Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Ana-Kamcheva-600x375

Kолку чини капутот на Ана Камчева?

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, на судењето за случајот Рекет се појави во улога на сведок. Таа дојде облечена во црни панталoни, сако и бела кошула преку кои носеше парче гардероба со кое ја „засени“ целата приказна заради која се појави во судницата.Имано, таа носеше преубав капут во бела боја, со впечатливи раменици и дебел ремен. За ова впечатлив издание убавата сопруга на Орце Камчев најверојатно потрошила околу 3500 евра колку што чини оригиналната верзија на едно вакво дизајнерско парче од познатиот дизајнерски моден бренд, објави Гламур.мкЗа ова впечатлив издание убавата сопруга на Орце Камчев најверојатно потрошила околу 3500 евра колку што чини оригиналната верзија на едно вакво дизајнерско парче од познатиот дизајнерски моден бренд, пишува Гламур.мк.Текстот во целост на:  Гламур.мк

Магазин | пред 6 години

serval

(ВИДЕО) Хрватите во шок - Афричка дива мачка снимена како лута по полињата и нивите

Паника во Хрватска. Локалното население од Туропоље во Хрватска се изненадени од веста дека по нивните полиња и ниви шета лута афричка дива мачка.На снимката која ја објавија локалните медиуми се гледа голема мачка која наликува на рис.Станува збор за мачка со средна големина која може да порасне до 60 cm и да постигне тежина од 18 Kg. Во главно се храни со глодари и мали птици. Поради својата убавина на црниот пазар достигнува цена од 10.000 долари.Стручните лица од ветеринарниот факултет потврдиле дека се работи за сервал.Неофицијално ова животно во текот на летото му избегало на сопственикот од Словенија.Инаку Сервал  е африкански предатор од семејството мачки, сличен на Африканската златна мачка и каракалот. Тој е еден од најголемите претставници од седумте видови на Мали мачки, кои го населуваат континентот. Предците на сервалот се и првите мачки кои ја населиле Африка. Поради своето тело и дамките по крзното често се нарекува мал гепард, но и покрај тоа сродство меѓу двата вида не е толку близок, колку со други африкански мачки.Една од особеностите кои го издвојуваат од останатите претставници на семејството мачки е дека сервалот сака вода и се придржува кон водните извори. Оваа неговата функција во однесувањето и присуството на специфични еколошки карактеристики се причина да боледува почесто од шистосомијаза. Сервалот води релативно таен начин на живот и главно се храни со глодари, како птици, зајци, мали антилопи, змии, жаби. Не е опасен за луѓето, туку напротив - тој самиот често станува нивна жртва.фото: Курир.рс

Магазин | пред 6 години

avion

Полета првиот електричен авион на светот

Првиот целосно електричен комерцијален авион на светот го имаше првиот пробен лет, полетувајќи од вода во канадскиот град Ванкувер.Шестмина патници имаше на 15-минутниот лет на авионот на компанијата „Магникс“, што првпат беше претставен на Авиошоуто во Париз порано оваа година.„Ова покажува дека комерцијална авијација во електрична форма може да функционира. Нашата технологија обезбедува чист и ефикасен погон на авиони. Овој историски лет претставува почеток на третата ера во авијацијата: електрична ера“, изјави Роеи Ганзарски, извршниот шеф на „Магникс“, која го дизајнираше моторот.Таа го изведе летот во соработка со авиопревозникот „Харбур ер“, кој планира до 2022 година целосно да ја електрифицира својата флота.Цивилниот авионски превоз е еден од најголемите загадувачи на светот, како што постојано се зголемува бројот на патници. Сепак, електрични авиони кои можат да поминат подолги дистанци остануваат голем предизвик за секторот, при што најбавно се развива технологијата на батерии.Фото: Novac.hr - Jutarnji List

Магазин | пред 6 години

ubistvo-slovacka

Уапсени двајца Срби и Македонец поради убиство во Словачка

Двајца Срби кои нападнаа и до смрт го претепаа својот сонародник Никола Косаниќ (22) во Братислава во неделата, уапсени се во Унгарија и се обвинети за соучесништво во убиство, соопшти денеска словачката полиција. Третиот напаѓач, државјанин на Северна Македонија, уапсен е во Словачка, но против него се уште не е подигнато обвинение, пишува МИА.„Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8 декември”, се наведува во соопштението на словачката полиција.Тие се уапсени врз основа на европскиот налог за апсење издаден од Првиот окружен суд во Братислава и се обвинети во отсуство. Во тек е процедура за нивна екстрадиција од Унгарија во Словачка.Ако бидат прогласени за виновни ќе бидат осудени на казна затвор од седум до 10 години.

Свет | пред 6 години

pendarovski

(ФОТО) Пендароски, во домашна посета кај египќанско семејство од Дебарско-Мијачкиот крај

Претседателот Стево Пендароски, во домашна посета кај познатото египќанско семејство од Дебарско-Мијачкиот крај и македонскиот зурлаџиско-тапанџиски бренд "Мајовци"Инаку Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“ денеска ја посети општина Дебар. На почетокот на посетата, претседателот Пендаровски го посети Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“. На средбата со игуменот на манастирот, архимандритот Партениј, претседателот Пендаровски беше запознаен со подготвителните активности за одбележување на 1000-годишнината од постоењето на манастирот, во 2020 година. За време на посетата претседателот Пендаровски се сретна со група штитеници кои престојуваат во манастирот и се лекуваат од различен тип на зависности. Претседателот Пендаровски ја посети фабриката за полнење на природна изворска вода МЛ Гари - Maya, која се наоѓа на регионалниот пат Бошков мост – Извор. На средбата со менаџментот беше претставена работата на компанијата, која функционира веќе три години на македонскиот пазар. Пред претседателот Пендаровски беа претставени и идните планови на компанијата за проширување на производствените капацитети. Во Општинскиот одбор на Црвениот крст во Дебар претседателот Пендаровски оствари средба со Рамадан Телкиу, крводарител, кој донирал крв над 160 пати. Телкиу е носител на бројни признанија за својата хуманост. Во 2008 година е одликуван со Медал за заслуги за Македонија. На средбата од претставниците на општинскиот одбор на Црвениот крст, претседателот Пендаровски беше информиран за тековните активности, како и за предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа. За време на посетата, претседателот Пендаровски го посети семејството Исаковски, познато по рачната изработка на зурли од црешово дрво. Претседателот Пендаровски беше информиран дека освен во Дебарскиот регион, интерес за рачните изработки на семејството има во целиот свет. Во Дебар, претседателот Пендаровски ја посети компанијата Slice, платформа за нарачка на пици, што опслужува пицерии на пазарот во Соединетите Американски Држави. Компанијата во своите претставништва во Дебар, Скопје и Охрид вработува над 500 млади луѓе во земјата, со план за проширување на нивните капацитети. Претседателот Пендаровски ја посочи компанијата како пример што покажува дека и во родниот крај и во сопствената земја може да се создадат можности за профитабилен бизнис и да се даде придонес за развој на заедницата преку отворање на нови работни места. Претседателот Пендаровски, во Центарот за култура во Дебар оствари средба со локални новинари, кои го информираа за тековните предизвици со кои се соочуваат во нивната работа. Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е инициран во изборната програма на претседателот Пендаровски. Целта е преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеи за нивно надминување.

Македонија | пред 6 години

slika-1

Раководството на ВМРО ДПМНЕ во Париз се сретна со членовите на Францускиот Сенат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Д-р. Игор Николов во Париз остварија средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за Француско Македонско пријателство, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Република Македонија, како и за потребите за реформи и јакнење на заедничкото пријателство.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја афирмираше заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите, како и ставањето на државата на брза патека што ќе подразбра итни реформи кој ќе ја извадат Македонија од слепата улица по која ја донесе актуелната Влада.Мицкоски ја потенцираше цврстата определба за бескромпомисна борба против криминалот, и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласи дека потребни се чекори кој ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните. За жал денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата, истакна Мицкоски, додавајќи дека потребно е олсободувње на правосудниот систем од политичките стеги и владеење со правото.Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана принципи и вредности, истакна на средбата Мицкоски.Воедно Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека се залага стратешко партнерство со Република Франција и продлабочување на заедничката економска и политичка соработка,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Со автомобил излетал од патот и удрил во пешак

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од 46-годишно лице од селото Порој, Tетовско, изгубило контрола и излетало од патот, при што удрило во 76-годишно лице од Охрид и паркирано патничко возило со охридски регистарски ознаки.Во незгодата, 76-годишното лице се здобило со тешки телесни поврди и било пренесено во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

greta

Популарниот магазин „Тајм“ ја избра младата активистка Грета Тунберг, за личност на годината

Младата шведска активистка Грета Тунберг (16) е прогласена за личност на годината од страна на списанието Тајм за 2019 година.16-годишната Грета годинава се обрати пред светските лидери на самитот на ОН за да го искаже ставот на младите луѓе низ светот и ги повика лидерите да дејствуваат за да се намалат климатските промени. И додека за едни луѓе Грета стана идол, за други стана провокатор.Тунберг, која наскоро ќе полни 17 години на почетокот на годинава започна сама да протестира секој петок пред шведскиот парламент, а потоа и се приклучија врсници, а протестите со предупредувања за влијанието на климатските промени се проширија во повеќе земји.  

Свет | пред 6 години

20190703093800

Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ

Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од Управата за јавни приходи.Ова е прва исплата од мерката на владата МојДДВ што почна во јули годинава и се однесува на периодот јули, август и септември 2019 година, а почна со исплата на 2-ри овој месец.Согласно законското решение се врши поврат од 15 отсто од платеното ДДВ, а за овој период повратот од 15 отсто од платениот ДДВ е во износ од 186.215.194 денари.Во првиот квартал од МојДДВ скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари.Од 15-ти овој месец почнува и наградната игра МојДДВ#МојаНаграда која предвидува 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра.Наградната игра ќе трае една година и за тој период ќе се доделат две премии од 50.000 евра, месечно ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари и дневно ќе се доделуваат 10 награди од по 1.000, 2.000 и 3.000 денари.Дневните награди ќе се извлекуваат со електронски генератор, а на апликацијата МојДДВ на секој добитник ќе му стасува порака која сума ја добил. Доколку нема награда, на апликацијата ќе стигне едукативна порака, во духот на финансиската едукација. За месечните награди од по 100.000 денари и премиите од 50.000 евра, ќе има јавни извлекувања. извор: (МИА)

Македонија | пред 6 години

ohrid-maraton

Згасна „Меѓународниот Охридски Атлетски Маратон“

Претседателот на Здружението кое го организираше Охридксиот Атлетски маратон, Пецо Неданов, објави дека традицијата на Меѓународниот Охридски Атлетски Маратон нема да продолжи во наредната 2020-та година.  – Со години наназад се боревме и покрај сите неразбирања на наталожените проблеми да ја продолжиме традицијата долга повеќе од 30 години. Во 2020-та требаше да биде 34-ти по ред, но очигледно нашата желба да и покрај минусните салда кој ги правеше маратонот упорно ја продолжуваме традицијата, некои ја сваќаа погрешно во смисол да Ние имаме интерес и затоа ја продолжуваме традицијата. Со последното годинешно издание бев принуден лично да ги финансирам поголемиот дел од трошковите, а најголемиот дел од нив ми се вратија скоро 90 дена по завршување на маратонот, а одредени трошкови останаа неисплатени поради намалената сума од предвидената. Се извинувам но не сум во состојба тоа да го правам повторно. Испративме дописи до одговорните институции и поставивме конкретни прашања со колку средства планираат да не помогнат за наредното 34-то издание, но никој ништо не одговори. Треба ли по два или три пати да го правиме истото и да добиваме празни обеќања е па се уморивме од тоа. Затоа дефинитивно ова е крај на оваа традиција, а да даде Господ некој ентузијасти како нас пак после 10 годишна (или дај Боже пократка) пауза ја продолжат традицијата. Ова е маратонот на нашата младост, на првите членови на АК Охрид, и секако дека има многу големо значение за нас, но без поддршка на институциите за жал мора да згасне. Сметавме дека по примерот на Европските и Светските метрополи и градот Охрид ќе биде горд на еден ваков традиционален настан и ќе настојува да ја продолжи оваа долга традиција, но ниту тие ниту државата застана со свој дефинитевен став зад оваа традиција која сите овие години од 2004-та навака е заснована само на ентузијазам и љубов на одредени членови кон атлетиката и маратонското трчање. Длабоко им се извинувам на сите маратонци кој се заљубени во оваа трка и кој едвај го чекаат наредното издание како од земјава така и од соседните земји, се надевам дека некој ќе се свести и нема да дозволи да згасне оваа традиција, а дотогаш ви посакувам лесни нозе и уште многу успешни маратонски трки, наведува Неданов во пораката.фото: Екипа 

Спорт | пред 6 години

11122019_PVRSM_Zaev_otvoranje-na-Cranfield-Foundry-1

(ВИДЕО) Заев на отворање на „КранфилдФаундри“: Стартува со работа една од најсовремените фабрики од овој тип во Европа

Во Пробиштип, во индустриската зона Неокази, го означуваме стартот на работата наедна од најсовремените фабрики од овој тип во Европа, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на настанот со кој се одбележа почетокот на производството на „КранфилдФаундри“, компанија за производство и обработка на одлеаноци од сиво и нодуларно железо.„Компанијата ги ангажираше ГемкоКаст Метал Технолоџи од Холандија, светски лидер специјализиран за проектирање и инженеринг на нови капацитети за производство и обработка на производи од железо, ДИСА (DISA) од Данска и АБП (ABP) од Германија за технологија и машини, како и мултинационалната компанија Donaldson со седиште во САД, за филтрациски систем за заштита на работната средина“, потенцираше премиерот Заев.Достојно внимание, рече премиерот Заев, треба да се оддаде и на намерата на сопственикот и на менаџерскиот тим на компанијата да се вложат дополнителни средства од 15 милиони евра за експанзија на компанијата во нови капацитети и производи конкурентни на светскиот пазар.„Тоа ќе го зголеми бројот на нови работни места во фабриката, и претставува огромен придонес за општината и регионот.Од сегашните 58 вработени, вкупниот број планирани вработувања кога целиот инвестициски проект ќе заврши ќе изнесува 300.Тоа е сериозна шанса за граѓаните, за младите од општината, кои со овие перспективи на „КранфилдФаундри“ добиваат реални можности да се школуваат, да се остручуваат и да се вработат дома, во своите родни места.Уште една голема причина за тоа е и просечната плата во „КранфилдФаундри“ која денеска е повисока од просечната плата на државно ниво со потенцијал за уште поголем раст“, нагласи премиерот Заев, и додаде дека и оваа фабрика е резултат на економските политики на Владата кои придонесоа за пораст на бруто домашниот производ од 3,6% и за намалувањето на невработеноста во третиот квартал на 2019 година на рекордно ниски 17,1%.Тој додаде дека врвен приоритет на „КранфилдФаундри“ е здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените и на сите жители на Општина Пробиштип и околината, и дека во таа насока се преземени сите мерки според европските стандарди за безбедноста по здравјето и животот на вработените.„КранфилдФаундри“ е компанија за производство и обработка на одлеаноци од сиво и нодуларно железо која употребува исклучително само електрична енергија. Во процесот на работа строго е забрането употреба на суровини кои содржат штетни материи, за да може да се испорача производ кој ги задоволува сите стандарди за квалитет, безбедност и заштита на животната средина“, рече во своето обраќање претседателот на Владата, Заев.Вицепремиерот за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев посочи дека станува збор за инвестиција којашто не е трудоинтензивна, односно станува збор за капитално интензивна инвестиција којашто вработува високо стручни луѓе со високи примања.„Станува збор за  високо технолошки автоматизирана линија за калапирање, а потоа и леење на челик, од којшто ќе се произведуваат делови коишто се наменети за градежништвото, пред сѐ, за автомобилската индустрија во иднина, како и задруги различни намени. „КранфилдФаундри“ е извозно ориентирана компанија, што е добро, затоа што ќе носи дополнително додадена вредност во нашата држава“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.Тој дополни дека иако договорот со „КранфилдФаундри“ е потпишан во 2015 година, се до 2018 година беше заглавен во административните лавиринти, кога беше и склучен нов анекс договор во согласност со Законот за финансиска поддршка на инвестициите.Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции,Зорица Апостолска во своето обраќање рече дека со реализацијата на оваа инвестиција, Владата на Република Северна Македонија уште еднаш ја докажа својата темелна посветеност и грижа за странските инвеститори.„Позитивните и евидентни економски промени кои ги направивме, институционалната посветеност и одговорност, стимулативните услови и активните мерки за поддршка на инвестициите, беше причина  поради која Компанијата „КранфилдФаундри“ одлучи да го прошири првичниот бизнис план за оваа инвестиција со што вредноста на инвестиција се зголеми од 15 на 20 милиони евра и креирашедополнителни нови работни места од проекциите во почетната фаза“, нагласи Апостолска.На настанот се обрати и Драган Анастасов, градоначалник на Пробиштип, кој рече дека„КранфилдФаундри“отвори можности за вклучување на локалните компании во добавувачкиот ланец на фабриката, што ќе влијае на подигање на животниот стандард на граѓаните од Пробиштип и околината.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

obedineti-za-makedonija-OM

ОМ со порака до ДУИ: Да се почитува Венецијанската комисија во врска со Законот за јазици

Обединети за Македонија реагира на изјавата на Бујар Османи во која  „Секое отворање на Законот за јазици, со кој се затвориле прашањата од  Рамковниот договор, ќе нè врати пред 2001 година“, е вели во соопштението од Обединети за Македонија.Враќањето во 2001 година е период каде ништо добро нема да и се случи  на Македонија. Почитуван господине Османи, ние и вие добро знаеме што се случуваше тие години и колку невини луѓе загинаа. Во наш, заеднички интерес е да ја градиме македонската држава во проевропски дух, бидејќи сите сме деца на Македонија, без разлика на етничката позадина.Доколку се навраќаме кон минатото, да ве потсетиме дека заеднички сме се бореле против окупаторите на ова парче земја, а кулминација е Охридско-дебарското востание. Препорачуваме врз основа на заедништвото и на македонскиот дух кој е вроден во секој од нас, без разлика на етничката позадина да застанеме цврсто и проевропски да гледаменапред, а не да ги злоупотребуваме само мрачните делови од нашето минато за ситни политички поени, а да го извлечеме најдоброто од минатото, во сегашноста да извлечеме поука за да градиме европска иднина.Обединети за Македонија е со став да се почитува Венецијанската комисија во врска со Законот за јазици, бидејќи таа е релевантна и доста почитувана институција од целиот свет, затоа што бараме мислење од европска институција и промовираме европски вредности, а тие европски вредности не смеат да ги кочат ситни политички поени, се вели во соопштението од Обединети за Македонија.

Македонија | пред 6 години

dolg

ВМРО ДПМНЕ: Во еден ден го зголемија долгот на државата за скоро 300 милиони евра

Зоран Заев губи контакт со реалноста. Наместо најавените 216 милиони како што беше најавено се задолжи за плус 80 милиони и со тоа во само еден ден го зголемија долгот на државата за скоро 300 милиони евра.Расипништвото на власта нема граници. Откако Заев е на власт заклучно со денес јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра.Од денес јавниот долг е фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.Загрижувачки и недозволиво е јавниот долг за 31 месец да порасне за нови 914 милиони евра, а притоа нивото на капитални и инвестиции да е најниско во историјата на државата со 40% за цели 10 месеци од годинава или 36% доколку не направеа ребаланс.Сите влади за 15 години од 2002 до 2017 година ја задолжиле државата за 3 милијарди евра, а Зоран Заев за само три години 914 милиони, односно безмалку 1 милијарда.На ова расипништво му доаѓа крајот. Република Македонија не може да издржи со вакво галопирачко темпо. По 12 април следува одговорно трошење на народните пари и домаќински однос со долгот.

Македонија | пред 6 години

79082761_2578163235592679_7230675724552634368_n

Поставени основите за национална стратегија за намалување на загуби и отпад од храна

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше дел од консултативна работилница за формулирање на стратегија за намалување на загубите и отпадот од храна во Република Северна Македонија. Работилницата е дел од регионалниот проект на ФАО за техничка соработка насловен „Стратегии за намалување на загуби и отпад од храна“ спроведуван во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и граѓанската организација Ајде Македонија.Загубата и отпадот од храна е голем и комплексен проблем што директно ги засега националните и корпоративните политики, природните ресурси, климатските промени, економиите и пазарите, однесувањето и културата на луѓето, социјалните услови, технологијата, инфраструктурата и инвестициите. Честопати Република Северна Македонија е ставена на листата на рекордери во загуби на храна и отпад од храна, а истовремено се соочува со проблем да обезбеди доволно храна за ранливите социјални категории. Бројките се многу загрижувачки и покажуваат дека 460.000 жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна.Република Северна Македонија заедно со Албанија, Ерменија и Молдавија е дел од овој регионален проект на ФАО, кој на национално ниво, им помага на земјите во развивање и спроведување на национални стратегии за намалување на загубите и отпадот од храна, прилагодени на специфичните потреби земјата и усогласени со релевантното законодавство, национални стратегии и политики за земјоделство, безбедност на храната, ублажување на климатските промени, итн.“Република Северна Македонија и покрај својата социјална и економска ситуација, не се разликува во голема мера од развиените земји односно, и кај нас постои нагорен тренд во загуби на храна. Околу 30% од храната произведена или увезена во Северна Македонија никогаш не се консумира, бидејќи се расипува веднаш по берењето, во текот на транспортот, или како фрлена храна од големите трговски синџири и потрошувачите” потенцираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на отворањето на работилницата. Тој додаде дека ова е загрижувачки податок, кој јасно укажува на важноста на проблемот  и потребата од усогласени политики, преземање акција на сите нивоа во целото општество. Министерот Димковски изрази уверување дека овој проект се спороведува во вистинско време и е во согласност со еден од стратешките приоритети на Владата на Северна Македонија за решавање на ова горливо прашање, кое претставува еден од најголемите економски и социјални проблеми во нашата држава.Во текот на 2019 година, ФАО во соработка со МЗШВ, како и граѓанската организација Ајде Македонија, инволвираше голем број на институции како и претставници на приватниот сектор со цел да се даде јасна слика за состојбите со губитоците и отпадот од храна во Македонија, причините поради кои се јавуваат, и да идентификува мерки и политики кои ќе помогнат да се намалат овие губитоци со паралено развивање на системот на донирање на вишок храна.Глобалната цел на Обединетите Нации за намалување 50% на отпадот од храна до 2030, придонесе голем број земји да преземат активности за намалување на отпадот од храна и искористување на храната за донација на најзагрозените категории население, што би придонело во голема мера во борбата против сиромаштијата и гладот. Овој регионален проект е дел од сеопфатната програма за намалување на загубите и отпадот од храна во регионот, со која управува Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија (FAO-REU), под капата на Глобалната иницијатива за загуба на храна и намалување на отпадот од храна – ЗАЧУВАЈ ХРАНА (SAVE FOOD).

Македонија | пред 6 години

DSC_0087

Германија на МВР му подари осум возила

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска во Mинистерството за внатрешни работи од заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф,  прими дел од донацијата од  Договорот за донација меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Сојузното министерство за внатрешни работи, градежништво и татковина на Сојузна Република Германија потпишан на 10.10.2019. Станува збор за осум возила „дачиа дастер“, во вкупна вредност на од 129.200 евра, со што вкупната вредност на донирани средства досега изнесува 1.082.285 евра.,,Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Сојузна Република Германија за поддршката на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во вид на донации на техничка помош и возила, со кои значително се подобри операбилноста на нашата полиција, а особено на граничната полиција во вршењето надзор и унапредување на безбедноста на државната граница, како и во насока на успешно справување со предизвиците од илегалната миграција“, рече заменикот Нухиу на состанокот по повод примопредавањето на донацијата.,,Со тоа уште еднаш се потврдува нашата одлична соработка, како и заедничките заложби за справување со предизвиците од заканите по јавната безбедност, како и справување со предизвиците од илегалната миграција, што се поедноставува со потпишувањето на  Договорот за соработка во борбата против криминалот помеѓу нашите две држави. Тоа е од особена важност за нас како држава, но и за регионот на Западен Балкан и Европа воопшто“, истакна заменикот Нухиу. 

Македонија | пред 6 години

79452855_470838826901535_2437871429174165504_n

Со Законот за висока раководна служба, се гарантира целосна професионализација на раководните позиции во 130 институции

Владата на Република Северна Македонија на последната седница го усвои Законот за висока раководна служба. На денешната прес конференција, министерот за информатичко општество и администрација ги претстави промените и процесот на селекција на кандидатите предвидени со новиот закон.Како што подвлече министерот Манчевски, професионализацијата на високата раководна служба е еден од клучните предуслови за унапредување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор. Дополнително, доброто управување е клучно за враќање на довербата на граѓаните во државата и институциите.„Досега, не постоеше единствен закон во кој се уредени правилата за именување, односно назначување на високата раководна служба. За секретарите имаше регулација во Законот за админситративни службеници, додека за директорите во 123 посебни закони. Овие закони беа нецелосни, односно не содржеа одредби за постапката за отворен и фер натпревар, за селекција ниту пак критериуми за избор на најкомпетентен кандидат за раководна позиција, со што беа доведени во прашање начелата на заслуги и родова рамноправност. Од тука, во законот е предвидено дека ако има кандидати со ист број на бодови, предност ќе има кандидатката. На овој начин се обидуваме да го зголемиме бројот на жени на раководни позиции во државата“, информираше министерот Манчевски.Министерот Манчевски се осврна на процесот на селекција, односно Комисијата, што ќе ја води таа постапка.„Со Законот се формира Комисијата за ВРС со статус на самостоен државен орган, составена од 5 члена со мандат од пет години. Изборот на членовите на Комисијата ќе биде инклузивен, отворен и јавен, а ќе го прави Комитет, составен од единаесет члена. Комитетот ќе организира јавно претставување на квалификуваните кандидати за членови на Комисијата за ВРС, кое ќе се снима и емитува на Собраниски канал“, истакна министерот Манчевски.Како што посочи министерот Манчевски, за секоја поединечна селекција за високо раководно место ќе се формира посебен одбор, кој го сочинуваат претседател и четири члена, од кои: претседателот и еден член од редот на членовите на Комисијата за ВРС; еден член кој е стручно лице во областа на надлежност на институцијата; еден член од базата на стручни лица за управување со човечки ресурси и еден член од базата на раководители.Постапката за избор на високи раководители се состои од три задолжителни фази: административна селекција, тестирање и структуирано интервју.По завршувањето на интервјуто, Одборот подготвува конечна листа со најмногу тројца најуспешни кандидати, поединечно мислење за секој кандидат и извештај за спроведената постапка на селекција.Дополнително, за првпат со овој Закон, се предвидува дисциплинска одговорност за лицата на раководни позиции.Законот нема да се применува во: судството, јавното обвинителство, институциите од областа на безбедноста, следењето на комуникациите, разузнавањето, одбраната и Армијата на Република Северна Македонија, Дипломатско – конзуларните претставништва,Општините, градот Скопје или општините во градот Скопје и од нив основаните јавни претпријатија, јавните установи и регулаторните тела.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени две лица за сторени 17 тешки кражби и кражби

На 10.12.2019 околу 15.30 часот во с.Колибари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево од слобода го лишиле А.Е.(24) од с.Арангел, кичевско, за кого била распишана потерница за издржување казна затвор од 12 години во Затворот „Идризово“.По преземени мерки и по извршен разговор со него било утврдено дека во октомври, ноември и почетокот на декември 2019 година, А.Е. со уште две лица од Гостивар, извршиле 17 кривични дела тешки кражби и кражби на подрачјето на Полициските одделенија Осломеј и Зајас.Во координација со Полициската станица Гостивар, a во врска со сторените круивични дела, од слобода бил лишен и З.И.(25) од с.Дебреште, гостиварско, по што бил спроведен во Полициската станица Кичево.За преземените активности бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Законот за двојазичност е контра-кохезивен и претставува експанзионистички изблик на албанскиот национал-шовинизам

Конечно се огласи и Венецијанската комисија со негативна оценка по таканаречениот Закон за јазици, со забелешка дека истиот треба да се ревидира и уште еднаш да се преиспита потребата за еден ваков закон. Левица, како и претходно, предупредува дека Венецијанската комисија или било кој друг ентитет надвор од Македонија, ниту приближно не може да ги знае проблемите со и околу еден ваков закон. Сметаме дека политички нездрава е демонстрираната некритичност и покорност од страна на македонската јавност кон разните институции од овој вид, се вели во соопштението од Левица.Левица во месец февруари оваа година до Уставниот суд поднесе претставка против овој закон, и по 8 месеци од поднесувањето на претставката не е постапено по нашата иницијатива, па затоа пред скоро време поднесовме и Ургенција до Претседателот на Судот – со која бараме повратна информација зошто не е постапено по нашата иницијатива?!Сметаме дека овој закон треба итно да биде повлечен поради серија причини од најразличен вид кои во комбинација крајно негативно ќе се одразат по македонското општество во целина:Прво, Законот е донесен со грубо кршење на сите деловнички процедури во Собранието на РМ и истиот е објавен без потпис од Претседателот на РМ. Понатаму, овој закон е плод на партиските пазарења помеѓу двата криминални партнери од власта СДСМ и ДУИ. Европското знаменце безобразно е искористено каде што не му е местото, само за да во корен се сосече било каква суштинска и јавна расправа.Законот е контра-кохезивен, пред сѐ, поради политичката сегрегација по етнички елементи, како и дополнителното перпетуирање на тие разлики како последица од неговото имплементирање. Законот е експанзионистички изблик на албанскиот национал-шовинизам. Истиот има единствена улога во тоа да ја врати во живот криминалната партија ДУИ, преку реафирмирање на нејзиниот шовинизам. Како што може да се види и од изјавите на вицепремиерот, како партнер во Владата токму од политичката партија ДУИ, дека сите овие години оваа партија е дел од власта единствено преку уцени за „цената на мирот и добрите меѓуетнички односи“?!Идејата за двојазичност ја подрива унитарноста на Република Македонија , и дополнително системски го сегрегира народот. Имено, обратна е логиката на Владата која ја користи за афирмирање на оваа идеја. Законот нема да придонесе кон разбирање, туку напротив кон дополнително недоразбирање. Не помалку важно е тоа дека ваквата идеја внатрешно ја дели и класата на сиромашни на едни наспроти други, додека пак секојдневно сме сведоци како елитата од двете етнички групи совршено функционира кога се однесува на местење тендери, партиски пазари на штета на правдата и економијата и слично – очигледно дека „солидарноста“ помеѓу двете (навидум) различни групи во Владата совршено функционира! Во крајна линија, законот ја замаглува вистината дека бизнис-партиите и корумпираните елити се тие што добиваат сѐ – на наша заедничка сметка! И на крај, имплементирањето на овој закон беспотребно ќе предизвика големи финансиски импликации и ќе биде сериозен товар за институциите, кои и онака се неефективни и неефикасни. И конечно, законот е алиби за сиромаштијата! Тој е лажно претставен како унапредување на културните права на заедниците, додека нивното достоинство – поради неспособната и корумпирана влада – секојдневно се губи во бедата и екстремно лошата социјална состојба на поединците кои се дел од тие заедници.Во држава како Македонија која тоне во сиромаштија, не може да стане збор за никаква друга правда пред да биде исполнета економско-социјалната праведност!, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

reket-audio

Нови аудиo снимки - ташната „Луи Витон“ имала GPS уред

„Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав… Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица. Молимте уради да га шта пре позове, да каз.. све како што си му рекао. Велики поздрав њега, велики поздрав..“, вели гласот кој наликува на оној од сведокот во „Рекет“.„Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“, се слуша во објавените записи.„Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот … ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната.“, по што се слуша гласно смеење.„Тоа не е се. Ги нема она кога отвора Боки, само го има звукот. 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова 50“, викам, „Капитал, гледаш … бизнисмен’. Јас намерно го знам, го монтирам. ‘Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’ и тоа го збори“, по што повторно следи смеење.Соговорникот прашува „Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“, одговара другата страна чиј глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО. Потоа, повторно се слуша прашање „Му ги дал на него?“, па следува нов одговор од гласот кој наликува на сведокот „Не знам, куферот не е кај Заев“.„Пишувам, те молам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам во документ, ќе ти го покажам. Друже мој, Македонија мора да стане правна држава, да идеш да си пријавиш инаку ти ќе одговараш“, вели гласот кој наликува на сведокот во „Рекет“.

Македонија | пред 6 години

lisici

МВР и германската полиција уапсија криминалец со изречена казна затвор од над 32 години

Како резултат на извонредната соработка помеѓу МВР и германската полиција, односно БКА, особено во делот на лоцирање, односно лишување од слобода на лица по кои се трага со меѓународни потерници, на 29.11.2019 во Хамбург, Германија, уапсен е Р.Б.(37), по кој трага нашата држава со 11 национални потерници, од кои 1 меѓународна. Истиот е сторител на повеќе кривични дела поврзани со измами, фалсификување и телесни повреди сторени на територија на нашата држава и е едно од најбараните лица по кои трага нашата држава. За Р.Б. се донесени повеќе пресуди од нашите судови, со вкупно изречена казна затвор од 32 години и 5 месеци.Имено, со интензивна комуникација помеѓу Отсекот за меѓународни потраги по лица при Секторот за меѓународна полициска соработка со германскиот полициски офицер за врска, ИНТЕРПОЛ Визбаден, Германија, како и директен контакт со ФАСТ единицата во Хамбург (Fugitive Active Search Team - Единица која активно трага по најбраните криминалци), Германија, за два месеца лицето е лоцирано и лишено од слобода во Германија.Само за потсетување, ова е втор случај на директна комуникација во последниве неколку месеци со полицијата од Хамбург, односно со ФАСТ единицата, после оној во август 2019, кога во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со интензивна размена на информации преку германскиот полициски офицер за врска за германски државјанин, за кого имаше активна меѓународна потерница, поради сомнение за недозволена трговија на 700 килограми кокаин во Германија, истиот беше лишен од слобода во Северна Македонија. Покрај ова, како резултат на продлабочената соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија и германската полиција за неколку месеци лишени се од слобода околу 30-тина лица по кои трага нашата држава со меѓународни потерници, осомничени за различни кривични дела, со цел екстрадиција кон Северна Македонија.Со координирањето на полициските активности и одличната соработка помеѓу Отсекот за меѓународна потрага по лица при СМПС и Единицата за потраги при СВР Скопје, во делот на лоцирање на лица по кои трага нашата држава, како на национално, така и на меѓународно ниво, МВР ги зајакнува односите помеѓу организациските единици и се продлабочува соработката, што директно придонесува за подобрување на работата на МВР во делот на потрагата по лица. 

Македонија | пред 6 години

rada

Социјалните мрежи за гафот на Шеќеринска: Срамота е министрека да не си го знае знемето

Граѓаните на социјалните мрежи бурно реагираа на фејсбук статусот на Радмила Шекеринска откако вчера министерката заедно со премиерот Зоран Заев и со Талат Џафери го посетија еден од најголемите носачи на авиони  „Хари Труман“. Македонската делегација од Неапол на носачот на авиони „Хари Труман“ беше пренесена со транспортниот авион Grumman C-2 Greyhound, кој инаку е дел од ескадрилата за логистичка поддршка VRC-40 "Rawhides" со седиште во Норфолк, Вирџинија.„Вчерашниот ден на носачот на авиони „Хари Труман” низ фотографии. На авионот зад нас од ескадрилата на САД е аплицирано и нашето знаме. Членството во #НАТО на дело“, пишува Шекеринска на Фејсбук.„Кажете и на госпоѓа Министерка Радмила Шекеринска дека знамето што е аплицирано на авионот што е зад нив е знаме на Аризона (американска сојузна држава)“, стои во еден од статусите на социјалните мрежи.Други додаваат дека е министрека да не си го знае знемето. Знамето на Македонија во средината има жолто сонце, а не црвено.

Македонија | пред 6 години

marihuana-vo-torba

Полицијата пронашле чанта со околу 30 пакувања марихуана и кокаин

На 10.11.2019  околу 20.45 часот во двор од куќа во гостиварската населба Грудајца, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар пронашле чанта со околу 30 пакувања марихуана и кокаин.Чантата во дворот ја фрлил С.И.(22) од Гостивар, откако ги забележал полициските службеници.По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

silegov

Шилегов до новинарка која праша за аерозагадувањето - „Сирота ти“

Граѓаните се гушат, а градоначалникот Шилегов станува се понервозен. Тој се налути што медиумите постојано го прозиваат за овој проблем кој и натаму е алармантен.Нов инцидент на Петре Шилегов. Градоначалникот на Скопје овојпат ја навреди новинарката на „Алфа ТВ“ затоа што го прашала што прави со проблемот со аерозагадувањето.Тој прво ја обвини дека поставува тенденциозни прашања и порача дена на прсти се броеле деновите кога Скопје било загадено.На заминување, мислејќи дека никој не слуша и не снима, од позиција на политички моќник, тапшајќи ја по рамо на новинарката на „Алфа“ ѝ „Сирота ти”.Ситуацијата е снимена од камерата на телевизијата.https://alfa.mk/sirota-ti-shilegov-navredi-novinarka-na-alfa-tv/

Македонија | пред 6 години

policija-2

(ВИДЕО) Пукотници во Њу Џерси – загинаа шест лица

Еден полицаец е убиен во пукањето во Њу Џерси, објави Њујорк Тајмс, како и тројца цивили и двајца напаѓачи. Инцидентот го направиле две лица кои почнаа да пукаат во една продавница. Осомничените напрво пукале кај гробиштата, по што побегнале во супермаркетот кадешто земале заложници и ги држеле четири часа.Бројни полициски сили ја блокираа областа околу супермаркетот крај реката Хадсон. Пет лица – три цивилни жртви и двајца вооружени напаѓачи – се прогласени за мртви на местото на настанот, во ванрешноста на продавницата, изјави полицискиот службеник Мајкл Кели.Стотици истрели биле застрелани во размената на оган, а двајцата напаѓачи дејствувале одделно, додаде тој.фото: Wall Street Journal 

Свет | пред 6 години

minister

Поранешен мексикански министер обвинет за примање мито од нарко-картел

Поранешниот мексикански министер за безбедност Генаро Гарсија Луна е уапсен во САД и обвинет за примање мито од нарко-картел.Гарсија Луна е обвинет дека му овозможил на картелот Синалоа, управуван од Хоакин Ел Чапо Гусман, да работи во Мексико во замена за милиони долари, пренесува Би Би Си. Обвинителството соопшти дека Гарсија Луна гарантирал безбедност на картелот за време на испорака на дрога и пристап до чувствителни информации.Обвинителството посочува дека во два наврати, членови на картелот му доставиле лично на Гарсија Луна сума до пет милиони долари, скриени во две акт-чанти.Гарсија Луна (52) претходно негираше каква било злоупотреба на службената должност.Тој го предводеше Министерството за безбедност од 2006 до 2012 година.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања