Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопје1.мк

2albanija-zemjotres

Албанија повторно се тресе, нов земјотрес ги вознемири жителите

Нов земјотрес во Албанија. Според податоците, околу 22 часот во Албанија е регистриран потрес од 4,2 степени по Рихтер. Епицентарот на потресот е на 39 километри северозападно од Тирана на длабочина од 10 километри.Потресот е почувствуван и во земјава но со послаб интензитет.

Свет | пред 6 години

palas

Пукотници во скопски хотел

Пукање од огнено оружје било пријавено по полноќ во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Како што информира МВР, три лица отвориле оган кон луѓе кои седеле во ресторанот.„На 01.12.2019 г. околу 00,35 ч. пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот“, велат извори на МВР.

Скопје | пред 6 години

49735114_2047943678615395_132263638139404288_n

ФОТО: Падна првиот снег во Македонија

Иако беше најавувано дека за снегот ќе почекаме, денес веќе мириса на зима. Првиот снег во Македонија падна на Попова Шапка. Метеоролозите најавија дека дневните температури од утре ќе бидат значително пониски, а утринските на повеќе места ќе се спуштат под или околу нулата. Од понеделник ќе има променлива облачност, а во вторник врнежи од дожд кои особено на север ќе поминуваат во снег и на повисоките места.

Македонија | пред 6 години

page-1

ТОП ТРИ: Името не го даваа - но им го земаа, ама илјадници евра патни трошоци задржаа

За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, од Собранието добил над 153 илјади евра по разни конта, но најголем дел за „патување во земјата - патни расхиди“. Овој податок го покажува дата базата на Министерството за финансии. Цуклев е по потекло од Гевгелија, па за секојдневно патување од Скопје до неговото место на живеење добивал соодветен надомест. Цуклев е на прво место по трансфери за периодот од 2010 година па до сега.По него, на листата е пратеничката Лилјана Затуровска која земала скоро исто средства колку него, односно над 153 илјади евра. Таа парите ги земала за да патува од нејзиниот дом во Битола до своето работно место во Скопје.На трето место по трансфери извшени од собраниската сметка е уште една експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, со земени вкупно 128 илјади евра. Таа беше пратеник во Собранието цели два мандати, односно до 2014 година. Но, 128 илјади евра ги земала за само четири години како пратеник во Собранието.Пресметките за патните трошоци се автоматски и се прават според цената на горивото, километрите и оддалеченоста на местото на живеење и нив ги прави автоматска програма во законодавниот дом.Во изминатите години имаше жестоки реакции дека пратениците кои потекнуваат од подалечните места од Скопје во 2017 и 2018 година зеле високи патни трошоци поради проблематичната методологија на пресметка.Патни трошоци е една од ретките теми која ги обединува сите пратеници. Кога ќе се споменат овие трансфери на пари, власта и опозицијата се секогаш заедно, односно делат исти ставови и се штитат меѓусебно.  153 илјади евра 2014

Македонија | пред 6 години

Aleksandar-Nikolovski

Александар Николоски за 7 години земал 127 илјади евра за патни трошоци?

Експратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во времето додека седел во пратеничките клупи, инкасирал високи средства за патни трошоци. Спроед базата на податоци која ја објави Министерството за финансии, буџетарот Николоски од 2010 па до 2017 година, инкасирал над 127.000 евра исплатени од Собранието.Николоски е по потекло од Охрид, а најголем дел од овие средства се исплаќани на негова сметка преку контото „патување во земјата - патни расходи“, ставка која се користи за исплаќање на патни трошоци.Пресметките за патните трошоци се автоматски и се прават според цената на горивото, километрите и оддалеченоста на местото на живеење и нив ги прави автоматска програма во законодавниот дом.Во изминатите години имаше жестоки реакции дека пратениците кои потекнуваат од подалечните места од Скопје во 2017 и 2018 година зеле високи патни трошоци поради проблематичната методологија на пресметка.Патни трошоци е една од ретките теми која ги обединува сите пратеници. Кога ќе се споменат овие трансфери на пари, власта и опозицијата се секогаш заедно, односно делат исти ставови и се штитат меѓусебно.

Македонија | пред 6 години

D8C418AE-F4DE-41D4-99B7-DA9F09A43C07

ГАЛЕРИЈА: На Скопје му се случи револуција, која треба да не спаси од отровниов воздух

Во Скопје се одржa протестен Марш за чист воздух, преку кој граѓаните побараа ефикасност од надлежните институции во борбата со загадувањето на воздухот.На мршот можеше да се забележи присуството на голем број млади луѓе кои го предводеа протестот од Министерството за животна средина до Владата.https://www.facebook.com/100000991632311/posts/2901594349883591?d=n&sfns=mo„Светот денеска излезе на улица против климатските промени, а ние за чист воздух и почва. Тоа докажува колку сме ние поназад од таму каде што сакаме да бидеме, во ЕУ“, истакнаа од скопскиот органок на глобалното движење против климатските промени Fridays for Future (Петоци за Иднината).Организатори на протестот беа граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места.Како што изјавија на почетокот на маршот, имаат 250 барања во однос на екологијата до сите надлежни институции со конкретни рокови.Како дел од 12. жешки еколошки точки, организаторите на протестот особено го потенцираа проблемот со хемискиот отпад во фабриката Охис.

Скопје | пред 6 години

5EC57F66-D667-45D1-9DDF-370EBF063FB6

Гинеколог продавал снимки од своите пациентки на порнографски страници

Гинеколог од Украина е осомничен дека на порнографски страници на интернет продал десетици снимки од неговите голи пациентки.Тој бил пријавен во полиција од една од нив, која на порнографска страница наишла на снимка од нејзиниот гинеколошки преглед. Полицијата прво го испитала гинекологот Вјачеслав Триполко, а потоа во неговата клиника во Одеса пронашла скриени камери.https://twitter.com/mailonline/status/1200376376609640450?s=21Лекарот во полиција рекол дека минатото лето во неговата клиника бил инсталиран нов алармен систем и дека тогаш веројатно некој друг ги поставил камерите. Но, некои од видеата од неговите пациентки се појавиле на интернет пред да биде инсталиран новиот аларм.Олег Лукјанчук, раководител на болницата во која се наоѓа гинеколошката клиника на Триполко, рекол дека кога слушнал што се случува, на почетокот мислел се шегуваат со него.„Загрозен сум, како граѓанин и како лекар“, изјавил Лукјанчук.Против докторот е покрената истрага и доколку биде прогласен за виновен за производство и дистрибуција на порнографија, се соочува со максимална казна од седум години затвор, пренесува „Дејли мејл“.Гинекологот Триполко не е задржан во притвор додека трае истрагата, но му е откажан закупот на клиниката и му е одземена лиценцата.

Свет | пред 6 години

20112019_PVRSM_Zaev_clenovi_na_VRSM_sednica_deca_Svetski-den_na-_decata_6

Заев со пари ќе ги задржува младите да се отселуваат

По две и пол години силна и одговорна економска политика, граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобивките – зголемени плати, намалени трошоци, помош за ранливите, растат странските инвестиции, а невработеноста е на историски најниската стапка од 17,4 отсто, истакнува меѓу друго премиерот Зоран Заев во денешното обраќање до граѓаните. Најавува дека Владата ќе продолжи да инвестира во силна и стабилна економија, и во човечкиот капитал.„Може ли две и пол да биде повеќе и подобро од 11?Да, може, особено ако за две и пол години направите и повеќе и подобро за домашната економија, во споредба со пустошот направен претходните 11 години.После две и пол години водење силна и одговорна економска политика, граѓаните почнаа да ги осеќаат придобивките – преку зголемените плати, преку намалените трошоци, преку мерките за поврат на средства и преку помошта која ја обезбедивме за ранливите.Економијата се мери со бројки!За две години, оваа Влада потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба.Тоа е многу повеќе од двогодишните периоди меѓу 2013 и 2017 година, кога биле потпишани 7, односно 9 договори за поддршка за градба на фабрики, а биле отворени 6, односно 7 фабрики”, истакна Заев.

Македонија | пред 6 години

EKeMtDFX0AAoN-w

Потрагата по преживеани во Албанија заврши, Рама соопшти бројки на луѓе кои загинале и се повредени

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека во земјотресот кој во средата ја погоди земјата загинале 50 луѓе, а околу 2.000 се повредени. Тој информира и дека потрагата и спасувачките операции по преживеаните официјално е завршена, бидејќи се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините.Според прелиминарните проценки, како што наведе Рама, околу 900 згради во Драч и над 1.465 во Тирана се сериозно оштетени. Земјотресот беше со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала.

Свет | пред 6 години

3albanija-zemjotres

ХЕРОЈСКА ПРИКАЗНА СО TPAГИЧЕН КРАЈ: Баба со прегратка го штитeла внучето од зeмјотресот, но не yспеа да се зaштити себеси

Дpaматична е сликата по силниот зeмјотpес кој ги потpecе жителите на Албанија. Зeмјотресот однесе 49 жpтви. Меѓудругитe, една од најтажните вести кои ќе ги прочитате денеска е токму тоа дека првата жpтвa, повозрасна жена чие тело беше извлечено од ypнатините во своите прегратки го зaштитувала своето внуче.Го држела цврсто, а за срeќа спacувачките екипи успеале да го извлечат и сега е во добра состојба.Зeмјотресот пpeдизвика големи материјални штeти во Драч. Се уште има зaробени под ypнатините.Освен во Албанија земјотресот беше почувствуван и кај нас, но речиси и на целиот Балкан.

Свет | пред 6 години

bebe-vakcina

Невакциниранo девојче од Грција почина од болест искоренета пред 30 години

Грчката медицинска заедница беше шокирана од веста дека осумгодишно девојче починало од дифтерија, заразна болест која била искоренета пред триесет години.Локалните медиуми објавија дека девојчето, најверојатно, не било вакцинирано. Детето во средата било пренесено во болница во многу лоша состојба и лекарите не биле во можност да ја спасат.Манолис Папасавал, раководител на педијатрија, рече дека девојчето најверојатно не ја примило тројната вакцина против дифтерија која требало да ја добие како двомесечно бебе.Министерството за здравство го истражува случајот, а официјалните соопштенија се очекуваат наскоро. Последната смрт на дете предизвикана од дифтерија е забележана пред три децении.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Еве колку можете да заработите, ако заминете во Германија

Просечната нето плата во најголемата европска економија, Германија е околу 1 890 евра месечно, покажува најновата статистика.Според податоците на порталот „Баварска Меркур“, просечната бруто плата за вработените со полно работно време е 2 860 евра. Вработените со полно работно време, од 35 до 40 часа неделно, добиваат во просек околу 3 770 илјади евра.Според порталот за статистика за статистика на Германија, платите на жените и мажите сè уште се различни.Во просек, мажите заработуваат 22 проценти повеќе од нивните колешки.Мажите кои работат со полно работно време заработуваат просечно по 3 960 илјади евра месечно бруто плата, додека жените кои работат со полно работно време заработуваат 3 330 илјади евра.Највисоки просечни плати има во Минхен, Штутгарт, Дизелдорф и Хамбург, а најниска во Дрезден, Лајпциг и Дуизбург. 

Магазин | пред 6 години

EE2AC48C-1EB1-4D1C-ADF5-2A90BCE3D7EC

Си ја убил сопругата која работела како новинарка зашто не сакала да даде отказ

Маж во Паскитан си ја убил сопругата која работела како новинарка затоа што не сакала да даде отказ. Тој ја застрелал со огнено оружје откако неколкупати од неа барал да ја напушти работата. Убиството се случило во понеделникот, на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жени и девојчиња.Полицијата соопшти дека мажот е приведен и обвинет за убиство.Меѓународната федерација на новинари го повика Пакистан да спроведе истрага за убиството на Уруј Икбал, која работела во локален весник.Нејзиното семејство рекло дека таа била во полиција и го пријавила сопругот дека ја малтретира, но ништо не било преземено.Пакистанките честопати се соочуваат со вознемирување на работното место, но многу престапници избегнуваат казна затоа што жртвите не ги пријавуваат за да избегнат понатамошна социјална стигма.

Свет | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_398309

Во Германија се бараат носачи на ковчези

Носачи на мртовечки ковчези е професија во изумирање во Германија, па празните места ги поплнуваат пензионери и студенти, додека никој не сака да ја работи оваа работа.,,Нивниот недостиг сè уште не предизвикало одложување на погреб, изјави Кристијан Јагер, директор на Здружението на погребници на Северна Рајна-Вестфалија.,,Порано беше вообичаено пријателите или роднините да ја преземаат оваа задача додека семејствата живееја близу.Сега се ангажираат пензионери или студенти кои сакаат да заработат екстра пари како носачи на ковчези, рече Јегер.Постарите носачи, сепак, имаат свои проблеми, вели Мајкл Ваш од погребна компанија во Дортмунд. ,,Луѓето денес се многу потешки и, заедно со цвеќиња и ковчегот, шестмина носачи честопати треба да подигнат 200 килограми.”Во Германија погребните компании не ангажираат свои носачи затоа што финансиски не им се испалтува.Покрај тоа, бројот на полагање урни по кремирање значително се зголеми за околу 70 проценти, соопшти Федералната федерација на германски погребници. Во овие случаи, урната обично ја носи свештеник или член на семејството , поради недостиг на вработени носачи.

Магазин | пред 6 години

ubistvo-na-istrazuvacka-novinarka-vo-malata-x-epa

Бизнисмен од Малта кој е уапсен за убиство на новинарка, сака да сведочи против премиерот

Угледниот бизнисмен од Малта, Јорген Фенех понуди да сведочи против високи претставници од владата во случајот за убиството на новинарката, Дафне Каруан Галиција. Тој исто така изјавил дека и премиерот на Малта има судир на интереси во тој случај.Адвокатот на бизнисменот Фенех доставил до судот писмо за претседателот Џорџ Вела, во кое го молат за помилување, а за возврат ветува дека на судот ќе му пружи информации поврзани со поранешниот шеф на кабинетот на премиерот, Кит Шембри, ексминистерот за туризам, Конрад Мици и министерот за економија, Крис Кардон и други луѓе блиски до премиерот, пренесува Ројтерс.Адвокатот на Фенеха, кој е уапсен минатата недела во врска со убиството, изјави дека премиерот Џозеф Мускат не би требало да биде вклучен во одлуката за помилување, зошто тој е меѓу лицата кои „можеби имале интерес помилувањето да не се одобри“. Според него, судијата треба да одлучи за помилувањето без мешање од кабинетот на Мускат.Галиција беше убиена со активирање на бомба во нејзиниот автомобил, близу до нејзината куќа, а за поставување на бомбата обвинети се тројца мажи, но властите засега не успеаа да откријат кој ги поставил.

Свет | пред 6 години

novinarka-696x464

ВИДЕО: Новинарка од Драч поминала 60 часа на терен, во „куфер“ го носела своето бебе

Албанската новинарка Клодијана Хакај, од Драч, поминала 60 часа на терен и тоа со тримесечно бебе. Бидејќи останала без стан во земјотресот, мислела дека единственото логично нешто што можела да го направи е да го земе микрофонот во раце и да влезе меѓу урнатините во Драч.Клодијана околу 60 часа била на терен. Зад себе, во секој кварт, во секоја улица во која одела да известува, влечела „куфер”, во кој било нејзиното дете.Нејзиниот стан е целосно уништен, ѕидовите попукале, плафонот паднал, вратите и прозорците се урнати.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_11

ВИДЕО: Кој присуствуваше на отворањето на Алипашината џамија?

Од минарето на Алипашината џамија во Охрид, реконструирана од страна на Генералната дирекција на вакафи на Турција, по 107 години се слушна езанот, јавува Агенција Анадолија (АА).Алипашината џамија по реставраторските работи со пригодна свеченост беше отворена за богослужба.На церемонијата присуствуваа заменик министерот за култура и туризам на Турција, Ахмет Мисбах Демирџан, претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Сулејман Реџепи, потпретседателот на Управата за верски работи на Република Турција (Дијанет), Бурхан Ашлиен, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, генералниот директор на вакафите, Аднан Ертем.Меѓу останатите, беше и заменик претседателот на Собранието на Северна Македонија, Зекир Рамчиловиќ, охридскиот муфтија Самет Хајдари, заедно со сите муфтии од Северна Македонија, потоа претставници на турските институции во Северна Македонија, претставници на политичките партии во земјава, како и други гости.https://www.facebook.com/AAmacedonian/videos/587805225309088/Заменик министерот за култура и туризам на Турција, Ахмет Мисбах Демирџан, го започна својот говор на отворањето пренесувајќи ги честитките на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на турскиот народ.

Македонија | пред 6 години

3albanija-zemjotres

Жителите на Албанија кои останаа без домови по земјотресот ќе престојуваат во хотели, најави Рама

Луѓето кои останаа без своите домови во силните земјотреси во Албанија ќе заминат во хотели.„Им кажав на моите пријатели дека утре ќе одат во хотели што се најдобри во земјата. Оваа приказна за шатори ќе биде затворена утре. Нема да имаме шатори за 2-3 дена“, изјави Рама.Меѓу жртвите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија во раните утрински часови на 26 ноември е и свршеницата на синот на албанскиот премиер Еди Рама, пренесе српски „Телеграф“ повикувајќи се на информации од РТВ2, од каде што информираат дека веста за смртта на својата свршеничка ја потврдил и Грегор Рама.

Свет | пред 6 години

Igor-Janusev

Јанушев бара Груевски да се врати и лежи во „Шутка“

Во вечерашниот дебатен магазин на ТВ24, генералниот секретар на ВМОР-ДПМНЕ, Игор Јанушев го повика екс-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски да се врати и одлежи затворската казна.Манчевски го праша Јанушев дали се залагаат Груевски да се врати во Македонија, на што Јанушев одговори:„Јавно го повикуваме да се врати во државата“, одговори Јанушев.Манчевски го праша дали се залагаат Груевски да се врати и да си ја одлежи затворската казна, по што Јанушев рече „Да, еве јавно го повикуваме“.

Македонија | пред 6 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-5

Скопјани, ако денес останеме дома - ќе се отруеме зимава, а воздухот ќе мириса на расипана кисела зелка

Со почеток од 17 часот пред Министерството за животна средина ќе се одржи еколошки протест – марш за чист воздух во организација на „Петоци за иднината Скопје“.Претходните денови во организацијата на маршот се приклучија сите најголеми еколошки движења во Македонија: „О2 иницијатива“, „Скопје смог аларм“, „Не биди ѓубре“, „Го сакам Водно“, „Движење за чист воздух“, „Екогерила“, „Билка“, „Битола сака чист воздух“ и многу други. Ова претставува историско обединување на зелените движења кај нас зад заедничка кауза, која е сумирана во хаштагот #ЗеленаРеволуција, под кој го организираме маршот. #ЗеленаРеволуција за нас значи целосен пресврт во начинот на водењето политика во Македонија, ставање на животната средина на прво место при носењето на сите одлуки и тотална мобилизација на сите општествени ресурси за прочистување и ревитализација на просторот во кој живееме, велат организаторите.„Повеќето од овие барања не се нови, но сега, конечно, се синтетизирани во сеопфатна програма и првпат имаат рокови за нивно исполнување, кои не им дозволуваат на властите да купуваат време и да наоѓаат изговори како досега.Ако овие мерки не се остварат до март (кога е крајниот рок за најголемиот дел од нив), како носители на #ЗеленаРеволуција ќе ги повикаме граѓаните на бојкот на претстојните парламентарни избори и граѓанска непослушност. Со оглед на бројката на пријавени учесници на настанот, која очекуваме дополнително да се зголеми во следните денови, овој повик може да има пресуден ефект за исходот на изборите и сè што ќе се случува во следниот период“, се вели во повикот за протест.

Скопје | пред 6 години

475D1D8F-0093-4AF5-B3F3-C57D4BAA03AD

Министерот што се повлече по снимката каде зема мито, ќе биде директор на Клиника за урологија

Поранешниот заменик-министер за здравство Асим Муса кој се повлече од функцијата по објавување на снимка на која наводно тој договара земање поткуп, од понеделник почнува да работи на Клиниката за урологија во Скопје, наместо во Заводот за нефрологија од каде дојде во министерството за здравство. Од Министерство за здравство не одговараат на прашањето кога е направено ова преземање, а директорот на Клиниката за урологија Сашо Дохчев објаснува дека Муса е искусен лекар и дека треба да биде онаму каде му е местото.– Преземањето е нормална активност согласно законот. Имавме потреба од лекари, префрлањето беше одамна договорено – вели Дохчев за „Слободен печат”.Снимка од моментот кога Муса земаше пари за операција, по што се повлече од функцијата заменик-министер за здравство:Повеќе на СлободенПечат.мк

Македонија | пред 6 години

zarko-lukovski

Почина Жарко Луковски

Почина Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, пишува НоваТВ.Во случајот „Рекет“ името на Луковски беше спомнато во разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“. На снимката се слуша како Бојан Јовановски во разговор со Орце Камчев, вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“Истрагата под кодно име „Базни станици“, иницирана во октомври 2018 година, се уште е отворена од СЈО 2018.Жарко Луковски беше осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата. Истрагата во СЈО ја води обвинителката Лиле Стефанова, истата која го води и предметот „Империја“ на Орце Камчев.Неговиот глас го слушнавме во бомбите што ги пушташе опозицијата, како со Миле Јанакиески договараа списоци за гласање на вработени во Телеком.Жарко Луковски се најде на листата помилувани на Ѓорѓе Иванов по што ескалираа протестите. Тој е близок со Орце Камчев и го поврзуваа со негови оф шор фирми. Луковски бил меѓу неколкуте сопственци на мистериозната фирма „Ексико“ која добиваше милионски тендери од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Summerland-1

Петре Шилегов подготвен за „блек фрајдеј“, еве што порача

Поучени од негативните искуства од минатите години за време на блек фрајдеј со голем број негативни примери за неправилно одложување на отпадот и непрописно паркирање, Град Скопје утре ќе ги засили инспекциските контроли околу шопинг-центрите во Скопје.„Градските инспектори за патен сообраќај ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, а комуналните инспектори ќе вршат засилени контроли во однос на неправилното одложување на отпадот. Согласно со правилата за третман на отпадот, амбалажата за пакување на големите производи (особено за бела техника) се третира за кабаст отпад и не треба да се одлага во садовите за отпад, што беше честа појава изминатите години околку трговски центри за време на овие попусти“, велат од градот.Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид  отпад да се одложи во cентрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

Скопје | пред 6 години

parkig-vozila-ohrid-kej

Пријава за жител на Волино, нелегално поставил маси и столови на кејот во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(25) од селото Волино, општина Дебарца, поради „узурпација на недвижности“. Тој, како управител и сопственик на правното лице „СТЕФАН ХАР“ ДООЕЛ Охрид, со седиште на кеј „Македонија“ во Охрид, поставил урбана опрема без одобрение за поставување маси и столови на јавна површина и без да плати соодветен надоместок на Општина Охрид.На 10.07.2019, при извршена контрола, општински комунален инспектор изготвил записник и донел решение за отстранување на урбаната опрема по кој, пријавениот не постапил и продолжил со нелегална работа, соопшти МВР.

Македонија | пред 6 години

EKeMtDFX0AAoN-w

ВИДЕО: Застрашувачки расте бројот на загинати по земјотресот во Албанија

Застрашувачки расте бројот на загинати од катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди утрото на 26 овој месец, јави Топ чанел.Потврдено е дека бројот на загнатите достигнал 41.Спасувачките екипи од под урнаините упеале да спасат неколку лица, а продолжуваат да комунцираат со ште неколку кои се уште се под урнатинте од станбените згради што се урнаа во Туман и Драч.https://twitter.com/anewscomtr/status/1200011530445754368Меѓу загинатите е и Кристи Речи (24) вереница на Грегори Рама (29), син на премиерот Еди Рама, од неговиот прв брак. Веста на социјалните мрежи ја објави лично Грегори кој напиша дека заедно со Кристи загинале и нејзниот брат и родителите.-ГРЕГОРИ И КРИСТИ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ БЕА ЗАЕДНО. КРИСИ НЕОДАМНА ДИПЛОМИРА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ТИРАНА. НЕЈЗИНОТО И ТЕЛОТО НА ТАТКО И ЕДУАРД (54) ОД ПОД УРАНИТИНИТЕ БИЛЕ ИЗВЛЕЧЕНИ ВО ВТОРНИКОТ, А ТЕЛОТО НА МАЈКА И ДОЛОРА (49) И БРАТ И КЛАУС (21) БИЛЕ ПРОНАЈДЕНИ НЕКОЛКУ ЧАСА ПОДОЦНА. ТИЕ ДЕНЕСКА СЕ ИСПРАТЕНИ ДО НИВНОТО ВЕЧНО ПОЧИВАЛИШТЕ, ПРЕНЕСУВААТ АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ.Нејзиниот несуден свекор, премиерот Рама, не успеа да ги задржи солзите кога беше запрашан за свршеницата на неговиот син.Рама додека зборуваше побегна од камерата, откако не можеше да ги задржи солзите.-НЕ САКАМ ДА ЗБОРУВАМ ЗА ВАКВИ РАБОТИ КОИ СЕ ВРЗАНИ ЛИЧНО СО МОЈОТ СИН. ЈАС СУМ ДЕНЕСКА ВО ЕДНА ПОЗИЦИЈА КОЈА Е НЕВОЗМОЖНО ДА СЕ ОБЈАСНИ, РЕЧЕ РАМА.Тлото во Албанија не мирува. Од вторникот наутро досега регистрани се над 200 потреси. Последниот денеска во 14:28 часот со епицентар во Јадранско Море, 52 киломери северозападно од Тирана со магнитуда од 3,9. Претходно денеска имаше два посилни потреса со магнитуда од 5,1 и 4 степени.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања