Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

sudenje-reket-site-obvineti-696x464

Катица до судиите: Не се плашете од Русковска!

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во својот воведен говор повтори дека не се чувствува за виновна по обвинението за „Рекет“.-Не се чувствувам за виновна и знам дека обвинителството нема докази кои укажуваат на моја вина. Одам со крената глава, и можам секого да го погледнам во очи. Судиите да не се плашат од Русковска и нејзината најава дека ќе ги тресе од гаќи.  Горда сум на формирањето на СЈО и на тимот. Ја имав честа да формирам тим кој сработи 171 предмет, од притвор ги предадов на јавното обвинителство. Секој пат сум била општествено одговорна, истакна Катица Јанева во својот воведен говор.Јанева додаде дека очекува праведна одлука која ќе ја  ослободи од обвинение кое ми го исконструира обвинителката Вилма Русковска. Се надевам дека не се плашите од нејзините закани дека ќе тресе гаќи, рече Јанева.  

Македонија | пред 6 години

122233-620x350

Обвинение за двајца браќа кои удирале и со нож прободиле момче во дискотека

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едниот обвинет се гони за кривично дело – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.3 од Кривичниот законик, додека неговиот брат за помагање при извршување на истото кривично дело.На 23 март годинава, 19-годишниот обвинет, помогнат од неговиот 20-годишен брат, со умисла нанел тешка телесна повреда на едно лице пред дискотека во скопското село Марино. Оштетениот пред тоалетот на дискотеката најпрвин физички бил нападнат од постариот брат, кој го удрил со бокс во пределот на лицето. Потоа пред дискотеката бил пресретнат од обвинетите, при што помладиот брат дошол од неговата лева страна и со нож го прободел во левиот долен дел на стомакот, нанесувајќи му тешки телесни повреди и оштетување на бубрегот и на слезината. По настанот, двајцата обвинети со возило заедно го напуштиле местото.За двајцата обвинети на сила се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, забрана за преминување на државната граница со друг личен документ, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетениот и со сведоците на настанот.Таткото на двајцата напаѓачи е поранешен градоначалник.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Камчев бара 1.5 милиони евра од Боки 13 и Јанева

Адвокатот на Орце Камчев, Александар Михајловски, пред судот рече дека предјавува имотно-правно побарување од 1,5 милион евра. Обвинителката Вилма Русковска рече дека за ова кривично дело противзаконско влијание нема оштетени, има само сведоци.Судијката го поучи адвокатот на Камчев дека може да биде присутен само како јавност и дека понатаму во граѓанска парница може да поведе понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still211

Кичеец призна вина за „Рекет“

Третообвинетиот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец, призна вина пред судот. Ова не беше очекувано од страна на останатите странки во постапката. По ова, судијката го раздвои предметот, односно, на Милевски ќе му се суди посебно.Адвокатите на Катица Јанева и Боки 13 и натаму ќе се борат да докажат невиност на нивните клиенти. Тоа го потврдија и вчера во изјави за неколку медиуми.Второобвинетата во случајот поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец, беа донесени со полициска придружба од домашен притвор. Јанева во судот дојде со нејзиниот син, кој го следи судењето.Сите тројца обвинети се товарат за примање награда за противзаконито влијание, а Јанева дополнително за злоупотреба на службената должност, додека Јовановски е обвинет и за перење пари и други приноси од казниво дело. Предметот е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Васка Николовска - Масевска.

Македонија | пред 6 години

ginekologija

Универзитетска клиника за Гинекологија и акушерство: Сите новороденчиња кои се на интензивна нега и терапија се стабилни

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство- Скопје информира дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојбаоткако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија.Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ - одделението за интензивна нега и терапија се стабилни.Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола.На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот.Уште еднаш ја уверуваме јавноста дека ниту еден процес на клиниката не беше загрозен во кусиот период кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија.фото: Архива 

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Поднесен обвинителен акт против лице кај кое беа пронајдени психотропни супстанции и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетиот 20-годишник се товари дека делото го сторил во состојба на битно намалена пресметливост заради хронично психичко пореметување предизвикано од зависност од марихуана и стимуланси.Во ваква состојба на битно намалена способност да го сфати значењето на своето дело или способноста да управува со своите постапки, обвинетиот на 18 септември кај себе држел наркотична дрога и психотропни супстанции: 89 таблети со светло зелена боја и неправилна форма, како и прашкаста материја со тежина од 0,31 грам со активна компонента – 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (MDMA). Освен ова, при личен претрес кај него, биле пронајдени и 1,96 грама марихуана. Дополнително, при претрес на домот на обвинетиот биле пронајдени две полиетиленски пакувања со психотропна супстанца – амфетамин со вкупна тежина од 12,71 грама.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка. Освен ова,со оглед на состојбата на обвинетиот, јавниот обвинител на Судот му предложи со изрекување на казната да изрече и мерка на безбедност – задолжително лекување од зависности.

Македонија | пред 6 години

ucenici

Ова е сликата за нашето образование - Македонија на дното

Македонските ученици се најдоа на 67-то место во рангот од 79 земји на меѓународнотo тестирање ПИСА за постигнувањата на ученици на 15-годишна возраст по јазична писменост, математика и природни науки. Тоа е за неколку места погоре за разлика од тестирањето во 2015 година, кога бевме на 4. место одназад. Но, македонските ученици повторно се далеку под просекот според постигнувањата во сите категории. Прва на листата е Кина.Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија, на 21 место, Хрватска, 29-та, Грција на 42-то место, додека 44-та е Србија. Полош резултат од Македонија на ранг листата на ПИСА тестот од земјите од регионот е само Косово. Највисоко рангирани и оваа година се азиските земји. Најдобро оценетите средношколци се во Кина, Сингапур и во Макао.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Screenshot_13

(ФОТО) Јавноста за Боки 13: Не сум доктор ама на сликата не гледам баш здрав човек

Во јавноста се појавија првите коментари за здравствената состојба на Боки 13, која ја оценуваат како лоша. Тие според фотографиите на новинарските екипи велат дека Боки 13 не го гледаат како здрав човек.„Не сум доктор ама на сликата не гледам баш здрав човек. Каков и да е Боки и што и да направил заслужува, не само шо заслужува по сите закони има право на здравствена нега. Не смее сиот криминал во државата и таа желба за правда да се сруши врз еден човек, посебно не кога на слобода има многу поголеми криминалци од него. Или едноставно некому не му одговара да е тој здрав, да не употребам потешки зборови“, пишува Божидар Божиновски или познат како Моџо Клингтон на „Твитер“.Инаку, во судот пристингаа две екипи на Брза помош кои треба да ја утврдат здравсвената состојба на Боки 13, кој се пожалил на болки во пределот на стомакот. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10221652660855129&set=a.2005548107662&type=3&theater

Коментари | пред 6 години

78240951_10221652660895130_6229872156159770624_n

Драмата на Боки 13 пред крај: Докторите му дале лек за смирување, судењето ќе продолжи

Боки 13 се обиде да направи драма во судот. Кажа дека не му добро, дека  не е свесен, по што брза помош дошла во судот и медицинска екипа му дала лек за смирување.„Не се чувствувам добро, ќе се изразам по мое, а не со лекарски речник, 10 пати повраќав, немам добиено дијагноза за новата терапија што ми е утврдена и утрово ми е многу тешко. Затворскиот доктор пред да дојдеме тука на судење кажа дека не сум во состојба да следам судење, но по мое инсистирање дојдов тука“, рече Јовановски пред судиите.Судијакта која го води процесот, не го одложи судењето.На крајот излезе дека боки 13 прави драми и лаже, бидејќи констатацијата на медицинските екипи е спротивна на неговата.Инаку денеска почна судењето за „рекет“. Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.  Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Screenshot_18

ВИДЕО: Нова драма во судот, за време на судењето за „Рекет“, пристигна Брза помош

Екипа на Брза помош пристигна во судската зграда откако Боки 13 побара да се одложи првото судење за случајот „Рекет“, поради како што рече, влошена здравствена состојба.Судијката која го води процесот, побара медицинска екипа да ја констатира состојбата на Боки 13, по што ќе се одлучи за натамошниот тек на судењето. Но, во меѓувреме, Боки 13 се пожалил на болки во стомакот, по што дошла втора екипа на Брза помошhttps://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/812099149224927/?v=812099149224927&notif_id=1575371064263327&notif_t=live_videoПретходно, Боки 13 во придружба на тројца полицајци беше однесен во тоалет.За време на судењето, тој се пожали дека не е во свесна состојба, односно, дека не може да го следи судењето бидејќи утринава повраќал 10-на пати.Неизвесен е текот на судењето.

Македонија | пред 6 години

sputnik

(ВИДЕО) Антонов“ слета во Белград со четири руски хеликоптери

Спутник објави снимка на која на небото над Белград може да се забележи руски транспортен авион „Ан-124 Руслан“, кој испорачува четири нови хеликоптери. „Антонов“ слета вчера, а во него имало хеликоптери „Ми-35М“ наменети за воздухопловните сили и воздушната одбрана на српските вооружени сили.Автор на снимката е Урош Митровиќ, кој го снимил моментот на слетување на авионот со регистарски ознаки РА-82038 на аеродромот „Полковник Миленко Павловиќ“ во Батајница, соопшти Спутник.Русија пред истекот на рокот ги испорачала хеликоптерите за српската војка, коишто треба да ја зајакнат авијацијата во земјата во наредниот период.https://www.facebook.com/rs.sputniknews/videos/2613022178920059/?v=2613022178920059фото и видео: Урош Митровиќ

Свет | пред 6 години

Dan-Oryan

Израел треба да се гордее што има толку активен амбасадор - новинари во одбрана на израелскиот амбасадор

Новинари воодушевени од амбасадорот Ден Ориан, застанаа во негова одбрана. Во новинарски осврт новинар објаснува зошто е воодушевен од работата на амбасадорот ден Ориан, а разочаран од тектот против Ориан од бившиот амбасадор Гербер.Новинарскиот допис го објавуваме во целост:Го читав текстот од бившиот амбасадор Гербер од дипломатскиот клуб и сум многу разочаран и вознемирен.Јас го знам амбасадорот Дан Оријан неколку години.Да бидам искрен , јас верувам дека нас ни требаат повеќе амбасадори како него.Не само затоа што е креативен и затоа што има убави идеи, туку затоа што тој се грижи за Македонија.  Тој се грижи за нас и секогаш е подготвен да сподели Израелски искуства и знаење.А некои луѓе имаат тенденција да збунат со грижа и мешање.Јас ги следам активностите на Дан скоро 5 години од уметник до неговите полињата за иновацииЈас мислам дека Израел треба да се гордее што има толку активен амбасадор, тој е многу докажен и активен. Јас мислам ние треба да му сме благодарни за конекцијата која тој се обидува да ја создаде-   направи. Тој помага да се создаде.Јас би му препорачал на амбасадорот Гербер за да се приклучи на „Маршот на животот“, настан на кој Дан беше меѓу иницијаторите, а се одржува на 12-ти март во Битола. Тогаш можеби ќе му биде многу појасно колку силна е поврзаноста на Ден со нашата земја и да ја раскаже приказната за Евреите.Се надевам дека повеќе од нашите луѓе би биле посветени на нашата нација, како што е Дан за неговата?Исто се надевам дека ќе го имаме Дан како амбасадор уште многу години и можеби веќе е време да ги послушаме блиските пријатели .Како и тој како кога ни кажа дека нештата треба да се проверат.Јас разбирам дека демантот за ревизија за фондот дојде од еврејската заедница.Можеби  да биде добро што некој ќе провери.Ако се е добро, никој не треба да се плаши од ревизија претпоставувам.Ова може да биде одлично , но да не биде проблематично за тој што го пишува ова.Јас го гледам Дан како добро за Израелско – Македонската релација и врска, за промоција на Македонија во Израел,  и без сомнеж ние во Охрид го видовме како вистински  промотор кој обезбеди многу средства.Се надевам дека амбасадорот Ориан нема да се повлече поради зборовите на поранешниот амбасадор Гербер.станува збор за време за нов вид дипломатија, ние сакаме да имаме повеќе како стилот на Дан, ако воопшто може да се има повеќе...Само за потсетување по добиената информација за видео настапот на израелскиот амбасадор во  Македонија, Дан Ориан на комеморативната манифестацијата по повод 81-годишнина од нацистичката „Кристална ноќ“ во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје се обрати со соопштение за јавноста кое го објавуваме интегрално:„Дипломатскиот статус и настапите на секој странски претставник подразбираат активности согласно нормите на Виенската Конвенцијата за дипломатски односи од 1963 година,  кои што сметаме дека амбасадорот Ориан ги пречекорил во своето излагање на 9 ноември 2019 година, искажувајќи неприфатливи и тенденциозни ставови и мислења за односите и состојбите во одделни субјекти во Република Северна Македонија. Делови од  наводите изнесени во настапот на амбасадорот сe субјективни и се насочени единствено кон истакнување на неговата улога во активностите да се сочува и негува традицијата културно – историското богатство на Евреите во Битола, а со тоа тој всушност создава раздор во зачувување на овие светли еврејски традиции во Битола и во Скопје и во Штип.Амбасадорот вели дека е „срамно дека еврејските гробишта во Битола биле претворени во ѓубриште“ и дека тој бил „горд дека тоа веќе не е случај“; дека „гледа еден Фонд на Холокаустот и еден Музеј на холокаустот – иако би требало да се бават со некои сериозни прашања“: „гледа дека некои работи не треба само да се покријат или споменат туку и да се поправат“. За него тие прашања се поврзани со потребата да се изврши ревизија во Фондот на Холокаустот, бидејќи „парите на Фондот не се приватни пари. Тие пари се сопственост на Евреите, а тоа значи дека од страна на Фондот треба да бидат редистрибуирани за соодветни цели“. Потоа амбасадорот дели совети за начинот на користењето на средствата на Фондот, за наплатата на влезници во Музејот на Холокаустот и за кадровските промени во него, за што „чул“.Кога вели дека „тие работи треба да се средат“, амбасадорот Ориан вели „тоа е наша должност, ако ништо друго барем да пробаме“. Како тој мисли да среди работи во друга, суверена земја…?Сметаме дека со ваквиот настап амбасадорот Оран ја злоупотребил манифестација во Институтот за изнесување на лични ставови, што веруваме дека не кореспондираат со официјалната политика на неговата земја.Според сознанијата на членовите на Дипломатскиот клуб ова не е прв пат амбасадорот Ориан да се поставува патерналистички кон еврејските организации и институции во нашата земја па зачудува дека во нашата јавност нема сеуште официјална реакција во одбрана на интересите на засегнатите македонски субјекти“, се наведува во соопштението.фото: plus info 

Македонија | пред 6 години

Screenshot_14

(ВИДЕО) Новинари ја „нападнаа“ Јанева: Криво ли ви беше кога слушнавте дека Боки земал милиони, а вас ве поткупил со 150 илјади евра?

Новинари ја пречекаа ексобвинителката Катица Јанева пред нејзината зграда каде ја издржува мерката куќен притвор. Тие буквално ја „нападнаа“ со прашања, барајќи одговори кои јавноста ја интересираат.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/2185213551772617/Првото прашање постаевно до Јанева беше „Дали ќе и се извините на јавноста, поради тоа што и го приредивте“, на што ексобвинителката Јанева не даде одговор.„Криво ли ви беше кога слушнавте дека Боки земал милиони, а вас ве поткупил со 150 илјади евра?“ беше уште едно од прашањата, на што Јанева не обрна внимание, но, не и беше сеедно да го слушне. 

Македонија | пред 6 години

sudenje-reket-site-obvineti-696x464

Уште незапочнато судењето, а Боки 13 се жали и упати барање до судот

Првообвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој во судот беше донесен со полициска асистенција, а спроведен од истражниот затвор „Скопје“ кој се наоѓа во Шутка, уште на самиот старт на судењето упати барање до судската порота.Тој побара одлагање на судењето, поради како што рече, влошена здравства состојба. Боки 13 посочи дека тој утринава повеќе пати повраќал, па затоа судењето треба да биде прекинато.„Не сум свесен, утринава повеќепати повраќав“, рече првообвинетиот Боки 13.Пред судот е паркирано возило на Брзата помош, по барање на судот или Русковска.Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО, Катица Јанева, и ѝ влијаел да го ослободи од притвор осомничениот бизнисмен, Орце Камчев, во предметот „Империја“.ФОТО: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

Screenshot_13

ВИДЕО: Прва средба на Јанева и Боки 13 - еве што се случи во судницата

Поради 30-минутното доцнење на спроведувањето на Бојан Јовановски познат како Боки 13 од истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, судењето за „Рекет“ не започна на време.Откако Боки 13 дојде во судницата во придружба на полицаец кој го носеше за рака, тој не се поздрави со неговата пријателка, ексшефицата на СЈО, Катица Јанева. Тој помина покрај неа, трудејќи се да не го забележи нејзиното присуство.https://www.facebook.com/tv21hd/videos/2444721712417448/?v=2444721712417448Ништо поинаку не беше однесувањето ниту на Катица Јанева. Додека Јовановски влегуваше во судницата, таа гледаше на другата страна, најверојатно со цел, да не дојде во контакт со нејзиниот пријател, за тој тврдеше дека ја злоупотребил.Очигледно е дека блискоста на на тројцата обвинети за „Рекет“ повеќе не е како порано. Судењето е во тек.

Македонија | пред 6 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-2

Во Скопје се диши отров, позагадени се само Авганистан и Индија

Скопје повторно се гуши во екстремно загаден воздух и надвор едвај се дише. Како што може да се забележи, позагадени од Скопје за неколку единици, се само Кабул во Авганистан и Калкута во Индија.Според сајтот „World Air Quality Index” Скопје во топ 5 најзагадени градови на планетата.Скопје прво беше на третата позиција според загаденоста на воздухот, па потоа на петтата.Инаку градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов е на должност 769 дена, а од вкупните 39 ветувања во врска со загадувањето досега има остварено само 1 ветување, додека започнати се 19, но за жал никој не ги видел истите и не се знае дали ќе бидат остварени оваа зима…

Скопје | пред 6 години

Screenshot_12

ВИДЕО: Катица Јанева молчејќи и со кисела насмевка се симна од полициското комбе

 Експрецијалната објвинтелка, Катица Јанева која беше донесена од домашен притвор во судот, со кисела насмевка излезе од комбето и влезе во судот. Таа беше донесена со полициско присуство, но очигледно беше дека и пречат медиумите и камерите.Јанева не кажа ни збор, ниту пак, како во старите добри времиња ги поздрави новинарите. Тивко, обидувајќи се да не привлекува многу внимание и внимавајќи на својот израз отиде во новата судска зграда, каде ќе се одржи судењето за „Рекет“.Погледнете го видеото:https://www.facebook.com/tv21hd/videos/839184913179677/

Македонија | пред 6 години

katica-1

Јанева исфeнирана заедно со син ѝ Лазар, дојде во судот

Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка од куќен притвор утрово е донесена пред Кривичмниот суд во Скопје каде се очекува да почне судењето за случајот „Рекет". Од затворот Шутка беше спроведен само Боки 13.Јанева за разлика од пред еден месец кога новинарите ја фотографираа со лисици на рацете, со несредена коса и без шминка, денеска на првото судење за „Рекет се појави со фенирана коса.Јанева е обвинета за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за што ѝ се заканува затворска казна од најмалку три години затвор. Боки 13 кривично се гони за две дела и тоа „Примање награда за противзаконито влијание“, за што е предвидена затворска казна од 1 до 10 години, и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, за што исто така е предвидена затворска казна од 1 до 10 години. Кичеец, пак, е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ според член 359 став 7, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.фото: Арбнора Мемети   

Македонија | пред 6 години

ginekologija

Алфа: Гинекологија синоќа остана без струја, агрегатот не се вклучил, загрозени животите на бебињата во инкубатори?

Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје синоќа останала без струја, јавува ТВ Алфа утрово, откако дошло до прекин на електрична енергија во градската мрежа.Како причина бил големиот дефект на трафостаницата во Козле кој голем дел од центарот на Скопје го остави без струја, а при тоа не се вклучил агрегатот.Според извори на телевизијата, во моментот се случувале оперативни зафати, а биле и згрижени бебиња во инкубатор.Големиот дефект на трафостаницата Козле го остави без струја центарот на Скопје. Струја немаше од Водно до Илинденска.

Скопје | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Почнува судењето за „Рекет“ ќе дознаеме ли конечно каде се парите?

Денеска во 10 часот започнува судењето за случајот „Рекет“. Бојан Јовановски – Боки 13, ексшефицата на СЈО Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец ќе седнат на обвинителна клупа во скопскиот Кривичен суд.Јавноста очекува дали ќе ја признаат вината и дали ќе има одговор на тоа каде завршиле еден и половина милион евра земени од бизнисменот Орце Камчев, особено што Јовановски како поранешен неформален управител на 1ТВ и Јанева како поранешна специјална обвинителка не дадоа исказ во текот на истрагата.Боки 13 ќе биде спроведен од истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, додека Јанева и Милевски ќе бидат доведени од куќен притвор.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Приведени две лица поради пукањето во Александар Палас

Во полициската станица Карпош приведени се две лица од петмината во кои беше пукано во саботата во хотелот Александар Палас.Од полицијата велат дека во тек е опсежна полициска операција.-Проведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени, велат од МВР.

Скопје | пред 6 години

people-are-paying-a-lot-of-money-on-ebay-to-get-their-hands-on-a-vladimir-putin-2016-calendar-136403190020603901-160104180149-680x365_c

Од 1 ви јануари нов закон во Русија- само руски апликации за мобилните телефони

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон според кој паметните телефони, компјутерите и паметните телевизори мора да имаат претходно инсталирани руски апликации.Законот, кој ќе стапи во сила од 1 јули следната година, предизвика незадоволство во јавноста.Некои компании што продаваат ИТ производи се спротивствија, тврдејќи дека не биле консултирани при изготвувањето на законот.Властите го претставија законот како средство со кое руските фирми би можеле да бидат конкурентни на странските компании. На мобилните телефони ќе има само домашни апликации, се наведува во објаснувањето на новиот закон.На пазарот на мобилни телефони во Русија доминираат странски компании како Епл, Самсунг и Хуавеј. Според новиот закон, Владата ќе состави список на руски апликации што ќе треба да се инсталираат на различни уреди.фото: Архива

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов наметна идеја Божик да се слави на 25 декември, а не на 7 ми јануари

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на прес-конференција по повод новогодишното украсување на главниот град  искористи можност  да ја протне неговата идеја Божик во Македонија да се прославува  според грегоријанскиот, а не според јулијанскиот календар, поточно на 25 декември, а не на 7 ми јануари.Според него минатата година новогодишната програма не била интересна за граѓаните по Нова Година.- Минатата година работевме до Божиќ, ако се сеќавате, меѓутоа не беше веќе голем интересот на граѓаните. Некако како да се празни атмосферата околу новогодишните празници. Можеби правото прашање е зошто МПЦ не го смени календарот, па да го правиме Божиќ како цел свет, рече скопскиот градоначалник.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija-1

Полицијата апси наркодилери во близина на аеродромот кај Охрид

Полициска акција во која се апсат лица кои тргувале со дрога се одвива во моментов на патот Охрид – Кичево , во близина на аеродромот Свети Апостол Павле кај Охрид.Детали за акцијата во текот на утрешниот ден.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

5g-internet

АЕК: Нема опасност од 5Г технологијата, граѓаните пак го докажуваат спротивното

Нема простор за паника – зрачењето од 5Г технологијата не е штетно за човековото здравје- покажало истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации. Направиле анализа колку новите технологии го зголемуваат нејонизирачкото зрачење.– Анализите покажуваат дека сме далеку под границите кои се светски параметар за зрачењето. Во медиумите може да прочитате разни вести дека 5Г технологијата е забранета заради штетноста итн.. Се тоа се шпекулации и апсолутно нема основа граѓаните да се грижат од таквите нови технологии, изјави Димитријоски, пред денешната втора јавна расправа на АЕК.Спротивно  на ова тврдење, граѓаните сеуште се сомничави. На совијалните мрежи се објавуваат фотографии од угинати птици на под кои пишуваат дека токму птиците како најосетливи на овие бранови угинуваат.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2595070753879347&set=pcb.2595071277212628&type=3&theater&ifg=1

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања