Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

sanja-l

8.000 фирми побарале субвенции за поголеми плати за вработените

8.000 фирми досега побарале субвенции од државата за зголемени плати на 45.000 вработени, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. Таа додаде дека 1.300 работодавачи за 47.000 вработени се уште не го оствариле ова право од технички причини.– Станува збор за технички грешки кои не се од страната на УЈП, туку од страната на фирмите и очекуваме дека ќе се надминат, рече Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање.За октомври и ноември фирмите треба да добијат 58 милиони денари за да може да исплатат поголеми плати, а за декември ќе се знае до крајот на годината.Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари. Работодавачите што ќе им ја зголемат платата на вработените ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето. Субвенционирањето е дел од мерките за економски развој и за задржување на вработените во земјата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

slika-2

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на Мултилатерален дијалог со сестринските партии од регионот

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, и Советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски, од 15 до 18 декември, присуствуваат на Мултилатералниот дијалог за поврзување на партиите од Европската народна партија (ЕПП) од Балканот, кој се одржува во Тирана, Република Албанија.На настанот кој е поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер, присуствуваат високи претставници на народните партии од Македонија, Германија, Австрија, Кипар, Хрватска, Словенија, БиХ, Косово, Албанија, Србија и Црна Гора. Во рамки на работилницата, Муцунски се обрати со тема „Желбата за пристапување кон Европската Унија наспроти можностите“. Според него, балканските држави, затоа што се мали – мораат да научат да бидат побрзи од сите останати во реформите и во напредокот. Муцунски додаде и дека ЕУ е движечка сила за напредок, но не можеме да очекуваме дека надворешни фактори ќе влијаат кон решавање на домашните проблем. Наша работа не е да се жалиме на новата методологија, туку да станеме подобри кандидати атрактивни за пристапување кон ЕУ. Тоа не се прави со судско-политички скандали како „Рекет“, кои ја еродираат и основната доверба на граѓаните кон системот на државата.Андоновски пак говореше за состојбите со миграциите, кои иако се природен феномен, влијаат кон креирање на стари општества – „општества на духови“ на Балканот.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Обновен возниот парк на ЈП „Водовод и канализација“

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ од денеска на располагање има 5 нови специјализирани возила со кои ќе се подобри работењето на нивните екипи, а ќе се подобри и услугата кон граѓаните. Станува збор за 4 цистерни (2 работат на вакуум, а 2 на притисок) и за едно комбе специјализирано за откривање дефекти во мрежата. Новите возила денеска ги промовираа градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски.Градот Скопје во изминативе две години во јавните претпријатија вложува во инфраструктурата и во возниот парк за да ги подобриме условите за работа, но и да ги подобриме услугите кон граѓаните. Во Скопје се пие една од најквалитетните води во Европа, а тоа е обврска повеќе за нас, да вложуваме токму во инфраструктурата на ова јавно претпријатие. Тука нема да застанеме, парите од граѓаните, парите од „Водовод“, ги трошиме многу порационално од минатото, ниту се луксузираме со згради, ниту се луксузираме со лустери и теписи, туку вложуваме во она што е вистинска потреба на граѓаните – рече на денешната промоција градоначалникот Шилегов.Директорот Весковски, пак, објасни дека новите возила со кои е обновена механизацијата на ЈП „Водовод и канализација“ се опремени со Еуро 6 мотори, кои што се карактеризираат со 96% намалена емисија на честички кои влијаат на аерозагадувањето.Од јавното претпријатие информираат и дека ова е прва набавка на ваков тип возила од 2013 година. Цистерните под притисок се употребуваат за одзатнување на канализациските цевки користејќи вода под притисок, а цистерните под вакуум се употребуваат за црпење вода при поправки на водоводни дефекти, за црпење отпадна вода, како и за чистење сливници. Специјализираното мерно комбе, пак, е со вградена опрема за третирање загуби на вода според најновите стандарди, со што се овозможува детектирање дефекти, нивно полесно и побрзо лоцирање и намалување на загубите на вода. 

Скопје | пред 6 години

divogradbi-11

(ФОТО) Продолжи акцијата за уривање дивоградби во Охрид – се отстрануваат железата од Езерото, за сопствениците фактури

Во Охрид продолжи акцијата за уривање на дивоградби. Откако истече рокот што им беше даден на угостителите за да ги отстранат нелегално поставените платформи, градежите работеници најмени од Општина Охрид повторно излегоа на терен.Акцијата се спроведува со асистенција на полицијата.  Работниците ги отстрануваат железата кои останаа во езерото, а беа дел од платформите на кафулињата на потегот од месноста ‘Ј'но’ до населбата ‘Канео’“ . Екипите на Општината и претходно беа на овие локации, но кратко по пристигнувањето беа повлекувани, затоа што ггостителите бараа од градоначалникот Константин Георгиевски сами да си ги урнат дивоизградените објекти.Општина Охрид најави дека за интервенцијата на полицијата, како и градежните работници, ќе достави фактури до правните и физички лица чии објекти беа отстранувани. Дивопоставени платформи во водите на Охридското Езеро има речиси секој угостителски објект што е лоцаран на крајбрежјето.Акцијата доби засилено темпо откако  УНЕСКО препорача да се врати првобитниот изглед на градот.Градоначалникот Константин Георгиевски за уривањето предвиде 25 илјади евра, а на забелешките дека сумата е ниска за уривање на над 1.000 дивоградби – тој најави дека поддршка ќе добие и од Владата.фото: Скопје 1 

Македонија | пред 6 години

17122019_VRSM_171_sednica_Kumanovo_1

Формиран Совет за координација на безбедносно - разузнавачката заедница, еве кој ќе го води...

Владата на РСМ донесе одлука да се формира Совет за координација на безбедносно - разузнавачката заедница, во следниот состав:-  Зоран Заев -  претседател на Владата на Република Северна Македонија,- Садула Дураки - заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,-  Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи,-  м-р Радмила Шекеринска Јанковска - министер за одбрана,-  м-р Никола Димитров - министер за надворешни работи,-  Викторио Димовски - директор на Агенцијата за национална безбедност,-  Еролд Муслиу - директор на Агенцијата за разузнавање, и- Горан Василевски - раководител на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

oklopni-vozila

Армијата ќе се опреми со нови оклопни возила според стандардите на НАТО

На седницата владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република Северна Македонија и го задолжи Министерството за одбрана да достави информација до Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија за потребата од склучување на ваков договор со САД. фото: Blic 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Утврден е Предлог - закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти

Владата го утврди Предлог - закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Со предлог законот се предвидува можност за утврдување на правен статус на  бесправните објекти од значење за Републиката и од локално значење кои се предвидени со Законот за градење или друг закон, а кои претставуваат градежна и функционална целина заклучно со 1 октомври 2019 година.Предмет на овој закон се и бесправните објекти од јавен интерес утврден со закон чии иматели се државни органи или единици на локална самоуправа или правни субјекти основани од Република Северна Македонија односно од единиците на локална самоуправа, кои заклучно со 1 октомври 2019 година се градежна целина, а не и функционална целина.Предлог законот не ги опфаќа сите видови на бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на Конвенцијата на УНЕСКО, во границите утврдени со Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион како и станбените згради и доградбите и надградбите на истите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

17122019_VRSM_171_sednica_Kumanovo_3

Владата го раскина договорот за Иловица

Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 171 седница што се одржа во Куманово, донесе Одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот “с. Иловица”, во општина Босилово.Со оваа одлука Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот “с. Иловица”, општина Босилово од 2014 година и Анекс на Договорот од 2015 година, еднострано се раскинуваат од страна на концедентот, бидејќи концесионерот нема поднесено барање со целокупна неопходна документација за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини.Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи и Одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина–руди на бакар и злато на Друштвото за производство, промет и усуги ФЕЛПС ДОЏ ВАРДАР ДООЕЛ Скопје на локалитетот “ с. Иловица”, општина Босилово од 2012 година.Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија“.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

paridenari1

Скопјанец затаил данок од речиси 13 милиони денари

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против И.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „даночно затајување“, казниво по член 279 од Кривичниот законик.Пријавениот, како сопственик и управител на правно лице од Скопје, на 26.02.2018, со цел да избегне делумно плаќање на данок на добивка, во задолжителната пријава - образец „ДБ-даночен биланс за оданочување на добивка“ за деловната 2017 година, кој го доставил во име на правното лице, до Управата за јавни приходи при Министерството за финансии, внел и дал невистинити сметководствени податоци.Тој  пресметал и пријавил даночна основа во износ од 7.118.190 денари, на која пресметал и уплатил данок на добивка во износ од 711.819 денари, иако бил должен да пресмета и пријави даночна основа во износ од 135.223.480 денари и да пресмета и плати данок на добивка во износ од 13.522.348 денари. На тој начин, неосновано и спротивно на член 45, член 46 и член 47 од Законот за даночна постапка и спротивно на член 9 став 1 точка 1 и член 39 став 1 од Законот за данокот на добивка, даночната основа ја намалил за износ од 128.105.290 денари, кои не ги евидентирал како „непризнаени расходи за даночни цели“, не ги додал на „финансискиот резултат“ и тој износ не го пресметал и пријавил како даночна основа во поднесениот даночен биланс до УЈП, па за него не пресметал и не платил данок на добивка во износ од 12.810.529 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Р.С.Македонија.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

pretepan

Кумановец осомничен за загрозување на сигурноста на неговата мајка и за напад врз полицаец

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице кое е осомничено за кривични дела – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.2 во врска со ст.1 и Напад на службено лице при вршење работи од безбедноста од чл.383 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.На 15 декември осомничениот 37-годишен кумановец, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговата мајка со која од претходно имале нарушени односи. Притоа употребил сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот.При настанот била повикана полиција и полициските службеници се обиделе да разговараат со оштетената. Тогаш осомничениот најпрво со вратата, а потоа и со раката удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда – посекотина.Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван за кривични дела, а живее во иста куќа со оштетената, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи и до Основниот суд Куманово достави Предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор во траење од осум дена.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Поведена постапка против адвокатка за измама

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничената во својство на адвокат била ополномоштена од клиентка да ги застапува нејзините правни интереси пред Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за остварување и ретроактивна исплата на семејна пензија. Како застапник таа ја имала информацијата дека досудените парични средства од спорот во висина од 680.634 денари се исплатени на трансакциската сметка на нејзината клиентка.Со намера да прибави за себе поголема противправна имотна корист, адвокатката ја зела личната карта на нејзината клиентка и заедно со уште едно засега непознато лице кое физички наликувало на клиентката, се упатила во експозитурата на банката во Куманово. Притоа осомничената адвокатка, заедно со другото лице, преку користење на туѓи исправи и идентитет, се обиделе да извршат трансфер на парите од сметката на оштетената на трансакциската сметка на адвокатката. Во намерата не успеале поради тоа што службените лица од банката се посомневале во идентитетот на другото лице.Потоа осомничената, во втор обид, на ист начин и со иста постапка во експозитура на банката во Скопје, користејќи туѓ идентитет и лични исправи, успеала да изврши трансфер на паричните средства.Во меѓувреме, службениците од експозитурата во Куманово го пријавиле обидот на осомничената во јавното обвинителство и надлежните служби. По дадени насоки и наредби на Основното јавно обвинителство Куманово, надлежните органи ја пронашле осомничената на граничниот премин Табановце и веднаш ја лишиле од слобода.Со оглед на тежината на стореното дело, како и оправданиот страв дека постои можност осомничената да се даде во бегство и да го повтори делото, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен, па судот со Решение на осомничената и определи притвор од осум дена.

Македонија | пред 6 години

pozar-1

50 литарско буре со етил алкохол, причина з апожарот во печатница „Киро Дандаро“-Битола

АД печатница „Киро Дандаро“-Битола информира дека синоќа по 22 часот во еден од магацините на фабриката се случил незначителен пожар и без последици.Во изјава за МИА, директорот на печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола, Драги Милошевски рече дека опожарена е отпадна хартија и нема други штети врз ресурсите во фабриката.– Опремени сме со високозаштитна против пожарна опрема и пожарот беше изгаснат. Не се случи ништо посебно, ниту се предизвикани материјални штети, потврди Милошевски.Од Територијалната против пожарна единица-Битола, командирот Костадин Поповски, кусо изјави дека нивна екипа превентивно во 22:22 часот пристигнала во фабриката, но немало потреба од интервенција.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

frosina

Фросина Ременски на распит во обинителство

Пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски утрово во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, треба да даде исказ како осомничена во истрагата за „Меѓународен сојуз“.Ременски е втора од петтемина осомничени што се повикани на распит во обвинителството.Прва пред Русковска вчера беше Потпретседателката на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ. Цели пет часа одговарала на прашања од обвинителката. По распитот, нејзиниот адвокат Душко Јанковиќ изјави дека Мандиќ била доведена во заблуда и не знаела дека се прават измами со проектите за старски домови.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

medena-zemja-1

„Медена земја“ во потесниот избор на годинешниот номинации за Оскар

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ влезе во потесниот избор на годинешниот номинации за наградата Оскар за најдобар документарец и странски филм.Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории. На 13 јануари ќе се изберат по пет кои ќе добијат номинација за Оскар.Во категоријата најдобар странски филм избрани се 15 филмови од 159 пријавени, а „Медена земја“ за номинација ќе се бори со „Адвокатка“, „Американска фабрика“, „Аполо“, „Аполо 11“, „Акварела“, „Најголемата мала фарма“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“, „За Сама“, „Големото хакирање“, „Урни ја куќата“, „Девојка’, „Полноќно семејство“, „Нација со по едно дете“.Во категоријата најдобар документарец во потесниот избор влегоа 10 филмови од 91 пријавени. Со „Медена земја“ избрани се и „Обоена птица“ од Чешка, „Вистина и правда“ од Естонија, „Клетници“ од Франција, „Оние што останаа“ од Унгарија, „Корпус кристи“ од Полска, „Сучка“ од Русија, „Атлантикс“ од Сенегал, „Паразит“ од Јуна Кореја и „Болка и слава“ од Шпанија.„Медена земја“ е македонски кандидат и за Оскар за најдобар странски филм, но во категоријата за најдобар документарец се квалификува поради победата на фестивалот Докавив во Тел Авив.Оскарите следната година ќе се доделуваат малку порано од вообичаениот термин, на 10 февруари во Долби театарот. Членовите на академијата до 7 јануари ќе гласаат за потесниот избор и на 13 јануари ќе се изберат по пет номинирани филмови за секоја категорија.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

zagaduvanje-2

ВМРО ДПМНЕ: Заев кој викаше ,,ајро ајро нема воздух'', три години со прст не мрдна да го подобри квалитетот на воздухот

Македонија се гуши. Алармот свети црвено. Зоран Заев кој викаше ,,ајро ајро нема воздух'', три години со прст не мрдна да го подобри квалитетот на воздухот. Загадувањето во Скопје вчера рушеше рекорди, а Шилегов во емисија наместо да одговори зошто нема направено ништо ги навредуваше граѓаните дека го мразат зошто се сиромашни, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Петре, не се сите богати како тебе со анкетен лист од над милион евра, но верувај граѓаните не те мразат затоа што се сиромашни, туку затоа што ти веќе трета година не направи ништо за Скопје.  И додека ти си објаснуваш за тоа кој те мрази, а кој те сака, Скопје се гуши. Умира.Загаденоста не беше ништо помалку и во останатите градови. Во Битола нивото на ПМ 10 честичките надмина 840, што е за 16 пати над дозволеното. Се гушеше и Струмица, каде Зоран Заев три мандати беше градоначалник, во смог беше потонато и Тетово. Граѓаните се соочуваат со катастрофа од епски размери. Болниците се полнат. Никој ништо не презема.Негрижата за здравјето на луѓето мора да престане. По 12 април следуваат мерки и проекти за ефикасно справување со загадениот воздух,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zagaduva-skopje

Македонија „се гуши" и утрово, најзагаден воздухот во Битола и Куманово

Магла, смог, крајно непријатен мирис... Воздухот во Македонија многу загаден. Синоќа многу загаден град беше Битола. Мерните станици покажуваат дека и утринава во Битола 2  најзагадено и тоа со 136 µg/m3, па следат Миладиновци, Тетово, Струмица, Ректорат и Гази Баба.Вчера беше најзагадено во Куманово каде беа измерени 640 µg/m3, со што вчера градот беше опасен по живот, а Владата одржа итна седница.Густа магла има и на повеќето патишта низ земјава, поради што од АМСМ ги предупредија возачите на внимателно возење поради намалена видливост.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

17122019_VRSM_MZSPP_Kavadarci4

Владата се фали Мерките за чист воздух, придонесуваат за намалување на аерозагадувањето, а граѓаните се гушат

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, на која се разговараше за поддршката што општината ја доби од програмата на МЖСПП за намалување на загадувањето, и за промена на стари врати и прозорци за енергетски ефикасни објекти на дел од општинските и подрачните училишта.„Ме радува што заеднички соработуваме во зачувувањето на здравата животна средина, но и намалувањето на аерозагадувањето, како еден од најголемите предизвици што постои во нашата земја.  Денеска во рамки на имплементацијата на Планот за чист воздух на Владата на Северна Македонија, заедно со градоначалникот на општина Кавадарци, посетивме дел од училиштата каде се врши замена на загадувачките системи за затоплување со еколошки, како и на објектите каде е предвидена замена на старите прозорци и врати, со цел подобрување на енергетската ефикасност. Она што сакам да го нагласам е дека ова не само што е добро за децата кои учат таму, туку тоа значи и заштеда на пари“, рече заменик министерот Макрадули.Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев потоа направија обиколка на објектите кај кои веќе се спроведуваат активности за енергетската ефикасност во вкупна вредност од 1,8 милиони денари во основните училишта „Страшо Пинџур” во Возарци, „Страшо Пинџур” во Дреново, „Тоше Велков Пепето” во Кавадарци, потоа во ЕМУЦ „Киро Спанџов“ во Кавадарци и во ученичкиот дом во Дреново.Како дел од мерките од Планот за чист воздух, ќе бидат заменети нееколошките системи за греење на јавните во ОУ „Димката Ангелов – Габерот“ и во детската градинка „Рада Поцева” во Кавадарци и за овие интервенции се определи 5,2 милиони денари.„Во една заедничка борба, ќе успееме да се справиме со предизвиците за заштита на животната средина.Успехот зависи од интегрирана и координирана акција на сите чинители, на централната и локалната власт, деловната заедница и граѓанските здруженија“, истакна заменик министерот Макрадули.фото: MЖСПП

Македонија | пред 6 години

pozarna

Пожар во битолската печатница „Киро Дандаро“

Силна експлозија предизвика пожар во початницата „Киро Дандаро“ во Битола. Од ТППЕ од Битола рекоа дека интервенирале со една екипа, а со подетални информации ќе информираат во текот на денешниот ден.Според првичните информации во пожарот нема повредени и настрадани лица, само е причинета материјална штета.  

Македонија | пред 6 години

SILEGOV-1

Шилегов: Секоја пијандура мене ме вика пијандура

Градоначалникот Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Алфа доби непристојно прашање од гледач за тоа од која ракија најмногу болела глава. Шилегов инсистираше да одговори на прашањето и рече дека тоа е црна кампања против него.-Кога бев жесток перјаник на во тоа време опозицијата, тогашната власт не можеше да најде слаба точка на Петре Шилегов и тогаш почна црната пропаганда дека сум алкохоличар. Јас тоа го гледам дека се случува. Тоа е црна кампања, а јас алкохол многу ретко пијам. А секоја втора пијандура во оваа држава мене ме вика пијандура, одговори Шилегов.

Скопје | пред 6 години

09

(ВИДЕО) Потпишанa спогодбa со Србија за отворање на заеднички граничен премин Лојане-Миратовац

Заменик претседателот на Владата на РСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик претседателот на Владата Бујар Османи денеска остварија работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Србија Небојша Стефановиќ. Поводот за средбата беше потпишувањето на три билатерални договори меѓу двете влади, кои се во интерес на граѓаните на двете држави, и тоа спогодба за отворање на заеднички граничен премин Лојане-Миратовац и договори за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и против криумчарење мигранти.„Наша основна цел како влада е посветено и постојано да работиме на целосно задоволување на потребите и барањата на нашите граѓани. За таа цел како прв од трите правни акти кои денеска ги потпишавме, сакам да ја нагласам Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за отворање на заеднички граничен премин Лојане-Миратовaц. Овој граничен премин е проблем со кој жителите на двете села се борат скоро 20 години. Нашата работа започнува со отворање на заеднички граничен премин кој, за почеток, ќе функционира како Граничен премин за локален сообраќај, а по исполнување на условите конечно ќе профункционира и како Заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај“, истакна министерот Спасовски на прес конференцијата, додавајќи дека од голема важност се и другите два договора меѓу двете влади, и тоа за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе и  против криумчарење мигранти, особено што само со взаемна соработка може да се постигне целосно справување со проблемот со мигрантите, но и со организираниот криминал и тероризам, како предизвици кои во денешно време важат за најголем и најсериозен проблем со кој се соочува секое општество.„Станува збор за стара иницијатива која долги години не успеваше да се наметне како висок приоритет но, по Oхридскиот самит, каде со Претседателот Вучиќ презедовме обврска да го подигнеме приоритетот на овој проект, работите се одвиваат на забрзана лента“, истакна Османи, посочувајќи дека со овој проект се обезбедува директен линк за комуникација на жителите на Лојане и Миратовац и околните места, кои досега мораа да патуваат и по 40 километри за да комуницираат со местата кои им се оддалечени само 2 километри. „Со овој проект не само што ќе се зголеми капацитетот на постоечкиот граничен премин Табановце, туку со неговото прераснување во меѓународен премин ќе се пресретне очекуваниот раст на трговијата и размената меѓу двете земји, што претставува вистински успех за регионалната соработка, предвидено во сите инцијативите за соработка, како што е Берлинскиот процес и т.н. „конективити агенда“.Министерот за внатрешни работи на Република Србија Небојша Стефановиќ изрази задоволство што владите од двете земји обрнуваат посебно внимание на темите коишто се важни и ги олеснуваат животите на луѓето.„Потпишаните договори се значајни затоа што поставивме основи за заедничко решавање на актуелни проблеми на граѓаните од двете држави, во насока на нивна поголема безбедност, како и за продлабочување на професиоалната соработка на нашите полициски служби“, истакна министерот Стефановиќ, потсетувајќи дека двете земји дадоа одличен одговор за време на мигрантската криза, покажувајќи солидарност и зајакната соработка на граничните премини. Тој подвлече дека полициските служби од двете земји континуирано работат да  се најде најдобар одговор во делот на спречување на криумчарењето на мигранти, борбата со трговијата со луѓе и сузбивање на организираните криминални групи, додавајќи: „Заедничкиот граничен премин Лојане-Миратовац ќе овозможи регионално олеснување на трговијата, помали трошоци за граѓаните, побрз проток на луѓе и стоки и отворање на нови можности за проширување на соработката меѓу двете земји“.   

Македонија | пред 6 години

droga-prodazba

Побаран притвор за двајца дилери во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители  сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените на 13-ти декември неовластено заради продажба држеле 13,59 грама наркотична дрога – кокаин. Дел од дрогата била пронајдена при личен претрес  кај првиот осомничен. Истиот ден при претрес во неговиот дом било затекнато и второто осомничено лице кое се обидело да фрли дел од дрогата и една дигитална вага во печка на дрва.  Кај осомничените биле пронајдени и одредени парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело и истите се одземени.Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и страв дека осомничените можат да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување  мерка притвор за двајцата осомничени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен Битолчанец, лажел дека е грабнат за да изнуди пари од родителите

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и СВР Скопје, а постапувајќи по наредба на ОЈО Битола околу 19 часот на 15.12.2019 на ул. Шуто Оризари во Скопје го лиши од слобода М.К. (29) од Битола поради основано сомнение дека е инволвиран во фингирано извршување на кривични дела грабнување и изнуда.Имено, на 14.12.2019  Б.К., татко на М.К., во СВР Битола пријавил кривични дела грабнување и изнуда при што наводна жртва е неговиот син. По насоки на ОЈО Битола веднаш се преземени оперативно технички мерки и дејствија и случајот е расчистен односно утврдено е дека станува збор за фингиран настан, во кој покрај М.К. се инволвирани уште неколку лица, со кои М.К. бил во претходен договор со цел да изнудат пари од родителите. М.К. и претходно е пријавуван за кривични дела, издржувал затворска казна, а имал и долгови кон различни лица.М.К. е приведен додека влегувал во возило „алфа ромео“,  сопственост на неговиот татко, за кое возило, М.К. тврдел дека со него е грабнат, а кај него биле и дел од парите кои биле предвидени за негов наводен откуп, а претходно технички обработени.  По документирање на случајот, СВР Битола ќе поднесе соодветен поднесок до ОЈО Битола.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ остануваат исти

Не се менуваат цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што беа утврдени пред една недела.Цената на „евросупер БС-95“ изнесува 67 денари, на „евросупер БС-98“ изнесува 69 денари за литар, а цената на дизелот 61,5 денар за литар.Цената на екстра-лесното масло за домаќинство останува на 50,5 денари за литар.Мазутот од ноќеска на полноќ ќе поскапи 0,929 денари, на 35,407 денари за килограм.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zbogar

Жбогар против ветинг во судството, во моментов ЕУ не гледа потреба за ваков потег

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар смета дека ветингот во судството е последно решение од кое во мементов нема потреба. Ова го изјави Жбогар по средбата со претседателот на уставниот суд Сали Мурати.Ветингот секогаш е последната опција и за ветинг треба да се исполнат извесни услови, како консензус на сите политички актери. Ви треба консензус на сите политички чинители. На ветингот го гледаме како последно прибежиште и во моментов не гледаме потреба за тоа. Сепак одлуката секогаш е на земјата. Во последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјава во делот за судскиот систем се наведува дека е постигнат добар напредок и дека назадувањето од претходните години почнало да се менува со преземање на чекори кои ќе значат обновување на независноста на судството. Сепак како една од клучните препораки стои дека земјава треба да:-Обезбеди доследна примена на новите правила за назначување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии и да покаже дека независноста на судскиот систем се почитува и промовира на сите нивоа, заштитувајќи го од каков било ризик од политичко мешање.Инаку спротивно на ова премиерот Зоран Заев вчера од партиска трибина ја повика ЕУ да помогне во ветингот во судството, преку активирање на инструментот за мониторинг на судски случаи од висок профил.Проверката во судството е актуелна во последните месеци, откако политичари предложија да се направи проверка во правосудниот систем, кој во сите извештаи на ЕУ е посочуван како нефункционален и му требаат реформи.Државната комисија за спречување корупција пак неодамна соопшти дека од следната година ќе се проверува имотната состојба на судиите и јавните обвинители.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

lovecka-puska

Ловџија сам се повредил при лов - пренесен во болница

На 15.12.2019 во СВР Велес било пријавено дека во Општата болница во Велес бил донесен О.П.(62) од с.Чолошево, велешко, кој имал повреда налевата рака од огнено оружје. Според неговиот исказ, тој сам се повредил при лов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања