Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

78945473_750189612122216_8791928643392634880_n

Сопругата на Милевски за Сител: Невини луѓе се рушат со лаги и измами

Случајот рекет во медиумите полека се претвори во естрада и реално шоу!Мелина Милески, мајка на пет деца и сопругата на Зоран Милески Кичевски ( кој е првостепено осуден во случајот „Рекет“ ) во изјава за телевизијата „Сител“ вечерва апелираше до јавноста да се престане со пласирање најразлични како што рече лаги и измами кои го ставаат нејзиното семејство во епицентарот на вниманието на јавноста.Таа во изјавата апелира медиумите да ги поштедат пред се родителите на нејзиниот сопруг и нејзините родители, како и петте малолетни деца од медиумскиот публицитет во кој повторно е нејзиниот сопруг Зоран Милески, но овој пат не со детали за судскиот предмет туку со пласирани тонски снимки од разговори во кафеана во кои се слушаат гласови кои ги озборуваат Милески и Јованоски.Озборувањата и покрај тоа што се на тиривијани и за државата и судскиот предмет неважни теми, предизвикаа огромен одек во јавностаВИДЕО ОД ИЗЈАВАТА НА МЕЛИНА МИЛЕСКИ:

Македонија | пред 6 години

orce-kamcev

Камчев за Фокус: Гласот од снимките е мој, средбата е оддржана во Бугарија

Бизнисменот Орце Камчев, кој се јавува како главен сведок во случајот „Рекет“, потврдува дека негов е гласот што се слуша на аудио-снимките кои се појавија во јавноста. Како што вели тој во изјава за Фокус, станува збор за делови од поголем и подолг разговор, кој бил направен на средба во Бугарија кон крајот на август.-Се работи за делови од поголем, подолг разговор од кој лесно се забележува дека, за жал, тенденциозно се сечени делови кои истиот целосно го вадат од контекст, а тоа придонесува да се создаде погрешна перцепција и погрешни заклучоци за кажаното. Тоа е разговор кој се одвиваше оваа година кон крајот на август на вечера во Бугарија, а за време на тој разговор бевме присутни четворица од кои јас и уште двајца можеме да потврдиме дека тоа не е целосниот разговор воден тогаш и дека сечените делови оставија многу простор за погрешно толкување на она кое се зборува., вели камчев за Фокус.Изјавата на Орце Камчев за фокус во целост на овој линк. 

Македонија | пред 6 години

brod-1

Бродот „Лихнида“ изваден од каналот

Бродот „Лихнида“ изваден од каналот. Бродот на 04 овој месец потона во каналот Студенчишта, а горивото се излеа во каналот кој директно е поврзан со Охридското езеро.Уште истиот ден екипи од капетанија на пристаништата на Македонија направија увид и се направи план за вадење на бродот од каналот.Но, ова не е единствено старо пловило кое зафаќа место во каналот, а не е во возна состоба.  Од капетанија најавија дека сите бродови кои се во ваква состојба во најкраток временски период ќе се отстранат од каналот.фото: ФБ Горан Устијаноски

Македонија | пред 6 години

krste-sajnoski

Крсте Шајноски избран за претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето

Собранието со 55 гласа „ЗА“ го избра Крсте Шајноски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија и осигурување. На оваа позиција Шајноски доаѓа од позицијата вонреден професор од Институтот за бизнис и економија. Шајноски е доктор и магистер по економски науки и дипломиран економист во областа Финансии и банкарство, а поседува и лиценци за брокер и инвестиционен советник.Тој е вонреден професор на постдипломските студии на Институтот за бизнис и економија и консултант на Илирика фунд менаџмент АД Скопје.Претходно бил консултант на осигурителните друштва Кроација, но и доцент на Економскиот факултет во Штип. Тој бил ангажиран и во Македонскиот институт за медиуми и во Високата школа за медиуми како предавач и професор. Работел и како инвестициски советник и како новинар во ТВ Телма.Шајноски ќе го замени Климе Попоски на челната позиција во Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување во следните пет години.Покрај Шајноски, беше избран и Злате Симоновски како член на советот на експерти на оваа регулаторно тело.

Македонија | пред 6 години

opstina-ohrid

Советот ја потврди поделбата на МЈП Проаква

Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба  на МЈП „Проаква“ ОДУ.бр. 721/19 од 04.11.2019 година и потврдување на Спогодбата за присоединување ОДУ бр.722/19 од 04.11.2019 година. По донесувањето на планот и спогодбата во иднина самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“.

Македонија | пред 6 години

jana

Тажна вест: Почина Јана Арсовска

Јана не издржа. Почина храбрата охриѓанка за која се собираа средства за лекување во Барселона, Повеќе од два месеци се собраа половината од потребните за лекувањето на Јана на клиниката во Барселона. Јана пред скоро време беше во Солун во приватна клиника која понуди опции за третирање на ретката и опасна болест кои се финансиски беа поповолни од клиниката во Барселона.Инаку спорот околу незаконското одбивање на ФЗО за лекување на Јана се уште е во Вишиот управен суд, каде дојде откако по одлуката на Управниот суд случајот на Јана да биде повторно разгледуван, Фондот за здравствено осигурување скандалозно и нечовечки се спротистави на оваа одлука и реши да поднесе жалба.Јана веќе петта година се бореше со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе. После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување.Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана. Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаеја премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата одеше  со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.   

Македонија | пред 6 години

nefi-ik-960x560-e1568979350812

А1 ОН: Нема казни за советникот Нефи Усеини, за тепачките, дивоградбите ...

Четири предмети против советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, со месеци тапкаат во место. Институциите останаа глуви за физичките пресметки, дивоградбите, узурпирањето државен имот, фалсификување, односно уништување деловни книги, а тоа се кривични дела за кои од Усеини се бара одговорност. Обвинителството води постапки, но поминаа месеци, а тие и натаму тврдат дека се заглавени во делот на доказите.За тоа време во пицеријата на Усеини, која ја изгради на државно земјиште без дозвола, се пречекуваат туристи, бетонската база за која исто така нема дозвола и е изградена на земјиште од ИВЗ работи со полна пареа, а инспекторот од Управата за заштита на културното наследство заедно со советникот од Општина Охрид, Џемал Мена, кои беа физички нападнати и натаму чекаат за нивните случаи да биде донесена одлука за поведување судска постапка.„Во моментот во сите предмети се финализира прибирањето на материјалните и вербалните докази по што ќе бидат донесени и јавнообвинителски одлуки за натамошниот тек на постапките“, велат од Обвинителството за „А1он“.Текстот во целост на: А1ОН

Македонија | пред 6 години

zaev-intervju

Заев: Бугарскиот Институт за историски истражувања отиде најдалеку во нивниот обид за негирање на постоењето на македонскиот јазик

Премиерот Зоран Заев вели дека Бугарија не е на чисто со признавањето на македонскиот јазик, а очекува соседната држава да го надмине ова прашање и да го признае јазикот. Ваковиот став доаѓа откако Бугарската академија на науките преку реакција вели дека повелбата за македонскиот јазик што ја усвои МАНУ содржи неточни и неприфатливи позиции кои штетат на односите меѓу двете соседни земји.„Во Договорот со Бугарија внимателно се испишани двата народи заради идентитеските прашања, но се потпишани на македонски и бугарски јазик согласно уставите на државите. Тоа јасно покажува дека Бугарија не е на чисто со признавањето на нашиот македонски јазик. Тоа е прашање што низ имплементација на договорот треба да го решиме“, вели Заев.Заев смета дека тој како политичар не може да ги прекине сите односи со Бугарија, потенцирајќи дека не е таков политичар.„Ако се европејци, ако се залагаме за европската демократија, вредности и права, тоа прашање час претходно да го надминеме. Јас можам така робусно можам да кажам „готово, тука ќе прекинеме се“, но јас не сум таков политичар. Тоа не е политиката која ја водам. Низ политиката на пријателство ќе ги изнајдеме решенијата. Но, ние сме Македонци, кои зборуваат на македонски јазик. Секако сме мултиетничка земја. Ова прашање очекувам пријателска Бугарија да го надмине и реши заедно со другите прашања кои се решаваат“, додаде Заев.Бугарскиот Институт за историски истражувања отиде најдалеку во нивниот обид за негирање на постоењето на македонскиот јазик, оценувајќи дека станува збор за „бугарски напишан на српска машина за пишување“.

Македонија | пред 6 години

UaYct-

Скопјанец обвинет за продолжено неовластено пуштање во промет на хероин и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот Кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.Обвинетиот 41-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал на бул.„Гоце Делчев“, во повеќе наврати во периодот од јуни до средината на септември, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин и марихуана. При извршени три претреси на неговиот дом во наведениот период била пронајдена дрога во помали количества, како и сива дигитална вага со траги од хероин и кокаин.Со оглед на тоа што се работи за лице претходно осудувано за истото кривично дело, надлежниот јавен обвинител процени дека постои опасност тој да го повтори делото или да се даде во бегство, па до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

Скопје | пред 6 години

fatime-fetai

Осуден во „Диво Насеље“ ѝ испратил снимки на Фатиме Фетаи за масакрот кај Смилковско езеро

Еден од осудените во кумановските настани, Шефхет Халачи, комуницирал од затворската ќелија преку мобилен телефон со поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи на 19 јуни оваа година.Халачи и се јавил на Фетаи и и кажал дека има 140 гига бајти прислушувани разговори кои тој ги праќал и на Ел Чека, таа му кажала тие снимки да ги испрати и до поранешното Специјално јавно обвинителство.Обвинителката Фетаи појасни дека меѓу снимките што и ги пратил Халачи, покрај за „Монструм”, има материјали и за други случаи што ги водеше поранешното СЈО, а сега ги води Обвинителството. Фетаи на денешното рочиште за „Монструм“ истакна дека сите материјали кои ги добиле во СЈО од Халачи, се предадени на Судот.Судењето за „Монструм“ е во тек,  се чита документацијата што е изработена од извршениот увид.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

sekta

OJO проверува дали самоубиство на 13-годишна девојка е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември. Иако првичните сознанија непосредно по настанот упатуваа дека се работи за случај на самоубиство, сепак поради определени индиции, истрагата продолжува со испитување на мотивите кои биле причина за смртта.Имено, веднаш по настанот, дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче. При обдукцијата првично беше констатирано дека починатата на себе има и други повреди кои би можеле да упатуваат на нејзина припадност кон секта.Во насока на проверка на овие индиции, јавниот обвинител дополнително издаде наредба за токсиколошки испитувања и за анализа на биолошки материјал, како и наредба за вештачење на телефонот и на комуникацијата преку социјални мрежи на починатото лице. Дополнително, Основното јавно обвинителство Гостивар побара од МВР да изврши проверки и споредба со евентуално слични случаи во државата или надвор од неа, како и да изврши разговори со семејството, пријателите и соучениците на починатата девојка, како и со наставниот кадар во училиштето.фото: Politika

Македонија | пред 6 години

vlada-19.02-pak

Усвоени предлог имињата за амбасадори на 19 дестинации, се чека АМИН од Пендаровски

На денешната затворена седница, Владата ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја на следните дестинации: Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.Листата ќе биде доставена до Претседателот на државата Стево Пендаровски.На денешната седница е усвоен и заклучок за времето за почеток на акцијата Администрацијата чисти со „Не биди ѓубре“, согласно кој акцијата ќе започне во 12 часот согласно временските прилики кои се најавени за 14 декември, сабота, кога ќе се спроведе оваа акција. 

Македонија | пред 6 години

12122019_VRSM_170_Sednica_na_Vlada

Владата ја усвои ревидираната Фискална стратегија на земјава за 2020-2022 година

На предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои ревидираната Фискална стратегија на Република Северна Македонија 2020-2022 година. Ревидираната Фискалната стратегија е во согласност со Законот, се усвојува за период од три години и со неа се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.Ревидирањето на Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во текот на 2019 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.фото: Влада

Македонија | пред 6 години

001

Владата го утврди текстот на дополнетиот Предлог Буџет 2020 година

На денешната редовна 170-та седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на дополнетиот Предлог-Буџет 2020 година. Владата прифати 12 амандмани за измени и дополнувања на Предлог Буџетот 2020, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии, и донесе одлука текстот на дополнетиот Предлог-Буџет за 2020 година да биде пуштен во Собранието на Северна Македонија на усвојување.На оваа седница на предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои ревидираната Фискална стратегија на Република Северна Македонија 2020-2022 година.Ревидираната Фискалната стратегија е во согласност со Законот, се усвојува за период од три години и со неа се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.Ревидирањето на Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во текот на 2019 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.

Македонија | пред 6 години

studenti-medicina

Здружението на студенти по медицина бараат бесплатна вакцинација на сите студенти по медицина

Здружението на студенти по медицина - ЗСМ ве информираме дека денес до Министерството за здравство на РСМ ја доставивме петицијата покрената од студентите по медицина. Целта на петицијата е да се сврти вниманието и слушне гласот на студентите по медицина во државата за конечно решавање на прашањето за бесплатна вакцинација на студентите против Хепатитис Б вирусот. Оваа петиција е последица на неколку писмени барања испратени до Министерството за здравство во текот на целата година, а на кои Министерството не дало никаков одговор.Имено, како студенти по медицина секојдневно сме во контакт со различни видови инфективен материјал, присуствуваме на интервенции на пациенти чија историја е непозната. Ризикот за ова заболување е еднаков како за студентите, така и за останатите здравствени работници. Програмата за имунизација на населението јасно укажува на заложбите на владата на РСМ како и на Министерството за здравство за бесплатно вакцинирање на студентите со оваа вакцина.Ваквиот ризик директно влијае и на квалитетот на наставата. Невакцинирањето на студентите по медицина кои слушаат клинички предмети е на штета на практичната настава која се одвива на медицинските факулетети во државата, поради стравот на студентите за земање активно учество.Поради сите наведени причини бараме спроведување на бесплатна вакцинација на сите студенти по медицина, со цел да се избегне било каква можност за заболување на било кој од нас, впрочем како што е и примерот во сите држави од регионот (без исклучок) и пошироко каде студентите по медицина се целосно ослободени од ваквите трошоци.Секој студент потпишан на оваа петиција е доброволно потпишан со цел искажување на желба и намера за решавање на овој проблем. Се надеваме дека Министерството за здравство конечно ќе има разбирање и ќе даде одговор на овој наш повторен обид за решавање на овој проблем.Оваа петиција е поддржана од Европската медицинска студентска асоцијација – ЕМСА Македонија, Македонската медицинска студентска асоцијација – ММСА и Факултетското студентско собрание на Медицински факултет – Скопје.Се надеваме дека ќе ја добиеме вашата поддршка со споделување на оваа вест за конечно решавање на прашањето за бесплатна вакцинација на студентите против Хепатитис Б вирусот.

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Отстрани 236 непрописно паркирани возила од јавни површини

Во текот на изминатата недела (05.12 - 11.12.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 236 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 211 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  333 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 25 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

1

Анита Ангеловска Бежовска – Домашната побарувачка, личната потрошувачка и инвестициите ќе го креираат растот на домашната економија

„Домашната економија идната година ќе има раст од 3,8%, односно 4% во 2021 и 2022 година, при што  позитивен импулс врз растот и натаму се очекува од домашната побарувачка, натамошниот раст на личната потрошувачка и закрепнување на инвестициската активност, додека придонесот на нето-извозот се оценува како негативен. Ваквата динамика на раст беше очекувана и во априлскиот циклус проекции, а поголеми промени не се направени ниту кај очекуваните извори на растот“.Ова го истакна Анита Ангеловска Бежовска, Гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија кој беше гостин на Меѓународниот Балкански Универзитет каде одржи предавање на тема „Кон одржлив раст - најновите макроекономски проекции за Република Северна Македонија“. Во своето предавање освен за проекциите за идниот период,  Гувернерот зборуваше и за моделот на раст кој го следи нашата земја, како и земјите во регионот, во периодот пред и по економската криза, како и за најголемите предизвици со кои, во моментов се соочуваат земјите од регионот и Северна Македонија.„Во периодот пред глобалната економска криза забележителен беше раст во целиот регион на Источна и Југоисточна Европа кој се должеше најмногу на структурните економски промени, односно трансформацијата од социјалистичка кон пазарно- ориентирана економија, трансформација која бараше да се вложи голем напор и голем труд. Покрај различните вредности на почетните точки на раст и различниот степен на промена на економиите на земјите, едно нешто беше заедничко, а тоа е забележително забрзан раст на економиите, особено во периодот од 2002 до 2007 година“, рече Ангеловска Бежовска.Таа посочи дека благодарение на добрите фискални и монетарни државни политики кои беа поставени во пред кризниот период, нашата земја релативно лесно ја преброди економската криза и не се соочи со страшни последици поради релативно малиот буџетски дефицит кој го имавме. Позитивните економски движења на Република Северна Македонија во пост кризниот период највеќе се должат на реформите во бизнис секторот кои значително ги подобрија условите за директни странски инвестиции кои се од исклучителна важност за една економија, особено за малите економии како нашата.Што се однесува до проекциите на Централната банка за идната година, Ангеловска Бежовска, ја пренесе оценката дека е можно да има забавување на економската активност следната година заради претстојните вонредни парламентарни избори, на што упатува искуството досега, но она што е карактеристично и вообичаено е дека ефектите од тоа се чувствуваат на пократок период.Бежовска соопшти дека ризиците околу макроекономското сценарио се оценети како претежно надолни, што се однесува пред сѐ на надворешните ризици, во услови на понеповолен глобален амбиент и зголемена глобална неизвесност, предизвикана од растечките трговски тензии, неизвесниот процес на Брегзит, геополитичките ризици, променливоста на условите на финансиските пазари.

Македонија | пред 6 години

reket-audio

Геро доби поддршка, но и критики по снимките за „Рекет“: Преку „Твитер“ бараат да одговара кривично

Откако вчера на социјалната мрежа „Јутуб“ се појавија нови снимки поврзани со случајот „Рекет“, а каде се споменува новинарот Бранко Героски, социјалните мрежи зовреа со коментари. Дел од корисниците и натаму го поддржуваат новинарот, а останатите остро го критикуваат. Дел од коментарите во продолжение..https://twitter.com/ddimkooooo/status/1204746207454732288https://twitter.com/Spejsi_K/status/1205015369146159104https://twitter.com/JakovFendu/status/1205008030510829568https://twitter.com/Spejsi_K/status/1204910286139998208https://twitter.com/ViktorStevich/status/1204900359094898690https://twitter.com/kezhmanprvi/status/1204897969486647297https://twitter.com/Spejsi_K/status/1204895350680633345https://twitter.com/KODVistina/status/1204889841084878855https://twitter.com/arthurgordonpy3/status/1204869562103222275https://twitter.com/hecklerwaldorf/status/1204869848527978496https://twitter.com/hecklerwaldorf/status/1204846873279975425https://twitter.com/Blau_Wagen/status/1204843140903030786https://twitter.com/GoLemiot_Brat/status/1204807929020506114https://twitter.com/ddimkooooo/status/1204806765679980545https://twitter.com/nekorektniot/status/1204805402057203713 

Коментари | пред 6 години

12-Provjereno-Ima-9-godina-a-studira-na-3-sveucilišta-YouTube-Google-Chrome_2

(ВИДЕО) Чудо од дете: Има 9 години и студира на три универзитети

Белгиското чудо од дете што се надеваше дека ќе дипломира на холандски универзитет пред неговиот десетти роденден го напуштил факултетот, пренесува BBC.Родителите на Лорен Симонс се надевале дека нивниот деветгодишен син ќе може да дипломира пред 26 декември, кога му е роденденот и ќе  стане првиот на светот што дипломирал на возраст под 10 години.[embed]Бидејќи Универзитетот во Ајндховен соопшти дека малиот генијалец имал премногу испити за да дипломира до неговиот роденден, родителите на Лорен решиле да го извадат нивниот син од факултетот.Понудата да дипломира нивниот син  на факултетот за електротехника до средината на следната година, беше студено одбиена. Студиите, што обично траат три години, требало малото момче  да ги заврши за само десет месеци, велат родителите.Таткото Александар Симонс вели дека бил критикуван на универзитетот за изложување на неговиот син на толку многу медиумско внимание."Ни кажаа дека извршивме преголем притисок од медиумите за нашето дете и дека Лорен ќе мора да помине психијатриски прегледи ако продолжиме. Ако детето добро игра фудбал , сите сметаме дека вниманието на медиумите е одлична работа. Мојот син има различен талент. Зошто да не биде горд на тоа? “, изјави Александар Симонс.Универзитетот потврди дека станува збор за дете со уникатен талент, но и дека не сакаат да извршат несоодветен притисок врз него.

Магазин | пред 6 години

ohrid

(ФОТО) Охрид блесна во новогодишен сјај

Охридската чаршија и плоштадот Св. Климент Охридски блеснаа во новогодишен сјај. Накитени со новогодишни реквизити се и останатите делови од централното градско подрачје, кружните токови и главните  сообраќајници во градот.

Македонија | пред 6 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-5

Загадено во Карпош и Тетово: Проверете што дишиме и каков е квлитетот на воздухот

Градот Скопје и натаму е на првите места од листите на загадени градови во светот. Утрово, најзагадено е во Карпош, а потоа следуваат Центар, Ѓорче Петров и Миладиновци. Втор град по загадување е Тетово. Во воздухот се осеќа неподнослива миризба.На аерозагадувањето најмногу влијаат сообраќајот, домаќинствата кои се греат на дрва и јаглен и индустријата. Само во Скопје има 130.000 возила, додека голем број од индустриските капацитети од тешката индустрија се наоѓаат во самиот град или во негова близина.Градот Скопје, соопшти дека презема долгорочни мерки како што се постапката на преземање на топлификационата мрежа, субвенционирање на печки што помалку загадуваат, зголемување на зелените површини, мапирање и чистење на дивите депонии, како и подобрување на велосипедската инфраструктура.Аерозагадувањето во Македонија влезе и во фокусот на европските институции. Нацрт-извештајот за Македонија кој беше усвоен од Комитетот за надворшени работи на Европскиот парламент во последната точка напоменува декаПроверете што дишиме - тука

Скопје | пред 6 години

voda-kanabis

(Фокус) Фонд за иновации: Грантот за Горска не е за водата со канабис, туку за вода со вкус на ацерола и алое вера

Воздрасните шокирани, младите воодушевени. Во пластични шишиња од 0,75 литри, со етикета на која пишува Горска +Релакс, вкус на грејпфрут, канабис, и по цена од 50 до 55 денари, во маркетите во земјава се продава производот кој за кратко време стана доста популарен. Во составот, покрај вода, арома и витамини, наведено е дека има и екстракт од семе од коноп. Напишана е и препорака да се чува на ладно и темно место, но околу тоа кои се придобивките од консумирањето на производот и дали евентуално може да предизвика штетни последици, со оглед на тоа што без проблем го купуваат и деца, нема никакви податоци, објави ФОКУС.Компанијата Кодинг – Горска, која што ја произведува водата со канабис се најде во центарот на вниманието на јавноста лани, кога доби грант од 18.227.237 денари, односно 296.000 евра од Фондот за иновации за „Воведување на нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола“. Јавноста реагираше првенствено поради тоа што директор во таа компанија е Горан Тодоров, претседател на општинската организација на СДСМ Кавадарци.На рафтовите во маркетите покрај водата со канабис, од истата компанија сега се продава и вода Горска +имуно, по цена од 40 до 45 денари со насликани ацерола и алое вера на етикетата, односно иновацијата за која го добија грантот од околу 296.000 евра, пишува ФОКУС.За водаата од канабис пак, што се најде на рафтовите во маркетите во исто време со водата со вкус на ацерола и алое вера, во времето кога го добија грантот, немаше никаква најава.-Компанијата Кодинг – Горска во 2018 година доби грант во вредност од 18.227.237 денари, односно 296.000 евра од Фондот за иновации за „Воведување на нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола“. За водата со канабис која е пуштена во продажба не сме доделиле грант – вели за „Фокус“ директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, објави Фокус.мкТекстот во целост на: ФОКУС.мк

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_400917

ВИДЕО: Сопственик на продавница му спасува живот на бебе , додека мајката гледа пушки

Сопственик на продавница во Јута му спаси живот на бебе кое за малку ќе паднеше од шалтер додека мајката гледаше - пушка.Бебето скоро се лизна од пултот, но сопственикот Бил Рил реагира брзо и го грабна пред да падне. „Јас сум само обична личност што имав можност да направам нешто правилно и го сторив тоа“, изјави тој скромно за американските медиуми откако снимката стана вирална и ја видоа милиони корисници на социјалните мрежи.

Магазин | пред 6 години

katica-janeva

Сестрата на Катица Јанева може да „лета“ од работа

Досието за вработување на сестрата на Катица Јанева- Лиле Делиџакова наскоро под лупа на Антикорупциска. Од  Комисијата за хартии од вредност, каде што е вработена Делиџакова  за Тв24 потврдуваат дека го добиле барањето и не само за Делиџакова, ќе ги испратат сите досиеа за членовите во регулаторното тело.„На 6-ти декември, во петокот добивме барање од Комисијата за спречување на корупција и ние ќе го испочитуваме тој рок и во наредните денови ќе ги испратиме сите документи од договорите за вработувања, биографиите и одлуките.“ - велат од Комисија за хартии од вредностВработувањето на Делиџакова доаѓа на дневен ред во Антикорупциска по анонимна пријава во која како спорни аргументи се наведуваат документите со кои конкририрала за работното место, но и сомнеж за сертификатот за англиски јазик, велат извори од Комисијата. Според документите кои се уште се јавно објавени на собранискиот сајт, таа е предложена од Владата, со потпис на премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

zemjotres

Утрово два силни земјотреси во Грција

Два силни земјотреси во Грција утрово. Првиот со јачина од 4,9 степени според Рихетеровата скала е регистриран во 05:05 часот на островот Крит, поточно во зоната Агиос Николаос.  Неколку минути подоцна, поточно во 05.25 бил регистриран уште еден земјотрес во островт Крит од 4.3 степени според Рихтеровата скала.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања