Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Pavle-Bogoevski-10

Богоевски за новите снимки од „Рекет“: Таквите луѓе не припаѓаат пред камера, туку зад решетки

Пишува ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ (Фејсбук статус)По преслушување на вчерашните снимки, во исчекување сум нашиот најнов соборец за владеење на право и правна држава и според геро - најчесниот бизнисмен на планетава, Камчев, да го одбележи меѓународниов ден за борба против корупцијата.Барем симболично, во кругот на најблиските.Нам не ни требаат лидери „кои ќе се договорат“. Да, договорот и компромисот се с’ржта на секоја демократија, но тоа подразбира јавен договор помеѓу позиција и опозиција кои различно, ама искрено мислат за тоа што е најдобро за граѓаните. Не подразбира преговарање зад затворена врата помеѓу криминалци и луѓето кои се обврзале да ги спречат.Доста ни беа закани за крв до колена. Доста ни беше гинење. Таквите луѓе не припаѓаат пред камера, туку зад решетки. Уште помалку припаѓаат на функции.Можеби нашата најголема грешка беше тоа што криминалците по изборите продолживме да ги третираме како политичари, а не како тоа што навистина се - општествена, коруптивна зараза, која ако остане нечепната ќе го уништи и здравиот дел од општественото ткиво. Тоа што решивме да идеме хируршки и со скалпел таму каде требаше со булдожер. Тоа што верувавме дека нивното судство може да ја донесе нашата правда.Стратешките цели се постигнати - Северна Македонија денес е едно општество кое веќе е во НАТО и кое гордо и сигурно чекори кон ЕУ. Големата слика е исцртана. Сега е на ред бескомпромисно посветување на принципите кои во најмрачните времиња на режимот го сплотија ова општество во еден и единствен, многу моќен глас.

Коментари | пред 6 години

tepacka-4

Детето избодено со нож во Бутел било нападнат од 12-годишник кој го признал делото

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а во врска со нападот со нож во скопската населба Бутел.Како што информираат од МВР, таткото на 12-годишникот, ќе добие кривична пријава за „запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи токму неговиот син замавнал со ножот.Малолетниците на 06. декември околу 19:30 часот на улицата „Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажана лекарска помош во градската болница „Свети Наум Охридски”, бил пуштен на домашно лекување.Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.Кривична пријава против родителот е поднесена бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривично дело.

Скопје | пред 6 години

sudar-fico-i-audi

Тешко повредени две лица по сообраќајка на Качанички пат

На 08.12.2019 во 15.40 часот на крстосницата од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(52) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(41) од с.Батинци, скопско.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.А. и Д.Х.(21), сопатничка во неговото возило, додека возачот С.М. и сопатникот во неговото возило Г.Л.(27) од Р.Албанија, се здобиле со телесни повреди.Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.Фото: Архива

Скопје | пред 6 години

skopje-14

Уапсени три лица од Скопје бидејќи со нив носеле марихуана

Вчера полициски службеници од СВР Скопје на ул.„11 Октомври“ од слобода ги лишиле О.Н.(29) и Н.А.(28), двајцата од Скопје, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.Истиот ден, полициски службеници од СВР Скопје, во нас. Илинден го лишиле од слобода К.Д.(22) од с.Марино, скопско, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Скопје | пред 6 години

tepacka-1

Уапсени двајца скопјани кои нападнале косовски државјани

На 08.12.2019 во Полициската станица Кисела Вода приведени се С.Љ.(21) и Д.М.(21), двајцата од Скопје, поради сомнение дека околу 15.10 часот во Градски парк кај езерцето,  физички ги нападнале Е.К.(24), Љ.К.(19) и М.Б.(18), сите од Косово. Известен е Јавен обвинител.По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

At-least-five-dead-several-missing-after-New-Zealand-volcano-eruption-YouTube-Google-Chrome

ВИДЕО: Трае спасувачката драма во Нов Зеланд по ерупцијата на вулканот, објавена снимка

Вистинска драма се одвива на островот Нов Зеланд. На „јутуб“ е објавено видео како туристи кои се преврзуваат со пловно возило се вознемирени од ерупцијата на вулканот, а морнарот ги повикува да влезат внатре. Неколку лица се прогласени за исчезнати, има повредени, но и пет загинати лица.Вулканот еруптирал во моментот кога 50-тина туристи биле влезени во кратерот, кои биле во посета на ова туристичко место. 23-ца туристи се спасени, но операцијата за спасување е отежната поради условите. Во моментов, на полицијата и помага и војската на Нов Зеланд.

Свет | пред 6 години

23722780_1487945667926380_1006612533577356514_n-800x445

ВИДЕО: Комитите направија спектакл, илјадници грла во еден глас „И ние сме деца на Македонија“

Поддржувачите на навивачките групи Комити (Вардар) и Војводи (Тетекс) приредија спектакл на трибините по повод одбележувањето на 10 години од нивното збратимување. На полувремето од натпреварот меѓу Вардар и Шкендија кој заврши со резултат 2:2 на стадионот во еден глас ечеше „И ние сме деца на Македонија“.Во продолжение погледнете го видеото:https://www.facebook.com/KomitiZapad87/videos/2426325724298417/

Спорт | пред 6 години

a1719a3b7ba8a3942b79

ВИДЕО: Објавена снимка за „совршениот сопруг“- досега го гледале над седум милиони

Кинеската полиција објави видео за „совршениот сопруг“ кое за кратко време го гледале над седум милиони луѓе. Огромен интерес предизвика видеото со коешто полицијата го пофали сопругот кој беше и дозволи на бремената сопруга да седне на неговиот грб, како замена за столче во преполните ходници на болницата, додека чекаат на ред за преглед.Во исто време, тие ги осудија останатите граѓани кои чекаа во болничкиот ходник, а не и отстапија место за да седне жената во одмината бременост.Некои од нив седат и си играат на мобилен телефон, додека таа едвај стои покрај нив. Видеото е снимено во Хеганг во провинцијата Хеилонгџианг, во северо-источна Кина.

Магазин | пред 6 години

sana-martin

Нова премиерка на Финска е Сана Марин, таа има само 34 години

Сана Мартин, ќе биде најмладиот премиер во светот. 34 годишната Мартин ќе ја предводи владината коалиција во Финска.  Функцијата ќе ја превземе следната недела по оставката на Анти Рине. Таа ќе биде третата жена што ќе ја води финската влада.Рине поднесе оставка откако коалициската Централна партија објави дека ја изгубила довербата во него, поради серија штрајкови.– Многу работи чекаат да ја обновиме довербата. Имаме заедничка програма за владата која ја одржува заедно коалицијата, изиајви Марин пред новинарите по гласањето од страна на партиското раководство.Друг кандидат за премиер беше Анти Линтман, шеф на парламентарната група на Социјалдемократската партија.

Свет | пред 6 години

Sv.Gjorgjia-Ohrid

За многу години: Денеска се празнува Св. Ѓорѓија

Православните верници денеска го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец  живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христос, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!”.Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвор и бил изложен на најтешки мачења.Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија. според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.494. тој е прогласен за светец, од страна на Гелазиј I (492—496).фото: Архива

Македонија | пред 6 години

844ABC63-C96A-43EA-8ABF-36B4D23C12AF

ВИДЕО: Пет лица загинаа откако еруптираше вулкан во Нов Зеланд, бројката ќе расте

Петмина загинаа, а неколкумина се исчезнати откако еруптираше вулкан во Нов Зеланд, потврдија властите.Група туристи беше видена како шета околу вулканот на Вајт Ајленд непосредно пред тој да еруптира. Полицијата кажа дека 23 луѓе се спасени, но предупреди дека бројката мртви би можела да расте. Во областа моментално е преопасно за да се спроведе спасувачка операција.Вајт Ајленд, кој е во приватна сопственост, е еден од најактивните вулкани во Нов Зеланд, но и покрај тоа, посетите на туристи се многу чести.

Свет | пред 6 години

bujar-gb

Нема да им датум од ЕУ кога министер се заканува со меѓуетнички вооружен конфликт, смета Цветанова

Кој сака потенцијално конфликтна држава во своите редови, вели поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, која на „Твитер“ реагираше на изјавата на вицепремиерот Бујар Османи за Законот за јазици.“Нема датум за преговори?! Нема ни да има кога вицепремиер во Владата индиректно се заканува дестабилизација на државата како онаа во 2001 г. или со други зборови – меѓуетнички вооружен конфликт. Кој сака потенцијално конфликтна држава во своите редови? Џабе името го сменивте, порача Цветанова.https://twitter.com/gankacv/status/1203726387410014208?s=21 

Коментари | пред 6 години

0A472B35-A370-4BC6-9446-C11E21A1E360

Мачор вработен на Филозовски факултет

Мачорот Џиво доби работа на Филозофскиот факултет во Осијек. Тој се вработи во библиотеката на Филозофскиот факултет во Осијек и ќе ја добие својата плата во форма на сместување, храна и здравствено осигурување.Во ноември 2017 година, Филозофскиот факултет во Осијек ширум ги отвори вратите за милениците, а неодамна и мачорот доби Џиво Гундулиќ доби работа во новоотворената библиотека, пренесува sib.hr.На фејсбук страницата на библиотеката се објавени фотографии на нововработениот мачор, за кој се вели дека неговата работа е да пишува семинари со студентите, да брои книги, а за неговите услуги добива храна, стан, здравствено е осигуран, додека се уште не е синдикално организиран.

Магазин | пред 6 години

pat-magla

Внимавајте ако патувате од Струга кон Дебар

Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патниот правец Велес – Штип, до 100 метри на патниот правец Тетово – Скопје, од 20 до 30 метри на патниот правец Дебар – Струга, до 50 метри на патниот правец Куманово – Свето Николе, до 50 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар, информираат од АМСМ.Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и се одвива по наместа влажни коловози. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

78803770_496129164326025_2064670618334265344_n

Георгиевски: Наградата св. Климент Охридски е мал и скромен чин за човек како Стојаноски

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески ја додели наградата Свети Климент Охридски на покојниот градоначалник Јован Стојаноски. Георгиевски на социјалните мрежи напиша дека понекогаш чувствата се посилни од сите зборови и не постои начин да се споделат.„Наградата Свети Климент Охридски е само еден мал и скромен начин да му оддадеме достојна почит каква што навистина заслужуваше, како човек, како пријател, како професор, како Градоначалник.. Охрид му благодари и му оддава вечна слава на Проф. д-р Јован Стојаноски“, напиша Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/496129250992683?__xts__[0]=68.ARB30ubDGQRBNz1NHV5cOvutHMHoUYz6uhnZe0z6NbMbFe71_opOXnP2Gvx1boH06fEoPp-YIzhZn_NNRO1CEcQ7z7AdjYZTEBvu-oYAAVewjVZIIqEF9FfaJmacfu-BcO9Gw1tn-FL1fb-4j_A2V5CQZZXzPLviZFwXLaFC2V1FJKJfzb8ra_MkQa5X1yCrxzWC7aI--xXPxvn9QwXMX9pimXstuSx0j7gOpAYwOuRIEme1EB2b6R01jfrx06-EOesm_L-TUoySO3s4mCt-iID511jJ1NQnaeIS2f08LDPsiiXi5KvtE_h1waTCbQsduF4PASevBvMprvnMpQFXZ1A&__xts__[1]=68.ARBPWmbod_L8fktDqK49Nu1RB1TwEP7D2vstMTcjLwUtKF2Ku2NlFgxKCym_SOIfhPiuNieASlc_XuLVDIvDRz0LE-nA4JzaEO3xIHKWDKLuO7pG53IFjL7AXYhtRWfItNqPzjlODNy7lcZ3gGhgjUz3bm51jCqoPLY1CK7yrtF1Jky0lrfvYOpkbVawfYjpFPTUDxo4M3Zq6ThO4nR9pxjTDwQlX_11lOgOnRYXB_XVy3s9lq4427kfopBNqbUZoiDx7CbrZWGebnM5_6ofpfzUvVRUCrASVtsjaNAsnsuLALonUIu4H312C7yOw1zypZ37GPE89qo8sBHQQcq21dY&__tn__=-R

Македонија | пред 6 години

bektesi

Бектеши нема да оди на Форум во Молдавија бидејќи Косово не било покането

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска извести дека го откажал неговото присуство во форумот на Енергетската заедница во Молдавија, поради тоа што на истиот не е поканета Република Косово. Министерот ова го обелодени преку писмото кое му го испратил на организаторите на форумот во кое ги наведил и горенаведените причини.Неговата реакција во целост:Извор: Лајм

Македонија | пред 6 години

tamara-todevska2

(ВИДЕО) Потпретседателот на СДСМ и напиша песна на Тамара, таа со неа доби награда во Албанија

Евровизиската претставничка Тамара Тодевска во шоуто „Кенга маџик“ ја промовираше новата песна „Monsters“, авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.Тодевска беше прогласена за најдобар интернационален артист. Таа изјави дека е пресреќна поради наградата која ја доби во Албанија, потенцирајќи дека истата ја посветува на семејството и Македонија.

Магазин | пред 6 години

policija-2-1

Пукано во полицаец во скопско Топанско поле откако се обидел да спречи кражба

Попладневно во скопско Топанско поле се одвивала вистининска драма, во која едно лице е повредено. Некаде околу 17 часот при обид за кражба во продажен објкет, полициски службеник кој не бил на работа се обидел да запре две лица бидејќи се посомневал во нивните намери.Според информациите од МВР, во тој момент кон него било пукано од огнено оружје по што тој се здобил со повреда во раката и бил предрлен во болница.Повеќе детали се најавени за утре, а изврешен е и увид од страна на МВР. Снимките од видео-надзорот поставен на околните објекти треба да даде повеќе информации за оваа драма.

Скопје | пред 6 години

dijabetes-1920x1078

Борба против дијабетесот: Основа во лечењето на секој заболен од шеќерна болест е правилниот начин на исхрана

Основа во лечењето на секој заболен од шеќерна болест е правилниот начин на исхрана, односно диетите. Исхраната мора да им обезбеди одреден внес на јаглено хидрати, белковини, масти како и витамини и минерали. Исхраната не треба да биде прекумерна, а количеството на масти треба да биде сведено на ниво кое му е неопходно на организмот. Исто така и храната богата со шеќери треба да биде сведена на минимум. Ова се препорачува за да не се зголеми нивото на шеќер во крвта по секој оброк. Чистиот шеќер кој го има во слатките пијалоци, предизвикува брз раст на количеството шеќер во крвта. Обилните оброци исто така ја зголемуваат количината на шеќер во крвта и затоа се препорачуваат помали и почести оброци.Главна улога во исхраната имаат јаглено хидратите, односно храната богата со жито од цело зрно (овес, рж, јачмен, пченица, пченка, ориз, хелда). Компонентите во целото зрно жито го отежнуваат и забавуваат разложувањето на сложените јагленохидрати во шеќери и на тој начин се одржува ниско ниво на шеќер во организмот подолго време. Затоа се препорачува во текот на денот најголема количина од продуктите да бидат комплексни јагленохидрати односно најдобар избор се муслите.Житариците се основна храна бидејќи се еден од главните извори на јагленихидрати во исхраната, што значи имаат висока енергетска вредност. Покрај тоа содржат и белковини, минерални соли и витамини. Хранливите состојки на житариците ги има во зрното (лушпата и никулците), додека во јадрото е најголемата количина на скроб.Интегралните житарици (овесни, ржени, пченични, јачменови) претставуваат богат изор на природни шеќери и витамин, посебно од Б комплексот, витаминот Е како и растителни влакна кои ја подобруваат перисталтиката на цревата, го регулираат пореметениот метаболизам на масти и шеќери што се манифстира со пораст на холестеролот, триглицеридите и шеќерот во крвта. Снегулките од житарици можете да ги подготвите како еден многу лесен оброк кој ќе Ви даде свежина и сила. Можете да ги потопите со чај, сок или соино млеко. Од муслите Ви ги препорачуваме:Тропикал мусли – оригинална мешавина на цереалии (овесни, ржени и пченични), 35% егзотично тропско овошје: ананас, папаја, манго, урма, банана, кокос и суво грозје и 5% семки од лен и сончогледФит актив мусли – оригинална мешавина од житни снегулки (овесни, оризови и пченкрани), 25% овошје – суво грозје, слива и кајсија и 6% семки од сончоглед, лен и тиква.Мусли Овошно – 70% житни снегулки и 30% овошје (суво грозје, јаболко, банана, смоква, урма, слива)Мусли за појадок – 79% житни снегулки, 16% на суво овошје (банана и суво грозје) и 5% на семки од сончоглед и лен.Овес – уште еден производ кој може да ви помогне во намалувањето на шеќерот. Овесот во интегрален облик како што се овесните снегулки при овој проблем помагаат бидејќи содржат бета глукани.Соја – претставува најконцентриран растителен продукт кој во себе содржи протеини, витамини, минерали како и лецитин што е од посебна важност за работата на човековиот организам. Поради богатството на незаситени масни киселини го намалува нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) а го зголемува нивото на добриот холестерол (ХДЛ). Благодарение на малата количина на шеќери сојата и нејзините производи може да се употребуваат во случаи кога треба да се обезбедат доволно протеини со ограничено внесување на шеќери. Поради тоа сојата е одлична храна и за дијабетичари. Соини производи кои го имаат овој ефект се: соино зрно, соини трошки, шницли и топчиња, соино брашно, соини паштети и соино млеко во прав.Диет џемови и компоти – подготвени според традиционален рецепт од специјално одбрани свежи плодови од домашно поднебје. Засладени се со фруктоза – овошен шеќер кој е природно присутен во овошјето. Традиционалниот начин на подготовка овозможува џемовите и компотите да ги задржат сите хранливи состојки присутни во плодот.Растителен диет крем – растителен производ подготвен од соино млеко, соино брашно и соин протеин со извонреден вкус и арома на чоколаден крем. Засладен е со фруктоза – овошен шеќер кој му дава дополнителни нутритивни вредности.Диабетхон – производ со ниска калорична вредност посебно погоден за дијабетичари. Во неговиот состав влегуваат екстракти од повеќе лековити билки ( коприва, шипка, нане и ајдучка трева) кои имаат благотворно дејство врз организмот, посебно врз зголемување на имунитетот, при општа слабост и исцрпеност. Препаратот можете да го конзумирате со чај или млеко, за засладување и подобрување на напитокот и тоа 3-4 лажички дневно.Дополнително продукти кои го намалуваат шеќерот во крвта а кои треба да се вклучат во исхраната се Рж – житарка која содржи богата содржина на минерали (калиум, фосфор, железо, калциум, натриум, сулфур) и витамини од Б групата и витамин е. Токму поради тие причини посебно ја препорачуваме на болните од диабетес, артериосклероза, покачен крвен притисок и на сите кои имаат проблеми со циркулацијата на крвта.Риба – присуството на омега 3 масни киселини може да ја подтикнат способноста на организмот да ја користи гликозата и така да спречи диабетес.Лук – активните состојки во лукот (алицин и алил пропил дисулфид) го намалуваат шеќерот во крвта. Лукот делува на метаболизмот на гликозата во црниот дроб како и на лачење на инсулин.Брокула – богата со хром кој може да помогне во регулирање на шеќерот во крвта. Намирници богати со хром се јаткасто овошје, печурки, интегрални житарици, пивски квасец, пченични снегулки.Се препорачуваат 3 помали оброци и 3-4 лесни меѓуоброци секој ден за да се одржи вистинска рамнотежа меѓу глукозата и инсулинот во крвта.Храната треба да има правилен распоред на составните материи односно да има стандарден распоред на трите основни материи: јагленохидрати, белковини и масти. Храната во најголем процент треба да биде составена од шеќери т.е јагленохидрати.Јаглено хидратите кои бавно ја ослободуваат глукозата во крвта би требало да сочинуваат 50-60% од Вашето вкупно внесување калории. Треба да се обезбедат од овошјето и зеленчукот со избегнување на концентрирани шеќери. Тоа изнесува 2-3 грама на килограм телесна тежина. Конзумирајте различни прехрамбени артикли кои содржат јаглени хидрати.Белковините 15-20% од дневнит внес. Се обезбедува од месо, млеко и млечни производи, јајца, риба и растителни извори: соја, мешунки (грав, грашок, боранија), печурки. Дневната потреба за протеини изнесува 0.8 – 1.5 грама на килограм телесна тежина.Масти треба да се земаат од 20-30% од вкупната дневна количина на внесена храна. Предност треба да се даде на незаситените масти (растителни) во однос на заситените масти (животински). Незаситените масти треба да представуваат 2/3 од вкупниот внес на масти. Кај составување на дневното мени прво го пресметуваме внесот на јаглено хидратите и протеините а мастите на крај како остаток. Посебно ги препорачуваме ладно цедените масла (нерафинирани) а посебно маслото од сусам и маслиновото за зачинување на салати.Најмногу внимание треба да им се посвети на лебот и лебните производи, оризот, компирот како и овошјето.1 парче леб од околу 30гр се означува како 1 лебна единица. Тоа се 10-20гр јагленохидрати. Најчесто лебните единици се поистоветуваат со калориите. Калориите или калориската вредност на храната претставува енергија изразена во калории која се ослободува по земањето секоја храна, а лебните единици се јагленохидратите во храната.Пр: 1 лебна единица содржи 1 праска, 1 чаша сок од овошје, половина банана. Ова е важно бидејќи со тоа сами ќе знаете да извршите замена на лебот со храна.Нормално хрането лице што извршува нормална физичка активност дневно треба да внесе по 25 калории на кг телесна тежина.Натхрането лице треба да внесе 18 калории на кг телесна тежинаПотхрането лице треба да внесе 30 калории на кг телесна тежинаПотребите од витамини се исти како и кај потполно здрави особи. Дополнителни количества на хром, цинк и витамини од Б групата дава одредена заштита на дијабетичарите од периферна нефропатија со намалување на чувството на умтвеност и трпнење во дланките и стапалата, храна богата со витамин Ц за да го надомести ниското ниво на инсулин во крвта кој дејствува врз клетките за да го апсорбираат витаминот Ц, храна богата со витамин Е може да го ограничи оштетувањето на системот на крвните садови.Посебно се потенцира храна која што е богата со растителни влакна кои делумно се раствараат. Овие влакна во системот за варење делумно се раствараат и се претвараат во желе така да се продолжува времето на ресорпција на шеќерот и се спречуваат наглите скокови на шеќерот во крвта. Диетални влакна се неопходни во исхраната кај дијабетичари. Дневна препорачана доза е 30 грама.Важен елемент во дневната програма на дијабетичарот се и телесните вежби. Телесните активности помагаат да се одржи нивото на шеќер во крвта во нормала. Го намалува производството на инсулин и ги потикнува клетките да земаат повеќе шеќер во крвотокот а со тоа мускулите можат да произведат повеќе енергија. Покрај тоа телесните активности ги зајакнуваат срцето и крвните садови, го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. За да го спречите нападот на хипогликемија, треба да се внесуваат јаглено хидрати половина час пред да почнете да вежбате и погрижете се да имате нешто за јадење или пиење ако почнете да ги чувствувате симптомите на хипогликемија.Како засладувачи може да се користи овошниот шеќер – фруитин. Препорачана дневна доза е 40-60гр. рамномерно распоредени во текот на денот или да одберете Sweеt Stevia кој е 100% природен и здрав засладувач. Претставува единствена природна алтернатива за белиот шеќер со 0 калории, 0 шеќери, без вештачки засладувачи и низок гликемичен индекс што го прави идеален за диетална исхрана, дијабетичари и луѓе со кардиоваскуларни нарушувања.Зголемувањето на телесната тежина е многу потежок и подолготраен процес одколку слабеењето кај лица заболени од шеќерна болест. Причината за ваквата состојба е лошиот начин на исхрана односно не правилно и недоволно јадење како и недоволната физичка активност со која внесот на храна ќе се претвори во здрава маса но желбата за зголемување на тежината е најважна.Најнапред пресметајте го бројот на калории кои треба да ги внесете:КОТ калории за одржување на тежинатаТ-тежина во килограмиВ-висина во сантиметриО-број на годиниП-1 за мажи и 0 за жениДобиениот број помножете го со 1.15 и ќе го добиете бројот на калории кои Ви се потребни секој ден. За да ја зголемите тежината внесувајте 1гр протеини на 1кг тежина дневно.Храната поделете ја на 6 балансирани оброци односно 3 главни и 3 ужинки.Во прилог Ви предлагаме еден брз, но вкусен рецепт:1 шоља овесни снегулки Го Нутри Виталиа2 шољи вода½ лажичка цимет¼ шоља сецкани оревиСоино млеко СоВита на ВиталиаПодготовка: посолената вода оставете ја да врие, потоа намалете ја температурата и доддате ги овесните снегулки, варете 5 минути со редовно мешање за да не се згрутчи кашата. Додадете цимет, суво грозје и ореви, измешајте, поклопете го садот и оставете да одстои 5 минути. Послужете со млеко и засладете по желба.Прашајте ја Др. Нела и вие добијте одговор на вашите дилеми поврзани со здравата исхрана. Живеј здраво и квалитетно. Кликни на следниот линк и постави прашање….Виталиа и Др. Нела одговараат на вашите прашања

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

„Камчев би требало министер за правда да стане, а за неа ќе се избори кога ќе отиде во затвор“, вели јавноста

Бизнисменот и оштетениот во случајот „Рекет“ Орце Камчев е топ тема на социјалните мрежи, откако по второто рочиште изјави дека тој се бори за правда. Коментарите од „Твитер“ ви ги пренесуваме во продолжение:https://twitter.com/sveste_tese/status/1203711532816896000„За сектата власта е крива кога има снимки: - поволни за Камчев - неповолни за Камчев“[embed]https://twitter.com/IdamNaMore/status/1203375803565826055[/embed]„Ако Камчев вика дека доаѓа жмицко, тоа значи дека доаѓа...“https://twitter.com/TalatOdPrespav/status/1203371573404741633„Ми фалиш како жмровски бот, после објавата на снимките за борецот за право и правда Орце Камчев“https://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1203278417636012032„Камчев: Ја на интервју го утепав од фалење, а он мене во затвор. Јаооо“https://twitter.com/RedRadish5/status/1203257130108801024„Камчев е ко од Алан Форд, краде од сиромашните за да дава на богатите и се замишља дека е борец за правда“https://twitter.com/vujceod/status/1203249866538995713„-Господине Камчев, за што ве судат?-За мито.-И како ќе се ослободите?-Со мито!“https://twitter.com/NemaPariNemaMir/status/1203083391714955265„Ако Камчев ни кажува дека судството ни е корумпирано и работи со ценовник за пресуди, тогаш работава е полоша од што си мислев.“https://twitter.com/LepceSoSalamce/status/1203072286552707072„По некоја логика на нештата во државава, Камчев би требало министер за правда да стане сега“https://twitter.com/RedRadish5/status/1203059469619466240„Кажете му на Камчев дека најефикасно ќе се избори за правда во земјата кога ќе отиде во затвор“https://twitter.com/Iscelitelot/status/1203054044111093765„Орце Камчев, жртва и борец за правда. Не стварно, кај е утикачот да ја исклучиме државава од апарати!“https://twitter.com/vojtex_/status/1203053969699946498„Еден ден Камчев ќе го номинираат за претседател, кој сакат да се кладираме“https://twitter.com/mufljus/status/1203038484417728518„Значи Орце Камчев уствари бил креаторот на шарената револуција и борбата за правда, само не сакал да се експонира тогаш“

Коментари | пред 6 години

Screenshot_3

ВИДЕО: Крвава вечер во скопски Бутел, млади лица со возило пробија низ ограда и заврија на кров

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски таблички, излетале од улицата по која се движеле, ја пробиле заштитната ограда и се превртеле на новиот дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, објави „Макфакс“.Надлежните се обидуваат да го исправат превртеното возило кое што го блокира сообраќајот на булеварот.

Скопје | пред 6 години

ruskovska-4-skopje1mk-Copy

Рекет: Трет пат се објавуваат материјали, Русковска најави но не најде кој ги пушта во јавноста

Обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ најави дека ќе истражува кој ги објавил снимките каде се слуша гласот на еден од сведоците во овој случај, а против кого има и предмет отворен од Специјалното јавно обвинителство. Снимките се објавени на „Јутуб“ пред два дена, станува збор за тонски записи, но непознато е кој е соговорникот кој разговара со сведокот во „Рекет“.Ова е втор пат јавно да се појават снимки за „Рекет“. Првиот пат, снимките ги објави инталијанскиот весник „Ла Верита“, а се гледаше како Боки 13 и Зоки Кичеец излегуваат од домот на Орце Камчев.За случајот „Рекет“, во јавност се појавија и записници од исказите на Орце Камчев. Нив ги објави порталот „Инфомакс“. Додека траеше истрагата која ја водеше Обвинителството за организиран криминал на адвокатот Сашо Дуковски кој го застапува Боки 13 за пари му бил нудел исказот на Зоки Кичеец кој во тоа време го имаше само Русковска.За ниту еден од овие претходни случаи, кога протекуваа материјали, снимки, записи, не беше откриено кој ги објавува, односно кој ги поседува. Засега, никој не е санкциониран иако тоа беше најавено.За последно објавените снимки се огласија двете најголеми политички партии. Од СДСМ бараат истрага, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека објавени од власта за да се врши притисок над Орце Камчев.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_2

ВИДЕО: Младо момче фрли 6-годишно дете од десетти кат на музеј во Лондон

Џонти Брејвери (18) денеска се изјасни за виновен за време на краткото рочиште во Централниот кривичен суд во Лондон.Лондонската полиција го уапси 17-годишниот тинејџер во август годинава под сомнение за обид за убиство, откако шестгодишно момче беше фрлено од платформата за набљудување на галеријата „Тејт“ во Лондон, пренесува The Independent.Жртвата била пронајдена на покривот од петтиот кат на уметничката галерија и однесена во болница. Според најновите информации, момчето е стабилно и се опоравува.Официјални лица тогаш изјавија дека нема докази момчето и тинејџерот да се познаваат.Платформата за набљудување на 10-ти кат е интересна за посетителите на популарниот музеј кој се наоѓа во поранешната електроцентрала со поглед на реката Темза и ја посетуваат стотици туристи и семејства , особено во текот на викендот.

Свет | пред 6 години

stan

Изгоре стан на Рузвелтова

Пожар пеплоса стан во зграда на улицата Рузвелтова, спроти седиштето на Специјалното јавно обвинителство.  Интервенираа пет противпожарни возила,  за среќа жртви и повреднеи нема. Според очевидците глетката била страшна. Тие раскаќуваат дека двајца од станарите цело време беа на терасата бидејќи биле заглавени и чекале огнот да биде целосно изгаснат.Според првичните, неофицијални информации огнот избувнал поради невнимание при готвење и брзо се проширил во кујната, па и низ целиот стан.Се утврдуваат причините поради кои избувнал огнот.фото: Пресс24.мк

Скопје | пред 6 години

nasa

(ВИДЕО) Руски космонаут пријави НЛО - НАСА ја прекинала врската

Сампрогласениот експерт за НЛО Скот Веринг тврди дека забележал чуден детал додека во живо следел пренос на НАСА, кога руски космонаут рекол дека забележал вселенско летало.  Делуваше како космонаутот да потврдува присуство на НЛО, кој „полека се движи нагоре“, пред да биде прекината од копнената контрола на НАСА, истакнал Веринг .„На снимката може да се воочат аномалии кои се движат полека. Тогаш почнува конверзација бидејќи се појави леталото“, наведе Веринг.Тој посочува на разговорот помеѓу рускиот космонаут и копнената контрола на НАСА како дополнителен доказ дека се работи за нешто сомнително.Врската била направена на 21 ноември 2019 год.

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања