Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

vladimir-neloski

Нелоски: Дали е точно дека СДСМ троши 176 илјади евра за два дена реклами, дали се работи за рекетирани или народни пари?

Лицемерието на СДСМ нема крај и се свесни дека паѓаат. Затоа лажните податоци, лажните вести ги лиферуваат преку скапи реклами во јавноста, за да трошат илјадници евра. Воедно ќе потсетам дека додека беа во опозиција беа против рекламирањето, а денес преку партиска сметка ги фалат лажните успеси на владата во заминување. Фрлаат илјадници евра за да граѓаните ги трујат со измислени успеси и да се наметнат неуспесите на Заев и СДСМ како успеси, истакна Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Главното прашање е: Колку чини целиот трошок за рекламирање на Заев и СДСМ кој ги исплаќаат медиумите и чии пари трошат за рекламирање?Според некои анализи на добро упатени експерти, според пазарната вредност на рекламите, Зоран Заев и СДСМ, за својата пропаганда да ги разубедат граѓаните дека не одиме во провалија, на само 5 национални телевизии, конкретно за  10 и 11 декември има потрошено по 88.000 евра дневно или за двата дена вкупно 176.000 евра.Оваа сума е според ценовникот пријавен во единствената официјална агенција која ги мери рејтинзите.Значи за два дена 176 илјади евра, за реклами кои содржат лажни вести за фалење на владата во заминување.Вистинското прашање е од каде се овие пари, СДСМ е должен да одговори дали тие ги трошат народните пари дадени од државното финансирање или се работи за рекетирани црни пари.Дали СДСМ навистина троши 176 илјади евра за два дена или има обезбедено попуст на овие стандардни цени за реклами, а  ако има попуст да одговори на кој начин истиот е обезбеден.Ќе нагласам дека медиумите воопшто не се виновни, туку овие прашања се до СДСМ.Залудни се сите обиди на Заев и СДСМ да се исперат од сите штети што ги направија на Македонија и граѓаните.Ниту една скапа кампања, ниту една реклама нема да им ја промени ситуацијата на граѓаните, кои живеат од ден за ден и крпат крај со крај.Тоа јасно се гледа и на анкетите кои што ги има и Зоран Заев и оттаму му е и оваа паника. Времето на транзициони политичари завршува.  Политичарите  како Зоран Заев, Шеќеринска ќе заминат во историјата бидејќи доаѓа Обнова на Македонија, истакна Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

remenski

Ременски денеска продолжи да врши увид во доказите за „Рекет“, исказ ќе дава утре

Пратеничката Фросина Ременски  продолжи да врши увид во доказите за „Рекет“. Таа  во петкот пет и пол часа вршеше увид во доказите, но очигледно има премногу па денеска мораше да продолжи со увидот. Според информациите од Обвинителството таа исказ треба да даде утре. Другите осомничени во овој случај Бојан Јовановски познат како Боки 13, неговиот татко Миле исказ треба да дадат во петок.Денеска пак пред Русковска исказ дава Потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“ , Јасна Мандиќ.  Таа беше донесена од домашен притвор, а се товари за помагање при извршување на кривичното дело перење пари.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

bomba-atina

Откриена експлозивна направа во универзитетски кампус во Атина

Во универзитетскиот кампус во Атина и во близина на полициска станица, утрово беше откриена рачно изработена експлозивна направа, јави дописничката на МИА од Атина.Според грчките медиуми, полицаец додека го паркирал неговиот мотор забележал ќеса во која имало кабли и часовник поврзани со шише и веднаш ја известил надлежната служба.По проверката, било потврдено дека станува збор за експлозивен механизам и била извршена контролирана експлозија за да се неутрализира направата.

Свет | пред 6 години

podgorica

Бомба фрлена во кафуле во центарот на Подгорица

Експлозивна направа беше фрлена во кафулето „Велдер паб“ во центарот на Подгорица. Тоа се случило околу три часот наутро, на булеварот Иван Црнојевиќ, пренесува „ЦДМ“.Според сознанијата на медиумите во оваа експлозија немало повредени лица. На локалот му е причинета значителна материјална штета.Силната детонација ги вознемири станарите од тој дел од градот. Увидот е во тек.Во текот на денот се очекуваат повеќе информации за тој настан.

Свет | пред 6 години

ujp

УЈП: Исплатата на поврат на ДДВ ќе трае до 31 декември

Се  уште трае исплатата на повратот на ДДВ која за првото тримесечје. Комплетно средствата од повратот на ДДв кај граѓаните треба да бидат исплатени до 31 овој месец, информира Управата за јавни приходи (УЈП).Од УЈП апелираат граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции.Досега, според информациите на УЈП, поврат на ДДВ е исплатен кај над 50 проценти од корисниците на МојДДВ.

Македонија | пред 6 години

mandik

Заменик-претседателка на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ, дава исказ пред Русковска

Јасна Мандиќ дава исказ во Обвинетелство. Таа пред  Вилма Руковска одговара на прашањата поврзани со работата на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски познат како Боки 13. Мандиќ е еден од сопствениците на Меѓународниот сојуз, а Русковска ја сомничи за измама и перење милион евра на бизнисмените за наводните старечки домови.Мандиќ моментално е во куќен притвор, кој и го одреди судот по барање на Вилма Русковска. Според Обвинителството, постои опасност за уништување на докази, влијание на сведоци и други основи.Мандиќ се товари за измама и перење пари во износ од засега утврдени милион евра, кои првоосомничениот Боки 13 ги зел со измама од двајца бизнисмени, наведувајќи ги дека ќе ги инвестира во нивна корист за изградба на домови за стари лица.Инаку за „Рекет“ под истрага се пет физички лица и едно правно лице, меѓу кои Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.Првоосомничениот сторил продолжено кривично дело измама и перење пари.Останатите се осомничени дека помагале при извршување на кривичното дело измама. Тројца од нив се сомничат дека помагале и при перење пари и други приноси од казниво дело.Правното лице е сомничено дека сторило измама. Од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото.Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација.Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.фото: skopje1

Македонија | пред 6 години

ustaven

Службите од уставниот суд, ги избркаа новинарите од зградата, изјави од Жбогар и Мурати треба да чекаат надвор

Новинарите иако поканети за следење на средбата помеѓу претседателот на Уставен суд на Република Северна Македонија Сали Мурати, и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар службите од судот на дрзок начин ги избркаа од зградата. Беше дозволено само снимање на неколку инсерти од средбата.Во моментов тече средбата помеѓу Мурати и Жбогар, но новинарите неможат да ја следат.И покрај инсистирањето да се присуствува за по средбата да се земе изјава, на екипите им беше кажано дека изјавите можат да земаат само надвор од  просториите на Уставен суд.Не е позната причината средбата помеѓу Жбогар и Мурати.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

bozicna-psenica

Посадете „Божиќна пченица“ -треба да биде зелна и бујна, зошта такви ќе бидат и жетвите во текот на годината

Раѓањето на Исус Христос е празник кој се прославува со семејството како и со одење на црковна богослужба.Покрај сите обичаи, собирањето на целото семејство околу богатата трпеза е централен настан. Задолжително се пали кандило и се крши погача. Но на масата мора да има уште еден од големите симболи на христијанскиот празник - Божиќно жито.Иако пред Божиќ може да се купи речиси сегаде, пожелно е самите да го засадите.За да израсне до Божиќ треба на време да се посади. Треба да биде зелно и бујно, зошта такви ќе бидат и жетвите во текот на годината, вели старото верување.Пченицата се сади на празникот Свети Никола, на 19 декември кај православните, а кај католиците на 13 декември на денот Света Луција.За садење потребни ви се рака пченица и чинија во која ќе ја посадите.Во плитка чинија ставете земја, а на неа наредете ја пченицата, која стоела во вода во текот на ноќта. Одозгора покријте ги зрната со уште малку земја, која секој ден ќе на наводенувате, односно прскате со вода на собна температура.Пченичните зрна можат да се стават и без земја. Само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат.До ивицата се остава барем 1 сантиметар бидејќи пченицата со никнувањето ќе се прошири. Заливајте умерено. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода, за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.Пред да се стави на маса, житото се шиша со ножици да биде рамно, бидејќи често израснува нерамномерно.На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машна.фото: Rudina Press 

Магазин | пред 6 години

menda

(ФОТО) Судбата на Менда има среќен епилог, кучето кое беше затруено на плоштадот во Охрид вдомено во Холандија

ФБ статус на aктивистот на здружението за заштита на животните Климент Арнаудов:Судбата на Менда имаше среќен епилог. За жал таа судба нејзина многу малку кутраци ја делат. А не треба многу за да имаат убава судба - доволна е само примената на законите и институционалното незатајување и ќе нема кутраче кое трагична судба ќе има. А да, треба и асолни луѓе во институции кои нема да пафтаат со партиска книшка, но со својата совест, морал и професионалност.Накратко - Менда беше бездомно кутре, сакано и галено од дел од охриѓаните но и од туристите, која пред нецела година ја стерилизиравме и на смени недела дена дежуравме во импровизирана просторија каде затоплувавме, па потоа ја вративме на улица и пак си ја галкавме и храневме за да пред месец дена ја затрујат (види видео) и едвај успеавме да ја спасиме (само секунда да задоцневме Менда ќе беше мртва) за на крај несебичната пожртвуваност на моите пријатели А. и В. да вроди со овој вдомеж во Холандија.Воедно, сакам да напоменам дека и натаму нема ни трага ни глас од исходот на истрагата (ако воопшто и ја има) иако труежите се случија во центарот на градот каде речиси на секој трет објект има камера. Да се сакаше за недела дена ќе се најдеше сторителот, но очигледно не се сака оти фаќањето на сторителот може да нѐ однесе и до лица во фотелјичка закотвени, а тие лица врски да имаат со други повисоки лица та и со лица кои по дифолт требаше да бидат олицетворение на почитување и примена на законите итн.Менде, среќно ти домче! А вам луѓе ви порачувам да си вдомите бездомно душенце, да го спасите од суровоста на улицата и довечно да си го чувате (грев огромен е напуштањето миленик), а ако не можете да вдомите оти не сакате (не од што немате услови) тогаш барем не ги повредувајте на улица и подавајте им храничка. Оти и односот кон животинките го поплочува нашиот пат кон рајот или кон пеколот.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10214995321386643&set=pcb.10214995364267715&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

boshkoski-mickoski-2019

Бошкоски до Мицкоски: Доколку сакате да се објасниме за инвестициите, ви стојам на располагање

Со целосна почит кон Вас, но забележувам во последно време некако сте  опседнати со мене, па се почесто го изговарате моето име, а притоа морам да констатирам дека не сте добро информирани и намерно или не, ширите дезинформации.Јас, како основач на ВМРО-ДПМНЕ и човек кој е 30 години ВМРО, со цела почит кон Вас, ама не ве познавав до неодмана и прв пат ве видов на телевизија пред некое време.Но, побитно е дека како човек кој замислува дека ќе стане некогаш премиер, треба да разликувате што е министер за странски инвестиции, а што е советник за странски инвестиции. Јас не сум министер за странски инвестиции, туку сум советник на премиерот за странски инвестиции.Господине Мицкоски, тоа значи дека јас советувам, немам обврска да носам странски инветиции.Но и покрај тоа, инвестиции има да ги броите цел ден, дел донесени и од мене. Сите се дојдени поради добрата бизнис клима која се создаде после пеколот што го направи вашиот ментор во бегство.Инвестиции има поради крајот на еден режим за кој вие по се изгледа уште не сте свесни со оглед дека кажувате за методи за влечење некого за ракави.Со сета почит, господине Мицкоски, но мислам дека малку сте ја згрешиле стратегијата. Сега е дозволено и добро е да се критикува, нопред тоа треба да се извините и да се оградите од досегашното владеење на вашиот ментор.Без тоа, господине Мицкоски, со сета почит и најдобронамерно сакам да ви кажам дека вашиот рок на траење ќе биде само уште неколку месеци.Доколку сакате да се објасниме за инвестициите, вклучувајќи ги и тие во хидроцентралите ви стојам на располагање, на било која телевизија и во било кој термин.Ако сте толку убедени дека сте лидер, прифатете ја поканата и очекувам многу брз одговор.фото: Обединети за Македонија

Македонија | пред 6 години

29-ta-sednica-na-sovet-4

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Бараме Шилегов 100те илјади евра за новогодишна прослава да ги донира во хумани цели

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје бара  Градоначалникот Шилегов 100те илјади евра наменети за новогодишната прослава да ги пренамени за хуманитарни цели и истите да ги донира. Наместо Новогодишна прослава на плоштад парите да се донираат во хумани цели.Воедно во знак на транспарентоста и отчетноста кон граѓаните бараме да се објават донаторите кои обезбедија сто илјади евра за новогодишна прослава. Истата моќ на убедување да инвестираат во прослава, го повикуваме Шилегов да ја употреби, спонзорите парите да ги дадат во хумани цели, се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје.Шилегов да објасни како од бесплатна прослава на Плоштад се стигна до 100 илјади евра за една вечер.Шилегов исто така треба да објасни низ каква постапка се доделени 300 илјади евра за новогодишно китење на градот и дали оваа сума не можеше да биде драстично помала и заштедените средства да се употребат за капитални инвестиции. Зошто Скопје троши 400 илјади евра, за китење и новогодишна прослава за Нова Година кога илјадници Скопјани се без канализација и соодветен водовод. Дали  средства не можеа да се инвестираат во итни мерки за почист воздух, со оглед на тоа што Скопје е најзагаден град во Светот.Како Советничка група очекуваме дека  градоначалникот Шилегов сомнежите ќе ги расветли единствено доколку донесеме заедничка одлука за донирање на средствата од 100 илјади евра за хуманитарни цели, велат во соопштенеито од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Македонија и Србија ќе потпишат договор за отворање граничен премин Лојане-Миратовец

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Скопје ќе имаат средба со српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.Во рамки на посетата предвидено е да бидат потпишани договори меѓу двете влади за отворање на заедничкиот граничен премин Лојане – Миратовец, како и за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе и против криумчарењето мигранти.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

jasna

Јасна Мандиќ денеска ќе треба да и каже на Русковска се за Меѓународниот сојуз и парите на бизнисмените

Откако минатата недела во Обвинителството за организиран криминал се редеа сите осомничени во случајот за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски познат како Боки 13, од денеска ќе се даваат исказите пред обвинителката Вилма Русковска. Прва во Обвинителството треба да се појави Јасна Мандиќ, која ќе треба да одговара на прашањата поврзани со работата на Сојузот. Таа е еден од сопствениците на Меѓународниот сојуз, а Русковска ја сомничи за измама и перење милион евра на бизнисмените за наводните старечки домови.Мандиќ моментално е во куќен притвор, кој и го одреди судот по барање на Русковска. Според Обвинителството, постои опасност за уништување на докази, влијание на сведоци и други основи.Мандиќ се товари за измама и перење пари во износ од засега утврдени милион евра, кои првоосомничениот Боки 13 ги зел со измама од двајца бизнисмени, наведувајќи ги дека ќе ги инвестира во нивна корист за изградба на домови за стари лица.

Македонија | пред 6 години

51263783_235520197391834_7225933260319096832_n

На Шапка и Маврово е вистинска снежна идила

Најстудено утрово е во Тетово, Битола и Берово, минуст три степени, а максимални осум се измерени во Дојран.Минус еден е во Крива Паланка и Куманово, нула во Скопје, Прилеп, Штип, Струмица и Дебар, еден во Лазарополе, Охрид, Демир Капија и Гевгелија, два во Маврово и Претор, како и четири степени во Виница и Крушево.Како што информира УХМР, до седум часот висината на снежната покривка е 15 сантиметри на Попова Шапка и два во Маврови Анови.

Македонија | пред 6 години

vreme-oblacno

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

80442057_555757525006936_8739911474132025344_n

(ВИДЕО) Скопје не се гледа од густиот смог

Скопје утрово не се гледа од густиот смог кој буквално пече на очи. Градот смрди на кисела зелка и тешко е да се гледа не само заради лошата видливост, туку и затоа што воздухот пече на очите.Скопје утрово изгледа вака: 

Скопје | пред 6 години

dvojni-identiteti

(ВИДЕО) Нов огромен скандал во МВР - загрозено ли е членството во ЕУ и НАТО?

Нов неверојатен скандал кој го открива емисијата Код на Снежана Лупевска ги тресе Владата и МВР.Оперативци на МВР вршеле шпиунски акции во странство за потребите на странска држава.Според извештајот пронајден во досето кај Ременски Законот е прекршен.  Тројца вработени во Управата со месеци не доаѓаат на работа. Но тоа не се случувало само една година туку низ неколку години отсуствата траеле подолго.  Нивното често отсуство е пријавено до ванатрешната контрола . Тие направиле контрола каде се двајцата вработени и какви задачи извршуваат. Тогаш дошле до неверијатни сознанија дека тројцата припадници на УБК имале еден идентитет за во Македонија но друг за надвор од неа.  Слично како Варелов и тие добиле пасоши со имиња и презимиња од македонија но дали ликовите се измислени или вистински постојат како што бече случајот со Варелов истрагата треба да покаже.Текстот во целост на: telma.com.mk 

Македонија | пред 6 години

alpinisti-kuce-1

(ВИДЕО) Алпинисти спасија куче заглавено на Попова Шапка

Случајна мала спасувачка мисија од алпинистичкиот клуб АК8. Имено членови на  клубот викендов имале тренинг и обука под врвот Антени, на Попова Шапка, но, сосема неочекувано, тренингот се претвори во спасувачка мисија од викенд населбата. Тие во висините и стрмни предели пронајдоја куче кое неможело да се врати по стрмниот кулоар, и било приморано да остане на карпата заглавено.Задачата на алпинистите и не беше баш така лесно ако се знае дека кучето беше и премрзнато и исплашено.

Македонија | пред 6 години

20191213_131052

Детектор анкета: Граѓаните му дадоа слаба тројка на македонското образование

Помалку од тројка е средата оценка со која граѓаните го оценија образованието. Вакви резултати покажува последното истражување на јавното мислење кое за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.Според него, најслаба оценка од граѓаните добило средното образование. Средната оценка која граѓаните му ја дале на средношколскиот образовен процес е 2,79. Нешто подобро поминало високото образование кое е оценето со средна оценка 2,84, а 2,85 е средната оценка којаграѓаните му ја дале на основното образование.Во споредба со последната анкета која за Детектор Институтот за политички истражувања ја спроведе во мај годинава, се бележи намалување на средната оценка за квалитетот на образованието. Најмногу паднало средното образование. Од 2,89, колку што била среднатаоценка во мај, во последното истражување спроведено минатиот месец таа се спуштила на 2,79.Пад има и кај високото образование. Од 2,9 во мај на 2,84 во ноември. Благо намалување е регистрирано и кај основното образование кое од 2,86 во мај паднало на 2,85 во ноември.Анкетата на Детектор покажува дека повеќе од половина од граѓаните генерално не се задоволни од квалитетот на образованието иако треба да се потенцира дека исто така висок процент граѓани велат дека образованието во земјава е квалитетно. 51,6% од анкетираните велат дека генерално не се задоволни од квалитетот на образованието додека 44,8% велат дека во Македонија има квалитетно образование.Споредбата со анкетата од мај годинава покажува мали но значителни промени, особено ако се има предвид дека пред 6 месеци, поголем беше бројот на граѓани кои се задоволни од образованието во земјава за разлика од оние кои не се.Па така во мај, анкетата која исто така ја спроведе ИПИС, покажала дека 49,2% граѓани се задоволни од образованието а 46,3% дека не се.Најголемо незадоволство од квалитетот на образованиот процес има во вардарскиот регион каде 69,2% од анкетираните рекле дека не се задоволни. Следат југоисточниот регион со 57,8% незадоволни граѓани од квалитетот на образованието и источниот со 52,9%.Близу половина од граѓаните или 49,9% велат дека не се задоволни од програмите во образованиот процес за разлика од 26,3% од анкетираните кои велат дека се задоволни.54,4% велат дека не се задоволни од квалитетот на учебниците, додека 23,6% се на став дека учебниците се квалитетни.45,7% од анкетираните велат дека наставниот кадар не е квалитетен додека 34,1% сметаат дека во Македонија има квалитетни наставници.Големо мнозинство граѓани смета дека земјите од регионот имаат поквалитетен образовен процес. 40,1% од анкетираните за Детектор рекле дека во споредба со земјите од соседството образовниот процес во Македонија е полош. 29,8% се на став дека имаме слични образовнипроцеси додека 10,4% од граѓаните рекле дека Македонија има подобар образовен процес од оној во соседството.Сепак резултатите од ПИСА тестирањето ја рангираат земјава на најниските места. Според најголемиот дел од граѓаните причина за тоа е несоодветниот наставен кадар и лошата наставна програма.23,7% главната причина за лошите резултати на ПИСА тестирањето ја лоцираат во наставниот кадар за кој велат дека е несоодветен. 22,2% во лошата наставна програма, 13,6% во лошите услови во училиштата а 6,5% во неквалитетните учебници.Кога станува збор за условите во училиштата, интересно е дека повеќе од третина од граѓаните сметаат дека бројот на ученици во еден клас или едно одделение е премал. Дури 34,6% од анкетираните сметаат дека во паралелките има премалку ученици за разлика од 19,1% коисметаат дека бројот на ученици во една паралелка е преголем. 29,7% од анкетираните велат дека паралелките имаат соодветен број на ученици а 16,7% немаат одговор.Интересна е етничката поделба. Додека етничките Македонци се на став дека во паралелките има премалку ученици, нивните сограѓани, етничките Албанци се убедени во спротивното. Дури 44,9% од анкетираните етнички Албанци сметаат дека во паралелките има преголем број на ученици.Спротивно на ова, 42,1% од анкетираните етнички Македонци сметаат дека во едно одделение или клас има премалку ученици.Граѓаните, според анкетата на Детектор не се уверени дека повеќе пари за наставниците ќе го решат проблемот со образованието кое го сметаат за неквалитетно. 46,1% од анкетираните велат дека најавеното зголемување на платите на наставниот кадар нема да го зголеми квалитетот на образовниот процес додека 32,4% очекуваа поголемите плати за наставниците да донесат и поквалитетно образование.Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници со маргина на грешка од плус – минус 3%. 

Македонија | пред 6 години

SDS_8463

Заев: Прочистувањето во судството почнува сега, веднаш!

Дел од судството и од обвинителството останаа последната тврдина на „заробената држава“. -истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев од трибината во Скопје.Заев посочи дека наместо да се ослободат од сопствените окови, Сваровски судските  центри на моќ застанаа на патот на правдата,како последни упоришта на „заробената правда“.Ова мора да престане веднаш! – истакна Зоран Заев.Тој посочи дека овие институции мора да ја променат својата работа и да одговараат пред граѓаните за својата работа.Тој ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш.Го повика и  Судскиот Совет да ја оцени одговорноста на судиите за застарувањето на предметите и целосно да ја провери професионалноста и ажурноста на работата на судиите.Нам ни треба судство кое одлучува, а не судство кое застарува предмети! Го повикувам и судскиот совет да провери, кој ги држи предметите по фиоки, Правна држава мора да има во Република Северна Македонија - истакна Заев од трибината во Скопје.Тој ја повика и  Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судските случаи за корупција и политички криминал.Прочистувањето во судството е почнува сега, веднаш!Прочистување на судиите и обвинителите мора да има, зашто правда може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата. –рече Заев пред присутните граѓани во Скопје.Му се допаѓало тоа некому или не. Последните бастиони на заробената држава ќе паднат.-истакна претседателот Заев од трибината „ На Прав Пат“ во Скопје.

Македонија | пред 6 години

SDS_7642

Заев: На прав пат сме затоа што 120.000 граѓани ги чувствуваат придобивките од социјалната реформа

Денес, на Северна Македонија се гледа како на безбедна и заштитена земја, мозаик од можности, со Влада која е тука да помогне да се отвори бизнис и да се инвестира. Тоа е успех. Тоа се историски остварувања порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје.Заев истакна дека во изминатите две години спроведени се реформи кои го преобразија системот на социјална заштита.Придобивките од социјалната реформа, денес директно ги чувствуваат над 120.000 наши сограѓани. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти. Денес, околу 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, во висина нас 11 илјади денари месечно, а претходно добивале социјална помош во висина од околу 3.000 денари. Над 27.000 деца во моментот земаат детски додаток. Образовниот додаток го земаат 8 и пол илјади деца. Социјална пензија користат над 4 илјади возрасни лица.Ние згриживме 12 илјади стечајни работници. Сите тие  добиваат над 8.000 денари месечно, се до нивното пензионирање. Исправивме  долгогодишната неправда кон овие наши сограѓани, кои не по своја вина, ниту волја, останале без работа и без месечни примања.Исправаме неправди. Тоа се големи успеси и нема да застанеме тука. Градиме фер и праведно општество на еднакви можности. Градиме држава како достоинствен дом за секоја наредна генерација.На прав пат сме! Продолжуваме по вистинскиот пат, порача претседателот Заев пред преполната сала во Скопје.

Скопје | пред 6 години

micko

Мицкоски: Најавуваа 5% раст на БДП, но од денот кога се избрани па до третиот квартал, тоа не е ни половина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговата денешна преконференција, која е рецензија на измамите во економијата на Зоран Заев и СДСМ, кажа дека економската политика е катастрофална и дека државата оди во погрешен правец. Според Мицкоски годината која ја најавуваа за економска е впрочен најтешката и најсиромашната за живот.-Мицкоски денес ја разобличи една од најголемите лаги Зоран Заев и СДСМ во економска гледна точка, а тоа е најавените 5% раст на БДП. Од денот кога се избрани заклучно со третиот квартал, тоа не е ни половина, односно не е ни 2.5%, истакна Мицкоски.-Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која како што кажа имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност. Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната. Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот, кажа Мицкоски.-Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, имено во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%. Со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година, вели Мицкоски.Според Мицкоски ова се бројките кои ја покажуваат катастрофата во економија, тоа е показател дека се движиме во погрешна насока, а сето останато е само погрешна слика за економијата. Кога велат дека блескаме како економија според Мицкоски се работи за политички ПР или за класично незнаење од страна на власта.Во однос на даночната политика Мицкоски потсети на пиши бриши политиката, кога се зголемува, па повторно се намалуваа даноците. Политика која ја бранеа редица поранешни министри за финансии од СДСМ, кои беа пуштени низ вода од Зоран Заев со изговор дека е погрешен чекор, а кое беше единствено ветување од нивната економска програма кое го реализираа.-Најголемата лага според Мицкоски е ветувањето дека данокот на добивка ќе го за ИТ индустријата ќе го намалат за 5%, што не се случи. Наспротив ветувањата за повластувања за ИТ компаниите, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7%, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7% поголем од буџетот за оваа година, а кој буџет не може да биде исполнет затоа што до крајот на година ќе фалат пари.-Катастрофална е и наплатата на данокот на добивка, имено во период јаануари – ноември имаме за цели 23.7% помал од планираниот, односно за 20% од тој кој бил собран во 2018 година. Мицкоски кажа дека тоа што денес Заев ќе го зборува, дека блескаме е всушност еден судир во една слепа улица кон која Зоран Заев ја турка и ја води Македонија.-Надежта не смее да се губи вели Мицкоски бидејќи најдобрите денови за Македонија и македонската економија допрва доаѓаат, а тие доаѓаат со програмата за обнова на Македонија, во која ќе има предвидено оданочување соодветно на потребите на стопанството и повеќе капитални инвестиции. За сето тоа да се реализира ќе има бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шекеринска: Скопје веќе не е темен вилает, Скопје е слободен град кој им припаѓа на граѓаните!

Скопје повторно се отвори. Не е веќе мрачен вилает на поранешниот режим кој бркаше студенти низ библиотеки за да ги апси. Во кој веќе не доаѓаше ниту еден висок странски политичар бидејќи власта беше скарана со цел свет, порача заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на трибината „На прав пат“Нашиот град  го посетија , за само две години,  генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Туск, Ангела Меркел, Тереза Меј, десетици премиери, МНР и МО на најмоќните и најпросперитетните. Тие дојдоа да му дадат поддршка на нашиот народ, на нашето Скопје!-рече Шекеринска.Скопје не е веќе град на стравот. Не е веќе град експеримент на мала група луѓе. Денес Скопје е слободно! Скопје е град на своите граѓани, на музиката и уметноста, на слободата и критиката, Скопје е град на слободни луѓе, порача Шекеринска.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов најави нови 33 еко автобуси на гас во февруари!

Започнавме процес на системско решавање на проблемите кои во минатото ги оставале да се таложат, ги ставале под тепих, водејќи грижа исклучиво за нечии лични интереси, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.Наместо со импровизирани скапи набавки на двокатни дизел автобуси, јавниот транспорт го решаваме системски подобрувајќи ја неговата одржливост. Со поддршка на Владата ја започнавме процедурата за обезбедување на средства  за изградба на Траклес трам. Овој систем подразбира воведување на нова технологија неколкукратно побрза од постоечкиот јавен транспорт, истакна Шилегов.Но оваа приказна не започна тука. Нарачавме 33 квалитетни, нископодни, единечни и дводелни еко-автобуси на гас, кои веќе од февруари следната година ќе почнеме да ги гледаме еден по еден на скопските улици, нагласи Шилегов.Ова гарантира дека за 2 години од сега, ќе имаме повеќе корисници на јавниот транспорт со зголемена ефикасност и подобрени еколошки перформанси, а помалку возила на улиците, заклучи градоначалникот на Скопје и член на ИО на СДСМ, Петре Шилегов на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: Промените денес се реалност во Скопје, покажавме дека знаеме поинаку

Промените денес се наша реалност. Многу подобра од претходната. Реалност за која вреди да продолжиме понатаму во истиот правец, сигурни како никогаш досега дека знаеме, умееме и можеме, сигурни дека сме на правиот пат, порача градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и член на ИО на СДСМ на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.Градот убав има посебно место и во моето и во вашите срца. Најубав е кога е полн со луѓе исто како оваа сала која е претесна да ве собере сите вас кои безрезервно нè поддржувате последниве години,  истакна Шилегов.Токму вашето присуство во волкав број драги мои сограѓани, е најдобриот доказ дека сме на прав пат, дека е подобро од пред две години, кога со нашето Скопје управуваа луѓе без визија, без концепт, без компас, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања