Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Пендаровски: Граѓанското помирување нема да се случи самото по себе, без конкретни платформи за дијалог

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се обраќа во Собранието на Република Северна Македонија.На почетокот, Претседателот потсети на неговото прво обраќање во Парламентот кога јавно се обврза на одговорно однесување, како што доликува на Претседател избран на директни и општи избори, со гласовите од сите етнички заедници. Тоа, како што рече, подразбира да биде достапен и еднакво близок до граѓаните, независно дали го гласале или не, и еднакво далеку од тесно-партиските интереси на политичките субјекти.„Граѓаните ќе ценат колку во првите седум месеци од мојот мандат успеав да останам неутрален во однос на различните центри на политичка и економска моќ, меѓутоа, мојата главна политичка цел беше и останува, да бидам независен, да бидам претседател на сите, а не партиски послушник или апологет на некој транзициски олигарх. Во таа смисла, пред мене, но, и пред сите нас, стои огромна работа, бидејќи поделбите меѓу граѓаните се подлабоки од кога било. Ако порано и денес тоа одеше и оди по линија на етничката припадност, во последната деценија поделбите и меѓу Македонците драматично се продлабочија“, рече претседателот Пендаровски.Граѓанското помирување, посочи Претседателот, нема да се случи самото по себе, ако никој не понуди конкретни платформи за дијалог меѓу засегнатите страни. Потсети на вчерашната средба со лидерите на најголемите верски заедници, на којашто ги замолил, секој во рамките на своите надлежности да делува во насока на продуктивна коегзистенција меѓу верниците и меѓусебно почитување во едно мултирелигиско и мултикултурно општество какво што е нашето.„Средбата на лидерите на парламентарните партии која ја одржавме веднаш по неповолниот исход на последниот европски самит и која беше прва од таков вид без посредување од меѓународната заедница покажа дека поседуваме доволен домашен потенцијал во битни историски моменти да се обединиме за битни прашања. Впрочем, наспроти сите политички разлики меѓу власта и опозицијата, кога беше најважно, со широк консензус беа донесени неколку круцијални двотретински закони во сферата на судството, антикорупциското законодавство и реформата на безбедносниот систем“, рече претседателот Пендаровски, на почетокот на своето обраќање во Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети свика седница на Централното претседателство на партијата

Претседателот на Демократската yнија за iнтеграција, Али Ахмети, свика седница на Централното претседателство на партијата, којашто ќе се оддржи денеска, со почеток во 15:00 часот во партиското седиште во Тетово. На седницата треба да се утврдат предлозите за делегати на четвртиот изборен конгрес на ДУИ, како и членовите на идните партиски тела, но и програмски определби и статутарни промени. 

Македонија | пред 6 години

magla

Возете внимателно - Поради магла намалена видливост на одредени патни правци

Поради магла намалена видливост од 50 до 100 метри има во Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Македонски Брод, Страцин, а до 30 метри кај Павлешници, информира Авто-мото сојузот на Македонија.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.ОД АМСМ потсетуваат дека на сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

migranti-stud

Македонски државјани под истрага во Хрватска за криумчарење мигранти

Хрватската канцеларија за спречување корупција и организиран криминал (Ускок) почна истрага против седум државјани на Македонија и двајца државјани на Хрватска под сомнение дека организирале нелегално преминување на 166 странски државјани преку хрватската граница со БиХ и со Словенија.Се сомневаат дека групата организирала 19 нелегални преминувања преку државната граница од БиХ кон Хрватска, како и од Хрватска во Словенија и дека за тоа земале пари.Илегалното пренесување на мигрантите групата го договарала помеѓу крајот на април и 15 октомври.извор МИА 

Македонија | пред 6 години

zemjotres-kina

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Кина, има и повредени

Најмалку девет лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,2 степена по Рихтер кој денес ја погоди кинеската провинција Неиџанг. Епицентарот бил на длабочина од 14 километри, а повредените лица се хоспитализирани.Заради земјотресот се урнале 20 куќи, додека 11.968 домаќинства останале без струја.Повеќе од 2.000 спасувачи, меѓу кои и припадници на полицијата, службата за вонредни работи, пожарникари, учествуваат во акцијата за спасување.Земјотресот е регистриран на длабочина од 14 километри. Сеизмолозите наведуваат дека веројатностите се мали , овој регион да биде погоден од посилен земјотрес во наредните денови.фото:

Свет | пред 6 години

humanost

Хуманитерен проект „Топол дома за сите“

Здружението за хумано – општествен развој „Проект Среќа“ утре, 19 декември 2019 година, во Конгресната сала на спортскиот центар Борис Трајковски (А1 Арена), со почеток во 11 часот, ќе одржи прес конференција на која ќе биде најавен новогодишниот хуманитарен проект „Топол дом за сите“ за реконструкција на живеалишта каде што живеат деца во тешки и нехумани услови.На средбата со медиумите ќе зборува Кристина Арнаудова која е и продуцент и автор на целата кампања ,,Топол дом за сите,“ преку нејзиното здружение ,,Проект Среќа“, а ќе биде промовирана и песната и видео записот кои што ќе бидат поддршка на кампањата.Станува збор за уникатна новогодишна песна, а во неа и во видеото учествуваат низа јавни личности - Кристина Арнаудова, Биба Додева, Дани, Дарио, Ѓоко Танески, Ај Кју,  Лина Пејоска, Сара Мејс, Ване Марковски, Димитар Атанасовски и Сашко Коцев. Децата од Дневниот центар за деца од улица ,,Шуто Оризари“ и Фаик, ја имаат главната улога во видео записот и се главни ѕвезди во песната што ја пренесува пораката на проектот.Самиот проект кој стартува на 19 декември и ќе трае до 15 јануари, е со цел да се соберат средства по пат на донации за обезбедување хумани услови за живот во домовите на 15 деца со социјален ризик.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

lisici

Албански државјанин фатен на Ќафасан, бил на стоп-листа со мерка „апси“

На 17.12.2019 во  23.50 часот на Граничниот премин „Ќафасан“  од слобода бил лишен Р.К.(32) од Р.Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на стоп-листа со мерка „апси“, по барање на Интерпол Германија. Тој бил предаден во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

topal

Граѓаните изгубија верба во правна држава - Охриѓанец го продава имотот, крена раце од селективна правда

Граѓаните  изгубија верба во правна држава. Охриѓанецот Спирко Топал подолго време мака мачи да добие пат до местото каде што како што вели „Градам А4 објект за домување во населбата Рача, а не хотел, не викендичка“. И покрај упорноста на Топал дека ќе ја бара правдата, сепак денеска вели дека се откажува од се. Вели, во оваа држава нема повеќе никаква правда.„Јас морам на децата да им обезбедам дом. Затоа ќе го продадам плацот кој ми значи премногу, но морам да му обезбедам живеалиште за семејството“.Топал очигледно одејќи од врата до врата по институциите крена раце, затоа што како што вели „Никој неможе да ја исправи селективната правда во државава“.Скопје 1 неодамна објави дека Топал гради куќа затоа што живее во 35 квадрати, со сопругата и четири деца.Тој беше категопричен дека ги има сите одобренија, но му била поставена жолта лента од агенцијата за државни патишта од каде му кажале дека мора да се стопира изградбата на објектот, затоа што патот до кој го започнал објектот бил булевар.Топал јавно запраша, ако патот е булевар, зошто му дозволуваат  да градат на познати бизнисмени кои ги градат околните објекти до истиот пат? Но на ова му било образложено дека до некаде имало план, а на потегот каде што е неговото земјиште немало план.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Vlatko-PRESS-3103-Glavna-Slika

Ѓорчев во „Отворено“ на ТВ 24: Нема криминалец кој нема селфи со премиерот

Имаме премиер, којшто е аболициран за криминал. Аболициран од Бранко Црвенковски. За сите оние ветинзи коишто ги велите, вашиот претседател на партија и вашиот премиер, прв не би ги поминал, му рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на Дамјан Манчевски од СДСМ во „Отворено“ на 24 телевизија.Според Ѓорчев, Заев постојано не ја говори вистината и на дневна основа ги менува ставовите, при што изјави дека на премиерот ниту може да му се верува, ниту со него може нешто да се договара.-Нема криминалец кој нема селфи со премиерот. Вратени сме 20 години наназад. Не знаеме кој кого во кој хотел ќе испука, на улица може да имаме мртви, загрижено изјави Ѓорчев.-Да резимирам, имаме најскапа, најнеспособна, најлоша, со најмалку инвестиции Влада во историјата на Македонија. Имаме најголемо иселување од Македонија, имаме катастрофа која што ни се случува, имаме најзагаден воздух било кога во историјата на Македонија, а истовремено имаме луѓе со најмногу кабинети, со најмногу привилегии, директори, заменици и се останато, заклучи во „Отворено“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

granata

Евакуирано средното уметничко училиште во Скопје поради граната поставен покрај паркиран автомобил

Поради дојава за рачна бомба, утринава е евакуирано средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје.  Гранатата била поставена покрај едно од паркираните возило, а е отстранета од припадници на единиците Алфи.фото: Вечер

Скопје | пред 6 години

papa

Папата Франциско го укина правилото „понтификална тајна“ - нема тајност на случаи на сексуална злоупотреба

Папата Франциск ги укина ватиканските прописи за тајност на случаи на сексуална злоупотреба, објави денес Ватикан. Папата го укина ватиканското правило коешто секому кој тврди дека е жртва на свештеничко злоставување му се забранува за тоа да зборува. Правилото познато како „понтификална тајност“ е укинато и за оние кои во Ватикан сведочат на судењата за ваквите злосторства.Кон информациите за случаите за злоставување треба да се однесува со „сигурност, интегритет и доверливост“, порача папата. Им даде упатство на ватиканските функционери да му се потчинат на цивилното право, со истовремено чување на доверливоста и да им помогнат на властите во истрагите за овие случаи.Папата Франциск, исто така, ја промени и ватиканската дефиниција за детската порнографија, зголемувајќи ја возраста од 14 на 18 и помалку години.„Папската тајна“ се смета за највисоко ниво на доверливост во црковниот Закон што опфаќа голем број на административни случаи во Ватикан, како номинации на кардинали, истраги од Секретаријатот на државата и за верска доктина од Собранието. Нејзиното прекршување досега значеше прекин на комуникацијата со Црквата.Специјалната декларација на Папата е наречена Респис и стапува на сила веднаш.фото: Архива

Свет | пред 6 години

migranti-grcija-1-1

„Дер Стандард“: Грција во 2020 година очекува 100.000 мигранти од Турција

Владата во Атина очекува следната година дека околу 100.000 мигранти од Турција ќе се упатат кон грчките острови. Ова го нагласи владиниот комесар за првичниот прием на бегалци Манос Логокетис.„Кризата е актуелна и сериозна”, го цитираше него австрискиот весник „Дер Стандард”.Логокетис изјави дека во 2020 година грчката Влада планира да депортира 10.000 баратели на азил во Турција. За таа цел, ќе бидат ангажирани дополнителни 270 лица за да помогнат во процесот на азил. Покрај тоа, на петте острови ќе бидат изградени нови прифатни центри, кои го носат товарот на миграциското движење.Со месеци, бегалци доаѓаат на Егејските острови преку Турција. Состојбата во тотално пренатрупаните кампови за регистрација излегува од контрола, условите таму се драматични, според хуманитарните извештаи, нагласува весникот.Според најновите информации од Атина, над 41.000 луѓе продолжуваат да живеат во камповите на островите. Ова е најголем број мигранти регистрирани од потпишувањето на договорот меѓу Турција и Европската унија (март 2016 година).фото: Архива

Свет | пред 6 години

Zagaduvanje-2

ВМРО ДПМНЕ: Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики

Зоран Заев го загрозува здравјето на граѓаните. Зоран Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики. Само во февруари годинава во земјава е согорен 40.000 тони кокс. Додека граѓаните се трујат некој заработил 12.000.000 евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев и шефот на Царинска управа мора да одговорат кои фирми и кој им дал дозвола да го внесуваат и горат отровниот отпад од цел свет. Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Куманово и Кавадарци тонат во отровен смог, а власта вели дека воздухот е чист.Болниците се полнат. Загаденоста во урбаните средини во раните утринси часови кога нема фреквенција на возила е и до 15 пати над дозволеното. Отровните ПМ10 честички ги трујат граѓаните. А власта не само што не прави ништо туку и го скори најмалиот буџет за екологија до сега. Негрижата за здравјето на луѓето е евидентна. Власта се грижи само за бизнис интересот на олигарсите на власта, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

tepacka

Жители на Трнодол и Карпош се степаа меѓусебно на јавната презентација на ДУП-от

Жители на Трнодол и Карпош се степаа меѓусебно на јавна презентација на Детален урбанистички план во простории на Урбаната заедница.  Тие не сакаат нова населба над нив, реагираа дека лица, кои не се нивни соседи, со умисла провоцирале на расправата. Револтираните граѓани тврдат дека ниту едно барање не им било прифатено. Жителите на Тронодол обвинија дека се прави манипулација со ДУП-от и со предвидената густина на население во тој дел од градот, за да се отвори простор за нова населба на ридот.Наспроти ваквите излагања  на изреволтирани жители, градоначалникот смирува. Тврди дека нивните барања се прифатени.По инцидентот реагираше општината. Од таму велат дека граѓаните на насилен и вандалски начин оневозможиле да се одржи јавна презентација на Предлог ДУП-от за Трнодол.фото:24.мк 

Скопје | пред 6 години

17122019_PVRSM_Zaev_sredba-so-Babish_1

Заев: Пријателството меѓу Северна Македонија и Чешка ќе го зајакнеме во економијата

Од март оваа година, до оваа моја посета денеска, имало дури 5 посети на македонски и на чешки највисоки претставници на двете земји во Северна Македонија и во Република Чешка. Тоа доволно силно зборува за одличните политички односи, пријателски врски меѓу нашите две земји, со овие зборови се обрати Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на почетокот на заедничката прес конференција со премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш, во рамките на официјалната посета на македонска владина делегација на оваа земја.Не прес конференцијата, премиерот Заев, придружуван од Бујар Османи, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, и Зоран Попов, државен секретар при Министерството за надворешни работи, истакна дека Северна Македонија и Чешка одбележаа 25-години од воспоставувањето дипломатски односи со постигната прогресивна економска и секторски широко распространета соработка.„Силни се тие врски, и за двете земји се обврска за одржување и продлабочување на взаемните односи со политички дијалог на највисоко ниво. Чешка еден од најважните и постојани поддржувачи на нашата интеграција во ЕУ и НАТО. Ние високо ја цениме силната и гласната поддршка на сите нивоа“, рече на прес конференцијата претседателот на Владата Заев, и додаде дека пријателските и взаемно поддржувачки односи се силни и на мултилатерален план, и дека за нашата земја е од исклучително значење што Чешката Република, како претседавач на Вишеградската група организираше Самит на премиерите на земјите од Вишеград и од Западен Балкан.Чешка, заедно со Австрија и Италија, беше земја лидер и иницијатор зад кои застанаа 15 земји членки на ЕУ и со писмо до Европската Комисија упатија повик за подобрување на ефикасноста на процесот на пристапување, во еден исклучително момент кога на Северна Македонија и беше најпотребна една ваква поддршка.„Тоа само неколку од големите пријателски гестови на Чешка кон Северна Македонија. Ние сме охрабрени со континуираните заложби да се задржи прашањето за проширување видливо и високо на агендата на ЕУ по октомврискиот совет на ЕУ. Искрено се надеваме дека овој притисок ќе даде резултати, и дека многу бргу во претстојниот период ќе пристигне одлуката за почеток на преговорите за пристапување на нашата земја во ЕУ“, потенцираше премиерот Заев на прес конференцијата со чешкиот премиер Бабиш.Чешка и Северна Македонија имаат одлична соработка на јужна граница на нашата земја во процесот на мониторинг и контрола на мигрантските движења, и од голема поддршка во справувањето со кризата со бегалците и миграциите е финансиската и материјална помош што Чешка и ја испорача на Северна Македонија, односно на нашето Министерството за внатрешни работи.Премиерот Заев пред претставниците на медиумите во Прага рече дека сега е време двете земји да се посветат економската соработка, особено во делот на зајакнување на трговската размена, и во интензивирањето на инвестициска соработка.„Мешовитиот комитет за економска соработка ги утврди главните области што можат да ја подобрат меѓусебната трговска размена и економската соработка. Сега треба ние, политичките лидери на двете земји да ги ја поттикнеме соработката во енергетскиот сектор, во делот на обновливите извори на енергија, во автомобилската индустрија, во туризмот. Многу ме радува што деновиве ги привршуваме договорите со компанијата „LOKOTRANS“ за инвестиција во областа на железничката инфраструктура со вкупна вредност од 20 милиони евра. Компанијата има намера да инвестира во Регионален центар за логистика и дистрибуција, со седиште во Скопје, во главниот град на нашата земја, а операциите да ги изведува за целиот регион на Западен Балкан“, рече премиерот Заев.Во завршницата на својата изјава за медиумите тој истакна дека постои голем интерес за стипендиите за високо образование што ги доделува Владата на Чешката Република, и дека зголемувањето на нивниот број ќе го зајакне пријателството меѓу двете земји.Премиерот на Чешка Република Андреј Бабиш, во своето обраќање за добредојде на  делегацијата на нашата земја го истакна силното партнерство што Северна Македонија го покажа во однос на ЕУ во 2015 година за време на мигрантската криза и нагласи дека Чешка ќе ја продолжи поддршката европските аспирации за кои земјата ги исполни сите услови за да ги започне преговорите, особено со договорите со Бугарија и Грција.Премиерот Бабиш уште нагласи дека Чешка продолжува да инсистира ова прашање да заврши со позитивен исход до март идната година, и дека неговата земја ќе ја зајакне економската соработка со Северна Македонија, како со земја партнер и сојузник во НАТО.

Македонија | пред 6 години

ohrid

Ѓоко Танески, Камелеон и Ефто Пупиноски ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на Новата 2020

На Градскиот плоштад и оваа година ќе биде организиран заеднички дочек на Новата година. За забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот Камелеон и Ефто Пупиноски.Општина Охрид организира забавен програм кој ќе трае од 01.01 – 20.01.2020 година, каде превидено е на Градскиот плоштад да настапат повеќе домашни и странски звучни имиња.

Македонија | пред 6 години

Lizgaliste

(ФОТО) Во Охрид се поставува лизгалиште на мраз

Јавното претпријатие „Градски гробишта“, денес започна со подготвителните активности за поставување на лизгалиште на мраз. Лизгалиштето ќе биде лоцирано на улица „Македонија“, пред НУЦК „Григор Прличев“.Во периодот додека е поставено лизгалиштето, општина Охрид, секојдневно ќе организира забавен програм на мала сцена крај лизгалиштето.Проектот за изнајмување и поставување на лизгалиштето на мраз е на Агенција за млади и спорт, а општина Охрид ги изведува подготвителните зафати. 

Македонија | пред 6 години

OHL_4321

(ФОТО) „Тоби“ – поучна приказна за децата и младите

Театарот за деца и младинци од Скопје денеска во Охрид ја одигра куклената претстава „Тоби“од Флоријан Зденек, во режија на Драгослав Тодоровиќ, а во организација на Националната установа „Охридско лето“.Најмладата публика во Центарот за култура „Григор Прличев“ уживаше во прекрасно дизајнираните ведри кукли и извонредната актерска глума.Патот што на сцената го помина кучето-јазовичар Тоби кое се срамеше од својот изглед претставуваше спознавање на една голема вистина но и поука за публиката. Во куклената претстава се откриваа сѐ уште актуелните проблеми кај луѓето како што се  необјаснивата желба за промена на сопствениот изглед, дискриминацијата по најразлични основи, физички, социјални, расни, но  јасна беше и пораката дека во секој случај, најважно е ние самите да бидеме среќни и да бидеме прифатени со она што го носиме и со она што имаме.„Тоби “ е поучна приказна за децата и младите кои поради нивните години се најчесто  најнезадоволни и ништо не им се допаѓа во нивното тело.-Во тие години никако не сте задоволни од сопствениот изглед. Меѓутоа ако имате пријателка како госпоѓата Флора, вие, како јазовичарот Тоби ќе се согледате од сосема друг среќен агол со помош на пријателите. И уште нешто: „Никогаш немојте да се китите со туѓите перја. Ќе испаднете смешни, вели режисерот на претставата  Драгослав Тодоровиќ.Инаку, куклената претстава „Тоби“,  во септември годинава ја доби Наградата за најдобра анимација на кукли на 10-тото Бугојнско куклено биеналешто се одржа во Босна и Херцеговина, а минатата година од Меѓународниот фестивал за кукларство во Подгорица, Црна Гора, се врати со пет освоени награди.Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ  смета дека љубовта кон уметноста се всадува уште од мали нозе, па токму затоа, како што вели, „Охридско лето“, и во иднина ќе организира настани за публиката од сите генерации.-Со оваа куклена претстава сакавме да им посветиме внимание на нашите најмлади гледачи. Нашата цел е да понудиме квалитетна програма за публиката од сите генерации, со цел да ја заживееме културната понуда во Охрид, не само во лето, туку и во текот на целата година. Како национална установа ќе продолжиме со организирање културни настани се’ до почетокот на 60-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ во 2020 година, кога исто така планираме квалитетна програма со врвни уметници, вели директорката Поповиќ.По завршувањето на годинешното фестивалско издание, во организација на НУ „Охридско лето“, во  септември концерт во Охрид одржа младиот јапонски пијанист Томохиро Адачи,а во октомври се одржа работилница под наслов „Ритамот – Движењето, Музиката – Дишењето“ на познатиот музичар и композитор Оливер Јосифовски.

Магазин | пред 6 години

policija-3

(ВИДЕО) Милионска измама со лекови против рак во Германија, полицијата влезе во „Цитосервис“

Германската полиција во Хамбург денеска во соработка со државното обвинителство влезе во фармацевтската фирма „Цитосервис“ како и во повеќе ординации на лекари, аптеки, една болница и приватни имоти поради сомневање дека е извршена измама со лекови против рак.Станува збор за најголем претрес спроведен во Хамбург, а во акцијата учестуваат повеќе од 420 полицајци и шест обвинители, пренесуват германските медиуми.„Цитосервис“ е водечи произведувач на инфузии кои се користат во терапијата против рак.Портпаролот на обвинителството изјави дека се води истрага против 14 лица, меѓу кои и тројца аптекари, девет лекари и двајца кои се на водечки позиции во фирмата.Според германската телевизија АРД, оваа компанија подмитувала лекари.Во јануари 2017 година одделни лекари од „Цитосервис“ добиле пари во висина од повеќе од пола милион евра, користтеле луксузни возила и други привилегии, а на некои им било купувана опрема за во ординациите. За возврат, „Цитосервис“ барал од лекарите на пацинетите да им препишуваат инфузија од компаниијата.фото: Bild.de 

Свет | пред 6 години

ali-ahmeti

Ахмети сака - пратеничките мандати да се делат според пописот од 2002 година

Освен над 6.000 амандмани кои ДУИ досега ги стокми за да не помине предлогот за измени на Изборниот законик во делот на изборниот модел, интегративците во џеб или како џокер подготвиле и пет до шест амандмани кои доколку се исцрпат илјадниците ќе ги активира на самата комисиска расправа, потврдуваат за Плусинфо од пратеничката група на ДУИ, објави Плусинфо.мк.Ова е потврда дека ДУИ е решена да ги употреби сите механизми во Собранието за да ги блокира измените на изборниот модел, односно наместо шест Македонија да биде една изборна единица.Еден од џокер амандманите за блокада на Изборниот законик е пратеничките мандати да се врзат со последниот попис на населението од 2002 година, објави Плусинфо.Тектот во целост на: Плусинфо.мк

Македонија | пред 6 години

Foto-6

Пендаровски се сретна со поглаварите и претставниците на верските заедници

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот на Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко - скопски, Киро Стојанов, Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско - методистичката црква, Емил Заев, претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо Николиќ, како и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. На средбата претседателот Пендаровски посочи на соживотот и почитувањето на различноста како една од темелните вредности на Република Северна Македонија. Пред поглаварите и претставниците на верските заедници Претседателот ја истакна неговата заложба да соработува со сите верски заедници во Северна Македонија, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција. Претседателот Пендаровски укажа на важноста на улогата на поглаварите на верските заедници во негувањето на соживотот, како  важен предуслов за просперитет и напредок на државата. Поглаварите и претставниците на верските заедници ја поздравија иницијативата за одржување на денешната средба и посочија дека и покрај верските разлики, заедничка цел на сите е градење на мир и почитување. фото: кабинет на претседател 

Македонија | пред 6 години

Precistitelna-stanica_7

Голем интерес за изградба на пречистителната станица во Битола

Повеќе од 45 заинтересирани економски оператори, од земјата и странство, за постапката за „Изградба на пречистителна станица и реконструкција и надградба на канализационата мрежа во Општина Битола“, денес имаа можност на терен да извршат увид на локацијата каде што треба да се изгради пречистителната станица и колекторскиот систем.Со рехабилитацијата и доизградбата на канализационата мрежа и заокружувањето на процесот со прочистувањето на урбаните отпадни води, со изградбата на Пречистителната станица, се решаваат долгогодишните проблеми предизвикани од директното испуштање на водите во реката Драгор и Петтиот канал. Завршувањето на изградбата на планираните објекти кои се дел овој проект ќе придонесе за решавање и на голем број од проблемите кои беа честа појава и при мали врнежи, а како последица на загушувањето на канализацијата.Крајниот рок за доставување на понуди за оваа постапка која на 11 ти ноември, ја објави Министерството за финансии, преку единицата за централно финансирање и склучување на договори, е 10.02.2020.Вкупната вредност на овој проект кој е финансиран од ИПА 2 Програмата, преку Секторот за заштита на животната средина и климатски промени и Владата на Република Северна Македонија изнесува 27,8 милиони евра.фото: општина Битола

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Општина Битола се огласи по реакциите за зголемени концентрации на загаден воздух, велат следете официјлни соопштенија

Свесни сме дека изминатите денови се соочуваме со зголемени концентрации на загаден воздух, кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните.Општина Битола секојдневно следи и изготвува извештаи за среднодневните концентрации на квалитетот на амбиенталниот воздух од мерната станица Битола 2 и согласно позитивната законска регулатива ги известува граѓаните на Општина Битола:Имено, според Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на информирање и  алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017) се дефинирани прагот на информирање и алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10):Прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) со надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.Додека прагот на алармирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) од 14 декември 2019 година се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.Според добиените податоци од Министерството за животна средина и просторно планирање, измерени за мерната станица Битола 2, во двата изминати последователни денови (15 декември и 16 декември), не се надминати граничните вредности.Следејќи ги податоците од надлежните институции, Општина Битола благовремено ќе ги информира граѓаните и ќе презема соодветни законски постапки.Во таа насока, ги замолуваме граѓаните да ги следат официјалните соопштенија од страна на општината  во наредниот приод.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

79238086_637558040410026_8756754768203874304_n

Поповски: Освен што е и натаму најголем загадувач, РЕК Битола си остана и дувло на криминал

Освен што е и натаму најголем загадувач, РЕК Битола си остана и дувло на криминал. Властите се менуваат, како и директорите, ама не и начинот на испумпување на државни пари.Истражувачките стории на медиумите покажуваат дека релациите со бизнисмените не завршуваат. Се сеќаваме како Груевски наредуваше тендерите да ги добијат Ѕинго и Кочан, а сега гледаме дека блиски пријатели на Заеви убаво се омрсиле од бизнисот со РЕК Битола, истакна портпаролот на ГДУ Дарко Поповски.Како што објавија медиумите фирмата „СВ Инвест“, во сопственост на блискиот пријател на Вице Заев, Стојан Чифлигаровски си добивала тендери во четири очи. И токму тој Чифлигаровски бил пријател и со директорот на „ЕЛЕМ“. А пак директорот Васко Ковачевски сега се крие од јавноста.Милиони евра се доделувале во четири очи, без транспарентна постапка и процедура.Зошто Ковачевски се крие? Како се прави поделбата на тендерскиот колач?Зошто брзи постапки? Ковачевски е должен да и одговори на јавноста и зошто РЕК Битола не набави своја механизација? Со парите кои ги лапнале бизнисмените во изминатиов период за копање во РЕК Битола, можело да се купи сопствена механизација.Во РЕК Битола тендери добиваат и фирми кои добивале и за време на претходната власт, а нивните сопственици се поврзуваат со поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков.Има ли крај на игрите за извлекување на државни пари преку златната кокошка РЕК Битола? Постојат сериозни индиции за местење тендери и го охрабруваме Обвинителството да ги истражи сите сомнежи, истакна портпаролот на ГДУ Дарко Поповски.

Македонија | пред 6 години

79721581_441248306827900_5547162395513716736_n

Од утре почнува повратот на персоналниот данок за земјоделците, ќе се исплатат 80 милиони денари на 17.000 земјоделци

Управата за јавни приходи од утре ќе започне со исплата на повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците. На денешната заедничка прес конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, посочија дека по овој основ до крајот на годинава ќе се исплатат 80 милиони денари на околу 17.000 земјоделци, кои го остваруваат правото на поврат на персонален данок на доход.„ Персоналниот данок ќе им биде вратен на сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и коишто оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари. Оваа исплата е за приходите остварени до крајот на 2018 година.Овие пари ги враќаме директно кај земјоделците, што во текот на 2018 година оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари, како дополнителен приход, за да ги реинвестираат и да го зголемат производството“, изјави министерот Димковски.Право на поврат на персоналниот данок имаат земјоделците коишто не се ДДВ обврзници, немаат остварено приходи по друг основ, земјоделците да не се во работен однос и да не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.Повратот ќе се врши на трансакциските сметки на земјоделците и ќе врши неколкукратно до крајот на годината односно додека не се исцрпи целиот поврат.„За земјоделците на кои им следува поврат, а за кои УЈП и МЗШВ во моментот не располагаат со точен податок за трансакциска сметка, УЈП ќе направи напор да ги обезбеди по службен пат и директно во контакт со лицата. Токму затоа, доколку некои од земјоделците во текот на годината имаат некакви промени, апелираме да ја известат УЈП. Граѓаните кои остваруваат приходи единствено од земјоделска дејност може да добијат поврат во износи до 20.000 денари. Дополнително, тие беа ослободени и од административни процедури како поднесување барање за регистрација како даночни обврзници и плаќање на административни такси “, изјави директорката Лукаревска.На почетокот на 2018 година, Владата на Република Северна Македонија го измени Законот за персонален данок на доход,  со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари. Дополнително со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците, како поднесување на барања за регистрација и плаќање на административни такси.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања