Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

valeri

(ВИДЕО) Валери не освојува со новиот имиџ и новиот спот за песна "ВОЗИ МЕ"

„Вози ме“, ја виде светлината на денот и ги брои првит еилјадници ,,лајкови,, на |you tube каналот. Валери,  во стил на големите музички ѕвезди г опромовираше видео записот.   Од вкупно издадени седум песни ова е четврти видео запис. Текстот и музиката,  го потпишуваат таа и Темелко Андреевски,  додека позади визуелниот запис застанува ГоранСимјаноски.„Мислам дека направивме добар спот,  посебно сум задоволен од реакцијата на присутните гости на промоцијата , видов многу задоволни лица, очекувам добар прием кај македонската публика“, рече Симјановски.Возиме е поп верзија во која доизреаз доагаат вокалните способности на младата велешанка. Тоа е песна создадена за заљубените кои за миг имат желба и потреба да бидат сами со себе без она што ги опкружува или како што Валери пее „некаде сами без очи завидни ,кај што нема луѓе и нема темни мисли".„Сеуште ги сумирам првичните впечатоции.Имам чуство дека Возиме е досега нешто најдобро што го имам создадено.Целиот тим работевме напорно и  сега кога го гледаме финалниот производ велам вредеше. Очекувам  „Возиме“,  да биде добро прифатена од публиката, ова е мој Новогодишен подарок за сите љубители на добрата музика“,  потенцира Валери.Валери е дел од продукциската куќа Sidechain Produktion  . Од таму велат дека горди се што го препознале талентот на младата пејачка.„Лесно е да се работи со веќе создадени ,,звезди,,  но ние се гордееме што кај Валери препознавме дека има талент и еден ден ќе биде голема ѕвезда.  Апелирам до сите , поддржете ја оваа млада девојка на патот додека се искачува кон врвот“, речеТемелко Андреевски.Она што за првпат можеби на македонската музичка сцена се случи е фактот што промоцијата на „Возиме“ беше онаму каде и што се создаде, во комплексот Атлантис во Велес.

Магазин | пред 6 години

biblioteka

Свеченост во библиотеката во чест на патронот на охрид - Св. Климент Охридски

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денеска се одржа свеченост посветена на патронот на Охрид- Св. Климент Охридски, која започна со пригодна реч на проф. Татјана Дурнева. Во рамките на свеченоста, на која присуствуваше и председателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, имаше  фото презентација: „Св. Климент Охридски  и Охрид“ и изложба на книги посветени на словенската писменост:  „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“.Беаше промовирана  трилогијата за Охрид ( книги со фотографии од градот од минатото до денес ) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ, писателот Коста Фортомар од Охрид  беше прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ , а во културно уметничкиот дел на свеченоста настапија ученици од ОМУ „Методи Патче“ .фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

53604785_2270692896326214_4035434778923630592_n

Град Скопје планира во 2020 год да исчисти неколку дпоголеми диви депонии

Во пресрет на граѓанскиот протест закажан за утре (07.12.2019 година), во врска со загадувањето кое потекнува од депонијата во Ѓорче Петров, Градот Скопје со соопштение до јавноста.  Тие уверуваат дека борбата за здрава и чиста животна средина е приоритет на градската администрација и на ова прашање се работи секојдневно, и во сезоната кога има загадување, но и во сезоната кога нема загадување.„Во Буџетот на Град Скопје за наредната 2020 година, што е во подготовка, се одвоени средства за чистење на неколку поголеми диви депонии во градот, а меѓу нив е и расчистувањето на депонијата во Ѓорче Петров. Оваа депонија со децении ги загадува и нагрдува околните населени места, но со планираните активности екипите на Град Скопје ќе го расчистат натрупаното ѓубре, а просторот ќе го облагородат.Градот Скопје континуирано спроведува акции за чистење на јавните површини, како и за расчистување на дивите депонии. Само за илустрација, за две години, за периодот ноември 2017 – ноември 2019 година од дивите депонии во градот е расчистен отпад од 12.666 кубни метри.Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во последниве две години ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години. Така, во јули годинава беше поднесена првата кривична пријава во историјата на Скопје за неовластено фрлање смет, со што Град Скопје ја потврди заложбата за почиста и поздрава животна средина. Во овој случај, стануваше збор за лице фатено на самото место, на улицата Александар Урдаревски во општината Бутел.Борбата за поздрава и почиста средина е процес кој трае без прекин и во неа треба да бидат вклучени и надлежните институции, но и граѓаните со своето одговорно однесување. Само заедно, со заеднички напори, може да ги достигнеме стандардите кон кои сите тежнееме, а граѓаните да го остварат своето право на чиста и здрава средина“, се вели во соопштението од Град Скопје.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец од минувачи украл златен ланец и златни обетки

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторени четири дела  – Тешки кражби од чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен ланец во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до неа и и го скинал од вратот.Потоа на 28 ноември на Камен мост од увото на една оштетена со рака скинал златна обетка вредна 15.000 денари, на 1 декември во близина на хотелот „Арка“ на ист начин одзел златна обетка вредна 6.000 денари, а на 3 декември кај Зелен пазар од увото на една оштетена скинал обетка вредна 10.000 денари.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.фото: aravot.am

Скопје | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Камчев: Сите кои имаат платено реклама во 1ТВ биле гонети од Катица Јанева и Бојан Јовановски

Јодарн Камчев кој денеска во судот се појави како сведок во афетара „Рекет“ одговори на многу прашања. Меѓу другото тој кажа:„Сите кои имаат платено реклама во 1ТВ биле гонети од Катица Јанева и Бојан Јовановски. Тој случај е отворен за да се изнудат пари. Нема да дозволам моето лице да го гаѓаат вакви накази како Бојан Јованоски и Катица Јанева“ „Јас ќе докажам дека сум чист ако има утре судска постапка за „Империја“. Доколку сум сторил криминал, ќе искочам да одговорам пред јавноста. Јас сум човек кој вработува 3 илјади луѓе и најголем плаќач на данок“, истакна Орце Камчев кој денеска сведочеше во аферата „Рекет“.„Со ова што го направив е голема заслуга за оваа држава“, додаде Камчев.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

nesreka-prvi-momenti

Вложена жалба против одлука за замена на мерките за обезбедување во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци

Oсновното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на Решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост.Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот  од чл.300 вв чл.297 ст.1  и на раководителот на станицата за технички преглед обвинет за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот  од чл.300 вв чл.299 од Кривичниот законик.Обвинителството во поднесената жалба истакнува дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетите како основ за притворска мерка и дека ниту една друга мерка не е доволна гаранција за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Камчев му одговори на Боки 13: Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство

Во домот кај Бојан Јовановски, на една од средбите кои ги имал со Орце Камчев и Зоран Милевски Кичеец, присутен бил и актуелниот министер за здравство Венко Филипче. Средбата се случила  кон средината на март.– Во ниту еден случај не те наведував да ми вадиш слики од политичари, да ми покажуваш телефонски повици со политичари, да ја носиш Катица Јанева во „Аџибадем Систина“ на операција за слабеење што беше извршена. Бев повикан во твојот дом во присуство на Зоки Кичеец и на министерот за здравство Венко Филипче, одговори  Орце Камчев на прашање од Боки 13 за тоа дали свесно злоупотребувал политичари и што правел бизнисменот во домот на Боки.-Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект?, го праша Јовановски сведокот Камчев.„Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев, кој на инсистирање на обвинетиот за кој министер станува збор, рече дека бил Венко Филипче.Камчев додаде дека тогаш му било понудено нешто што го одбил без да прецизира за што станува збор.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

kokain

Сузбиен меѓународен канал на транспорт на дрога од земјите на Западна Европа во Македонија

Полициски службеници од МВР на Република Северна Македонија во соработка со полициски службеници од МВР на Република Србија реализираа акција за спречување  на меѓународен канал на транспорт на дрога од земјите на Западна Европа во Република Северна Македонија во која се запленети  еден килограм и 58 грама кокаин.Во октомври и ноември 2019 година, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведена е истрага над организирана криминална група која се занимавала со организирање на транспорт на наркотична дрога „кокаин“, од земјите на Западна Европа во Република Северна Македонија. Групата се занимавала и со улична продажба на наркотична дрога „кокаин“ на подрачјето на Скопје, Тетово и Гостивар.На 06.12.2019 година во координација со Одделот за специјални полициски операции, лишен од слобода е Х.С (26) од с.Речане-Гостивар, кај кого во патничко моторно возило „сеат леон“ кое го управувал, а го паркирал на територија на Република Србија, во багажниот простор пронајдени се 1.058 грама кокаин. Х.С. кокаинот го транспортирал од Белгија до Република Северна Македонија. Исто така, лишени се од слобода и главните организатори на транспортот на дрогата Р.Љ (36) од с.Арачиново-Скопје и М.И (35) од с.Речане-Гостивар. Овие лица и претходно биле кривично пријавувани за дела од областа на недозволената трговија со дрога за што издржувале и казни затвор.По целосно комплетирање на доказите против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.фото: Архива    

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Благодарници на учесниците во спасувачката акција по земјотресот во Драч

Градоначалникот Шилегов и заменик градоначалникот Енвер Малиќи  денеска им доделија благодарници на пожарникарите и на доброволците коишто  беа дел од екипите што заминаа во Албанија и учествуваа во спасувањето на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч.Благодарници им беа доделени на доброволците Артан Демири, Исма Рамадани, Неџати Бериша, Зекирија Мурат и Јахи Исеновски, како и на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, Трајче Кметовски, Среќко Цимевски и Нуредин Мустафа.Пожарникарите и доброволците се приклучија на спасувачките служби и учествуваа во извлекување и спасување  на повредените во земјотресот, како и во расчистување на урнатините од  оштетените објекти.фото: Град Скопје 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Камчев: Имав педесет средби со Боки 13, не се сеќавам кога беше првата - Да ми е девојка ќе се сеќавам

Камчев како сведок. Адвокатот на Бојан Јовановски го праша сведокот на обвинителството Јордан Камчев: Кога беше вашата прва средба со обвинетиот Јовановски.„Педесет средби беа, не се сеќавам кога беше првата. Да ми е девојка ќе се сеќавам. Иницијативата за средбите беше на Јовановски.Инаку денеска Јордан Камчев се појави како сведок за афетата „Рекет“. Тој кажа  дека Боки 13 ја одби нивната понуда од 40.000 евра за реклама за Аџибадем Систина, па потоа пак се сретнале по негово барање за финансирање на изградба на шопинг молови на локација во Карпош 4 кај Гранит“, Камчев додаде дека му било кажано дека проектот  чинел 4 милиони евра. 

Македонија | пред 6 години

G.-Stardelov

Георги Старделов – добитник на светската награда за хуманизам за 2020 год

Добитник на Светската награда за хуманизам за 2020 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е академик Георги Старделов, еден од водечките визионери и македонски градители на европската и светската хуманистичка идеја. Професорот Георги Старделов е автор на импозатен опус од доменот на филозофијата, естетиката и критичката мисла, објавен на голем број на јазици на сите пет континенти. Тој е четиринаесеттиот добитник по ред на ова исклучително признание, а прв од Македонија, со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, академик Георги Старделов истакна: „Исклучително сум почестен што Охридската академија на хуманизмот го вброи моето име на оваа светска награда со огромен престиж што досега била доделена на личности кои оставиле длабоки траги во светската историја на хуманизмот.“Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 18 јануари 2020 година, наспроти големиот празник Богојавление, во куќата на Уранија на МАНУ. Пригодни беседи за Старделов ќе одржат Јордан Плевнеш и Жан-Патрик Конрад, професор на Ројал колеџ од Лондон, и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, ќе му ја врачи наградата на добитникот Старделов, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО. Истата вечер, со посебно признание ќе му биде одадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“, коешто во текот на следната година ќе биде свечено поставено  на плоштадот „Долна Порта“.

Македонија | пред 6 години

divi-deponii

(ВИДЕО) Мапирани 42 диви депонии во НП Маврово

Мапирани дивите депонии во Долнореканскиот крај. Целта е со овој проект да се обелодени и актуелизира сериозноста на повеќедеценискиот проблем со дивите депонии во Националниот парк „Маврово“. Проектот го спроведе здружението за екологија и унапредување на културата и спортот „Тритон“ од Ростуше, во соработка со НВО Инфоцентарот.   Со помош на локалното население од 11 села лоцирани  и снимени со дрон се дури 42 депонии. 

Македонија | пред 6 години

06122019_VRSM_polozhuvanje_na_cvekje-2

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје

Делегација на Владата на Република Северна Македонија денес положи свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Народната и универзитетска библиотека во Скопје, по повод празникот – 8 декември, Ден на Свети Климент Охридски.Во чест на Свети Климент, основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“ и патрон на МПЦ-ОА, на овој настан делегацијата на Владата ја предводешеминистерот за култура, Хусни Исмаили, во придружба на заменикминистерката за образование и наука,Елизабета Наумовска и националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски. 

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Камчев без влакна на јазик ги обелодени сите - Империја е исконструиран случај од Боки13 и Катица Јанева, вели тој

Бизнисменот Јордан Камчев го започна своето сведочење во случајот „Рекет“ каде е повикан како сведок на Обвинителството.Орце Камчев знаел дека го прислушуваат, а за тоа вели дека добил информација од адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која му ја определи мерката притвор за „Империја“.„Во август 2018 прв пат слушнав дека има нешто против мене кога ми се јави адвокатот Васил Димишков преку директор на една банка, иако и претходно имaше гласини. Тој ми кажа дека сум ставен на ПИ мерки и побара 100.000 евра да ми среди поблага мерка. Ако бара ОЈО притвор, ќе ургирал да добијам поблага мерка. Јас го одбив оти знам дека не сум направил ништо. Империја е исконструиран случај од Боки13 и Катица Јанева. Боки 13 ја одби нашата понуда од 40.000 евра за реклама за Аџибадем Систина, па потоа пак се сретнавме по негово барање за финансирање на изградба на шопинг молови на локација во Карпош 4 кај Гранит“, кажа Камчев . Тој даде дека му рекле дека немал контакти со градоначалникот Богоев, оти овој го заебал, иако овој му помогнал“, истакна Камчев.Камчев додаде дека му било кажано дека проектот  чинел 4 милиони евра.„Кога го одбив ми рече дека потписник е Лазар Јанев, син на Катица и ми кажа дека е паметно да размислам. Пак го одбив. Потоа беше понуда за старачките домови, пак со препишан проект од странство со нереални бројки, пак за 4 милиони евра па го одбив. Кичеец пак ми се јави и ми рече дека Боки е љут, па му платив 180.000 евра за реклама на 1 ТВ. Практично немаше реклaма туку рекет за да не пишуваат за мене ништо. Потоа пушти фотка негова со Јанева на Инстаграм со наслов нешто големо се спрема“, кажа Камчев.Според бизнисменот во Империја вмешана е и обвинителката Лиле Стефанова.„Таа преку Ванчо Чифлиганец барапе локал за ќерка и, не се само овие двајца тука, треба да бидат обвинети уште многу за Империја која е поради тоа што не сакав три пати да дадам рекет. 2,4,6 или 8 милиони евра за моја слобода е понудата која и е дадена на мојата сопруга Ана која ова и е понудено на средба со Димишков во еден стан во Капиштец каде е Боки и Кичеец. Втората средба е во некоја канцеларија каде бил и Јанев, и пак го нагласувал тоа Третата средба е во Орман во стан каде е и Јанева каде паѓа закана дека ќе отвори уште 3,4 пријави против мене ако не даде пари“, истакна Камчев.

Македонија | пред 6 години

krit

Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го погоди регионот на грчкиот остров Крит. Како што објави европско-медитеранскиот центар за следење на земјотресите, епицентарот бил на длабочина од околу 10 километри.Според податоците, земјотресот бил на два километри длабочина и 317 километри од Атина.Како што пренесуваат грчките медиуми, земјотресот траел околу две минути.

Свет | пред 6 години

gradinka-2

Од 1 ви јануари во Нови Сад градинките ќе бидат бесплатни за сите деца

Од 1 ви јануари 2020 година трошоците за престој на децата во градинка, комплетно ги превзема градската управа, родителите повеќе ништо нема да плаќаат,  најави градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ.„Престојот на околу 16.500 дечиња во градинките во Нови Сад  потполно ќе го финансира градот, истакна Вучевиќ , а пренесе Танјуг.Тој уште додаде дека државата издвојува средства за вонтелесно оплодување, најавува изградба на станови за млади брачни парови  по многу поволни цени, но според него и тие како локална самоуправа сакале да се вклучат и да дадат придонес на начин што родителите ги ослободуваат од плаќањето за градинка за децата.фото: Архива 

Свет | пред 6 години

kamcev-janeva-696x392-696x392

Јанева и Камчев во судница, Ана Камчева не дојде оти имала температура

Оштетената странка во случајот „Рекет“, Орце Камчев се појави во судот каде треба да даде исказ за тоа што Катица Јанева и Боки 13 барале од него во замена за милионот кој го земале. Во судот не дојде да сведочи неговата сопруга Ана Камчева, со образложение дека има температура.Во судот беше спроведена и експсецијалната обвинителка Катица Јанева, која е во домашен притвор. Се очекува да биде донесе и Боки 13.

Македонија | пред 6 години

sudenje-reket-site-obvineti-696x464

Боки 13 се жалеше на здравствената состојба, судијката жестоко реагираше - Камчев му се смееше

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 повторно се пожали дека не може да го следи судењето поради неговата здравствена состојба и бараше одложување, по што судијката жестоко реагираше. Таа му порача да не се јавува за збор, доколку не станува збор за судската постапка, во спротивно, ќе го испрати назад во затворот „Скопје“ и нема да му дозволи да го следи судењето.„Затворскиот лекар ми кажа дека не може да гарантира за моето здравје“, на што судијката рече „Ако продолжите да говорите за вашето здравје, ќе ве извадам од судница“.За време на бурната реакција од судијката, оштетениот бизнисмен Орце Камчев се смееше.

Македонија | пред 6 години

deca-autizam-zagaden-vozduh

Куманово, Скопје и Битола се гушат - нивото на загаденост дури шест пати над дозволеното

Најзагадени градови синоќа Куманово , Скопје и Битола. Граѓаните се гушеа. Мерните станици покажуваа нивоа на загаденост дури шест пати над дозволеното ниво а утринава ситуацијата е малку подобра.Граѓаните преку социјалните мреи споделуваат фотографии од апликации на кои се гледа загаденста о аплераат: „Ако не морате не излегувајте“.Според податоците на мерната станица и апликациите за мерење на квалитетот на воздухот, Куманово вчера од 18:00 часот, се до полноќ  покажуваше надминување на граничните вредности на ПМ10 честичките неколку пати повисоко од граничните вредности, особено во централното градско подрачје во реонот помеѓу двата булевари „Октомвриска револуција" и „Трета МУБ".Општина Куманово претходно донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој опфаќа садење садници, аеросолизација, повеќе краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, меѓу кои клучна е  гасификацијата.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-22

Незадоволен полициски службеник пукал во станицата во Прилеп

Вработен во МВР вчера околу 15:15 часот во просторија која ја користи Агенцијата за национална безбедност, сместена во Полициската станица во Прилеп, испукал куршум од службеното оружје во подот.-Вработениот во МВР, со иницијали З.М. денеска во просторијата што ја користи Агенцијата за национална безбедност, од службеното оружје, пиштол, испукал еден куршум во подот. Од испукувањето нема поврдени, а е причинета незначителна материјална штета. За случајот известен е јавен обвинител и е извршен увид на местото на настанот,  истакна портпаролот на МВР Тони Ангеловски.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Прилеп преземаат мерки за расчистувањето на настанот.За овој настан постојат неофицијални информации дека, од една страна вработениот не бил задоволен од прераспределувањето, а од друга, испукувањето се случило ненамерно при раздолжувањето со службениот пиштол.извор: MИА

Македонија | пред 6 години

ziva-zapalile

Жива ја запалиле, затоа што одела да сведочи дека била силувана

Група на мажи запалиле 23- годишна девојка која како жртва на силување одела на судење на северот на Индија, а помеѓу убијците се наоѓал и силувачот.Жената одела на сослушување за случајот во кој таа обвинила двајца мажи дека ја силувале, во март во државата Итра Прадеш. Таа сега е во критична состојба во болница, каде се лекува од тешки изгореници.Петмина мажи, вклучително и двајцата обвинети дека ја силувале, се уапсени под сомнение дека ја запалиле, соопшти полицијата.Жената се движела кон железничката станица, кога група мажи ја нападнале и ја одвлекле до некое место во близина, каде што ја запалиле.фото: Wustoo 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Баба Перса на Заев му ја кажа вистината во очи

Зоран Заев ништо не работи. Неговите лаги веќе не минуваат. Неговото „ќе” и празните ветувања со кои ги потценува обичните луѓе, предизвикуваат револт. Граѓаните во лице му кажуваат дека не го бива. Не му завршија работа провладините телевизии и пропагандата платени со рекетирањето на СЈО. Баба Перса му ја кажа вистината во очи, иако се обиде да ја спречи и наклевети во негов стил, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Граѓаните повеќе не се плашат. Оваа власт потроши три години од нивните животи и не направи ништо за нив и за државата. Додека Заев и неговите ја раскрчмуваат државата и делат милионски тендери, граѓаните газат по кал и немаат водовод и канализација.  СДСМ ја задолжи државата за над пола милијарда евра, а граѓаните од скопско уште газат во кал.Граѓаните се доказ дека не блескаме. Реалноста која му беше предочена на Зоран Заев е секојдневие за народот, кој не гледа преку розевите наочари на Заеви.  На бедата мора да и се стави крај. По 12 април следува работа и обнова на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

silegov-cair

Општина Чаир: Платите на сезонските работници се редовно исплатени

Општина Чаир осудувајќи ја остро манипулативната тенденција и дезинформирањето на јавноста преку денешната објавена вест на TV21, известува дека платите на сезонските работници се редовно исплатени.За да го докажеме тоа ги повикуваме сите медиуми да дојдат во Општина Чаир и да извршат увид во изводите од реализираните исплати на платите за сезонските работници во последните три месеци на вработените кои денес искажаа невистини. За објавените невистини ќе ги преземеме сите предвидени законски мерки.Во етиката на новинарското работење на секој медиум е секое верифицирање на фактичката состојба да се изврши на аргументиран начин и да не се објават вести во служба на манипулативниот сензационализам.фото: Архива

Скопје | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Орце и Ана Камчеви денеска ќе сведочат за „Рекет“

Денеска продолжува закажаниот судскиот процес за случајот „Рекет“. Како што најави судот, на денешното судење се очекува да сведочат Орце и Ана Камчеви по предлог на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.Во „Рекет“ првообвинет е Бојан Јовановски- Боки 13 за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева е третообвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“.Второобвинетиот Зоки Милевски- Кицеец веднаш призна вина за делото „Примање награда за противзаконито влијание“ па беше осуден на затворска казна од три години.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

silegov-cair

(ВИДЕО) Вработени во општина Чаир му се пожалија на Шилегов: Земаме 9000 и покрај законскиот минималец од 14 500

Вработени во ЈП во општина Чаир му се пожалија на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов дека земаат 9000 ден плата, и покрај законскиот минималец од 14 500. Шелиегов на тоа им вели дека неможе да земаат  9000 кога законот вели 14 000. Додека се води разговорот пристигнува и градоначалникот на кого Шилегов му вели: Дај им 14 000, а тој одговара: А ха после Нова Година.Видеото на ТВ 21 ја пренесува комплетната слика и преписка околу платата на вработени во ЈП во Чаир.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/710515476145841/?v=710515476145841

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања