Во текот на изминатата недела (12.12 - 18.12.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 278 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 38 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 240 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  446 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 38 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

avion-1

(ВИДЕО) Уапсена тинејџерка, украла авион па се забила во ограда

17-годишна девојка била уапсена откако влегла во мал авион на аеродром во централна Калифорнија и со него се забила во оградата. Ниту еден патнички авион не бил во опасност од инцидентот што се случи на меѓународниот аеродром Јосемити во градот Фресно.Според полицијата се уште се испитува зошто девојката го украла авионот, но нема индиции дека нејзините мотиви се поврзани со тероризам.https://twitter.com/troycpope/status/1207419231068925953?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1207419231068925953&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fworld%2Fvideo-tinejdzherka-uapsena-otkako-ukrala-avion%2Fфото: МП

Свет | пред 6 години

moj-ddv

Доделени првите 30 награди од МојДДВ #МојаНаграда, 60 проценти повеќе скенирани сметки

Во наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега учествуваат 110 илјади граѓани и се доделените првите 30 награди, при што за трипати се зголемени бројките за скенирани сметки, наплатата на ДДВ и на корисниците на мобилната апликација, објави министерката за финасии Нина Ангеловска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.Ангеловска истакнува дека за само три дена се скенирани над 60 проценти повеќе сметки на дневно ниво, зголемена е наплатата на ДДВ за 15 проценти, како и дека има трипати повеќе нови корисници на мобилната апликација.За само три дена, наградната игра МојДДВ #МојаНаграда успеа да ги триплира бројките:✔️ скенирани над 60% повеќе сметки на дневно ниво споредено со просекот пред почетокот на играта (од 260К на 400К на ден во просек)✔️ зголемена наплата на ДДВ за 15%, споредено со просекот пред почетокот.✔️ 3 пати повеќе нови корисници на мобилната апликација на дневно нивоВо наградната игра до сега учествуваат околу 110 000 граѓани, а во првите три дена доделени се и првите 30 награди!🎁Како да учествувате и каде да ги најдете резултатите?➡️Заследете ги профилите на МојДДВ #МојаНаграда и информирајте се.Заедно во борбата против сивата економија!🇲🇰https://www.facebook.com/mojddvmojanagrada/photos/a.105694250932190/109306853904263/?type=3&theaterЗа наградната игра раѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ. Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди.На дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе се добива веднаш по скенирање на сметката, а граѓаните средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.На месечно ниво предвидено е доделување 15 награди по 100.000 денари. Ќе учествуваат фискални сметки во периодот на еден месец од едно до друго извлекување. Нема да учествуваат фискални сметки што веќе биле добитни на дневна награда. Датумите на извлекување се веќе објавени, а првото ќе стартува на 4 јануари, веднаш по лото извлекувањето што се емитува на Канал 5 телевизија.Доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе се одвива во посебни емисии на 18 март и 19 декември 2020 година.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Наградата „Мито Хаџи Василев – Јасмин” нема да се додели, ниту еден новинар не ги добил потребните гласови

Државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството годинава нема да се додели, бидејќи ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број на гласови. Наградата се се доделува од 1969 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Годинава требаше да се прослави златен јубилеј. Наградата се доделува на 21 декември – денот на раѓање на Мито Хаџи Василев -Јасмин, политичар и новинар, кој во своето време бил сметан за прво перо на македонските новинарство и публицистика.Од  Министерството за култура информираат дека одборот за доделување на наградата во согласност со Законот за државните награди, на седницата одржана на 26 ноември годинава, донел одлука државната награда годинава да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати.„Одборот одлучи како во точка 1 од оваа Одлука со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2019 година.Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија”, се вели во соопштението.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

nevrabotuvawe

Економист: Македонија трета во светот за 2018 со невработени млади

Економист ги објави 10 те земји со најголема стапка на невработени млади за 2018 год, на воздраст од 15 до 24 години. Македонија на оваа листа се најде на високото трето место. Пред нас се само Јужна Африка која има 52,9 % неваботени млади, после неа доаѓа Босна и Херцеговина со 46,7 %, па Македонија со 44,7 %. Зад нас е Намбија со 44,4%. 

Македонија | пред 6 години

zagaduvanje

ВМРО ДПМНЕ: Заев наместо за здравјето на граѓаните се  грижи за профитот  на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфури и обоен текстил

Скопје се гуши. Македонија тоне во смог. Зоран Заев наместо за здравјето на граѓаните се  грижи за профитот  на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики. Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички е и до 15 пати над дозволеното, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Тетово и Кавадарци тонат во загаден воздух, а граѓаните ги полнат болниците.Со цел превентивна заштита на граѓаните. Потребна е итна имплементација на следните три мерки:Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП додека загадувањето не се намали и состојбата со загадениот воздух нормализира;Инспекциски надзор и затворање на погоните кои загадуваат;Ослободување од работа на луѓе над 60 години, хронично болни и трудници.Овие мерки Зоран Заев и Петре Шилегов веднаш да ги прифатат. Неспособноста нивна и игнорантскиот однос не донесе до тука. Потребно е итно делување.Суштински мерки и проекти за справување со загадувањето ќе има по 12 април, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ  ќе се зафати со систематско решавање на проблемот со загадувањето,  се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

baba

Мајка и ја оставила како бебе, живее со баба и и има само една желба - ДА ЈАДЕ

Девојчето и нејзината баба живеат од социјална помош, која изнесува 510 динари месечно Како што велат, живеат од 6000 динари социјална помош годинишно или 510 српски динари месечно. Кога имала само три ипол месеци, старателството над Ена го преземала нејзината баба. Живее во мала куќа во центарот на Грачиница и се снаоѓаат како што можат, објави hastag.mkИако Ена е и понатаму само дете, животот веднаш и „покажа заби“ и ја натера на борба.Баба и Хавка, која е нејзиниот борец, херој, мајка и татко, вели дека е и е многу тешко кога нејзината внука вели дека треба да оди на екскурзија, а таа нема да и даде пари.„Тогаш позајмувам и размислувам од каде да ги вратам“ - вели бабата.Малото девојче вели дека нема големи желби, туку дека би сакало само да јаде.Оваа потресна приказна која ја сподели Нова БХ, може да ја погледнете на линков.извор: hastag.mk

Свет | пред 6 години

tramp

Претставничкиот дом изгласа импичмент за Трамп, ќе следи ли и отповикување од функцијата?

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп, а процесот продолжува во Сенатот кој треба да реши дали да го обвини и да го отповика од функцијата.На самиот почеток на конгресот, републиканците се обидоа да го запрат процесот и да ја одложат седницата, но безуспешно. По партиски линии пропадна и обидот на републиканците преку усвојување резолуција  да ги осудат постапките на претседателите на конгресните комисии од демократската партија, за начинот на кој ја спровеле истрагата, која доведе до денешната седница.Претходно, како што и вообичаено тоа го прави, Доналд Трамп преку твитер и користење големи букви, го изрази својот бес од процедурата на импичмент во Конгресот.“Дали ви се верува дека денеска ќе ми биде изгласан импичмент од страна на радикалната левица, неспособните демократи а јас не направив ништо погрешно” – напиша Трамп.Инаку досега на само двајца претседатели на САД, Ендрју Џонсон и Бил Клинтон досега им бил изгласан импичмент, но ниту еден од нив не бил осуден од Сенатот.фото: Архива

Свет | пред 6 години

sv-nikola

За многу години Свети Никола Чудотворец

Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат св. Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености.Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромавите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светец. Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале.На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.Во некои краеви се одржал обичајот да им се подаруваат подароци на децата бидејќи Свети Никола е нивен заштитник. Затоа, израдувајте ги денеска децата со некаков ситен подарок. Тие ќе бидат среќни, а вам ќе ви биде убаво, како што наложува народната традиција.Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства вечерва и утреве­чер со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

joci-111

Зошто за ЗНМ сајт со посетеност од 225.000 луѓе за година и пол не е подобен?

Фб статус на новинарката Јорданка Иваноска Јоц:Да ги поздравам со бројкиве, ЗНМ и Советот за етика, за кои ете мојот сајт не е подобен за регистарот на професионални медиуми.Пазете, со посетеност од 🔴 225.000 луѓе за година и пол, 🔴 1,3 милиони отворања на текстови (и тоа не штанцам се' е сешто), 🔴 525.000 сесии, јас не им парирам на нивните критериуми ⁉️ Бројкиве се официјални, од ,,Гугл аналитикс".И овие бројки се без агрегатите тајм.мк и грид.мк, каде ме нема, а кои билдаат читаност макар напишале и дека магаре научило да лета.А, сум еден човек, притоа немам НИЕДНА поплака за ,,фејк њуз", ,,говор на омраза" или ,,клевета", а во најголем дел имам авторски коментаторски текстовиСaкам да им кажам дека создале такви булшитовски критериуми, кои, во светот никогаш не би поминале. Бидејќи, во светот медиуми водат јавни личности, авторитети, коментатори, блогери, а не само новинари, кои, извинете - ама во земјава во најголем дел ги бива само да лапаат по коктели.А, мојот сајт не е подобен поради административни бариери, не за друго. Ставиле на листата сајтови кои шират ,,фејк њуз", но јас не можам да завршам на листата во ниеден случај, пошто таму некоја баба ваљда која удира печати во архива, бара 2 бироа и едно пет персонални компјутери за ,,професионалност"!?Јебал ве регистар.Ај, сега, да си направите втора листа за нас кои сме влијателни во општеството, а работиме 24/7, сами ❤❤❤Поентата беше да спречите аномалии, да кренете етика, а не да кревате продажба на бироа и столици за некој да стави нозе и толку.Публиката не чита регистри. Тоа веќе знаете, напиша Јоци на својот профил на Фб. 

Македонија | пред 6 години

jahta

(ВИДЕО) Луксузна јахта удри сруши дел од мост удирајќи во пристаниште на карипски остров

Скапоцена јахта сруши дел од мост, но никој не е повреден.  Суперјахтата „Екстази“, која е висока 282 метри и вреди меѓу 75 и 120 милиони долари, удри во кабината за надзор на морски сообраќај. Јахтата, која некогаш му припаѓала на рускиот милијардер Роман Абрамович, снимена е како удира во пристанишниот мост на нејзиниот пат кон лагуната Симсон Беј при што соборила една од неговите контролни кабини, пренесе агенцијата „Танјуг“.Според првичните сознанија, силниот ветер предизвикал капетанот на бродот да загуби контрола откако јахтата пристигнала во заливот во неделата попладне.Во инцидентот, за среќа, никој не е повреден.Британски „Метро“ соопшти дека јахтата вреди 57 милиони фунти, а во 2009 Абрамович ја продал на принцот престолонаследник од Абу Даби, Мухамед бин Зајед ел Нахјан, а тој, пак, на пакистанскиот магнат Алшаир Фијаз во 2014 година.https://twitter.com/ActualidadRT/status/1206912677211033600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1206912677211033600&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25bb%25d1%2583%25d0%25ba%25d1%2581%25d1%2583%25d0%25b7%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2598%25d0%25b0%25d1%2585%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0%25d1%2580%25d0%25b4%25d0%25b5%25d1%2580-%25d1%2583%25d0%25b4%2Fфото: Telegraf 

Магазин | пред 6 години

Zagaduvanje-2

Владата издвои 741.000.000 денари за замена на загадувачки системи за греење во јавните објекти и во домаќинствата

На оваа седница се усвоени измени во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, според која се издвојуваат 741.000.000 денари за замена на загадувачки системи за греење во јавните објекти и во домаќинствата, како и за опрема за енергетска ефикасност и создавање на нови зелени урбани површини.Од овие средства, 620.00.000 денари ќе им бидат префрлени на општините во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, со што се овозможува втората фаза од проектот за замена на грејните тела на фосилни загадувачки горива, со високоефикасни инврертер клими за 10.000 домаќинства.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

001

Државата преку НЕР го докапитализира својот удел во ГА-МА

Владата на Република Северна Македонија, во рамките на продолжението на работата на 171 редовна седница, денеска ја усвои Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година за купување на делот на ГА-МА АД Скопје.Со оваа одлука средствата од Буџетот за 2019 година, во висина од 1.930.000.000 денари ќе бидат уплатени на буџетот на посебна наменска сметка на Национални енергетски ресурси АД (НЕР АД), за да се искористат исклучиво за намената, односно за докапитализација на сопственоста на ГА-МА АД, како компанија, која согласно регулативата на ЕУ, ќе биде увозник на гас во нашата земја.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kiracoski

Комисиската расправа по измените во Изборниот законик не се одржа, не биле преведени над 4000 амандмани

Амандманската расправа за една изборна единица, откажана. Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски,кажа дека амандманската расправа не може да почне, бидејќи не се преведени сите амандмани поднесени на Предлог-законот.Вели дека од 6000 амандамни не биле преведени речиси 4000 и не биле поставени на електронскиот систем на собранието, но за да не се губело време преку јавна расправа тие ќе ги убедувале ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандамните.„Се надевам дека на оваа јавна расправа ќе дојдат и пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ и ќе имаме конструктивна дебата и можност самите да се уверат од потребата за носење на овие законски решенија. Постои простор низ разговор да проработи свеста кај нив и да ги повлечат амандманите“, додаде Кирацовски.Во меѓувреме кажа дека на 25 декември ќе закаже јавна расправа за менување на Изборниот законик со цел, како што кажа, да се презентираат аргументите и да се разубедат они што се против.Кирацовски оцени дека целта на подносителите на илјадниците амандмани е да го блокираат целиот процес.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Функционерите на ДУИ ја расцветуваат корупцијата

Фактот дека државните институции, како што се министерствата и царините, се вклучени меѓу најкорумпираните во земјата, укажува дека работите во земјата не се одвиваат како што треба.  Оваа влада не само што сведочи за нивните неуспеси, туку и сведочи за последиците што ќе ги остават по нивното заминување. Кога заменик-министерот за здравство се вклучи во корупциски скандал, не може да не се очекува Министерството за здравство да се рангира меѓу најкорумпираните во земјата. Кога оваа влада му дозволи на истиот поранешен заменик министер, Асим Муса, да помине без никаква пресуда за кривично дело како што е примање мито, истиот е вработен на Клиниката за урологија значи дека со ваквото постапување корупцијата ќе продолжи, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Нема шанси цариниците да не бидат меѓу најкорумпираните, кога неодамна беа вмешани во скандал со пратеникот Артан Груби кршејќи ги сите правила на Кодексот за однесување.Не е можно Министерството за Внатрешни Работи да не се наведи како една од најкорумпираните кога за многу краток временски период беа поднесени повеќе од 1000 иницијативи за сомнителни корупциски афери.Овој ланец на корупција и злоупотреба на службената должност продолжува и во Министерството за Труд и Социјална Политика и истиот не завршува тука, истражувањата покажуваат дека корупцијата цвета во многу други државни институции и не се преземаат сериозни мерки.Алијанса за Албанците смета дека подигнувањето на човековата свест за случаите на корупција треба да се направи со подобрување на Законот за заштита на укажувачите, како и со подигање на свеста за последиците од корупцијата, така што повеќе да не се смета како награда за извршената работа, туку сериозна злоупотреба на службената позиција.Корупцијата е многу сложена област, а не казнувањето на високи функционери не само што поттикнува корупција на пониско ниво, туку е и индикатор за недостиг на правдата во земјата.Граѓаните заслужуваат да бидат вработени врз основа на нивните вештини и способности, а не врз парите што тие треба да ги дадат, додека пак услугите што ги добиваат од јавни и приватни институции, да ги добијат во рамките на законот, заради тоа Алијансата за Албанците бара од надлежните органи да преземат итни и конкретни мерки за нивно спречување. Инаку прикривање на случаите на корупција, нивната оправданост и несоодветно казнување ќе прави корупцијата во земјата да расте се повеќе, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 6 години

DSC_6444

Во Битола се чествуваше патронот на градот Св. Нектариј Битолски

Со свечена литургија посветена на Свети Нектариј Битолски,  утринава започна одбележувањето на патронот на градот. На литургијата присуствуваше градоначалничкат ана Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола и голем број верници храмот Свети Великомаченик Димитриј во Битола.По литургијата, се одржа литија, а поворката тргна од црквата Свети Великомаченик Димитриј, движејќи се по улицата „Кирил и Методиј“, покрај НУУБ „Свети Климент Охридски“, до хотел „Епинал“, а продолжи низ „Широк Сокак“ враќајќи се до црквата Свети Великомаченик Димитриј.Точно на пладне, градоначалничката имаше средба со Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – Новозеландски Господин Петар. На средбата, тие разговараа за теми од општествениот живот, кои имаат заеднички допирни точки и за иоптината и за црквата.

Македонија | пред 6 години

pino

Сведок на судењето за убиството на Пино: Фуркан рече „убивме човек“,а Ангела потврди

Во исказ пред судот за случајот со убиството на Пино Секондо сведокот Анета Георгиева рече дека во декември 2018 година, Фуркан и Ангела дошле кај неа во 6 часот наутро.По одредено време, Фуркан Али и рекол дека убиле човек, Анета ја погледнала Ангела на што таа само потврдила. Ги прашала дали се сериозни на што одговориле „да“.-Дојдоа кај мене во 6 часот утрото, Фуркан Али и Ангела а јас се разлутив што ме будат толку рано. По одредено време, Фуркан ми рече: Убивме човек.Ја погледнав Ангела, а таа потврди. Ги прашав дали се озбилни а тие рекоа да и ја сменија темата-раскажал сведокот Анета, посочувајќи дека  Ангела и Фуркан биле дечко и девојка и дека не делувале воопшто потресени кога биле кај неа.Пред Георгиева, за случајот со убиството на Пино сведочел Рамиз Али. Тоа што тој го кажал како сведок е дека бил до Синѓелик да го собере Фуркан со девојка и дека под скалите во неговиот дом Фуркан нашол јакна под која било оставено оружје, но не можел да се сети на ликот на девојката која во тој момент била со Фуркан.Ангела, како сочесничка на Фуркан негира дека е виновна .фото: Архива

Македонија | пред 6 години

micko-1

Мицкоски: „Не бев поканет и затоа не присуствував на обраќањето на Пендаровски.и - Неканет гостин е недобредојден гостин“

Неканет гостин е недобредојден гостин. Не бев поканет ниту на инагуарацијата, а не бев поканет ниту на ова годишно обраќање на господинот Пендаровски, бидејќи првиот пат беше протоколот грешка, а сега ќе слушнеме претпоставувам нешто слично без да има никаква одговорност, истакна претседателот од ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање зошто не присуствувал на годишното обраќање на претседателот Пендаровски.Мицкоски додаде: Така што лицемерието е на максимум, едно се зборовите, едно е реториката, она што го слушнавме може да кажам дека е една бледа копија на она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го зборуваме, но испораката за жал ја нема. На кратко не бев поканет и затоа не присуствував на обраќањето на господинот Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Гостиварец под истрага за трговија со марихуана и кокаин

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.На 10 декември полициски службеници се обиделе да извршат личен претрес на осомничениот 22-годишен гостиварец, но тој се дал во бегство. Притоа во дворот на една куќа фрлил машка чанта во која се наоѓале 32 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 36,39 грама и едно пакување кокаин со нето маса од 0,17 грама. Дрогата веднаш била подигната од страна на полициските службеници, додека лицето било лишено од слобода на 17 декември.Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

micko-1

(ВИДЕО) Мицкоски: Власта ја дефокусира јавноста за да се скријат реалните криминални афери кои го разјадуваат нашето општество

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција говореше за неколку афери и скандали за кои власта, а пред се, како што рече, инструираното обвинителство молчат. Кога по три години власт и криминализирање на целокупното општествено ткиво, премиерот ќе ви рече “мора да има правна држава”, тогаш секој еден човек знае дека се работи за обично лицемерие, оценува Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.-Уште  поголемо лицемерие е кога тој човек ќе каже по цели три години власт дека мора да се испита имотот на судиите и обвинителите, и нема да помине ден потоа ќе го смени истиот тој ставот, и ќе каже требало да се прочистат само неколку обвинители и судии. И тука има два логични заклучоци. Првиот е прашањето, кој го спречуваше тоа да го направи до сега, имајќи во предвид дека апсолутната власт е токму во рацете на Заев? Значи одговорот е јасен и се работи за несакање,  и вториот  заклучок, зошто само да има проверка на имот на судиите и обвинителите, а не на изворот на корупција во оваа држава, политичарите и носителите на јавни и државни функции заедно со нивните семејства. Впрочем сеопфатна проверка и испитување на потеклото на имот беше моја иницијатива и предлог, каде политичарите и нивните семејства нема да бидат иземени како и останатите функционери од таквата проверка. Но целта на оваа прес конференција не ми е да го коментирам Заев, впрочем секој ден има демант на неговите ставови и политики: било да е тоа Извештајот на UNDP за нерамномерен развој или она на „Економист“ дека сме меѓу десетте земји со најголема невработеност кај младите. Денес целта ми е да обрнам внимание на дефокусирањето од страна на власта на реалните криминални афери кои го разјадуваат нашето општество и не прават земја во врвот по корупција во Европа, рече тој.-Сеењето на магла и фрлањето на пердуви кои треба да задоволат ниски страсти во политиката со цел да се разводени и заборави вистинската улога на главните во криминалниот октопод, и да се оправда Заев кој е дел од таа стратегија.  Впрочем тие одат по принципот сите се виновни, само Зоран Заев е чесниот, па колку и тоа да звучи парадоксално сакаат преку скапите кампањи да не убедуваат дека тоа е таа вистинска вистина. И токму затоа еве после 5 месеци е совршено јасно зошто Власта на Зоран Заев го загуби интересот за носење на закон за независно обвинителство и кому му беше интерес обвинителството да остане под политичката капа на Зоран Заев. Практично им требаше ова обвинителство и не сакаа закон за тоа обвинителство да се смени, за да имаме неказнет криминал, а јас го говорев ова тогаш и го повторувам сега-власта нема интерес за закон за обвинителство, затоа што сите овие афери кои се случуваат во низа сакаат да останат несанкционирани. Ќе наведам неколку примери на афери каде се запоставуваат главните прашања, а од обвинителството нема никаква реакција. Започнувам од првата афера, а тоа е аферата Рекет 1. Никој во оваа држава не смета дека криминалот и рекет од 8 милиони евра е можен од само двајца, до тројца луѓе особено ако се знае дека цел државен врв беше во организацијата на Бојан Јовановски. Но нив ги нема на обвинителната клупа. Воедно, нема никаква постапка и не се испитува улогата на поранешниот генерален секретар Кирацовски кој беше споменуван во овој случај, а постојано се плетка истрага против Ременски, која за разлика од сите останатите има вип влез и излез од обвинителството. Освен ова, како што пренесоа дел од медиумите, во исказите на сега веќе осудениот за Рекет, наводно се говори дека прецизно е посочено дека Бојан Јовановски станал посебно нервозен откако добил информација од владата дека е пријавен од страна на бизнисменот, од страна на лицето кое што е веќе осудено за случајот Рекет. Тоа потврдува дека владата, и тоа од највисокиот врв биле во тесна комуникација со првообвинетиот Јовановски. Кој е тој кој може да даде таква информација? Би сакал исто така да го повторам сведочењето на Бојан Јовановски којшто велеше дека доколку се прегледаат камерите од видео надзорот од неговата куќа јасно ќе се види кое е лицето кое ја изнесува торбата од неговиот семеен дом. Понатаму, медиумите пренесоа дека во истрагата се споменува и дејствие со кое првоосомничениот сакал да издејствува од одредени кругови финансиски средства со цел да биде ставено одредено лице за прв човек на голема компанија каде државата има удел. Таква постапка е само возможна доколку некој од Владата вети дека ќе помогне за такво именување. Ова само отвора сомнеж дека грбот на Бојан Јовановски се наоѓа во зградата на Илинденска. Каде е Зоран Заев во овој случај  да даде исказ и дали воошто се зборува за овој случај, прашува Мицкоски.Тој посочи уште едно неодговорено прашање, за поврзаноста на владин министер со Боки 13.-Уште едно неодговорено прашање е зашто првиот човек на македонското здравство Венко Филипче договарал партнерство за болници со шоумен како Бојан Јовановски во неговиот дом, и што барала и што договарала министерка од владата во домот на Бојан Јовановски по покренување на официјалната истрага. Обвинителството молчи за рекетиран угостител од Охрид, за луѓе од Битолско на кое им биле нудени бизнис понуди, меѓу другото од посредници од власта. Освен аферата Рекет 1,  тука е и аферата Рекет 2, за која сеуште нема обвинение. Бизнисмен со име и презиме посведочи дека му бил баран поткуп од власта, од Фондот за здравство, а осудено лице од Рекет 1 еден е омилениот лик за матни трансфери и во Рекет 2. Воедно пипците на оваа афера одат и до Струмица, а таа улога треба допрва треба да биде расветлена. Да не се заборави и аферата Вирус, каде Владата исто како и обвинителството е без одговор. Бизнисмен вели дека посредник пратен од поранешниот директор на Агенцијата за лекови  барал мито за да тргува со одреден лек. Нема никаква истрага, а уште помалку обвинение за овој случај. Аферата Инсулин открива дека е уништен инсулин вреден илјадници евра чиј рок на траење не е истечен. Министерството и Филипче тврдат дека бил со сомнително потеклото, но тогаш ако е тоа така каде е постапката за одговорност кон тие кои го набавиле, и нели тоа е прикривање и противправно дејство ако сето тоа е вистина. Или пак не ја говорат вистината како и за се друго. Потоа нема одговор ниту која државна институција констатирала дека е сомнителен инсулинот, што укажува дека не е сомнителен инсулинот, туку сомнителен е министерот Филипче кој нема афера каде што е Заев, а да не е тој вториот партнер во нејзе. Инсулинот го нема, ама нема ниту истрага на обвинителството. Аферата со централата ТЕ-ТО, открива сомнеж дека преку бизнис-политичко-судска шема е направен обрт од црни 200 милиони евра, преку руски тајкун во кој оштетена е и државата и акционерите, а со тоа се разбира посредно и граѓаните. Фиктивен стечај преку кој се исмпумпувани милиони, а сомнежот оди до првите луѓе на владата, а за тоа нема никаква реакција ниту од владата, ниту пак од обвинителството. И нема да продолжам за илјадниците претходно отворени и дознаени афери за кој нема никаков епилог, за набавката на хеликоптерите, за Леонардо и за системот за навигација, за пратеникот со недозволена супстанца, за градоначалникот насилник, градоначалникот снимач, за градоначалникот трговец преку граничен со недозволени материјали, за случајот со прислушкуваното обвинителство кој се заборави. Реакција нема затоа што се работи за едно исто тело, за брак помеѓу мафијата, власта и дел од судско обвинителската фела. Оваа власт освен тоа што е извор на криминал, е главна пречка за правдата и затоа се блокираат истрагите за десетици афери, за да не се дознае улогата на првите луѓе на владата. Ваквото бегање од одговори е и аларм дека им се ближи крајот, и дека ова се очајни обиди да се одбегне одговорност. Ако Зоран Заев сака правна држава, тогаш правната држава налага одговорност за Рекет 1, Рекет 2, Инсулин, Вирус, 200 милиони евра криминал и сите останати афери. И затоа треба јавноста да се фокусира кон прашањата од кои бега власта, затоа што таму е вистината, а вистината иако е болна за власта убеден сум дека ќе се дознае, а по дознавањето мора да има одговорност, зашто што без одговорност нема правда. Обновата ќе дојде и тоа ќе значи надеж, и апсолутна, безусловна правда за секого, порача Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

ohridski-region

Наскоро релевантни податоци за квалитетот на воздухот во Охрид

Во врска со зачестените јавувања од граѓани за зголеменото загадување на воздухот во Охрид, а чии сознанија се резултат на следење на апликацијата мој воздух и други нерелевантни извори, државниот инспекторат за животна средина достави известување за јавноста за состојбата на воздухот во Охрид. EU INTERREG, BALKANMED PROGRAMMEПРОЕКТ: Поттикнување на ефикасност на ресурсите и отпорноост на климатските промени на заедницата базирани на квалитетот на воздухот преку Интернет работиОсновната цел на проектот е да се поттикне одржливиот развој и да се ублажат климатските промени во регионот, преку заеднички мерки за соработка и пренесување на искуството помеѓу шесте партнери на проектот од пет земји на Балкан-Медитеран регионот, што е во директна корелација со целокупната цел на програмите.Проектот ќе им обезбеди во вид на препораки на националните и регионалните власти, соодветни мерки за намалување на концентрациите на партикуларните честички и азотните оксиди во воздухот. Неколку градови во програмската област не се подготвени целосно да ги исполнат спроведените стандарди на Европската Унија за партикуларни честички и азотни оксиди. Додека Европската Унија наметнува строги гранични вредности за партикуларните честички и азотните оксиди во воздухот, преку нејзината Директива 2008/50/EC, намалувањето на емисиите ќе стане премногу скапо и идното управување со емисиите ќе бара спроведување на иновативни и ефективни мерки за ублажување, засновани на трансфер на технологијата. Првата цел на проектот е да се одржи ефективен мрежен IoT-Интернет нешта мониторинг на воздухот и да се обезбеди во реално време, евтин пристап до податоците за квалитет на воздухот. Втората цел на проектот е да демонстрира методи за распределување на пилот извори кои овозможуваат стратегии за ублажување на загадувањето на воздухот навремено. Третата цел што се очекува да се постигне е намалување на загадувачките гасови со цел да се пристапи кон постигнување на соодветните национални стандарди за квалитет на амбиенталниот воздух. Проектот има за цел да им предложи и демонстрира на регионалните и националните креатори на политики иновативни и економични мерки што обезбедуваат подобар квалитет на воздухот во урбаните области. Една од основните задачи на проектот е да се поддржи јавната свест, така што политиките лесно ќе ги донесат граѓаните и деловните субјекти. Загадувањето на воздухот е главен проблем во животната средина, преку решавање на проблемот со заеднички мерки на сите засегнати страни, водени од технологијата, проектот ефективно ќе придонесе за постигнување на специфични програми за одржливи територии на програми преку транснационална соработка за ефикасност на ресурсите и ублажување на климатските промени.Во Охрид, системот се состои од 11 станични сензори за неофицијално и исклучиво индикативно мерење на квалитетот на воздухот во рамки на проектните активности и ќе ги мери најчестите загадувачи на воздухот (PM-партикуларни честички, CO-јаглероден моноксид, NO2-азотни оксиди и SO2-сулфурен диоскид) во реално време преку сензори. Секоја станица ќе испраќа информации за индикаторите до системот што ќе биде изграден на системите од типот „Отворени податоци“. По завршување на проектот станичните сензори ќе им бидат доделени на трајно користење на Општината Охрид, а проектот ќе послужи за планирање на потребата од станица во рамки на Државната Автоматска Мониторинг Мрежа за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирањеПокрај системот за мерни сензори и отворената платформа за податоци, во рамките на проектот е воведена и дополнителна пилот иницијатива во Охрид-поставување филтри на оџаците на индивидуални стамбени објекти во населбата Лескајца кои користат дрва, нафта, јаглен, пелети како енергенс за затоплување, со цел намалување на партикуларните честички преку нивно зафаќање во процент од околу 85-90%. По завршувањето на проектот, филтрите ќе бидат доделени на трајно користење на сопствениците кои се вклучија во пилот проектот, а за времетраењето на истиот ќе им биде доделен финансиски надомест за потрошувачката на електрична енергија согласно техничката спецификација за реална потрошувачка на истата.Во исто време, е развиена анализа за локацијата на сензорите и истите се поставени на 11 објекти од јавен интерес (општина, сала, училиште, гимназија, јавно претпријатие…) на целата територија на Општина Охрид која обезбеди соодветна логистичка поддршка и одобрение за поставување на истите, а ќе се развијат и дополнителни SWOT анализи, истражување за намалување на PM-партикуларните честички и NO2-азотни оксиди, а ќе биде организирана и регионална работилница за сите засегнати страни и други активности.Наскоро податоците ќе може да се следат преку Интернет страницата на ЕУ Проектот https://airthings-project.com/ и истите напоменуваме се неофицијални и индикативни и ќе служат исклучиво за потребите на проектните активности. Системот на станични сензори напоменуваме дека не е дел од Официјалната Државна Мрежа на Автоматски Мониторинг станици за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање кое беше вклучено единствено од советодавен аспект при изборот на микролокации кои би можеле во иднина да бидат потенцијални локации за официјална станица за квалитет на воздухот во рамки на државната мрежа. Исто така системот не е дел ниту од апликацијата Мој Воздух.Податоците од проектната мрежа во Општина Охрид единствено ќе може да се презентираат од страна на Државниот Инспекторат за животна средина кој е официјален партнер од македонска страна и Општината Охрид и нивно превземање и толкување од други субјекти или физички лица нема да биде дозволено во текот на целото времетраење на ЕУ Проектот до септември 2020 година. ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНАфото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бизнисмени се степаа во авион на летот Белград – Подгорица

Двајца црногорски бизнисмени се степале во авион на „Монтенегро ерлајнс“, кој летал од Белград до Подгорица. Тепачката се случила во бизнис класата на авионот на националната авио-компанија, по што персоналот ги сместил на различни делови во авионот. Тепачката не била пријавена во полиција.Од компанијата „Монтенегро ерлајс“ нема известување за инцидентот.Авионот на нивната компанија слетал на подгоричкиот аеродром синоќа околу 20 часот и 10 минути.Еден од бизнисмените е сопственик на компанијата „Нормал компани“.Фото: Архива

Свет | пред 6 години

Procistuvaci2

Основните училишта во Аеродром добија прочистувачи на воздух

Речиси сите основни училишта во Општина Аеродром добија прочистувачи на воздух.Станува збор за набавка на апарати за прочистување на воздухот како дел од активностите од Планот за чист воздух на Владата што се спроведуваат во рамките на борбата против аерозагадувањето.За Аеродром се донирани 38 прочистувачи на воздух за училниците во кои престојуваат деца со целодневна настава.Како дел од мерките, во вторникот во градинката „Буба Мара - Пчелка 2“ досегашниот нееколошки систем на греење на нафта беше заменет со високоефикасни инвертер-клими.Општина Аеродром и натаму останува посветена на ублажување на штетните последици од енормното загадување на воздухот.фото: Општина Аеродром

Скопје | пред 6 години

ilija-dimovski

Димовски: На Пендаровски многу покомотна улогата на портпарол на Владата и СДСМ, бидејќи во неговиот говор преовладуваа оправдувања за лошите владини политики

Пратеникот Илија Димовски во името на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ по обраќајнето на претседателот Стево Прече дека дека тој денеска ги продлабочи поделбите во општеството и уште еднаш потврди дека се уште не е излезен од чевлите на СДСМ."Денеска слушнавме многу празни зборови, но не слушнавме за конкретни активности на претседателот во изминатите 7 месеци. Слушнавме многу прогнози, но не слушнавме лек. На Пендаровски очигледно му е многу покомотна улогата на портпарол на Владата и СДСМ бидејќи во неговиот говор преовладуваа оправдувања за лошите владини политики.Со нашето присуство и коректниот однос за време на неговото обраќање ние пруживме рака за обединување, но разочарани сме од сето она што беше кажано" истакна Димовски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Foto

Пендаровски: Следната власт да спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, најпрво кај политичарите

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се обрати во Собранието на Република Северна Македонија.Претседателот посочи дека старите поделби по етничка и партиска линија не се надминати, а на дневна основа има и новите поделби.„Се додека се делиме по различни основи и ги дискриминираме поинаквите од нас, не можеме да зборуваме за напредок и да се дефинираме како прогресивно општество. При тоа, ниту една промена на подобро не се случила затоа што јавноста или средината биле подготвени за тоа, туку, затоа што некој активно работел за тие промени да се случат. Против предрасудите и стереотипите треба да се бориме сите, но, да не се лажеме, одговорноста да се биде во првите редови на таа борба лежи, пред се, врз нас, избраните политичари“, подвлече Претседателот, потенцирајќи дека од првите денови од мандатот се обидува да даде конкретен придонес во таа насока.Претседателот Пендаровски, нагласи дека негова главна цел била и останува, да биде независен, да биде претседател на сите, а не партиски послушник или апологет на некој транзициски олигарх. Пред него, рече, и пред сите стои огромна работа бидејќи поделбите меѓу граѓаните на кои некои работеа со години, се се уште длабоки.Во тој контекст, рече Претседателот, до крајот на годината, за прв пат во Кабинетот на еден Претседател, ќе бидат организирани серија средби на навивачките групи во кои се активни млади со различна етничка припадност, и на кои, ќе бидат присутни и неколку учесници и сведоци од конфликтот во 2001-та, кои, тогаш, биле на различни страни. Целта на Претседателот е на овие млади луѓе, преку директни примери да им се покаже цената на насилството и вредноста на дијалогот и дебатите и за најтешките прашања со кои сме соочени во нашата заедничка земја.Претседателот Пендаровски во своето обраќање, меѓу другото, се осврна и на Законот за јазиците, особено, по мислењето на Венецијанската комисија кое, за жал, рече, според старите и лоши навики е прочитано исклучиво преку политичка и етничка диоптрија. Тој потсети дека пред две години, како пратеник, во Комисијата за европски прашања аргументирал дека ниту една држава не се распаднала затоа што на своите граѓани им дала премногу права во областа на јазикот. Законот за јазици сигурно нема потенцијал да ја дестабилизира земјата, меѓутоа, ако велиме дека законите ги носиме заради граѓаните, чесно е да ги направиме сите неопходни корекции за тие навистина да заживеат.Како врв на лошите состојби во правосудниот систем, претседателот Пендаровски ја посочи тн. афера „Рекет“ во која меѓу обвинетите за тешки кривични дела се најде и првата личност на институцијата која беше формирана со една единствена цел - да ги гони криминалците.„Еден факт не зборува добро за отпорноста на нашиот правосуден систем од надворешни влијанија – безмалку три децении сме независна држава, а, ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен нема завршено зад решетки, а таму требаше да завршат многу повеќе од еден. Општа е перцепцијата кај граѓаните дека само сиромашните, и луѓето на маргини, без релација со некоја власт одговараат дури и за багателни кривични дела. Затоа и не треба да не чуди што голем дел од младите луѓе ги воспитуваат тн. реални шоуа, а нивните идоли не се чесните луѓе - домаќини, со образ и личен интегритет, туку, типови од криминалниот полусвет“, нагласи Претседателот, порачувајќи и на следната власт, веднаш по изборите да спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, најпрво, кај политичарите. За секого за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер треба веднаш да следи не оставка, туку кривична постапка.Претседателот Пендаровски ги нагласи и храбрите политички чекори на актуелната власт, која ги затвори политичките спорови со историска димензија со Бугарија и Грција.„Тоа можеа да го направат само политичари со визија и, тука, мислам на најодговорните во сите три држави во тие моменти. Вредноста на двата договори е што направивме компромис за да ја отвориме вратата на евроатлантските интеграции како предуслов за нашиот напредок, но, при тоа, не го компромитиравме најбитно за нас – идентитетот кој сега има и меѓународна верификација. Точно е дека во имплементацијата на договорот за добрососедство со Република Бугарија во последниве месеци е видливо забавување во работата на заедничката комисија составена од историчари. Во таа смисла, ние сме апсолутно подготвени да ги соочиме аргументите за одредени историски контроверзи поврзани со различните толкувања на еден ист настан или личност, исто така сме подготвени, за заеднички напори насочени кон деидеологизација на историјата, меѓутоа, правото да се идентификуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик било и ќе  биде надвор од било каква дебата, бидејќи тоа се одамна завршени историски процеси“, рече претседателот Пендаровски.Во контекст на актуелните регионални иницијативи, претседателот Пендаровски истакна дека тие во ниту еден случај не треба да бидат разбрани како замена за европските интеграции, туку само како инструмент за наше побрзо интегрирање во Европа.Во своето обраќање, претседателот посочи и на сериозната опасност за нашата сегашност и иднина, а тоа  е загадувањето на животната средина. Предложи тоа прашање да се извади од дневната политика и да се донесе натпартиска државна стратегија за ублажување на негативните ефекти од оваа појава која сериозно ги нарушува потенцијалите на нацијата.Претседателот ги повика релевантните политички субјекти, да седнат заедно и да донесат натпартиска стратегија, барем за ублажување на последиците од голготата на нашиот народ со иселувањето.При тоа, не како политичари, туку како обични луѓе, ние мора да се согласиме дека ако макар само еден единствен млад човек ја напушти државата, заради нашите политики, тоа не е трагедија само за неговото семејство, туку, објективно и за сите нас.Претседателот нагласи дека на пролет е исклучително важно да организираме фер и демократски избори.„Претстојните парламентарни избори, едноставно, не смеат да бидат под нивото на претседателските и тоа според двете суштински компоненти: прво, демократски амбиент со слободни медиуми и вработени во админстрацијата ослободени од притисоци и второ, политичка реторика и култура која го почитува противникот и ја честита победата на крајот на изборниот ден. Секој од нас има должност и одговорност, не реторички, туку практично, да покаже пред граѓаните дека изборната битка не е борба на живот и смрт. Сите сме биле во кампања и знаеме дека емоциите во тој период се на повисоко ниво, дека зборот понекогаш може да побегне, да не понесе еуфоричната атмосфера, меѓутоа, најважно е да не заборавиме дека по изборите и по завршувањето на мандатот ќе треба повторно да се погледнеме во очи, и затоа треба да го чуваме образот и да останеме луѓе до крај.  Сакам да ви ги честитам претстојните празници, а за 2020 година нема да ви посакам среќа на изборите, туку, само здравје и среќа за вас и вашите најблиски. Да сте сите живи и здрави и да ни е вечна нашата заедничка држава, Република Северна Македонија“, рече претседателот Пендаровски, во своето обраќање во Собранието на Република Северна Македонија.фото: Кабинет на претседател

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања