Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

helikopter-2

Пет жртви во невремето во Франција, загинале и тројца спасувачи со хеликоптер

Во силното невреме што синоќа ја погоди југоисточна Франција, животот го загубија пет лица. Две лица загинаа во надојдена вода и тројца спасувачи загинаа во хеликоптер додека се упатуваа да им помогнат на загрозените, соопштија француските власти.Несреќата се случила синоќа. Министерството соопшти дека во тек е истрага за несреќата, пренесе Ројтерс.Францускиот медитерански брег е погоден од обилни врнежи од дожд во последните седум дена, предизвикувајќи поплави коишто го отежнуваат сообраќајот.фото: Архива

Свет | пред 6 години

pozarna

Кумановските пожарникари цела ноќ гаснеле пожар на кровна конструкција на зграда

Кумановските пожарникари цела ноќ гаснеле пожар на кровна конструкција на зграда на улицата „Сава Ковачевиќ“ во близина на кумановската болница.Од Територијалната противпожарна единица во Куманово денеска информмираа дека нема повредени лица. Оттаму велат дека пожарот првично настанал од запален оџак по што се проширил на кровот.Според командирот на кумановската противпожарна единица Дејан Илиевски, пожарникарите интервенирале со едно возило во периодот од 20:50 до 00:50 часот.– Вторпат интервенирале седум колеги со две возила од 01:30 до 07:05 часот утрово. Ја пробиле трската под покривот, се додека пожарот не бил ставен под контрола и изгаснат, изјави Илиевски.Викендов, пожарникарите гаснеле пожар на викендица во селото Горно Којнаре, а интервенирале и на запалена бандера на „Никуљски пат“.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

27112019_VRSM_strucni_timovi_prva_pomos_Albanija-7

Утрово нов земјотрес во Албанија од 4,3 степени

Нов силен земјотрес од 4.3 степени по Рихтер ја потресе Албанија утринава. Земјотресот бил со епицентар на 25 километри северозападно од Тирана во 09.26 часот.Земјотреси се регистрирани и во БиХ, Црна Гора, Грција..фото: Архива

Свет | пред 6 години

izjava-zaev.Still267

Боки 13 излегува од болница - утре на судење

Во пресрет на утрешното прво рочиште од судскиот случај ,,Рекет“ за денеска е најавено пуштање од болница на Боки 13 кој претходните неколку дена беше хоспитализиран поради неговата здравствена состојба.Првото рочиште за ,,Рекет“ е најавено за утре а во овој случај се обвинети екс јавната специјална обвинителка Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.

Македонија | пред 6 години

airbus

„Ербас“ отпушти 16 луѓе поради индустриска шпионажа

„Ербас“ отпушти 16 вработени без најава во врска со истрагата за шпионирање германските воени програми, јавуваат медиумите во Минхен. Обвинителството во Минхен ја започна истрагата во септември, откако компанијата ги извести властите за можни неправилности со документи за две трансакции.Отпуштените 16 вработени, вклучувајќи директор на оддел, се осомничени за индустриска шпионажа и незаконско стекнување доверливи документи за идни проекти за германските вооружени сили.Ербас е еден од главните снабдувачи за потребите на германските вооружени сили и редовно добива договори за снабдување со нови авиони и хеликоптери на армијата.Случајот со индустриска шпионажа датира од есента 2018 година, кога еден вработен ги прашал своите претпоставени и правниот оддел дали треба да има пристап до класифициран документ што го добил. Следеше голема проверка од 1,5 милиони документи.фото: BusinessWorld 

Свет | пред 6 години

daniel

(ВИДЕО)Победник во 9 тата епизода на шоуто „Твоето лице звучи познато“ е Даниел Кајмакоски

Победник во 9. Епизода на шоуто Твоето лице звучи познато е Даниел Кајмакоски, а наградата од 1.000 евра ќе ја додели на Емилија Стаменчиќ која боледува од церебрална парализа и епилепсија.Пејачот, во улога на Шон Мендес, настапуваше заедно со Едита Арадиновиќ, која имавме можност да ја видиме во улога на Камила Кабејо. Дуото го изведе познатиот хит „Señorita“, а сензуалниот настап беше пресуден за победата.https://www.dailymotion.com/video/x7omdlvфото: prt dalymotion

Магазин | пред 6 години

kiev

(ВИДЕО) Во Киев пукано кон автомобил на пратеник, убиен неговиот тригодишен син

Во центарот на Киев, засега непознати напаѓачи пукале кон автомобил на пратеник, при што е убиен неговиот тригодишен син. Според полициски извори, автомобилот „ренџ ровер“ го управувал Вјачеслав Собољев, бизнисмен и пратеник на регионалниот совет.Украинското Министерство за внатрешни работи на Фејсбук објави дека „по ранувањето, детето починало во возилото за брза помош, на пат кон болницата“. Министерството засега не објави кој е сопственикот на автомобилот, ниту идентитетот на жртвата.фото: 24 Канал 

Свет | пред 6 години

ujp

Започнува наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“, издвоени три милиони денари главна награда

Од 15 декември започнува наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ со скенирањето на фискалните сметки, а наградниот фонд че изнесува половина милион евра и ќе има дневни, месечни и две главни награди од по 3 милиони денари, кои ќе се доделат во март и декември 2020-та година.Министерката за финансии Нина Ангеловска истакна дека при скенирањето на фискалната сметка, без оглед на износот, корисниците ќе добијат порака дали таа е добитна или не.Станува збор за наградна игра која ќе започне од 15 декември, а граѓаните кои до сега скенирале најмногу фискални сметки можат да бидат добитници на вредни добивки. Директорката Сања Лукаревска очекува голем број корисници да го добијат  максимумот поврат. За јули, август и септември, исплатата ќе биде во висина од 50 до 1.800 денари.„Во најскоро време, на почетокот на декември, би требало некаде за 10 до 15 дена да ги вратиме назад парите кај граѓаните. Со тоа што ќе добијат и претходно известување на меил согласно оние податоци кои ги имаат во Е-пдд, дека ќе им се изврши исплата. Очекуваме дека ќе има голем број на граѓани кои што го имаат остварено лимитот од 1 800 денари да им биде вратен назад во нивните џебови“ - вели Лукаревска.По бројот на корисници од над 180.000 граѓани кои месечно скенираат околу 8 милиони фискални сметки што придонело да бидат возвратени 5 милиони денари на граѓаните.Од 1 до 15 декември ќе се изврши првиот поврат на ДДВ кон граѓаните кои скенирале фискални сметки.

Македонија | пред 6 години

tito

Пронајдени тајни документи-додека Тито бил во кома, се изеле 100 кг свинско и испило 91 шише виски

По 40 годни во Клиничкиот центар во Љубљана се пронајдени документи од лечењето на Јосип Броз Тито.Тој последните недели пред смртта ги мина во Словенија и за него се грижеше конзилиум од најдобрите доктори.„Јутарњи.хр“ објави дека документите даваат ново светло на последните месеци од животот на Тито и неговиот персонал во најдобрата медицинска установа во поранешна Југославија.За документите прв објави словенечкиот портал „24ур“. Тие биле пронајдени во просторија до која водат подзмени ходници, а која последен пат била користена како засолниште за време на краткотрајната војна на Словенија со ЈНА во 1991 година, иако се мислеше дека целата документација поврзана со лекувањето на Тито од Љубљана е пренесена во Белград.Повеќето документи содржат податоци за сè што било платено за време на престојот на Тито и неговиот персонал во болницата, укажувајќи на удобен живот. За еден месец биле изедени 100 килограми свинско месо, 31 килограм „бејби биф“, 18 килограми свински врат, повеќе од 15 килограми пршута и 90 килограми конзервирана шунка.Во истиот период биле платени 91 шише виски, 20 шишиња рум, 11 шишиња вотка и 100 литри вино, а според една сметка нарачани биле 700 парчиња торта, 200 ролати, 200 крофни…Освен сметките, бил пронајден и допис од Институтот за патологија во кој било наведено дека обдукцијата на Тито ќе чини 33.437 динари. Лекувањето на Тито го платила тогашната Социјалистичка Република Словенија и чинело два милиони и сто илјади динари. Го лекувале седум доктори од Словенија, САД и Русија, пишува „Јутарњи.хр“.Тито во болницата во Љубљана ги поминал последните четири месеци од животот. Познато е дека не ги слушал лекарите и дека не сакал да се откаже од омилените храна и пијалоци. Тој во последните 68 дена бил во вештачка кома, приклучен на респиратор, така што е јасно дека не можел да ги конзумира храната и пијалоците од сметките. Така да многу е логично да се заклучи дека храната и пијалоците биле нарачувани за персоналот, а не за Тито, затоа што тој бил во кома.

Магазин | пред 6 години

20191129_153656

Детектор анкета: Граѓаните му дадоа оценка „два плус“ на јавното здравство

2,47 е средната оценка на скалата од 1 до 5 која граѓаните ја дадоа за квалитетот на јавното здравство, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведеИнститутот за политички истражувања Скопје.Најголем број од анкетираните или 32,9% здравството го oцениле со „тројка“, 26,8% му дале „двојка“ а 22,2% „единица“.11,6% дале оценка „четворка“ а 4,1% „петка“.Гледано по региони, најслаба оценка здравството добива на jугоистокот. Таму, 40,2% од граѓаните го оцениле со најниска оценка „единица“.Најдобро, јавното здравство поминува во вардарскиот регион, каде 9% од граѓаните го оцениле со оценка „петка“.Во споредба со истражувањето кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во јуни годинава, средната оценка за јавното здравство бележи благо зголемување. Од 2,41, колку што била во јуни, сега, средната оценка се зголемила на 2,47.Мнозинство од граѓаните или 17,6% велат дека најголемо незадоволство во јавното здравство чувствуваат поради закажувањето и времето на чекање за преглед. 15% најнезадоволни се од лекарите, 12,6% од инфраструктурата во болниците а 9,2% од хигиената. 8,3% од граѓаните велатдека најмалку задоволни се од опремата, а 7,5% од mедицинските сестри.Сепак, најголемиот процент на граѓани или 19,5% рекле дека не се задоволни од сите елементи во јавното здравство.И покрај тоа, 69,4% од анкетираните граѓани велат дека кога имаат потреба од здравствена услуга почесто одат во државна, односно јавна здравствена установа, додека 23,3% преферираат да се лечат приватно.Очекувано, оние граѓани кои имаат повисоки примања, во поголем процент се определуваат за приватно здравство, но сепак, таа бројка е далеку под половина од вкупниот број на анкетирани.Дури 60,4% од граѓаните кои имаат приходи над 60.000 денари се определуваат за јавното здравство пред приватното.71% од граѓаните со приходи до 20.000 денари на лекар најчесто одат во јавна здравствена установа. Таму се лечат и 68,8% од оние кои имаат плата меѓу 20.000 и 40.000 денари како и 62,7% кои имаат месечни примања меѓу 40.000 и 60.000 денари.Мнозинството граѓани се против идејата за јавно приватно партнерство како реформа на Брзата помош со која приватни компании би ги обезбедувале услугите а државата потоа би ги покривала трошоците. 38,1% од граѓаните се изјасниле против, иако висок процент, односно 35,8% се подготвени да ја поддржат оваа реформа.Најголеми противници се граѓаните од источниот и  pелагонискиот регион. На истокот, 61,5% се против, додека во Пелагонија против јавно приватно партнерство во Брза Помош се изјасниле  52,3%.Најголема поддршка овој предлог има во југозападниот дел од земјата каде јавно приватно партнерство во Брза помош поддржуваат 42,6% од анкетираните. Висока е поддршката и најугозападот каде за реформата се изјасниле 42,2% од граѓаните.Генерално, 40,4% од граѓаните даваат поддршка за идејата за јавно приватно партнерство во здравството, додека 38,3% се против.Мнозинството граѓани, или 31,4% сметаат дека македонските аптеки се добро снабдени со лекови кои се издаваат на рецепт во текот на целиот месец, а 22,9% велат дека аптеките се донекаде добро снабдени.17% велат донекаде не на прашањето дали сметате дека се добро снабдени аптеките со лекови на рецепт во текот на целиот месец, додека 16,9% велат дека тие воопшто не се снабдени.Во споредба со анкетата која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во јуни годинава, значително пораснал бројот на граѓани кои велат дека аптеките се добро снабдени со лекови на рецепт во текот на целиот месец. Речиси двојно е зголемен бројот на граѓаните кои сметаат дека аптеките се добро снабдени со лекови. Од 16,7% во јуни, процентот на анкетирани кои сметаат дека аптеките се добро снабдени со лекови на рецепт скокнал на 31,4%.За сметка на тоа, значително се намалил бројот на граѓани кои велат дека аптеките воопшто не се снабдени. Од 27,3%, процентот на граѓани кои велат дека воопшто нема лекови на рецепт во аптеките за 6 месеци се намалил на 16,9%.Високи, 64,9% од анкетираните велат дека вакцинацијата на децата треба да биде задолжителна, додека 16,6% се против.Интересен е податокот дека во споредба со анкетата која Институтот за политички истражувања за Скопје за Детектор ја изработи во јуни, паѓа поддршката на задолжителното вакцинирање.Па така, од 73,6% во јуни, бројот на поддржувачи во ноември паднал на 64,9%. Пораснал и бројот на противници и тоа за близу 6 процентни поени за 6 месеци. Од 10,8% во јуни на 16,6% во ноември.Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје по нарачка на Детектор е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември, врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници со маргина на грешка од плус-минус 3%

Свет | пред 6 години

black-friday

Попустите за „Блек фрајдеј“ под лупа кај државниот инспекторат, ќе има ли казни за измамниците?

Државниот пазарен инспекторат ќе соопшти дали имало измами со понудените попусти од страна на трговците за време на „Блек фрајдеј“ во шопинг-центрите.Од Инспекторатот велат дека во моментов се прават споредбени анализи на претходните и цените на производите што се нуделе за време на „Блек фрајдеј“ (Црн петок), а дали имало и какви неправилности, ќе соопшти утре по скенирањето на ситуацијата.Казните за измамничко рекламирање се движат од 4.000 до 5.000 евра за трговецот, велат од Инспекторатот.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Јас аболиција не поддржувам и компромиси со правдата не правам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес предложи да биде забранета амнестијата за политичарите.-Да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика, бидејќи уште во 2008-та година и случајот „Глобал“ се покажа дека правдата кај нас се изигрува преку несовесно давање на амнестија. Очекувам ова да биде прифатено и од страна на СДСМ и Заев, наместо со замки и удбашки методи да прифатат принципи и вредности. Македонија не верува во амнестии, Македонија верува во правда и принципи. Мора да создадеме систем кој независно ќе суди, ќе докажува криминал и ќе има одговорност за сите кои докажано се огрешиле кон законите и Уставот, порача тој.Другото негово барање е да се направат законски измени со кои ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата.-Темата со амнестијата личи на  местенка од власта, наметната со типично удбашки методи. Ова тука не е политика, туку валкана игра на шака криминалци, и разно разни провладини организации кои свесно или несвесно се налепија на оваа измама. И секој кој има дилеми нека се запраша една едноставна работа, како е можно Уставниот суд да не изгласа и расправа за ниту една иницијатива поврзана со СЈО, или како е можно цели три години оваа инцијатива да се држи во фиока, а токму сега на неколку месеци пред избори, во време кога власта е жива фатена во скандали и криминалии сето ова да стане тема во јавноста и да се стави на дневен ред. Јас ја знам вистината, а тоа е стравот на Заев од пораз на изборите и соочување со одговорноста. Заев и СДСМ ја наметнуваат темата за Уставен суд, затоа што прават подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта која треба да се испорача од Пендаровски, а кои се плашат од одговорноста за аферите сега, како и еден вид задоцнета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци. Но треба да знаат сите до еден од власта, оние вмешани во Рекет 1, 2 па и во наредните продолженија, аферата „Кеш“, оние во криминалните тендери и афери, и сите оние кои сега или порано се огрешиле спрема законот дека јас аболиција не поддржувам и компромиси со правдата не правам. Темата со Уставниот суд покажува дека мора да има механизми за заштита од злоупотреба на амнестијата како алатка. Бидејќи јас не може да зборувам за принципи во политиката, а кога ќе станува збор за правдата да виткам кичма како Заев, тоа од мене не треба никој да го очекува, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Со обраќањето за прочистување во правосудството, Заев признава дека капитулирала правната држава

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната прес конференција одговараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите во целост:Прашање: Ги споменавте и изборите во контекст на ова сето што го изнесовте, слушаме од власта во последно време повторно изнесување на маса тезата за можно одложување поради случувањето во Шпанија. Дали ВМРО-ДПМНЕ би прифатило одложување на парламентарните избори и каков е Вашиот став на ова тема? Дали гласањето на протоколот за НАТО во Шпанија може да значи одложување на избори?             Христијан Мицкоски: Исплашени се, се плашат, знаат дека губат. И знаат дека губат катастрофално и тоа ќе се случи на 12-ти април 2020. Па сега се обидуваат шверцерски на мала врата да протуркаат некакво одложување со изговор еве ратификувањето, идното, можното не ратификување во рамките на Шпанскиот парламент и би било некаква пречка. И во име на тоа ќе предложам до пратениците во текот на следната недела да до Собранието достават иницијатива за ратификување на протоколот со одложено дејство, по принципот на тоа што го направи една друга членка на НАТО алијансата, а тоа е Црна Гора што го ратификуваше протоколот пред тој да биде ратификуван во САД. Ајде да видиме дали пратеничката група на СДСМ, дали Зоран Заев се плашат од катастрофата што ќе им се случи на 12-ти април и свесни се дека ништо не направија овие три години. Или пак навистина сакаат да Македонија да биде членка во НАТО алијансата и еден ден да бидеме дел од ЕУ. Следната недела пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива во рамките на Собранието за предвремено ратификување на Протоколот и со тоа предвремено ратификување на Протоколот ќе имаме одложено дејство кое што ќе биде полноправно и оној момент кога сите останати 29 членки ќе ја завршат таа процедура по принципот на тоа што го направи Црна Гора во минатото. Односно го ратификуваше протоколот пред и официјално Американскиот Конгрес и Сенат да ја завршат процедурата.             Прашање: Господине Мицкоски ваш коментар за денешните најави на Зоран Заев за прочистување во правосудството.             Христијан Мицкоски: Па продолжува копи пејист политиката на СДСМ. Тоа што денеска Зоран Заев лицемерно го говори, практично ние го говоревме уште во месец јуни кога баравме потекло на имотот на политичарите на судиите на обвинителите, но јас ќе ве потсетам на неколку факти кои што се многу значајни кога вие се обраќате лажливо и лицемерно кон јавноста кон граѓаните кон македонските граѓани, тогаш треба да имаме и една кратка реминисценција на тоа што се случуваше изминативе речиси три години. Со тоа денешно обраќање практично признава дека капитулирала правната држава, но не само он исто тоа го кажа и министерката Дескоска кога кажа дека практично бил урнисан целиот правен систем, бил урнисан Уставот кога се случуваа оние насилни процеси во парламентот кога се правеше трговија со правото и законите во државата за да се реализираат политички цели.Тоа денеска го потврдува и Зоран Заев дека они практично не направиле ништо освен што успеаја конкретно он самиот да се спаси од делото поткуп каде што македонската јавност гледаше како човекот практично бара поткуп за себе за сопственото семејство и ја злоупотреби се разбира тука и црквата за да практично испорача услуга кон граѓанин која што му е должност како градоначалник на таа општина. Единственото нешто што го направи е што во случајот се преквалификува обвинението за него и по некое си ново обвинение зад затворени врати без јавноста и транспарентноста на која што денеска се повикува во ова негово обраќање се емитуваше целосната снимка за случајот „Поткуп“, јавноста не можеше да биде сведок и да види што се случувало  и така наеднаш се пролеа онаа солза кога добивме нели ослободителна пресуда. Очигледно за дело кое што е класична корупција и криминал од страна на политичар во државата.Истовремено се сеќавате на оние негови црвени линии за Катица Јанева. Кога велеше не ја даваме Катица Јанева, ја видовте Катица Јанева онаа слика со качулката и лисиците на раце, потоа велеше моја црвена линија се обвинителите во рамките на СЈО, гледате таму денеска аферата кеш, која  практично ја згрозува македонската јавност. Луѓето едвај крај со крај врзуваат во месецот, а таму летале хонорари од илјадници би рекол и десетици илјади евра и 100-тици илјади евра. Безмилосно трошење на парите на граѓаните, едно дувло кое што требаше колевка на правото и правдината, прерасна во дувло на криминалот. Се поткупувале обвинители, се поткупувале директно или индиректно судии, адвокати, новинари. Тоа било практично класично дувло кое што му служело како алатка за поткуп на Зоран Заев нормално и креирање на обвиненија, а потоа и определени судски одлуки. Се сеќавате на неговата улога како главен реформатор во судството, се сеќавате и на оние инструкции кои што ги даваше неговиот адвокат до државниот јавен обвинител и можам вака да ви редам цела една прес конференција сето она што се случуваше, а што имаше негативни последици во рамките на правосудниот систем во Република Македонија за да денеска онака храбро, лицемерно би рекол, дволично излезе и каже не успеавме овие три години, но еве сега готово кога ќе добиеме уште еден мандат навистина ќе биде се како што треба без ни малку чувство на себе прекор и сите оние кои што биле дел од неговиот тим. Тоа од прилика би бил малку подолга верзија, мој коментар на она денешно помалку срамно и лицемерно обраќање на аболираниот Зоран Заев кон македонската јавност.             Прашање: До сега, имаше разлика во тоа што го зборувате и тоа што го правите. На пример, цело време велите дека вие сте за правда, а факт е дека преговорите за СЈО и за Јавно обвинителство ги влечевте толку многу, очекувајќи да застарат процесите. После се буневте кога ОЈО ги зема случаите на СЈО. И ден денеска го осудувате тој факт. А самите сте свесни дека ако тоа не се случеше тие процеси ќе застареа, ќе пропаднеа. Како може во исто време да сте за правда, а во исто време и да се залагате тие процеси да пропаднат?             Христијан Мицкоски: Ајде прво да видиме за што ние се залагаме. Ние велевме вака: Не е примерно, Катица Јанева да биде унапредена во Републички јавен обвинител, бидејќи имаме индиции, пак би рекол и докази, дека е навистина корумпирана, и не може да биде унапредена од тоа што е сега таму. Тоа беше црвената линија на Зоран Заев. Сведоци беше и македонската јавност, и вие, и сите дека не била така едноставна работата, дека тоа што сме го говореле било точно, односно дека била замешана, еве ќе бидам благ, и ќе кажам дека во судскиот процес допрва ќе се развива, вмешана во еден коруптивен скандал. Има индиции за нејзино замешателство. Така, сега да го поддржиме предлогот за СЈО каде што таа ќе биде Републички јавен обвинител, е тогаш би биле надвор од нашите принципи, е тогаш не би биле за правда. Но, тоа беше црвената линија на СДСМ и Зоран Заев, за да потоа ја видиме истата црвена линија во качулка и во лисици. И внимавајте, сите, еве јас ви гарантирам, сите кои што денеска во му слугуваат на Заев, без разлика во кое ниво, како и што, да ја имаат таа слика пред очи секогаш. Зоран Заев е подготвен, секого да го пушти низ вода и да го претвори во таа слика, само за себе да се спаси. Секого. Запамте те ја таа слика и внимателно гледајте.Понатаму, велевме: Не можеме да поддржиме со закон трансфер на јавните обвинители кои што се дел од Специјалното јавно обвинителство, во новото Јавно обвинителство. Си има закон, каде што Советот на обвинители треба да го одреди составот на обвинители кои што ќе бидат таму. Ќе има конкурс, транспаренте, нека си се пријават и овие. Но, имаме индиции дека ќе има сериозна злоупотреба со хонорари, безправно исплаќани, без основа и така натаму. Не, тоа е нашата црвена линија. За да денеска, преку аферата “Кеш“, македонсктата јавност е сведок дека сме биле во право.Е сега, повторно ќе се навратам на она што го зборевте, би биле навистина само фанови на неправдата, и би биле лицемерни ако го поддржиме, а знаеме или имаме индиции дека има тука определени злоупотреби. Тука беше црвената линија. Сето останато, горе доле ние се усогласивме. Персоналните решенија не беа. И јас тоа го зборував и на прес конференција. Ајде луѓе за процеси да зборуваме. Ајде да зборуваме за тоа што вие го зборувате. За правда, безкомпромисна битка со корупцијата, без разлика Христијан, Зоран Заев. Еве, тргнете од мене, имав случај пред анти корупциска, седум месеци, два дена пред претседателските избори го отворија по допрен глас, откако имаше прес конференција портпаролот на СДСМ. После седум месеци, анти корупциска ме сослуша, ги слушна фактите и аргументите, ги провери претпоставувам, сите документи и докази и констатираше дека, немало ниту корупција, ниту пак имало било каква злоупотреба на службена должност. Јас, во меѓувреме, го оттуѓив тој дел, седум проценти сопственост во таа компанија, која што има концесија за тие три мали хидровентрали. И никому ништо. И никому ништо, и титу извинување, ниту некаква одговорност. Никому ништо. Но, во ред. Јас се навикнав да живеам со тие слабости на луѓето, и ќе продолжам да живеам и понатаму. Претпоставувам во отсуство на факти и аргументи, ќе измислуваат. Еве сега, повторно имаме докази. Луѓево, биле во аферата “Кеш“ заглавени до гуша со криминал. Јасен е законот колкави додатоци можат тие да имаат. Јасен е и законот за Специјалното јавно обвинителство. На што личо ова? Не личи на ништо. Е не може вие да преговарате едно а “позади завесата“ да правите друго. Не е коректно.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ   

Македонија | пред 6 години

pemov

Почина професор доктор Петар Пемов

Почина професор доктор Петар Пемов, клиничар и редовен професор по невропсихијатрија на Медицинскиот факултет на УКИМ од 1982 година до пензионирањето. Пемов е роден во 1935 година во Скопје. Во 1961 година дипломира на Медицинскиот факултет. Во 1968 година стана специјалист по невропсихијатрија. Докторира во 1981 година во Белград на тема поврзана со испитување на промените во мозочната течност при невролошките болести, со помош на полиакриламидна диск-електрофореза.Бил раководител на Катедрата по невропсихијатрија, претседател на Здружението на невропсхијатрите, а потоа и на невролозите на Македонија, како и претседател на Здружението на невролозите на Југославија и член на Комитетот за неврологија на Југославија.Автор е на книгите „Болести на крвните садови на мозокот – цереброваскуларни болести“ и „Мозочен удар – спречување и лекување“. Коавтор е на книгите: „Патофизиологија, дијагноза и теарпија на цереброваскуларните нарушувања“, „Современа дијагностика и терапија во медицината“ и „Геријатрија“.

Македонија | пред 6 години

3albanija-zemjotres

Поради непромислена изјава градоначалничката од Драч поднесе оставка

Валбона Сакора, градоначалничката на Драч поднесе оставка на функцијата, по непромислената изјава за силниот земјотрес кој го зафати регионот во Албанија со трагични размери.Имено таа наиде на силен медиумски притисок откако изјави „дека е среќна што починале само 50 жртви во природната катастрофа“.Соопштувајќи ја одлуката на нејзиниот профил на Фејсбук да се повлече од градоначалничката функција, таа рече дека е длабоко повредена од негативните реакции на објавата што ја дала синоќа. Таа им се заблагодарува на сите за довербата што и ја дале и бара разбирање од сите, поради изјавата која е последица на нејзината премореност.– Повредена од огромната негативна реакција на изјавата што ја дадов, под стрес и премореност кои ја надминува мојата моќ, јас поднесувам оставка како градоначалник на Драч. Им благодарам од срце на сите што веруваа во мене и се надевам дека ќе ме разберат,напиша на Фејсбук. 

Свет | пред 6 години

9112019_PVRSM_Zaev_trilateralna-sredba_Rama_Vucic-3

Рама им се заблагодари на Заев, Вучиќ и на лидерите во регионот за помошта

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа им се заблагодари на лидерите во регионот за помошта на Албанија во санирањето на последиците од силните земјотреси што ја погодија земјата.„Не можам да пронајдам зборови со кои би искажал колку ни значи таа поддршка…Беше прекрасно како регираа Вучиќ и Заев….да не ги споменувам нашите браќа од Косово. Прекрасно“ порача Рама.Албанскиот премиер исто така им се заблагодари и на Унгарија и Романија, потсетувајќи дека романскиот спасувачки тим во Албанија дошол самоиницијативно.Тој им се заблагодаи и на САД, на папата Франциск и на Саудиска Арабија, извинувајќи им се на тие што ги заборавил да ги спомене.фото: Архива

Свет | пред 6 години

avtobus-rusija

(ВИДЕО) Во Русија автобус падна од мост во река, загинаа најмалку 15 лица

Најмалку 15 лица загинале, а 18 се повредени при превртување на автобус во регионот Трансбајкал, во рускиот далечен исток, соопштија локалните власти. Според информациите на локалните лекарски служби, шестмина повредени се хоспитализирани.Во автобусот имало 43 луѓе.Портпаролот на локалната полиција соопшти дека до несреќата дошло поради пукање на гума на автобусот. https://twitter.com/duma_gos/status/1201055935168421888

Свет | пред 6 години

katica-janeva

Мкд.мк: Со потпис од Јанева командантот на „Алфите“ смеел да зема плата од МВР и додатоци од СЈО

Истражители, експерти, стручна и административна служба можеле да бидат дел од Специјалното јавно обвинителство, а за тоа одлучувала специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Членот 2 став 3 од Законот за СЈО предвидува дека „Јавно обвинителство за гонење  кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите ги вклучува и јавните обвинители избрани во ова Обвинителство, но и истражители, експерти, стручна и административна служба“, истакна мкд.мк.На листата на истражители се најдоа и имињата на двајца вработени во МВР, Лазе Велковски и Примислав Димовски. Едниот поранешен шеф на БЈБ, а сегашен началник на Одделот за борба со организиран криминал во рамки на Министерството за внатрешни работи, другиот сегашен командант на Единицата за прв одговор „Алфа".Во период од последните четири години командантот на „Алфите“ Примислав Димовски за ангажманот во СЈО зел околу 40 илјади евра. На платниот список на СЈО бил и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски кој за три години на име хонорар од СЈО заработил околу 33.000 евра.Командантот на полициската единица „Алфи“, Димовски, пред неколку дена преку статус на социјалните мрежи јавно се огласи и рече дека е подготвен да го врати секој денар што не го заработил.Текстот во целост на: мкд.мк

Македонија | пред 6 години

mrga

(ВИДЕО) И ова се случи, министерот го заборави името на водителката

Интересен момент од дебатата на ТВ24 во кој министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски во кавгата со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев го промаши името на водителката Душица Мрѓа.https://twitter.com/Semir_k11/status/1200160279193149440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1200160279193149440&ref_url=https%3A%2F%2Fexpres.mk%2Fministerot-go-zaboravi-imeto-na-voditelkata-video%2F

Македонија | пред 6 години

ursula

Новата Европска комисија денеска го почнува својот петгодишен мандат

Од денеска почнува новиот  петгодишен мандат на челеновите на Европската Комисија , како и на претседателот и пратениците во Европскиот Парламент, предводена од првата жена претседател Урсула фон дер Лејен.Поради проблеми со составот на новиот тим комесари, или заради промените во кандидатите за комесари од Франција, Унгарија и Романија, новиот состав  на Европската Комисија го доби „зеленото светло“ на Европскиот Парламент на 27 ноември.Во исто време, во новиот состав на Европска комисија постигнат е досега највисок родов баланс, односно од 27 највисоки позиции, 11 ги држат жени.Комисијата, која во наредните пет години ќе биде една од трите најважни институции на ЕУ, покрај Парламентот и Советот, ја сочинуваат претседателката, 25 комфото: CivilMedia

Свет | пред 6 години

01122019_PVRSM_Zaev_obrakanje

(ВИДЕО) Заев: Правосудството мора да се прочисти од нечесните судии и обвинители

Изминативе две и пол години се покажа дека судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции. Овие последни упоришта на „заробената правда“ продолжија да ги контролираат судските процеси во кои беа осомничени токму протагонистите на режимот. Злоупотребувајќи ја одвоеноста на судската од извршната власт, овие таканаречени Сваровски судски центри на моќ застанаа на патот на правдата, истакна денеска премиерот Зоран Заев.Тој во продолжение на видео објавата вели:Ова мора да престане веднаш! Правосудството мораме да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните. Антикорупциската комисија, токму сега врши проверка на парите и имотот на сите членови на Владата, започнувајќи од мене. И тоа е сосема во ред.Затоа, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш. Комисијата има таква можност и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш. Извршната власт ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за проверка на потеклото на имотите и парите, на обвинителите, судиите, и нивните семејства.Антикорупциската комисија треба да ги утврди и конфликтите на интереси. Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани, во судските постапки што ги воделе.Ги повикувам Судскиот совет и Советот на обвинители да ја оценат одговорноста на судиите и обвинителите за застарувањето на предметите и целосно да ја проверат професионалноста и ажурноста на работата на судиите. Мораме да обезбедиме правосудство кое одлучува, а не правосудство кое застарува предмети! Мораме да го прочистиме судството од непрофесионалните, неажурните и корумпираните!Истовремено, најавувам дека преку институциите ќе започнеме контрола на сите лекарски потврди за домашен притвор, или за привремено пуштање од затвор, по кои се случило бегство.Владата ја повикува и Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судски случаи од висок профил. Согласно законските одредби за јавност, Владата предлага сите снимки од судења на случаите кои ќе бидат набљудувани од Европската Комисија, да бидат достапни во аудио верзија. Време е судството да се соочи со јавноста!Почитувани граѓани, ова прочистување ќе овозможи правда да може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата.Пред граѓаните ветивме правда! Му дадовме шанса на судството, а од таму до сега немаше резултати. Затоа, судството ќе мора да се соочи со граѓаните, да се прочисти од нечесните и да се промени!

Македонија | пред 6 години

pari-za-izjava

Работодавачи внимавајте: Од денес важат нови законски решенија

Минималната плата е загарантирана како 14.500 денари и таа стартува од денеска. Мерката за субвенционирање на платите се однесува на покачување од минимум 600 до максиум 6.000 денари и државата го покрива придонесот за покачувањето. Ако покачат 2.000 денари во ноември со исплата во декември, тогаш тие ја покачиле минималната плата и ќе ги искористат субвенциите за покачување на платата.Мерките, велат од Владата, се комплементарни една на друга, но тоа, посочуваат, не значи дека сите ќе ја покачат минималната плата користејќи субвенција. Досега 90 илјади граѓани примаа минимална плата од 12.500 денари.Во државава од овој месец секој вработен нема да добива плата помала од 14.500 денари. Висината на минималната плата по неколкумесечно преговарање беше усогласена преку социјален дијалог со сите социјални партнери, во договор и со синдикатите и работодавачите. Од Владата очекуваат со ова да се зголеми стандардот на работниците, но и да се поттикне натамошно зголемување на платите, кои претходно биле исти или повисоки од сегашната минимална плата. Работодавачите, иако дел сметаат дека ќе им претставува дополнителен товар, се свесни дека пораст на платите мора да има со цел да се задржат работниците.

Македонија | пред 6 години

zemjotres

Утрово земјотреси во Босна и Херцеговина

Два земјотреси рано утрово во Босна и Херцеговина. Првиот во 4 часот утрово со интензитет од 4,1 степени по рихтер на длабочина од 2 километри. Епицентарот му бил на 5 километри од Невесиња, 67 километри од Дубровник и 71 километар од Сараево.  Вториот потрес пак бил со интензитет од 2,9 степени по Рихтер со епицентар на 18 километри од Невесиња, 56 километри од Сараево.

Свет | пред 6 години

micko

Мицкоски ги заплеска СДСМ

Јас сум убеден во историски најголемата понуда бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија “ ја формираше најголемата, историски најголемата коалиција во независна и суверена Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот. Јас сум убеден на 12-ти април дека таа коалиција ќе биде победничка, а победата на тој ден ќе биде историска бидејќи тогаш ќе започне третата вистинска револуција за Македонија која што ќе трае и во иднина, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кочани.„Тешко е денешното секојдневие, тешка е денешната реалност во Македонија. Ако ги иземеме Зоран Заев и неколкумина негови обожаватели како што се да речеме Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и малкумина околу нив кои што денеска уживаат во привилегиите на власта, во сето она кое што им е овозможено благодарение на макотрпната работа на нашите сограѓани, сето останато денеска тешко живее, буквално крај со крај врзуваат нашите сограѓани.Па и оттука е нивната забеганост, одлепеност од реалноста е толку голема што потсетува на оние времиња од транизицијата кога нашите родители, нашите баби и дедовци практично остануваа без работа преку ноќ, бидејќи овие тогашни новопечени црвени буржуи кои што ја предводена реформираната комунистичка партија и се претставуваа како СДСМ го заграбуваа сето она кое што народот макотрпно го печалел.Истото е и денеска, само денеска не се вика транзиција туку се нарекува „Рекет“. Популарно наречено „Рекет“, рекетирање на секој чекор, на секое ниво, без разлика дали е локална самоуправа каде што имаме градоначалници кои што се од редовите на СДСМ или пак зборуваме на централно ниво каде што имаме министри, заменици, директори, функционери кои што се предложени од СДСМ.Зоран Заев со онаа министерка галена, наречена Мила Цароска ќе излезат и ќе речат безсрамно ќе го лажат пензионерот, еве од први јануари ние ќе ви ги покачиме пензиите за 700 денари, оние што ви ги земавме во 2019-тата, оние пензии кои што ви следуваа во 2019-тата сега ќе ви ги покачиме и ние сме добрите, а овие Вмровците тие се лошите тие биле против пензионерите.Само невистини, само лаги и неговорење на вистината пред луѓето. Но младите знаат да ценат. Знаат да го вреднуваат сето она кое што во минатото беше направено и она што ќе го понуди во новата програма ВМРО-ДПМНЕ. И сето тоа громогласно ќе го кажат на 12-ти април 2020-тата со огромна поддршка за обновата на Македонија и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што знаат да прават разлика. Ќе ве потсетам, ветуваа дека немало да има мир затоа што немало правда. Се сеќавате на оние обоени револуционери кои што бесрамно шетаа по улиците и се обидуваа на насилен начин, легитимна Влада да урнат. Се сеќавате на тие бесрамници.Од толку очекуваното и најавувано Специјално јавно обвинителство кое што требаше да биде лулката, колевката на правдината, бескомпромисен борец за правото и правдината се претвори во дувло на криминал и корупција, која што му била алатка и на располагање на Зоран Заев со ваши пари. Седум милиони евра годишно се трошени пари таму. Седум милиони евра се трошени пари за да можат да летаат хонорари по 150, 170 илјади евра, во обвинителите. За да можат да имаат месечни примања по пет и пол, шест и пол илјади евра, додека народот гладува, додека народот едвај крај со крај врзува од први до први.Да може да корумпираат директно или индиректно судии, да вработуваат внуци, ќерки соседи на судии за да можат да носат пресуди како онаа која што ја донесоа оние судии за случајот “Поткуп“, каде што цела нација, цел народ, сите граѓани гледаа како Зоран Заев бараше евро за брат му, евро за црквата. А вие тоа не сте го гледале, бие тоа не сте го слушале затоа што преку СЈО се корумпираа тие луѓе.Се корумпираа новинари да пишуваат текстови со ловорики за Зоран Заев и тие малкумина околу него. Се корумпираа адвокати, се корумпираа креатори на мислење да пишуваат лажни колумни. Сето она кое што требаше да биде лулка и колевка за правдата, сето она кое што требаше да биде безкомпромисен борец за правото и правдината преку ноќ, како една голема тажна слика која што разочара многу наши сограѓани кои што тогаш поверуваа дека навистина е дојден денот кога правдината и правото ќе владеат со Македонија. Но за жал, сето тоа беше една алатка на Зоран Заев за да врши притисок, за да уценува политичари, да рекетира бизнисмени.А, денеска ќе го видиме како позади завеса се договара со оние остатоци кои што ги направија уставните измени во собранието и сака на мала врата преку Уставен суд да ја реактуелизира аболицијата. А при тоа, виновен да биде ВМРО-ДПМНЕ. Криминалецот има само криминален ум и ништо повеќе од тоа. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи.ВМРО-ДПМНЕ е против било каква шверцерска аболиција или помилување на политичари кои што се огрешиле на ваков или таков начин. Но не само на политичари, туку и на секој оној без разлика дали е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ или било која друга политичка партија, а ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност и да одговара“ порача Мицкоски од Кочани.

Македонија | пред 6 години

VREMENSKA-PROGNOZA-VRNEZI-OBLACNO

Ниски температури денес во Македонија

Времето утрово е сончево, но студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.Во Скопје сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне 7 степени.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања