Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

rubin

Во 2020 од буџетот- 1,5 милиони денари за Фондот за заедниците

На предлог-амандман поднесен од пратеникот Рубин Земон, а изгласан од собраниската комисија за финансирање и буџет, идната 2020 година, од буџетот на РСМ ќе се издвојат 1,5 милиони денари за Фондот за заедниците. Овие средства ќе бидат наменети за невладините организации што се грижат за културата, идентитетот и други активности на заедниците што се под 20%. 

Македонија | пред 6 години

02122019_VRSM_delegacija_na_timovi_za_spasuvanje-6

(ВИДЕО) Нашите тимови за спасување во Албанија покажаа врвна стручност и им помогнаа на оние на кои тоа им беше најпотребно

Заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џафероски, во присуство на Амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија, Фатос Река, денеска во Владата на Република Северна Македонија им оддадоа почит на републичките сили за заштита и спасување, кои со одлука на Владата беа упатени во Албанија по катастрофалниот земјотрес.Нашите тимови повеќе од 72 часа работеа на комплексни задачи за да им помогнат на локалните власти во спасување на преживеаните од земјотресот и расчистување на теренот.Министерот Спасовски рече дека тажни сме и сочувствуваме со сите погодени во оваа катастрофална трагедија, но и горди сме на нашите тимови кои покажаа врвна стручност и им понудија помош на оние на кои таа им беше најпотребна.„Вашиот ангажман никогаш нема да биде заборавен како и фактот дека секогаш остануваме со подадена рака за поддршка за нашите соседи“, рече на средбата министерот Спасовски.ВицепремиеротБујар Османи на средбата рече дека сликите од Албанија никого не можат да остават рамнодушен.„Навистина видов дека вие работевте во исклучителни и животозагрозувачки околности со цел да им помогнете на настраданите. Со тоа го покажавте и вистинскиот имиџ на државата во чија суштина е солидарноста и помагањето“, истакна Османи.Директорот на ДЗС, Аднан Џафероскина средбата со припадниците на републичките сили за заштита и спасување кои учествуваа во акциите за спасување во Драч и другите места во Албанија, истакна дека целото општество е гордо на стручноста и пожртвуваноста овие тимови кои воизминатите години се обучуваа да одговорат на предизвиците соодветна реакција на сите природни катастрофи.Амбасадорот Река, во име на Владата во Тирана искажа голема благодарност за понудената помош и се што беше сторено во многу тешка ситуација за албанскиот народ.Тим лидерот на републичките сили за заштита и спасување, Ивица Наумовски рече дека македонскиот тим во Албанија, комбиниран од спасувачи, рудари, пожарникари и други стручни лица, на терен покажа подготвеност да се справи со тешка мисија, и во име на сите членови на тимотизразисочувство до сите кои загинаа во катастрофалниот земјотрес.

Македонија | пред 6 години

tepacka

Тепачка помеѓу две семејства повредени три лица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.В.(48), К.Р.(21), А.Р.(27), В.Р.(36), И.Р.(41), К.Р.(18) и А.Р.(39), сите од село Баница, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.11.2019 година на пазар во Струмица пријавените учествувале во физичка пресметка на членови од две семејства, при што со повреди се здобиле лицата Г.В., К.Р. и В.Р. Тие и претходно, на 31.10.2019, во атар на село Раборци, учествувале во физичка пресметка помеѓу двете страни.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

02122019_VRSM_odbelezuvanje_na_megjunarodniot_den_na_licata_so_poprecenost-6

Го фаќаме ритамот на европските напредни практики за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост

Владата, во координација со Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост, предничи и ги промовира и штити правата на лицата со попреченост во областите како што се: еднаквост и недискриминација, слобода на движење, самостојно живеење, образование, пристап до стоки и услуги, вработување, правен капацитет, пристап до правда, здравство, политичко учество, вклучително и правото да гласаат и да бидат гласани на избори, истакна денеска во своето обраќање претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември, и на завршната конференција на ЕУ проектот„Попреченоста е прашање на перцепција“.„За разлика од претходните, речиси минимални активности за спроведување на одредбите од Конвенцијата, со стартот на работата на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост во 2018 година, се воспостави рамка која вклучи независни механизми за промовирање, заштита и следење на спроведувањето конвенција согласно препораките на ОН. Дополнително, Акцискиот план на Национално координативно тело за  правата на лицата со попреченост обезбеди јасен пакет на приоритети и насоки за спроведување на Конвенцијата“, истакна премиерот Заев, апелираше сите постојни и нови закони, политики и програми усвоени од Владата, да бидат во согласност со Конвенцијата, и додаде дека останува и понатаму определбата за инклузивност и за конструктивен дијалог со репрезентативните организации на лицата со попреченост за целосно остварување на слоганот „Ништо за нас - без нас“.Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска истакна дека со социјалната реформа се унапредуваат правата и се развиваат услуги за лица со попреченост, а МТСП ги зголеми финансиските трансфери кон лицата со попреченост.„Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост. Го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50 % од просечна плата . Речиси сите деца имаме, уште 2 деца, се извадени од институциите и се згрижени во групни домови. Со Законот ја гарантиравме персоналната асистенција и услугата одмена во домот. Овие услуги ќе ги развиваат општините. Навистина сум среќна што од вкупно 65 општини кои аплицирале кај нас за грантови дури 56 аплицирале за развој на услуги во домот за лица со попреченост и ги поттикнувам исто така организациите да се вклучат во овој процес“, рече Царовска.Министерот Венко Филипче ги презентираше бројните мерки и активности што ги спроведува Министерството за здравствоза да им се овозможи на лицата со попреченост целосно вклучување во општеството, како меѓународно признаено универзално право.„Активно се вклучивме во интерсекторскиот проект за подготовка на новиот модел на функционалната проценка за дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на дете или младинец, базиран на Меѓународната Класификација на Функционалности како значајна реформа базирана на светските текови за давање на потполна поддршка на најмладата популација во општеството подготвен од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. Дадовме целосна поддршка на процесот и преку реформирање и отворање на нови здравствени центри за рана интервенција во кои од најраната возраст ќе се следи развојот на децата кај кои постојат и најмали индикации за постоење на болести поврзани со нивна попреченост.Отворивме Пилот Центар за функционална спреченост и поддршка на деца и млади во Скопјеи сензорна соба, која третира вакви деца и го заокруживме процесот на опфаќање деца во рамки на одделението за логопедија, како и деца од одделението за рехабилитација на слух, кои имаат потреба од дополнителен третман“, рече министерот Филипче и истакна декаМинистерството за здравство ќе продолжи со активностите за подигање на свеста на здравствените работници и за зајакнување на капацитетите на јавно здравствените установи како одговор на потребите на лицата со попреченост.Арбер Адеми, министерот за образование и наука, зборуваше за приоритетите на министерството меѓу кои се издвојува јакнењето на стручните служби во училиштата кои работат со учениците со попреченост, како од аспект на обезбедување доволен број наставници, специјални едукатори и рехабилитатори, педагози и психолози, така и од аспект на подигнување на нивната стручност преку континуирани обуки и тренинзи, но и зголемување на мотивацијата за работа преку подобрување на материјалниот статус и условите во кои ги извршуваат работните обврски.„За оваа учебна година, ангажиравме вкупно 295 образовни и лични асистенти, кои заедно со сите останати членови на инклузивниот тим од кој дел се и самите родители, ќе им помагаат на учениците за полесно совладување на материјата и подигнување на свеста на другите ученици за потребите на учениците со попреченост“, информираше министерот Адеми.Координаторот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост, Спасе Додевски, нагласи дека ратификацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост е обврска за сите влади за неодложно имплементирање на нејзините препораки.„Гордо и со исклучително задоволство, тврдам, дека со силно темпо и со огромни чекори го фаќаме ритамот на европските напредни практики и ја менуваме свеста преку мотивот едно општество и исти права за сите. Воедно ве убедувам дека по квалитетот и одржливоста на основниот систем за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во здравство, образование и социјална заштита кој го воспоставивме сме најдобри во регионот. Ова се должи на блиската меѓуресорска соработка со која се гордеам, и на посветеноста на сите вклучени за поддршка на процесот“, потенцираше Додевски.Шефотна делегацијата на ЕУ во нашата земја, амбасадорот СамуелЖбогар истакна  дека имплементацијата на Конвенцијата на ОН,и политиките на Европската Унија за поддршка на лицата со попреченост заединство во различностите, се совпаѓаат со принципите на стратегијата за едноопштество за сите на Владата. Tој нагласи дека тоа беше и главната мотивација за поддршкана проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, имплементиран во партнерство помеѓу Националниот совет на инвалидските организации, МакедонскиотИнститут за медиуми и Институтот за разsличности во медиумите од Лондон, во чии рамки денеска беше презентиран и прирачникот за граѓанските организации кои работат на унапредување на состојбата на лицата со попреченост „Попреченост: На виделина“.

Македонија | пред 6 години

14

Навремена дијагностика и третман на предијабетес - превенција за развој на дијабетес

Заврши едномесечната кампања на компанијата „Варус“, агент на Мерк, Германија, иЗдружението на лекари по општа - семејна медицина, како дел од глобалната кампања за подигнување на свеста за превенција и контрола на дијабетесот.Во изминатите месец дена, кампањата која се одвивашена FB и Instagram страницатаЗдравјето приоритет- Аларм за свест и со поддршка на медиумите испрати пораки до пациентите, но и до лекарите за препознавање на предијабетесот, акцентирајќи го фактот дека навремена дијагностика и соодветентретман на предијабетес, му даваат на пациентот можност преку промена на животниот стил и примена на соодветна терапија да го превенира или одложи развојот на дијабетесмелитус тип 2.„Како дел од нашата стратегија за општествено одговорно делување, ги отворивме FB и Instagram страниците Здравјето приоритет- Аларм за свест како наменски комуникациски канал, преку кој, реализираме кампањи за подигнување на свеста од одредени заболувања. За потсетување, во текот на месец мај, и тогаш во соработка со Здружението на лекари по општа – семејна медицина реализиравме низа активности за подигнување на јавната свест за различните типови на пореметувања на тироидната жлезда. Сите содржини се достапни на страниците и корисниците на овие социјални мрежи можат, во секое време, да ги прочитаат нашите совети за погоре споменатите заболувања“ – истакнуваат од „Варус“.Во контекст на улогата на општиот-семејниот лекар, Д-р Елизабета Костовска Прилепчанска, Специјалист по семејна медицина и Генерален Секретар на Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицинапосочува:„Улогата на општиот - семејниот доктор е многу значајна во превенцијата, раната дијагноза, а понатаму и правилниот третман и спречувањe на настанувањето на компликациите од ова заболување. Имајќи ја привилегијата да бидеме доктори на целото семејство, имаме информација за семејната предиспозиција, знаеме која трудница имала дијабет во бременоста и токму кај тие пациенти вршиме почести контроли на шеќерот во крвта и соодветно на вредностите превземаме и активности. Во исто време правиме и едукација за здрави животни навики, правилна исхрана, физичка активност од најмалку 150 минути неделно. Превентивните прегледи кај кои при мерењата би биле добиени вредности меѓу 5,6-6,9 ммол/л на гликемијата на гладно, односно меѓу 7,8-11.0 ммол/л на ОГТТ (орален гликоза толерантен тест)  или 5,7-6,4% тромесечен HbA1c, ни овозможуваат да го детектираме предијабетесот. Во оваа фаза доколку се почитуваат насоките на докторот за здрав животен стил и во исклучителни ситуации и со примена на фармакотерапија ( метформин), многу лесно може да се дојде до нормализирање на вредности не само на шеќерот во крвта, туку и на крвниот притисок и телесната тежина и на тој начин пациентот би се заштитил од посериозни последици кои ги носи дијабетот.“Во рамките на кампањата, „Варус“ беше активно вклучен и во активностите кои ги организираа Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лекари по семејна медицина за одбележување на 14 ноември, Меѓународниот ден за борба против дијабетес, но и дел од акредитираните предавања на тема "Идентификација и третман на предијабетес во превенција на ДМ тип 2“ кои се одржаа во неколку града низ земјата.За „Варус“Основана во 1990 година, „Варус“е една од првите приватни копмании за промет на големо со лекови, хемикали, реагенси, лабараториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала.Веќе 30 години, компанијата е ексклузивензастапникво РС Македонија за промет и дистрибуција на најстарата хемиско-фармацевтска компанија во светот Merck KgaA, која водена од иновации, активо работи на промоција и развивање на лекови и здравствени концепти, интелигентна и креативна примена на производите и решенијата во корист на луѓето и животната средина. Денес, компанијата „Варус“, освен во РС Македонија е присутна, преку свои филијали, и на пазарите воСрбија, Албанија и Косово.

Македонија | пред 6 години

janeva-2

Јанева нема да признае вина, ќе се брани и ќе ги убедува сите дека нема докази

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева нема да признае вина за случајот „Рекет“. Одбраната на Јанева е децидна во ставот дека обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска нема докази против Јанева, па поради тоа нема причина да го користат законското право поранешната шефица во моментот кога ќе биде прашана за изјаснување на вина пред стартот на судскиот процес, да признава вина. Јанева во текот на судската постапка ќе докажува дека Русковска нема докази кои укажуваат на тоа дека таа го сторила кривичното дело за кое ја гони ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција., објави мкд.мкЈанева од пред неколку дена е во куќен притвор, откако Апелацискиот суд донесе одлука дека мерката притвор во текот на постапката може да се замени со поблага мерка за обезбедување на присуство.Јанева беше во притвор од 21 август кога беше приведена поради инволвираност во случајот „Рекет".Во текот на истрагата таа не даде исказ.Јанева, според обвинителниот акт падна во случајот „Рекет“ за 50.000 евра слушајќи ги наредбите на првообвинетиот Бојан Јовановски, објави мкд.мкТекстот во целост на: МКД.МК

Македонија | пред 6 години

izlog-1

(Видео) Ѝ се заглавила потпетицата на педалот за гас, девојка од Бања Лука со автомобил заврши во излог

Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила денес во Бања Лука.  Девојка со автомобил Пежо влетала во излог на продавница. Како што неофицијално се дознава, на девојка која го управувала возилото и се заглавила штиклата меѓу папучата за гас и кочницата.Таа возела во кружен тек по што завршила во излог на продавница рушејќи го сообраќајниот знак, а за среќа немало пешаци и избегната е поголема трагедија.И на продавницата и на возилото е направена голема материјална штета, а автомобилот со кој управувала е службен.фото: Nezavisne novine 

Свет | пред 6 години

pateka

(ФОТО) Изграден и вториот крак од пешачката патека од саат кулата до Горна Порта

Деновиве заврши изградбата на пешачката патека во стариот дел на градот, што води од Саат кулата до Горна порта. Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри, што ја спојува патеката со улицата “Св. Кирил и Методиј“.Инвеститор на овој проект е Центарот за развој на југозападниот плански регион, со средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Вредноста на целиот проект е 11 милиони и 500 илјади денари, од кои 3 милиони се издвоени за оваа патека.Патеката е изградена од природни материјали, а вдолж истата се поставени и 24 автентични канделабри.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Јавен оглас бр.02/2019 за вршење на општински линиски превоз

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 донесена од општинскиот  Совет  на ден 11.06.2015 година, Oпштина Охрид објавуваЈАВЕН  ОГЛАС бр.02/2019За добивање на дозвола за вршење на општински линиски превозГрадска линија 1 и Градска линија 21. Предмет на овој оглас е доделување на дозволa за вршење на општински линиски превоз на патници за: Градска линија 1 за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)  иГрадска линија 2 за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)Возните редови за горенаведените линии кои се прилог на овој оглас заедно со одлуката на Совет бр.09-7951/10 и останатите обрасци потребни за огласот  може да се  подигнат преку официјалната веб страна на Општина Охрид-www.ohrid.gov.mk.2. Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:1) Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна  дејност- вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;2) да е сопственик на минимум 4(по две за секоја линија ) регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила, да има од 20-32 места за седење  и најмалку 15 места за стоење, со исполнети посебни техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз  и потврда за еколошки стандарди на возилото ( најмалку ЕУРО 4) и за истите да поседува важечки извод од лиценца за  вршење општински линиски превоз;3) Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум  еден возач  по возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;4) Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност и5) Да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.6) Посебни услови:При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку 4 возила  кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии(по две посебни возила за секоја линија). Четирите возила се бараат бидејќи две возила треба да биде во резерва во случај да се случи дефект на моторното возило со кое во моментот се врши превоз на патници.На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон. НАПОМЕНА: (За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола  заверена на нотар,  а додека за докажување на вработени возачи се приложува Список на вработени по обврзник издаден од ФПИОМ не постар од 60 дена ) Договорот за добивање дозвола за вршење превоз има важност 5 години согласно Законот за превоз.Договорот ќе ги содржи минимум следните одредби:Економскиот оператор(превозникот) се обврзува дека ќе вози на горенаведената релација за максимална цена односно цена пониска од максималната утврдена со Одлука на Совет(член 25-а од Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10);Општината го задржува правото за промена или дополнување на линиите назначени во возниот ред заверен во општина Охрид притоа превозникот нема да има право на приговор ниту да превзема некакво правно дејство;Превозникот е должен во целост да ги почитува дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(член 22-б) односно во склоп на општинскиот линиски превоз да врши и превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето во работни денови за период за кој се склучува договорот.[член 22-б од дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(Сл.весник на Р.М бр.163/18)] 3. Критериуми за доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз: Дозволата ќе биде доделена на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од точка 2 од јавниот оглас 02/2019, понудил највисок  паушал за користење на автобуски постојки за реализација на пакет  линијата за период од 5 години и потпишал изјава за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид.Најповолниот превозник на одредена линија ќе биде избран по одржување на електронското наддавање кое ќе се врши врз основа на првично изготвената ранг листа на датум и термин определен од Комисијата формирана за спроведување на огласот. Како почетна цена на електронското наддавање ќе се смета највисоко понудената цена за користење на автобуски постојки за период од 5 години утврдена во почетната ранг листа.Начинот на одвивање на електронското наддавање ќе биде определен со правилник кој на понудувачите ќе им биде поделен на денот на отворање на понудите.Дозволата и возниот ред од ставот 2 на овој член се издаваат со рок на важење од пет години. 4. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз: Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понуда во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:е адресиран со точна адреса на договорниот орган,го содржи бројот на огласот, делот за кој аплицираво горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите. Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:,, Не отворај”ЈАВЕН ОГЛАС БР.2 -Градска линија 1 -Градска линија 2                                                                                  ДоОпштина Охридул. ,,Димитар Влахов” бр.57Понудата за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:Полн назив, седиште и адреса на превозникот;Матичен број и адреса на превознокот;Пополнет образец на понуда;Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од  точка 2(два) од јавниот оглас;Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (истата е утврдена со Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници). Начинот на подмирување на надоместокот за користење на автобуски постојки ќе биде определен со договорот за добивање дозвола за вршење на превоз на одредена релација.Во образецот понуда во делот надоместок, превозникот самиот го наведува износот на годишниот паушал за користење на автобуски постојки.Понудите  кои нема да ја содржат целокупната барана документација нема да бидат предмет на евалуација.Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни. Заинтересираните превозници своите понуди треба да ги достават во затворени коверти со назнака за Јавен оглас 02/2019, најдоцна до 16. 12. 2019 година до 13:00 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за спроведување на оглас 02/2019-релација  Градска линија 1  и  Градска линија 2,  ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.Записникот од отварањето на понудите на сите подносителите на понуди ќе им биде достапен во секое време. 

Македонија | пред 6 години

tamara

52 годишна австралијка пронајдена по 12 дена минати во пустина

Тамара Мекбет Рајли (52) е пронајдена во недела вечерта и е префрлена во болница заради дехидрација и изложеност на сонце, соопштила полицијата и додала дека со хеликоптери се трага по нејзините пријатели.Полицијата жената ја пронашла така што ги следеле трагите од гумите на автомобилот со кој што патувале.Тамара и пријателите на 19-ти ноември го напуштиле Алис Спрингс, меѓутоа нивниот автомобил се заглавил во коритото од реката југозападно од градот.Тамара била пронајдена на 1,5 километри северно од автомобилот во близина на извор со вода. Таа на полицајците им кажала дека намерно останала тука за да има вода за пиење и да преживее и веројатно затоа успеала да издржи толку долго.Како што им открила на полицајците, нејзините пријатели продолжиле да одат 20-тина километри кон автопатот, а со себе имале вода и малку храна. Таа останала до изворот затоа што верувала дека нема да го издржи патот до автопатот на толку високите температури и дека не знаела дали некој воопшто ги бара.„Кога ме пронајде хеликоптерот мислев дека моите пријатели успеале да стигнат до автопатот“, изјави Мекбет Рајли.фото: news

Свет | пред 6 години

rusija-kina

Русија почнува да ја снабдува со гас Кина

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг официјално го пуштија во употреба еден од најдолгите гасоводи во светот, „Силата на Сибир”, преку кој природен гас од Русија ќе биде доставен до Кина.  Денеска джавната компанија Газпром го отвора гасоводот „Силата на Сибир“ долг 3.000 километри.Суровините ќе се транспортираат од центрите за производство на гас во Иркутск и Јакутија до руските потрошувачи на Далечниот Исток и ќе се извезуваат во Кина.Гасоводот долг неколку илјади километри ќе се полни од огромните наоѓалишта на природен гас во Иркутскиот и Јакутскиот регион на Русија. Околу него ќе се изгради капиларна мрежа на гасни инсталации која ќе дојде практично до секој потрошувач на рускиот Далечен Исток и НР Кина.„Силата на Сибир“ е проект на руски „Гаспром“ и „Кинеската национална нафтена компанија“. Неговата вкупна должина е околу 4000 километри, а преку неговата цевка ќе се транспортираат 61 милијарди кубни метри природен гас, вклучувајќи ги и 38 милијарди кои ќе се извезуваат во НР Кина. Договорот е склучен 30 години, а неговата вкупна вредност е околу 400 милијарди долари. Изградбата на гасоводот траеше повеќе од пет години.Гасоводот е промовиран како важна компонента во растечкото стратешко партнерство меѓу Русија и Кина.извор и фото: Russia beyond

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Новогодишната елка ќе светне во петок - почнува „Винтерленд 2020“

Новогодишниот базар „Винтерленд 2020“ со работа ќе почне во петок, на 6.12.2019 година, со осветлување на Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“. Новогодишните куќички на „Винтерленд“ годинава ќе бидат сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена - од отворањето на базарот, па се до 31 декември, до дочекот на Новата 2020 година.Очекувам во Скопје да се создаде вистинска предновогодишна атмосфера, каква што не сме имале досега. Минатата година „Винтерленд“ побуди голем интерес кај нашите сограѓани, а јас сум убеден дека годинава ќе биде посебна на свој начин и ќе привлече уште повеќе посетители. Не очекуваат многу музички изненадувања од земјава и од регионот, кои треба да ги задоволат сите вкусови и да гарантираат добра забава. Затоа, ги поканувам граѓаните да го посетат „Винтерленд 2020“ со своите најблиски, да уживаат во празничниот амбиент и да ја почувствуваат новогодишната магија – рече градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција на која ги претстави содржините на новогодишниот базар.Во близина на куќичките во „Винтерленд“ ќе биде сместена мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор се предвидени и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма која ќе почнува точно напладне. Со почит,Град Скопје

Скопје | пред 6 години

Foto-4-1

Пендаровски до лицата со попреченост: Ќе бидам вашиот глас таму каде што треба и секаде каде што можам

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска го посети и се дружеше со ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Истакнувајќи дека попреченоста наместо основа за разлики треба да биде основа за сличност меѓу луѓето, претседателот Пендаровски рече дека денес треба да зборуваме за пречките коишто постојат во општеството, а не за пречките кај луѓето. „Ќе го споменам пристапот за инвалидски колички, патеките за лица со оштетен вид, литературата со брајово писмо, преводите за глувонеми. Точно е дека има напредок и точно е дека многу институции и организации ги отстрануваат овие препреки, но ни останува уште многу работа како држава“, потенцираше претседателот Пендаровски и додаде дека многу посериозен проблем, којшто сеуште постои, се старите предрасуди и стереотипи. „Секој обид за дискриминацијата на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство на човековата личност. Овој Меѓународен ден е потсетување за нашата човечка должност да се грижиме за вашите права и слободи и вашата слобода да носите одлуки за вашите животи“, подвлече претседателот Пендаровски. Во рамки на денешниот настан „Преку игра до пријателство“, а  по повод одбележувањето на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лица со попреченост, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ беше домаќин на шаховски натпревар. На него учествуваа 15 ученици со оштетен вид и учесници од училишта од општина Кисела Вода и приватното училиште НОВА. Дел од натпреварот во шах беше и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. „Не случајно, денешниот ден ќе го одбележиме со партија шах. Шахот знаете е многу повеќе од игра. Тоа е способност за носење вистински одлуки и повлекување вистински потези за решавање на сложени прашања. Нешто слично би требало да биде и политиката – носење мудри одлуки за решавање на проблемите на граѓаните. Пораката што денес сакаме да ја пратиме е дека сите вие треба да имате можност активно да се вклучите во носењето одлуки и креирањето политики, особено оние кои се однесуваат на вас. Само така ќе успееме доследно да ги постигнеме целите за одржлив развој 2030-та година“, заклучи претседателот Пендаровски.Директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, Горанчо Јакимов на денешниот настан истакна дека училиштето е посветено да работи по мерка на учениците, да го унапреди воспитно – образовниот процес и да ги следи современите инклузивни општествени текови кои гарантираат еднакви можности за сите.Во рамки на посетата на „Димитар Влахов“, претседателот Пендаровски го посети и новиот објект на средното училиште, а се запозна и со начинот на функционирање на целиот објект.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

РКЕ ги соопшти новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Според одлуката на РКЕ, цената на бензините не се менува, додека цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 25.11.2019 година, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,229 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.11.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,186 ден/кг.Фото: Архива

Македонија | пред 6 години

cisterna

Солна киселина истекла од цистерна во кругот на „Металски завод Тито“, Шилегов најави кривична за сопственикот на фирмата

Преку социјалните мрежи јавноста дозна за нов инцидент опасен по животната средина. Како што соопштија инспекторите од Град Скопје , солна киселина синоќа истекла од цистерна. Настанот се случил  во околината на фабриката МЗТ во општина Гази Баба а по реакцијата на надлежните сторителот е најден веднаш.Инцидентот, како што се наведува е пријавен од општински советник во Гази Баба.Скопскиот градоначалникот, Петре Шилегов најави дека ќе поднесе кривична пријава за сопственикот на фирмата која го предизвика истекувањето и го повика Јавното обвинителство сериозно да ја свати заштитата на животната средина и побрзо да реагира.фото: Вечер

Скопје | пред 6 години

b9834986-resize-820x0x100

9 декември неработен ден за сите граѓани во нашата држава

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 8 декември 2019 година (недела), Св. Климент Охридски”, односно 9 декември 2019 година, е неработен ден за сите граѓани на државата.Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот „Св.Климент Охридски”.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

valeri-2

Поп пејачката Валери со пред новогодишно изненадување - наскоро промоција на „ Вози Ме“

Поп пејачката Валери, годината ја испраќа а новата ќе ја дочека со видео спот за нејзината најнова песна „Вози ме“ . Станува збор за поп верзија во која вокалните квалитети на Валери доминираат.  Водејки се од народната добриот тим не се менува Валери и во овој музички проект остана со истата екипа.  Во создавањето на „Вози ме“ подеднакво учествува самата таа  и Темелко Андреевски.„Возиме е песна на која  исто како и во претходните проекти работевме јас и мојот продуцент Темелко Андреев. Оваа песна се издвојува од другите, решивме да ја направиме малку поразлична од предходните,и тоа навистина ни успеа. Снимањето на сцените траеше една ноќ. Јас, но и целиот тим кој стои позади мене сме задоволни од создадениот материјал кој го снимаше Горан Симјаноски,кој во моментов работи и на монтажата на истиот. Со нетрпение очекувам да го видам крајниот резултат“, потенцираше во својата изјава Валери.Валери, досега има издадено шест песни , за три од нив има снимено и видео записи. На македонската музичка сцена е присутна неколку години.Нејзините песни долго се на врвот на музичките топ листи , а таа заедно со својот бенд често настапува на свирки во живо.Песната Возиме ја посветува на сите оние кои што сакаат да бидат сами барем за миг со личноста што ја сакаат, настрана од сите луѓе,како што вели Валери во еден од нејзините стихови„некаде сами без очи за завидни, кај што нема луѓе и нема темни мисли".Промоцијата на видеоспотот е закажана за првата недела од месец Декември, ќе се случува онаму каде што истиот се снимаше.„Во 19 часот во среда на  4ти декември,  во Станбено деловниот комплекс Атлантис во Велес, на местото каде што се снимени најголем дел од сцените, ги поканувам сите љубители на македонската поп музика да бидат дел од промоцијата на „Возиме“. Покрај самиот спот, присутните ќе имаат можност да видат и дел од работната атмосвера која ја имавме ноќта кога се снимаше истиот“, вели Валери.Продукциската куќа,,Импакт Продукција“, очекува ова музичко парче да биде добро прифатено од публиката и долго време да биде на врвот на топ листите во музичките радио и телевизиски емисии како и многу прегледи на YouTube.фото: ФБ

Магазин | пред 6 години

lazov

Лазов: Вирусот од рекет, сомнителни тендери, корупција прераснува во  епидемија

Поминаа 6 дена од новиот скандал наречен Вирус во кој јавноста беше сведок на јавно признание на сопственик на фармацевтска фирма како сведочеше дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови. Шест дена молк од надлежните, истакна Кирил Лазов од ВМРО ДПМНЕ.Внимавајте, побаран е рекет токму од оваа институција која е регулаторно тело - Агенцијата за лекови. Оваа е нов скандал Вирус, кој следи по повеќето како Рекет 1, Рекет 2, Кеш.... и да не ги набројувам сите, многу се.Не само што молчат надлежните од Агенцијата за лекови и од Министерството за здравство, во јавноста кружат и информации дека ова е само еден од низата вакви случаи, во оваа институција. Како да има пракса, на секоја фирма што ќе побара дозвола, решение и слично од Агенцијата за лекови, да им се бара рекет. Оттука последниот случај е повод дополнително да се охрабрат сите сопственици на фирми на кои им бил побаран било каков надоместок, рекет веднаш да пријавуваат до надлежните. Мора сите да се охрабрат и да пријавуваат вакви незаконски и криминални дејствија зошто наскоро доаѓа обновата на Македонија. Наскоро вакви дејствија ќе бидат одлика на едно минато, црно време во кое владееше СДСМ. Повик до надлежните во Агенцијата за лекови да даде одговор на јавноста, за ова јавно признание за Рекет.Воедно, повик и до министерот за здравство, Венко Филипче познат како министер во чиј ресор се случија низа на скандали, сомнителни тендери, да се охрабри и да реши барем еден случај. Наскоро на рекетот и сите сомнителни активности во здравството ќе им се стави крај. И не само во здравството, туку во сите области, истакна Кирил Лазов од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

zapleneti-stotina-metri-ribarski-mrezhi-229465

Рибокрадци од Албанија фатени во кајче од Македонска страна

На 01.12.2019 во 21.00 часот полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Б.Е.(31) и Б.Ј.(46), двајцата од Р. Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“, откако биле затекнати во пловен објект во водите на Охридското езеро на територијата на РС Македонија. Б.Е. и Б.Ј. биле предадени во СВР Охрид за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

vozilo

(ВИДЕО) Во возење, сред Тетово - човек фрлен од автомобил

На социјалните мрежи е објавено видео каде се гледа како од возило кое е во движење се исфрла човек на сред улица. Корисникот на “Твитер” кој го објави видеото вели дека станува збор за грабеж. Односно, според него, човекот кој е исфрлен од автомобилот е сопственикот на возилото.“Во Тетово, промовирано “одземање на БМВ” во движење и исфрлање на сопственикот од возилото. Ај што нема објава во полициски билтен, туку сите молчат. Анархија”, пишува корисникот. На снимката се гледа како откако лицето е исфрлено од автомобилот, од страна дотрчува лице, најверојатно да му помогне. Од МВР нема информации што точно се случило.https://twitter.com/trollowsky/status/1200158172130029573?s=21&fbclid=IwAR0wUo6H_LPKSfHZ4znEK8FcXDDL8u7HwfkSix8JpsOOA4XplgU4sE27ehE

Македонија | пред 6 години

boki-2-3

Русковска сака Боки 13 да остане во Шутка

Вишото јавно обвинителство не се согласи односно даде негативно мислење на барањето  Бојан Јовановски, осомничен во случајот „Рекет“, да оди во домашен притвор. Оваа информација за „Фокус“ ја потврдија од Обвинителството, од каде што велат дека мислењето до судот било доставено во петокот, објави Фокус.Имајќи го во предвид негативното мислење од обвинителството, но и барањето на Јовановски, денеска зад затворени врати Апелациониот суд треба да расправа и да донесе одлука.Од Апелацискиот суд пак за „Фокус“ брифираат дека неизвесно е дали денеска ќе донесат одлука по барањето на одбраната на Боки 13 да биде пуштен во домашен притвор, бидејќи дел од членовите на советот денеска имале редовно судење.извор: Фокус

Македонија | пред 6 години

gruevski-so-novinar-696x356

Министерство за правда: Демантираме дека Груевски е уапсен, но бараме негова екстрадиција

Откако се појави информација дека поранешниот премиер Никола Груевски наводно бил уапсен во Унгарија, со демант се јавија од Министерството за правда каде демантираа дека Груевски е уапсен, а демантираа и за информациите дека не се бара негова екстрадиција.„Министерството за правда за жал демантира дека Груевски е уапсен. Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција.На јавноста ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на Никола Груевски – уште минатата година, испрати барање за негова екстрадиција и истото беше одбиено.Во прилог на ова е последниот доспис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство.Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавнот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски“, велат од Министерстовото за правда.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

policija

(ВИДЕО) Ограбен полициски музеј во Германија

Музејот "Štazija" -  во  Берлин - Германија минатата ноќ  бил ограбен , сооштија денеска властите. Крадците влегле низ прозорецот на музејот, скршиле кеколку стакла од витрините и украле медаљи и накит, се наведува во полициското соопштение.Не се знае во колку часот бил извршен грабежот, затоа што кражбара била откриена рано утрово од страна на полициски службеник.Минатиот понеделник ограбен е и музејот „Зелен Трезор“ во Дрезден, од каде крадците одзеле предмети со непроценлива вредост од 18 век. Наградата од 500.000 евра се нуди за било какви информации за грабежот во Дрезден. извор:Ало.рс 

Свет | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Поведена постапка за разбојништво во менувачница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело  -Разбојништво од чл.237 ст. 1 од Кривичниот законик.На 20 септември, осомничениот влегол во спортска обложувалница на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје и со нож во раката се заканил на вработениот, барајќи од него да му ги даде парите. Оштетениот, исплашен за својот живот, се упатил кон касата и ја отворил, па на осомничениот му предал парични средства во износ од 15.000 денари. Откако ги одзел парите, осомничениот се дал во бегство.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети условите наведени во законот. Имено, осомничениот 27-годишник е повеќекратен повратник на истородно кривично дело, а казната по претходната осуда ја издржал во август. Освен ова, тој непосредно по настанот бил во бегство и по него била распишана централна потерница, што укажува на опасноста тој повторно да се даде во бегство. Јавниот обвинител ценеше дека постојат и особени околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека би можел да го повтори делото.

Македонија | пред 6 години

tuareg_palas3

(ФОТО) Туарегот со кој избегале напаѓачите од Александар Палас, полицијата го пронајде запален

Возилото „Фолксваген Туарег“, што е пронајдено запалено во близина на Арачиново и со кое избегале напаѓачите кои пукале со огнено оружје вчера во „Александар палас“, било украдено пред 8 месеци.  И табличките на возилото биле украдени од друг автомобил.Споед официјалната информација на МВР инцидентот се случил во саботата, половина час по полноќ, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три маскирани лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол 11 куршуми кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема.И двете групи, и оние што престојувале во ресторанот на хотелот и групата што пукала се  познати на полицијата.фото: Инфомакс 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања