Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

ohrid-12

А1ОН: Охрид нема пари за уривање дивоградби

Охрид нема пари за уривање дивоградби. Од Општината за „А1он“ велат дека сите пари предвидени за уривање се потрошени, иако градежните работници не урнаа ниту еден објект. Охрид требаше да урива на неколку локаци, но сопствениците бараа сами да си ги отстранат дивоградбите, по што работниците се повлекуваа. Градоначалникот Константин Георгиевски за уривањето предвиде 25 илјади евра, а на забелешките дека сумата е ниска за уривање на над 1000 дивоградби – тој најави дека поддршка ќе добие и од Владата.„Од постојниот буџет се останати многу малку средства наменети за отстранување дивоградби. Со ребалансот на буџетот се предвидени нови 2 милиони денари, по што ќе се распише нов тендер, за избор на нова фирма“, велат од Општина Охрид за „А1он“.Текстот во целот на: А1ОН

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Отстранети 322 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (28.11 - 04.12.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 322 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 277 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  431 возилo, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 45 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.фото: Архива 

Скопје | пред 6 години

krazba-kradenje

Фатен Скопјанец кој крадел златен накит од минувачи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 52.000 денари. Пријавениот ги извршил делата на идентичен начин во периодот од 18.11.2019 до 03.12.2019. Тој, со употреба на сила, од оштетените одземал златен накит кој го носеле на нив. Првото дело го извршил на 18.11.2019 на ул.„11-ти Октомври“, а останатите три во близина на Камениот мост во Скопје на 28.11.2019, на 01.12.2019 ина 03.12.2019. А.С. е приведен во полициска станица. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетник измачувал и усмртил две кучиња во Скопје

На 04.12.2019 во 17.00 часот, полициски службеници на СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го привеле Г.С.(17) од Скопје поради тоа што на 15.09.2019 во парк на ул. „АВНОЈ“ во Скопје со тврд предмет измачувал и усмртил две кучиња. Со него бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 233 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 6 години

medena-zemja

Според њујоршките филмски критичари, најдобар документарец за 2019 - „Медена земја“

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ доби награда за најдобар документарен филм во 2019 година од Друштвото на њујоршки филмски критичари. 85-та церемонија ќе се одржи на 7 јануари на годишната гала на Њујоршките филмски критичари.Според изборот на NYFCC, најдобар филм во 2019 е „Ајришмен“ на Мартин Скорсезе. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на гала-вечер на 7 јануари во Њујорк.„Медена земја“ минатиот месец освои две награди и на Изборот на критиката за документарци во САД во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена награда за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.Филмот е и меѓу петте номинирани за најдобар документарец на Европските филмски награди за 2019 година кои ги доделува Европската филмска академија (ЕФА). За овој избор одлучуваат гласовите на 3 600 членови на ЕФА, а победниците ќе бидат прогласени на свеченост задутре (7 декември) во Берлин.фото: Архива

Магазин | пред 6 години

koli

Германците се ослободуваат од 350.000 нови дизел автомобили, ќе завршат ли овие автомобили на балканот?

По скандалот со Фолксваген, каде беше откриено дека компанијата мамeла за емисиите на јаглерод диоксид на повеќе од 11 милиони дизел-автомобили, се повеќе и повеќе европски градови наметнуваат ограничувања или забрани за дизел возила, што во неповолна состојба ги става дилерите на половни автомобили, јавува Дојче веле.„До неодамна, продажбата на дизелот одеше одлично, а сега не можам да се ослободам од нив заради овие забрани. Еве, Пасат дизелот, Еуро 6, нов автомобил кој инаку чини 28 илјади евра, денес не можам да го продадам за 21 илјади“, вели Акајгун Хасан, сопственик на плац за продажба на автомобили во Германија.Според германското здружение на дилери на автомобили, тригодишен дизел автомобил, со 45.000 поминати километри, изгубил половина од својата вредност, а во рацете на германските дилери такви се останати 350.000, во вредност од вкупно пет милијарди евра, не можејќи да најдат купувачи.Германците сè помалку купуваат дизел заради забраната, односно ограничувањата, т.н. еколошки зони, кои се воведени во околу 50 германски градови последниве години. На пример, на дизел автомобилите им е забрането влегување на две улици во центарот на Штутгарт и три улици во Хамбург, а според најавите, забраните ќе бидат уште поригорозни во иднина.На дизелите им е забрането да влегуваат во центарот на Штутгарт и Хамбург, а според најавите, забраните во иднина ќе бидат уште построги. По стапките на германските градови тргнуваат и Милано и Лондон.фото: saviniwheels.com 

Свет | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски за финансиската зона во Скопје: Нашиот концепт се засноваше на финасиска зона со многу висок кредибилитет, прифатена од ММФ и ЕУ

НОв ФБ статус на екс премиерот Никола Груевски од Унгарија.  Овој пат тој преку фејсбук објаснува што се сакало да се постигне со финансиската зона во Скопје, велејќи дека  деновиве во јавноста излегоа многу невистини. Во некои медиуми прочитав текст со многу невистини поврзан со замислата на владата која ја предводев за креирање на меѓународна финансиска зона во Скопје. Текстот изобилува со многу неточни работи и информации, но ќе се осврнам само на најважните. Во продолжение ФБ статусот на Никола Груевски во целост:Од првиот ден откако почнавме да разработуваме идеја за меѓународна финансиска зона, како економски тим имавме замисла дека финасиската зона нема да функционира на принцип на “оф-шор”.По тоа прашање немавме дилеми, како што немавме дилеми дека во никој случај зоната не смее да дозволи било што нелегално или компромитирачко, вклучувајќи било каква можност за перење на пари.А текстот кој го прочитав се заснова токму на тоа.Идејата и визијата беше да се привлечат мултинационалните финасиски компании своите главни седишта да ги префрлат во Македонија и од тоа Македонија да има повеќестрана корист.Идејата беше со цел да добие кредибилитет и доверба, како и атрактивност, во зоната да важат финасиските и регулаторни закони на Англија, имаше и идеи да важат законите на Луксембург или комбинација од двете, иако повеќе преовладуваше Англија. Додадената атрактивност ќе беше што ќе понудевме прилично пониски даноци и севкупни трошоци од Англија, земја чии главен град е еден од најголемите финансиски центри во светот.Двете се земји членки на ЕУ, со законодавство усогласено со европските директиви и не сум слушнал дека се перални на пари или некакви оф-шор дестинации.Имаше размислувања низ работните дискусии, регулаторните тела кадровски да се екипираат со поранешни или скоро пензионирани високо кредибилни и авторитетни личности од земјите од кои ќе се применеше законодавството, како поранешни гувернери или заменици гувернери на централна банка на Англија или поранешни членови на комисија за хартии од вредност или поранешни членови на супервизија на осигурување, поранешни високо ценети судии од Англија и други лица со високо ниво на стручност, искуство и пред се личен кредибилитет и интегритет. Такви високо кредибилни и авторитетни личности на светско ниво се размислуваше покрај домашните преставници да влезат и во бордот на зоната чии присуство за финасискиот свет на глобално ниво требаше да преставува гаранција за сериозноста на проектот. Само така можеше да се надеваме на финансиски центар кој би бил меѓународно респектиран и кредибилен.За таа цел беше потребна промена на уставот во смисла дека со посебен закон на одреден дел од територијата на земјата може да се примени законодавството на друга држава.Имаше повеќе меѓународни консултанти кои преку повеќе мои соработници се понудија да дадат идеи и да пружат услуги во развојот на таа идеја. Се сеќавам дека имаше некои од Германија или Швајцарија и од други, главно европски држави, но не исклучувам некои од нив да биле регистрирани во Лондон. Ги слушавме идеите и предлозите на сите нив, но ние градевме наш, а не нивен концепт. Нашиот концепт се засноваше на финасиска зона со многу висок кредибилитет, прифатена од ММФ и ЕУ и контролирана од нив.Неможам да знам дали некој од нив имал нечесни намери и планови, но знам дека ние имавме чесни намери со кои, доколку проектот се спроведеше, Македонија ќе добиеше една сериозна додадена вредност во финасиската сфера, сериозни приливи во буџетот, вработување, знаење и искуство на стотици и илјадници наши граѓани, а корист ќе имаа и услужните дејности како многу сметководители, адвокати, авио компании, хотели, агенции за недвижности, ресторанти, кетеринг служби, рент-а-кар агенции итн имајќи во предвид дека во земјата ќе доаѓаа голем број многу богати луѓе.Со никој од заинтересираните консултанти не склучивме договор за соработка. Ако некој од нив навистина имал такви планови како што е наведено во текстот, сигурно ќе бил многу разочаран доколку се реализираше меѓународната финансиска зона во Скопје, каков што работен наслов имаше, напиша Груевски на ФБ.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157922231202716?__tn__=K-Rфото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ:Заев се противи на предлогот за испитување на потеклото на имот за политичарите, затоа што за милионите на Заеви нема оправдување

Зоран Заев три дена молчи во врска со предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лица кои биле амнестирани да не се занимаваат со политика, како и лица кои се во политиката да не можат да бидат амнестирани.  Зоран Заев бега од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски, затоа што е амнестиран криминалец за криминал од 8 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев се противи и на предлогот за испитување на потеклото на имот за политичарите, затоа што за милионите на Заеви нема оправдување.Зоран Заев бега од предлогот политичарите кои се аспиранти за премиер да имаат статус на кандидат мандатар, за кандидатот кој ќе ги загуби изборите да се повлече од политиката и да не се крие зад пратеничкиот имунитет.Зоран Заев гледа прибежиште за својот криминал во пратеничкиот имунитет. Тој мисли дека ќе се спаси од кривичен прогон.Зоран Заев молчи затоа што е исплашен и знае дека аќе ги изгуби изборите на 12 април. Зоран Заев е премиер кој заговара амнестија, се плаши од испитување на потекло на имот, и не се откажува од пратеничкиот имунитет, зошто така мисли дека нема да одговара пред законите.Зоран Заев треба барем да се охрабри и да каже дека не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. За граѓаните да знаат точно за каков човек станува збор, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Времето денеска облачно и студено со сончеви периоди

Денеска ќе преовладува променливо облачно и студено со сончеви периоди. По одделни котлини магливо. Попладне облачноста ќе се намали.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини магливо и студено. Кон крајот на денот од запад ќе започнат повремени врнежи од дожд кои ќе траат и преку ноќта.извор: УХМР

Македонија | пред 6 години

larry-sergey

Основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин, се повлекоа од функциите

Извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи ќе го замени Лари Пејџ како извршен директор на матичната компанија „Алфабет“, соопшти компанијата. Пејџ и Сергеј Брин, кои ја основаа компанијата пред 21 година, се повлекуваат.– Иако беше огромна привилегија да се биде длабоко вклучен во секојдневното управување со компанијата толку долго, сметаме дека е време да ја преземеме улогата на горди родители, нудејќи совети и љубов, но не и дневно приговарање, напишаа Пејџ и Брин во блог.„Алфабет“, која исто така е сопственик на технолошката компанија за автономни возила „Вајмо“, на компанијата „Верили“ за здравствен софтвер и неколку други компании, се појави во 2015 година како дел од корпоративно реструктуирање.Како што пренесуваат странските медиуми, Пејџ сакаше да се фокусира на новите компании додека оперативните одлуки во најголемата единица на „Алфабет“ – „Гугл“ ги препушти на Пичаи.Пејџ и Брин ќе останат директори, но ќе се повлечат од функцијата извршен директор, соопшти „Алфабет“.фото: New York Post 

Свет | пред 6 години

voda-kanabis

Во македонските маркети започна продажба на вода со канабис

Релакс водата во чиј состав има канабис веќе се продава на рафтовите во еден ланец на маркети, а може да се набави и со еден клик на интернет, објави „Нова ТВ“.Вода за пиење која во својот состав има канабис од неодамна може да се види на полиците во еден ланец на маркети. Водата се продава во фрижидерите и рафтовите заедно со другата вода на дофат и на деца, но може да се купи и он-лајн преку интернет.На самата амбалажа со крупни букви пишува дека овој енергетски производ е за релакс и дека содржи канабис. Се заинтересиравме да видиме колкав процент на канабис во себе содржи оваа вода која е наменета за релаксација и во колкава количина во својот состав има ЦБД, но такво објаснување нема.За да биде појасно, за ЦБД се вели дека покрај при состојби на анксиозност, помага кај нервози, депресија, мускулни спазми, кај гадење и повраќање особено при хемотерапија кај болните од рак, ублажува болка, а се применува и кај малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични напади во детска возраст.Во позадина на амбалажата со ситни букви покрај другите елементи од составот е наведено дека содржи „мултифрут екстракт од семе од коноп“. Никаде не е назначено дали и во кој процент содржи ЦБД бидејќи само тоа е дозволено за употреба, кој го контролира составот и дали гарантираат дека во својот состав нема психоактивната супстанца ТХЦ, или траги од истата. Ова особено, што според експертите овие две супстанци при производството на екстракт тешко се одвојуваат една од друга.Производот кој за разлика од другата вода е двојно поскап бидејќи станува збор за енергетски производ. На каса продавачката се насмеа и кратко праша: „Ќе се релаксирате?“, пишува порталот.Во продавницата ни потврдија дека производот донесен од скоро и луѓето се уште не знаат за него. За тоа дали ќе го купуваат деца, тие велат дека немаат никаква одговорност.Текстот во целост на:  „Нова ТВ“.

Македонија | пред 6 години

ustaven

Уставен суд се тргна од корегирање на амнестијата за 27-ми април, велат собранието е надлежно

Уставниот суд со шест гласа „за “ ја отфрли иницијативата за укинување на селективната амнестија што ја поднесе осудениот поранешен директор на Биро за јавна безбедност Митко Чавков. Со иницијативата Чавков тврди дека овој закон е селективен бидејќи беа опфатени 15 од вкупно 33 обвинети лица и со тоа ги крши основните слободи и права на човекот загарантирани со Устав.Според Уставните судии пак со највисокиот правен акт е предвидено дека амнестијата е во единствена надлежност на Собранието и судот не смее да го завзема неговото место.Инаку, со Законот за амнестија се ослободија и запреа судските постапки на обвинетите и осомничените учесници во крвавите настани, освен за организаторите на крвавиот упад и осудените за  обидот за убиство врз пратеникот Зијадин Села. Од 33 обвинети, амнестијата опфати 15 лица. . Меѓу нив беа петтемина пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василески, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, и водачите на протестите Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски. На затворски казни од 7 до 18 години беа осудени 17 лица.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Antonio-Milososki

Милошоски: СДСМ и ДУИ, замислете донесоа заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11 од законот за помилување, бидејќи таков член воопшто не постоел

Седум дена владата на аболицираниот Заев ја замајува јавноста со измислена тема која што имаше за цел да ги покрие нивните неуспеси во економијата, во корупцијата, во правосудството, во животната средина, во здравство и во се друго, а, граѓаните да се занимаваат за нешто што било или не било пред три, пет или дваесет и пет години, итакна Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.Апсурдот да биде поголем оваа правна неписменост на Владата на аболицираниот премиер Заев заврши со Комисија за законодавно правни прашања во која што мнозинство има владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ, кои што замислете донесоа заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11 од законот за помилување, бидејќи таков член воопшто не постоел.Една недела министерството за правда тврди дека мора да има автентично толкување, една недела портпаролот на партијата на аболицираниот Заев држи прес конференции и повикува дека опозицијата мора да гласа за автентично толкување. За на крајот самата Комисија да заклучи дека нема потреба од автентично толкување на член кој што не постои.Зошто е ваквиот исход на СДСМ и нивните коалициони партнери затоа што во последен момент станаа свесни дека опозицијата нема да се однесува на начин што ќе им овозможи тие да прават некакви изговори. И второ затоа што сфатија дека доколку Комисијата и Собранието донесат автентично мислење и толкување дека членот 11од законот за помилување не постои тој автоматски ќе мора да стане составен дел односно да се избрише од законот за помилување од 93-та година наваму. И тоа значи дека единствениот политичар корисник на членот 11 за помилување премиерот Заев ќе немаше помилување и случајот „Глобал“ кога беше помилуван 2008 година ќе мораше повторно да се отвори.СДСМ влезе во една стапица повикувајќи ја цела јавност дека мора да се донесе автентично толкување на членот 11, за да на крајот видат дека и министерката Дескоска и премиерот во заминување Заев се правно неписмени и да ги примораат нивните пратеници да не донесат заклучок и да не се изјаснат за членот 11 кој што не постои, а ја замараат јавноста една недела со овој измислен член.Затоа би сакал уште еднаш да напоменам дека Владата и парламентарното мнозинство очигледно е дека немаат добра координација. И со оваа влада не само граѓаните, туку целиот политички систем живее во една правна несигурност. Која што за жал е промовирана од министерството за правда.После ваквото фијаско и конфузија во правните состојби и закони сметаме дека СДСМ и аболицираниот премиер Заев е корисно да одговорат на прашањата кои што не им се омилени.Зошто Зоран Заев не прифаќа иницијатива да се донесе закон во кој што аболицирани политичари нема да можат во иднина да се занимаваат со политика или со вршење на јавна дејност?Зошто Зоран Заев избегнува да се измени законот за помилување каде што на било кој политичар ниту сега, ниту во иднина нема да може да му се даде помилување?И зошто Зоран Заев не го прифаќа принципот на измени во Изборниот законик тој кој што ќе биде кандидат за мандатар на новата Влада, да не биде и кандидат за пратеник?Затоа што, тој што ќе обеди ќе формира Влада, а оној кој што ќе изгуби нема да може да се крие зад пратеничкиот имунитет доколку носи било каква одговорност.Сметаме дека на овие прашања Заев треба да одговори, му остануваат уште триесет дена. Помина многу време од ова неспособно владеење на владата на аболицираниот Зоран Заев, ќе поминат уште 30 дена и ќе си честитаме Нова година со „Збогум Заев и никогаш повеќе“, истакна Милошоски.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Заев: Иднината на Северна Македонија е Главното Седиште на НАТО во Брисел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на Состанокот на лидерите на НАТО по повод 70 годишнината од постоењето на алијансата.Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев:Овие два дена во Лондон, кога нашата Северна Македонија е претставена на највисоко владино ниво на Состанокот на лидерите на НАТО, по повод 70 годишнината од алијансата, се остварува на сонот, заедничкиот сон за национален успех на сите наши граѓани.Го живееме сонот на генерациите пред нас, на сите граѓани и лидери од нашата земја кои се вградени во остварувањето на стратешкиот стремеж кој започна со независноста на нашата земја – се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да ја направиме членка на НАТО.Иднината на Северна Македонија има адреса. На таа адреса е запишана трајната безбедност и сигурност за земјата и за граѓаните. Таа адреса е Главното Седиште на НАТО во Брисел.И во Брисел, исто како тука во Лондон, уште еднаш ќе се крене и ќе остане кренато знамето на Северна Македонија, како на земја полноправна членка на најмоќниот воен и безбедносен сојуз на светот.Тоа ќе биде многу скоро, откако последната земја членка и наш сојузник – Шпанија, ќе ја депонира ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја за членство во НАТО во Вашингтон.За тоа добив апсолутно уверување од шпанскиот премиер Санчез.Овие два дена во Лондон, во друштвото на лидерите на сите земји членки, на средбите со премиерите на Обединетото Кралство и на Канада Борис Џонсон и Џастин Трудо, потврдуваме дека НАТО е најмоќниот безбедносен и воен сојуз, но и симбол и синоним на највисоки демократски вредности, а ние сме дел од ова моќно семејство.Како дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност, земја во која граѓаните, младите и децата имаат сигурна иднина.Денеска со право можеме да кажеме дека сме дел од глобалните процеси кои не ставаат во редот на сојузниците со кои заеднички ќе се справуваме со сите конвенционални и хибридни закани за сигурноста, безбедноста, и за мирот.Овој генерациски успех на нашата земја нека биде поттик за ЕУ да ја поправи својата грешка во однос на нашето отпочнување на преговорите за членство, а за сите нас дома нека биде поттик уште посилно да ги продолжиме нашите реформи и да си ја направиме земјата уште поубаво и подобро место за живеење.Да ја одржиме мотивацијата и силната енергија што не крепеше на патот за членството во НАТО, со иста таква сила и во процесот за членство во ЕУ.Оваа гордост, што сосема оправдано сите граѓани ја чувствуваме овие денови, е горивото да продолжиме со одлучноста, посветеноста и храброста и да го завршиме и нашиот пат до членство во ЕУ.Македонските граѓани заслужија убава иднина, денес НАТО го потврдува тоа. 

Македонија | пред 6 години

panki.....

Галетановски за Вечер: “Сликата е стара, Панки не е во Скопје“!!!

Македонскиот пејач, Сашо Каимовски – Панки (52) од популарното дуо “Куку-Леле“, синоќа воопшто не беше забележан со директорот на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски во еден скопски локал, како што објавија денес голем број македонски портали и телевизии. Директорот Галетановски ја демантира оваа вест во изјавата за “Вечер“ велејќи дека сликата е стара цела една година, а тоа го потврдува со скриншот каде што убаво се гледа датумот кога се сликани Панки и Ѓорѓи.Директорот за “Вечер“/vecer.press вели дека Панки се уште не е на слобода, туку допрва се чека деновиве да биде пуштен и да си допатува во Македонија. – Ова е тотална измислица на секој оној портал или тв кои ја објавија веста, вели Галетановски. – Навистина стара е сликата цела една година, снимени сме на 30 декември 2018 година, а јас си ја ставив на мојот фб без да објаснувам кога е снимено, немав потреба за тоа.Текстот во целост на: vecer.press 

Македонија | пред 6 години

vilma

Русковска: Изречената казна за Кичеец е добра, дали ќе вложам жалба за висината, ќе решам откако ќе ја примам пресудата

Обвинителката Вилма Русковска смета дека изречената казна за Зоран Милески-Кичеец кој е третообвинет во случајот „Рекет“,  е добра.„Мислам дека изречената санкција е добра. Дали ќе вложам жалба за висината, ќе решам откако ќе ја примам пресудата. Искрено не очекував повика казна затоа што, сепак, е голем распонот на предвидената казна од една до 10 години, досега е неосудуван и најмногу затоа што призна вина пред почеток на главната расправа“, рече Русковска во изјава за медиумите пред Кривичниот суд во Скопје.Инаку Зоран Милевски – Кичеец останува во куќен притвор, одлучи судот, откако неговиот бранител го побара да се укине за да тој може да се грижи за неговата болна мајка. Кичеец ќе биде во куќен притвор се до правосилноста на пресудата која ја донесе судот. Третообвинетиот во „Рекет“ доби три години казна затвор, за што ќе се жали до повисоките судски истанци.Според обвинението, Кичеец само договрал средби меѓу Боки 13 и Орце Камечев.

Македонија | пред 6 години

Pcinski

Георгиески оствари средба со претставници од Јабланичкиот и Пчинскиот регион од Србија

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со  претставници на Секторот за туризам и локален економски развој денеска оствари    средба со  претставници на Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и  претставници од тамошните општини.  На средбата  се разгледуваа можностите за  препознавање  на заеднички интереси и можности за  заедничко постапување пред претсојните   европски програми. На состанокот  беше истакнато дека општина Охрид  е подготвена за заедничка соработка доколку се изнајдат соодветни форми  пред се во делот на туризмот  и искористување на средства од  ЕУ програмите. На предлог на општина Охрид добро би би било да се реализираат проекти од областа на туризмот,  инфраструктурата и заштита на животната средина.Градоначалникот беше информиран и за  проектот „Партнерство и градење капацитети, пат до одржлив развој“ кој има за цел вмрежување на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион и  македонските општини и подигнување на капацитетите на локалните самоуправи за учество во програми за прекугранична соработка. Во проектот е вклучена поддршка во подготовка и имплементација на ЕУ проекти (ИПА прекугранична соработка Бугарија – Србија и Србија – Македонија).

Македонија | пред 6 години

04122019_PVRSM_Zaev_sredbi_so_Trudeau_Sanchez_Merkel-14

Заев во Лондон се сретна со Трудо, Санчез и Меркел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамки на активностите на Состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, оствари средби и разговараше со премиерот на Канада, Џастин Трудо, премиерот на Шпанија, Педро Санчез и канцеларката на Германија, Ангела Меркел.Лидерите на овие земји сојузници на Северна Македонија изразија целосна поддршка и признание за историските исчекори кои ги направи Северна Македонија и уверување дека нивната поддршка за граѓаните на нашата земја ќе продолжи и ќе се зајакне во иднина.  фото: Влада

Македонија | пред 6 години

DSC09664-2

Ќе се набавува нов дијагностички ултразвук за тироида и вратна регија

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на потпишувањето договор за грант меѓу Амбасадата на Јапонија и Медицинскиот факултет за набавка на нов дијагностички ултразвук за тироида и вратна регија.Станува збор за грант во вредност од 23.165 евра, а новиот апарат апарат ќе се набави преку „Јапонската грант програма за мали проекти (GGP)“.  Со обезбедувањето нов дијагностички ултразвук за тироида и вратна регија, значително ќе се унапредат условите за третман на пациенти со заболувања на тироидата, а воедно ќе се зајакнат капацитетите за дијагностика на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина.- Овој апарат е од непроценливо значење и ќе го намали времето на чекање за цитодијагностички пункции, а со тоа ќе ја направи методата подостапна, истовремено подобрувајќи ја дијагностиката на тироидните заболувања. Сакам да се заблагодарам на јапонската амбсада за разбирањето, ангажманот и великодушноста која ја покажаа во оваа и во многу други прилики претходно. Се надевам и во иднина интензивната соработка ќе продолжи со несмален интензитет со цел да се подобри здравствениот систем и истиот да стане подостапен и поквалитетен, а сето тоа за добробитот и благосостојбата на нашите пацинти, на сите граѓани на Република Северна Македонија, посочи министерот.Амбасадорот на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. Кеико Ханеда, потенцираше дека соработката на Јапонија во областа на медицината има долга успешна историја и ќе продолжи да се зајакнува и во иднина.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Во Кочани тешко повреден малолетен пешак

Автомобил „Ауди КУ7“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Ц.(28) од Кочани, удрило во 17-годишен пешак од Кочани.Несреќата се случила вчера во 20.50 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани.-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што била пренесена во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

pavle

Уставен циркус и општо лудило

ФБ Статус на Павле Богоевски:Уставен циркус и општо лудилоБарањето за оспорување на Законот за амнестија за настаните на 27ми април е одбиено - Судот пресече дека Собранието има право да амнестира.Расправата по чл.11 од Законот за помилување (што би ги вратило на сила аболициите на иванов) е одложена.Гласањето за иницијативата по чл.353 од КЗ (што би ги урнало сите останати случаи на СЈО) не е ниту закажано.Повеќе од очигледно е дека целта на овие чекори од страна на дел од Уставните судии (читај: ВМРО и ДУИ) не беше некоја конкретна правна последица, туку самиот циркус кој го предизвикаа во јавноста. Ова не значи дека нема повторно да се обидат во некоја следна, предизборна прилика. Сигурен сум - и самите знаат дека овие правни решенија, иако можат да бидат подложни на дискусија, не можат да бидат оспорени.Мораме да бидеме свесни за лудилото кое нѐ очекува до изборите. Сега Мицковски, со сериозно лице, на сите ни кажува дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која ќе се справи со корупцијата и организираниот криминал и која ќе „ни го донесе“ владеењето на правото и правната држава.Човекот кој преку ноќ спечали хидроцентрали тврди дека ќе нѐ спаси од корупција. Човекот кој беше асистент кај татко му тврди дека ќе нѐ спаси од непотизам. Партијата со најмногу функционери под обвиненија и закана од затворска казна тврди дека ќе ни го реформира судството. Партијата која ја зароби државава тврди дека ќе ни донесе владеење на правото. Партијата на која груевски до вчера и' беше почесен претседател, помпезно бара тој да се врати и да си ја отслужи затворската казна.Лудило.Но, ова е само едната страна од паричката. ВМРО-ДПМНЕ знае дека со празни ветувања не може да постигне ништо. Затоа, тие ќе го направат сиот хаос кој можат да го направат пред избори. Нема да штедат никаква муниција за таа цел - ниту своите Сваровски судии, ниту своите „независни“ новинари со наративи од партија, ниту своите десни левичари.Допрва ќе гледаме лудило без причина и циркус само поради циркусот. Врзете ги појасите другари, нѐ очекува опасна вожња, напипша Богоевски на социјалната мрежа Фејсбук.https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10219660939457085

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Отворен дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години

Градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници од Црвениот крст на Град Скопје денеска отворија Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години, што е сместен на улицата Пролет, број 39, до Веро Џамбо. Отворањето на Центарот за возрасни лица со попреченост го гледам како голем чекор напред во оваа сфера на дејствување. Активното учество на локалната заедница во обезбедувањето поквалитетен живот за сите наши сограѓани е клучно за развој на целата заедница. Градот Скопје во изминатиот период активно работеше на полето на социјалната заштита при што интензивно се вклучува и во процесот на деинституционализација кој е исклучително важен за овие граѓани. Обезбедивме 24-часовна нега од негуватели за лицата сместени во мал групен дом во Скопје. Овозможивме помош и нега во домот за лица со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки од мултидисциплинарен тим кој е составен од доктор специјалист по семејна медицина, медицинска сестра, физиотерапевт, социјален работник, психолог, дефектолог и негуватели. Го поддржавме функционирањето на Центарот за лица со Даунов синдром. Овозможуваме услови за ангажирање помагатели на ранливи целни групи меѓу кои се и лицата со попреченост. Во соработка со Црвениот крст на Град Скопје годинава ангажиравме 12 помагатели да работат со 25 корисници од Скопје обезбедувајќи им ја негата и грижата која им е потребна. Очекуваме дека оваа активност ќе биде со зголемен обем во наредната година. Ова се само дел од нашите заложби да ја поддржиме и унапредиме деинституционализацијата во нашиот град, за да ја подигнеме свеста кај сите нас за значењето на еднаквоста во живеењето – рече денеска градоначалникот Шилегов. Тој упати апел до сите општини во градот да го следат примерот на Општина Центар и на Црвениот крст и колку што можат поактивно да работат на полето на социјалната заштита, за Скопје да стане поудобно место за живеење за сите, без исклучоци. Шилегов им честита на избраните „волонтери на годината“ од Црвениот крст за желбата да се подаде рака на нашите сограѓани на кои им е потребна помош, за мотивот да се негува хуманоста и напорите кои ги вложуваат со цел да се унапреди инклузијата. Тој на наградените волонтери денеска им додели благодарници. - Токму овие луѓе се најдобар пример како се гради хумано општество и како се сака околината во која живееме. Да продолжиме заедно и понатаму во борбата за едно похумано и поинклузивно Скопје, затоа што градот сме сите ние и затоа што успехот во достигнувањето на овие цели зависи од секој од нас – нагласи Шилегов.  

Скопје | пред 6 години

krazhba_chokoladi-1

Две лица од маркет украле над 36 000 денари

Две лица, на возраст од 28 и 30 години, се осомничени дека заедно како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајцата за кои постои основано сомнение дека на 2 декември влегле во маркет во селото Сандево и со закана со нож кон вработената, одзеле парични средства во вкупен износ од 36.600 денари.Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Се чека вештачењето од одземените телефони и компјутери од Ременски, Боки 13 и Мандиќ, па ќе се види што со истрагата за Меѓународен сојуз

Во предистражната постапка за Меѓународниот сојуз-Скопје каде се испитува дали  Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски переле пари преку организацијата, биле сослушани повеќето сведоци кои треба да се вклучени во постапката, а се чека вештачењето на одземените телефони кои се дадени кај форензичари за да се донесе одлука дали ќе се покрене обвинение.„Ги чекаме вештачењата од одземените телефони и компјутери, па да видиме кои чекори ќе ги превземеме. Сопругот на Ременски не е повикан меѓу сведоците“, рече Русковска.Според доказите на обвинителството, во периодот од јули 2017-та до апрлил 2018-та првоосомничениот Боки 13-ка организирал средби со неколку бизнисмени и ги довел во заблуда да инвестираат пари за да бидат изградени центри за стари лица на државно земјиште.„Во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото“, кажаа од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_13-1

Русковска: Милевски може да биде сведок во „Рекет“

Обвинителката Вилма Русковска не ја исклучува можноста Зоран Милевски-Кичеец да биде сведок во постапката против или на страната на Катица Јанева и Боки 13. Таа вели дека е добра изречената казна затвор од 3 години за Милевски, а дали ќе вложи жалба ќе одлучи откако пресудата ќе биде правосилна.„Во дополнување на доказна постапка, тој може да биде сведок. Не очекував повисока казна бидејќи е голем распонот на предвидената казна од 1 до 10 години. Тој досега не е осудуван и призна вина пред почетокот на главната расправа“, рече Русковска

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања