Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

Gjorge-Ivanov1

Уставен ќе почека пратениците ги истолкуваат помилувањата на Иванов

Уставните судии се премислија и решија засега да не одлучуваат за поништувањето на помилувањата кои ги даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во 2016 година. Според нив, треба да се почека Собранието да започне постапка за толкување на членовите од Законот за помилување, а потоа тие да одлучуваат за нивната уставност.Судиите оценуваат дали Иванов можел да ги поништи помилувањата кои ги даде на 56 лица во 2016 година, меѓу кои Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Зоран Заев, Зоран Верушевски и други.Претходно, уставни судии сметаа дека претседателот во согласност со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување.Иванов помилува вкупно 56 лица, а некои од нив и по неколку пати.

Македонија | пред 6 години

sjo-3

Ако СЈО остане без струја, дел од вработените нема да доаѓаат на работа - кој ќе гарантира безбедност на доказите?

Нема кој да им потпише налози за плати на 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство, се заканува исклучување на струјата и водата поради неплатени сметки, но никој не се загрижи за ова. Вработените кои останаа во зградата на СЈО велат дека наскоро ќе нема основни услови за работа, а дел од нив за „Скопје1.мк“ велат дека ако дојде до тоа, дека нема да одат на работа.Тие се револтирани, бидејќи откако сите обвинители се вратија во своите обвинителства, никој не е заинтересиран да ја среди состојбата во СЈО. Загрижени се и за материјалите кои останаа во зградата, бидејќи како што велат, ако нема стурја – нема да функционираат ниту камерите и безбедносните ситеми, а со тоа се остава простор да се наштети на доказите.Три месеци, сметките кои доаѓаат на нивна адреса стојат во секторот за финансии, но нема кој да одобри плаќање на истите. Пари има, но нема потпис. Се таложат и сметки за кирија кои СЈО ги редовно ги плаќаше, кои пак, побарувачите можат да ги бараат со затезна камата. Последните платени сметки се за месец август, а според нашите информации, плаќањето го одобрила обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка на Катица Јанева. Мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата.Судбината на вработените во СЈО треба да се реши со новиот закон за јавно обвинителство. Доколку партиите наскоро не се договорат околу ова значајно прашање кое се одолговлекува со месеци, тогаш безбедноста како и трошоците на СЈО ќе бидат доведени во прашање.

Македонија | пред 6 години

page124

Здравковиќ до Пендаровски: Наместо да правите споредби колку младите знаат за српската и бугарската сцена, искористете го своето влијание прво да ги запознае Крсте Мисирков, Петре Андреевски...

Пишува: Никола Здравковиќ, новинарГосподине претседателе,Во претседателското предизборие, гледајќи Ве во една ТВ емисија, бев доста пријатно изненаден од Вашето познавање на НБА лигата. Но од пред неколку дена, не можам да се оттргнам од впечатокот дека со омекнувањето на судењето во НБА лигата во смисол на толерирање на т.н. “чекори“, и Вие го имате прифатено тоа омекнување, па тие “чекори“ можеме да ги сретнеме во Вашата реторика.“Младите ги знаат сите српски турбо-фолк песни, а ниеден бугарски актер“, велите во едно скорешно интервју за еден бугарски медиум. И тука доаѓаме до “чекорите“. Нема да се занимавам со споредбата на политичко-историските односи со Белград и Софија, ќе се задржам на споменатата реченица од чисто културни причини.1. Од кажаното, стекнуваме впечаток дека Вашата перцепција за “увозот“ од Србија е турбо-фолкот. Господине претседателе, од Србија “увезуваме“ и не мал број вистински уметници, и младите ги знаат баш, ама баш добро. Младите и тоа како ги знаат Београдски синдикат, Ѓорѓе Балашевиќ, Жељко Јоксимовиќ, Јелена Томашевиќ, Марчело, песните на Тома Здравковиќ...2. Мислите ли дека младите во Македонија не ги знаат Азис, Гергана, Преслава, Анелија...? Дека не знаат што се Планет и Пајнер? Ако да, зошто мислите така? Сте ги прашале?3. Споредувате турбо-фолк со актерство! Тоа е како јас да кажам “Претседателот е експерт за НБА, но нема поим од шкотски фудбал“. Едното со другото не се споредливи.4. Кога веќе ги споменувате актерите и филмските студија. Младите ги знаат и српските актери, филмови и серии, господине претседателе. Знаат кој е Никола Којо, знаат кој е Драган Бјелогрлиќ, која е Милена Дравиќ, кој е Драган Николиќ, Небојша Глоговац... ги имаат гледано “Кога ќе се вратат штрковите“, “Небеска јадица“, “Хадерсфилд“, “Среќни луѓе“, а ја гледаат и најдобрата балканска серија во моментов “Сенки над Балканот“, во која играат и цела плејада македонски актери. Ги знаат Момо Капор, Душко Радовиќ, Мирослав Мика Антиќ... плус, ги знаат и тројцата српски ракометари кои учествуваа во првата европска титула на РК Вардар.5. Зошто мислите дека младите не ги знаат бугарските филмови и актери, па и писатели? Ги имате ли прашано?6. Да претпоставиме дека бугарските уметници навистина се запоставени. Сте се прашале ли зошто е тоа така? Зар им забранил некој? Можеби бугарските културни работници во Македонија затаиле, можеби пак си ја завршиле работата одлично а немало одзив, можеби пак претпоставката дека се запоставени воопшто и не е точна... можеби, можеби, можеби... се' е “можеби“, но еве прашајте ги за точно.7. Господине претседателе, не можете да ја генерализирате младината. Секој е индивидуа за себе, и избира што ќе следи. Има такви што ќе ги слушаат Цеца и Преслава, но има и такви кои ќе отидат на концерт на Стефан Миленковиќ и на изложба на Ангел Ганев. Има такви кои ги знаат Сале Ѓорѓевиќ, Новак Ѓоковиќ (кој пред некој месец ја запеа “Македонско девојче“) и Христо Стоичков, но има и такви кои ни сопствените македонски празници и знаменити личности не си ги знаат. Секој САМ избира како ќе инвестира во себе.8. Наместо да правите споредби младите колку знаат за српската и бугарската јавна сцена, искористете го своето влијание македонската младина прво и основно да ги запознае Крсте Петков Мисирков, Петре М. Андреевски, Лазар Личеноски... дури и во најскромните селски библиотеки да стигнат македонските автори, на плоштадите да “царуваат“ македонските уметници. Без тоа, критиката кон (не)познавањето на српската/бугарската јавна сцена е само промашен шут за победа.П.С. Како познавач на НБА, верувам ќе воочите дека ова се 8 “чекори“. Во кошарката, нешто неприфатливо, но нешто кое знае да им се “поткрадне“ на денешните играчи. А како сведок на онаа подостарена НБА со Мајкл Џордан, Тим Данкан, Хаким Олајџувон, Џон Старкс... верувам споредбата ќе Ве доведе до тоа колку било добро без тие 6,7,8 “чекори“.Топол и срдечен српски НЕтурбофолкерски поздрав на македонски јазик!

Коментари | пред 6 години

sjo

Вработените во СЈО, трет месец без плата, а сега и без телефони и интернет

Од вчера мобилните телефони на обвинителите и на останатите вработени во СЈО се исклучени во еден правец, односно можат само да примаат повици, а набрзо ќе им бидат исклучени и за дојдовни повици. Исто така, во просториите на СЈО повеќе нема ниту интернет, појаснуваат за „Фокус“ вработени од веќе згаснатото обвинителство.Исклучувањето следува поради неплатени сметки. Пари има, но по разрешувањето на Катица Јанева нема кој да ја потпише исплатата.Долговите во СЈО се натрупани за три месеци, па така се должи и за сметки за вода, парно, струја, кирија, а стотината вработени веќе трет месеч чекаат и плата, објави Фокус.Текстот во целост на: Фокус

Македонија | пред 6 години

79034053_10158058387972932_6278246810901282816_o

ФОТО: Зоран и Зорица се сликаа со лампион, покажувајќи го гостопримството на НАТО членките

При посетата на Самитот во Лондон, премиерот Зоран Заев се фотографираше со повеќе видни личнсоти од политичкиот живот, а за да ја пренесе предбожиќната атмосфера, тој на социјалните мрежи објави фотографија каде тој и неговата сопруга Зорица се фотографиират со лампион на кој пишува „Северна Макеоднија“.„"Downing 10" синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок“, напиша Заев под фотографијата.Од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија ја дели само една ратификација-од Шпанија, каде неодамна се одржаа парламентарни избори и во тек се разговори за формирање влада. Ратификацијата се очекува во наредните два месеца.

Македонија | пред 6 години

cosmic-crisp-3

(ВИДЕО)Создадена нова сорта јаболки во САД кои во фрижидер траат до една година

Новата сорта јаболка наречена „космик крисп“ (Cosmic Crisp), која научниците ја развивале цели две децении и наводно може да стои во фрижидер до една година се најде на американскито пазар.Оваа американска сорта на јаболко потекнува од државниот универзитет во Вашингтон уште во 1997 година. Истражувањето и доаѓањето до цврсто, свежо и сочно јаболко чинеше 10 милиони долари.Моментално јаболкото е достапно само во САД, но се очекува да пристигне и во продавниците ширум светот на почетокот на следната година.Оваа сорта се добива со вкрстување на две постоечки сорти јаболка за да се создаде уште послатко, посочно овошје кое, ако правилно се чува, може да остане свежо и до една година.

Магазин | пред 6 години

panki

Сашо Каимовски -Панки од ,,Куку Леле” ослободен од грчкиот затвор

Пејачот на „Куку Леле”, Сашо Каимовски (52) познат како „Панки” е пуштен на слобода од грчкиот затвор, пренесе Локално . Тој вечерва е фотографиран во друштво на директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.Инаку Панки беше уапсен во март годинава на Граничниот премин „Евзони“ на пат кон Грција.По него имаше распишано европска потерница, од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.фото: Локално

Магазин | пред 6 години

Katica-Janeva-Reket-Boki-13-skopje1mk

Кичеец може да биде само условно осуден

Судот денеска ќе ја соопшти казната која ќе треба да ја издржи Зоран Милевски-Кичеец, откако вчера призна вина за предметот „Рекет“ кој го водеше Обвинителството за организиран криминал и корупција.Русковска го гони Кичеец за примање награда за правење противзаконито влијание, дело за кое пропишана е казна од 1 до 10 години затвор. Но, бидејќи Кичеец има повеќе олеснителни околности, тој може да добие и условна осуда. Тој исто така, соработуваше со Обвинителството и со помош на неговите искази се забрза истрагата.Кичеец моментално е во домашен притвор  

Македонија | пред 6 години

gruevski-jankuloska-610x400

АНАЛИЗА: Најчевска смета дека Уставниот суд ќе ги спаси Мијалков, Груевски, Јанкуловска, Јанакиевски

Пишува: Мирјана Најчевска, универзитетски професорЗошто мислев и зошто се уште мислам дека Уставниот суд застанува во одбрана на неправото:1. Уставниот суд не видел неуставност во одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година цели 7 години2. Меѓутоа, кога била поднесена иницијатива за оцена на уставноста на овој закон (на 24 фебруари 2016), што се совпаѓа со започнувањето на процеси против високи функционери во власта, тој (уставниот суд) од одма ја гледа неуставноста и донесува одлука во рок од три недели на 16 март 2016 (одеднаш, во неверојатно краток рок, без расправа, без собирање податоци, без анализа, без јавност)3. Одлуката не содржи образложение зошто се укинува целиот закон4. Во образложението кое го дава Уставниот суд нема ниту збор (ниту еден единствен збор) за тоа, зошто Уставниот суд мисли дека укинувањето на членот 11 (член кој бил укинат со Законот за изменување на Законот за помилување од 2009 година, а кој му давал на Претседателот можност без никаква постапка, критериуми, процедури, и, образложение да помилува колку што сака луѓе, кога сака и како сака) е спротивно на Уставот. Единствено место каде што се спомнуба членот 11 е реченицата:5. На 12 април 2016 година Претседателот Иванов помилува голем број функционери во власта осомничени или обвинети за тешки прекршувања на законитеЗаклучок:- Постои јасен временски след од кој може да се извлече заклучок дека Уставниот суд донел многу наменска одлука со цел високи функционери во власта да ги заштити од кривично-правен прогон, односно, да овозможи нивно изземање од владеењето на правото- Постои јасна индиција дека Уставниот суд направил процедурален преседан со цел овозможување голема група високи функционери во власта да бидат заштитени и изземени од кривично-правен прогон- Видливо е и неспорно дека Уставниот суд без никакво образложение укинал одредби од Закон со цел заштита на високи функционери во власта од кривично-правен прогонЕте тоа е проблемот.Проблемот е во тоа што имаме Уставен суд кој по секоја цена ќе ги заштити високите функционери во власта од кривично-правен прогон и казнување.И, за мене ова е највисок вид на корумпираност на судството која мора да биде спречена, а не почитувана.https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10217100527880181

Коментари | пред 6 години

stevo-pendarovski-katica-janeva-boki-13

Боки 13 е криминалец, а Јанева прокоцкала шанса да ја врати правдата, смета Пендаровски

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во емисијата „24 Отворено“ вели дека не може да поверува оти човек на кој му беше дадена најодговорната функција и уживал поддршка, односно Катица Јанева, ја прокоцкала шансата да ја врати правдата дружејќи се со криминалци.Според Пендаровски од случајот „Рекет“ треба да се извлече поука, односно да се сфати дека правдата ја изгубила шансата да исплива на површина.„Можеби некоја подоцнежна анализа ќе покаже дека правдата тука ја изгуби шансата. Имаше и поголеми риби кои крадеа многу повеќе. Имаше десетпати поголеми криминалци, заклучи Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_12-1

ВИДЕО: Мајка си ги обесила децата

Триесет и шестгодишна Американка е обвинета дека ги обесила своите две деца во подрум во Пенсилванија, иако тврди дека 4-годишната ќерка и нејзиниот 8-годишен брат се самоубиле.„Ова е ужасен и трагичен настан“, рече Џон Адамс, обвинител на округот Беркс, на прес-конференција во понеделникот по апсењето на мајката Лиса Снајдер.[embed][/embed]Мајката, која сама ги чувала двете деца, беше уапсена по повеќе од два месеци откако децата беа пронајдени обесени во населбата Албани, сто милји северно од Филаделфија.На 23 септември, мајката повикала помош, тврдејќи дека ги нашла своите обесени деца во подрумот.Спасувачите ги нашле постариот Конор и помладата сестра Бринли обесени и безуспешно се обидувале да ги реанимираат.Мајката двапати била сослушана од полицијата и изјавила дека синот, се заканувал дека „претрпел малтретирање на училиште и сакал да умре“.Но, нејзиното сведочење веднаш покренало голем број прашања затоа што осумгодишниците по правило не се убиваат, а Конор имал мала телесна попреченост, што му оневоможувала да се обеси.

Свет | пред 6 години

ivanovi

Уставен треба да каже дали Груевски, Јанкуловска, Мијалков ќе бидат ослободени од вина

Уставниот суд утре ќе треба да ја оцени уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година, што му овозможи на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов, да ги поништи помилувањата кои самиот ги даде во април 2016 година за 56 лица, меѓу кои речиси целокупниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа значи дека судиите ќе треба да донесат одлука со која ќе ги активираат помилувањата кои ги даде Иванов, а со тоа да бидат ослободени од кривичниот прогон кој го води Специјалното јавно обвинителство.Ако се следи мислењето на уставните судии дека претседателот Иванов можел да помилува, но не можел да го поништи помилувањето, од утрешната седница може да се очекува вистинска бомба.Според уставните судии, претседателот во согласност со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување.Доколку се произнесат дека нема уставна можност за повлекување на дадено помилување, тогаш, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Никола Груевски, Мартин Протуѓер ќе бидат слободни граѓани бидејќи беа помилувани од експретресеталот Ѓорге Иванов.На листата помилувани функционери, во 2016 година беа и Кирил Божиновски, Горан Грујевски, Трајко Вељаноски, Едмонд Темелко, Мунир Пепиќ, Коце Трајановски, Зоран Заев, како и разузнавачот Зоран Верушевски.

Македонија | пред 6 години

boki-13

Облеката која Русковска ја зема од Боки 13 во 71 вреќа е купена во 2013, тврди адвокатот Дуковски

Адвокатот Сашо Дуковски кој го застапува Бојан Јовановски познат како Боки 13 пред судот за случајот „Рекет“ вели дека гардеробата која ја заплени обвинителката Вилма Русковска била купена во 2013 година, а не во 2017 и 2018 година. Дуковски вели дека од домот на Боки 13 во елитната населба во Орман, била одземена 71 вреќа, полни со гардероба.„Овој предмет нема да добие пресуда, бидејќи нема докази против обвинетите. Се што има е мислење на обвинител. Ова е прв пат во нашата држава, да се отвори постапка врз база на едно мислење“, рече Дуковски во одбрана на Боки 13.Адвокатот е дециден дека ќе докаже оти Боки 13 со земените пари не купил облека, како што тврди Обвинителството.По отворањето на предметот „Рекет“, Обвинителството направи претрес во станот на Бојан Јовановски – Боки 13, кој е првоосомничен, и во домот на неговите родители, како и во канцеларијата што ја користел во 1ТВ.

Македонија | пред 6 години

5B828927-F169-4BA2-AE12-4FCD46F5038C

ФОТО: Скопје остана во мрак

Жителите на населбите од Карпош до Центар денеска два пати немаа струја. Практично, половина Скопје останаа без електрична енергија поради дефект на трафостаница.Главниот дефект ЕВН го има во Козле, а префрлањето на корисниците од една на друга мрежа, предизвика дополнителни прекини во електроснабдувањето.Од ЕВН велат дека проблемот е саниран, а уверуваат дека нема нема има други прекини.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Владата се откажа - нема пари за субвенции за автомобили

Нема пари за субвенции за купување на возило наредната година. Откако министерот за економија Крешник Бектеши помпезно ја најави оваа мерка со задолжително откажување на старото возило, Владата се откажа.Министерот Бектеши, тврди дека не ги излажал грѓаните, туку напротив ќе се донесе решение кое ќе биде најдобро и ќе опфати повеќе граѓани.„Нема директно во буџетот предвидени средства за реализација на втората мерка која е предвидена во Законот за возила, а тоа е откажување на старо возило со купување на  ново возило со директна субвенција. Ќе одиме со друго решение со кое ќе овозможиме на повеќе заинтересирани граѓани да ја искористат таа мерка или таа поволност која можеме да ја дадеме  со законско решение. Значи нема да има директно субенционирање пари директно, но мометално работиме на законски измени“, вели Бектеши.Опцијата за субвенционирање на автомобилите со 3.000 евра беше најавена во текот на летото. Оваа мерка предвидуваше да придонесе кон намалување на аерозагадувањето кое веќе години наназад е најголем проблем на граѓаните.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still268

„Го утепавте Боки ама ви го собира, а и ќе пропее“

Бура од реакции предизвика првото рочиште за случајот „Рекет“. Дел од корисниците на „Твитер“ постојано коментираат за здравствената состојба на првообвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13, а останатите реагираат на изјавата која ја даде дека тој е невработен студент.https://twitter.com/tischlerot/status/1201877036907843584https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1201876467266805760https://twitter.com/Effo_Antivirus/status/1201876380222468102https://twitter.com/dolnacrta/status/1201870663008628736https://twitter.com/US_Reagan/status/1201867785376276480https://twitter.com/Vlatko100janosk/status/1201861283508899840https://twitter.com/dolnacrta/status/1201859626800680961https://twitter.com/bonitopp/status/1201857051368067074Дел од кориснциите на „Твитер“ сметаат дека Боки 13 ќе открие нови детали, но и други лица вмешани во „Рекет“.https://twitter.com/shemadzija/status/1201855127642157058https://twitter.com/sweetbutswine/status/1201853339052527618https://twitter.com/samomojaa/status/1201853041844117505https://twitter.com/PravednaTavita/status/1201851880063848449„Значи постојат уште лица кои не се обвинети. Ваљда на Боки му е јасно дека мора да ги открие или ќе окрка уште една пријава за прикривање криминал“, е уште еден од коментарите.https://twitter.com/ProblemByMe/status/1201851247332089861[embed]https://twitter.com/NatalijaaaT/status/1201849580406673409[/embed]https://twitter.com/FohWyJUFBYxsahY/status/1201848730170929154[embed]https://twitter.com/algorit007/status/1201845319551660033[/embed] 

Коментари | пред 6 години

78466544_2513117282090649_4322084877693353984_n

(ВИДЕО) Хаос на Стража откако почна да паѓа снег

Возилата на превојот Стража едвај се движат и разминуваат, откако претходно во снег заглавија тешки товарни возила. На тесниот пат кај Стража, заглавени седат неколку камиони, а автомобилите возат пополека бидејќи подмрзнат е и патот.Поради непоседување на зимска опрема, со вкчуени четири трепкачи стојат и неколку автомобили, чекајќи машините на Македонија пат да го исчистат асфалтот.Инаку снегот на Стража почна да паѓа од попладнево и донесе проблеми за возалите. Според оние кои патуваат на патниот правец Гостивар-Кичево, на повисоките предели има поголеми количини на снег, но никој не го чисти патот. Токму снегот направи проблеми и во сообраќајот.

Македонија | пред 6 години

nagradi

Наградата Св. Климент Охридски - посхумно за прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски

Највисокото општинско признание „ Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски. Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески на предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија. Во образложението, покрај другото стои дека со постхумното доделување на највисокото општинско признание, наградата „Патронот на градот- Св. Климент Охридски “ , на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски му се оддава должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Охрид од пристигнатите осум апликации и еден предлог на комисијата, додели две повелби „ Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ .Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „ Кочо Рацин“ доби Повелба за остварувања во образованието, како наставник, едукатор, креатор на иновативни идеи и реализатор на повеќе проекти со меѓународна верификација.Планинарската спасителна служба Повелбата ја доби за успешното етапно реализирање на трансграничниот проект за спасување на планина, со што видно придонесува во збогатувањето на туристичката понуда и безбедно одвивање на разните активности, пред се на планината Галичица.Наградата и повелбата „ Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ ќе бидат врачени на Свечената академија, што во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Охрид ќе се одржи на 7 Декември во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

Македонија | пред 6 години

ojo-1

По пукањето во „Александар Палас“, приведени три лица, се трага по четвртиот

СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против четири лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 од Кривичниот законик, во врска со настанот случен на 30.11.2019 година околу 11 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот се уште се трага.Пријавените ја загрозиле сигурноста на 11 службени лица  – полициски службеници кои вршеле службено дејствие – легитимирање, на начин што упатиле сериозна закана дека ќе нападнат врз животот на полициските службеници.Во поглед на кривично-правниот настан кој следел во хотелот неколку часа по сега пријавеното кривично дело, од страна на Министерството за внатрешни работи се уште не е утврден идентитетот на сторителите кои со огнено оружје пукале кон сега пријавените лица.Заради обезбедување на присуството на осомничените во текот на кривичната постапка, јавниот обвинител до Судот поднесе и предлог за определување на мерки за претпазливост за четворицата осомничени: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените.

Скопје | пред 6 години

Ivaliditet

Во Охрид одбележан светскиот ден на лица со инвалидност

По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лица со инвалидност, градонацалникот Константин Георгиески оствари средба со  инвалидизираните лица од Охрид и Дебрца во просториите на Здружението  „Мобилност“.Пред присутните градоначалникот Георгиески истакна дека сите под ова сонце сме еднакви, а тогаш кога ќе сватиме дека потребите на овие лица не се привилегија туку  основно право ќе успееме да изградиме зрело општсество. Георгиевски посочи и дека во тек се проекти на Општина Охрид кои ќе бидат пристапни за оваа категорија луѓе.– Почитувани присутни, дозволете да ви го честитам 3-ти Декември-  Меѓународниот ден на  лицата  со инвалидност со  желба за добро здравје и напредок на секој план. На овој ден јавно потсетуваме дека вашите права не се привилегија туку дека  се наша обврска за целосно и недвосмислено обезбедување  услови за  непречен пристап, движење престој и работа на сите Вас. Радува фактот што од година во година   расте свесноста кај сите нас дека  Лицата со инвалидност  не се „затворен круг “ или   „ Свој  Свет “туку дека тие се дел од нас . Тогаш кога ние стануваме креатори  на промени за достоинствен живот на лица со инвалидитет  помагаме во создавањето на зрело општество во кое се почитува достоинството на сите граѓани подеднакво. Лицата со инвалидитет се најголемото малцинство во Светот, а тоа значи дека ние како општество не само што треба да ги поддржиме туку треба да обезбедиме  услови за нивно нормално функционирање и остварување на нивните права.Периодов во тек се два крупни проекти на општина Охрид од областа на  инфраструктурата во кои е земена во предвид неопходноста од надминување на физичките бариери за лицата  со инвалидност. Станува збор за реконструкција на Големата општинска сала која ќе биде лесно пристапна и достапна за лицата со телесен инвалидитет. Многу наскоро на стадионот “Билјанини извори“ ќе започне изградбата на Современа трибина, а еден нејзин дел ќе биде наменет за лица со инвалидитет.Сонцето грее подеднакво за сите нас,сите дишеме еден воздух и имаме потреба за вода и храна, ниту еден од нас не е повеќе или помалку вреден или привилегиран од другиот. Заедно го градиме ова општество и само доколку си подадеме рака едни на други тогаш кога тоа ни е најпотребно ќе изградиме зрела и стабилна држава- рече Георгиески.Пред присутните се обрати и претседателот на „Мобилност“, Венко Голабоски .Традиционално лицата со инвалидност , овој ден го одбежаа  со спортски натпревари во дисциплините: шах, пиг понг, табла, пикадо и стрелање со воздушна пушка кои се одржаа во и пред просториите на здружението „Мобилност“ .

Македонија | пред 6 години

ohrid-italija

Охрид се промовира во Италија

Во неколку туристички списанија и весници и на социјалните мрежи, Охрид се промовира во Италија. Деновиве се објавени повеќе промотивни текстови со кои потенцијалните италијански туристи се запознаваат со културно – историското наследство на Охрид, но и со природните убавини.Оваа кампања за италијанскиот пазар ќе продолжи и во наредниот период. Се очекува бројот на гости од Италија, да биде значително зголемен поради промоциите и редовната авио линија Милано – Охрид.Кликнете на фотографијата за повеќе…

Македонија | пред 6 години

78394399_2513117242090653_2630600248266850304_n

ФОТО: Стража под снег, заглавија и возила - внимавајте се лизга!

Од попладнево првиот снег паѓа и на стража, а донесе проблеми за возалите. Според оние кои патуваат на патниот правец Гостивар-Кичево, на повисоките предели има поголеми количини на снег, но никој не го чисти патот. Токму снегот направи проблеми и во сообраќајот.Во пределот на Стража се заглавени неколку товарни возило, бидејќи патот е подмрзнат од ниските температури. На терен засега нема ниту полиција за регулација на сообраќајот, откако камионите заглавија на тесниот пат. 

Македонија | пред 6 години

ruskovska

Русковска: Се познавам со мајката на Боки 13, а со него сум седела во ресторан само еднаш

Обвинителката Вилма Русковска по судењето за случајот „Рекет“ рече дека очекувала признание на вина уште на првото рочиште, но не само од Зоран Милевски туку и од другите обвинети.„Имаше еден филм „Чарлевите ангели“ и една госпоѓа Катица Јанева која влезе во тој филм дека никој ништи не и може. Обвинителството ќе докаже дека тоа го сторила од алчност и ќе понуди несогорливи докази. Таа ја предаде довербата на народот. Јас сум го гледала филмот „Чарлевите ангели“, но не сум ја гледала македонската верзија која тие си ја снимија за себе“, истакна Русковска.Русковска кажа дека се познава со мајката на Боки 13, но не со него.„Јас се знам со него од гостувањето во неговата телевизија. Сум седела во ресторан, само кога беше прославата на телевизијата и никогаш повеќе“, рече Рурсковска.Обвинителката вели дека ќе биде добро доколку камерите од куќата на родителите од Боки 13 покажат каде завршиле парите.„Мислам дека Катица Јанева не е во ситуација да каже кој да се плаши - кој не“, заклучи Русковска.

Македонија | пред 6 години

78240951_10221652660895130_6229872156159770624_n

Боки 13: Ќе сведочам за сите инволвирани, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи - ќе докажам дека сум невин

Бојан Јовановски, во својот воведен говор како обвинет за случајот „Рекет“ рече дека и покрај лошата здравствена состојба ќе се се обрател пред судот, бидејќи живеел за овој ден, да ја докаже својата невиност.Оваа обвинителката има гостувано во мојата телевизија и колку што сум седел во ресторан со третообвинетата, толку сум седел и со надлежната сега обвинителка. Разлика нема, изјави Боки 13.Ги повикувам, порача Боки 13, меѓународната јавност и амбасадите на САД и Франција да го следат овој процес.– Ќе сведочам за сите инволвирани во овој настан, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи, а преку мојот бранител ќе бидат поднесени соодветни пријави, рече Боки 13.Претходно адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, рече дека не е доволно да се каже дека имало наводно влијание, туку треба и да се прашаме како е можно еден самонаречен естраден уметник да изврши влијание на главниот јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_13

Јанева бара Русковска да ги најде и донесе парите кои наводно ги земала од Камчев

Адвокатите на Катица Јанева бараат Вилма Русковска во судница да ги донесе парите кои тврди дека ексшефицата на СЈО, ги земала од Орце Камчев. Тие тврдат дека тоа нема да се случи, а негираат дека постоел таков настан. Тие бараат од Русковска да предложи барем сведок, кој видел како Јанева земала 50 илјади евра.„Она што и се става на товар во обвинителниот акт претставува дел од нејзините службени овластувања, кои имала право да ги превзема како шеф на СЈО. Во листата на докази, како сведоци ги предлагаме сите поранешни обвинители во СЈО, претходно вработени во СЈО, така што, сметам дека на наша страна ќе има доволно докази, за судот да донесе правилна одлука“, рече Фрчковска.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања