Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Нема фотографија

Стоилковски: Обвинителството мора да отвори сериозна истрага за скандалот со уништувањето на инсулин со валиден рок на траење

Јавното обвинителство мора да отвори сериозна истрага во која што ќе ја утврди одговорноста на Министерот за здравство Венко Филипче во скандалот со уништувањето на инсулин со валиден рок на траење. Постојат издржани и аргументирани сомненија дека Филипче и останатите инволвирани во скандалот нанеле милионски штети на буџетот со уништувањето на инсулинот. Три дена поминаа откако најавија дека ќе го отворат и истражат случајот, а не слушнавме за никаква активност во таа насока, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Органите на прогонот не смеат да остават простор да се уништат траги и докази или да се влијае врз потенцијални сведоци со оглед на фактот дека станува збор за министер, близок соработник на Зоран Заев. Јавноста мора да знае кои се мотивите за уништувањето на инсулинот и дали некој се офајдил или ќе се офајди од оваа одлука.Доказ за обвинителството треба да бидат и залудните обидите со манипулации да се покрие овој милионски скандал. Од Министерството за здравство прво велеа дека уништувале турски инсулин, па се испостави дека е инсулин е произведен од реномиран светски производител „Новонордиск“. Потоа се вадеа дека уништиле инсулин со изминат рок, па се испостави дека рокот му траел до 6-ти и 7-ми месец следната година. Потоа се вадеа дека производителот не обезбедил ладен ланец на чување, па се испостави дека тоа е грижа на купувачот односно на министерството за здравство.Низа на манипулации и лаги слушнавме од Венко Филипче за овој скандал во кој од ден во ден се повеќе се заплеткува и затоа обвинителството треба итно да реагира.Бараме итно надлежните институции да одговорат кога е произведена оваа количина уништен инсулин?Кој и со каков официјален допис утврдил дека се работи за неквалитетен инсулин?Колку со уништувањето на инсулин со валиден рок на траење е направено штета по буџетот и дали ова скандалозно уништување имало крајна цел да се распише нова милионска набавка која потоа фирма блиска до СДСМ требало да ја добие?Прашањата се легитимни и за тоа мора да се произнесе и обвинителството, бидејќи се работи за парите на граѓаните и здравјето на пациентите во Република Македонија.Доволно долго министерството за здравство е извор на скандали и сомнежи за корупција кои поминуваат не санкционирани. Аферата „ИНСУЛИН“ е само продолжување на крвавиот тендер со реагенси, тендерот за стерилизација, сомнителните набавки на лекови по принципот татко-ќерка и многу други скандали што го тресат министерството за здравство. Од обвинителството за овие скандалозни случаи кои се случуваа пред година и половина па навака во континуитет за жал се уште нема никаква реакција, а камо ли пак санкција. Јавноста не сака да види уште еден крупен скандал во здравството да лежи во обвинителските фиоки.Одговори и одговорност мора да има. Ако обвинителството е под силен политички притисок на власта на Заев сето ова да се турка под тепих, после изборите на 12-ти април 2020 година, сето ова и сите други прашања ќе излезат на виделина, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

13122019_PVRSM_Zaev_Podgorka

Во Струга свечено беше пуштена во употреба фабриката „Подгорка“ - најголемиот ИПАРД проект во истoријата во Струга

Денеска во Струга свечено беше пуштена во употреба фабриката „Подгорка“, за производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди.Фабриката доби највисока финансиска поддршка од  Мерката 3 - Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата, односно 2,2 милиони евра.Сопственикот на компанијата МевмедЏемајлоски, информираше дека компанијата во моментов вработува околу 50 лица од струшкиот регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што како што подвлече, ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија, преку користење на домашни добавувачи во процесот на производството.Директорот на платежната агенција Николче Бабовски рече дека преку повици од ИПАРД  2 програмата, се склучени  1.355 договори  по сите мерки, со вкупна вредност од 31.5 милиони евра.До овој момент, Република Северна Македонија, искористи 39,5 проценти од вкупно расположливите средства од  ИПАРД 2. До денеска, 814 договори се авторизирани и на сметките на апликантите се враќаат 12,4 милиони евра за целосно реализирани  инвестиции.Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски додаде дека се работи за објект чија изградба и опрема  се целосно во согласност со националните и ЕУ Стандардите за   безбедност на храна и квалитет на производите. Компанијата започнала со 30 вработени,  отворени сеуште 25 работни места, а бројот на нови работни места се очекува да расте. Министерот Димковски подвлече дека ова е уште еден доказ дека земјава има институционален капацитет и знаење за реализација на големи проекти како оваа најмодерна капитална инвестиција во Струга, која што успеа со квалитетен проект да добие европски средства од ИПАРД II програмата. Инвестициите во преработувачки капацитети се важни не само за  модернизирање на земјоделството туку и за развојот на вкупната економија како и за зголемување на извозот на домашни производи.Премиерот Зоран Заев истакна дека ваквите решителни инвестициски чекори на една домашна компанија, којашто успеа со квалитетен проект да добие средства од ИПАРД програмaта, се охрабрувачка и мотивирачка успешна приказна. Вреден пример што заслужува да се следи и да се учи од нејзините искуства за да поттикне и охрабри и други бизнис иницијативи.Претседателот на Владата во своето обраќањерече дека денес се пушта најголемиот ИПАРД проект во историјата на Струга и за прв пат не враќаме пари туку бараме повеќе од ЕУ.„Овој период големи усилби вложуваме во унапредувањето на регионалната соработка. Создаваме услови кои ќе овозможат 24 часовно работење на границите со царински контроли во една точка и за меѓусебно признавање на фитосанитарните контроли на производите што се движат низ регионот. На тој начин се обезбедува брз и безбеден транспорт на производите од регионот за да стигнат до пазарите во оптимално време за што во голема мерка ќе помогнат и брзите ленти за камионите“, истакнапремиерот Заев.На денешното отворање на фабриката„Подгорка“ присуствуваа и претставници од Европската Унија, кои ја посочија Северна Македонија како лидер во искористување на ИПАРД фондовите во регионот.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Обвинение за разбојништвото во заложна куќа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Обвинетите како соизвршители, по претходен договор, на 19-ти септември во  заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Откако влегле во објектот, околу 11.50 часот, едниот од нив држејќи во рака пиштол, кој всушност е запалка „Pietro Bereta“, побарал од оштетениот – вработен во заложната куќа, да го отвори сефот и да ги извади парите. Оштетениот постапил по ваквата наредба, го отворил сефот и на обвинетите им дал 120.000 денари. По ова, вториот обвинет се приближил до сефот и го зел остатокот од 180.450 денари кои се наоѓале внатре. Двајцата обвинети потоа го напуштиле местото со мотор кој бил паркиран во близина на заложната куќа.Со цел непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави посебен предлог за продолжување на претходно определениот притвор за двајцата обвинети....

Македонија | пред 6 години

proekti

Успешно реализирани микропроекти во општина Охрид

Специфичните стратегиски приоритети за развој на локалната заедница и подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните на Општина Охрид, се факторите кои се дел од процесите за реализација на програмите за поддршка на локалниот економски развој и туризмот.Соработката, меѓусебната доверба и активирање на сите чинители на економскиот и туристички развој во согласност со финансиските можности на локалната самоуправа ни овозможуваат ограничени но сепак, за микрозаедниците, многу значајни проектни активности кои и оваа година резултираа со имплементација на поголем број на микропроекти реализирани од страна на месните заедници и граѓански организации.Овие конкретни мерки кои ги презема локалната власт, се директни и поттикнувачки, со што се овозможува најдобрата практика за развојот и одржливиот  економски раст да се имплементира со директно учество на локалното население, бидејќи подготвеноста за активно учество на заедницата е пресудна за успешно спроведување на иницијативите наведени во Програмата за поддршка на локалниот економски развој и туризмот.Преку финансиската поддршка на локални микропроекти за поттикнување на локалниот економски развој и туризмот, Општина Охрид преку програмите на Секторот за туризам и локален економски развој, дава директна финансиска подддршка на проекти кои се од општествена важност и кои произлегуваат од заедницата. На ваков начин, Општина Охрид го поттикнува партиципативното учество на заедницата во општествениот развој на микрозаедниците, а согласно стратешките документи за развој на општина Охрид. При тоа мора да се истакне значењето на микрозаедниците и останатите партнери дека уште еднаш ја потврдија својата подготвеност за соработка како и нивната подготвеност да ги надградуваат сопствените капацитети и финансиски да учествуваат  во комплетната реализација на активностите.Преку овие програми за поддршка на локалниот економски развој и туризмот, во текот на 2019  година успешно беа реализирани микропроекти во вкупна вредност од 750.000,00 денари и тоа во областа на инфраструктурата и водоснабдување – ( “Инфраструктурно уредување на центарот на с.Лескоец “, “Изведба на резервоари, водоводна мрежа и селски чешми – Куратица“, “Изведба на бушотина за вода за пиење“ во село Коњско),  култура – ( “Oбнова на селскиот дом с.Куратица-фаза 5“), детски игралишта, – (“Oпремување детски игралиштаво  Рача и Орман “),, туристичка инфраструктура- („Подобрување на туристичката инфраструктура во Речица “, “Oхрид во духот на етно традицијата“,   промотивни активности и други области.)

Македонија | пред 6 години

ohridski-region

Охрид ЅОЅ:Во Охрид сѐ тече, сѐ се менува, само лошото владеење си останува

И додека Охридскиот Регион е на портите на УНЕСКО Светско наследство во опасност, каде што и де факто припаѓа – според проценката на Центарот за светско наследство, ИУЦН и ИКОМОС – надлежните институции во Македонија продуцираат стратешки документи кои ни оддалеку не можат да одговорат на задачата која им е поставена – а таа е да дефинираат рамка со која ќе се гарантира воспоставување одржливо управување со Охридскиот Регион, контрола на урбанизацијата, запирање на вртоглавиот процес на деградација, унапредување на природните квалитети и трајна заштита на светското наследство во иднина. И тоа, десет години откако ова го зацртаа во Законот за управување со Охридскиот Регион.Во духот на една добро позната шега – ако вака го браните Охридскиот Регион, фала, ама доста го браневте!Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, највлијателната неформална волонтерска активистичка група од регионот која веќе пет години е континуирано посветена на заштита и унапредување на исклучителната универзална вредност на единствениот УНЕСКО Регион во Македонија, на 2 декември 2019 г. поднесе над 100 страници свои коментари на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион 2019-2028 г. и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за План за управување со природно и културно наследство во Охридскиот Регион 2019-2028 г. до Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура на РМ.Нашиот генерален заклучок е дека овие два документа се многу далеку од неопходното ниво за едно од најзначајните природни жаришта на европско тло, воедно и центар на шест илјади години цивилизациско наследство. Планот и Стратегиската оцена кон Планот се изработени крајно површно и непрофесионално и како такви не може да гарантираат трајна заштита на Охридскиот УНЕСКО Регион.Од самото конципирање на документите до начинот на кој се спроведува процесот за нивно усвојување, вклучително консултации со јавноста, двата документа се олицетворение на практики што не им доликуваат на лица кои имаат статус на експерти, практики што во никој случај не ѝ доликуваат на влада која се претставува себеси како целосно посветена на темелна и сеопфатна заштита и унапредување на единствениот УНЕСКО регион во нашата земја. Дилетантизам од највисок степен, повез без содржина, кој не би поминал ни како семинарска на студент од прва година.Најпрвин се соочивме со безочно кршење на закони при организација на самиот процес на т.н. „консултации со јавноста“, што наместо да гарантираат ефективна комуникација со засегнатите страни, всушност, како и секогаш беа само евтини театарски претстави скапо платени со народни пари. Според документите, тие биле изработени со „широка консултација со засегнатите страни“, но Охрид ЅОЅ – единствена организација од регионот која се занимава со проблематиката на УНЕСКО – не беше воопшто вклучена. И покрај „крајно транспарентните“ процеси, клучни информации останаа недостапни за јавноста, како на пример мапи со соодветен квалитет за предложени зони за Регионот и др., што е апсурд, бидејќи така јавноста беше лишена од можноста да даде информирани забелешки.Самите документи, пак, не се ништо повеќе од типичен одраз на суровата реалност во која живееме – во оваа земја останаа само оние без интегритет и трошка професионалност да ни ја кројат иднината и да носат одлуки во името на сите нас. Во продолжение подетален осврт од анализата на Планот за управување и Стратегиската оцена на животната средина (СОЖС) кон Планот.Иако СОЖС произлегува од препораките 7 и 8 на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и целта на овој документ е да го оцени Планот за управување и да ги пресмета кумулативните влијанија од сите инфраструктурни и други предложени/планирани проекти, СОЖС не ја исполнува целта за која е создадена.Изработувачот на СОЖС очигледно не прави разлика помеѓу оценување на градежен проект и на план за управување. Заклучоците се, во суштина, ограничени на тоа дали одредени предвидени активности во Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион ќе имаат позитивен или негативен ефект. Нема темелна анализа, не се нуди критичка проценка дали Планот е доволно добар за да може оптимално да се реализираат целите наведени во него, дали овие цели се соодветно избрани за да се зачува исклучителната универзална вредност на регионот, ниту се наведени можните ризици за/од неспроведување на Планот.Дури и обичен набљудувач со ограничено искуство во Република Македонија, веднаш би ги препознал ризиците од политизација во Планот за управување; хроничните одложувања на процесот за номинација на заштитени подрачја; оставениот простор за законски маневри за да се намали или да се поништи влијанието на законите за заштита на природата и животната средина; и длабоко вкоренетата дисфункционалност на надлежните јавни институции која нема да може да се реши само со учество на обуки и зајакнување на капацитетите (како што е примерот со Македонскиот рамсарски комитет). Во СОЖС не се отпочнати корисни дискусии за постоечките закани, а отсуствува и секаков обид за предлагање решенија – како на пример, времено заштитени зони или реформирање на неефикасните државни служби чиј мандат е природното и културното наследство (заштита, промоција итн.). Непознато е како ќе се осигури соодветна реализација на многубројните измени во регулативата кои се неопходни и без кои Планот не би можел да се ефектуира. Во тимот кој ја работел СОЖС нема дури ни вклучено правен експерт кој би разјаснил одредени специфични закони што е нужно да се изменат.Ни основните стандардни податоци не ја исполнуваат целта. Позадинските податоци како на пример, демографија и клима се земени од пред 30 години и воопшто не нудат никакви корисни заклучоци; бројките за нелегални градби се, исто така, контрадикторни и погрешни. Мапите и другите визуелни помагала (фотографиите) не нудат квалитетна содржина која би била од корист при увидот и оформувањето ставови. Повеќето информации кои се обезбедени за бродскиот сообраќај или за климатските промени не се интегрирани во опсежниот СОЖС документ, ниту во Планот за управување. И поради тоа, важноста на СОЖС е предмет на сомнеж. Влијанијата и заканите врз Галичица генерално се игнорирани. Не се наведени опасности, како на пример, губење на алпските зони како резултат на климатските промени и зголемениот притисок од спортски активности (трка со автомобили околу двете езера, турите со теренски возила 4X4, ATV, ултрамаратон и слично.), нема препораки за уништувањето на Светинаумските извори. Еутрофикацијата, една од најкритичните закани по езерскиот екоситем, не се третира како проблем експлицитно и не е адресирана со неопходната сериозност.Најверојатно, документот го достигнува своето дно во анализата на кумулативните влијанија кои ги сведува на пејзажни ефекти за железницата Струга - Лин, патот Требеништа - Струга и далекуводот. Многубројни проекти кои подразбираат огромни градежни зафати, со голема веројатност да бидат реализирани во скоро време – не се вклучени во Планот ниту во СОЖС. Такви примери се низа градежни зафати во Горица и Лагадин; изградба на марина и пристаништа; можноста за изградба на хидроелектрани во близина на Струга; и депонија кај Ќафасан. Истовремено, нема квантификација на аспекти како проценет оптимален број на возила и луѓе (носечка издржливост) за проекти како што се патот А2, Требеништа – Струга (со план до Ќафасан) и железничката пруга Струга - Лин кои не се анализирани од аспект на нивното негативно влијание врз биодиверзитетот, дури и кога се знае дека тоа е од далеку поголемо значење отколку пејзажните квалитети, како од етичка гледна точка, така и воопшто, за интегритетот на наследството.Една светла точка во документот е неговиот придонес во врска со мониторингот, кој е и внимателно и соодветно осмислен. Доколку се спроведе, тој би можел да овозможи динамична основа на знаења со што би се подобрило носењето на одлуки и можноста за проценка на ефективноста на предложениот Акциски план. Но, и покрај ова, во СОЖС не се демонстрира како овие алатки за мониторирање би биле вклучени во Планот за управување, што е типично за неповрзаниот пристап на СОЖС кон предметот на евалуација, односно Планот за управување.Исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион, еден од само триесет и девет локалитети на мешано (природно и културно) светско наследство на планетата Земја, заслужува да биде препознаена и заштитена со План за управување изработен според светски стандарди. Предложениот План за управување е многу под нивото на очекуваниот квалитет.Иако во Планот за управување точно се идентификувани најголем дел од заканите по Регионот, тој изобилува со слабости и нејаснотии од зонирањето до индикаторите, од матните буџети до недостиг на специфични мерки. Во Акцискиот план, каде што не се адресираат сите препознаени проблеми, не се нудат веродостојни применливи активности кои би придонеле овие закани да се надминат или намалат. Недостатоците произлегуваат од несоодветниот начин на кој целите се поставени во Планот за управување. Поточно, во целите не се вклучени мерки за активно обновување на живеалиштата, екосистемите и популациите на видовите, премногу се нагласуваат мерките за зачувување на хартија и се продолжува со тој пристап и во индикаторите за предложените активности кои се, исто така, во најголем дел несоодветни за да гарантираат успех во насока на зачувување на наследството.Недостигаат детали и транпарентност дури и за оние активности кои се добро замислени – како на пример ревитализација и проширување на системот за отпадни води или ревизија на законите поврзани со заштита на наследството. Предложените буџети не содржат никакви детали за да може да се види како точно ќе се користат предвидените суми кои се многу високи; нема временски пресек за долгорочните проекти и не се појаснети ниту поткрепени со докази; интерни крајни рокови според кои би се мерел успехот не се предвидени; нема механизми за отчетност и одговорност; ниту се во Планот идентификувани специфичните аспекти на законите кои би требало да се ревидираат.Пропуштена е можноста со Планот за управување да се адресира недостигот од специфични мерки за заштита на видовите, како на пример забрана за риболов на пастрмка и белвица; недостигот од квантитативно прецизирани цели за да се намали внесот на нутриенти; немањето мерки со кои ќе се овозможат големи зафати за ревитализација и создавање на блатни екосистеми; пропуштено е да се препознае важноста на Охридскиот Регион како рефугиум во ерата на климатски промени; и дефицитот на митигациски и контролни механизми за работата на браните за хидорелектраните во регионот.Истовремено, од мапите за зонирање не може да се добие прецизна информација; не се гледа разликата меѓу крајбрежните зони 1Б и 1В; нема точен опис кои активности ќе бидат дозволени, а кои забранети и во кои зони; Студенчишкото Блато според текстот е сместено во урбаната зона, а според мапата е во зона на природно наследство со најнизок степен на заштита; Горица е резервирана за големи градежни зафати; не се воспоставуваат заштитни зони во Езерото; се дозволуваат урбана опрема, туристичка инфраструктура и времени објекти во зони со висок степен на заштита и покрај тоа што овие термини се сосема непрецизни, а истите се поврзани со деструктивните практики во минатото; нема наведено ограничувања за користење на пловила и пловен сообраќај; и Планот е неодреден во однос на иницијативите за пристаништа и марини. Со зонирањето на крајбрежјето и предвидените мерки на заштита, се допушта узурпација на брегот и се остава голем простор за манипулација. Непознато е како ќе биде овозможено проширување на зоната со најстрога заштита.За овие проблеми требало да се интервенира со постапката на Стратегиска оцена на Планот, но со СОЖС се пропушта да се направи тоа и документот не претставува коректив на Планот како што препорачува УНЕСКО. Ако овие и другите недостатоци не се адресираат и соодветно не се решат до продуцирањето на неговата конечна верзија, извесно е дека Планот за управување нема да обезбеди одржлива иднина за светското наследство во Охридскиот Регион, ако воопшто и се реализира како што е замислен.Во однос на заштитата на културното наследство, во Планот недостигаат прецизни податоци, мапите се некомплетни и нечитливи, нелогични, важни информации поврзани со културното наследство не се споменати. Тие што се наведуваат најчесто не се детално објаснети, недостигаат основни податоци како години, локации. Не се споменуваат преродбенскиот период, модерната и современата архитектура. Во некои делови се даваат паушални, непроверени, неаргументирани предлози и ставови кои сериозно може да ги загрозат управувањето и заштитата на културното наследство. Со самиот План е потребно прецизно да се идентификува што се смета за наследство, а нема ниту листа на објекти кои се споменици на културата или кои не се, а треба да бидат. Преродбенските споменици, еклектичната и модерната архитектура се заведени како „и така натаму“. Со Планот само се набројува што би требало да има или да се сработи, без воопшто да се дадат насоки како да се направи тоа. Разочарувачки се неквалитетот и несериозноста со кои е разработуван Планот во поглед на културното наследство, треба уште многу работа, прецизирање, дополнување на делови кои недостигаат, измена на погрешни и комплетирање на некомплетни податоци.Имајќи го предвид сето горенаведено, упатуваме категорично барање до надлежните да ги повлечат непрофесионално изработените документи и да ја започнат процедурата за нивно конципирање од почеток. Власта мора да престане да се однесува дилетантски и на проблемот да му пристапи со сета негова сериозност, што значи професионално да ги изработи Планот и СОЖС, со експерти од највисок калибар, со помош од ИУЦН и ИКОМОС, и со „широка консултација со засегнати страни“ во вистинска смисла на зборот. Државата го сака престижот на титулата „Светско наследство на УНЕСКО“ и следствено е обврзана да испорача План за управување од највисок квалитет, соодветен за Охридскиот Регион, еден од само 39 во светот кој се обврзала да го заштитува и унапредува.фото: Охрид SOS  

Македонија | пред 6 години

IMG_0009

„Охридско лето“ ја носи куклената претстава „Тоби“ за најмладата публика

Во организација на Националната установа „Охридско лето“, во вторник, на 17 декември со почеток во 12 часот, Театарот за деца и младинци од Скопје ќе ја одигра детската куклена претстава „Тоби“ од авторот Флоријан Зденек.Претставата наменета за најмладата театарска публика режирана од  Драгослав Тодоровиќ го доловува ликот на јазовичарот  Тоби кој го минува патот на спознавање  на една голема вистина.-Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед. Каква тага и горчина ... Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти , остроумни , но и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни, вели режисерот Тодоровиќ.И покрај овој суштински аспект на детската драма, во неа се читаат и откриваат навистина сѐ уште актуелни проблеми кај луѓето: необјаснива желба за промена на сопствениот изглед, дискриминација по најразлични основи, физички, социјални, расни и слично.-Во секој случај, најважно е, ние самите да бидеме среќни и да бидеме прифатени со она што го носиме, со она што имаме да го понудиме на овој свет, додава Тодоровиќ.Публиката ќе може да види навистина богати, ведри и духовито дизајнирани кукли кои вешто водени од актерите ќе донесат многу свежина и игра во детските очи.Луѓето, кои многу искрено ќе го донесат „ Тоби“ на сцената, се:Марија Ѓорѓијоска, Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа Мојаноска,  Ана Левајковиќ Бошков и Мики Анчевски.Сценографијата  на претставата е на Ирина Сомборац која заедно со Кирил Василев ги изработи и куклите. Изработката на костимите е на Љубица Велкова. Преводот на текстот го направи Драгана Лукан Николоски, а композитор на музиката е Виктор Апостоловски.Детската куклена претстава „Тоби“ ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Претставата премиерно беше изведена минатата година, а истовремено, ова е нејзина праизведба во Република Северна Македонија.„Охридско лето“ , како што велат од дирекцијата на оваа национална установа,  и во текот на наредната година ќе ја продолжи практиката за збогатување на културната понуда во градот надвор од востановениот фестивалски термин, од 12-ти јули до 20-ти август.  

Магазин | пред 6 години

moj-ddv

За два дена започнува наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“

За два дена започнува наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, во која граѓаните имаат можност секојдневно да добијат една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Од 15 декември со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ и со прифаќање на условите на наградната игра, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на дневна, месечна награда или премија. На прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска и директорката за комуникации и маркетинг на Државната лотарија Камелија Левенска ги претставија текот и начинот на кој ќе се спроведува наградната игра.Наградната игра ќе трае една година. Предвидени се 1.468 награди од по 1.000 денари, 1.101 награда од по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари – односно секој ден ќе се доделуваат по 10 награди и тоа од 4 по 1.000 денари, 3 по 2.000 денари и 3 по 3.000 денари. Понатаму секој месец ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари или вкупно за цело времетраење на играта 180 награди по 100.000 денари.Има и две главни премии од по 3.000.000 денари.-Од 15-ти декември граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист, прво ќе имаат шанса да добијат една од 3.852 парични награди, во вкупен фонд од половина милион евра, второ ќе добиваат поврат на ДДВ и трето ќе придонесуваат во борбата против сивата економија, а кога губи сивата економија, сите добиваме. Ќе им порачам на сите граѓани да бараат фискални сметки, да скенираат, бидејќи секоја фискална сметка е важна – рече министерката за финансии Нина Ангеловска.Таа посочи дека за да се учествува на наградната игра лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, како и да е корисник на апликацијата МојДДВ. На апликацијата ќе се појави известување за наградната игра МојДДВ #МојаНаграда за да прифаќање на условите за учество. Откако ќе се прифатат условите, со секоја скенирана сметка лицето може да стане потенцијален добитник на една од десетте дневни награди, месечните или една од премииите.Извлекувањето ќе се извршува со електронски генератор по случаен избор. Добитниците на дневни награди ќе добијат известување веднаш по скенирање на сметката. Сите недобитни пак, ќе добијат поучна порака со едукативно-информативна содржина. Исто така, недобитните скенирани сметки добиваат сериски број кој ќе учествува за извлекување во тековното коло за 15 награди од 100.000 денари, како и за двете главни премии.Директорката за комуникации на Државна Лотарија Левенска рече дека извелкувањњето на наградите од по 100.000 денари и премиите од 3 милиони денари ќе се одвиваат во живо од студиото каде се одвива Лото извлекувањето веднаш по извлекувањето на Лото 7 и Џокер.-Со ова во тек на 13 емисии во тек на 2020 година ќе имаме можности за давање награди преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда. Месечните извлекувања на 15 награди од по 100.000 денари ќе се реализираат на почеток на секој месец по Лото емисиите, почнувајќи од првото извлекување на 4 јануари – рече Левенска.Таа посочи дека за граѓаните ќе биде достапен и контакт центар на Државна лотарија, како и дека е отворена страната loto.mk/MojaNagrada каде граѓаните ќе можат да се информираат за наградната игра.Министерката за финансии Ангеловска посочи дека и апликацијата МојДДВ е надградена со нови функционалности како пријава на нерегуларности, месечни извештаи во кои граѓаните ќе можат да се информираат за износот на остварениот поврат за секој месец, тримесечни извештаи во кои граѓаните ќе имаат увид за остварениот поврат за секој квартал, како и наградната игра МојДДВ #МојаНаграда, во која корисниците можат да ги видат сите добиени сериски броеви за наградните кола, добиените награди и информации за наградната игра.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

mkd-227838

Повеќе од три и пол часа, Ременски прави увид во доказите за случајот „Рекет“, колку докази има Русковска?

Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, денеска во Обвинителството за организиран криминал и корупција прави увид во доказите за случајот поврзан со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, каде што таа е почесен претседател. Ременски повеќе од три и поч часа ги разгледува доказите, што укажува на фактот дека Вилма Русковска има многу обемен материјал за „Рекет“.Ременски со цел да ги избегне новинарите, во Обвинителството за организиран криминал и корупција, влезе на задниот влез.Инаку Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на делата „Измама“ и „Перење пари“ за кои се осомничени пет физички лица, и тоа заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, како и самиот Бојан Јовановски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-1

МВР за обидот за киднапирање на 7 годишната ќерка на пратеник

Настанот, според кој непознати лица се обиделе да ја грабнат 7-годишната ќерка на пратеник на СДСМ,  утринава ја потресе јавноста. Курир побара дополнителни информации и детали за целиот случај од Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека се работи за лица кои вознемирувале граѓани, а не за обид за грабнување.- По претходно добиена пријава за случајот за кој прашувате превземени се мерки и случајот е расчистен односно приведени се две лица. Констатирано е дека M.Ѓ.(18) и и И.Ј.(18) со патничко возило „БМВ“, управувано од М. Ѓ., се движеле низ улиците по градот и вознемирувале граѓани. Лицата се приведени во Полициска станица Кочани, а за случајот е известен Јавен обвинител, се вели во одговорот од МВР.Од Министерството додаваат дека по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Slika-S.Pendarovski

Пендаровски: „Македонскиот јазик  и македонската нација се факт - беспредметно да разговараме за нешто што е гол факт“

Претседателот Стево Пендаровски во врска со реакцијата на Бугарската академија на науките (БАН) на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ, вели дека ставот на бугарските академици дека не пости македонскиот јазик е анахрон за 20-от и 21-от век во кој живееме, изјави Пендаровски.„Македонскиот јазик  и македонската нација се факт. Македонскиот јазик е лингвистички факт со децении и децении наназад и тоа е утврдено и на меѓународно ниво. Мислам дека е беспредметно да разговараме за нешто што е гол факт, ноторен факт што го знаат сите, не само кај нас и не само кај нив, го знаат во целиот свет“, изјави Пендаровски.Претседателот потенцираше дека и Преспанскиот договор се повикува на Конференцијата на ОН од 1979 година на која македонскиот јазик е нормиран како еден од јазиците во јужнословенската група и е меѓународно признаен.Да потсетам според Уставот на поранешна Југославија од 1974 година, таа држава имаше три официјални јазици. Еден од трите јазици беше и македонскиот јазик. Тоа значи дека кога тогашна Југославија беше членка на ОН и во личната карта како на секоја земја членка на ОН уште од 1974 година стоеше и македонскиот јазик. Значи тоа е апсолутно неспорна работа и јас навистина мислам дека би губеле време да се убедуваме дали нешто постои или не постои. Тоа постои, исто како што македонската нација е факт и околу тоа никој нормален во нашата земја нема да дебатира, ниту да потпишува договори со кого било, истакна Пендаровски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pendarovski-1

Пендаровски за „Рекет“: „Мораме да го завршиме тој случај  до крај“

Претседателот Стево Пендаровски запрашан дали очекува правна разврска во случајот „Рекет“ истакна:- Ние мораме да имаме правна разврска, не само во овој случај во меѓувреме се појавуваат и други случаи јас очекувам и за тоа да има процедура поведена. Мораме да го завршиме тој случај  до крај како што мораме да ги завршиме до крај сите случаи кои ги споенав досега кои се индицирани во снимките, не само заради тоа што треба, а треба за приклучување на Евроспаката унија и отварање на преговори но и заради нас. Ние децении, децении зборуваме за тоа дека треба да има правна држава , Европската Унија со деценија наназад не предупредува дека нема правна држава на ниво кое треба да го има земја кандидат и земја утре членка на Европската Унија и ако ние дојдеме до половина пат, еден двајца ако осудиме, а другите ќе ги оставиме на страна ние не можеме да претендираме да бидеме дел од модерното европско семејство на народи и држави, рече денеска Пендаровски.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Пендаровски: Идните 19 амбасадори се кариерни дипломати

Владата ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја на следните дестинации: Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.Листата веќе е испратена до Претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да даде амин за истата. Денеска претседателот истакна:- Не тоа е одлука на Влада вчера  така почнува постапката ние имавме претходно со валдините преставници со министерството за надоврешни работи имавме широки консултации  на таа тема од пред неколку месеци. Вчера е донесена одлука  имињата за која е донесена одлуката јас ги знам формално не сум ја добил долуката на Владата кога ќе ја добијам ќе ја  почнам постапката од моја страна. Во меѓувреме пред да ги праќам луѓето треба уште неколку работи да се завршат, меѓу кои и презентирањето на програмата на амбасадорите во преслушувањето на надлежната собраниска комисија и понатаму се разбира ќе се бараат  агремани на државите кои сакаме да ги пратиме. Има една одредница која јас ја споменувам, сакам и сега да ја спомнам , Нели избори се ближат, чинам на трети јануари доаѓа техничката Влада меѓутоа многу битен датум е датумот на распуштање на Собранието, мислам дека тоа ќе биде околу 11, 12 февруари. После тој датум не можете ни да вработите ни  да унапредите било кого во јавната администрација а не да праќате амбасдори. Што ќе се заврши во тој момент во смисла на амабасадорите ќе се завршат. Кој ќе отиде ќе отиде тоа не поради моја политичка волја туку затоа што законот забранува после самораспуштање на Собранието да се праќаат амбасадори. Значи ќе се чека ако до тој момент некој не е отиден на дестинацијата за која е определен тогаш ќе се чека да поминат изборите да се формира нова Влада значи да заврши тој изборен период, изјави Пендаровски на новинарското прашање.Исто така тој сооптши дека идните 19 амбасадори се кариерни дипломати- Над 90 проценти од овие што се предложени на оваа листа се кариерни дипломати, значи се професионално  вработени во Министерството за надворешни работи тоа беше едно од моите први заложби и едно од првите принципи кои инсистирав на моите првични консултации со министерот Димитров, открива претседателот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ikona

(ФОТО) Чудо во Црна Гора, иконата на Богородица пушти солзи

Копија на иконата на Богородица која се наоѓа во храмот Свети Јован Владимир во Црна Гора, вчера заплака.Иконата веќе извесно време мироточела по малку, а синоќа заплакала за што сведочат и фотографиите кои кружат на социјалните мрежи. Храмот Свети Јован Владимир во Бар е најголемата соборна црква во Црна Гора, а трет по големина православен храм во светот.https://twitter.com/MilosPeric1244/status/1205209848364904448?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1205209848364904448&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsvet%2Fregion%2Ffoto-chudo-vo-crna-gora-se-rasplaka-ikonata-na-bogorodica%2Fфото: Твитер Милош Периќ

Магазин | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски во обвинителство се разгледуваат доказите против неа

Пратеничката Фросина Ременски во моментов е во обвинителство. Со Русковска се разгледуваат доказите протв неа за случајот „Рекет“. Ременски е осомничена дека помага во делата „измама“ и „перење пари“  преку Меѓународниот сојуз. Делата ги извршувал Бојан Јовановски, или Боки 13, но Ременски со нејзиното присуство во сојузот оставила впечаток дека проектите за изградба на домови за возрасни лица кој тој ги нуди на бизнисмени за еден милион евра се поддржани од извршната власт.Имено неодамна Обвинителството за организиран криминал при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ за истрагата за случајот „Рекет“  беа пронајдени доверливи документи.  Таа беше почесен претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“ на прво осомничениот Бојан Јовановски.Во домот на Ременски беа пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

slika

Мицкоски во Париз во посета на Француската стопанска комора

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес во Париз, Република Франција заедно со потпретседателот Александар Николоски, и д-р Игор Николов оствари посета на Француската стопанска комора, Медеф Интернационал, каде членуваат едни од најголемите Француски бизнис компании со работа распространета во повеќе од 150 земји во Светот.На средбата претседателот Мицкоски посочи дека новата Влада која ќе следи по изборите на 12-ти април ќе биде заинтересирана за силна и продлабочена бизнис соработка и искористување на потенцијалите на Македонија во однос на странските компании кои ќе бидат насочени кон реализација на капитални инвестиции.Фокус на новата Влада ќе биде отворање на добро платени нови работни места, но и развој на енергетски и технолошки проекти кои ќе обезбедат модернизација на економијата и општеството.На средбата стана збор за неколку конкретни проекти кои беа предмет на интерес на Француските компании. Мицкоски посочи дека следува период на промени во Македонија и воспоставување одржлив систем на владеење со правото кој ќе гарантира сигурност на бизнис заедницата. Наш интерес е Македонија да ја претвориме во технолошки тигар на Балканот, преку процес на реформи кои ќе донесат економски бум, новата влада ќе работи за економски прогрес на сите граѓани, истакна на средбата претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

zoran-krstevski

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Избор на доброто

Колумна на Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, едукатор, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Стресот сé повеќе го разјадува современиот човек предизвикувајќи му анксиозност, психофизичка напнатост, страв и депресија. Стравот се појавува кога чувствуваме лична загрозеност и егзистенцијална несигурност. Сите овие нешта предизвикуваат отуѓеност помеѓу луѓето, недоверба во себеси, во другите и во државниот апарат. Мнозинството граѓани ја загубија надежта, бидејќи сфатија дека наместо да оди кон прогрес и да создаде предуслови за подобра живејачка, општествената ситуација станува се полоша.Голема доблест е да се дејствува според начелата на моралот, духовноста и мудроста во општество кое исклучително ретко ги пропагира, почитува и препознава овие вредности. Потребно е врвно знаење да се биде дистанциран од негативните вибрации на околината и да се задржи присебноста во миговите кога доминираат неправдата, неморалот и деградацијата на професионалната должност и одговорност.Константната подложност на стресогените фактори создава внатрешен немир, предизвикува разни болести, апатичност и страв од перспективите на иднината.Иако е нереално да очекуваме дека современото живеење кое е опфатено со многу промени, борби, тешкотии и неизвесности може да биде имуно на стрес, страв и отуѓување, сепак секој човек посакува стресот и разните егзистенцијални притисоци што помалку да бидат присутни во неговиот живот. Во тој поглед, проблемот не е во стресот (кој сé повеќе станува наша судбина), туку како ние реагираме на стресните ситуации и притисоци.Гледано од духовен аспект, нужно се поставува прашањето: Каков би бил овој свет доколку сé во него е совршено, дали во тој случај би можеле да зборуваме за еволуција на свеста, духовен напредок и пат што води кон хармонија на душата?Понекогаш средбата со негативното и соочувањето со страдањето е можност за духовно будење и осознавање кон какви животни цели ја водиме својата личност.Борбата на доброто со злото е насекаде околу нас, па дури и во нас. Човекот одлучува кон што ќе се насочи и какви вредности ќе застапува. Многумина определиле идеја водилка да им бидат алчноста, егоизмот, ниските страсти, уништувањето на општото добро и служењето на нечестивата енергија. Некои други, пак, својата животна цел и смисла ја бараат во позитивните вредности, придонесот за општото добро, духовноста, етиката и воздигнувањето на категориите на чесност, хуманост и одговорност. Можеби уздите на владеење, управување и контролирање се во рацете на одредени нечестиви, кои на свој препознатлив (или прикриен) начин во преден план ги експонираат концептите на материјализмот, духовната неосвестеност, површност и алчност. Тие сметаат дека сите луѓе се исти и дека не постои човек кој не би ги искористил привилегиите и можностите да украде од општото добро, да им се предаде на ниските страсти и да ги обезвреди начелата на етиката и чесноста, доколку знае дека ќе помине неказнето за таквите недела.Нивната теза е дека преовладува максимата:„Што ми е гајле за другите, битно мене да ми биде добро“. Одговор за таквите поединци може да пронајдеме во мислата што ја искажал физичарот Алберт Ајнштајн: „Доколку луѓето се добри само затоа што се плашат од казна и се надеваат за награда, навистина сме за жалење“.За разлика од социјалистичкото општествено уредување кое во преден план го истакнуваше колективизмот и јакнењето на системот на државата, капитализмот го наметна индивидуализмот и тезата дека „секој е одговорен за сопствениот живот“. Тоа предизвика социјална нееднаквост и трупање на огромен капитал во рацете на привилегираните поединци од бизнис елитата, естаблишментот и политиката. Мнозинството граѓани станаа алатка за поткусорување кои својата важност ја добиваат само кога ќе треба повторно и повторно да ги „заокружуваат“ избраните и умислено посебните.Оставени самите на себе и подложени на разни експлоатации, манипулации и деградации голем број од луѓето се прашуваат до каде може да оди отсуството на срам, ненаситноста, корумпираноста, неодговорноста и неизвршувањето на должноста на т.н. моќници и негативно определени поединци.Каде е излезот и што треба да направиме за да се заштитиме од сите овие токсицирачки влијанија обвиткани со велот на „избраноста, легитимноста и озаконетоста“?Прво што треба да направиме е да научиме да бидеме жилави, отпорни, независнии самосвесни. Филозофот Албер Ками има кажано: „Не е проблем да се биде очаен, полошо е да се привикнеш на очајот“. Да се биде рамнодушен пред неправдите и да се дозволи нашата индивидуална и колективна самовредност и достоинство да бидат уништени од негативните и духовно неосвестени поединци, значи дека ништо друго и не заслужуваме. Секој поединец е должен да се бори за сопствените права и да се надева дека ќе победи правдата, доброто и позитивното. Благосостојбата не доаѓа самата по себе – таа секогаш е плод на лични активности и определби во насока на позитивните настојувања во животот. Пасивноста и допуштањето негативното да доминира и да го креира нашето живеење укажува дека имаме сериозни проблеми со самовредноста и со достоинството на личноста. Сите ние треба да ја имаме на ум размислата на Ајнштајн:„Светот е опасно место на живеењене поради луѓето кои се лоши, туку поради добрите луѓе кои стојат од страна и не преземаат ништода се спречи злото“.ЗНАЧИ, ТРЕБА ДА СЕ БИДЕ АКТИВЕН, ХРАБАР, ЖИЛАВ И ОДГОВОРЕН, ЗАШТО САМО ТАКА МОЖЕ ДА ГО ПОБЕДИМЕ ЗЛОТО, БЕЗ ОГЛЕД ОД КАДЕ ТОА ДОАЃА И СО КАКВИ СРЕДСТВА СЕ СЛУЖИ СО ЦЕЛ ДА НÉ НАПРАВИ МАЛОДУШНИ, РАНЛИВИ, СЛАБИ И ЗАВИСНИ. МНОГУ ЧЕСТО И НИЕ САМИТЕ ИМ КУМУВАМЕ НА ОВИЕ КАТЕГОРИИ БИДЕЈЌИ НЕ ВЕРУВАМЕ ВО СОПСТВЕНИТЕ ВРЕДНОСТИ, ЖИВЕЕМЕ СО ЧУВСТВО НА ВИНА И ГО НЕГУВАМЕ САМОУНИШТУВАЧКИОТ СИНДРОМ ПРЕТОЧЕН НИЗ ЗБОРОВИТЕ: НЕ МОЖАМ; НЕМА ДА УСПЕАМ; НЕ ЗАСЛУЖУВАМ; НЕСРЕЌЕН СУМ; НИШТО НЕМА ДА СЕ СМЕНИ АКО ПРЕЗЕМАМ НЕШТО.Самопочитувањето и жилавоста на духот се клучни фактори за соочување со незгодите. Колку сме пожилави, похрабри и порешителни, толку полесно ќе ни биде да станеме, да се извлечеме од кризата и да ја повратиме смислата на нашиот живот. Борбениот и издржлив човек знае да биде истраен во своите цели -тој не се предава и нé дозволува негативните вибрации на околината да го стопираат неговото напредување. Моќта да се дејствува кога е најпотребно и да се биде трпелив кога околностите не се најиделни за дејствување е знак за мудро и флексибилно однесување. Адаптацијата на промените и неутрализирањето на ударите на судбината се основни за одење напред во животот. Сите ние треба да се фокусираме на факторите врз кои имаме контрола без да се грижиме за нештата кои не можеме да ги контролираме и промениме.Единственото нешто што постои и е под наша контрола е мигот на сегашноста. Не треба да се грижиме за минатото или за иднината, туку треба да ги цениме работите такви какви што се во овој момент, во сегашноста. Ние сме тука и сега, единствениот момент во кои сме живи е сегашниот момент, велелвиетнамскиот будистички монах Тик Нјат Хан.За да го направиме мигот среќен, исполнет и хармоничен неопходно е да веруваме во сопствените вредности и да знаеме дека на крајот сé ќе биде добро. Колку и да е тешко и какво и да е општеството во кое живееме, ние бираме и одлучувамекако ќе се однесуваме кон мигот на сопственото постоење и кон тоа што го поседуваме. Највредното нешто кое го поседуваме е можноста да бираме. Секој нов миг е прилика за нов избор. Зашто нашиот избор да не биде доброто, убавото и позитивното? Од изборот што ќе го направиме зависи во какво општество ќе продолжиме да живееме; со какви вредносни норми ќе се развиваме и какви мигови на среќа ќе воспоставиме.

Магазин | пред 6 години

reket-audio

Осомничените за “Рекет“ ќе даваат изкази кај Русковска

Осомничените за „Рекет“ даваат искази пред Русковска. Денеска тоа го направи пратеничката фросина Ременски. Боки 13 пак бил повикан вчера, но не се појавил. Неофицијално ни тој ни неговиот татко не сакале да зборуваат, под образложение дека адвокатот Дуковски ќе го направи тоа.Следната недела ќе се продолжи со исказите, и малку е веројатно дека оваа постапка ќе заврши годинава. Истрагата за предметот “Рекет“  кој добива се поголеми размери продолжува.Инаку покрај Бојан Јовановски – Боки 13, пратеничката Фросина Ременски, осомничени се и Јасна Мандиќ заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, таткото на Боки 13, Миле Јовановски и една асистентка.Боки 13 е осомничен за делата измама и перење пари. Останатите се осомничени за помагање во делото измама, а тројца од нив и за помагање во перење пари.фото: Архива  

Македонија | пред 6 години

konferencija-sofija

Министерска конференција во Софија посветена на соработката во борбата против екстремизмот

“Меѓусебната соработка и партнерство, денеска, во овој актуелен момент е императив без кој е невозможно да се претендира на ефикасна национална безбeдност во поглед на новите и опасни форми и облици на закани со кои што се соочуваме не само ние овде нашиот регион туку и во Европа и светот.Нашата денешна средба овде во Софија ја имаше токму таа цел – заеднички да разговараме за прашања ни малку наивни, кои подеднакво ги споделуваме како реални предизвици, и поединечно и регионално, и се разбира преку размената на искуства и идеи да дојдеме до реални основи врз кои што ќе ја фундираме нашата натамошна соработка“.Ова, меѓу другото, го истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на заедничката прес-конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан на министерската конференција посветена на соработката во борбата против екстремизмот што во организација на бугарското МВР и Меѓународниот републикански институт се одржа денес во Софија.Во двата отворени дебатни панела од министерскиот форум на коишто покрај министрите за внатрешни работи учествуваа експерти од областа на безбедноста и претставници на повеќе меѓународни организации и институции, министерот Спасовски зборуваше за  концептите за превенирање на екстремизмот како и околу искуствата во меѓународната соработка, пред се со американскиот Стејт департмент, како позитивен пример за надградба на капацитетите на институциите во справување со појавите на насилен екстремизам и радикализам.Притоа министерот Спасовски се осврна на прашањето околу важноста на локалните средини во рана детекција и превенција на екстремизмот, особено низ призмата на нашите искуства со вклучување на локалните совети за превенција во спречување на екстремизмот.“Она што за нас е важно, преку овој вертикален концепт на соработка од национално до локално ниво, е постигнувањето на зацртаните цели: пред се децентрализирање на активностите со етаблирање на постојана комуникација и давање поддршка на локалната самоуправа, особено во контекст на насоки за тековни или идни активности. Потоа, не помалку важното заедничко детектирање и дефинирање на приоритетите, подигнување на јавната свест за соработката со полицијата во заедницата. И, се разбира, градење на отпорност на самата заедница во однос на предизвиците за инфилтрирање на влијанија или потенцијални активности од делот на екстремизмот и радикализмот, преку креирање на реални политики согласно спецификите на локалната самоуправа“, потенцираше Спасовски.Според Спасовски, со ваквиот пристап практично се зголемува нивото на граѓанска партиципација во јавни работи, односно степенот на инклузија на заедницата - во конкретниот случај во делот на безбедноста, со што далеку ќе се засилат механизмите за рана детекција и заштита како на локално така и на национално ниво.Исто така министерот Спасовски се осврна и на меѓународната соработка како суштински чинител во успешно справување со предизвиците посебно акцентирајќи ја улогата на американскиот Стејт Департмент, пред се преку Програмата за борба против тероризмот (АТА). “Преку сеопфатните безбедносни реформи што ги превземавме и помошта што во тој смисол ја добиваме од нашите партнери од САД, примарно целиме кон создавање функционални стратешки концепти на оперативно работење, кои што подеднакво ќе бидат способни и за регионална или мултилатерална соработка. Особено што овој вид предизвици, особено сега, јасно ја демонстрираат својата глобална повеќезначност и сите сме свесни дека не се доведува во прашање само националната, туку и пошироката регионална, европската, односно светската безбебедност“, нагласи министерот Спасовски.На маргините од министерската конференција министерот Спасовски оствари заедничка работна средба со бугарскиот колега Младен Маринов, косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа и заменик министерката за внатрешни работи на Албанија Ромина Куко.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски: Високата корупција е една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска се обрати на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата, кој е заеднички организиран од регионалната програма за антикорупција, финансиран од ЕУ и воден од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и проектот „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција“ поддржан од Проектот на УСАИД за Граѓанско учество, спроведуван од Транспаренси Интернешнл Македонија (ТИ-М).На Форумот кој се одржува на тема:„Исполнување на ветувањето за проширување на ЕУ: 30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа“, претседателот Пендаровски повика на соработка помеѓу институциите, невладиниот сектор, приватниот сектор, затоа што тоа е еден од успешните начини во справувањето со корупцијата, а транспарентноста и отчетноста се темели на доброто управување и владеење на правото.„Со години зборуваме за спроведени реформи во правосудството, за натамошно градење на ефикасен и правичен систем, како гарант за почитување на човековите права и слободи. Меѓутоа, довербата на граѓаните во судскиот систем е во постојана надолна линија. Речиси нема човек во нашата држава што не минал низ судските лавиринти и што не поседува лошо искуство барајќи ја правдата. А, кога граѓанинот ќе ја загуби вербата во правдата, тогаш ја загубил најсилната врска со државата.  Говориме за неселективно и независно судство, коешто професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите. Од друга страна, речиси секојдневно имаме судски случаи кои предизвикуваат сомнежи, дали во нашата држава правото важи еднакво за сите или можеби правото е сведено на политички инструмент, а правдата сè уште се повлекува пред моќта на моќните.  Долги години се бавам со прашањата од областа на безбедноста и слободно можам да кажам дека во изминатите 10-15 години во нашата држава високата корупција прерасна во една од најголемите безбедносни закани за иднината на земјата. Тука морам да го издвојам т.н. случај „Рекет“ кој дискредитираше голем дел од нашите напори и надежи за справување со криминалот и високата корупција. Лично, не очекував дека носители на толку важни и одговорни функции толку ќе потфрлат во даден момент. Овој случај останува да биде лакмус за правната држава, а со тоа и тест за отпорноста од политички влијанија на клучните институции“, истакна Пендаровски во дел од своето обраќање.„За ефикасна борба против високата корупција нам ни е потребен и нов Закон за јавно обвинителство кој ќе ги задоволува највисоките европски стандарди, наместо преку непринципиелни политички договарања зад сцена да ја компромитираме борбата со високата корупција.  Убеден сум дека ефективната координација и соработка меѓу институциите ќе придонесе кон намалувањето на корупцијата, а тоа значи и консолидирање на демократијата. Свесноста за постоењето и пропорциите на одреден проблем е првиот чекор кон изнаоѓањето на решение. Колку повеќе и погласно се зборува за него, толку станува поголем ризикот за оние што го одржуваат во живот. Тука, улогата на слободните и професионални медиуми има огромно значење. При тоа, современите политички модели на однесување забрануваат мешање во работата на судовите и обвинителите, но, неспорно подразбираат и слободно искажување на мислење во врска со сите одлуки и постапувања на тие органи во сите фази од нивните процедури“, додаде Пендаровски. 

Македонија | пред 6 години

petok-13

Петок 13, суеверие или навистина носи несреќа?

Денес, многу луѓе низ светот колку и да негираат, ќе ја имаат на ум суеверната фобија „петок 13-ти“. Ќе им биде непријатно и тешко да станат од кревет, да го напуштат својот дом, да се посветат на секојдневната рутина – сè само поради едно суеверие.  Стравот од петок 13ти сеуште е актуелен.Суеверните луѓе на овој ден дури и одбиваат да излезат од дома, некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат. Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места.Иако етнолозите велат дека стравот од петок 13-ти е чисто суеверие, луѓето и понатаму се плашат.Стравот од петок 13ти е толку голем што тој добил и свое име. „Параскевидекатриафобија“ е назив за чувството на непријатност кое е поврзано со овој ден.Доколку сте суеверни тогаш сте запознаени со симболиката која со себе ја носи петок 13-ти.Историјата на петок 13-ти датира уште од одамна, од средниот век па дури и порано, пишува The Sun.Некој верува дека сè започнало на Исусовата вечера кога биле присутни 13 луѓе, а денот кога за последен пат се собрале бил петок.Празноверијата во врска со бројот 13 се распространети насекаде, па така во некои хотели не постои соба со овој број, многу висококатници немаат тринаесетти кат, некои авиокомпании немаат седиште со број 13, , а аеродромите најчесто го избегнуваат 13-тиот излез.Поради тоа што некогаш им се случиле некои непријатни настани, луѓето се суеверни и веруваат дека петок 13-ти е баксузен.Многу филмови исто така го искомерцијализираа стравот на луѓето и направија такви со цел да заработат од ова несреќно верување, додека тие воопшто не веруваат во точноста на оваа фобија.Но, дали петок 13 навистина е несреќен? Едно истражување од 1993-та година, вели дека статистички има некоја вистина дека петок 13 е несреќен ден. Но сепак истражувањето беше со забавна намена и ретко кој го прифатил како вистинито.Не сите култури веруваат во тоа дека петок 13 е несреќен ден. Грците и Шпанците веруваат дека вторник 13-ти е несреќен ден, додека Италијаните веруваат дека петок 17-ти е најнесреќен ден.Што значи, денес можете да опуштите, петок 13 сепак не е толку несреќен колку што мислевте.фото: ITR Partners

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

На „Ќафасан“ приведен Албански државјанин - се наоѓал на „стоп листа“

На 12.12.2019 во 22.05 часот на Граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Т.(19) од Р.Албанија, бидејќи се наоѓал на „стоп листа“, со мерка за задржување, а при преглед во автобусот каде што седел била пронајдена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга за поматамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

lisici

Срби фатени на „Табановце“ поради тешка кражба

На 12.12.2019 во 22.00 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.С.(31), Р.Н.(26) и М.М(29), сите од Р.Србија поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ во продажен објект во хотел во близина на граничен премин „Богородица“. Лицата се предадени на полициски службеници одПолициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пендаровски во интервју Шпигел: „Се плашиме да не останеме вечен кандидат за ЕУ“

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за магазинот Шпигел зборува за разочарувањето од француското вето, прогнозира дека земјата може да ги заврши преговорите за 5 до 7 години или ентузијазмот за Европа ќе спласне, објави Дојче Веле.Никој во Северна Македонија не верува во образложението на францускиот претседател Емануел Макрон дека проблемот не е кај нас, туку кај ЕУ на која и е потребно повеќе време за да се реформира, вели шефот на државата Стево Пендаровски во интервју за германскиот магазин Шпигел.„Нашиот страв е дека може да станеме втора Турција, земја која е вечен кандидат за членство“, вели Пендаровски. Одлуката на ЕУ повторно да го одложи почетокот на преговорите со Северна Македонија, според него, е „стратешка грешка“.„Многу водечки политичари во ЕУ членките посакуваат Унија која е релевантен геополитички актер. Но тоа не е можно без интеграција на Западниот Балкан. Ние не сме соседен регион на ЕУ. Без нашите земји како членки, ЕУ не може да биде геополитички актер“, вели Пендаровски.Запрашан да го коментира проектот „мини Шенген“, Пендаровски вели дека во него е важен „карактерот на помирување и соработка“, но притоа предупредува:„Најважно притоа е, оваа иницијатива навистина да потекнува од нас и никој од Западот да не врши притисок“.Пендаровски смета дека би било „фатално“ доколку неговата земја треба да чека 10 до 15 години на членство во ЕУ.Текстот во целот на: Дојче Веле

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Топ 10 најбарани работни места, LinkedIn, “Emerging Jobs” ја објави листата

Објавена годишната листа која традиционално ја објавува LinkedIn, “Emerging Jobs”, а станува збор за работни места кои  се  најбарани.Овој пат направија листа на вработувања од 2015 до оваа година.Меѓу првите професии е експерт за вештачка интелигенција(AI) – обично инженер, истражувач или друга специјалност која се фокусира на машинско учење и вештачка интелигенција, осмислувајќи работи, каде тие има можат да се имплементираат во AI или да се изградат AI системи.Во последните четири години, стапката на раст на вработеноста кога станува збор за оваа професија била 74 проценти.Еве ја и листата:1. Експерт за вештачка интелигенција2. Инженер за роботика3. Дата научник4. Инженер за управување со податоци5. Инженер за сигурност на сајтови6. Експерт за односи со клиенти7. Претставник за развој на продажба8. Дата инженер9. Здравствен техничар10. Експерт за сајбер безбедностфото: Архива

Свет | пред 6 години

13122019_PVRSM_Zaev_voen-koncert-na-trite-armii_3

Заев на предновогодишен концерт на трите армии: Заедно, посилни, сојузници во НАТО – Алијансата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев вчера се обрати на предновогодишниот концерт на трите воени оркестри на Северна Македонија, Хрватска и Албанија.Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Зоран Заев.“Дозволете ми да ви посакам добредојде на традиционалниот предновогодишен концерт на воениот оркестар на нашата Армија, во заедништво со воените оркестри на Хрватска и на Албанија.Сликата која ја имаме пред нас, припадници на трите Армии, заедно како едно, навистина буди емоции. Северна Македонија, Албанија и Хрватска уште пред 16 години со потпишувањето на Јадранската повелба, си подадоа рака и решија дека заедно ќе чекорат на патот кон Алијансата.Тоа значи заедно и во добро и во лошо, и кога славиме, и кога треба да си помогнеме кога е тешко.Северна Македонија, сите наши граѓани длабоко сочувствуваат со загубата што ја предизвика катастрофалниот земјотрес во соседна Албанија.Дозволете ми во име на Владата уште еднаш да изразам сочувство на нашите албански пријатели за прерано загубените животи во неодамнешната катастрофа. Нашите мисли се со вас, нашата поддршка секогаш, како и вечерва, е отворена. Сите кои сме собрани тука вечерва сме сојузници и пријатели и сите сочувствуваме со несреќата на пријателскиот народ.Убеден сум тоа ќе го покажеме со лична донација зашто неволјите полесно се надминуваат заедно.Патот кон сојузништвото за Северна Македонија беше малку подолг, но соработката, поддршката која меѓусебно си ја дававме никогаш не изостана. Тоа е видливо и денеска, кога конечно ја исполнуваме целта – трите земји, заедно, посилни, сојузници во НАТО – Алијансата.Оваа година сум особено горд зашто за нас, нашата држава, нашите граѓани таа година е историска. Вечерва со „Звуците на соработката“ одбележуваме неколку значајни датуми за Северна Македонија кои не водат кон „Звукот на Алијансата“. Шести февруари, кога беше потпишан пристапниот протокол за НАТО, 8 февруари кога беше изгласана првата ратификација на протоколот, помалку од една недела подоцна, на 13 и 14 февруари, кога за прв пат седнавме на масата на Алијансата.Албанија го ратификуваше протоколот на истиот датум, на 14 февруари, а веднаш потоа меѓу првите и Хрватска, на 1 март. На  4 декември за прв пат учествувавме на лидерски самит на НАТО. Тоа се историски датуми, историски моменти кои засекогаш ќе бидат запишани.Сето тоа го постигнавме со голема храброст, со одлучност, со посветеност. Со голема поддршка од нашите пријатели, а особено од нашите соседи.Убеден сум дека исто како и на теренот во Криволак, исто како за време на сите заеднички вежби и обуки, така и денеска, на културната сцена, ќе покажеме дека функционираме хармонично, дека дишеме како едно. Дека сме посилни и помоќни заедно.Да уживаме во звуците на светските автори и композитори, интерпретирани од докажаните професионалци, воени музичари.Ви посакувам пријатни мигови и да уживаме во „Звуците на соработката, звуците на Алијансата“! 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања