Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

jovan-stojanoski

Една година од смртта на Јован Стојаноски, Георгиевски со емотивен статус: „Правам се што ветив Јован“

Денека се навршува една година од смртта на градоначалникот на Охрид Јован Стојановски. На тој ден се присети градоначалникот Константин Георгиески кој преку ФБ објави емотивн статус. Георгиески објавувајќи фотографија со неговиот близок пријател, сопартиец и другар напиша:-Помина една година откако го испушти последениот здив на моиве раце.Здивот со кој згасна твојот живот, а започна мојот нов живот.Замина и ми остави болка, празнина и голема обврска кон тебе.Правам се што ветив Јован.За тебе, за нашите граѓани и за нашиот град.Колку години и да поминат, нема да се доволни да се заборави секој убав спомен на тебе!Почивај во мир, голем човеку!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/501294573809484

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Како и што дишат тетовци? Мерните станици покажуваат 115 ПМ честички на 100 микрограми

Тотово утрово најзагадено. Податоците од мерните станици покажуваат 115 ПМ честички на 100 микрограми се измерени. Битола е втор на листат, со измерени 65 ПМ на 100 микрограми се измерени.Пониска загаденост утринава покажуваат мерните станици во Скопје, додека во другите градови воздухот е ниско загаден.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

moj-ddv

Од денеска започнува наградната игра МојДДВ #МојаНаграда

Од денеска започнува наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, во која граѓаните имаат можност секојдневно да добијат една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Од 15 декември со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ и со прифаќање на условите на наградната игра, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на дневна, месечна награда или премија.Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од по 1.000 денари, 1.101 награда од по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари – односно секој ден ќе се доделуваат по 10 награди и тоа од 4 по 1.000 денари, 3 по 2.000 денари и 3 по 3.000 денари. Понатаму секој месец ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари или вкупно за цело времетраење на играта 180 награди по 100.000 денари.Има и две главни премии од по 3.000.000 денари.За да се учествува на наградната игра лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, како и да е корисник на апликацијата МојДДВ. На апликацијата ќе се појави известување за наградната игра МојДДВ #МојаНаграда за да прифаќање на условите за учество. Откако ќе се прифатат условите, со секоја скенирана сметка лицето може да стане потенцијален добитник на една од десетте дневни награди, месечните или една од премииите.Извлекувањето ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката. Сите недобитни пак, ќе добијат поучна порака со едукативно-информативна содржина. Исто така, недобитните скенирани сметки добиваат сериски број кој ќе учествува за извлекување во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Милиони се изрекетирани, уште толку се исцедени од буџетот -криминалот стана заштитен знак на Заев

Зоран Заев и Драги Рашковски под сомнителни околности ќе дадат 72 милиони евра на фирма која постои два месеци, а Јовевски и Русковска наместо да го испитаат случајот трчаат по повикот на Заев да собираат хартивчиња. Во случајот Рекет 2 беа изнесени директни обвиненија дека се рекетирани 11 милиони евра, а Јовевски и Русковска место да го истражат криминалот собираат кесички на повик на Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев и неговиот брат Вице се директно обвинети од бизнисмен дека го рекетирале, а ЈО наместо да спроведе истрага чисти грмушки.Во Македонија цела година е спроведуван организиран рекет, за кој постојат индиции дека е поддржан од врвот на власта, а Русковска и Јовевски наместо да ги бараат организаторите чистат смет по паркови.Здравството го погодија аферите Вирус и Инсулин, имаше крвав тендер од 35 милиони евра и министерството се користи како средство за испумпување пари од буџетот, а ЈО наместо систематски да ги истражи случаите, систематски чисти зелени површини.Рашковски заглавен до гуша во криминал. Аферата Леонардо не е ни процесуирана, а ЈО наместо да ја процесуира се зафати со чистење на тротоари.Милиони се изрекетирани, уште толку се исцедени од буџетот преку матни тендери, криминалот стана заштитен знак на Заев и неговата влада, а Јовевски и Русковска наместо да ги гонат, со нив чистат покрај контејнери, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

ohridskoezeromart

Инспекција влезе кај концесионерот на Охридското Езеро - се проверува неговата работа

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги испратило сите свои инспекциски служби да спроведат проверка на работењето на концесионерот што стопанисува со рибниот фонд на Охридското Езеро.Рибарите од Радожда обвинија дека концесионерот работи незаконски со потконцесионер во струшкиот дел од езерото на потегот од Подмоље до кампот „Треска“, со кого преговараат и договараат услови за риболов. Тие јавно изјавија дека се ангажирани без договори, како и оти воопшто не се водело евиденција за уловената риба. И во минатото беше посочувано дека на хартија се запишува одредена количина, наспроти реално изловената риба со тежина и по неколку пати поголема од декларираната, објави МИА.Неодамна Охридското Езеро доби нов концесионер што наредните шест години треба да стопанисува со рибниот фонд. Фирмата „Летница Белвица“ од Струга го доби езерото на користење со изменета риболовна основа. Измените се однесуваат во делот на утврдување на периодот на мрест, времето во кое е дозволен риболовот, намалени се количините на дозволен улов на охридска белвица и детално се уредени специфичните локации на мрест на рибите, особено за Охридската пастрмка, белвицата и крапот.Она што навистина е проблем е отсуството вистинска физичка заштита на рибниот фонд во езерото. Во Охрид и Струга јавна тајна е дека се врши неконтролиран излов на риба од езерото, и тоа не само преку злоупотреби од концесионерите, туку и од поединци и организирани групи кои вршат незаконски риболов пред очите на инспекторите, концесионерот, полицијата. извор: МИА

Македонија | пред 6 години

kamili

ЕУ подари 250 камили на африканска држава - жителите се потсмеваат

Европската Унија донираше 250 камили на Мавританија, како дел од напорите оваа западноафриканска држава да се справи со заканите од џихадистите и да се зајакне безбедноста во граничната област Сахел.Началникот на армијата на Мавританија, генерал-полковник Масагаро Олд Сиди, рече дека новите животни ќе ги зајакнат неговите единици на камили, кои ги чуваат границите на земјата.Сепак, пристигнувањето на животните во градот ги забавуваше локалните жители, кои на подарокот од ЕУ гледаат со изненадување, бидејќи нивната земја е позната по големата популација на камили. Постот на новинската агенција Ал-Акбар на Фејсбук собра стотици коментари.„Дојдоа како подарок од Европа, но тие секогаш беа тука?“, зачуден е еден корисник на мрежата. „ЕУ има камили?“, праша друг. „Зошто не ни даваат оружје или воена опрема што вреди нешто?“, запраша трет корисник.Некои потсетија дека Мароко неодамна доби радар од ЕУ и Шпанија за да се справи со имигрантите, додека други велат дека овој подарок е навреда и потсмев за луѓето од Мавританија.Како што наведе „Би-Би-Си“, камилите биле донирани во рамки на помош во вредност од 13 милиони евра од ЕУ за зајакнување на развојот и безбедноста на земјата.Мавританија е на удар на џихадистите во последните години.Воените единици на камили постојат повеќе од 100 години, но од неодамна беа распоредени во оддалечените гранични области.

Свет | пред 6 години

kurti

Курти: „Границата меѓу Косово и Албанија не е албанска граница, тоа е српска и југословенска граница“

Обединувањето со Албанија, еден ден во иднината, го гледа како успех на Косово, вели во интервјуто за Дојче веле Аљбин Курти, мандатарот за составување косовска влада.Курти истакна дека сака да ги гради и продлабочи односите со Германија каде, според него, Косово има дијаспора од околу половина милион луѓе.„Со Германија разговараме за две главни теми: првата за внатрешните реформи на Косово, како земјата да се ослободи од кризата, како да се намалат невработеноста и сиромаштијата, како да се сузбијат криминалот и корупцијата.„Што се однесува до односите со Србија, се договоривме дека мора да се сретнеме со наследникот на госпоѓата (Федерика) Могерини, Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, за да ја разгледаме подготовката за идниот дијалог заснован врз јасни и прецизни принципи. Не смееме повторно да утнеме. „Границата кон Србија не може да се споредува со границата кон Албанија. Границата меѓу Косово и Албанија не е албанска граница, тоа е српска и југословенска граница. Приближувањето, интеграцијата и обединувањето со Албанија – еден ден, во иднина – јас не го гледам како резултат на неуспехот на државата Косово, туку како нејзин успех. Но, оваа земја најпрво мораме да ја направиме успешна“,вели Курти за Дојче Веле.

Свет | пред 6 години

ribi

(ФОТО) Риби како машки полов орган, преплавиле плажа во Калифорнија

На една плажа во Калифорнија, била прекриена со лигави животни, кои многу потсетувале на машки полов орган. Посетителите биле збунети но и згрозени од гледката.Според списанието Bay Nature, овие суштества се всушност морски црви. Најмногу се наоѓаат под песокот и далеку од плажите, но неодамнешните бури ги извадија на површина.Како што се гледа на фотографиите, изложени на плажа, пенис-рибите се лесен плен за птиците.https://www.instagram.com/p/B5gmaHUn0Cl/https://www.instagram.com/p/B58did9BbBA/

Магазин | пред 6 години

1albanija-zemjotres

Во Албанија по катастрофалниот земјотрес се апсат градители, инжењери ....

Четири лица се обвинети за намерно убиство на 24 жртви во земјотресот во Драч. Тројца од нив се градители. Во Драч, три лица се уапсени по обвинение дека се виновни за смрт предизвикана од уривање на објекти по земјотресот на 26 ноември.Уапсени се и двајца градители, 79-годишниот Ружди Џека за објектот хотел „Мира Маре“, каде загинаа две лица, и Авдула Османи (61) за изградба на хотелот „Тропикал“, каде загинаа двајца државјани на Косово.Во листата објавена од полицијата на која има девет лица се наоѓа и 53 годишниот Кујтим Хаса, вработен во Министерството за внатрешни работи.Во обвинителството на Дрaч досега се испрашани повеќе од 90 лица, меѓу кои повеќе инженери, сопственици на објекти и градители. Досега според истрагите, треба да бидат уапсени 19 лица.фото: Архива

Свет | пред 6 години

pendarovski-12

(ВИДЕО) Дали за претседателот Пендаровски Заев е ненормален?

Претседателот Пендаровски и премиерот Заев имаат различни ставови по прашањето за македонскиот јазик кој официјално го негира БугаријаДодека Пендаровски вели дека никој нормален не би дебатирале за овие теми премиерот Заев вели дека овие теми треба да се решаваат преку разговор односно дебати кои според Пендаровски можат да ги водат само ненормални луѓе, пишува expres.mk.https://www.facebook.com/Expres.mkd/videos/2399654763683961/

Македонија | пред 6 години

vulkan

Идентификувана првата жртва од вулканот во Нов Зеланд

Полицијата го објави името на првата жртва од ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд, тоа е Кристал Ив Бровит која има 21 година и е од Мелбурн.  Таа во посета на вулканот била со семејстото, а сега таткото Пол и сестрата Стефани со тешки повреди се во болница.Досега се потврдени 15 жртви.Ерупцијата се случи во понеделник, по што пепелта од вулканот го загади морето, и по секое нуркање нуркачите мора да се чистат. Се трага по уште две жртви. 

Свет | пред 6 години

konj

(ФОТО) Уште еден изнемоштен коњ колабрираше на улица, има ли крај?

Има ли крај. До кога ќе се измачуваат животните, а никој нема да регира. По којзнае кој пат на социјалната мрежа фејсбук објавена е фотографија од изнемоштен коњ кој колабрира на улица. Фотографија од тажната случка се објавени на страната „Миленичиња домашни и улични“ и на неа може да се види ека коњот влечел натоварена приколка.Фотографиите предизвикаа лавина коментари кај јавноста.Самоз а потсетување пред нецел месец беше оставен прегладнет и дехидриран на кејот на Вардар. Изнемоштен коњ колабира на улица во Скопје Север. Ова е четврти смртен случај да угине коњ во Скопје за кратко време. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=481638095818927&set=gm.2667206973373930&type=3&theater

пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Во акцијата за чистење на Скопје отстранети и импровизираните објекти од кејот на Вардар

Вработените на градската администрација, јавните претпријатија и градските јавни културни институции денеска учествуваа во големата акција за чистење на Скопје, која се одржа како начин за одработување на неработниот ден од годинава, 2 јануари.Во текот на денешната акција повеќе од 40.000 вработени од јавниот сектор спроведоа голема акција за чистење, која се одвиваше на 20 локации во Скопје и тоа: се езерцето Треска во Сарај, Аквадуктот, СЦ „Борис Трајковски“, Кале, Музејот на современа уметност, касарната „Илинден“, Јужен булевар, „Бихаќка“, Државното училиште за физичка култура „Методија Митевски Брицо“, Железничката и автобуската станица, улица „Џон Кенеди“, кај Собранието, цела улица „Македонија“, МКЦ и МТВ, касарната „Гоце Делчев“, улица „Ферид Бајрам“, улица „Александар Урдаревски“, Европската очна болница, улица „Индустриска“ во Гази Баба и целиот кеј на реката Вардар.Вработените од Градот Скопје чистеа на повеќе локации по должината на Кејот на реката Вардар, на потег од мостот „Обединети нации“ до мостот Тодор Александров (Поранешен Близнак), вториот дел од Градскиот парк и други јавни површини.- Се надевам дека со оваа акција ќе ја постигнеме основната цел на оваа акција, а тоа е подигнување на свеста кај сите граѓани за одговорно однесување кон хигиената во градот. Скопје мора и може да биде почист град, а за тоа покрај реформите во начинот на функционирање на службите задолжени за тоа, неопходно е и секој од нас како граѓанин да обрнува внимание на одржувањето на хигиената во градот.  Скопје е нашиот заеднички дом, затоа верувам дека можеме да успееме да го одржуваме чист, исто како дома. Само со заеднички сили можеме да го постигнеме тоа. На крајот на денот хигиената значи здравје, а нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите сакани – кажа градоначалникот Шилегов за време на денешната акција.Во текот на оваа акција, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, се изврши чистење на импровизираните објекти на ролерско-велосипедската патека на Вардар, која е посочена како една од локациите на која често се врши нелегално палење на отпад и придонесуваат на загадувањето на амбиенталниот воздух.- Ова е второ чистење на оваа локација во изминативе две години и иселување на лицата кои живеат на оваа дива населба. За таа цел решивме овојпат, покрај нивно дислоцирање, да извршиме и целосно чистење на просторот со цел да спречиме нивно повторно враќање. Градот работи да ја утврди и сопственоста на конкретната локација, бидејќи тука имаше спорни состојби, за доколку истото е приватно земјиште да го задолжиме сопственикот истото да го огради, додека доколку е државно истото да го облагородиме и да го урбанизираме и да спречиме повторно да се создаваат вакви појави додаде градоначалникот Шилегов.Министерката Мила Царовска ја оцени денешната акција како успешна, каде вработените од министерството за труд и социјална политика го чистеа реонот околу Скопското кале и Музејот за современа уметност.- Од оваа локација преселивме и обезбедивме соодветно топло живеалиште во зимскиот период за 14 семејства или околу 80 лица. Ова го правиме по втор пат, каде овие лица имаат живеалишта од привремен карактер во Визбегово зад домот за азиланти. Со ова не само што обезбедуваме топол дом за најмладите и можност истите да ги посетуваат дневни центри и училиште, туку имаме и можност да ги активираме работоспособните лица да бидат активни на пазарот на труд, се со цел обезбедување на социјална парична помош и детски додаток, да понатаму ги видиме како активни чинители во економијата во државата – кажа министерката Царовска.Во поддршка на акцијата за чистење се приклучија и јавните градски претпријатија, кои чистеа на повее локации, екипите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ учествуваа со соодветна механизација на повеќе локации, додека ЈСП-Скопје обезбеди превоз до локациите кои се наоѓаат подалеку од центарот на градот.Оваа акција се реализира со одлука на Владата на РСМ, во соработка со иницијативата „Не биди ѓубре“ кои помогнаа при изборот на локациите за чистење.  

Скопје | пред 6 години

SRM_9945

(ФОТО) Собраниската служба се вклучи во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

Вработените во Собранието на Република Северна Македонија денеска масовно се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“. Тие го чистеа просторот околу собраниската зграда, како и делот кај Домот на АРМ и улицата „Даме Груев“.Отпадот што беше собран, вработените во Собранието на Република Северна Македонија го селектираа на пластичен и на друг отпад во посебни ќеси за смет. Во соработка со екипите од градските јавни претпријатија, како и соодветните стручни служби сметот што беше собран беше дистрибуиран на соодветни локации.Акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ е организирана заедно со граѓанскотото здружение „Не биди ѓубре“, а е помогната и од канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Самуел Жбогар.Нејзина основна цел, покрај тоа што ќе се исчистат определените локации, е пред се подигнувањето на свеста кај граѓаните.фото: Собрание

Македонија | пред 6 години

IMG-de78d2756f7b1b4f91ef36e2de7c95ec-V1

За прв пат „Преспа квиз“ во Ресен

За прв пат, Преспа добива нова, забавна и едукативна авантура. Јавната установа Дом на култура „Драги Тозија" од Ресен, синоќа го започна првиот циклус од  тридневната забавно-едукативна манифестација „Преспа Квиз". Во квизот учествуваат ученици од петте основни училишта во Преспа, а настанот се одржува во кино салата при Домот на културата.„Квизот ќе има три етапи, а синоќа се одржаа првите натпревари, кога беа елиминирани две од петте училишта. Веќе на 17 декември ќе го имаме вториот натпреварувачки круг, во кој трите преостанати училишта ќе ди одмерат силите, а едно ќе мора за жал да отпадне. Големото финале помеѓу двете преостанати најдобри училишта, ќе се одржи на 20 декември, кога ќе биде прогласен и победникот на овој прв „Преспа квиз“. Учениците ќе ги покажат своите знаења и способности во пет области: македонски јазик и литература, спорт, култура и уметност, природни науки, логика и загатки“, рече директорот на културната установа, Васко Василевски.Натпреварите се исполнети и со многу забава, со учество на ученици од училиштата кои се натпреваруваат во првиот „Преспа квиз“.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Молкот на МАНУ на агресијата на македонските јаничари во БАН е соучество за кое се одговара

Единствена Македонија силно го осудува очајничкиот обид за негирање на македонскиот јазик од страна на македонските јаничари во Бугарската академија на науките кои не издржале во историјата. Но, крајно симптоматично и загрижувачки на агресијата од БАН е целосниот молк и плашливост од страна Македонскат академија на науките и уметностите.Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување, се вели во соопштението од Единствена Македонија.МАНУ мора да ја каже вистината која базира на историски извори како бо однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско монголското потекло на бугарскиот народ.Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани националните и државните интереси, дотолку повеќе, и по 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.Единствена Македонија ја предупредува МАНУ дека по доаѓањето на новата народна власт ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти и доколку МАНУ остане соучесник во рушење на се што е македонско, за академиците одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.           фото: Архива                                                                                                                                                   

Македонија | пред 6 години

14122019_VRSM_akcija3

(ВИДЕО) Се спроведе акцијата „Администрацијата чисти со граѓанската организација ‘Не биди ѓубре’“

Вработените во јавната администрација и службениците во Град Скопје, денеска ја спроведоа акцијата „Администрацијата чисти со граѓанската организација ‘Не биди ѓубре’“.Неколку илјади државни службеници, заедно со премиерот Заев и сите министри во владата, во координација со граѓанските активисти денеска собираа смет и други отпадоци како резултат на одлуката на Владата на Република Северна Македонија, на тој начин да биде одработен 2 јануари, која оваа година беше прогласен за неработен ден.Претседателот на Владата на Северна Македонија и членовите на неговиот кабинет, како и вработените во Генералниот секретаријат на владата, акцијата ја спроведоа во општина Бутел, во кругот на основното училиште „Панајот Гиновски“ и во населбата Бутел.Во изјавата за медиумите премиерот Заев истакна дека целта на оваа акција е вработените во државната администрација од институциите кои се вклучени во Акцијата да помогнат во процесот на зачувувањето на животната околина како должност на секој граѓанин да ги унапредува и штити животната средина и природата во својата локална заедница.„Секој човек има право на здрава животна средина. Но, истовремено и секој е должен да го дава и сопствениот придонес за доследното почитување и практикување на овие принципи како услов за почиста животна среедина, подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата“, истакна премиерот Заев, и додаде дека Владата на Република Северна Македонија целосно ја разбира реакцијата на граѓаните и граѓанските организации поврзани со заштитата на животната средина и со загадениот воздух.Планот за чист воздух и борбата против аерозагадувањето, рече премиерот Заев, се стратешки приоритети на Владата.„Имаме јасна политичка волја да се справиме со овој проблем кој, за кој ништо не беше преземано во минатото.Планот предвидува сеопфатен и координиран пристап за спроведувањето на мерките, во партнерски однос на владините институции, граѓанските организации, деловните компании и меѓународните организации, и во таа насока останува отворена нашата покана заедно да работиме на решавање на овие прашања“, порача премиерот Заев.Заменик претседателот во Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази надеж дека оваа акција ќе поттикне и други слични иницијативи.„Не е најважно само денеска да го исчистиме градот. Денеска ќе го оставиме градот почист и уреден за да не потстетува дека секој придонес е значаен. Но, најважно е со овој пример да поттикнеме вакви акции и во иднина. Акцијата испраќа порака до секој граѓанин треба да се грижи за животната средина и да учествува вовакви иницијативи“, нагласи министерот Спасовски.Министерството за животна средина и просторно планирање традиционално во соработка со невладинитеорганизации, локалните самоуправи и другите заинтересирани страни,рече министерот Насер Нуредини, барем еднаш годишно спроведува национални акции за чистење на отпад на различни локации во државата со цел да влијае врз свеста но и врз чувството за одговорност и на граѓаните и на институциите во однос на несоодветното одлагање на отпадот.„Ова е прв пат целата администрација вака масовно да излезе надвор од канцелариите, да ги поддржи граѓанските иницијативи и организации и заедно со нив да го собере отпадот како резултат на нашето несовесно однесување и кон природата и кон урбаната  средина во која живееме. Со ова активност упатуваме силна порака дека сме подготвени и вољни да се грижиме за животната средина и да се справуваме со загадувањето и загадувачите и како ресорни институции, но и како граѓани на оваа држава“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со вработените во МТСП и со другите институции во склоп на МТСП, со Институтит за стандардизација, Регулаторна Комсија за енергетика и со Дирекцијата за заштита на лични податоци го чистеа просторот околу Музејот на современа уметност, по што акцијата продолжи на Кејот на Вардар кај таканаречената картонска населба.„На 14 семејства или околу 80 лица којшто престојуваа овде им обезбедивме соодветно топло живеалиште во институциите на МТСП. Со ова не само што чистиме просторот обезбедуваме топол дом за лицата кои живеа под отворено небо и зимскиот период ќе го поминат во цврста градба. Истовремено децата ќе посетуваат дневни цнентри а семејствата ќе ги вклучиме во системот за социјална заштита”, рече Царовска.Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација, во својата изјава за медиумите за акцијата рече дека чистењето на градот, е подигнувањето на јавната свест за животната средина се од интерес на секој граѓанин и дека само со заедничка вклученост можеме да ја чуваме животната средина.„Очекуваме дека откако сите ние заедно ќе наполниме стотици ќеси ѓубре, ќе размислиме два пати следниот ден, пред да го фрлиме ѓубрето повторно. Овие локации мораме да се погрижиме заедно, да останат чисти и после денеска“, потенцираше Манчевски.Градот Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и неговите соработници, во заедно со Министерството за труд и социјална политика, учествуваа во чистењето наимпровизираните објекти на ролерско-велосипедската патека на Вардар, која е посочена како една од локациите на која често се врши нелегално палење на отпад и придонесуваат на загадувањето на амбиенталниот воздух.„Ова е второ чистење на оваа локација во изминативе две години, и иселување на лицата кои живеат на оваа дива населба. За таа цел решивме овој пат, покрај нивно дислоцирање, да извршиме и целосно чистење на просторот со цел да спречиме нивно повторно враќање на жителите на оваа населба на кои веќе им се обезбедени соодветни простории за живеење. Работиме на утврдување на сопственоста на таа локација, за да го задолжиме сопственикот да ја огради“, истакна градоначалникот Шилегов.Акцијата „Администрацијата чисти со граѓанската организација ‘Не биди ѓубре“ ја помогнаа и во неа учествуваа повеќе амбасади во земјата, и таа беше спроведена на локациите Сарај – Tреска, Аквадукт и канал Момин поток, СЦ Борис Трајковски, Кале,  Музеј на современа уметност, Касарна Илинден, Јужен булевар, улица Бихачка, Спортска Гимназија М.М. Брицо, Железничка и автобуска станица, улица Џон Кенеди, Собрание, улица Македонија, МКЦ И МРТВ, касарна Гоце Делчев, улица Ферид Бајрам (Населба Бутел), улица Александар Урдаревски, Eвропска очна болница – Јурија, улица индустриска и кеј на реката Вардар, како и во повеќе општини низ републиката.

Македонија | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Обвинение за случајот со Mеѓународниот сојуз на Боки 13 ќе има другата година

Обвинение за случајот со Mеѓународниот сојуз на Боки 13 ќе има другата година.  Русковска вели дека очекува на почетокот од јануари да почне со кривично гонење на Ременски, таткото на Боки 13, асистенката и Јасна Мандиќ.Инаку пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, вчера во Обвинителството за организиран криминал и корупција повеќе од пет и пол часа  правеше увид во доказите за случајот поврзан со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, каде што таа е почесен претседател.Инаку Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на делата „Измама“ и „Перење пари“ за кои се осомничени пет физички лица, и тоа заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, како и самиот Бојан Јовановски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

merko

(ФОТО) Мерко и во јадењето мера немал

Општина Струга, според извештајот на Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија, за две години, само за репрезентација, потрошила над 10 милиони денари.  Додека граѓаните едвај го поминуваат месецот, општинарите живеат на висока нога, и тоа, истовремено додека општината е блокирана, милионски суми се трошат на репрезентација, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.– Каква е оваа иронија, кога во Струга имаме голем број проблеми, како што се: уличното осветлување, загадената вода за пиење, канализациона мрежа во селата, неасфалтирани улици, кучиња-скитници и уште многу други, а над 10 милиони денари се потрошени на репрезентација односно по кафани, ресторани и хотели! Ако овие пари ги вложевте само во еден дел од проблемите со кои се соочувавме, совеста ќе ви беше чиста, ама очигледно парите и моќта ве заслепиле!, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга и надополнуваат:„Упорно одите со глава во ѕид, упорно тонете подлабоко во бездната која секој ден е се подлабока! Зарем немате чувство за соживот, да му помогнете некому, кому му е потребна помош, да вложите во Струга и околните села! Ама на се има крај, ќе дојде и вашиот и тоа многу брзо затоа што народот не заборава и не простува!“

Македонија | пред 6 години

kosta-smet

(ФОТО) Георгиески со општинската администрација се вклучи во акцијата  за чистење на отпад

Градоначалникот, Константин Георгиески заедно со општинската администрација претпладнево се вклучи во акцијата  за чистење на отпад и разубавување на животната средина. Градоначалникот чистеше на локација во населбата Св. Стефан во крајбрежниот дел. Денеска на различни локации во Охрид чистеа и вработените во охридските јавни претпријатија.По акцијата Георгиески на социјалната мрежа ФБ напиша:„Заедно со општинската администрација претпладнево се вклучивме во акцијата за чистење на отпад и разубавување на животната средина.Се чистеше на локација во населбата Св. Стефан во крајбрежниот дел.Акцијата за чистење се спроведува во сите општини на територијата на државава со цел подигање на јавната свест за заштита на животната средина“.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.500663753872566/500663493872592/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

pozar-tetovo

(ВИДЕО) Пожар во зграда во Тетово, маж со изгореници од 4-те степен, 10 тина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица затруени од чад во пожарот што се случи денеска во стан во зграда на улицата „Димо Гавровски Кара“ во Тетово. Тешко повредениот е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Пациентот според информации од болницата е во  тешка општа состојба со изгореници од 4-ти степен. Во интерно одделение се примени шест жени и четворица мажи со инхалаторно труење од чадот, во лесна состојба. Тие после симптоматска терапија биле пуштени на домашно лекување.Според сведочењата на станарите пред пожарот се слушнала силна екплозија за која сметаат дека е од плинска боца.Од тетовската пожарникарска единица информираат дека интервенирале со 10 пожарникари и три возила.

Македонија | пред 6 години

deskoska-metla-1

(ФОТО) Дескоска им ја предаде метлата на Здравев и Џолев

Министерката за правда Рената Дескоска, претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје Иван Џолев, републичкиот обвинител Љубомир Јовески, шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, се дел од функционерите во правосудството кои утрово во рамки на акцијата за чистење со „Не биди ѓубре“, чистеа кај гараража 26 Јули во центарот на Скопје .Дескоска му предаде метла на Здравев кој на шега прокоментира дека не е амортизирана. Тој потоа, пак, направи примопредавање на метлата на Џолев.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2550658888546549&set=pcb.2550661211879650&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

nikoloski

Николоски за скандалот за централата ТЕ-ТО: „Она што не загрижува е што директно има инволвираност на луѓе од власта“

По денешната прес конференција Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговараше на новинарски прашања. Запрашан за скандалот за централата ТЕ-ТО, во кој постојат сериозни индиции за перење на пари кој ги извлекол од Македонија рускиот олигарх Леонид Лебедев и со тоа и наштетил на акционерите во оваа компанија, но и наводите дека се вмешани луѓе од Владата Николоски вели:„Видовме доста реакции на луѓе кои што биле и се акционери во топлификација и кои што се чувствуваат загрозени, односно, практично акциите им се обезвреднети. Она што не загрижува е што директно има инволвираност на највисоките луѓе од власта. Индикативен е судирот на интереси со потпретседателот на владата, кој што тргувал со електрична енергија заедно со оваа компанија. А најиндикативно е што на вака изнесени факти и аргументи во јавноста, сеуште нема никаква реакција ниту од министерството за внатрешни работи нити од Јавното обвинителство. Ги повикуваваме да постапат соодветно на законските надлежности кои што ги имаат, затоа што за две до три недели ќе има промени во министерството за внатрешни работи и ќе може да се види што се прикривало, а што се работело како што треба да се работи. Ниеден криминал не останал скриен, нема да остани ни овој криминал скриен и треба во корист на граѓаните да постапат институциите со цел да се разреши. Имаме даночна евазија, и исто така имаме загрозување, практично, на поголем дел од Скопје кој што добива топлинска енергија од компаниите поврзани со оваа компанија, која што ја спомнавте“, истакна Николоски.

Македонија | пред 6 години

nikoloski

Николоски: „Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак“

„Би сакал да ве информирам дека преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак. Но, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака да протурка решенија во парламентот без  претходна дебата и без спротивставување на аргументите.  Заев и СДСМ не се искрени кога вината ја насочуваат кон опозицијата, затоа што нивното коцкање со државата ја носи државата во слепа улица. Ваквото барање само го зголемува сомнежот дека за таквите измени стои стравот од пораз на изборите коишто доаѓаат и мотивите да се злоупотреби изборниот процес, со цел да се фалсификува волјата на граѓаните. Не се случило до сега да се менува изборен модел без консензус, не се случило до сега да се менува изборен модел без да учествуваат сите политички во дискусијата за истиот или барем најголемите. Ако целта на  Заев е да избега од избори и ова да го користи како изговор, треба да знае дека бегање од волјата на граѓаните нема и ќе биде поразен на следните избори, коишто ќе се случат на 12-ти април, бегање од избори нема и бегање од волјата на граѓаните нема, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Да почнеме со ред, вистината е следна и би сакал да ја споделам со вас. Во изминатите неколку месеци постоеше интензивна комуникација на неформално ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во којашто беше договорено и имаше за цел изнаоѓање на консензус по однос на изборниот модел, како и имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР коишто се суштински за фер и демократски избори.Беше постигнат напредок на почетокот на оваа недела, и напредокот се однесуваше на тоа дека и покрај тоа што СДСМ поднесе законски решенија во собранието, истите да бидат преформулирани, во моментот кога ќе се постигне финално решение. Решението требаше да се однесува како што кажав на двете работи, изборен модел и имплементација на  препораките на ОБСЕ и ОДИХР за слободни фер и демократски избори коишто се однесуваат на изборите 2016-та, 2017-та и 2019-та година.Нашиот став и тогаш и сега беше дека не треба да се брза, туку дека треба да се вклучи целокупната експертска јавност и да се има јавна дебата на која ќе се искристализираат најдобрите решенија. За нас најдобро решение коешто дава најдобар индивидуалитет на пратениците и поврзаност со гласачите од средините од коишто доаѓаат е чистиот мнозински модел по примерот на Велика Британија, Канада и САД. Разговорите беа успешни до пред неколку дена и беше постигнат усмен договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Практично заедничкиот став требаше да даде позитивен импулс и ги содржеше следниве поенти коишто сакам да ги прочитам.Со оглед дека за овие избори согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, објективно нема доволно време за имплементација на нов изборен модел, како и дека за промена на изборен модел потребни се широки општествени и политички дебати и консензус, двете партии се согласија дека веднаш по завршувањето на парламентарните избори во 2020 година, ќе пристапат во интензивни преговори во насока на постигнување на таков консензус. И втора поента сите прашања во врска со модалитетите и имплементацијата ќе бидат дефинирани на експертско ниво.Сето ова падна во вода, кога СДСМ реши на сила, шверцерски и еднострано да ги турка нивните  решенија низ собраниската процедура без консензус, без широка поддршка и без експертска анализа, спротивно на заложбите од неформалните контакти коишто ги имавме изминативе неколку месеци. Практично уште еднаш на дело имаме тиранија на партијата на власт над останатите политички групи во собранието.Навистина е нејасно како за СДСМ и Заев беше прифатливо до пред некој ден да не се брза со носење на решенија за Изборниот законик, и за истото решение по изборите да се бара широк политички и општествен консензус, како што е редот, а сега истото се поништува и на сила се туркаат измени на Изборниот законик.Нема ниту еднаш ваков случај во нашата парламентарна историја на сила да се носат измени на Изборниот законик. И исто како во законот за јазици поради ова лицемерие на Заев и СДСМ и овој проект ќе им се удри од ѕид. На сила и со едноумие, не се владее. СДСМ не може да ја множи со нула волјата на граѓаните, не може да ја множи со нула волјата на опозицијата и останатите политички партии во собранието.Овие измени се предлагаат не да и донесат добро на Македонија, туку за да внесат дополнителен хаос и спомнав ако целта на Заев е да избега од избори тоа нема да му успее. А ако целта е исто така да се заборави на аферите коишто секојдневно еруптираат исто така тоа нема да му успее затоа што примарен интерес на граѓаните е да дознаат како владее оваа власт, а не кој изборен модел ќе го има.Тоа е однос на првиот дел.Во однос на номинацијата на кандидати за амбасадори на Република Македонија во различни дипломатски конзуларни претставништва би сакал да укажам на неколку работи.Првиот и најзагрижувачки момент е што овие номинации доаѓаат практично на две недели пред оставката на претседателот на владата и воведување на техничка влада, значи во класичен предизборен период.Па се поставува логичното прашање, како после промената на власта, таа власт би соработувала со решенија кои што се избрзани, партиски именувани и далеко од стручни.?Второ големиот број на предлози, покажува дека во последен момент да се наполнат Амбасадите не со стручни кадри, не со посветени кадри, ако сакае не и со кадри кои што имаат политичко знаење и ќе можат да одговорат политички на предизвиците кои што и следуваат на Македонија, затоа што ни се потребни и такви кадри,  туку исклучиво со кадри што се блиски на актуелната власт.Трето, лицемерието да брзаат да ги пратат кандидатите по стариот Закон, односно по постојниот Закон за надворешни работи, а во исто време форсираат нов Закон по кој што закон никој од овие кандидати не ги исполнува условите, само покажува со какви луѓе имаме работа.Значи, од една страна Никола Димитров предлага измени на Законот за надворешни работи, а од друга страна предлага амбасадори по стариот Закон за надворешни работи, а по новиот Закон истите овие луѓе не ги исполнуваат условите.  Да е парадоксот најголем дури и Никола Димитров не ги исполнува условите за Амбасадор по новиот Закон што го предлага, што е штета нели секогаш во минатото очекувал ВМРО-ДПМНЕ да го праќа за Амбасадор, па еве ќе му се ускрати една можност за во иднина.Четврто, се проблематизира целиот процес затоа што имаме крајно некредибилни луѓе кои што се испраќаат. Јас за разлика од Бујар Османи, нема да ги коментирам имињата затоа што без разлика на се ја почитувам дипломатската пракса и нема да о уништувам дипломатскиот углед на Македонија, затоа што правилата се јасни, не се излегува со име за кандидат за Амбасадор, додека истиот не добие агреман односно не биде прифатен од државата односно организацијата во која што се испраќа. Најголема навреда за државата односно организацијата во која што се испраќа ополномоштен амбасадор е вие да го соопштите името пред истата држава да се согласи, односно да даде агреман дека истиот може да е претставник на Македонија во таа држава.И во таа насока, очигледно некои функционери во владата без разлика што долги години седат таму не ги прочитале основните кодекси и не ги прочитале основните правила на однесување.Понатаму, не се само амбасадорите, сакаат во време на практично две недели до техничка влада да испратат 25 до 26 дипломати од Министерството за надворешни работи на втори и трети позиции. На позиции практично на прв секретар, на втор секретар и трет секретар. Овој процес исто така отиде далеку од јавноста, нетранспарентен и колку што сме информирани без вклучување на соодветниот дипломатски синдикат.Со тоа целиот овој процес се проблематизира. Идникативно е што владата три години не може да смисли основен концепт за дипломатската мрежа како и за персонални решенија. Индикативно е што им требаа две години за да назначат конзули во Истанбул, Солун, Мелбурн, Торонто  и останатите конзулати иако за тоа не е потребна согласност со претседателот на државата, односно владата самостојно именува конзули како и што е индикативно е дека им требаа повеќе од 8 месец да се усогласат со претседателот на државата кој што гледаме и самиот не е среќен со ваквото испраќање на амбасадори пред избори.И она што е клучно е што практично имаме две годишно доцнење во целосното покривање на дипломатската мрежа и имаме никаква реализиација на економската дипломатија која што на голема врата беше најавувана од потпретседателот на владата Кочо Анѓушев, која што според нас е потребна и која што треба да е основа на дипломатската активност на Македонија, затоа што како мала држава Македонија треба да се насочи кон штитење на своите интереси, но исто така и кон силна економска активност. Практично, инвестирајте во Македонија не постои, а во македонските амбасади не постојат луѓе кои што ќе се занимаваат со привлекување на инвеститори и промовирање на македонскиот извоз.На крај сакам да потсетам дека истиот овој едностран однос, истиот овој однос на неконсултирање на опозицијата во услови кога е извесно дека опозицијата ќе победи и ќе ја формира следната влада се гледа и во Изборниот законик и во именувањето на дипломатско конзуларните претставници, а истите можевме да го видиме од страна на Димитров и Заев во процесот на преговори за името кога ја исклучија целокупната експертска јавност, за разлика од Грците кои што вклучија над 60 експерти и видовме резултатот заврши како што заврши, полош не можеше да биде, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

francija-1

(ВИДЕО) Невреме во Франција, едно лице загина

Во невремето кое ја погоди Франција, има еден загинат и неколку повредени. Околу 400.000 домови останаа без електрична енергија, соопштија локалните власти. Медиумите, цитирајќи пожарникарски извори, наведуваат дека животот го загубил 70-годишен возач на автомобил кој налетал на урнато стебло на патот.Ветрот туркал стебла врз возила на патиштата, при што пет други лица биле повредени, од кои двајца се наоѓале во тешка сосотјба, пренесе каналот Њуз Азија. Силните ветрови го кренале покривот на едно училиште, но оттаму нема информаци за повредени.Портокалова узбуна е прогласена во 23 департмани од југозападот и северот на земјата, како и на Алпите и на Корзика, главно заради силните ветрови и поплавите.На кратко во прекин беше железничкиот и поморскиот сообраќај, а имаше и одложување на авионски летови.фото: Global News

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања