Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

07122019_PVRSM-Zaev_duhovna-akademija-za-Sv.-Kliment-Ohridski_obrakanje_1

Заев: Како што Св.Климент Охридски успеа во мисијата на неговото време, повикани сме да се обединиме и да ги надминеме предизвиците трпеливо и мудро

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вечерва имаше свое обраќање на духовната академија во чест на празникот Свети Климент Охридски, патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето во целост:Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, на сите православни верници, и на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, упатувам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски. Празникот посветен на Свети Климент Охридски, основоположник на македонската духовност и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.Свети Климент Охридски, во чија чест ја принесуваме оваа духовна академија, бил еден од најблиските и најревносните соработници и соучесници во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј во Моравија за описменување на народите со словенски происход.Како нивен ученик и следбеник, ги прифатил сите страдања на кои бил подложен зашто верувал во доброто што го правел и останал доследен на обврската што ја чувствувал кон мисијата на светите браќа Кирил и Методиј: Да го продолжи делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност.Свети Климент Охридски применувал богослужба и создавал словенски свештенички кадар, затоа што бил свесен за важноста на духовната поткрепа на луѓето, кои ја наоѓале во Црквата, и дека таа духовна поткрепа треба да ја добиваат со црковна служба на својот мајчин јазик.Христовата црква, со востоличувањето на катедрата на Охридската Архиепископија, не беше нова црква. Таа е светла точка од историјата на континуитет на христијанството на овие простори со корени уште од апостолско време.Христијанството на просторите на географска Македонија, прв го донесе, го прошири и го проповедаше Светиот апостол Павле, за што сведочат и Делата Апостолски. На тие негови патувања бил придружуван и од други апостоли, кои подоцна и самите, независно од Светиот апостол Павле, ќе проповедаат и ќе ја шират црквата Божја на овие простори.Низ историјата на Христијанството се запишани бројни сведоштва за долгиот развој на црковното организирање, со богат духовен живот на бројните митрополии и епископии. За тој период, низ целата територија на денешна Република Северна Македонија, говорат голем број ранохристијански базилики и црковни храмови.Во историската низа на организираниот црковен живот, се вградени значајни датуми, настани и личности: Од Јустинијан Први и Автокефалната Архиепископија Јустинијана Прима, до светите браќа Кирил и Методиј, кои заедно со своите ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски, го ширеле апостолското мисионерско дело на Светиот Апостол Павле со мисијата за сесловенско просветлување.Директен резултат на просветителската дејност меѓу словенските народи на Светите браќа Кирил и Методиј, а подоцна и на светите отци охридски Климент и Наум, е никулецот од кој потоа израснуваат и првите словенски епископи на Светата Охридска Архиепископија.Свети Климент, како голем човек и силна личност,  е жив паметник на нашата историјата и како основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“.Записите велат дека низ Свети Климентовата Охридска школа минале околу 3.500 ученици. Тоа е импозантен број за тогашните времиња, а секако, импозантен е и за денешните времиња.Тоа сведочи и за исклучителните организациски, но и обединувачки способности на светиот учител од Охрид во духот на христијанското заедништво. Луѓето имале желба за духовна храна и поткрепа, за наука.Без никакво сомнение, огромен удел во привлекувањето и прифаќањето на учениците, но и нивното задржување, зголемување, па и понатамошно ангажирање во духовната црковна и во просветителската дејност, има и Свети Климент Охридски.Со Свети Климент Охридски се поврзани почетоците на писменоста македонска и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта.Денес, Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа.Тоа е остварено постојано имајќи го предвид и големото дело на Свети Климент, како и делата на сите останати црковни и духовни големци во редот на нашата историја, вградени во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ.Ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, и за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.По влезот во Европската Унија, македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Унијата. Како 25-ти работен јазик на кој ќе се зборува во Брисел, тој ќе биде „рамо до рамо“ со јазиците кои се говорат во нашето соседство, бугарскиот, хрватскиот и грчкиот. Тоа го гарантира Повелбата на ЕУ и Договорот за ЕУ.Конечното признание за посебноста на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо, во Унијата, која беспрекорно ја почитува јазичната разноликост, е последниот и најцврст бедем за заштита на македонскиот идентитет. Освен тоа, тој ќе стане составен дел и од европскиот идентитет, во заедницата од 500 милиони луѓе, основана под мотото „Обединети во разновидноста”.Почитувањето на јазичната разновидност е темелна вредност на ЕУ. Повелбата за основните права на ЕУ забранува дискриминација врз основа на јазикот и ја обврзува Унијата да ја почитува јазичната разновидност.Сите европратеници можат да го користат официјалниот јазик на својата држава. Тоа значи дека секоја одлука, од денот кога Северна Македонија ќе стане членка на Унијата ќе биде преведена на македонски јазик, а секој избран претставник од земјата во Европскиот Парламент, ќе може да зборува на македонскиот јазик.Како што зборував и јас пред европратениците во Стразбур на 13 септември минатата година.Вечерва, со оваа духовна академија, му оддаваме голема почест на Свети Климент Охридски за неговото големо духовно - просветителско дело со кое нѐ задолжи сите и ни покажа како “на дело“ се станува и духовник и просветител.Јас сакам да порачам денеска дека секој може да биде своевиден Свети Климент Охридски почитувани граѓани и почитувани присутни.Духовноста, просветлението, просветителството се дадени на секој од нас, а со нивното практикување стануваме подобри луѓе, во подобар свет, солидарен свет, образуван свет. Така градиме сегашност и иднина за секој човек, за секој граѓанин, за секој од нас.Предизвици имало и ќе има. Како што успеал Свети Климент Охридски во мисијата на неговото време, повикани сме да се обединиме и да успееме и ние. Да ги надминуваме предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува како народ и како држава.Во таа насока сум убеден и дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе се ангажира уште поактивно во надминување на предизвиците исправени пред неа и дека наскоро ќе биде прифатена како реалност во православниот свет.Нека ни е честит големиот празник во чест на Свети Климент Охридски. Сите да сме здрави, спокојни и паметни, и да не крепи делото на Свети Климент Охридски кога ги градиме духовните вредности, како темелни вредности на генерации кои ќе градат толерантно и демократско општество за сите во нашата убава држава.

пред 6 години

Нема фотографија

Истрага против едно лице за пронајдено оружје и муниција во Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.Во својот дом во Арачиново осомничениот држел огнено оружје и муниција – еден полуавтоматски пиштол “Smith&Wesson” MOD 6906 со калибар 9мм Para, еден полуавтоматски пиштол “Walther” P99 со две рамки, како и 41 куршум со калибар 9мм Para. Оружјето и муницијата биле пронајдени и одземени при претрес во неговиот дом..Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело или да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, како и опасност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

izlozba

Tрадиционалната изложба на Фото клуб – Охрид

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид вечерва во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид.Во Галријата на установата беше отворена и изложбата на ликовни творби на учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“, а беа доделени и награди од училишниот конкурс.

Македонија | пред 6 години

tirana

(ВИДЕО) Македонски државјанин киднапиран во Тирана, му барале 250.000 евра

Албанската полиција уапсила две лица под обвинение дека во Тирана вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин, кому му барале 250.000 евра.Судија на претходна постапка им одредил мерка притвор, објави МИАВо рамки на полициската акција „ Lake“, уапсени се Алберт Џ.(41), и Сокол М. (42), жители на Тирана, додека од слобода ќе се брани Суби Е.(50) жител на Струга, Македонија.-Тројцата граѓани во соработка еден со друг кај планината Фарка,во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана, го киднапирале македонскиот државјанин Давор В.(23). За да го ослободат, под закана со оружје, барале сума од 250.000 евра, пренесуваат полициско соопштение албанските медиуми.Досието е доставено до Јавното обвинителство во Тирана за понатамошно постапување.извор: МИАфото: Bota Sot 

Македонија | пред 6 години

Lagadin

Ограбени викендички во Охрид, украдени апарати за домакинство и бела техника

Ограбени десетина викендички во населбата Лагадин, во близина на Охрид. Неофицијално крадците ги искршиле вратите и прозорците од викендичките и ги украле вредните апарати за домакинство и бела техника, шпорети, телевизори, фрижидери... СВР Охрид врши детална проверка на реонот и се преземаат мерки за откривање на сторителите на кражбите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

grcec-za-aleksandar-palas-1

МВР официјално за акцијата: Сузбиена криминална група – од слобода се лишени 12 лица

На 07.12.2019 со почеток во 05.00 часот, СВР Скопје во содејство со Одделот за сузбивање на организан и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции и во координација со Основното јавно обвинителство Скопје спроведе координирана полициска акција насочена кон лица можни членови на криминални групи кои делуваат на подрачјето на СВР Скопје, а по документирани кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „загрозување на сигурноста спрема службено лице“, како и сомненија за инволвираност во вршење на кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.Притоа, врз основа на судски наредби, извршени се претреси на 34 локации во населените места Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар со цел обезбедување и пронаоѓање на материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела. При претресите биле пронајдени и одземени   патнички моторни возила, пиштоли, пушки, рамки за муниција и муниција, куршуми различен калибар, панцирни елеци, преносни компјутери, мемориски стикови, опрема за видео назвор, мобилни телефони со сим картички, пари во  различни апоени, прашкаста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја и др.Пред и за време на акцијата, а поради сомнение за инволвираност во наведените кривични дела од слобода се лишени лицата Ф.Л.(47) од с.Грчец, општина Сарај, М.Љ.(38) од с.Грчец, Е.П.(43) од с.Арачиново, Б.А.(34) од с.Арачиново, Ш.М.(28) од с.Арачиново, Ш.М.(34) од с.Арачиново, Ќ.Љ.(28) од с.Грчец, Н.С.(56) од с.Грчец, И.С.(29) од с.Грчец и Ј.С.(30) од с.ГрчецИсто така, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред започнување на акцијата, на 06.12.2019 во 21.20 часот на ул.„Јадранска Магистрала“ од слобода е лишено лицето И.С.(27) од с.Крушопек, за кое е утврдено дека се бара по централна потерница по член 215 од Кривичниот законик за издржување на казна затвор.Воедно, во текот на вечерта од полициски службеници е пронајден, лишен од слобода и предаден во притвор лицето С.И.(27) од Скопје, кај кого претходно, во неговиот дом на ул.„Македонска преродба“ се пронајдени 1,5 килограми марихуана.Активностите на МВР во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

grcec-za-aleksandar-palas-1

Во полициската акција приведени 10 мажи за трговија со дрога и оружје, дел од нив вмешани во пукањето во Александар Палас

Дел уапсените лицата во денешната акција на МВР се поврзани со пукањето кое се случи во хотелот „Александар Палас" во Скопје. Началникот на одделение за информации од јавен карактер Сузана Прањиќ Талевска,  во денешната изјава за медиуми кажа дека лицата се приведени под сомнение за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, не легална трговија со дрога, како и за недозволено држење и изработување на оружје.„Одделот за полициска акција приведе лица, можни членови на криминални групи. Дел од нив се привидени за предизвикување општа опасност, загрозување на службено лице, нелегална трговија со дрога, недозволено држење на оружје.. ", изјави Талевска.Полицијата денеска направие претреси во 34 домови на 32 лица Полициски акции имало на неколку места во Скопје и тоа во Грчец, Центар, Арачиново, Ѓорче Петров... а при претресите одземени се патничко моторно возило, пиштоли, пушки, куршуми, панцири, опрема за видео надзор, прашкаста материја и други предмети.Пред и за време на акцијата под сомнение за погоре споменатите кривични дела лишени од слобода се 10 лица од Грчец и АрачиновоДел од приведените се поврзани и со настанот во Александар Палас.фото: ФБ

Скопје | пред 6 години

MEGA9685-1

(ФОТО) Премиера на „Дедо и внук“ во Охрид: Емотивна приказна со длабока порака

Домот на култура „Григор Пеличев“ во Охрид синоќа беше претесен да ги прими сите заинтересирани да ја проследат промоцијата на првиот долгометражен филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски.Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат - проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па посетителите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели.Видно возбуден, режисерот Пиперкоски им се заблагодари на сите за поддршката и порача дека уште од студентските денови сакал да сними комплетен филм во Охрид:- Голема желба ми беше целосно да снимам филм во охрид. Мислам дека преку „Дедо и внук“ успеав на некој начин да ја доведам емоцијата на филмското платно на најпрефинет можен начин, рече Пиперкоски.Пред бројната публика се обрати и продуцентот на филмот Огнен Антов, кој ја претстави бројната филмска екипа, како и филмскиот критичар Ѓоко Симјаноски.Синоќа во Охрид имавме вистинска ноќ за филмско уживање. Филмот има квалитети за многу повеќе од локалната и националната публика. Приказната е универзална, технички филмот е одлично сработен и заслужува да стигне многу подалеку.

Македонија | пред 6 години

mrtov

Во стан во Охрид пронајден починат млад охриѓанец

На 06.12.2019 година околу 19 часот во СВР Охрид,, доктор од Итна медицинска помош, пријави починато лице во зграда на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. По преземени мерки, констатирано е дека се работи за Д.Ц.(33) од Охрид и дека нема траги на насилство.По наредба на Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција. 

Македонија | пред 6 години

grcec-za-aleksandar-palas-1

Големата акција на МВР при крај - Се апсат ли инволвираните за престрелаката во Александар Палас?

Македонската полиција од утрово спроведува голема акција во скопскиот регион која ги опфача селата Грчец и Арачиново.  Од полицијата сеуште не откриваат детали за што се работи, кого апсат и која е целта на акцијата. Најавија детали за акцијата во текот на денов.Од друга страна на социјлантаа мрежа фејсбук се појавија фотографии од Грчец со објаснување дека полицијата превзеде акција за апсење на вооружените лица кои пукаа во хотелот Александар Палас.https://www.facebook.com/LiridonaVejseli/posts/1539978636155024За потсетување пред шест дека се случи вооружениот напад во скопскиот хотел Александар Палас. Напаѓачите кои многу лесно пристапиле до хотелот и со автоматско оружје испукале проектили кон петмина кои седеле во лобито и гласно коментирале занесени во темата на разговор. После неколку дена во близина на скопското село Арачиново полицијата пронајде запалено возило фолксваген туарег за кое се сомнева дека било искористено за време на саботната оружена престрелка во хотелот „Александар палас“. Напаѓачите избегале со туарег. Во запалениот туарег биле пронајдени и остатоци од автоматско оружје „калашников“.фото: ФБ Pa Censurë

Скопје | пред 6 години

nesreka

Во несреќата во Србија повредени 26 Македонски државјани повеќето од Радовиш

Информираме дека утринава се случи сообраќајна несреќа на патот Блаце- Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник. Во несреќата се повредени 26 лица, од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље.Според првични информации од лекарите, згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокупље е потешко повредено. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените.Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш. Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи. Од страна на МВР на Србија-Полиција Блаце сме информирани дека сѐ уште се врши увид на местото на несреќата и засега не можат да дадат подетални информации. На терен е и надлежен јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

branimir-jovanovic

Јовановиќ: Најголемиот предизвик кој го имаме како општество е да расчистиме со Камчев

Статус на економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ. Тој на ФБ напиша:Камчев не е само еден човек, Камчев е синдромот на нашето труло општество, приказната на нашиот неуспех како независна држава.Камчев е кога некој е близок до сите партии и влади, и преку тоа го присвојува за себе она што треба да ни припаѓа на сите, лишувајќи нѐ така од основните човекови права, како здравство, образование, чист воздух. Камчев е кога некој прави милиони од потта на мизерно платените работници, и тоа пак не му е доволно, па го дополнува со даночни малверзации, за тој да има повеќе, а другите помалку. Камчев е кога некој ги поткупува судиите, обвинителите, инспекторите и сите други кои треба да се грижат законите доследно да се применувааат, и со тоа спречува да има владеење на правото и правда за сите. Камчев е кога некој ги купува медиумите кои треба објективно да ја информираат јавноста и ги претвора во мегафони кои застапуваат интереси на одредени групи на моќници. Камчев е кога некој ваков, глуми жртва и сите нѐ прави будали.Најголемиот предизвик кој го имаме како општество е да расчистиме со Камчев. Само ако го направиме тоа, може да нѐ биде.https://www.facebook.com/brantscho/posts/10156797653067078

Македонија | пред 6 години

BITOLA-2

Заев : Прочистување во судството мора да има, да се одвојат чесните од нечесните судии и обвинители

Мора да направиме прочистување во судството, затоа што тоа негативно влијае врз одредени појави во нашето општество, и да ја обезбедиме правдата, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Битола.-Уште веднаш пристапуваме кон целосно прочистување на судството. Да се започне и детална проверка на нивните имоти и имотите на нивните семејства. Ги повикав и ЕУ преку нивни механизми да се вклучат во процесот. Мора да се одвојат оние кои ја злоупотребиле функцијата и оние чесни судии и јавни обвинители кои чесно ја работат својата работа.Мора да ја зајакнеме правната држава, затоа што без владеење на правото, нема целосен напредок за државата, порача претседателот Заев во Битола.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ФОТО: Голема полициска акција во Скопје, меѓу кои и во Грчец

Голема полициска акција се случува на неколку локации во Скопје, меѓу кои и во селото Грчец во близина на Сарај, потврдија за НОВА од МВР. Од полицијата не откриваат детали за што се работи, кого апсат и која е целта на акцијата.Граѓани известуваат дека во Грчец има десетици полициски возила со специјални единици од МВР. Таму најверојатно акцијата веќе е при крај или е завршена. Другите локации во Скопје не се откриваат.Во интерес на акцијата детали не се соопштуваат. Од МВР најавија дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.фото: НОВАТВ

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Народе мој, испишавме историја, ова убаво наше македонско знаме се вееше во Лондон со знамињата на НАТО

Одговорност мора да има за секој што ги прекршил законите во нашата држава, порача од граѓанската трибина во Битола, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, без разлика за кого станува збор.-Го слушам Мицкоски деновиве предлага тие што прекршиле закони да не се занимавале со политика. Ама каде е одговорноста тука не споменува? Најважна е. Секој што се огрешил пред законот мора да одговара, за да не му падне на памет да краде или да дејствува спротивно на интересот на граѓаните. Еве и Талески и Мијалов и Јанкуловска, Груевски, не се занимаваат со политика и што треба сега според Мицкоски да не одговараат? Не, има да си одговараат до крај, одговорност во оваа наша држава мора да има. После народот ќе каже дали некој да се занимава со политика. Тој што е нечесен граѓаните нема да го прифатат, рече Заев.Претседателот Заев повика на расчистување на сите случаи, но и на скандалот со незаконското финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.-Скандалот со тоа како 400.000 илјади евра незаконски се финансирала кампањата на ВМРО-ДПМНЕ мора да се расчисти, ги охрабрувам институциите да постапуваат, согласно законите. И тоа истите газди кои давале пари во Рекет.  Тоа е спротивно на изборниот законик и за ова кривично дело  мора да има одговорност за кој и да се однесува, мора да има одговорност, рече претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Битола.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

Zaev-1

Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија, а Министерството за правда ќе ги направи потребните измени

Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија, а Министерството за правда ќе ги направи потребните измени на Законот, рече денеска премиерот Зоран Заев, откако вчера венецијанската комисија ги објави забелешките во врска со Законот за јазици, истакна премиерот Зоран Заев при денешната посета во Прилеп, каде беше на увид на работите на клучката кај Технолошко-развојната индустриска зона.-Уште кога дебатиравме и со самото донесување на Законот, рековме дека ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме. Затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија која е добар репер за сите законски решенија од областа на правото и е прецизна за правосудството. Добро е што се поминува границата на европската употреба на јазиците, но сепак, нарушувате одредено право, а тоа е правото на еднаква, навремена правда и неспречување на правдата. Тоа е врвно човеково право и се однесува, буквално на сите. Верувам, додаде тој, дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува.  Значи ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Веницијанската комисија го кажува и потоа ќе се пушти во Парламентот за негово донесување. Во разговорите учествуваа Министерството за правда, потпретседателот на Владата за европски прашања, мојот кабинет, одржавме неколку состаноци, неодамна беше и генералниот секретар на Венецијанската комисија, така што, сме усогласени, рече Заев.Заев прецизираше дека измени ќе има во делот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик во судството, за да се избегне ситуацијата кога заради овозможување на правото на употребата на мајчиниот јазик би се загрозиле некои други права.Инаку законот по втор пат оваа беше изгласан во Собранието во Јануари оваа година, откако по првичното усвојување не го доби потписот на претседателот Иванов.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Петровска: Затекнав 12 блокирани училишта и 4.3 милиони евра долгови, денес нема училиште во кое не се гради и реконструира,

Откако ја наследив функцијата градоначалничка на Битола затекнав, очајни состојби во образованието и  4,3 милиони евра долгови, 12 блокирани училишта. Во училиштата имаше ужасни услови за нашите најмили деца, тоа ВМРО-ДПМНЕ го остави зад нив, рече Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Битола.Петровска се осврна на вложувањата во образованието во последните 2 години. Денес нема училиште во кое не се гради и реконструира,  во моментов имаме изведба на инфрастуктурни зафати во Елпида Караманди, во училиштето во Кравари, во Трифун Пановски каде ќе се промовира и салата која е во завршна фаза, проблем поради кој години наназад нашите најмили не можеа да имаат физичко образование.130 илјади евра обезбедивме за кровна конструкција и доградба во Техничкото училиште во Битола и тука не застануваме. Инвестиравме 266 илјади евра во градинките и ги подобривме условите за нашите деца, се грижиме за иднината и за нашите поколенија, потенцираше Петровска.ВМРО-ДПМНЕ да работеше барем 1/10 во нивните 12 години ќе направеше нешто добро за градот, но тие само уништуваа и грабаа за нивно богатеење, затоа има разлика, бидејќи ние градиме и го враќаме образованието во Битола на прав пат, заклучи Петровска.фото: СДСМ

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Македонски автобус се преврте во Србија, има повредени

Македонски автобус се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, пренесуваат српските агенции. Според медиумите крајната дестинација на патниците бил Копаоник.  Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a 11 поминале со полесни повреди и се хоспитализирани во здравствениот дом во Блаце. За сега нема информации за причината за несреќата.Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е распределба на повредените.

Македонија | пред 6 години

pozar

(ВИДЕО) Голем пожар му се заканува на Сиднеј

Огромниот пожар што беснее во близина на Сиднеј моментно не може да се изгасне, соопштија пожарникарските служби од Австралија, кои се борат со пожари низ целата земја, јави Би-Би-Си.Пламенот кој зафати 300.000 хектари земјиште е одалечен само еден час возење од најнаселениот град во државата. На жителите на таа област им е кажано да заминат, пренесува Би-би-си.Од октомври, во пожарите низ Австралија загинаа шест луѓе и уништени се над 700 домови.фото: YouTube

Свет | пред 6 години

reket-audio

(АУДИО) Се појавија нови снимки за „Рекет“: Кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв, и крв

На јутјуб се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, како бара контакт со Вице Заев и се заканува ако не се заврши работата дека ќе крварат сите. Според она што се слуша од материјалот поставен на Јутјуб, се заканува дека доколку не дојде до договор ќе „бомбардира“ со материјали од Бугарија како Ким Јонг, но се открива и блискоста и координираноста со опозицијата.-Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив.Имаш ли некое влијани или не кај нив? Викни утре да се видиме и да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние. фото: Архива

Македонија | пред 6 години

medena-zemja

"Медена земја"во Берлин се бори за европски Оскар

Денес е бурен ден за екипата на македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов – вечерва во Берлин ќе се доделат наградите на Европската филмска академија (ЕФА) каде филмот е номиниран за најдобар документарец, а во Лос Анџелес се доделуваат Интернационалните документарни награди ИДА, каде има три номинации: за најдобар филм, за режија и за кинематографија на Самир Љума и Фејми Даут.Режисерката Котевска со Љума и со продуцентот Атанас Георгиев денес се во Берлин, на свеченоста на ЕФА, каде „Медена земја“ за престижната награда позната и како европски Оскар за конкуренти ги има: „Сведоците на Путин“ (Русија), „За Сама“ (Велика Британија/САД), „Исчезнувањето на мојата мајка“ (Италија/САД) и „Селфи“ (Франција/Италија).На 32. доделување, наградите ќе се доделат во 23 категории. За најдобар филм се борат „Офицер и шпион“ на Роман Полански, „Клетници“ на Лаџ Ли, „Системкрашерс“ на Нора Фингшајд, „Болка и слава“ на Перо Алмодовар, „Предавникот“ на Мако Белокио и „Фаворитката“ на Јорос Лантимос. Француската актерка Жилиет Бинош ќе добие награда за европски придонес во светскиот филм, а култниот германски актер, писател и режисер Вернер Херцог наградата за животно дело. Преносот почнува во 17 часот, а церемонијата е во 19 часот и може да се следи на www.europeanfilmawards.euИнтернационалните документарни награди ИДА се најпрестижниот светски настан за овој жанр, а режисерот Стефанов денес е во Лос Анџелес за на свеченото доделување да ја прими и наградата „Паре Лоренц“, која на ИДА  се доделува „за давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“, а „Медена земја“ е годинашен добитник.„Медена земја“ e македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија. Номинациите за 92. доделување на Оскарите ќе бидат објавени на 13 јануари, а свеченоста е на 9 февруари.Ден претходно, во Лос Анџелес ќе бидат објавени добитниците на престижната американска награда Независен дух, предвесник на Оскарите, каде „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец заедно со „Американска фабрика“, „Аполо 11“, „За Сама“ и „Островот на гладни духови“.Единствениот македонски филм кој досега ја освоил наградата Независен дух е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во 1995 за најдобар странски филм. „Пред дождот“ истата година беше и меѓу петте номинирани за Оскар.По победата на Санденс, Тел Авив и голем број други награди, признанија и номинации, „Медена земја“ е вбороена и меѓу најдобрите филмови на годината од „Њујорк тајмс“ како и од списанието „Арт форум“.Документарецот изминатиов период играше во 30 градови низ земјава, а од денес до 13 декемрви ќе се прикажува во Кинотеката.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

kokain-3

Три лица под истрага за трговија со кокаин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера вечер донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.По неколку месечна соработка со Министерството за внатрешни работи и прибрани оперативни информации и сознанија по насока на јавен обвинител, во текот на вчерашниот ден беше спроведена акција  во која тројцата осомничени се лишени од слобода и изведени пред Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. По предлог на обвинителството на осомничените со решение им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.Според првичните сознанија откако братот на еден од осомничените, кој живее во Швајцарија, набавил наркотична дрога – кокаин од страна на тројцата осомничени бил организиран транспорт на истата до Скопје. Еден од осомничените кон крајот на минатиот месец авионски отпатувал во Швајцарија од каде со возило Сеат Леон во која била сокриена дрогата се упатил кон РС Македонија. Поради несогласувања со неидентификувано лице, осомничениот го оставил автомобилот на бензинска пумпа во близина на Бујановац, а другите двајца осомничени со друго возило дошле по него. При обид за влез во нашата држава, на граничниот премин Табановце, осомничените биле задржани и при претрес на возилото бил пронајден клучот од паркираното возило.Во соработка со Вишото јавно обвинителство во Врање и српската полиција се преземени дејствија и при претрес на возилото, во делот под резервната гума, е пронајдена прашкаста материја со тежина од 901 грам која со прелиминарен тестер покажува дека се работи за наркотична дрога – кокаин. Доказите и вештачењето на дрогата во текот на вчерашниот ден се доставени до надлежниот обвинител од Основото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Во понатамошниот тек на постапката соработката со органите на Р.Србија ќе продолжи преку меѓунарона правна помош.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

deca-zemjotres

(ВИДЕО) Рама за миг усреќи две дечиња кои изгубија се во земјотресот

Кристијано Роналдо и Џиџи Буфон, големите фудбалски ѕвезди помогнаа две дечиња од Драч баремз а миг да се чувствуваат среќни. Катастрофалниот земјотрес во Албанија однесе многу животи, затвори врата на многу семејства, многу дечиња останаа сирачиња. На две од нив премиерот Еди Рама им исполни голема желба. При неговата посета на дечињата тие му кажаа дека се големи навивачи на Јувентус и ги сакаат Кристијано Роналдо и Џиџи Буфон.Еди Рама ги однесе дечињата во Торино каде ги пречекаат Роналдо и Буфон, им дадоа дресови со автограми и други подароци.фото:Репорт ТВ

Свет | пред 6 години

1albanija-zemjotres

(ВИДЕО) Видео од катастрофалниот земјотрес во Драч

Десетина дена по земјотресот во Драч - Албанија, сеуште тлото никако да се смири. Секојдневно има афтершокови. Властите со помошта од пријателските земји се обидуваат да се справат со настаната штета и да го вратат животот во нормала.На социјалните мрежи постојано се објавуваат снинки од надзорни камери кои го регистрирале разорниот земјотрес во земјата и кои покажуваат кој хорор го поминале жителите на Драч.https://www.facebook.com/gazetatema/videos/2548525688593652/?v=2548525688593652Земјотресот беше со јачина од 6.4 степени според Рихтеровата скала, од кој 52 луѓе загинаа, стотици се повредени, а илјадници луѓе останаа без покрив над главата.По земјотресот во Албанија, 4.000 луѓе се сместени во хотели, а 6.500 во шатори.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

zavod-za-revizija

Нов директор на државниот завод за ревизија - Максим Ацевски?

По две години блокада - економистот Максим Ацевски е предложен за нов главен државен ревзиор. Политичките партии постигнаа договор за оваа важна институција, а одлуката едногласно, со 13 гласа ЗА - ја донесе Комисијата за избори и именувања.Предлогот на Комисијата се очекува да помине и на пленарна седница која се очекува да се одржи најдоцна до 11 декември. За претседателот на собраниската Комисија, многу е важно изборот на директорот на Државна ревизија да биде пред изборите.Инаку вчера на Комисијата поминаа уште два други предлога, директор на Управата за заштита на личните податоци да биде екс пратеникот на ДПА, Имер Алиу, а Пламенка Бојчевска е предложена за претседателка на Агенцијата за пристап до слободни информации.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања