Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

balasevic

(ВИДЕО) Балашевиќ: Имам две вести една добра една лоша - добрата е не умрев ...

Во видеопораката снимена од семејниот двор од Нови Сад, духовит Балашевиќ прв пат се обрати до своите обозаватели. Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ рече :  Имаме две вести добра и лоша, добрата е „Дека не умрев“, се пошегува тој, а потоа ја дообјасни целосната ситуација.„Лоша вест е дека ова не е скок во височина, па да имаш три обиди. Жалам што морав да го откажам концертот во Крагујевац. Бев четири дена во болница, не беше операција на отворено срце, само малку ме дотераа“, изјавил тој, па додал:„Беа фер. Нешто ставија. Обично кај лекар нешто ти вадат, камен од бубрег… Добив четири стентови. Рекоа дека ќе можам да трчам. Не верувам, не ме прашувајте дали сум добро, не можам да бидам добро, имам 100 години. Се надевам дека ќе можам да продолжам таму каде застанав“, изјавил тој.https://www.facebook.com/100004302135485/videos/2108237219329662/

Магазин | пред 6 години

marihuana

Поведена постапка за две лица кои пренесувале дрога

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за двајца соизвршители кои сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените на 8 декември со возило Опел Вектра пренесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 26.980,00 грама, спакувана во 27 најлонски пакувања ставени во две патнички торби. Тие дрогата ја презеле во Република Албанија од засега непознати лица и тргнале во правец од Корча кон Гевгелија за да ја предадат дрогата на засега непознати лица во Република Грција, а за превозот на дрогата договориле надомест во висина од  2500 евра. Осомничените биле забележани од полициски службеници, кои поради сомнение започнале да го следат возилото. Осомничените откако ги забележале полицајците, започнале да бегаат со возилото, но биле сопрени од овластените службени лица при обид да се  исклучат од магистралниот пат Ресен – Битола кај с. Кажани.Надлежен јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор за осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заеднички ученички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици

Во организација на Град Скопје и Министерството за образование и наука, денеска се одржа промоција на настанот за заеднички ученички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици.На настанот присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, како и ученици, наставници и претставници од образовните институции.„Чест ми е што Град Скопје е домаќин на овој свечен настан на којшто ги прославуваме заедничките достигнувања во промовирањето на соживот кај нашите деца и зајакнувањето на меѓуетничката кохезија во училиштата. Денеска сме сведоци на напредокот на овие ученици и наставници, кои се доказ за тоа дека кога се работи со голем ентузијазам, нема недостижна цел! Jа покренавме оваа иницијатива за заеднички часови со ученици кои инаку учат на различни наставни јазици затоа што за жал, се чини дека вообичаено фокусот е на тоа колку сме различни и поделени. Меѓутоа, убедени сме дека само недостигот на позитивна интеракција меѓу младите од различни етнички заедници е тоа што води до недоразбирања, поделби и сегрегација. Кога учат заедно децата, кога се вклучуваат во разновидни активности заедно, можат самите да видат дека сите не сме исти, секој со свои посебни карактеристики, но дека имаме исти интереси и исти цели“, рече Шилегов.Тој додаде дека верува во направениот прогрес во напорите да се намалат бариерите и да се изградат мостови меѓу младите од различни етнички заедници во средните училишта.„Идејата на заедничките часови има за цел да ги охрабри младите да ги почитуваат различностите, и тоа не само во рамки на образовниот систем, туку во сите области од животот, бидејќи тоа е вистинскиот пат. Град Скопје неодамна едногласно донесе и Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието, со цел во иднина уште поактивно да продолжиме да работиме во оваа област, бидејќи младите се нашата иднина“, истакна Шилегов.Шилегов посочи и дека во овој процес, многу важна и благородна улога имаат и наставниците бидејќи тие се во секојдневен контакт со учениците и се нивен модел за меѓусебно почитување, разбирање и соработка.„Наша улога како општина е да ги поддржуваме наставниците во заложбите, но и да обезбедиме услови за нивно успешно работење. Токму затоа, како градоначалник и домаќин, упатувам срдечна благодарност до наставниците и до директорите на училиштата, како и до УСАИД, ОБСЕ и МЦГО за несебичната поддршка која ја даваат за создавање поволни услови за меѓуетничка кохезија и квалитетно одвивање на образовниот процес во нашите училишта. Оваа иницијатива е наша неизмерна гордост, но исто така и уште поголем стимул да продолжиме активно да го промовираме соживотот и да ги негуваме демократските вредности кај младите генерации“, кажа Шилегов во своето обраќање.Во учебната 2018/2019 година, заедничките часови се реализира во четири средни стручни училишта во Град Скопје: СЕПУГС „Арсени Јовков“, АСУЦ „Боро Петрушевски“, СУГС „Браќа Миладиновци“ и СГГУГС „Здравко Цветковски“. Оваа учебна година се вклучија и две дополнителни училишта: СУГС „Јосип Броз Тито“ и СУГС „Димитар Влахов“.Целта на заедничките часови во редовната настава во кои учествуваат млади од различни етнички заедници е да се подобри меѓуетничката соработка и интеграција меѓу нив, како и да се зајакнат нивните граѓански и демократски вредности. Во второто полугодие на учебната 2018/2019 година се реализираа над 700 заеднички часови во кои учествуваа над 450 ученици.На промоцијата на заеднички ученички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици се обратија министерот за образование и наука, Арбер Адеми, претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, раководителката на Секторот за образование на Град Скопје, Даниела Адамова, како и претставници од образовните институции.Настанот беше организиран во соработка со Проектот на УСАИД, преку Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Скопје | пред 6 години

administracija

Сабота, 14 декември ќе биде работен ден за вработените во дел од државните институции

Владата на Република Северна Македонија  на својата 167 седница донесе одлука 14 декември, сабота, да биде работен ден за вработените во државните институции. Согласно одлуката, на 14 декември ќе се одработува  за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.Овој заклучок не се однесува за вработените во здравствените и образовните институции. Заклучокот се препорачува да го спроведат и единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, за кои 2 јануари беше неработен ден.Според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина. За распоредот и локациите за спроведување на акцијата вработените во јавниот сектор дополнително ќе бидат известени од страна на раководните лица на институциите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

27112019_VRSM_strucni_timovi_prva_pomos_Albanija-8

Албанија денеска ја погодија три земјотреси

Албанија денеска ја погодија три земјотреси во период од 10 до 12 часот, предизвикувајќи паника кај населението. Двата земјотреси биле со јачина од 3,5 степени според Рихтер, додека третиот бил послаб.Епицентрите на земјотресите биле недалеку од Тирана, а земјотресот бил почувствуван и во Драч.Првичните извештаи од местото на настанот велат дека немало материјална штета, но луѓето во паника ги напуштиле своите домови.

Свет | пред 6 години

sudenje-reket-site-obvineti-696x464

Катица ја чекала Камчева кај Боки 13, која пари за рекет земала од свекрва и Ратка

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет за подобра положба на нејзиниот сопруг извадиле од фирмите што ги имаат, а ги донела лично во несесер свекрва ѝ, Ратка Камчева.„Потоа, Зоран Милевски ме зеде со автомобил и се упативме во станот на Бојан Јовановски во населбата Орман. Катица седеше во дневната соба. Се поздравивме со госпоѓата Катица Јанева и разговаравме за децата. Јас ѝ реков како ми е мене со децата и како поминувам, а таа ми рече: Да не беше Бојан Јовановски, син ми ќе работеше на брод. Ние ѝ дадовме 500 илјади евра“, рече Камчева во сведочењето.Таа рече дека Јанева ѝ спомнала оти за гаранцијата од 14 милиони евра може кривично да ги гони неа и проценителот зашто дел од имотот бил под кирија.„Катица Јанева ми напомна дека ако овој разговор излезе од домот на Бојан Јовановски, ќе знае дека е од мене бидејќи имаше доверба во нив. Рече дека може не само еден, туку многу предмети да му отвори на Камчев. Се закануваше со својата моќ. Се плашев од моќта на Јанева. Но, не е таа што ја има моќта. Специјален јавен обвинител е Бојан Јовановски. Тој знаеше сè. Кој следен ќе биде притворен и сè што кажуваше, така и се случуваше“, сведочеше Камчева.

Македонија | пред 6 години

anakonda

Во САД женска анаконда се оплоди без мажјак

Во аквариум во областа Нова Англија во САД се родија две анаконди, како резултат од бесполово оплодување (партеногенеза). Ова е вториот забележан случај во историјата, кога змија без учество на мажјак, родила малечки.Тоа е потврдено и преку ДНК-тест. Анакондата сега има два свои генетски клонови. Имало и други змијулчиња, но тие починале.Партеногенеза е процес кога организам се развива од јајцеклетка без оплодување. Стручни лица од аквариумот истакнуваат дека овој начин на размножување почесто се сретнува во растителниот свет, а ова е втор случај со анаконда во историјата.фото: Pinterest 

Магазин | пред 6 години

ana-kamceva

Камчева категорична дека Боки 13 сите упатства ги добивал од Катица Јанева

На денешното рочиште за „Рекет“,  сведочи Сoпругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева.  Таа отворено зборува за периодот во кој имала контакт со обвинетите.Камчева кажа дека преку Зоран Милески Кичеец, Боки 13 барал да се повлекуваат текстови од портали поврзани со синот на ексшефицата на СЈО Катица Јанева.„Милески ме викна во Александар Палас и ме тераше да кружиме околу хотелот. Ми рече дека Боки е многу вознемирен за текст на порталот ‘Сведок’ во кој пишувало дека синот на Катица Јанева е вработен во 1ТВ. Му реков дека не знам ништо за тоа, дека немам време да читам портали, но тој ми рече кажа морам да најдам начин текстот да биде повлечен“, истакна Камчева.Камчева беше категорична дека Боки 13 сите упатства ги добивал од ексшефицата на СЈО, Катица Јанева.„Бојан точно ги знаеше сите чекори, тој беше во постојана комуникација со специјалната јавна обвинителка и ја ставаше на спикерфон секогаш кога зборуваше“, рече Камчева додавајќи дека на првата средба Боки 13 не побарал пари од неа, туку се повикал на своето влијание.  

Македонија | пред 6 години

10122019_PVRSM-Zaev_ZPVRSM-i-MO-Shekerinska_so-Fogo-na-nosac-na-avioni-5

Заев и Шекеринска: Ние сме дел од најмоќната воена и политичка сила на Светот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и заменичкатана претседателот во владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со Претседателот на Собранието на РСМ Талат Џафери, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД Кејт Брнз, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили во Неапол, која се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.„Минатата недела во Лондон, осетивме што значи да се биде дел од семејството на земјите членки на НАТО. Бевме рамо до рамо со политичките лидери на Алијансата.Со посетата на носачот на авиони „Хари С. Труман“, еден од најимпресивните репрезенти на моќта и на комплексниот систем за ефикасни оперативни задачи за одржување на безбедноста, мирот и сигурноста во светот и со средбата со адмирал Џејмс Фого, ја комплетираме сликата за најмоќната воено-безбедносна алијанса на светот и за припадноста на Северна Македонија во најсилниот систем на колективна безбедност што обединува речиси 1 милијарда граѓани од демократскиот свет. Најсилните земји во светот се наши сојузници, Северна Македонија е партнер и сојузник со сите нив“, истакна во изјавата за јавноста премиерот Заев.Претседателот на Владата Заев нагласи дека средбата со Адмирал Фого на носачот „Хари С. Труман“ е јасен сигнал за активното учество на нашата земја во глобалните процеси кои носат мир во светот, како и во процесите во кои заедно со сојузниците се справуваме со сите конвенционални и хибридни закани за сигурноста и безбедноста.„Стануваме членка на НАТО во еден исклучителен геостратегиски момент, особено важен момент за зоната на влијанија на Југоисточна Европа, во Црноморскиот басен, и во Средоземното море од кое се контролираат три континенти. Но, поддршката на нашите стратешки партнери, особено на САД и на другите членки на НАТО алијансата, создаде услови поканата за членство воопшто да не биде доведена во прашање.  Ние сме дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот. Северна Македонија е фактор за стабилност во регионот, гарант на безбедност.НАТО е најсилната гаранција за нашата стабилност, сигурност, неменливост на граници и за зачувување на територијалниот интегритет. А, безбедноста и сигурноста се основата на секоја економија – основата за странски инвестиции, за повисоки плати, за добри работни места, за просперитет“, потенцираше премиерот Заев, и додаде дека гаранцијата за нашата безбедност и стабилност треба да биде поттик сите фактори во земјата да се заложат за спроведување на реформите, за демократија, за владеење на правото и за почитување на човековите права и слободи како вредности што ги делат земјите членки на НАТО.Заменичката на претседателот во владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, во својата изјава за јавноста рече дека присуството на нашата делегација на едниот носач на авиони Труман, којшто е дел од НАТО флотата на Медитеранот, покажува што ова ќе значи за нашата држава.„И тој носач на авиони Труман, е дел веќе од нашата одбрана. И тие авиони на носачот, и овие денеска во базата, се дел од нашата одбрана. Сите тие, повеќе од 5000 војници на носачот на авиони, се дел од нашата одбрана, исто како што нашите капацитети, се дел од НАТО системот. За ова се боревме, за ова работевме и за ова нашата држава вложи многу“, нагласи министерката Шекеринска, потенцирајќи што значи да се биде дел од најголемиот и најмоќниот воено политички сојуз.„Сега е шансата да ги собереме плодовите од НАТО членството, да имаме повеќе шанси за домашни и странски инвестиции, да создадеме повеќе шанси за работни места и повисоки плати и да покажеме дека само со сигурна земја се создава и просперитетна иднина”, рече Шекеринска.„Хари С. Труман“ еден од 10-те носачи на авиони од класата Nimitz, со должина од 333 мети и носивост од 100,000 тони. Работат на нуклеарен погон, развиваат максимална брзина од 30 наутички јазли (56 км/ч), и максимална сила од 260,000 коњски сили. Бидејќи се на нуклеарен погон, можат да бидат активни на море над 20 години пред да имаат потреба од нова енергија, а работниот век им е над 50 години.Оваа генерација носачи се најголемите воени бродови што ги имаат САД, и кога пловат се придружени од неколку други бродови (CarrierStrikeGroup).Nimitzносачите на авиони се екипирани со високо развиена технолошка опрема и наоружување (за дефанзивна и офанзивна употреба), и екипаж од 6.250 воени лица, вклучително и пилотите, има капацитет да смести 90 летала (авиони и хеликоптери), и писта со големина од 1.8 ha.Тоа е првиот носач на авиони во светот на кој имаат слетано и полетано воени беспилотни летала (воени дронови) во 2012. Пуштен е во употреба во 1998 година, и има добиено 17 награди.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и заменичкатана претседателот во владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на носачот „Хари С. Труман“ беа заедно со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, и министерот за одбрана во бугарската влада Красимир Каракачанов.

Македонија | пред 6 години

marihuana

Истрага против лице кое криело марихуана во дворот на сосетката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 27 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 1.512,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со транспарентна фолија, а осомничениот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана.Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 6 години

osmani-1

Османи: Ќе ги почитуваме препораките на Венецијанската комисија, но прво да најдеме начин да го имплементираме законот за јазици

Ќе ги почитуваме препораките на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците преку создавање капацитети, со цел имплементирањето на двојазичноста да не создава проблеми во општеството, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, објави Бриф.мк– Можеби има различни интерпретации за начинот како ќе се имплементираат тие препораки. Венецијанската комисија вели не смее двојазичноста поради недостиг на капацитети да предизвикува одредени проблеми во судството. Затоа нашиот пристап ќе биде преку добри акциони планови да создаваме капацитети со цел двојазичноста полесно да се имплементира и да не предизвикува никакви проблеми во судството. Бидејќи, како што реков, колку што е важно правото за јазик, толку е важна и правната држава, рече Османи одговорајќи на новинарско прашање, по промоцијата на програмата „Европски корпус на солидарноста“ во ЕУ Инфоцентарот.Османи смета дека нема големи разлики во ставовите на владините коалициски партнери ДУИ и СДСМ за ова прашање.– Мислам дека слични се ставовите. Ако ја слушнавте последната изјава на премиерот Заев и на вицепремиерката Шекеринска, слични се со нашите ставови дека нема да има отворање на прашањето на јазикот, како што нема да има отворање на прашањето на Преспанскиот договор, на Договорот со Бугарија, и на јазикот ќе биде исто, кажа вицепремиерот.Текстот во целост на Бриф.мк

Македонија | пред 6 години

ubiec

Лицето по кое трагаше Чешката полиција поради повеќекратно убиство во болница, се самоубило

Локалната полиција во чешкиот град Острава, соопшти дека лицето по кое се трагаше поради повеќекратно убиство во една болница, се самоубило. Човекот во црвена јакна, рано утрината влезе во локалната болница и смртно застрела 6 пациенти .Нападот се случил околу 7 часот наутро.Полицијата ја евакуираше болницата и го бара напаѓачот кој е во бегство. Специјалната полиција е на местото на настанот.Полицијата претходно објави дека четири лица загинале, а две се тешко повредени, но бројот на загинатите се зголеми на шест.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

„Еразмус“: Професорот Шуклев барал секс со студентка или 1000 евра за да положи испит

Утрово во Основен суд Скопје 1 започна судскиот процес за предметот „Еразмус". Поднесените обвиненија за поткуп се однесуваат на пет професори и еден асистент од економскуот факултет во Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението во октомври минатата година.Судски процес за случајот Еразмус, во кој обвинети се неколку професори на Економскиот факултет, Славе Ристески, Драги Јанев, Стојан Дебарлиев, Бобек Шуклев и демонстраторот Драган Денковски.  Според сведочењето на Дејан Трајковиќ кој од 2012 до 2018 година работел во бифето на Економскиот факултет, професорот  Шуклев барал да има секс со студентка или да му плати 1000 евра за да положи испит.Тој раскажа дека во периодот од 2015, 2016 година две студентки, од кои едната била бремена доаѓале во бифето и седеле со Трајковиќ. Една од нив, онаа која не била трудна прашувала,  дали може да се лобира кај професорот Шуклев, кој често доаѓал во бифето, за да добијат оценка.Трајковиќ  ова у го пренел на Шуклев, а тој му рекол дека девојчето било слаба студентка. Но потоа професорот Шуклев го викнал и му рекол дека на студентката ќе и стави оценка ако има секс со нејзе или да плати 1000 евра.Девојчето не сакало да има секс и рекло дека нејзините родители работат во Германија и дека ќе си плати.На прашања на одбраната сведокот откри дека во оваа постапка првично и тој бил обвинет, но се спогодил со Обвинителството и добил условна казна. На девојчињата им правел услуги за да добие секс од нив.Во бифето кај него доаѓал демонстраторот Драган Денковски и му рекол дека може да им среди на студенти да платат кај неколкумина професори за да добијат оценка. Денковски му ја кажал тарифата кај професорите, а вработениот им ги напишал сумите на ливче. Побарале да платат на рати, но Денковски не прифатил.Сепак сведокот вели дека тој лично не видел дека парите им биле давани на професорите, тој му ги предавал на демонстраторот. Девојчињата му дале пари во неколку наврати, 1000, 800, 700.Инаку „Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година, како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела“, соопштија тогаш од Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 6 години

dane-taleski

Дане Талевски предложен за амбасадор во НАТО

Дане Талески е предлог за амбасадор на Северна Македонија во НАТО, потврдуваат извори од Владата.  Владата во четврток на седница ќе го потврди кандидатот за амбасадор во НАТО.Неофицијално за Талески се согласиле и министерот за надворешни работи, Никола Димитров и претседателот Стево Пендаровски.Имињата на останатите кандидати за амбасадори, кои ќе бидат предложени на наредната владина седница премиерот не сакаше да ги коментира, велејќи дека ќе бидат објавени веднаш откако ќе падне одлуката на седницата на владата.фото: независен.мк

Македонија | пред 6 години

Ana-Kamcheva-600x375

Камчева: Морам да признаам дека се плашев од Јанева да не отвори фингирани процеси против мојот сопруг

Ана Камчева, даде заклетва и започна со својот исказ за „Рекет“.Таа  во своето сведочење зборува за периодот од апсењето на Камчев, односно од 9 ноември 2018 година.  Кажа дека тогаш нејзиниот сопруг ја разбудил за да се сретнат со Милевски, кој им кажал дека наутро во 6 часот ќе имало претрес во нивниот дом. Тоа и се случило по што Камчев тој ден завршил во притвор.Се договоривме со мојот сопруг да ги исплатиме парите. Парите ги извадивме преку нашата сметководителка, а дома ми ги донесе Ратка Камчева, мојата свекрва која, како што беше договорено, ние да дадеме 350.000 евра, а остатокот од 150.000 евра да го обезбеди Зоран Милевски – рече Ана Камчева.Камчева посведочи дека откако ги дала парите, нејзиниот сопруг бил пуштен во домашен притвор.Камчева кажа дека нејзиниот сопруг во „Империја“ влегол со нелегален договор на Јанева, Јовановски и Милевски, а дека во ова биле вмешани и обвинителката Лиле Стефанова, судијката на претходна постапка Весна Димишкова и нејзиниот брат адвокатот Васил Димишков.Таа посведочи дека парите ги однела во домот на Бојан Јовановски каде што биле и Зоран Милевски, Бојан Јовановски и Катица Јанева, која седела во дневната соба. Тогаш како што кажа Камчева, јанева и напоменала дека може да му отвори многу предмети на мојот сопруг.– Морам да признаам дека се плашев од Јанева да не отвори фингирани процеси против мојот сопруг, а дури подоцна сфатив дека специјален обвинител не е Катица, туку Бојан Јовановски кој имаше многу информации, рече Камчева.Фото: CivilMedia

Македонија | пред 6 години

1albanija-zemjotres

Тлото во Албанија не престаува да се тресе - денеска земјотрес со јачина од 3,4 степени

Албанија утрово повторно ја потресе земјотрес. Според податоци од Европскиот центар за мониторинг и известување за земјотреси, ова е десетти земјотрес што ја погоди Албанија во изминатите 70 часа.  Јачината на истиот е 3,4 степени според Рихтеровата скала. фото: Архива

Свет | пред 6 години

cile

На Чиле се сруши воен авион, во тек е потрагата

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал.Во соопштението од воздухопловството се вели:Авонот во кој се наоѓаа 38 лица се упатил кон база на Антарктикот, а контактот бил загубен еден час по полетувањето. Властите неколку часа подоцна соопштија дека не се оптимисти.Војската претходно информираше дека е покрената акција за потрага и спасување.Станува збор за авион од типот „Ц-130 Херкулес“, во кој имало 17 членови на екипажот и 12 патници, меѓу кои тројца цивили.Авионот полета во понеделникот во 16.55 часот по локално време, а контактот бил загубен околу 18 часот.фото: politonline.ru 

Свет | пред 6 години

struga

Мерко категоричен, нема дивоградби во заштитената зона на Охридското езеро во Струга

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко стои цврсто на тврдењето дека нема ниту една дивоградба во заштитениот појас на Охридското езеро во оваа општина. Струшката локална самоуправа го проби рокот за изработка на регистар на бесправно изградени објекти, кое како задолжение го доби од Владата како дел од препораките на УНЕСКО. Од октомври, кога требаше да биде завршен инвентарот, до денес нема информација во јавноста дали истиот е изготвен и колкав е бројот на дивоградби.  Иако од Министерството за транспорт и врски за „Алсат“ потврдиле дека во Општина Струга има над 3.000 дивоградби, Мерко категоричен дека ниту една од нив не го загрозува статусот под УНЕСКО на охридскиот регион, објави Мета.мк.Градоначалникот на Струга не гледа проблем ниту во поглед на ѕидањето тераси и платформи на самиот брег на езерото. Вели дека Националната комисија на УНЕСКО во целост го разгледала целото крајбрежје и утврдила дека нема градби за рушење. Но, од Комисијата неодамна обелоденија дека при контролата биле утврдени пропусти на струшките плажи.– Ние она што го утврдивме при посетата на струшкиот регион е постоењето на одредени, она што е фамозната наша болка, платформи што навлегуваат во езерото,  одредени подѕидувања на крајбрежјето кои се веројатно изработени без соодветната документација. Она што оценивме дека е неопходно да се отстрани, од градоначалникот добивме уверување дека ќе биде отстрането – рече Зоран Павлов, претседател на Национална комисија на УНЕСКО.Засега во Струга нема на повидок започнување на некаква акција за отстранување на бесправно изградени објекти како што беше случајот во Охрид.Текстот во целост на: Мета.мк

Македонија | пред 6 години

ceska

(ФОТО) Вооружен напад во болница во Чешка, загинаа најмалку шест лица

Најмалку шест лица се убиени во вооружен напад што се случи во болница во чешкиот град Острава во Чешка, потврдија од Министерство за внатрешни работи на Чешка.За сега нема подетални информации за напаѓачот и жртвите. Неофицијално, напаѓачот е во бегство.На местото на инцидентот пристигна и специјална полиција. Полицијата ја евакуирала болницата.https://twitter.com/PolicieCZ/status/1204301757918195712?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1204301757918195712&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25bf%25d1%2583%25d0%25ba%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2588%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2598%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25ba%25d1%2583-%25d1%2588%25d0%25b5%2F

Свет | пред 6 години

boki-13-reket

Ана Камчева ќе сведочи за „Рекет“, треба да каже како на Јанева и носела 350 000 евра спакувани во кутија за чевли

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана, денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд во Скопје да сведочи за случајот „Рекет“. Камчева во петок не дојде да сведочи поради здравствени причини, беше кажанод ека има покачена температура. Ана Камчева денеска ќе треба да раскаже како на Јанева и носела 350 000 евра спакувани во кутија за чевли.Инаку процесот „Рекет“ се води против екс шефицата на СЈО Катица Јанева и Бојан Јовановски.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска облачно со врнежи од дожд, а на планините

Временто денеска претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег особено попладне. Во текот на ноќта кон среда врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец.за утре метеоролозите најавуваат слично време. Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне во јужните делови. На планините и на некои повисоки места ќе има повремен снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Македонија | пред 6 години

putin-zelenski

Путин и Зеленски договорија целосен прекин на огнот во источна Украина

Русија и Украина договорија да се спроведе целосен прекин на огнот во источна Украина до крајот на годината. На средбата  присуствуваа и лидерите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Ангела Меркел, мина без насмевки и ракување, пренесува Ројтерс.Целта на средбата на Путин и Зеленски е да се стави крај на конфликтот во кој од 2014 година загинаа над 13.000 луѓе.Дипломатите предупредуваат дека шансите да се постигне траен мир и не се големи, бидејќи Зеленски нема голем маневарски простор, а Путин покажува мал интерес за прилагодување на надворешните притисоци.https://twitter.com/RT_com/status/1204084871276224512?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1204084871276224512&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fputin-i-zelenski-se-sretnaa-za-prvpat-bez-nasmevki-i-rakuvanje-video

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Јавноста треба да знае за што разговарале Венко Филипче, и Боки 13 во време кога случувал рекетот

Русковска обвинителството диригирано од аболицираниот Зоран Заев прави театар од случајот Рекет единствено за да ги покрие трагите кои водат до врвот на власта.          Секојдневно на површина излегуваат информации кои потврдуваат дека Русковска наместо да води детална истрага,  се што работела било развлекување на случајот. Уште на почеток на судењето се дозна дека Катица Јанева не земала 50.000 евра како што стои во обвинението, туку 350.000 евра. Русковска не ја интересираше ниту што имало на снимките од домот на обвинетиот Боки 13 кои може да доведат до одговорот каде завршила торбата Луј Витон, полна со евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Се дозна и дека владин министер присуствувал на средби помеѓу Боки 13 и жртвата, информација која обвинителството ја криеше од јавноста.Јавноста треба да знае за што разговарале Венко Филипче, жртвата и Боки 13 во истиот период кога се случувал рекетот.Зошто Русковска ја затвори истрагата без да побара одговори на клучните прашања?Каде завршила Луј Витон торбата со 1,5 милиони евра, по која патека се движела и кај кои лица завршиле  тие пари?Кои други бизнисмени биле рекетирани од криминално рекетарската банда и колку пари од нив биле изнудени?Дали со парите од Рекет била финансирана кампањата на Стево Пендаровски и СДСМ за претседателските избори?Што толку големо поседува жртвата за Зоран Заев што е доволно за го сруши?Зошто покрај сите индиции и информации , обвинението остана само на Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески Кичеец?Целата македонска јавност знае и слушна дека Зоран Заев знае се. Никој не верува дека обвинетите рекетирале без да имаат поддршка од врвот на власта.Катица, Боки и Милески се само пипците, а на сите им е јасно дека главата на тој октопод се вика Зоран Заев.Дека цел случај ќе биде фарса се виде уште на самиот почеток кога Русковска им даде доволно време на обвинетите заедно со Заев да ги бришат доказите и да влијаат врз сведоците само за да не се дознае вистината.Вистината и правдата ќе ги видиме кога оваа криминално рекетарска банда на чело со СДСМ и Зоран Заев ќе замине од власт.Граѓаните на Република Македонија ќе ја дознаат вистината и ќе ја видат правдата после 12 април кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и ќе започне обновата на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kola-zagaduvanje

Од 1 ви јануари за постаро возило со пониски еколошки стандарди ќе се плаќа повисок данок

Од први јануари за постаро возило со пониски еколошки стандарди ќе се плаќа повисок данок. Конкретно, данокот за возила ќе биде составен од две компоненти – вредносна и специфична. Вредносната ќе се пресметува на сличен начин како акцизата и ќе се одредува како процент од цената на возилото. Ќе зависи и од типот на горивото, исто како и специфичната која ќе се пресметува како производ на одредена сума која ќе ја одредува владата со количината на јагленород диоксидот во издувните гасови изразена во грамови на километар. Ќе се прави разлика и во тоа дали возилото е ново или употребувано, а ќе бидат оданочени и хибридните возила. Електричните возила од сите категории остануваат неоданочени.Предлог-закон за данок на моторни возила, по скратена постапка, е веќе доставен во собранието. за него ќе се дискутира во среда на 11 декември во 13 часот, како 55-та точка на дневниот ред.За потсетување според официјалните податоци на Царинската управа на Македонија во земјава заклучно со септември, вкупно се увезени 33.003 возила од кои што 4.589 се нови автомобили и 25.562 употребувани или како што популарно се нарекуваат стари возила. Ова се  од каде посочуваат дека увезени се  уште и 771  нови товарни возила и 1.883 стари, како и три нови автобуси и минибуси и 24 употребувани.фото: Авто Плус 

Македонија | пред 6 години

dejan-stojcev

Трагедија: Почина одбојкарски репрезентативец на Македонија

Денес Струмица ја погоди трагедија во која згасна животот на поранешниот одбојкар на Џио Струмица, Дејан Стојчев.Стојчев освен тимот на Џио Струмица е поранешен член на кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија. Животот на Стојчев прерано згасна на 32 години.Оваа трагична вест го потресе градот Струмица како и пошироката одбојкарска јавност, објави infovesti.mk.извор и фото: infovesti.mk. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања